„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

фр

osmani

Османи: Францускиот предлог и протоколот се два неповрзани процеси

Министерот за надворешни работи Бујар Османи во синоќешното гостување на Националната телевизија, истакна дека францускиот предлог и протоколот се два неповрзани процеси.„Францускиот предлог ја утврдува рамката за преговорите за членство, додека протоколот е билатерален документ со кој редовно се следи имплементација на договорот. Коинцидираат временски, затоа што во дел од овој пакет на односи со Република Бугарија за да се даде согласност за европскиот, треба да се потпише и овој договор, меѓутоа тие два документа не се меѓусебно поврзани”, истакна Османи.Османи истакна дека протоколот може да ја пресликува динамиката на европскиот процес, но европскиот процес не смее да пресликува динамика на протоколот кој се однесува на билатерални прашања кои ние ги имаме во односите со Република Бугарија и обврските што ги имаат тие спрема нас во ЕУ.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-07-04-at-19.54.30

(ВИДЕО) Демонстрантите се упатија кон Собранието на Република Македонија

Гаѓаните вечерва по трет пат масовно излегоа на протест против францускиот предлог. Тие од пред Владата се движат низ централното подрачје, а крајната дестинација ќе биде Собранието на Република Македонија.Претходно револтираните граѓани ја пробија заштитната ограда и со предмети фрлаат кон Влдата.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-07-04-204010

(ВИДЕО) Демонстрантите со јајца фрлаа кон Собранието

Дел од учесниците на протестот кон Собранието фрлаа јајца, шишиња, цвеќе,… а откако ја поминаа заштитната ограда се стационираа пред кордонот полицајци.Скандираат „Оставка“ и пеат патриотски песни.Меѓу присутните се лидерот на Левица, Димитар Апасиев, како и пратеникот Борис Крмов

Македонија | пред 3 години

19-04-2021-Kaleska-Vanceva

Калеска Ванчева: Исправени сме пред клучни моменти, ова е предлог со чист македонски јазик без фусноти и одредници

Ова се историски моменти, кога никој не може нешто анблок да прифати, ниту може анблок нешто да отфрли, факт е дека сме исправени пред клучни моменти, пресвтрница во нашиот 30-годишен живот како самостојна држава, истакна пратеничката на СДСМ Снежана Калеска Ванчева во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.Калеска Ванчева нагласи дека францускиот предлог, кој е објавен, заслужува општа консултација и вистино внимание и ни случајно не треба да се отфрли и да се даваат квалификации коишто не се содржани.Ова е прв предлог кој има суштествена разлика најмногу во македонскиот јазик, без фусноти и задршки, тоа беше клучно, тоа е многу јака основа да разгоравараме, истакна Калеска Ванчева, додавајќи дека овој процес треба да продолжи и тоа транспарентнио како што го прави владата.Но, за жал ние се соочувме со реакции поттикнати од најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, заедно со Левица и тоа многу повеќе личи на одбвивање заради одбивање и заради некои други интереси, нагласи Калеска Ванчева, додавајќи дека лажниот патриотизам не нé води никаде.Таа потсети дека ваквиот наратив се слушаше и кога се потпишуваше договорот со Грција, дека ќе не снема како држава, дека идентитетот е загрозен, дека сме предавници, но сите видоа дека ништо не се случи.Сега повторно го слушаме истиот наратив дека македонскиот јазик ќе стане дијалект на бугарскиот јазик, дека се врши асимилација, бугаризација, но ништо од тоа не е вистина, а уште еден доказ дека македонскиот јазик, а со тоа идентитетот не е загрозен, e ако го прифатиме овој предлог, веднаш го потпишуваме договорот за Фронтекс на македонски јазик, нагласи пратеничката на СДСМ Снежана Калеска Ванчева во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-07-04-at-19.54.30

(ВО ЖИВО) „Стево пу*и ми го ку*от“, „Пи*ка ти матер“ и лица со качулки пред Владата

„Пи*ка ти матер“, „Никогаш северна, само Македонија“, исвиркување на Владата, „Ајде Стево пу*и ми го ку*от“. Ова е само дел од атмосферата пред Владата. Тензични стануваат протестите. Меѓу присутните има и лица со качулки. Владата ја штити полицијата која е распоредена околу целата зграда.Пред зградата се пејат и патриотски песни.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-07-04-at-19.47.06

(ВО ЖИВО) Станува тензично пред Владата, демонстрантите влегоа во дворот и се судрија со полицијата

Тензично станува пред Владата. Демонстрантите влегоа во дворот на Владата. Околу неа, се распореди полицијата.Засега е мирно, но можно е протестите да ексалираат.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-07-04-at-19.31.29

ВИДЕО: Алабаковски на протестите пред Влада ја испеа македонската химна

Ламбе Алабаковски ја отвори третата вечер на протестите во Скопје. Тој ја испеа македонската химна пред присутните. Алабаковски се појави со маица на која пишува „не!“. На сцената пред присутните носеше и македонско знаме, извикувајќи „Македонија, Македонија“.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-07-04-at-19.13.14

(ВО ЖИВО) Протест пред Владата, за кој е најавено дека ќе е порадикален

Започна нов протест пред Владата. Се собираат присутните. Овој протест беше најавен како порадикален од претходните. Вчера Димитар Апасиев, пратеник и лидер на Левица ова и јавно го посочи. Протестот е против францускиот предлог.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-07-04-at-16.19.25

Европскиот предлог е достапен на Македонски јазик на веб страницата на Владата

Денеска на официјалната веб страна интегрално преведен на Македонски јазик, го објави европскиот предлог.Предлогот во кој се вградени забелешките на Владата од средината на минатата недела е достапен за јавноста и ставен на широка консултација која премиерот Димитар Ковачевски ја води со сите чинители во државата, вклучувајќи ги и опозициските партии, граѓанските организации и медиумите.[pdf-embedder url="https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2022/07/draft_general_eu_position_mk2.pdf"][pdf-embedder url="https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2022/07/draft_eu_common_position_for_the_1st_igc_makedonski.pdf"][pdf-embedder url="https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2022/07/draft_council_conclusions_makedonski.pdf"]

Македонија | пред 3 години

peter-vanhojter

Питер Ван Хојте за францускиот предлог: Вратата е отворена, не ја заклучувајте повторно

Белгискиот олеснувач за преговорите од Пржино, Питер Ван Хојте, испрати отворено писмо до граѓаните на Македонија, а поврзано со спорот со Бугарија.„Со интерес ја следам дискусијата меѓу вашата земја и Бугарија. Денес, благодарение на францускиот предлог, можен е сериозен напредок. Да, Бугарија ќе ги почитува основните права на Македонците поврзани со идентитетот, јазикот и културата. За возврат, вашата земја конечно ќе може да го започне процесот на пристапување во ЕУ. Ја почитувам храброста на вашата Влада да се согласи со францускиот предлог. И да, овој предлог е компромис. Како што би рекле во Белгија: „компромисот е добар ако двете страни се чувствуваат малку незадоволни од исходот“. Но, овој предлог ви овозможува конечно да го започнете процесот на пристапување. Вратата е отворена, не ја заклучувајте повторно“, напиша Питер Ван Хојте.Тој додава:ЕУ е вашата иднина. ЕУ ќе отвори многу можности за вашиот економски развој, за вашата иднина и иднината на вашите деца. Затоа, не плашете се да ја направите вистинската опција, туку активно вклучете се во процесот на пристапување.Го разбирам националистичкото негодување од некои политички партии. Како опозиција, нивната улога е да се спротивстават - и да бидеме јасни: секогаш е полесно да се спротивставиме на одлуката на владата отколку да се согласиме со неа и да ја поддржиме. Играњето на емоции во таков случај е уште полесно. Но, не правете го тоа овој пат: ајде сега да се фокусираме на интеграцијата на вашата земја во ЕУ и како сите ќе имаме корист од ова. Да ги избереме вистинските приоритети за нашата иднина. И до националистичката опозиција: денес Северна Македонија е вистинска национална држава, со специфична култура, своја историја и признати официјални јазици и заедници. Не се затворајте во минатото, туку вклучете се во заедничка иднина. Заслужувате еден ден да станете членка на ЕУ, вратата е отворена, затоа ве молам, повелете!А за преостанатите прашања меѓу вашата земја и Бугарија, ако има проблем, има и решение. Продолжете да разговарате едни со други за да се договорите за решенијата и за патот напред. Вашата влада има многу компетентни министри кои ќе продолжат да им служат на вашите интереси. Уверен сум дека тие ќе испорачаат и активно ќе се вклучат во интеграцијата во ЕУ, заедно со Комисијата на ЕУ и претставниците на земјите-членки на ЕУ.

Македонија | пред 3 години

Mickoski-01.06

„Мицкоски требаше да му каже НЕ на Апасиев, наместо да биде во анти ЕУ коалицијата“, смета СДСМ

Понудата на Христијан Мицкоски е задоцнета и лажна. модификуваниот предлог веќе ги содржи клучните македонски позиции и барања, имаме чист македонски јазик во ЕУ, без фусноти и дообјаснувања, заштитен идентитет, почеток на преговори и историски прашања надвор од преговарачката рамка.Понудата на Мицкоски е лажна затоа што тој пред целата јавност кажа дека е против Европската Унија.Во една реченица Мицкоски зборува за предлози, за дејствување, а веќе во следната дејствува со проруската Левица со цел да го сруши процесот на широки консултации.Неговото постапување е неодговорно, антидржавно и на штета на државните и националните интереси.Мицкоски требаше да му каже НЕ на Апасиев, наместо да биде во ант

Македонија | пред 3 години

EU-1

Јазикот бетон? ЕК не дава детали за македонскиот јазик во договорот за Фронтекс

Европската Комисија во наредните часови, или денови, ќе даде детали за договорот со Фронтекс, кој Софија до сега го блокира поради македонскиот јазик, јави дописничката на МИА од Брисел.Според македонските владини претставници, преговарачката рамка предложена од француското претседателство треба да го деблокира и договорот за Фронтекс, кој Северна Македонија не можеше да го потпише до сега поради одбивањето на Бугарија во него да стои македонски јазик.На денешниот редовен брифинг за новинари во Брисел МИА побара одговор од Европската Комисија дали и кога овој договор ќе биде потпишан и доколку Северна Македонија го прифати францускиот предлог во која форма ќе фигурира македонскиот јазик, дали тоа ќе биде чиста формулација без астериск, фусноти и додавки. Европската Комисија не беше во можност веднаш да даде одговор.-Сега ги разгледуваме практичните импликации вклучително и за можноста за договорот со Фронтекс, треба да се видат низа оперативни детали на таа тема, да се види кои ќе бидат импликациите врз него, рече портпаролката на Европската Комисија, Дана Спинант.МИА испрати писмено барање до генералниот директорат за внатрешни работи на Европската Комисија со ова прашање. Оттаму добивме одговор дека службите на Европската Комисија работат на прашањето и дека ќе испратат одговор „што е можно побрзо“.

Македонија | пред 3 години

6

Денес и утре се клучните денови, порача Апасиев и додаде: Не е време за дебати, туку за протести!

Булеварот Илинденска е блокиран. Пред Владата се кампува. Протестите продолжуваат и вечерва, а најавено е радикализирање од страна на Димитар Апасиев, лидер на Левица и пратеник во Собранието. Тој на социјалните мрежи упати и нова порака.„Не е време за дебати, туку за протести!“, порача Апасиев.Според него, денес и утре се клучните денови.

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Максим му порача на Бујар: Секој стап има два краја

Во своето гостување на Сител ТВ во Тема на денот, актуелниот градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски му се обрати на министерот за надворешни работи, Бујар Османи.– Денеска прочитав еден текст, вели, како тоа баш Албанец во овој тежок момент дојде и тоа лекар по професија за да го решава овој проблем. Па можеби и затоа свесно е донесен, бидеќи не ја разбира работата. Имате дипломати од кариера, врвни дипломати кои се исклучени целосно од решавање на овој процес кои никогаш не би дозволиле да се случуваат вакви преседани какви што ни се случуваат. Османи нека се занимава со неговата примарна работа, да не употребува ваква реторика бидејќи секој стап има два краја. Македонскиот народ иако е трпелив секогаш во клучните моменти знаел да покаже интегритет и да го брани тоа што е негово, истакна Димитриевски.

Македонија | пред 3 години

MFA_8353

Дека ова е последен предлог е евтино заплашување, со сила убавина не бива, порача Димитров

Ексминистерот за надворешни работи Никола Димитров даде краток коментар за тезите “ова е последен предлог” и “секој следен предлог ќе биде само полош” кои инаку се заемно исклучиви. Тој вели: “Ако е последен, не може да има следен предлог нели?”.Тој додава:“Со политика на очај, паника и успех-по-секоја-цена сигурно ќе биде полош, иако искрено за тоа ќе треба голема креативност, бидејќи сегашниов не е компромис туку целосен пораз. Тешко е да се замисли полош предлог.Дека бил последен е евтино заплашување, бидејќи сосема е легитимно да кажеме: Драги европски пријатели, три години ве слушаме дека и вашата црвена линија е да не се дозволи билатерализација на пристапниот процес. Таков став имаа и нашите американски пријатели. Во новата методологија напишавте “сите да се воздржат од злоупотреба на нерешени прашања во пристапниот процес.” Од една заедница на вредности, која во Лисабонскиот договор се заложила дека ќе ја негува културната и јазична разноликост на континентот, очекуваме да не’ разбере и да не толерира негирање на македонскиот јазик од една своја земја членка и да не одобрува наметнување на историски наратив со присила. Како што беа можни претходните балансирани предлози, германскиот и португалскиот, за некое време, ќе бидат можни и други балансирани предлози.Се разбира, Бугарија ќе продолжи да биде клучен фактор и затоа ни треба целосна ревизија на билатералните односи. Ветото не може да се наградува со постојани концесии. Ова сегашново “решение”, иако на прв поглед победничко за Софија, всушност ја засилува уцената и навредата, што ќе продуцира само антагонизам, гнев и омраза, а тоа нема да може да се спречи преку “дисциплински мерки”. Наместо пријателство и блискост, ќе носи отпор и се’ поголемо оддалечување.За вистинско зближување меѓу двете држави и меѓу македонскиот и бугарскиот народ, ќе треба заемна почит и прифаќање. Со сила убавина не бидува, туку со препознавање и разбирање на клучните грижи на соседот. Ниту еден договор што не стои на овие нозе, што не е вистински компромис, не може да продуцира ништо добро, ниту пак ќе заживее”.

Коментари | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања