„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

фр

bujar-osmani-696x396

Османи го крие Протоколот затоа што предвидува учебниците да се пишуваат во Бугарија, вели Левица

Министерот Бујар Османи неколку дена одбива да го објави Протоколот со Бугарија, иако претходно изјави дека е спремен веднаш, штом Владата го одобри предлогот, да организира средба со бугарската страна и да го потпише, вели Левица.„Токму во Протоколот се содржани сите елементи преку кои Бугарија ќе ја ревидира историјата, учебниците и јазикот на Македонија Иако власта упорно манипулира дека Протоколот не е дел од преговарачката рамка, во ниту еден документ нема гаранции дека Бугарија нема да ја блокира Македонија на патот кон ЕУ, доколку не се спроведат барањата од Протоколот.Напротив, во преговарачката рамка стои дека напредокот на преговорите ќе зависи од „годишните прегледи и мерки за ефективното спроведување на членот 12 од Договорот за добрососедство” - што директно алудира на спорниот Протокол.Од тоа што го објавија бугарските медиуми, овој Протокол предвидува Македонија да ѝ достави на Бугарија копии од сите методолошки упатства, учебници, наставни средства и други релевантни наставни материјали - со што директно историјата и учебниците ќе бидат пишувани по желба на бугарските врховисти.Дополнително, Владата се обврзува до почетокот на учебната 2023-2024 година да ја промени содржината на учебникот по географија за VII одделение, како и нови книги, документарни и списанија, филмови и други уметнички дела, културни споменици и прослави (кои се државно финансирани) да се спроведуваат во духот на Договорот за пријателство.Налудничавите барања во Протоколот, кои Османи нема проблем да ги потпише, одат дотаму да субјектот финансиран од државата, со обврзувачка изјава ќе потврди дека ќе посвети внимание за неприфаќање на сите форми на говор на омраза и непочитувањето на оваа обврска ќе биде основа за суспензија на доделеното државно финансирање.Дали ова значи дека Владата е спремна да го забрани и филнот Трето Полувреме, како и сите културни материјали кои сведочат за репресијата на бугарските фашисти?Ниту Бугарија, ниту ЕУ, има право да наметнува обврски за говор на омраза кон Македонија, се додека бугарски пратеници држат говори дека Македонија е бугарска.Протоколот ќе биде последниот чекор кон реализација на големобугарската идеја и затоа истиот Османи го крие. Го повикуваме македонскиот народ повторно вечер да го искажи својот револт против бугаризацијата на Македонија!СЕКОЈ ДЕН ВО СЕДУМ - ДО КРАЈ“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

kovacevski-mickoski

Ковачевски на маса со Мицкоски

Во рамки на широката консултација претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, денеска, 3 јули 2022 година, во 15:00 часот, во Клубот на пратеници ќе одржи средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски.Оваа средба е дел од низата планирани консултативни средби со лидерите на опозицијата, како дел од широката консултација за предлогот на француското претседателство каде премиерот Ковачевски веќе одржа консултативни средби со лидерите на владината коалиција, со дипломатскиот кор, граѓанскиот сектор, со претставници на експертската јавност и медиумите.Фото и видео инсерти од средбата ќе бидат дистрибуирани од прес службата на Владата на Република Северна Македонија, а по завршувањето на средбата, планирана е изјава за медиуми на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски.

Македонија | пред 3 години

OMD

„Францускиот предлог е тројански коњ за бугарските националистички барања и апетити“, тврди Обединета Македонска Дијаспора

Обединетата Македонска Дијаспора испрати соопштение до јавноста по повод францускиот предлог и даде силна поддршка до македонскиот народ кој протестира.Соопштението ви го пренесуваме интегрално во продолжение:„Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД), водечкиот глас на Македонците надвор од Македонија, силно ги поддржува ставовите на мнозинството на граѓаните во Република Македонија и бара од Владата на Ковачевски веднаш да го одбие францускиот предлог кој е тројански коњ за бугарските националистички барања и апетити.Францускиот предлог вметнува билатерален спор во преговорите за влез во ЕУ. Македонија не смее да дозволи Бугарија да успее во нивното историско негирање и ревизионизам.Истовремено, остро ја осудуваме изјавата на Бујар Османи дека доколку Македонија не го прифати францускиот предлог ќе има меѓуетнички тензии – заплашувањето на народот на никому не му е од корист. ОМД го потсетува Османи дека Македонија е НАТО членка и нејзините територијални граници се загарантирани со потпишувањето на договорот за стратешко партнерство помеѓу САД и Македонија во мај 2008 година.Францускиот предлог не дава никакви гаранции дека македонскиот јазик е чист и дека ќе стане официјален јазик на Европската Унија кога Македонија ќе стане полноправна земја членка. Предлогот само нотира дека ЕУ ги забележа соодветните еднострани декларации на Бугарија и Македонија за македонскиот јазик – тука нема погрешно протолкување – ова не е изјава на признавање.Со многукратното спомнување на членот 12 од Договорот за Добрососедство со Бугарија, францускиот предлог ги вметнува бугарските услови за идентитетот, јазикот и историјата кој се изгласани со резолуција од мнозинството на Бугарското Собрание. Во истото тоа собрание на земја членка на Европската Унија, на 24ти јуни, триесетина бугарски пратеници гордо истакнуваа натписи со “Македонија е Бугарија.”Францускиот предлог ја менува преговарачката рамка и додава дополнителни услови. За Македонија да ги започне преговорите за влез во ЕУ се додава условот дека мора Бугарите, кој според последниот попис во Македонија се 3,504 на број (еднакво на статистичка грешка), да се додадат во Уставот на Република Македонија, без било каков реципроцитет. Со овој потег, Владата на Македонија ги загрозува правата на Македонците во Бугарија кој немаат никакви права во таканаречената европска држава Бугарија.Францускиот предлог е кристално јасен. Човек не треба да е експерт за меѓународно право за да сфати дека Македонија пак мора да плати висока цена за да ги отпочне пристапните преговори, што не е никаква гаранција за идно членство во ЕУ.Со прифаќање на францускиот предлог, Македонија ќе си отвори дополнителни проблеми. Најголемиот проблем е тоа што Бугарија, како и Грција со неуставниот Преспански Договор, ќе ги диктираат условите, идентитетот, јазикот, и историјата на македонскиот народ и нација.Упатуваме и јасна порака до опозицијата: да не ви се случи реприза на 2018 година кога 8 пратеници гласаа за промена на уставното име на Република Македонија. Ако Владата мисли да го усвои францускиот предлог, веднаш излегувајте од Собранието за да се оневозможат било какви уставни промени за што е потребно 2/3 мнозинство (80 пратеници).Народот го кажа своето со овие масовни протести. Да се почитува гласот на народот, да се почитуваат комитите, партизаните и сите оние кои имаат дадено жртва за нашата Македонија. Доста е од компромиси, потчинетост и самонепочитување. Време е Македонија да се посвети на зајакнување на македонштината. “

пред 3 години

Slika-1

Европско движење на РСМ: Чуствувајќи ја загриженоста на граѓаните, чувствуваме резерви кон францускиот предлог

„Европското движење во РС Македонија кое повеќе од три декади е активен чинител во евроитенграциските процеси ги цени напорите на Европската Унија, како и актуелните залагања на Франција за симнување на бугарското вето и отпочнувањето на преговорите за членство во Европската Унија“, велат од Европското движење на РСМ.Тие додаваат:„Меѓутоа, чувствувајќи го пулсот на грaѓаните и нивната загриженост за иднината на државава изразуваме одредени резерви кои главно призлегуваат од брзината со која треба да се усвои Предлогот. Целата постапка на неговото претставување (првичниот и наводно преработениот предлог) остава простор за сомневање и предизвикува отпор на граѓаните, пред се поради пристапот кој создава амбиент на ургентност (Сега или никогаш!).Официјалните документи објавени на ВЕБ страницата на Владата на општ начин ги претставуваат условите кои РС Македонија треба да ги исполни. Потпирајќи се на изјавите од медиумите, односно на изјавата на амбасадорката на Република Франција во Софија дека Новиот француски предлог всушност не е нов, став кој се потврдува и од други бугарски политичари кои изразуваат задоволство од постигнатото. Билатералниот протокол овзможува бугарските услови да станат европски што на Бугарија ќе ѝ даде можност, секогаш кога ќе посака, да врши притисок врз Македонија преку Брисел. Впрочем, тоа можеше да се слушне и од пратениците во Бугарскиот парламент кога дискутираа за Предлогот додавајќи и дополнителни услови. Истакнувањето на паролата „Македонија е Бугарија“ е само уште еден важен доказ во таа смисла.Не навлегувајќи во анализа на документите со кои се дефинира преговарачкиот процес, би истакнале дека Билатералниот протокол кој претставува централен сегмент на Предлогот (сѐ уште официјално не претставен во јавноста) ги фрла на спореден план Копенхашките критериуми заробуваќи ги преговорите во историскиот круг на прашања.  Бугарија прва ја призна Република Македонија, но се спротивставува да стане членка на ЕУ со свој јазик, историја и култура - како секоја друга држава. Оттаму потекнува чувството на загрозеност, бидејќи непризнавањето води кон размислување дека Бугарија имала, и сѐ уште има, прикриени територијални претензии кон Македонија.Преговарање за промена на значењето на историските личности од странски држави го нарушува националниот суверенитет, бидејќи секоја од државите има право да го изгради својот симболички корпус (корпус на значења) чија основна цел е да го одржат континуитетот меѓу генерациите. Прифаќањето на условите зададени од бугарска страна - за кои нема никаква гараниција дека ќе бидат конечни, ќе го направи процесот бавен и деструктивен.Бугарско барање за вметнување на Бугарите во Уставот во ситуација кога и самата Бугарија знае колку граѓани се изјасниле како Бугари (на пописот на населението спроведен во октомври 2021) е факт кој укажува дека ова барање е со намера да ја компликува политичката ситуација во РС Македонија.Потпирајќи се на фактите за динамиката на евроинтеграцискиот процес на Западниот Балкан, можеме да согледаме дека тој процес е сложен и многу долг - и за државите кои немаат билатерални спорови. Строго оптоварување на преговарачката рамка со билатерални спорови би значело насочување на ресурсите и енергијата кон решавањето на проблеми кои ќе нѐ оддалечат од исклучително значајниот реформски процес (јакнење на правната држава, борба против корупцијата, справување со климатските промени и други значајни области). Очигледна е намерата на Бугарија да оствари контрола врз преговарачкиот процес.Го поздравуваме итното доделување на кандидатски статус на Украина и Молдавија, но сепак Европската Унија треба да покаже поголем интерес за евроинтеграцискиот процес на државите од Западен Балкан забрзувајќи го процесот на интегрирање во Унијата, пред сѐ поради новите геостратешки околности.

Македонија | пред 3 години

VL1

НСДП изгради став за францускиот предлог

„Имајќи го во предвид политичкиот моментум во кој Република Северна Македонија треба да изгради конечен став по финалниот „француски предлог“ за решавање на спорот со Република Бугарија, НСДП студиозно и аналитично го разгледува предлогот и повикува на државничко однсување на сите политички и општествени чинители кои треба да се изјаснат по истиот“, велат од НСДП.Тие додаваат:„Претседателот на НСДП, Горан Мисовски, на средбата на владината коалиција побара: „Коалиционите партнери да покажат државничко однесување и ова прашање да не го користат за ситно политичко поентирање, затоа што државата и општеството се исправени пред историска одлука од која ќе зависи развојот на државата, во насока на отпочнување на процесот на преговори со ЕУ или уште неодреден број на години надвор од европскиот колосек, со неизвесност и политички премрежја“.За НСДП државниот интерес во политичкото делување секогаш бил над партискиот и затоа тимови во партијата аналитично и студиозно го разгледуваат “францускиот предлог“ и неговата усогласеност со Договорот за пријателство, добрососедство, и соработка помеѓу Република Македонија и Република Бугарија од август 2017 година и Резолуцијата за утврдување на македонските државни позиции во контекст на бликадите на европските интеграции од јули 2021 година донесена од Собранието.Земајќи ја во предвид Резолуцијата на македонското Собрание и јасно исцртаните македонските црвени линии од премиерот Ковачевски пред заминувањето во Брисел на Европскиот совет, доколку се потврди дека преку овој компромисен предлог се исполнуваат барањата на македонската страна, државата и општеството треба храбро да истапат и да го прифатиме предлогот, во спротивно треба аргументирано да го одбиеме со јасно и недвосмислено искажани причини за одбивањето, свесни за последиците во иднина.За НСДП единствено е прифатлива преговарачка рамка со јасна и чиста формулација за македонскиот јазик и јасна заштита на македонскиот идентитет, во согласност со Резолуцијата на македонското Собрание.Во оваа насока НСДП особено го почитува ставот на научната и стручна јавност, како на Советот за македонски јазик (СМЈ), кој вчера на вонредна седница го разгледал официјалниот предлог и го донел следниот заклучок: “Точките поврзани со статусот на македонскиот јазик покажуваат дека самостојноста и оригиналноста на македонскиот јазик се испочитувани и дека македонскиот јазик станува еден од официјалните јазици во Европската Унија.“.НСДП во текот на неделата ќе одржи седница на Извршниот одбор и ќе го соопшти ставот по финалниот „француски предлог““.

Македонија | пред 3 години

cnjreagerhgetehg-197258

„Францускиот предлог не нуди можност за започнување на преговорите со ЕУ“, тврди Морачанин

Врз основа на информациите од медиумите за т.н. француски предлог, сметам дека тој не е прифатливо решение и не нуди можност за конечно, по 17 години кандидатски статус, започнување на преговорите со ЕУ, вели претседателката на ДОМ, Маја Морачанин, во интервју за Новатв.мк„Останувам на ставот дека отворените прашања со Бугарија треба билатерално да ги решаваме и тие не треба да бидат причина за блокирање на македонските евроинтеграциски процеси. Секако, македонскиот јазик и идентитет не смее да бидат предмет на преговори. Факт е дека ние ги исполнивме сите услови за почеток на преговорите со ЕУ, што се потврди и со одлуката на Советот за општи работи на ЕУ од март 2020 година.Овој став е вграден и во Резолуцијата на Европските зелени за поддршка за интеграција на земјите од Западен Балкан во ЕУ, усвоена во декември, минатата година. Со оваа Резолуција, Европските зелени ја повикуваат Бугарија да го отвори патот за првата меѓувладина конференција и да ги решава спорните прашања со С. Македонија билатерално, отстранувајќи го тоа како предуслов за започнување на пристапните преговори. Го повикуваат Европскиот совет да одржи меѓувладини конференции за директно отпочнување на пристапните преговори со С. Македонија и Албанија, најбрзо што е можно“, додава МорачанинЦелото интервју прочитајте го на novatv.mk.

Македонија | пред 3 години

Maja-Moracanin-DOM-10-bg111

ДОМ: „Ќе ја напуштиме владата ако се прифати францускиот предлог, за македонскиот јазик и идентитет не смее да се преговара“

На денешниот состанок на Извршниот одбор на ДОМ во проширен состав, се разгледуваше за француски предлог објавен во медиумите. Раководството на ДОМ едногласно донесе став дека овој предлог е неприфатлив и Владата треба да го отфрли.Оттаму порачуваат дека отворените прашања со Бугарија треба билатерално да се решаваат во добра волја, взаемна почит и согласно европските вредности.„ ДОМ останува на ставот дека за македонскиот јазик и идентитет не смее да се преговара. Сметаме дека овој предлог ќе го претвори пристапниот процес за членство на Македонија во ЕУ во бескрајна агонија и го доведува во неизвесност и самото започнување на преговорите.Доколку Владата го прифати овој т.н. француски предлог, ДОМ ќе ја напушти Владата и парламентарното мнозинство“ најавија од партијата.

Македонија | пред 3 години

23

(ВИДЕО )Граѓаните на спонтан протест пред Влада против бугаризација и францускиот предлог

Граѓани се собраа на мирен протест пред Владата на Република Македонија, против францускиот предлог за решавање на спорот со Бугарија.Повикот за протестот беше најавен на социјалните мрежи.Протестот се организира еден ден пред Самитот на ЕУ во Брисел, на кој ќе отпатува и македонскиот премиер Димитар Ковачевски.

Македонија | пред 3 години

ljupco-georgievski-vmro-np-696x365-696x365-1

„Францускиот предлог има многу елементи кои се во интерес на Македонија“, вели ВМРО-Народна партија

ВМРО-Народна партија смета дека во францускиот предлог има многу елементи кои се во интерес на Македонија со цел надминување на ветото и продолжување на Европската интеграцијата на државата.„Во исто време ги повикуваме сите оние кои го критикуваат францскиот предлог да не го отфрлаат во атмосфера на хистерија туку конкретно да ги критикуваат деловите кои сметаат дека не се во интерес на Северна Македонија.На тој начин ќе демонстрираат дека сепак го прочитале францускиот предлог“, се вели во соопштението на ВМРО-Народна партија.

Македонија | пред 3 години

Liberali-08-02-2020-Goran-Milevski-pretsedatel-na-LDP

„Сите политички чинители да го отфрлат Францускиот предлог“, вели Милевски

Претседателот на ЛДП, Горан Милевски на својот Фејсбук профил посочи дека синоќа Извршниот одбор на партијата го отфрлил Францускиот предлог кој циркулира во јавноста.„Синоќа, Извршниот одбор на ЛДП го отфрли Францускиот предлог кој циркулира во јавноста.Бараме да се достави на увид на министрите и пратениците и да се отвори дебата по истиот.Очекуваме сите политички чинители да ја отфрлаат оваа верзија.Ги детектиравме сите слабости на предлогот и очекуваме нивна корекција.Министерот и пратениците од ЛДП да се борат за ставовите на ЛДП и да ги заштитат македонските национални интереси.Доколку сепак се прифати Францускиот предлог во оваа верзија, Извршниот одбор одлучи, ЛДП да ја напушти Владата и за оваа одлука ќе побара согласност од Централниот одбор на партијата, доколку дојде до таа ситуација“, вели Милевски.

Македонија | пред 3 години

bujar-osmani

„Моравме да го одбиеме францускиот предлог“, вели Османи

Фала Франција, но предлогот моравме да го одбиеме, вака министерот за надворешни работи напиша на Фејсбук. Во продолжение во целост го пренесуваме неговиот став:Два збора стојат помеѓу успехот и неуспехот на европската унија во регионот. Зборот „протокол“ во рамката, како парадигма на историските прашања, и зборот „отворање“ во параграф шест од заклучоците на советот. И двата збора не се во францускиот предлог како финални решенија туку се ставени (дел од нив и во заграда) како прашања за кои не може да се постигне согласност поради позицијата на Република Бугарија.Усвојувањето денес на резолуцијата во Бугарскиот Парламент, во која се потенцираат токму овие две прашања ќе го блокира долгорочно европскиот процес, и воедно ќе ги парализира инструментите од договорот за пријателство на долг рок.Француското претседателство беше многу внимателно при срочувањето на текстот внимавајќи на сензитивностите на двете страни и затоа прашањата кои не беа прифатливи за нас ги стави како недефинирани предлози (во заграда) за да потенцира дека тие се прашања кои не се решени. Оттука ние само можеме да се заблагодариме на француското претседателство но моравме да го одбиеме нивниот предлог во ваква форма, токму поради деловите во него за кои Бугарската страна без никаква аргументација не покажа разбирање.

Македонија | пред 3 години

apasiev

„Колку треба да си жалче да „одбиеш“ француски предлог, откако си попил ново бугарско вето“, вели Апасиев

По прес-конференцијата на премиерот Димитар Ковачевски по самитот во Брисел, реагираше лидерот на Левица, Димитар Апасиев.„Колку треба да си недоветно жалче, ко божемски да "одбиеш" француски предлог, откако веќе си попил ново бугарско ВЕТО, два саата претходно!?p.s. Ко у вицон: "Бато бе, ај доста ме бранеше"!#АхБеТачеБе“, напиша Апасиев

Коментари | пред 3 години

289614820_1038867056744750_9063859989593280936_n

Маричиќ е лут по протестите против францускиот предлог: Имаше атмосфера за која немаше основа

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ не гледа одговорност кај него и Владата бидејќи нема почеток на преговорите со Европската Унија, но гледа одговорност бидејќи имало лоша атмосфера по објавата на францускиот предлог. Тој за протестите и јасното „не“ од јавноста за францускиот предлог вели дека се создала атмосфера за која немало основа.„Простор за одговорност не гледам. Поголема одговорност има кај личности со пренесување на вести до политички партии и медиуми, кои не беа проверени, со цел да се конструира таква атмосфера. Ние процесот го водевме мудро. Нам ни е важно дека со комуникацијата на одредени структури со медиумите, се покрена една атмосфера за која немаше основа“, кажа Маричиќ.Бујар Османи, министер за надворешни работи, тактизираше со одговорот. Не кажа јасно дали неотпочнувањето на преговороти со ЕУ„Прашањето на успех е релативно, што значи успех. Дали заштита на државните позиции е успех или нешто друго. Ние ова прашање не го квалификуваме како успех или неуспех, туку без алтернативна борба за пристап кон ЕУ. Нема да правиме компромис по ниту едно ниту друго прашање. Ќе станеме членка еден ден во ЕУ со заштитени национални интереси“, кажа Османи.

Македонија | пред 3 години

Capture

„Францускиот предлог е нокаут“, Мицкоски ги кажа индициите за македонското предавство

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски предупредува дека францускиот предлог е ист како претходниот, нема ништо различно, освен два зборови. Мицкоски посочи дека тим преговарал за македонскиот јазик, идентитет, традиција, култура и за Македонецот. Според него, има три индиции дека ова е нокаут за македонската дипломатија.„Францускиот предлог не е ништо повеќе од два збора различни од претходниот предлог. Односно да сум прецизен ако претходно имавме нокаут за македонската дипломатија, сега имаме нокаут со продолжено дејство. Сето ова е врз основа на информации со кои ВМРО-ДПМНЕ во овој момент располага. И на што го темелам сето ова дека е точно.. Ќе споделам со вас три индиции: првата е што овој модифициран таканаречен предлог беше прифатен веднаш од Петков и Радев. Во државата има распуштено Собрание, а за нив е одлично решение и го прифаќаат. Ако тогаш е така, што е различно за нашиот државен врв веднаш да го одбие со големо „не“ како што го направи тоа во Брисел. Второ, од каде Еди Рама знае дека овој предлог е добар за македонскиот народ, за чиј идентитет се преговара, а ВМРО-ДПМНЕ не е запознаена иако ние како најголема партија, пратеничка група, поддршка, ја немаме? Третата причина е бидејќи Владата на СДСМ и ДУИ има слаб карактер и традиција на предавство. Затоа предлогот го крие“, кажа Мицкоски.Тој бара: „Ако навистина е добар предлогот, Владата веднаш да го објави“.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2021-09-06-at-09.49.13

„Стајте го на руски јазик францускиот предлог“, вели Апасиев

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев на социјалните мрежи објави статус во кој вели дека на сајтот на Владата, францускиот предлог треба да биде објавен на руски јазик.„Кога веќе го нема на македонски (оти, нели, таков јазик не постои), стајте го францускиов предлог бар на РУСКИ на сајтов на Влада“, стои во објавата.

Коментари | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања