„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

фр

KOVACEVSKI-PROTEST

Ковачевски до потпалувачите на протестите: Не манипулирајте и не злоупотребувајте млади луѓе за да ги задоволите вашите политички апетити

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски ги осуди нападите врз полицијата истакнувајќи дека иако протестите се демократско право насилството не може да се оправда со ништо.,,Тоа што синоќа се случи пред Собранието не е вистинското лице на европска Република Северна Македонија, земја членка на НАТО. Протестите се демократско право на секој граѓанин, но насилството не може да се оправда со ништо.Најостро го осудувам нападот врз полицијата која синоќа беше на висина на својата задача, професионално штитејќи ги граѓаните и државните институции.Насилството и омразата не се, и не може да бидат решение на ниту еден проблем. На потпалувачите на протестите ќе им порачам - не манипулирајте и не злоупотребувајте млади луѓе за да ги задоволите вашите политички апетити. Вашето сценарио синоќа резултираше со над 40 повредени полицајци и над десетина приведени. 27 април нема да се повтори”, е наведено во ФБ статусот на премиерот Ковачевски.

Македонија | пред 3 години

sobranie

Францускиот предлог оди во Собрание.

Францускиот предлог оди во Собрание.Премиерот Димитар Ковачевски порача дека Собранието ќе донесе одлука дали земјата ќе ги отпочне преговорите со ЕУ. Опозицијата најавува работни групи кои ќе треба да работат на спорните делови од текстот.ВМРО-ДПМНЕ најавува дека ќе се формираат работни групи кои ќе работат на предлог-забелешките на преговарачката рамка со ЕУ. Се предлага во тие работни групи меѓу политичките партии да бидат по двајца преставници од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, по еден од ДУИ и Алијанса за Албанците и уште еден од помалите парламентарни политички партии. Првата средба се очекува да се случи денес.Граѓани четири ден по ред протестираат против францускиот предлог.

Македонија | пред 3 години

MFA_8353

„Владата мора да забави и да ги слушне граѓаните, или ќе имаме раскарана, поделена, нестабилна држава“, вели Димитров

За било какво насилство нема оправдување. Протестите треба да бидат европска критика, а не да се киднапираат од деструктивни центри, вели поранешниот министер за надворешни работи Никола Димитров.„Истовремено, владата мора да забави и да ги слушне граѓаните.Чекорот назад е чекор напред. Инаку и оние кои ја бранат Македонија и оние кои ја бранат европската иднина, што секако се целосно компатибилни цели, ќе бидат губитници.Неопходно е обновување на дијалогот, но предуслов за тоа е запирање, повлекување наназад и опсервација со ладна глава. Нам сега ни треба време за да не се удриме во ѕид. Нужен е процес на широки консултации, реален и суштински, без брзање и паника.Пред граѓаните треба искрено да се образложи состојбата, можните опции и нивните последици. Потоа преку дијалог, дебата и мудрост да се изнајде решение кое ќе биде засновано врз сеопфатна стратегија. Само одлука постигната на ваков начин, каква и да е, ќе биде прифатена како легитимна.Субјект кој ќе понуди платформа за ваков пристап, ќе демонстрира врвна државничка мудрост. Само така народот ќе застане зад решението.Вака како што е сега е погубно за сите. Се создава лажна дихотомија и наратив на ,,се' или ништо'' и ,,сега или никогаш'' со што се продлабочува веќе постоечката поларизација. На крајот сите ќе бидеме губитници - наместо силна држава во ЕУ, ќе имаме раскарана, поделена, нестабилна држава која и да ги исполни новокомпонираните критериуми за “добрососедство”, ако воопшто дојде дотаму, ќе падне на испитот за демократско владеење и стабилност на институциите.Никогаш не е доцна. Во крајна линија, тоа дополнително време и ангажман ни го должат и од ЕУ, после 17 години чекање. Оти вака, после овие посети на Скопје, ќе прогласат набрзина успех и ќе не’ заборават, ама кога ќе дојде работата во безизлез и плачки, ќе ја криват Македонија.Можеби пак ако имаме време ќе најдеме сите заедно и креативни решенија што ќе бидат добри. На пример, зошто да не пробаме да обезбедиме унилатерални декларации од сите 26 земји членки (без Бугарија) со кое го прифаќаат нашето неприкосновено право на самоопределување/самоизјаснување и неговиот израз - македонскиот јазик? Можеби Софија ќе размисли дали вреди нивната негаторска изјава во вакви околности … Можеби ќе разбере дека со таа навреда нема никогаш да бидеме вистински пријатели?“, додава Димитро

Македонија | пред 3 години

34123412341234123

Ковачевски најави хаос на протестите вечерва, Левица излезе со предупредување за вклучување на провокатори

Премиерот Димитар Ковачевски посочи дека денеска се подготвува нешто што не доликува на земја членка на НАТО за време на протестот коj и денеска е од 19 часот пред Владата. Тој кажа дека овие информации ги добил од МВР. Не кажа дали протестите влијаат на одлуката која треба да ја донесе Владата, дали ќе го прифати францускиот предлог или истиот ќе биде одбиен.„Ние сме демократско општество, каде секогаш и во секоја прилика, секој граѓанин може да го изрази својот став. Тоа треба да биде во рамки на законите. Се надевам дека ќе биде во рамки на законите. Вчера имавме четири повредени полицајци. Денес се планира нешто што не доликува на држава членка на НАТО“, кажа Ковачевски.Од Левица пак посочија дека власта планира да вклучи провокатори во протестите.„Откако вчера квислиншката власт се соочи со искрениот револт на народот, сега се обидува со перфидни методи да даде друга димензија на протестите - во нивниот препознатлив манипулативен и спинувачки стил. Благодарение на совесни вработени во службите, до нас пристигна информации дека власта има сериозни намери да вклучи провокатори во протестите. Се со цел да предизвикаат сериозни нарушувања на јавниот ред и мир за да ги оправдаат нивните полициско-репресивни активности и да се обесхрабри македонскиот народ да дојде да го изрази правото на протест против националните предавства. Ваквите методи на делување не се воопшто за изненадувањ кога станува збор за тоталитарен и хибриден режим. Нашите членови во ниту еден момент не ја загрозија безбедноста на полициските службеници вчера, ниту пак фрлаа со тврди предмети - а така ќе биде и на денешниот протест. Потенцираме дека членовите на Левица не носат фантомки, а секое лице кое во таква форма ќе биде забележано ќе биде изолирано и нема да му се даде поддршка во неговите активности.“

Македонија | пред 3 години

132412341234

(ВИДЕО) Новинарка го остави Милеш без зборови само со едно прашање

Новинарката Ана Антевска од СДК на претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел му го постави најсушстественото прашање кое треба да го одговори Европската Унија. За нејзиниот чекор, доби поддршка од граѓаните и новинарската фела.„Господине Мишел зошто Европската Унија застана зад примитивните барања на Бугарија која тврди дека не постои македонски јазик и македонска нација, додека во Европската Унија, граѓаните сами можат да се изјаснат кој род се, машки или женски?“, праша Антевска.Но конкретен одговор не доби.„Со сета моја почит можам да го повторам она што претходно го кажав. Јасно ја искажав поентата. Секогаш ги бранам легитимините права на Македонците...“, зборуваше Милеш. Толку.Дами и господа, Ana Antevska.Posted by Kristijan Landov on Tuesday, July 5, 2022

Македонија | пред 3 години

DSC_0593

Сограѓани, патриоти, Македонци - протестите за одбрана на македонскиот идентитет продолжуваат секој ден во седум, порача Левица

Левица денес излегува веќе четврти ден на протести. Тие велат дека се борат против негаторската европска и пробугарска политика кон македонскиот идентитет.Во нивното соопштение стои:Револтот од нивниот игнорантскиот однос кон македонскиот народ сѐ повеќе расте! Народот врие и тоа го покажа вчерашниот протест, со пробивање на оградата пред Владата, сѐ до самата порта на влезот. Народот сака да биде ислушан и послушан, бидејќи се работи за Македонија!Денес од Владата изјавија дека „нема да брзаат со усвојување на документот“, бидејќи наводно консултациите сѐ уште траат и не се исцрпени - иако првичните информации беа дека денес (вторник) ќе биде усвоен од Владата. Ова успорување на текот на настаните е директен резултат на автентичниот народен Отпор на улиците, секојдневно изминативе денови. Но Отпорот мора да продолжи, не смее да го дозволиме обезличувањето на македонскиот идентитет и јазик!Овие се нашите денови. Ова е товарот на нашата генерација. Ова е аманетот на нашите предци!Дојдете и денес, дојдете заедно да го издржиме товарот кој Историјата одбрала ние да го носиме, а потоа гордо да се кренеме, да ја исправиме главата горе и порачаме: НИЕ ДРУГА ТАТКОВИНА НЕМАМЕ!Драги сограѓани, Ние заедно ја пишуваме историјата. Дали ќе нѐ паметат како херои на нашето време или предавници кои ги предале коските на славните илинденци и асномци, од нас зависи! Нема повеќе оправдувања!Во 19:00 часот повторно се гледаме пред Влада - па до Министерството на Бујар Османи!

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Очекувањата се Владата да се вразуми и да го послуша народот, вели Ковачки

Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ од пред Владата кажа дека понижување и пораз е францускиот предлог. Тој очекува Владата да се вразуми и да го послуша народот, кој според Ковачки, е да се отфрли предлогот.„Предлогот кој Ковачевски го прифаќа е неприфатлив за Македонија. Овој предлог е штетен за Македонија, води кон две сценарија. Едното е вечно преговарање, другото е асимилација. Рамката содржи протоколи односно годишни извештаи во кои Бугарија ќе влијае за менување на исторски факти, учебници, прашања од македонскиот идентитет“, посочи Ковачки.Ковачки повика Ковачевски да ги прифати и четирите точки кои се спорни за ВМРО-ДПМНЕ да ги измени. Протестите продолжуваат во 19 часот.

Македонија | пред 3 години

Foto-2-1

Пендаровски откри што разговарал со Шарл Мишел

Претседателот Стево Пендаровски денеска оствари средба со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, кој престојува во еднодневна посета на Република Северна Македонија.На средбата се разговараше за актуелните политички случувања во Северна Македонија, за предизвиците во однос на европските перспективи на земјава и за предлогот на ЕУ за почеток на пристапните преговори со Европската Унија.Претседателот Пендаровски ја поздрави посетата на Мишел, карактеризирајќи ја како показател за посветеноста на Европската Унија и информираше за текот на широкиот консултативен процес кој се води во однос на францускиот предлог, како и за атмосферата во нашето општество по тоа прашање.Двајцата претседатели се согласија дека прифаќањето на францускиот предлог ќе овозможи отворање на првата фаза од пристапните преговори, со што фактички ќе се одблокира ЕУ интеграцијата на нашата земја. Покрај ова, отворањето на првата фаза ќе претставува натамошен поттик за напредокот и просперитетот на Северна Македонија, но ќе има позитивно влијание и врз севкупните состојби на Западен Балкан.Соговорниците разменија мислења во контекст на загриженоста која постои кај граѓаните во однос на идентитетските прашања, за што претседателот Пендаровски потенцираше дека македонскиот јазик и идентитет мора да бидат почитувани и гарантирани од страна на ЕУ.

Македонија | пред 3 години

vasdfasdfgasd

Апасиев: Види вака Бугар Османи, пред да се уфимуеш со „меѓуаетнички тензии“ прочитај малку историја за твојот народ

Пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев му се обрати на министерот за надворешни работи, Бујар Османи. Тој наместо Бујар, го нарекува Бугар.Ставот на Апасиев во целост:Види вака БУГАР ОСМАНИ... Пред да се уфилмуеш со „меѓуетнички тензии“, како некоја испукана петарда, прочитај малку историја на твојот народ. Ниеден чесен и честит Албанец кој живее од својот труд не го поддржува ова што вие - терористите од Влада - и го правите на Македонија! Еве, читај балисту, како мојот и твојот народ граделе СОЖИВОТ за време на Војната под бугарска чизма:🗣 Во 1942, бугарски фашистички окупатори го напаѓаат планинското село Долно Јаболчиште - велешко (населено со етнички АЛБАНЦИ). Многубројни војници, контрачети и окупаторски колаборационисти, придружени од тајни агенти и полицајци, влегуваат во селото. Насила ги извлекуваат селаните од нивните куќи, на сред село. Откако се најале, ги построиле и ги натерале да играат оро. Ги тепаат по нозете со суровици, прашувајќи ги каде се партизаните од Велешкиот партизански одред (во најголем број МАКЕДОНЦИ) и кои се нивните локални симпатизери? Иако селаните тоа го знаеле, никој не проговорил!Тогаш, фашистите почнуваат со мачење и убивање... Вкупниот биланс од дивеењето на овие ѕверови е 11 убиени селани и многумина осакатени, а целото село било физички малтретирано и понижувано. Но, никој од нашите сограѓани Албанци од Долно Јаболчиште не ги предаде партизаните! Никој не кажа каде се кријат, ниту кои се нивните јатаци.p.s. Извршеното ѕверство не ги одврати тамошните селани од поддршката за НОВ. Повеќемина се вклучиле и во партизанските одреди, а барем четворица младинци-Албанци од ова село загинале како партизани, во борбите против балистичките и останатите непријателски сили.

Коментари | пред 3 години

Protest-vtornik

Објавена агендата за денешниот протест: Од Влада до Собрание

Денеска 05.07.2022 (вторник) со почеток од 19:00 часот пред Владата на Република Македонија граѓаните повторно ќе излезат на протест „Ултиматум – НЕ благодарам“ .Протестот ќе започне во 19:00 пред Владата, а потоа ќе продолжи преку Министерството за надворешни работи до Собрание на Република Македонија.Граѓаните и денеска масовно ќе се спротивстават на понижувачкиот предлог за Македонија со кој се прифаќаат сите бугарските услови.

Македонија | пред 3 години

Iliaja-dimovski

Од кого тоа добивте "чист" македонски јазик? Чиј беше до сега па сега да го добиете?, прашува Димовски

Експратеникот Илија Димовски ја прашува Владата: „Од кого тоа добивте "чист" македонски јазик?“.Тој бара одговор и на други прашања:Чиј беше до сега па сега да го добиете?Зар до сега не беше заведен во ООН како државен официјален јазик на Република Македонија?Зар го немаме во Уставот?Како вчера беше кога зборувавте дека со "Преспа" сте добиле гаранции за јазикот?Тогаш лажевте?Сега лажете?Или појасно, престанете бе да лажете....И да, кој тоа ви даде право, дали Собрание, дали народ на референдум или кој друг, воопшто да се пазарите и за јазик и за идентитет и за историја?

Македонија | пред 3 години

MFA_8353

Не се оспорува само македонскиот туку и европскиот идентитет, анализира Димитров

„Европското знаме е симбол на ЕУ, но и на идентитетот и единството на Европа. Златните ѕвезди ги претставуваат идеалите на единството, солидарниста и хармонијата меѓу европските народи. Вкупно се 12, број што симболизира совршеност, севкупност“, пишува ексминистерот за надворешни работи Никола Димитров.Тој додава:„Дизјанот во 1955 го употребува прво Советот на Европа, организација што ги брани човековите права, а во 1985 станува знаме на ЕУ, тогаш Европските Заедници. Мотото на ЕУ (од 2000 година) е “Обединети во разноликоста” означува како Европјаните се здружиле во ЕУ, во името на мирот и просперитетот, истовремено збогатени со различните култури, традиции и јазици на континетот. Во членот 2 на Лисабонскиот договор и во членот 22 на Повелбата на фундаменталните права на ЕУ, Унијата се обврзува дека “ќе ја почитува богатата културна и јазична разноликост, и ќе го штити и унапредува културното наследство на Европа.”Зошто го пишувам ова?Затоа што македонските граѓани токму со знамето на ЕУ во рака треба да ја потсетуваат Унијата за сопствените принципи и вредности. Бидејќи со толерирањето на примитивниот повик на една земја членка дека “ништо во пристапниот процес на Северна Македонија кон ЕУ не може да се толкува како признавање на постоењето на “македонскиот јазик” од страна на Бугарија”, таа го оспорува не само македонскиот, туку и европскиот идентитет.Македонското државно знаме во една, европското знаме во друга рака“.

Македонија | пред 3 години

maricic-1

Нашата цел беше да го заштитиме македонскиот јазик, посочува Маричиќ

„Нашата цел во овој процес беше да го заштитиме статусот на македонскиот јазик во рамките на Европската Унија, а не беше да ја убедиме Бугарија да го промени својот став. Целта беше да нема влијание тој став на ставот на Европската Унија“, рече вицепремиерот Маричиќ на вчерашниот брифинг со уредници на Националната радио телевизија.Вицепремиерот Маричиќ посочи дека е направена добра анализа и не случајно ниту пак наивно го претставуваат овој предлог и истакна дека се земени искуствата и од многу држави членки на ЕУ за нашите позиции, кои потоа биле користени во текот на разговорите со Бугарија за да се дојде до едно компромисно решение.Во овој контекст вицепремиерот Маричиќ се надоврза на искуството на Ирска кое го кажа министерот за Европа, Томас Бирн, на заедничката прес-конференција на која беа испратени многу отворени и јасни пораки дека ова е моментот и ова е предлогот на кој треба да му се даде шанса.„Особено имаше емотивен говор, по мене, министерот за европски прашања на Ирска којшто кажа дека Ирска требало да отстапи од територијални претензии кон Британија за да се зачлени во ЕУ, дека имале 10 годишна блокада од Франција во тоа време, дека навистина како народ кој бил долго време негиран од своите соседи сочувствуваат со нас, но неговиот заклучок беше нашиот идентитет процвета од кога влеговме во ЕУ“, рече Маричиќ.Како што посочи вицепремиерот Маричиќ, ирскиот министер објасни и направи јасна споредба дека денес го користат и ирскиот јазик и англискиот јазик и дека Ирска економски и културно и идентитетски се развила од кога е во ЕУ и од држава од која сите сакаа да се иселат пред 50 години кога станале членки на ЕУ, денес е држава во која луѓето сакаат да се доселат и сакаат да живеат и работат само заради ЕУ.Вицепремиерот Маричиќ потенцираше дека овие лекции треба да ги препознаеме моментите кога треба да ја искористиме шансата, и затоа е важно да се навлезе во суштината на овој предлог, рече Маричиќ.

Македонија | пред 3 години

misoski-vlada

Мисовски мислеше и смисли, НСДП го прифати предлогот на Франција

Имајќи го во предвид политичкиот моментум во кој се наоѓа Република Северна Македонија, исправена пред стратешки предизвици од кои зависи иднината и правецот во кој ќе се движи државата, Извршниот одбор на НСДП, ставајќи го државниот интерес во преден план, одлучи да го прифати компромисниот „Предлог на Француското претседателство“ за решавање на спорот со Република Бугарија и отпочнување на преговорите со Европската Унија објавија од партијата.Соопштението на НСД во продолжение ви го пренесуваме во целост:Овој компромисен предлог е во рамките на Договорот за пријателство, добрососедство, и соработка помеѓу Република Македонија и Република Бугарија од август 2017 година и Резолуцијата за утврдување на македонските државни позиции во контекст на блокадите на европските интеграции од јули 2021 година.Со овој предлог македонскиот јазик како најбитен идентитетски белег станува рамноправен јазик во Европската Унија и целокупната правна документација на Европската Унија ќе биде преведена на кодифицираниот македонски јазик и македонскиот јазик ќе биде еден од службените јазици на Европската Унија.НСДП при градењето на ставот особено го почитуваше ставот на научната и стручна јавност, како на Советот за македонски јазик (СМЈ), кој го донел следниот заклучок: “Точките поврзани со статусот на македонскиот јазик покажуваат дека самостојноста и оригиналноста на македонскиот јазик се испочитувани и дека македонскиот јазик станува еден од официјалните јазици во Европската Унија.“.Утврдувањето на конечниот став по финалниот „Француски предлог“ за решавање на спорот со Република Бугарија, НСДП студиозно и аналитично го разгледа и донесе одлука во интерес на иднината, во интерес на демократскиот и економски развој на државата, во интерес на меѓународното етаблирање и геостратешко позиционирање на државата.Затоа повторно ги повикуваме на државничко однесување сите политички и општествени чинители кои треба да се изјаснат по овој предлог.НСДП бара Владата на Република Северна Македонија храбро да истапи и да го прифати „Предлогот на Француското претседателство со Европската Унија“ и истиот да го достави на разгледување во Собранието на Република Северна Македонија заради негово потврдување и донесување на обврзувачки заклучоци за неговата имплементација која мора да биде во рамките на Резолуцијата донесена во јули 2021 година.

Македонија | пред 3 години

51826954785_8561cc25fc_c

Маричиќ и Османи: Сите четири забелешки на ВМРО-ДПМНЕ се веќе инкорпорирани во предлогот

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ и министерот за надворешни работи Бујар Османи во синоќешното гостување на Националната телевизија истакнаа дека сите четири забелешки на ВМРО-ДПМНЕ се веќе инкорпорирани во предлогот.Министерот Османи истакна дека е добро што почнавме да ја рационализираме дебатата и да зборуваме за конкретни забелешки.„До пред некој ден се зборуваше со емоции, што е можеби легитимно и не треба да критикуваме. Јас ги видов овие четири забелешки и можам да кажам дека ако навистина овие се забелешките треба да се прифати тој предлог затоа што сите тие забелешки се инкорпорирани во тој предлог. Преговарачката рамка со утврден македонски јазик, со затворен македонски јазик се усвојува веднаш сега, откако ние ќе кажеме да, на пакетот. Штом се затвори тоа прашање, најважното се затвора. Ние можеме истиот ден ако сме спремни тоа логистички да го организираме, да се одржува првата меѓувладина конференција, се чита изјавата и почнува веднаш скринингот. На овој начин веднаш почнува да се мобилизира целата администрација, со експерти од Брисел кои веднаш почнуваат да прават проценки“, рече Османи.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања