„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

фр

13032022_PVRSM_sredba_Brnz-3

Амбасадорката убедува: Треба да донесете уште една тешка одлука

Амбасадорката на САД во Македонија, Кејт Мери Брнз преку отворено писмо се обрати до јавноста. Таа вели дека до сега Македонија донесе многу тешки одлуки со очекувања за напредок, а сега треба да се донесе уште една.Писмото ви го пренесуваме во целостВашата земја достигна историски момент во своето долго и со предизвици полно патување кон нејзината евроатлантска иднина. На вашиот пат наидовте на блокади и одложувања, и се соочивте со предизвици по однос на македонскиот јазик и идентитет, кои се суштински дел од тоа што ве прави нација. Донесовте тешки одлуки со очекувања за напредок. Сега треба да донесете уште една. Токму заради предизвиците со кои се соочивте и оние со кои може да се соочите во иднина, САД ве охрабруваат да продолжите по тој пат со сегашниот предлог за пристапување во ЕУ.Не ви треба потсетување дека низа влади и пошироката јавност две децении работеа и сеуште работат на пристапувањето кон ЕУ. Како сојузник, партнер и пријател, ние имаме реален интерес во обезбедувањето на вашата Евро-Атлантска иднина. Го одиме овој пат заедно од 2004 година, спроведувајќи програми и обезбедувајќи помош во реализирањето на вашите аспирации и за НАТО и за ЕУ. Ја остваривте првата аспирација. Сега сакаме да ве видиме како ги остварувате придобивките што произлегуваат од активниот процес на пристапување кон ЕУ и ги користите правата како земја членка на ЕУ.Пристапувањето кон ЕУ ќе ја направи вашата земја посилна. Зачленувањето во меѓународна организација, уште повеќе учеството во тие процеси, е напорна работа и бара тешки одлуки. Тоа веќе го знаете. Веќе сте носеле такви одлуки. Но прифаќањето на овој предлог значи дека конечно ќе имате место на масата за пристапни преговори. Тоа ве става во истата просторија со земјите-членки на ЕУ, од кои многу се ваши блиски партнери и сојузници. Европската комисија ќе ги прима вашите тимови во Брисел и ќе испраќа свои експерти тука на терен, за да го спроведат процесот на скрининг и самите да станат сведоци на живото демократско општество овде. Откако ќе ги започнете преговорите ќе имате повеќе алатки на располагање и, благодарение на новата методологија, ран пристап до фондовите и програмите на ЕУ, кои ќе можете да ги користите за реализација на сопствените цели и изградба на иднина каква што посакувате за себе и за вашите деца. А тогаш кога ќе бидете членка на ЕУ, ќе имате еднаков глас внатре во Унијата, исто како што сега имате во НАТО.Прашањата содржани во предлогот се технички и ви беа презентирани без многу време за јавна дебата. Разбираме дека предлогот не е таков каков што вие би го подготвиле доколку би имале можност еднострано да ги диктирате условите – но тој го признава македонскиот јазик и идентитет и ги заштитува од понатамошни предизвици. Иако можеби не е совршен, предлогот го прави она што е потребно: ги заштитува вашите клучни интереси и овозможува отпочнување преговори и динамичен процес на скрининг. Според нашето прагматично гледиште тој претставува реално најдобра можност конечно да ја придвижите вашата земја напред на патот кон ЕУ, истовремено зајакнувајќи ја вашата улога во одлучувањето за сопствената иднина.Изборот да продолжите напред е ваша одлука како суверена нација. Знаеме дека одлуката е тешка. Но одлуката ќе остане ваша и кај вас и низ целиот пристапен процес. Кога ќе сте на преговарачката маса, и кога ќе сметате дека вашите забелешки не го добиваат потребното внимание, ќе имате можност да направите различни избори. Но, треба да го направите првиот чекор за да стасате до вториот.Суштината на демократијата е слободата на избор. Суштината на пријателството е да ги поддржуваме одлуките на нашите пријатели и да повикаме на храброст во времиња на предизвици. Како ваш пријател, Соединетите Американски Држави се надеваат дека ќе го изберете најдоброто за вашата земја денес, а и за нејзината иднина.

Македонија | пред 3 години

292354995_521638209753606_6685341283554393136_n

„Утре блокади низ цела Македонија, додека храбрите пратеници се борат за одбрана на Македонија“, најави Боцевски

Веќе шести ден протестираме овде. Си го браниме нашиот идентитет, државата, културата. Лажеа дека не преговараат. Оваа рамка ја преговарал премиерот Ковачевски, Пендаровски. Ја преговарале Маричиќ и Османи. Не гледаа во очи не лажеа, го знаат документот од точка до запирка, изјави Ивица Боцевски пред Собранието на Македонија.„Вечерва сум емотивен, гледате колкава е Македонија и колку е моќна кога маршира во една колона а три знамиња, на Асномска Македонија, знамето со сонцето од Кутлеш и државното знаме.Се обидоа да не разбијат и скршат. Се сеќаваме што направија вчера, кога на нас вперија пиштоли. Сакаа крв да падне, и во црно да ја завијат Македонија. Одговорноста е кај Ковачевски, Спасовски, Османи“, додаде тој.Боцевски изјави дека нема промена на македонската историја и македонскиот јазик.„Овие кукаквици, денес имале седница на Влада, толку немаат срам и образ, ја поминале срамнава преговарачка рамка и ја доставиле до Собранието. Немале образ да кажат што мислат околу тоа. Нашата последна црвена линија е Уставот. Утре ќе имаме блокади низ целата држава со почеток во 13 часот, додека нашите храбри пратеници се борат за одбрана на Македонија“, вели Боцевски.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-07-07-201540

Тасевски: Од Македонец, Бугар не бидува

Актерот Сашо Тасевски се обрати на денешниот протест пред Собранието на Република Македонија.„Не! ЕУ изневери мак народ. Ни прати некои мажи кои сакаат да се облекуваат во фустанчиња кои самите не знаат што се, а сакаат од нас да потпишеме нешто што знаеме дека не сме.Еве им порака до нив и Бугарите, од Mакедонец, Бугар не бидува. Анте Поповски пееше: со векови бев уплашен со ножот на туѓата рака. Сега овој час сум уплашен со ножот на својата рака во своите плеќи.Таче, Заев, Маричиќ можете да потпишете секакво предавство, но тоа нема да ве направи понапредни, ниту европјани, ниту попаметни, со тоа ќе покажете дека сте продадени души“, рече Тасевски

Македонија | пред 3 години

ZPVRSM_Dimitrov_Geer_02

„Ни недостига едно смирување на топката, насилството треба да не загрижува“, вели Димитров

Ни недостига едно смирување на топката, има по некој такви повици од различни места. Ова со насилството при слободното собирање и протестирање треба да не загрижува и сите политички субјекти имаат одговорност да ја смират ситуацијата. Малку треба да се забави ова панично брзање. Ми пречи што овие широки консултации се како фингирани, вели поранешниот шеф на македонската дипломатија, Никола Димитров.Според него, недостига клучен дел во пакетот – билатералниот протокол.-Не бев на протестите, се мислев. Имав повици од граѓани преку социјалните мрежи да повикам. Размислував за протести пред Европската делегација со македонското знаме и знамето на ЕУ, на некој начин повик кон ЕУ и потсетник за сопствените вредности. Мотото на ЕУ е обединети во различностите. Тоа е дел од темелните договори, рече Димитров во емисијата „Само интервју“.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-07-07-192759

Нема да можат да ги внесат Бугарите во Уставот, посочи Мицкоски и гарантира дека власта нема 80 пратеници

Немаат 80 пратеници за да ги внесат Бугарите во Уставот. Ова е ставот на Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ. Тој смета дури и да го прифатат францускиот предлог, нема да може да ги исполнат ветувањата кои ги дале кон ЕУ.„Продолжуваме протестите со големо народно ‘не’ на дипломатскиот нокаут кој го добивме. Повторно десетици илјадни луѓе излегуваат и протестираат против ова што се подготвува. Тоа претставува чест и обврска. Ја добивме информацијата, преговарачката рамка и оној втор документ кој се заклучоци на Советот на ЕУ, да се пренесе во Собранието. Не знаеме зошто, зошто Владата носи одлука. Владата нема да поддржи уставни измени, што и да се случува со ова национално предавство. Бидете сигурни дека тие немаат 80 пратеници“, кажа Мицкоски.За протестите кажа дека се знаат сценаристите на насилните протести.„Овој народ знае дека силата е во масовноста, не во насилството. Насилството е предавство на вредностите во кои веруваме, а тоа е мирен и демократски начин на изразување незадоволство на ова што го подготвува ненародната власт. Сакам да порачаме големо ‘не’ на насилниците кои се обидуваат да го контаминираат овој протестот“, додаде тој.

Македонија | пред 3 години

46

Масовно и мирно, протестите продолжуваат и вечерва

„Власта на СДСМ и ДУИ ја силуваат волјата на граѓаните и свесно сценираат инциденти. Еднаш тоа го прават преку уфрлени провокатори на протестите, друг пат преку вооружени инциденти за кои полицијата не реагира“, смета ВМРО-ДПМНЕ.Тие додаваат:Целта е јасна. Да го заплашат и одвратат народот од гласното и масовно противење на нивната анационална политика. Впрочем сценариото на власта се гледа во изјавите на Бујар Османи, Оливер Спасовски и Димитар Ковачевски кои најавуваат меѓуетнички тензии и даваат милитантни контексти. Но тоа не им поминува. Прочитани се. На народот му е јасно дека криминогената власт само заради фотелји и функции е спремна на се.Народот масовно, достоинствено и гласно кажува НЕ на уцените, ултиматумите и асимилацијата која власта на СДСМ и ДУИ сака да им ги наметне. Оваа власт колку повеќе го притиска својот народ, толку помасовни се протестите “Ултиматум, НЕ благодарам“. ВМРО-ДПМНЕ ги поддржуваа овие сенародни протести и затоа повикува и денес уште помасовно, помотивирано и мирно и достоинствено да го дигне својот глас против понижувањата и асимилацијата која оваа власт е спремна да ја направи.Затоа ги повикуваме граѓаните и денес во 19 часот уште помасовно да се приклучат на сенародниот протест, да не потпаѓаат на провокациите на власта, да се упатат од платото на Владата, преку министерството за правда кое Уставот го направи желботека, до Собранието и таму да го кажат гласно Ултиматум, НЕ БЛАГОДАРАМ.

Скопје | пред 3 години

17012022_VRSM_1vaSednica-1

Францускиот предлог отиде во Собранието

Владата на Република Северна Македонија, на денешната 59-та седница, ја разгледа информацијата од Министерството за надворешни работи, за предлог-преговарачката рамка за Република Северна Македонија со ЕУ, претставена од Француското претседателство со Европската Унија.На седницата, Владата одлучи предлог-преговарачката рамка да ја проследи до Собранието на Република Северна Македонија на разгледување и донесување понатамошни заклучоци, согласно процедурите на Собранието на Република Северна Македонија.

Македонија | пред 3 години

50

„Се што правеше/прави МВР е да се уништат протестите, вечер уште помасовно“, вели Димовски

По вчерашниот протест на социјалните мрежи се огласи пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски кој вели дека ако МВР имале информации за групи кои сакале со насилство да учествуваат, зошто не ги стопирале.„Ако МВР имаше/има информации за групи кои сакаат со насилство да учествуваат во протести, зошто не ги стопираше/стопира?На тој начин МВР ќе им обезбедеше/обезбеди на илјадници граѓани мирно, достоинствено и искрено учество во протестите (што е уставно право) против политиката на Владата за прифаќање на катастрофалниот предлог...Ама не, се што правеше/прави МВР е да се уништат протестите...Провидно...Вечер уште повеќе, уште помасовно и достоинствено...“, вели Димовски

Македонија | пред 3 години

najcevska

„Мишел не ја дава гаранцијата на ЕУ, нам ни вели, жими мајка“, вели Најчевска

Професорката Мирјана Најчевска се огласи на социјалните мрежи, каде вели дека треба политичка казна за оние кои учествувале во изработката и кои го потпишале квазидоговорот со БугаријаОбјавата ви ја пренесуваме во целостПоследна линија на елементарно достоинство треба да биде:-прифаќање на рамката со отфрлање на членот за јазикот и со отфрлање на спомнувањето конкретни билатерални договори- политичка казна за оние кои учествувале во изработката и кои го потпишале квазидоговорот со БугаријаМишел не ја дава гаранцијата на ЕУ.Гаранцијата се дава писмено во рамка, а тоа го нема за Македонија а го има за Бугарија.Мишел нам ни вели, жими мајка.И да не заборавам, ВМРО-ДПМНЕ не е партија која има било каков капацитет да ја внесе Македонија во ЕУ. СДСМ со овој и ваков состав нема интелектуален капацитет да не внесе во ЕУ. А ДУИ има капацитет да не внесе во криминалното подземје на ЕУ во секој момент.

Македонија | пред 3 години

3

„Финтата со странски гости и пораки пак ни ја сервираа“, вели Мицковски

Дебата исфингираа. Финтата со странски гости и пораки пак ни ја сервираа, вели новинарот Ивор Мицковски.„Сите платеници, сите што вадат леб од јавни и владини пари ги истопорија да го бранат неодбранливото.Протоколот не го објавија, моравме од бугарски извори да го читаме.Сите странски експертски мислења ги игнорираат.Сите домашни експертски и критички мислења ги игнорираат.Наместо да делуваат превентивно против насилниците, политички си играат со насилството за сите да ги стават во иста корпа и да испаднат жртви.Нивните ботови и платеници исповреѓаа се што можеше да се исповреѓа граѓанско.Но, пак останува најболниот факт, против вистината и аргументите, против европските вредности и нашите национални интереси, исполажаа, искреираа, договорија и ветија на странци дека ќе потпишат далекусежно штетен документ и ќе прифатат преговори каде се внесени бугарските барања и погледи на штета на нашите.И кога нема да успеаат да го променат Уставот со 2/3 мнозинство, виновни ќе испаднеме ние, а не Бугарите.Промашија се што може да се промаши“, додава тој.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-07-06-at-00.51.17

Левица објави видео од провокаторите на протестот

Политичката партија Левица на социјалните мрежи објави видео на кое како што вели се гледа како неколку лица ја провоцираат полицијата.„На оваа снимка, која беше објавена на социјалните мрежи, се гледа како неколку лица кои континуирано провоцираат до полицијата - истата ги одминува штом тргне со апсење кон толпата!Доколку Ковачевски и Спасовски имаа информации дека ќе има немили настани уште во текот на самиот ден, зошто не презедоа превентивни активности за да ги заштитат граѓаните и полицајците“, вели Левица.

Македонија | пред 3 години

47

(ВИДЕО) Како изгледа Собранието по вчерашните протести

Претседателот на Собранието, Талат Џафери денеска на својот Фејсбук профил објави видеа од состојбата на Собранието по вчерашните протести.„Последиците од синоќешното дивеење пред Собранието. Признавам и поддржувам сечие право на протест, на искажување став. Постојано и силно осудувам хулиганство, насилство, поттикнување на омраза, зашто тие не се решение“, вели Џафери.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-07-04-at-19.13.14

И денес продолжуваат протестите против францускиот предлог

Продолжуваат протестите против францускиот предлог за решавање на спортот со Бугарија и за почеток на преговори со Европската унија.„Ултиматум – НЕ благодарам“ повика на „мирен и достоинствен“ протест кој ќе почне пред Владата па преку МНР ќе заврши пред Собранието.– Да кажеме не на бугаразицијата. Не за полициските инфилтрати и не за полициското насилство. Да излеземе масовно и достоинствено се вели во повикот.Вчера на четвртиот ден од протестите ситуацијата ескалираше, a по индицентот МВР соопшти дека се повредени 47 полицајци, двајца потешко, приведени се 11 лица.

Македонија | пред 3 години

vesna

„Велат не се секирајте 'бетониран е јазикот', па од бетон глава не кренавме“, вели Весна Бејби

Актерката Весна Петрушевска се огласи на социјалните мрежи откако вчера присуствуваше на протестот против францускиот предлог.-Вечерва излегов на протест за да ви кажам дека македонскот јазик е тврдина, идентитетот е нешто за кое не се преговара. Ова е наша работа за сите нас. Цел живот ни помина во уцени, притисоци и закани. Зошто да потклекнеме и да дозволиме да ни менуваат историја, култура…велат не се секирајте”бетониран е јазикот”. Па од бетон глава не кренавме! Сакаме да сме асимилирани, денационализирани и без историја? Да сме гости на сопствениот живот? Беше радикално вечерва и не поддржувам насилство, но народот е бесен и гневен. Жално и тажно за сите нас во што ни помина животот?, пишува Петрушевска на Фејсбук.Таа вчера имаше и обраќање на кое истакна дека општествена одговорност е секој културен работник, актер, музичар да дојде и да говори дека имаме само еден јазик, а тоа е македонскиот.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-07-06-085322

„Ова дете е маченик на нацијата, нож до коска е, не може да биде полошо“, вели Богојески

За честа се умира!!! Овој млад човек, ова сеуште дете е веќе МАЧЕНИК НА НАЦИЈАТА“, вели Петар Богојески, поранешниот заменик- генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.„Тој се бори за честа на Македонија! Младите секогаш ги носат промените! Како што тврдев дека младите од шарените се борат за слободата, така тврдам дека денес младите се борат за честа!Ова е битка за Македонија! Протестите се со цел да се одбрани честа на Македонија, а не за нечии лични политички кариери!Мораме сите заедно да му ветиме на Оливер Обиџуко дека за кратко ќе и прави друштво на Гоца Брк во Идризово!Нема разлика помеѓу убиеното дете Мартин Нешковски и ова младо дете, чие име сеуште не го знаеме!Политиката на страна! Партиите на страна! Народот да се крене! Нож до коска е! Не може да биде полошо!Почитувани граѓани, Скопје се бори веќе петти ден...Каде сте другите Македонци?!? Каде сте Албанците во Тетово, Струга, Кичево да се кренете? Та нели Македонија е заедничка мајка на сите нас? Нели за граѓанска држава се бориме на сите граѓани?Ајде сите граѓани заедно да ја одбраниме честа и европската иднина на МакедонијаМожеме поинаку во ЕУ!#можемепоинаку“, вели Богојески.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања