„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

фр

Screenshot-2022-07-17-at-10.29.57

Анализа: Мнозинство пратеници од Македонците не дале поддршка за францускиот предлог, загрозена е уставната еднаквост на сите граѓани

Поранешниот пратеник Илија Димовски, смета дека е загрозена уставната еднаквост на граѓаните. Тој објави бројки, колку пратеници кои гласале „за“ се Македонци, Турци, Албанци, Срби, Бошњаци, Роми, Власи.Неговата анализа во целост:Загрозена е уставната еднаквост на граѓаните......🟥🟥🟥 Бројки: 🟥🟥🟥➡️ Од 120 пратеници во Собранието на Република Македонија:- 80 се Македонци- 32 се Албанци- 02 се Труци- 02 се Срби- 02 се Бошњаци- 01 е Ром- 01 е Влав➡️ Од 80 пратеници Македонци:- 32 гласале ЗА- 48 не гласале➡️ Од 32 пратеници Албанци:- 30 гласале ЗА- 02 не гласале➡️ 0д 02 пратеници Турци:- 01 гласал ЗА- 01 не гласал➡️ Од 02 пратеници Срби- 01 гласал ЗА- 01 не гласал➡️ Од 02 пратеници Бошњаци- 02 гласале ЗА➡️ Од 01 пратеник Ром- 01 гласал ЗА➡️ Од 01 пратеник Влав- 01 гласал ЗА.....🟥🟥🟥 Факти: 🟥🟥🟥➡️ Мнозинството пратеници кои гласале ЗА не се Македонци, од 68 само 32.➡️ Мнозинството пратеници Македонци не дале поддршка на одлуката, од 80, дури 48.➡️ Одлуката која се однесува на македонските културни, јазични, образовни, историски и идентитетски карактеристики нема поддршка (ниту формална) од македонскиот народ......🟥🟥🟥 Заклучоци: 🟥🟥🟥➡️ Загрозена е уставната еднаквост на сите граѓани.➡️ Македонците во Македонија немаат право да одлучуваат за себе и да ги заштитат своите културни, јазични, образовни, историски и идентитетски карактеристики како што другите имаат право.➡️ Ваквото уредување ќе мора да се смени и граѓаните ќе мора да се стават во еднаква позиција и со еднакви права без разлика на нивната етничка припадност.

Коментари | пред 3 години

Screenshot-2022-07-14-at-17.09.31

„За СДС беше јасно, а опозицијата племе од Африка ли застапуваше во парламентот? Бојкот за мене значи дека се предаваш“, вели бизнисмен за Собранието

„За СДС беше јасно како ќе прават. Без памет и подводливи од меѓународната, која претходно е добро обработена од Бугарија. На протести одев самостојно (непартиски) и гледав да се дистанцирам од В/Д. Оваа партија не се огради и не се извини за дејанијата од нивното претходно раководство и тоа е погубно за партијата. Нивните шанси за власт во такви услови се речиси никакви. Освен Груевски, пак гледаме исти ликови од минатото. Па сите овие ликови заедно не можат да се мерат со знаењето, лидерството и енергијата на Груевски“, вели визнисменот Венко Глигоров.Неговиот статус во целост:„За друго сакам да пишам. Не можам да го сокријам разочарувањето од оваа партија во последните денови, а посебно на Седницата во Собранието. Имаа аргументи, народот беше во линија со нивните стравови и барања. И според мене, се посрамотија.Наместо да ги остават пратениците од власта да влезат уште подлабоко во калта, да не кажам лајната, да ги остават да зборат, овие правеа галама, па вувузели, свирки и други инструменти. Доволно беше само да се галами на говорот на Премиерот. Па племе од Африка ли застапувате во парламентот бе? На улица ли сте? Несфатливо.Пратениците од опозицијата имаа убави поенти во своите говори, убаво издвоени сомнежи и ризици, Дафина и Николовски беа одлични. И што се деси? Наместо да придобијат нови пратеници, тие го нападнаа Трајанов од владејачкото мнозинство. Со АА ја растурија коалицијата. И најважното: наместо да гласаат Против, тие излегоа од салата и не гласаа!!!??? Дупло несфатливо.Да трубиш #НЕ секој ден и кога ќе треба да гласаш, да ‘избегаш’ - јас тоа не го поддржувам. Можеби имаат партиски пресметки што јас не ги знам, ама такво нешто не поддржувам и не мислам дека треба да биде одлика на модерна партија што се стреми кон европеизација. Бојкот за мене е кукавичлук. Бојкот за мене значи дека се предаваш. Ќе остане резултатот дека речиси максимален број на пратеници гласале потврдно, а другите ‘не стигнале да гласаат заради снегот’.И сега, кој е планот? Не треба да имате нотарски изјави за пратениците, о вие челници на партијата. Со тоа не не’ правите да бидеме посмирени. Напротив. Треба да имате здрава мисла, храбро да се борите со глас во собранието и пишани зборови. Да лобирате кај вашите сестрински партии, а не да ќутите и да климате со глава. Постојано да барате поддршка поединечно кај другите пратеници од партиите. Да признаете јавно дека криминално сте ја воделе државата во претходниот мандат.Мислев(ме) дека нотарски изјави и уцени беа дел од минатото на оваа партија. Ништо нема да одбраните со ваквите чекори, а и власт тешко да освоите така. Ако пратениците ви се поткупливи, ќе си гласаат За промени во Уставот и слободно ќе си излезат од Собранието (веројатно со многу други поголеми и поатрактивни бенефити).Борбата продолжува. СДС не ја доби битката. Бугарија ја доби оваа битка. Не смееме да попуштиме. Ќе се бориме кој како знае и умее додека ја отстраниме опасноста за Македонија. Европеизација #ДА, бугаризација #НЕ“.

Коментари | пред 3 години

AHMETI-GRUBI-DZAFERI-1

ДУИ го правда гласањето за францускиот предлог

Демократската унија за интеграција ги поздравува непосредните позитивни реакции на целиот демократски свет за историската одлука во корист на францускиот предлог одобрен од Собранието на Северна Македонија, со кој се запечати идеолошката ориентација на земјата без друга алтернатива, онаа за интеграција во Европската Унијата.Вашингтон, Брисел, Берлин, Париз, Рим, Лондон и сите главни градови на евроатлантските земји високо ја ценеа храброста на прогресивните сили што ја водат земјата.Неколкуте неистомисленици, ВМРО и Левица, останаа изолирани и обединети во духот на регресивните проруски сили.Огромното мнозинство од граѓаните на земјата не се идентификуваа со руската агенда, не станаа плен на измами, провокации и не ги поддржаа протестите што требаше да ја вратат земјата назад по сите тие жртви и заеднички достигнувања и да ја изградат нејзината стратешка ориентација. .Денес е време на определување, кој е со Европа, кој е против, кој е со НАТО, а кој против, кој се усогласува со евро-американските сили, а кој со проруските. Нема сива зона, нема недефинирано.Демократската унија за интеграција смета дека огромно мнозинство граѓани ги поддржуваат про-евро-американските прогресивни сили и нема да дозволиме отстапување на евроатлантскиот курс на земјата.

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Пендаровски по гласањето во Собрание: Сега ќе бидеме деблокирани

Претседателот Стево Пендаровски смета дека собраниската одлука ќе биде деблокада на пристапувањето кон ЕУ.„Денешните одлуки донесени од страна на Парламентот и Владата значат поддршка на европската агенда на земјата.Одлуките не беа ниту малку лесни да се донесат, но ќе овозможат деблокада на европските интеграции и спроведување на неопходниот скрининг процес.Сега е потребно и ЕУ да испорача, без одложување“, напиша Пендаровски.

Македонија | пред 3 години

51826955305_3d3a744773_c

Полицијата обезбеди мир во институциите, честитам за дијалогот во Собранието, вели Спасовски

„Дозволете да упатам честитки за дијалогот и одлуката на Собранието на Република Северна Македонија за продолжување на европскиот пат на нашата држава“, вели Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи.Тој додава:Во оваа прилика дозволете во свое име и во име на раководството на МВР да се заблагодарам и да оддадам признание за припадниците на македонската полиција за пожртвуваноста и посветеноста во вршењето на своите професионални должности при обезбедувањето на мирот и стабилноста на граѓаните и на виталните државни институции за време на протестите.Би сакал да истакнам дека севкупниот процес на дијалог и консултации помина во демократска атмосфера, со заштитено уставно загарантираното право на јавен собир (протест) на граѓаните. Но, не можам, а да не споменам дека во текот на овие протести, за жал, беа повредени 54 полициски службеници, од кои 11 потешко, а 2 со сериозни повреди и сето ова во период од 9 дена протестирање.Притоа би потсетил и на фактот дека за време на протестите од страна на полицијата не беа употребени ни пиротехнички, ниту хемиски средства за разбивање на толпата, а на мое огромно задоволство не е повреден ниту еден граѓанин.Морам да истакнам дека не е добро ниту еден полициски службеник да биде повреден и затоа беше од огромна важност организаторите на протестите да се однесуваат одговорно. Токму затоа секојдневно апелиравме за практикување на мирен протест.Посебна благодарност до граѓаните кои покажаа свесност и зрелост да разберат дека одговорноста е заедничка и не дозволија да потпаднат под нечии сценарија за остварување на политички цели.МВР останува во служба на граѓаните!

Македонија | пред 3 години

290722913_2544451892357333_1083916361428164284_n

Никој не гласаше против францускиот предлог, а мнозинството си го изгласа со 68 гласа „за“

Со 68 гласа „за“ Собранието ги усвои заклучоците по информацијата за францускиот предлог и ја задолжи Владата да го продолжи процесот и да ја усвои преговарачката рамка.Пред гласањето пратениците од ВМРО – ДПМНЕ ја напуштија салата откако три дена нивните пратеници од говорницата бараа да се гласа против францускиот предлог.Пратениците од СДСМ и коалицијата откако претседателот на Собранието Талат Џафери соопшти дека заклучоците се усвоени со 68 гласа „за“ , резултатот го поздравија со аплауз и ги развеаја македонското и знамето на Европската унија.

Македонија | пред 3 години

03072022_PVRSM-Kovacevski_Mickovski_sredba_1

Ковачевски: Заклучоците на Собранието го штитат македонскиот јазик и идентитет

Премиерот Димитар Ковачевски, денеска одговарајќи на новинарско прашање, рече дека заклучоците кои ги изгласа Собранието ќе бидат основата за преговорите и евроинтеграциските процеси.,,Целта на тие заклучоци е токму заштитата на македонскиот јазик и идентитет. И не само оваа Влада туку и сите наредни влади кои што ќе преговараат со ЕУ кои што ќе потпишуваат документи со ЕУ ќе треба да ги имаат пред себе заклучоците на Собранието на Република Северна Македонија. Како што преговарачката рамка која што денеска ја имаме пред нас, која што ја имаше на увид целата македонска јавност, како што ја имаа на увид сите експерти, сите медиуми, сите членови на парламентот во која што јасно е наведен македонски јазик без никакви фусноти, сите документи на ЕУ во иднина до крај, до пристапување во ЕУ ќе треба да бидат со таква дефиниција чиста на македонски јазик.Истото тоа се однесува и на мултилатералните документи кои што Република Северна Македонија ќе треба да ги потпишува, првиот кој што ќе треба да биде потпишан е договорот Фронтекст во кој што ќе треба да стои чист македонски јазик”, рече Ковачевски.

Македонија | пред 3 години

Hristijan-Mickoski-12.07.2022

Предавникот Димитар Ковачевски и антимакедонската СДСМ многу скоро ќе одговараат за велепредавство, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Предавникот Димитар Ковачевски и антимакедонската СДСМ многу скоро ќе одговараат за велепредавство“, вели ВМРО-ДПМНЕ.Тие додаваат:Она што денес го усвоија и се согласија е предавство на Македонија и македонскиот народ. Целосна бугаризација и асимилација на Македонија, ова преставува срам за целата држава.Антимакедонската СДСМ и предавникот Ковачевски наместо на страната на народот кој со денови маршираше и протестираше против овој асимилаторски предлог, се ставија на мрачната страна на историјата.Антимакедонците од СДСМ со овој штетен предлог кој си го усвоија во владата се откажаа од македонската историја, македонскиот јазик, македонската култура и македонскиот индентитет.Овие антимакедонци се предавници на македонскиот народ.Информацијата која денес ја изгласаа антимакедонците од СДСМ нема никакво значење, затоа што преговарачката рамката ја условува Владата, а тоа е промена на Уставот на државата со цел вметнување на Бугарите во Уставот. Промена на Уставот на Македонија нема да има, а тоа нема да го дозволат пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.Исто така ВМРО-ДПМНЕ ќе се залага за измена на преговарачката рамка, каде што сите спорни делови со кои се асимилира државата и македонскиот народ да бидат избришани и изоставени.ВМРО-ДПМНЕ е за преговори со ЕУ на рамноправна основа и целосно почитување на европските вредности.За многу брзо за сите предавства и погубни политики за државата и македонскиот народ од страна на антимакедонската СДСМ ќе им дојде крајот и ќе дојде ден кога сите тие ќе одговарат за штетите кои ги прават врз државата и граѓаните.Стоп за предавствата, долу за предавниците.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-07-05-202739

Во 12 пред Собрание ќе се случува народ, Левица: Последен ден на расправа е, насилнички ќе се турка

Улицата пред Собрание е блокирана, а протестите продолжуваат од 12 часот.Повик на социјалните мрежи објави Левица.Тие велат: „Денес е последниот ден од собраниската расправа, на која михајловистичката СДС и амнестираната ДУИ се обидуваат насилнички да го протуркаат ,,францускиот предлог" на ЕУ за бугаризација на Македонија“.„Како што заеднички и обединето протестиравме изминативе две недели, ве повикуваме на последниот ден, во што поголем број, во 12 часот пред Собранието на Република Македонија. Македонија е заробена од окупациона влада, која нема слух за 75% од граѓаните кои се изјаснаа против францускиот предлог.Затоа ве повикуваме во што поголем број пред Собранието - за предавничките пратеници од власта да го слушнат вашиот глас, додека внатре бесрамно ја негираат волјата на мнозинството македонски народ. Ве повикуваме за гласно НЕ против врховизмот на власта - додека квинслишките СДС и ДУИ ги бранат шовинистичките позиции на Бугарија. Ве повикуваме за гласно НЕ против бришењето на АСНОМ, за гласно НЕ против фуснота на македонскиот јазик, за гласно НЕ за ревидирани учебници под диктат на Бугарија.Конечно, хибридниот режим денес нека го слушне крикот на отпорот на народот. Се гледаме во 12:00!“, напишаа Левица.

Македонија | пред 3 години

290722913_2544451892357333_1083916361428164284_n

Џафери ја прекина седницата за францускиот предлог, откако Левица повика народ пред Собрание и предвиде дека ќе се гласа

Собранието втор ден расправа по Информацијата за содржината на Предлог преговарачката рамка за пристапните преговори на Република Северна Македонија со Европската Унија, предложена од страна на Претседателството на Франција со Советот на ЕУ на 30 јуни 2022 година.Расправата ќе продолжи утре во 11 часот.И денешната расправа се одвива на ист начин како вчерашната. За збор се пријавуваат пратениците од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и говорат против францускиот предлог, а кога ќе се пријават пратеници од СДСМ за реплика во салата има неподнослива бука предизвикана од вувузели, труби и свирки со кои пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ги попречуваат да говорат.Претседателот на Собранието, Талат Џафери ја прекина седницата за францускиот предлог, откако Левица повика народ пред Собрание и предвиде дека ќе се гласа.Пратеникот на Левица, Борислав Крмов преку социјалните мрежи ги повика граѓаните да излезат пред Собранието.„СИТЕ ПРЕД СОБРАНИЕ, СИТЕ!!!Талат шверцерот ќе ја тера седницата до крај!Цел ден се сили, го крши Деловникот, се заканува ПРСТИ ЌЕ КРШЕЛ НА ПРАТЕНИЦИТЕ!Излегувајте сите пред Собрание!!!“, напиша Крмов.

Македонија | пред 3 години

13

Итен повик: „Сите пред Собрание, сите! Излегувајте!“

Пратеникот на Левица, Борислав Крмов преку социјалните мрежи ги повика граѓаните да излезат пред Собранието.„СИТЕ ПРЕД СОБРАНИЕ, СИТЕ!!!Талат шверцерот ќе ја тера седницата до крај!Цел ден се сили, го крши Деловникот, се заканува ПРСТИ ЌЕ КРШЕЛ НА ПРАТЕНИЦИТЕ!Излегувајте сите пред Собрание!!!“, напиша Крмов.

Македонија | пред 3 години

dimitrov

„Ние Бугари нема да станеме, ама нема ни во ЕУ да се зачлениме“, вели Димитров

Земјата сепак се врти Фарса, меѓу другото, се дефинира како настан или ситуација што е апсурдна. Деновиве во Собранието се одвива токму фарса, за две суштински важни прашања за македонските граѓани - нивната европска иднина - и за Македонците - нивниот македонски идентитет и јазик, вели поранешниот министер за надворешни работи, Никола Димитров.„Собранието имено расправа за тоа дали да усвои заклучоци со што ќе ја задолжи Владата да ја усвои преговарачката рамка, но и да не преговара за историски и идентитетски прашања, што е спротивно на самата рамка и заклучоците на советот и воведната изјава на ЕУ.Апсурд!Притоа, за соседна Бугарија протоколот е најбитниот елемент од пакетот и затоа впрочем им беше поделен на пратениците кога тие расправаа за пакетот.Па Дојче Веле го објави протоколот што поминал низ нивната собраниска Комисија, најофицијален документ, не беа тоа некои спинови или полувистини.Најофицијален документ за кој расправаа бугарските пратеници, а овде де го немаат видено, де не постои, де постои ама не е потпишан, де е билатерален (Стево Пендаровски) де не е...Кај нас дрскоста оди дотаму што овој клучен документ (да повторам - што ги помина сите филтри на бугарската демократија и институции) се сведува на форма (записник од втората меѓувладина Скопје - Софија) иако неговата содржина е всушност договор за точките 5+1 (односно 4+1 по едностраната концесија на владата).Да немате дилема - од исполнувањето на задачите во протоколот ќе зависи дали воопшто ќе го отвориме првиот кластер (Фундаменти - најважниот, каде се и владеење на право и борба со корупција) и како и дали ќе се движиме напред или назад во процесот.Самиот Претседател тоа го кажа во последното интервју, каде во збирот на тези и антитези ако убаво го следевте јасно кажува дека од билатералните прашања ќе зависи напредокот.Затоа да се крие овој текст е голема измама. Како што впрочем беше измама и целото салто мортале од она историско НЕ во ова ДА, за предлог што е апсолутно суштински идентичен со одбиениот.Претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен во Собранието ни кажа убави работи. Убави, до душа малку и невешто изведени, и во најавата и денот потоа.Што е за право, целиот процес нема да зависи само од комисијата. Абер стигна и од Париз и од Берлин.Но, дури и овие убави зборови ги немаат напишано во документите. Немаме право на наивност по сите убави пораки пред референдумот за Преспанскиот договор.Тоа што е битно се документите. А во документите јасно стои дека Протоколот (овој вториов) е суштински дел од пристапниот процес, дека за неговата содржина и имплементација ќе известува самата Европска комисија и дека и од тие наоди, покрај оценките за реформите, ќе зависат следните чекори за поглавјата и кластерите.Затоа што требаше?Прво отворено да се презентира вистинската ситуација пред граѓаните и да се бара чаре за како понатаму.Со овој лош предлог.Наместо со загриженост да ги отвориме сите дупки и опасности пред нас и да зборуваме како да се обезбедиме како нација од сите опасности што неминовно ќе ни бидат на патот, дебатата се сведе на вербален линч на критичарите. Целата стручна јавност, и дома и надвор има негативен став за Предлогот.Кому помагаат лагите? Па минимум одговорност во вакви историски моменти каде се крои иднината на следните децении налага да се зборува искрено и да се впрегнат сите општествени сили во изнаоѓањето на решенија и планови - како понатаму?Знаете веќе сите дека преговорите нема вистински ниту да ги почнеме пред да го смениме Уставот. Да вметнеме Бугари, при што Бугарија на целиот глас кажува дека не го признава постоењето на македонскиот јазик, а со тоа и нашето мнозинство - македонскиот народ. Тие кои се против ова понижување утре ќе бидат прогласени за виновници што не одиме кон ЕУ.Притоа, без никакви гаранции дека нема да има нови барања (една од црвените линии што се стопи).Без никаква мотивација да заврши процесот, напротив (без уште една црвена линија - отворањето на Уставот да биде на крај).Колку подолго ќе трае пристапниот процес, толку повеќе време за етничкиот инжинеринг како нескриена амбиција на официјална Софија.Ги слушам тезите дека никој не може да ви го земе идентитетот. Тоа е точно. Но, бидејќи амбицијата на Софија сега е легитимирана и вградена во пристапниот процес, таа невозможност го прави и процесот на зачленување во ЕУ невозможен.Ние Бугари нема да станеме, ама нема ни во ЕУ да се зачлениме.Ќе биде многу тешко, можеби и невозможно да се поправи оваа историска грешка.За неколку месеци се’ ќе стане јасно и на тие на кои сега не им е докрај јасно што зборувам.Посебно ако се смени Уставот. Отворањето на првиот кластер ќе зависи од исполнувањето на задачите од протоколот.И тогаш кога од историчарите, наместо од реформите ќе ни зависи европската иднина и кога ќе имаме вечна и отровна политичка криза, нема да ни биде никаква утеха кога многумина ќе имаме легитимно право да ви посочиме: "Ама нели ви рековме".Галилеј соочен со апсурдот и бруталноста на инквизицијата кажал: "сепак се врти" - реченица што останува низ вековите да одекнува за единствената вистина дека фактите се факти и дека нив можете да ги покривате, криете, разубавувате, спинувате - ама од нив бегање нема.Белким ќе бидеме доблесни конечно да зборуваме за нив со отворени карти“, додава тој.

Коментари | пред 3 години

290722913_2544451892357333_1083916361428164284_n

Тензичната седница во Собранието каде имаше и оган ќе продолжи денеска, протекоа информации кога ќе се потпише протоколот

Денеска пратениците во Собранието ќе расправаат за францускиот предлог. Ова ќе треба да биде второ продолжение на седницата. Од 42 пратеници пријавени за збор, во Собранието се обратија пет. Седницата треба да продолжи во 11 часот. Вчера, имаше тензичен ден во Собранието, а ист таков се очекува и денеска. Постојат можности седницата да продолжи и по 18 часот, односно по работниот ден на Собранието, за да се исцрпат сите пријавени за збор.Неофицијално и непотврдено, но се шпекулира дека Владата веќе има план, односно, МНР сака да испрати свои претставници во Бугарија за да го потпишат протоколот веќе во сабота, а церемонијата може да биде и во недела.Никој не ја коментира оваа информација, но најверојатно овој план е направен со очекување дека денеска, до доцните вечерни часови, ќе заврши излагањето на пратениците.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-07-14-at-18.14.35

(ВИДЕО) Јаулески го запали францускиот предлог во Собрание: Устав ќе отвориме само за да ги вметнеме СДСМ како предавничка партија

Пратеникот Јован Јаулески од ВМРО-ДПМНЕ го запали францускиот предлог среде собраниска сала, за време на седницата. За пратениците од СДСМ рече: „Вие, гласачка машинеријо на Заев, Таче и Ахмети во Соранието на Република Македонија,сакате да ја заковате последната шајка од ковчегот на Македонија. После ова, ако го изгласате ќе бидете запишани како гробарите на Македонија“.Тој им посочи: „со Преспанскиот го ископавте гробот,а со овој француски предлог го затрупувате“.Јаулески додаде:Гласањето на овој предавнички договор значи дека потишувате бугаризација на Македонија. И ќе го изгласате овој т.н "француски предлог" кој што уште го криете, но и тоа нема да биде трајно. ВМРО нема да дозволи да се отвори Уставот и истиот да се промени! Тоа на секому да му е јасно! Ако отвориме Устав тоа е за да ве вметнеме вас СДСМ како предавничка партија и антидржавен елемент. Koга го слушав Бујар Османи дека овој "француски предлог" има реципроцитет за момент помислив дека :-ќе се вметнат македонците во бугарскиот устав и дека конечно после неколку пресуди на Европскиот суд за човекови права, конечно буарската држава ќе дозволи регистрација на ОМО ИЛИНДЕН ПИРИН,- дека на таблите на културно-историските споменици во Пиринска Македонија ќе има македонски ознаки,- дека историските читанки во Бугарија ќе се ревидиираат согласно желбите на нашите историчари,- дека ќе има санкции за ширење говор на омраза кон македонците, макар и тоа доаѓало од профашитички евопратеници како Ковачев кој Бугарија ја гледа од Црното море до Охрид,- дека ќе има репарација и рехабилитација на репресираните македонци од Пиринска Македонија во комунистичкиот режим на Бугаија, после 1948 година па се до денес.- дека ќе се отворат архивите на државната безбедност на Бугарија и дека ќе се лустрираат сите агенти кои ги кршеле основните човекови права на Македонците.Нажалост не е така, овој договор нема никаков реципроцитет. Ова е резултат на немање црвени линии, на коленичење, на влада без кичма, ова е договор кој е ултиматум и во целост ги исполнува бугарските барања.Да ве потсетам, во овој законодавен дом изгласавме Резулуција за утврдување на македонските државни позиции! Со вашето прифаќање на овој предлог ја кршите истата таа резолуција која што е обврзувачка!И немој да мислите доколку викате помош од надвор да ни држат нас говори тука, ќе успеете да не убедите дека е ова добро. Не, не е!Никогаш нема да биде добро бришење на идентитетот!Никогаш нема да биде добро бришње на нашата историја и пишување нова по теркот на Софија!Никогаш нема да биде добро оспорувањето и бришењето на македонскиот јазик!Целата ЕУ донесете ја, овој народ кој изминативе 10 дена ве поздравува ништо нема да го убеди!Што е бе добро овде?!Нема да не убедите дека има нешто добро во тоа да потпишете дека Гоце Делчев е бугарин и се борел за бугарската кауза. И не само Гоце, вие ги продавате и АСНОМците.Вие го бришете АСНОМ од Уставот и ги амнестирате бугарските фашисти кои ја окуирале Македонија и вршеле злосторства врш нашите предци, кои пратиле над 7000 Евреи во Треблинка, кои никогаш не се вратиле!Дирекните соработници на психопатот Хитлер вие ги правите ослободители!Наместо да се прифаќаат вакви понижувачки предлози, вие требаше да прогласите КРАЈ на било какви разговори за историјата, јазикот и идентитетот.Ако негоаш сакаме да влеземе во ЕУ, тоа треба веднаш да го направите !Со прифаќање на овој предлог никогаш нема да влеземе!Со ставање потпис на ваков предлог тоа е невозможно! И давате право на Бугарија да става ВЕТО кога сака и на што сака!Сакам да се обратам и до моите сограѓани Албанци од Струга, но и од цела Македонија:Почитувани сограѓани, да се заблагодарам на секојдневната поддршка која што ни ја давате, тоа е начинот на којшто досотинствено и домаќински се градат односи на соживот. Жалам што овојпат вашите политичари албанци во ова собрание одбраа да застанат спротивно на македонскиот народ и да ја загрозат довербата која што тешко и макотрпно се градеше. Ние знаеме дека политичарите не се народот. Тие се Вашите вечни непријатели иако ви се прават најголеми пријатели. 20-30 години не им требаше преговори за да крадат, да ве осиромашуваат и да ве исселуваат по западните европски земји. Од една страна ви ветуваат еворпска иднина, а од друга страна станаа милионери на вашиот грб и на сите наши другари кои секојдневно се исселуваат. Не треба преговори за да се направи канализација во Арачиново, за да има чиста вода во Тетово, за да има чист воздух во Кичево и за да има развиен туризам наместо дивограби во Струга.И немојте мене да ми кажувате како се гради соживот, јас живеам во Струга, а таму со години живееме како едно. Ве лажат дека на сметка на мојот идентитет ќе имате подобар живот. Не, нема биде да подобар! Мизеријата ја делиме заедно и ќе ја делиме и понатаму. После ова предавство ниту ќе имате канализација во Арачиново, ниту подобар живот. Ќе имаат само пајташите на Артан И ахмети, ќе ја цицаат државава а вас ке ви продаваат сон за подобар живот кој никогаш нема да го имате. Никогаш, додека гласате за овие луѓе кои децениии ве лажат!Прогледајте и дајте заедно да влеземе во ЕУ, достоинствено и чесно! Заедно да се бориме за оваа држава!А сега малку и до ЕУ:Господа ние сакаме во ЕУ, ама не сакаме вака. Не сакаме да не уценуваат, не сакаме по цена да не сме свои таму каде што ќе бидеме.Наместо нас да не убедувате тука дека црното е бело, а белото е црно, одете во фашизмот кој уште владее во нашата соседна држава и барем кажете им да ги почитуваат пресудите на Вашиот и нашиот европски суд за човекови права! Дека загарнитраните универзални човекови права на секој граѓанин неможе да бидат предмет на разговори!Поддршката на еден ваков предлог, ве прави соучесници, а кај народот во Македонија не многу омилено.Ова ви го кажувам тука од оваа говорница во најдобра намера.Огромното мнозинство од Македонци во Република Македонија не го поддржуваат овој предлог, не заради тоа што се против ЕУ, туку заради тоа што сакаат да си ги заштитат своите културни, јазични и историски карактеристики.Имаат право на тоа.Имаат право да го изберат начинот како ќе го направат тоа.Ние сме Македонци од Македонија кои говорат македонски јазик и кои имаат своја историја, традиција, културиа , обичаи и обележја!На крајот на овој циркус, една порака до сите, до ЕУ и Бугарија:Многу окупатори во минатото ја газеле оваа земја,многу војски се изживувале врз Македонците, Турците, Албанците, Ромите и сите останати кои со векови живеат тука, но ниту една војска и окупатор не успеал да не уништи. Ако мислите дека со овој потег ќе не направите послаБи, се лажете! Нпротив ќе бидеме уште посилни и ќе истраеме! Никој не победил народ!Овој народ живеел и ќе живее!Оваа земја опстоила и ќе опстои!Да живее Македонија!“.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-07-14-at-17.09.31

(ВИДЕО) Ковачевски си доби епитет „предавник“, хаос во Собрание

На денешната собраниска седница на која се разгледува информацијата и преговарачката рамка за асимилација и бугаризација на Република Македонија, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ не можејќи да го слуша говорот на Димитар Ковачевски, преку кој повторно се обидува да изнесе лаги и манипулации пред македонскиот народ, истиот го поздрави со свирежи.Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ на Ковачевски му ги покажаа и пораките од народот:Ултиматум не благодарам- Да за ЕУ, не за асимилација- Чеда на Заевизмот, го враќате фашизмот- Се бориме за нашите правдини, стои во нашата химна- Ние сме Македонци не бугари- Нема иднина без историја- Македонија не е на продажба- СДСМ предавници на народотПратениците на ВМРО-ДПМНЕ на крајот на говорот на Ковачевски извикуваа: ПРЕДАВНИК, ПРЕДАВНИК, ПРЕДАВНИК!

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања