Промени тема
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

ФИЛКОВ

media-library6g6ia9a0j5qlfV1AO0Z

Филков од Подгорица: Македонија и Црна Гора ја зајакнуваат соработката во реформите во правосудството

Министерот за правда , Игор Филков, во Подгорица оствари билатерална средба со министерот за правда на Црна Гора, Бојан Божовиќ.На средбата беше потврдена силната заложба на двете држави за продлабочување на соработката во областа на владеењето на правото, независноста на судството и спроведувањето на реформите во правосудниот систем, во контекст на процесот на европска интеграција.Посебно внимание беше посветено на унапредувањето на билатералната соработка меѓу Црна Гора и Република Северна Македонија, при што беше оценето дека односите меѓу двете држави ги карактеризираат пријателство, меѓусебна доверба и континуирана поддршка во области од заеднички интерес.Министрите се осврнаа и на досегашните средби и постигнатите резултати од соработката, при што беше истакнато дека постои простор за нејзино понатамошно продлабочување, особено преку поинтензивна размена на искуства, добри практики и институционална соработка во рамки на реформските процеси и усогласувањето со европското законодавство.Филков и Божовиќ потенцирааа дека соработката меѓу двете земји претставува значаен придонес кон стабилноста и европската перспектива на регионот, изразувајќи заедничка волја за понатамошно интензивирање на билатералните односи во областа на правдата.

Македонија | пред 18 часа

media-libraryaqkjkkbcml1m8uZeaSL

Филков до ДУИ: Со кривичнaта пријава ама баш никого не плашите, времето на национал-романтизам заврши

Министерот за правда Игор Филков одговарајќи на пратеничко прашање на Дијана Тоска од ДУИ во врска со петицијата на студентите на правните факултети за полагање на правосуден испит на албански јазик рече дека Уставот и законите мора да важат за сите.Во моментов, можност за полагање на друг јазик освен на македонскиот јазик, не постои, затоа што правосудниот испит е стручен испит, не е управна постапка, а тоа на вас ви е многу добро познато. Впрочем и Венецијанска комисијата има дадено негативно мислење на Законот за употреба на јазиците а во моментов до Уставниот суд се поднесени 13 иницијативи за оценување на уставноста и законитоста на истиот. Околу употребата на јазикот и она што вие како власт во изминатите 20 години го имате работено должите одговори пред целата јавност. Се надевам дека овие одговори ќе ги дадете Вие а не некој друг во постапка што следи”, истакна Филков.Министерот Филков  од собраниска говорница  покажа двојазично уверение кое е потпишано од него и истакна дека тоа го прави за секој оној кој тоа ќе го побара .Требаше некое време да сфатам на што се должи оваа хистерија која што во изминатиот период беше продуцирана од страна на одредени политички партии, но после онаа епизода ,,Артан Груби се враќа дома”- нештата се многу појаси. Дали некој е националист или не говори ова уверение кое што е двојазично и потпишано од мене, овде лево доле. Секој еден што побарал во Министерство за правда тоа било дозволено, така ќе остане и во иднина. Но она што вие треба да го одговорите денес е што правеа вашите осум министри во изминатите 20 години. Или повторно, одговорот ќе чекаме да дојде од друга страна, во постапка и затоа е цела оваа нервоза и хистерија. Времето на национал-романтизам заврши, денес ќе се работи по Устав и закон. И  уште една работа што е многу битна:Со кривичнaта пријава ама баш никого не плашите!, порача министерот за правда Игор Филков.

Македонија | пред 1 седмица

media-librarym8hmt9gm6hffeAaGGLy

Адвокатот Димоски до Филков за притворот на Груби: Неспорна е одговорноста само на извршната власт

Министерот за правда, Игор Филков јавно ги повика сите инволвирани во постапката за поранешниот вицепремиер Артан Груби да дадат детално и транспарентно образложение за своите одлуки, потенцирајќи дека одговорноста мора да биде лоцирана со име и презиме.Адвокатот Војо Димоски на социјалните мрежи упати остри критики кон Филков, оценувајќи дека неговите изјави во врска со определувањето на мерката притвор покажуваат „тотално непознавање на работите“.„Министерот за правда демонстрира тотално непознавање на работите со барањето да се испита работењето на судијата кој не определил ефективен притвор. Како да определи притвор кога Обвинителството предложило куќен притвор?Дискутабилна е и одговорноста на обвинителот во светло на постоење на мислење од АНБ и МВР дека притворот не бил безбеден за Груби.Неспорна е одговорноста само на извршната власт во случајов претставена преку МВР и АНБ.За поздравување е што фризурата на Министерот за правда е секогаш уредна, ама уште поважно е да си ги среди мислите“, вели Димоски.

Коментари | пред 1 седмица

media-libraryd7m8obnhihku5dhVrDD

Тензии околу куќниот притвор: ДУИ бара разрешување на Филков и најавува поплаки до САД, ЕУ и ОБСЕ

Демократска унија за интеграција бара министерот за правда Игор Филков да се воздржи од, како што велат, натамошни јавни интервенции во врска со мерката куќен притвор за Артан Груби, а доколку таквата пракса продолжи – да биде разрешен.Од ДУИ обвинуваат дека Филков извршил притисок врз судиите и обвинителите со денешната изјава во која посочи дека мора да има одговорност „со име и презиме“ за одлуката Груби да биде упатен во куќен наместо во ефективен притвор.Според партијата, извршната власт нема уставно право да сугерира како ќе постапуваат судските органи, оценувајќи ја изјавата на министерот како директно мешање во тековен процес и загрозување на интегритетот на постапката.„Улогата на Министерството за правда е да го заштити интегритетот и независноста на судството, особено во чувствителни случаи кога политичката поларизација врши голем притисок врз поединци во рамките на правосудниот систем. Наместо да го заштити судскиот систем од партиска хистерија, министерот дополнително го поттикнува, создавајќи клима на однапред одредена одлука и јавно упатувајќи пораки што претставуваат притисок врз обвинителите и судиите“, наведуваат од ДУИ.Партијата на Али Ахмети апелира Филков да се воздржи од натамошни јавни коментари, а во спротивно, смета дека треба веднаш да биде разрешен „со цел заштита на независноста на судството во овој чувствителен момент“.Од ДУИ најавуваат дека ќе продолжат внимателно да го следат случајот и дека за случувањата ќе ги информираат стратешките партнери – Соединетите Американски Држави, Европската Унија и Мисијата на ОБСЕ во Македонија.Претходно денеска, министерот за правда ги повика Судски совет на Република Северна Македонија и Совет на јавни обвинители да свикаат итни седници и да утврдат дали има елементи за одговорност кај јавниот обвинител кој побарал, како и кај судијата кој одобрил куќен наместо ефективен притвор за Груби, кој вчера се појави на македонско-косовската граница по повеќе од една година отсуство од државата.

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryd7m8obnhihku5dhVrDD

Филков најави вонреден надзор во затворите: Недозволиво е да се тврди дека не може да се гарантира безбедност на притворено лице

На прес-конференција Министерот за правда, Игор Филков изјави дека ќе побара да се изврши вонреден надзор во затвор Скопје и во останатите затвори во Македонија. Според него недозволиво да се тврди дека не може да се гарантира безбедност на притворено лице и тоа да биде аргумент за поблага мерка.„Институционалната контрола мора да функционира. Никој не смее да биде изземен од одговорност. Утрово побарав и објаснување од директорот на затвор Скопје, преку управата за извршување на санкции, бев информиран дека од текот на вчерашниот ден биле обезбедени сите услови за спроведување на мерката притвор во надлежната институција.Недозволиво е да се тврди дека не може да се гарантира безбедност на притворено лице и тоа да стане аргумент за поблага мерка. Како министер за правда, дополнително ќе побарам да се изврши вонреден надзор во затвор Скопје, како и во останатите затвори низ Македонија во однос на безбедносната состојба. И дозволете да констатирам нешто што граѓаните одамна го чувствуваат. Залудно носиме закони ако не се спроведуваат. Залудно менуваме регулативи ако тие важат селективно. Залудно зборуваме за реформи ако практиката ја урива довербата.Ова не е прашање на политика, ова е прашање на принцип. Нема никогаш да молчам кога принципот на еднаквост пред законот ќе биде доведен во прашање“, вели Филков.

Македонија | пред 1 седмица

filkov-2-1

Филков јавно ги повика Судскиот совет и Советот на јавните обвинители да утврдат дали има основ за одговорност кај судијата и јавниот обвинител за одлуката за куќен притвор

Министерот за правда Игор Филков на прес-конференција  упати  пораки во врска со одлуката за замена на мерката притвор со куќен притвор во случај поврзан со истрага за проневера од над осум милиони евра.Во своето обраќање, министерот потенцираше дека Министерството за правда нема да биде нем сведок кога довербата на граѓаните во правниот систем е разнишана, ниту ќе стои на страна кога јавноста со право бара одговори.„Досега, почитувајќи го принципот на поделба на власта, не сум коментирал конкретни судски и обвинителски одлуки. Тоа е темел на правната држава. Но кога одлуките отвораат сериозни дилеми и ја доведуваат во прашање еднаквоста пред законот, должност ми е да побарам отчетност“, истакна Филков.Тој нагласи дека станува збор за лице кое 14 месеци било во бегство, за кое бил утврден ризик од бегство – ризик што се остварил – и дека јавноста има право да знае врз основа на кои конкретни факти и правни аргументи е донесена одлуката за поблага мерка.Министерот јавно ги повика сите инволвирани во постапката да дадат детално и транспарентно образложение за своите одлуки, потенцирајќи дека одговорноста мора да биде лоцирана со име и презиме.„Јавно ги повикувам сите актери во постапката да дадат објаснување:Јавниот обвинител Даниел Коцев,– да објасни, врз основа на кои конкретни факти и правни аргументи е дадено позитивно мислење за замена на притворот?Раководителот на обвинителството Анел Фидоски, –дали стои зад оваа одлука и дали смета дека ова е порака за еднаква примена на законот?Судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, Марин Станевски, – кои околности го надминале ризикот од бегство кај лице кое веќе 14 месеци беше недостапно?” изјави министерот за правда Игор Филков.Тој информираше дека побарал објаснување и од надлежните институции во однос на условите во притворските установи и најави вонреден надзор во казнено-поправните установи со цел утврдување на безбедносната состојба.„Залудно носиме закони ако не се спроведуваат. Залудно зборуваме за реформи ако практиката ја руши довербата. Ова не е прашање на политика, туку на принцип“, порача Филков.

Македонија | пред 1 седмица

media-library9g6stvndgdocdFzkGBS

Ибрахими до Филков: Знаеш со што се соочува тој што не го почитува уставот и законот

Пратеникот Зеќирија Ибрахими од Беса се огласи на социјалните мрежи со обраќање до министерот за Правда, Игор Филков, истакнувајќи дека правосудниот испит претставува управна, а не правосудна постапка и дека тој мора да се води на јазикот на заедницата согласно Уставот и Законот за употреба на јазиците.„Објаснување до министерот за Правда, Игор ФилковГ. Министре, не ви ги знам политичките калкулации, сакате да играте улога на војвода или на политичка жртва, тоа е ваша работа, ама уставот на Република Северна Македонија (Амандман V) и Законот за употреба на јазиците (член 2, став 2) јасно и недвосмислено прецизираат дека УПРАВНИТЕ ПОСТАПКИ низ сите институции од централната власт (и на локалната власт таму каде има население што е над 20%) се водат и на јазикот кој го зборуваат најмалку 20% од населението.Следствено, правосудниот испит е чисто управна постапка и не може да се третира како правосудна постапка.Како правник што си, сакам да верувам дека знаеш со што се соочува тој што не го почитува уставот и законот“, стои во објавата.

Коментари | пред 2 седмици

media-libraryv95ideruoi495n38NNL

(Видео) Филков: Кога ќе биде Касами премиер тогаш ќе кажува кој ќе биде министер, а кој не

Министерот за правда ја коментираше изјавата на коалицискиот партнер од ВЛЕН, Билал Касами, дека во реконструкцијата на Владата што се најавува за напролет еден од министрите што ќе биде сменет е токму Филков.„Кога ќе биде Билал Касами премиер тогаш веројатно тој ќе кажува кој ќе биде министер а кој не. До тогаш, владеењето на правото, односно почитувањето на Уставот и законите ќе важат за сите“, изјави Филков

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryt5ric0v46sk54AMQmj5

Филков за полагање на правосудниот испит на албански јазик: Во моментов таква можност нема

Министерот за правда Игор Филков денеска даде одговор на најавите од ДУИ дека ќе бараат негова кривична одговорност поради неможноста правосудниот испит да се полага на албански јазик. Тој оцени дека ваквите барања се „национално-романтичарски теми“, кои, како што рече, им припаѓаат на политичари од минатиот век.„Сметам дека националромантичарските теми се важни за оние политичари од минатиот век. Како што кажав, ние работиме чисто и решително на стабилност, просперитет и владеење на право, сѐ останато ќе биде оставено на тажната страна на историјата“, изјави министеротЗапрашан дали се можни измени на законите во врска со полагањето на правосудниот испит на албански јазик, министерот кусо одговори дека „во моментов таква можност нема“.

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryb40qrjod4p4g8caadWz

Филков: Изборот на јавни обвинители повеќе нема да биде формалност или резултат на договори, туку процес заснован на заслуги

Министерот за правда Игор Филков денеска се обрати на настанот „Европски стандарди за дисциплински и изборни механизми во правосудството“, во организација на НКЕУ-МК, нагласувајќи дека развојот на квалитетни и транспарентни механизми за избор, унапредување и дисциплинска одговорност претставува клучен предуслов за ефикасен судски систем кој работи во служба на граѓаните.„Непристрасноста и независноста на судиите се централни столбови на владеењето на правото. Само преку нивно доследно почитување можеме да обезбедиме правна сигурност, заштита на човековите права и зголемување на довербата на јавноста во институциите“, истакна Филков.Обезбедувањето целосна независност и зголемувањето на ефикасноста на правосудството се јасен приоритет на Владата и Министерството за правда, при што во подготовката на новите законски решенија посебен фокус е ставен на изборните и дисциплинските механизми, во согласност со европските стандарди.Филков информираше дека реформите во Судскиот совет веќе се реализираат. Со новиот закон се утврдени јасни критериуми за избор и разрешување, заострени се условите за професионално искуство и прецизиран е терминот „истакнат правник“.Воведени се јавни расправи при изборот на несудските членови, како и јавен и транспарентен оглас за членовите што ги избира Собранието. Детално е уредена дисциплинската постапка за членовите на Советот, со јасно дефинирани основи за одговорност и состав на дисциплинската комисија.Предвидена е и итна постапка за утврдување одговорност на судија или претседател на суд, која не може да трае подолго од шест месеци.Министерот изрази очекување дека Законот за јавно обвинителство наскоро ќе биде усвоен во Собранието. Во него се вградени европски препораки, воведен е јасен мерит-систем за избор, унапредување и оценување на јавните обвинители, како и прецизни рокови за постапките.„Ги зајакнуваме гаранциите за самостојноста на обвинителите и прецизно ги ограничуваме условите под кои може да се даваат задолжителни писмени упатства. Надзорот го уредуваме системски, без мешање во конкретни предмети“, нагласи Филков.Со законските измени се предвидуваат и прецизни основи за престанок на функцијата, вклучително и во случаи на правосилна осуда за кривично дело против службената должност. Дисциплинската постапка ќе мора да заврши во рок од шест месеци, а во посложени случаи најдоцна до девет месеци. Согласно препораките на ГРЕКО, се воведува градација на дисциплинските повреди на лесни, потешки и најтешки.На последната седница Владата го усвои и новиот Закон за Советот на јавни обвинители. Со него се воведува повисок цензус и јасни критериуми за избор на членови од редот на обвинителите, како и транспарентна и инклузивна постапка за членовите што ги избира Собранието.„Изборот на јавните обвинители повеќе нема да биде формалност или резултат на затворени договори – туку процес заснован на заслуги, интегритет и професионалност“, порача министерот.Секоја одлука на Советот – за избор, унапредување, дисциплинска одговорност или разрешување – ќе биде задолжително образложена и јавно објавена, со што транспарентноста станува законска обврска.Министерот истакна дека измените се резултат на констатирани слабости во правосудниот систем во изминатиот период, како што се долготрајни постапки, случаи на корупција, недоволна транспарентност и отсуство на ефективна одговорност.„Со овие законски решенија директно ги адресираме овие проблеми. Подготвивме измени на триесеттина закони, од кои најголемиот дел се од суштинска важност за правосудството. Имаме можност да создадеме правосудство на кое сите ќе можеме да се потпреме – транспарентно, професионално и непристрасно“, истакна Филков.

Македонија | пред 3 седмици

media-library4407v764flo38MuqNIz

Рамадани за полагањето правосуден испит на албански: Филков да сноси лична одговорност

Оневозможувањето полагање на правосудниот испит на албански јазик повеќе не е административно прашање. Ова веќе претставува пречка во спроведувањето на законот и отвора основа за кривична одговорност, вели Канита Рамадани од ДУИ.„Правосудниот испит е во директна надлежност на Министерството за правда. Непреземањето мерки за обезбедување полагање на испитот и на албански јазик претставува свесно непостапување по законска обврска.Со тоа се создава основ за одговорност за:– злоупотреба на службената положба и овластување,– несовесно вршење на службената должност, кога службено лице, со пропуст или одбивање, им ускратува законско загарантирано право на граѓаните.Дополнително, ограничувањето на употребата на албанскиот јазик во државна постапка претставува повреда на правото на употреба на јазикот, а јавното релативизирање на тоа право создава атмосфера на исклучување и содржи елементи на поттикнување нетолеранција на меѓуетничка основа, што е санкционирано со Кривичниот законик.Затоа, денес бараме:Инспекторатот за употреба на јазиците веднаш да спроведе инспекциски надзор за правосудниот испит и да покрене постапки за прекршок против Министерството за правда и одговорните лица.Јавното обвинителство да утврди дали постојат елементи за кривично гонење за злоупотреба на службена положба, непостапување по службена должност и поттикнување нетолеранција.Министерот за правда да сноси лична одговорност за секое дејствие или пропуст со кој се попречува спроведувањето на законот.Законот е јасен. Неговата примена не е избор. Секое попречување имаправни последици“, додава Рамадани.

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryf9gi9e312e8geutlewf

Не е возможно правосудниот испит да се полага на албански јазик, додека не се променат законите, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека прашањето за полагањето на правосудниот испит на албански јазик мора да се решава суштински и исклучиво во рамки на Уставот и законите, нагласувајќи дека со постојната законска регулатива тоа не е возможно.Мицкоски посочи дека Уставот јасно утврдува оти официјален јазик во државата и во меѓународната употреба е македонскиот јазик, но истовремено признава и официјален јазик на заедницата која е повеќе од 20 проценти, односно албанскиот јазик. Според него, во Уставот е наведено и дека комуникацијата во државната управа може да се одвива и на јазикот на заедницата, но само откако тоа ќе биде утврдено со закон.„Ние мораме овој процес на полагање да го утврдиме со закон. Ваков закон каков што е сега – не дозволува. И тоа не само за албанскиот јазик, туку за сите јазици споменати во преамбулата“, изјави премиерот, потенцирајќи дека не станува збор за политичка волја, туку за јасна правна процедура.Тој додаде дека доколку постои иницијатива за вакво решение, неопходно е да се изработи нов закон и истиот да се испрати на мислење до Венецијанската комисија, која треба да оцени дали е во согласност со Уставот. Мицкоски потсети дека и во минатото, при носење закони од областа на правосудството, Венецијанската комисија давала негативни мислења, што, според него, укажува на потребата од внимателен и правно издржан пристап.Изјавата на премиерот доаѓа по ставовите кои беа изнесени во јавноста од страна на министерот за правда Игор Филков изјави дека правосудниот испит не може да се полага на албански јазик.

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryt5ric0v46sk54AMQmj5

Министерот за правда со остра порака: Уставот не се толкува по дневна политика, правосудниот испит не е политичко прашање, туку уставна и законска обврска

Игор Филков, министер за правда, порача дека времето на селективно толкување на Уставот и законите, според дневнополитички потреби, завршило со заминувањето на СДСМ и ДУИ од власт и дека актуелната Влада нема намера да ја продолжи праксата на правен релативизам и институционален хаос. Како што истакна, обврска на институциите е да воспостават јасни правила, правна сигурност и целосно почитување на уставниот поредок.Реагирајќи на изјавите на вицепремиерот Беким Сали за можноста правосудниот испит да се полага на албански јазик, Филков нагласи дека Уставот не смее да биде предмет на слободни интерпретации и дека одлуките во правната држава не се носат по лична проценка или политички впечаток, туку исклучиво по Устав и закон. Тој појасни дека Министерството за правда ја разгледало петицијата на студентите и извршило детална анализа на релевантните уставни и законски одредби.Според Филков, иако Законот за употреба на јазиците дозволува користење на албанскиот јазик во постапките пред институциите, правосудниот испит не може да се третира изолирано, бидејќи тој е предуслов за влез во судството, обвинителството, адвокатурата и другите правни професии, каде законите јасно бараат активно познавање на македонскиот јазик. Полагањето на испитот на македонски јазик, како што рече, служи токму за проверка на таа јазична и стручна подготвеност, со оглед на тоа што постапките и актите во правосудството примарно се водат на македонски јазик и кирилско писмо.Министерот потсети дека Уставот јасно го утврдува македонскиот јазик како примарен службен јазик на целата територија на државата, а дека Законот за правосудниот испит не предвидува можност за негово полагање на друг јазик. Дополнително, се повика и на забелешките на Венецијанската комисија, која укажала на нејаснотии и проблеми во примената на Законот за употреба на јазиците, особено во судските постапки.Филков оцени дека тврдењата оти Министерството нема аргументи се неосновани и политички мотивирани и упати порака дека Уставот не е тема за медиумски настапи, ниту алатка за политички наративи. Како што нагласи, правосудството не смее да биде заложник на ничија агенда и секој носител на функција е должен да ги почитува Уставот и законите, бидејќи секој друг пристап претставува недозволив притисок врз правната држава.

Македонија | пред 3 седмици

sela-vo-pretres-3

Села бара оставка од Филков: Правосудниот испит да се одржи на албански јазик

Лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, вели дека се потребни конкретни чекори и политичка одговорност за, како што вели, прекршувањата на правата на Албанците.„Премиерот Христијан Мицкоски денес потврди два неоспорни факти што многу негови подредени се обидоа да ги негираат или манипулираат.Младите албански правници имаат право да го полагаат испитот по правосудство на албански јазик, додека за досегашното одбивање и кршењето на ова право, министерот за правда треба да биде разрешен бидејќи ги прекршил и законите и самиот Устав како највисок правен акт во земјата.Вториот факт што постојано го браневме, верувајќи во нашата посветеност и во правдата, е дека со измените на Законот за употреба на јазиците од 2018 година, што беше услов на АА за Владата во тоа време, албанскиот јазик е службен јазик низ целата земја и на централно ниво.Сепак, Алијансата за Албанците оценува дека само изјавата на премиерот не е доволна за затворање на овие теми, туку се потребни и конкретни акции во корист на граѓаните и спроведување на законите.Прво, поединци како што е актуелниот министер за правда и сите други кои отворено заземаа ставови против албанскиот јазик и правата на Албанците треба да се отстранат од институциите и политичката сцена, за да не се повторат вакви случаи во иднина.Потоа, итно треба да се покрене постапка за измена на сите закони и подзаконски акти кои мора да се усогласат со Законот за употреба на јазиците и Амандманот V од Уставот.Доколку тоа не се случи, денешната изјава на шефот на Владата може да се оцени само како обид да се однесува како умерен и добар политичар кон Албанците, во време кога Владата и институциите постапуваат спротивно“, вели Зијадин Села.

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryinetv4gsue596rTrz70

Филков: Дигиталните алатки ќе овозможат поефикасна распределба на ресурсите и подобар пристап до правдата

Зајакнувањето на ефикасноста и независноста на судството е еден од највисоките државни приоритети и предуслов за враќање на довербата на граѓаните во институциите, порача министерот за правда на конференцијата „Јакнење на ефикасноста и независноста на судството во Македонија.„Ова е критичен и одлучувачки момент за правосудниот систем. Мораме јасно и објективно да ја согледаме состојбата, затоа што само преку прецизна процена можеме да дојдеме до одржливи решенија“, истакна министерот за правда Игор Филков во своето обраќање.Тој нагласи дека состојбите во правосудството се темелно анализирани и документирани во релевантни домашни и меѓународни документи, меѓу кои Развојната секторска стратегија за правосудство 2024–2028, Реформската агенда 2024–2027, Националната стратегија за спречување на корупција и извештаите на Европската комисија.Посебен акцент беше ставен на Патоказот за спроведување на стратегијата за човечки ресурси за судската мрежа.„Ова не е само теоретски документ, туку практичен и применлив водич кој нуди јасен и остварлив пат за справување со најитните предизвици во судството“, нагласи министерот.Министерството за правда, во рамки на своите законски надлежности, во текот на 2024 и 2025 година утврдило алармантни состојби во правосудството, кои директно кореспондираат со идентификуваните слабости во Патоказот.„Предложените мерки мора сериозно да се разгледаат и да се имплементираат, доколку навистина сакаме резултати што ќе бидат мерливи, видливи и одржливи. Реформите мора да обезбедат пополнување на работните места, модернизација на инфраструктурата, зајакнување на институционалниот интегритет и зголемување на довербата на јавноста преку транспарентност и високи етички стандарди. “, порача министерот Филков.Како еден од клучните столбови на реформите беше истакната дигитализацијата на правосудството.„Инвестициите во интегрирани системи за управување со предмети и целосно дигитални судски досиеја не се иднина – тие се сегашност и реална потреба“, рече министерот, додавајќи дека дигиталните алатки ќе овозможат поефикасна распределба на ресурсите и подобар пристап до правдата.Во делот на законодавните активности, министерот информираше дека во изминатиот период се подготвени околу триесет закони со кои се спроведуваат системски реформи во правосудството.Законот за Судскиот совет веќе е донесен, а Законот за јавното обвинителство наскоро се очекува да влезе во собраниска процедура. Подготвени се и други закони како дел од целосното ресетирање на правосудниот систем.,,Наша обврска како Министерство за правда е да создадеме јасни и применливи закони кои ќе бидат инструмент за правда и правичност. Реформите во судството и унапредувањето на законската рамка не се брзи процеси кои се случуваат за еден ден. Тие не се лесни, но се неопходни. Продолжуваме посветено и заедно да работиме на системски решенија”,потенцира Филков.

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања