„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

фр

kovacevski-makron

Едноставно објаснето: Во францускиот предлог има провиден обид да сокрие важни детали

На 23 јуни премиерот Ковачевски во Брисел го кажа историското „не“ на тогашниот (необјавен) француски предлог, наведувајќи пет црвени линии.По точно една седмица, објавен е „компромисниот француски предлог“ за кој Владата најави позитивен став. На вчерашните конференции за печатот и изјавите на премиерот, министерот за надворешни работи и вицепремиерот за европски интеграции изнесоа неколку тези во прилог на „да“. Што се смени во оваа една седмица?Да појасниме: новиот француски предлог се состои од пакет од три документи:предлог на заклучоци на Советот на ЕУ за општи работи;заеднички став на ЕУ за политичкиот состанок на Меѓувладината конференција за пристапување на Северна Македонија во Европската унија;општ став на ЕУ за Министерскиот состанок на Меѓувладината конференција со која се окончува отворањето на преговорите за пристапување на Северна Македонија во Европската Унија.Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено). Најголемата, но сепак целосно формална промена е направена со механичката поделба на првата меѓувладина конференција на две дела – политички состанок и министерски состанок – а двете заедно ја сочинуваат „фазата на отворање на преговорите“ (предлог заклучоците на Советот).Накусо се осврнуваме на тезите презентирани од македонските официјални претставници во однос на новиот односно „модифицираниот“ предлог.„Преговорите (не) се отвораат веднаш“Преговорите се отвораат по министерската конференција и по измената на Уставот, со што е задоволено бугарското барање. Политичкиот состанок е измислен како увертура за Владата на Македонија да може да го прикаже ова како отворање на преговорите.Сепак, ова не е клучното прашање. Клучното е дека Владата се фокусираше само на отворањето на преговорите, но не и на нивниот тек и завршување.Македонија не обезбедува никакви гаранции за завршувањето на преговорите.„Гаранции дека (нема да) има натамошни условувања од Бугарија“Нема никакви гаранции во предложените документи дека нема да има натамошни бугарски условувања. Наспроти тоа, Бугарија со овој пакет си ги обезбеди гаранциите однапред – нејзините барања стануваат целосно дел од процесот на пристапување и добиваат легална основа во пакетот на документи на ЕУ.Според предложените заклучоци, во кои инаку не се ни споменуваат Копенхагенските критериуми, главно значење им е дадено на „постигнувањето конкретни резултати и спроведувањето во добра волја на билатералните спогодби – Преспанската и онаа со Бугарија“. Заклучоците веднаш потоа се повикуваат на Протоколот од вториот состанок, оценувајќи го како „значаен чекор за добрососедските односи и регионалната соработка“, кои остануваат „суштествени елементи на процесот на проширување...“.Со тоа спроведувањето на Договорот со Бугарија, како што е дефинирано во Протоколот, станува клучен услов во процесот.Оттаму, Владата, не само што мора да го објави текстот на Протоколот, туку треба да оствари и аргументирана расправа по него.„Протоколот (не) е дел од Преговарачката рамка“Во Општиот став (кој ја вклучува Преговарачката рамка) јасно е упатувањето на член 12 од Договорот со Бугарија – преку “годишен преглед и мерки за негово ефективно спроведување....” во согласност со низа документи, меѓу кои и „други заклучоци на Советот“.Обидот да се скрие протоколот во Преговарачката рамка е провиден.„Историјата (не) e дел од преговарачката рамка“Историјата станува дел од преговарачката рамка преку внесувањето на упатување на член 12 од Договорот за пријателство и содржината на Протоколот, кој Владата не го објавила (затоа се повикуваме на текстот објавен од македонската редакција на Дојче Веле).Историјата во Протоколот не е застапена само во одредбите кои се однесуваат на работата на Заедничката комисија за историски и образовни прашања, туку и во одредбите кои се однесуваат, на пример, на говорот на омраза (вклучувајќи ги спомениците и учебниците), и рехабилитација на жртвите на комунизмот.Дополнително, се внесуваат и низа ограничувачки елементи во работата на Комисијата (иако терминот е „охрабрување“), но и оценка дека таа досега дала „незадоволителни резултати“.„Македонскиот јазик (не) е чист во преговарачката рамка“Во предлогот стои формулација дека во поглед на преводите на acquis на македонски јазик, ЕУ „ги зела предвид“ унилатералните декларации за македонскиот јазик. Бугарија со ова суштествено става „резерва“, на која ќе може да се повика во натамошниот тек на преговорите.Во новите документи, како ни во претходните, нема ниеден друг елемент на заштита на македонскиот идентитет. Бугарија со внесот на Бугарите во нашиот Устав и на Бугарите во Законот за малцинства во Албанија си ја проширува својата „етничка територија“. Наспроти тоа, според и онака асиметричниот билатерален договор со Бугарија, ние во Протоколот го потврдуваме ставот дека нема да се мешаме во внатрешните работи на Бугарија, вклучувајќи и во правата на граѓаните кои не се наши државјани, иако во меѓународното право остварувањето на човековите права е над мешањето во внатрешните работи.„Нема посебно поглавје за односите со Бугарија“ (но има други посилни механизми)Нема посебно поглавје, но суштината на бугарските барања е обезбедена преку два влеза и повеќе дополнителни механизми:Воведувањето механизам за следење на спроведувањето на Договорот за пријателство – член 12 (што веќе го елабориравме).Вградувањето на бугарските барања во кластерот Tемели, преку промената на Уставот, чие спроведување ќе стане клучна одредница (одредници) за напредокот во целиот процес, имајќи ја предвид и содржината на Протоколот во однос на позицијата на бугарската заедница.„Преговарачката рамка (не) е слична како кај другите земји“Не е. Ние имаме дополнителен акциски план за малцинствата и дополнителен механизам за следење на спроведувањето на билатералните договори.Во нашиот акциски план ќе треба да влезе спроведувањето на новите одредби на Уставот за заедниците.Ниедна од државите во процесот не го смени уставот за да внесе малцинство по барање на (земја членка на) ЕУ. Ова беше возможно само со согласност на македонската влада.„Европски предлог“ (само со наша согласност)Ова е предлог на француското претседателство, кој се заснова на наша согласност во преговорите што сме ги воделе во Бугарија, односно на нашите досега направени отстапки кои ќе станат „свршен чин“ за другите држави членки, кои допрва треба да ги усвојат. За нив тоа ќе биде тргнување, (засега) на едно непријатно прашање од агендата.„Последна шанса“ (?)Владините претставници го гледаат овој предлог како „последна шанса“, повикувајќи се на новите околности – новата политичка заедница, без никаква проценка како тие нови околности ќе влијаат на нашиот процес на пристапување.Во секој случај, новите документи на ЕУ, во услови на зголемен број кандидати, ставаат акцент на интеграцискиот капацитет на Унијата и не даваат гаранција за пристапување на ниеден од кандидатите.„Сеопфатна расправа“ наспроти еднодневен ПРНема никаква потреба од брзање. Брзањето на Владата е само со цел да оневозможи аргументирана расправа и набрзина да го усвои предлогот, кој ќе има решавачко влијание врз нашата иднина.Крајно неодговорно и крајно штетно!Петте црвени линии на кои Ковачевски кажа „не“➡️ Чиста формулација за македонскиот јазик во преговарачката рамка и јасна заштита на македонскиот идентитет;➡️ Историските прашања не можат да бидат критериуми во преговарачката рамка;➡️ Преговорите помеѓу Северна Македонија и ЕУ мора да почнат пред отпочнувањето на постапката за уставните измени за вклучување на Бугарите, Хрватите и Црногорците во преамбулата на Уставот;➡️ Цврсти гаранции и од Бугарија и од Европската Унија дека Бугарија нема да условува со нови барања, надвор од она што ќе биде договорено во преговарачката рамка и билатералниот протокол кој сѐ уште не е усогласен со Бугарија;➡️ Секое решение ќе треба да е консултирано со институциите на Република Северна Македонија.Извор: Respublica

Македонија | пред 3 години

6-1

(ФОТОГАЛЕРИЈА и ВИДЕО) „Ултиматуми? Не благодарам“, порачаа пред Владата

Протестот под мотото „Ултиматуми, не благодарам“ и натаму трае пред Владата. Илјадници граѓани се против францускиот предлог. Сите порачаа да се отфрли. Сметаат дека со овој предлог се урнисува Македонија.Фотогалерија од пред Владата и видео.

Македонија | пред 3 години

8

Стојановски до власта: Колку и да се обидувате да не сотрите, нема да успеете, Македонија не е на продажба

Среќен сум и тажен. Среќен сум затоа што Божјата волја беше да се родам во Македонската лулка. А тажен бидејќи сите ние заедно споделувајќи ја радоста што му припаѓаме на овој народ, се туку и секаде некому му се објаснуваме и докажуваме, се што имаме и од неа никогаш и под никакви услови нема да се откажеме, порача коментаторот Тони Стојановски на денешниотСтојановски пред присутните порача дека македонскиот народ е добродушен, но не и наивен, како и дека туѓото го почитуваме,Ќе слушнат дека ние се родивме, живееме и ќе умреме во Македонија. Добродушни сме но, наивни не сме. Зло не мислиме, но зло повеќе не трпиме. На секој предлог, договор и услов кој што постои за нас ќе одговориме со НЕ, НЕ и уште една НЕ. Туѓото го почитуваме, добрата волја ја цениме, но вечерва овде, а и утре и задутре ако треба и во еоните ќе испратиме лавовски крик за да се разбуди исконот кај заспаните меѓу нас, рече тој.Стојаноски потенцираше дека македонскиот народ е исправен пред тешка задача и токму поради тоа од платото пред Владата порача нон пасаран.Македонци мои ние сме исправени пред тешка задача. Да љубиме безусловно а да ни поставуваат услови. Да почитуваме безгранично, а да ни поставуваат граници. Да сме подготвени на компромиси, а да ни нудат ропство. Вечерва им велиме нон пасаран, истакна тој.Подадовме рака, ни ја бараат душата. А има ли цена душата? Колку гроша вреди крвта на предците, колку милиони вреди комфорот на наследниците? Ќе ги има ли воопшто ако се продадеме, праша Стојановски.Стојановски изјави дека колку и да се обидуваат од државниот врв нарекувајќи ги самопрокламирани визионери, нема не можат да ја сотрат Македонија.Само безумните може да веруваат дека иднината се менува на подобро со капитулантски потпис со откажување од претходната и со условување на следната генерација. И затоа наша обврска е повторно да им кажеме НЕ, Македонија НЕ БИЛА, НЕ Е И НИКОГАШ НЕМА ДА БИДЕ НА ПРОДАЖБА.Не можат да ја сотрат Македонија, па колку и да сакаат да ја продаваат. Оваа држава Македонија настана со револуција, не една туку повеќе, со јасна историска постојаност. И затоа оваа држава Македонија нема да падне со еволуција на таканаречените европски вредности, туку ако паднеме ние Македонците ќе паднеме од гола сила. А и тоа нема да биде лесно, ниту ќе биде со наша добра волја, ниту ќе биде со потпис на кој било самопрокламиран визионер од државното раководство. Отпорот ќе биде секогаш и засекаде а победата е загарантирана затоа што Македонија, Македонците, македонскиот јазик и историја, култура и идентитет се единствената вистина. Македонци мои вистината се брише само со сила. Но колку и тие да се држат до силата ние нема да отстапиме од вистината, порача Стојановски.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-07-02-at-19.53.27

(ВИДЕО ОД ДРОН) Илјадници на протестот пред Влада против францускиот предлог: „Се измочавте на гробовите на партизаните“

Вечерва се одржува протест пред Владата на Република Македонија против фаранцускиот предлог. Пред Владата се собраа илјадници граѓани со знамиња со сонцето од Виргина. Тие порачаа „не за францускиот предлог!“„Ултиматуми, не благодарам!“, „Се измочавте на гробовите на партизаните“, „Од ропство пишти Македонија, појќе не трпиме бесчесни лаги!“, „Проклет да е тој што предал родина на врагот“, се само дел од транспарентите.Протестот започна со интонирање на химната која присутните ја пееа во еден глас.„Скопје1“ направи и дронско видео. ВИДЕО ОД ДРОН: Илјадници пред Влада против францускиот предлог кои прачаа „Им се измочавте на гробовите на партизаните“.Posted by skopje1.mk on Saturday, July 2, 2022

Македонија | пред 3 години

shilegov

Шилегов: Болен е процесот. И емотивен. Kога историјата била фер кон нас?

Ексградоначалникот на Скопје, Петре Шилегов смета дека прифаќањето на францускиот предлог со кој ќе се отпочнат преговори со ЕУ е последниот чекор до дооформување на македонската државност.„Да бидеме мудри, за да останеме горди. Постоењето на македонската држава и самобитноста на македонскиот народ, на Балканот, секогаш било проблематизирано. Околу 200 години се поминати, како сегашните наши соседи (со исклучок на Албанија) започнале да ги формираат своите држави и нации. За жал, ние Македонците, тој процес на формирање на нашата држава сме го заокружиле во текот на Втората светска војна. Народот имал македонска самосвест, далеку пред да ја создадеме нашата држава. Овој временски расцеп, помеѓу осознавањето на народот и формирањето на државата, овозможил околу нас да се формираат силни негации и негаторски политики. Од сите соседи. Затоа е и оваа наша историска нерамноправност. Нема да навлегувам во историските случувања. Тие, нам Македонците, ни се добро познати. (Во 1992 година започнавме со Лисабонска декларација во која не постоеше ни М од Македонија ни посебност на македонскиот народ). Со упорна и мудра политика, со компромиси кои никогаш не ја загрозиле нашата самобитност и државност (а секогаш беа болни и емотивни), успеавме како народ (еве нека не се политички партии) да нашата македонска држава ја направиме членка на ООН и НАТО“, напиша Шилегов.„Членство на македонската држава и македонскиот народ во ЕУ. Во едно семејство со останатите европски народи и држави. Болен е процесот. И емотивен. Не е правичен, ниту принципиелен, не е ниту фер, но кога имало правичност и принципелност кон нас?  Впрочем ја совладуваме последната соседска пречка (сетете се само какви беа стартните позиции на Бугарија). Со мудрост можеме да успееме сите заедно. Нема да дозволиме никој да го негира нашиот јазик во ЕУ. Таму ќе сме со чист македонски јазик (проблемот на Бугарија со нашиот македонски јазик, останува само бугарски проблем и само нивно видување). Проблемот со нашата македонска историја, останува повторно само проблем на Бугарија и не е дел од нашите преговори за членство. Затоа велам, само со мудрост можеме да останеме горди Македонци. Сите имаме право на емоција. Чуствителни се овие прашања. Најинтимни. Најлесно е да се каже не е фер, не е исто за нас. И јас лично така мислам. Но ? Утре нештата ќе бидат по фер, попринципиелни ? Или ќе ја повториваме нашата голгота ? Сите сме должни и да имаме мудрост. Немаме право на дневнополитичка емоција, затоа што ова не е дневно, туку историско и стратешко прашање. Затворање на еден циклус. За да после 200 години, конечно ја заокружиме нашата државност и го затвориме прашањето на нашата македонска посебност !!! Само ако сме мудри, утре ќе бидеме горди !!! Македонци кои зборуваат на македонски јазик !!! Рамноправен европски народ !!!“, додава тој.

Коментари | пред 3 години

DSC07343

Данела Арсовска: Направени се премногу отстапки, „не“ за францускиот предлог!

Скопската градоначалничка Данела Арсовска е против францускиот предлог. Таа вели: Скопје е град на слободата, солидарноста, соживотот и дал бројни жртви за новите генерации да живеат достоинствено во слободна Македонија. Македонија има направено премногу компромиси да биде дел од семејството на ЕУ, таму каде што ѝ е местото“.Меѓудругото, Арсовска додава:„Досега премногу отстапки се направени за да отпочнеме процес составен од 35 поглавја и уште толку препреки за приклучок кон ЕУ. Премногу често некој носи одлуки за иднината и одлучува за судбината на македонскиот народ спротивно на неговите интереси. Затоа за македонскиот јазик, за идентитетот и за достоинството на македонскиот народ никогаш и под ниту еден услов не смее да се преговара.Достоинството нема цена, а ако цената е по патот кон ЕУ е да се изгубиме себеси, губејќи сè врз што се темели Македонија како независна држава, тогаш таа цена е превисока. Не може. Доста е. ДА за ЕУ, НЕ за уцени, отстапки и компромиси за сметка на македонското достоинство! Ако досега за сите држави, услов за приклучување кон ЕУ беа Копенхашките критериуми за функционална пазарна економија, стабилна демократија, владеење на правото и прифаќање на законодавството на ЕУ, како сега одеднаш единствено за Македонија се менуваат правилата сред игра и се вметнуваат билатерални спорови, нови формулации и услови кои досега не постоеле за никој друг?Овој преседан ќе значи поинакви услови за отпочнување преговори од оние кои другите земји на ЕУ ги имале досега, што е спротивно на вредностите како еднаквост, владеење на правото, демократија, почит на човечкото достоинство и човечките права, врз кои се темели Европската Унија.Македонија заслужува без уцени да пристапи кон преговори со ЕУ, под исти услови како сите останати држави и достоинствено да се движи на пат кон имплементација на реформите за подобра иднина! Ништо друго освен истите услови под кои другите држави пред нас отпочнале преговори, не треба да се прифати, никакви отстапки повеќе не смее да се дозволат и во овој момент сите треба да бидеме обединети и да кажеме НЕ за овој недоличен предлог“.

Скопје | пред 3 години

gjorge-ivanov

Ѓорге Иванов: Отфрлете го францускиот предлог, ја втурнувате Македонија во бездна и национално предавство

Експретседателот Ѓорге Иванов повика да се отфрли францускиот предлог. Тој смета дека тоа се подли игри за разнебитување на Македонија.Неговиот став во целост:Како поранешен претседател, кој 10 години беше сведок и силен противник на сите подли игри за разнебитувањето на Република Македонија, повикувам на отфрлање на францускиот предлог.Со вакво “решение” Република Македонија ќе биде втурната во правна, политичка и историска бездна. Македонскиот народ повторно е сведок на национално предавство. Човечкото достоинство и стекнатите права се црвените линии кои не смее да се преминат. За нив не се разговара и не се преговара. Непокорот е единствениот излез. Одбраната на Македонија е обврска на секој од нас. Да живее Република Македонија!

Македонија | пред 3 години

protest

„Бојкотирам“ се мобилизира: Алармираме на опасноста од изјавата на министерот Бујар Османи

Граѓанската иницијатива „Бојкотирам“ се мобилизира одново. Ова доаѓа по францускиот предлог. Тие вечер ќе бидат пред Влада.Соопштението во целост:„Таканаречениот нов француски предлог е уште еден обид на власта да го амортизира гневот на народот против бугаризацијата спроведувана со амин на ЕУ! Нема никаков нов француски предлог, како што потврди и француската амбасадорка од Бугарија. Остануваат клучните негаторски барања од страна на Бугарија, додека македонскиот јазик ќе го толкува Софија како дијалект на бугарскиот јазик.Алармираме на опасноста од изјавата на министерот Бујар Османи, кој потврди дека оваа нацрт-рамка може да се потпише веднаш штом ја усвои Владата, со што целосно ќе се заобиколи македонското Собрание.Апелираме на будност од македонскиот народ и подготвеност за отпор против последните обиди за ништење на македонската држава од страна на СДС и ДУИ! Бараме отфрлање на францускиот предлог и прекин на преговорите со Бугарија! Никаква интеграција во ЕУ не може и не смее да биде по цена на македонската државотворност!“.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-07-01-at-13.59.07

(ВИДЕО) Маричиќ: И натаму ќе можат да не блокираат при пристапувањето во ЕУ

Вицепремиерот Бојан Маричиќ смета дека во ЕУ, секоја земја членка може да не блокира, ако реши. Но според него, пишаните документи се гарнација дека Бугарија не може да стави ново вето, ако Македонија ги исполни своите обврски.„Во оваа фаза ги разгледуваме документите во пакет. Откако ќе ги разгледаме и доколку се согласиме на пакетот, тоа ќе подразбира и брзо започнување на сите процедури. Она што е важно е дека до првата меѓувладина конференција, во форма во која ние ќе одредиме, Владата да ја прифати преговарачката рамка и да почнат преговорите. Потоа ќе биде свикана првата меѓувладина конференција за преговарачката рамка. Во рамките на овој документ не е ставен протоколот, што значи е исполнето нашето барање да ги нема историските прашања“, кажа Маричиќ.За евентуално блокирање и дали по ова може некој да нѐ блокира, Маричиќ додаде: „Во нашата рамка при првиот предлог во 2020 година кога не беше усвоен, беа договорот од Преспа и Договорот со Бугарија. Ние имаме гаранција дека тоа што сме го прифатиле во нашето Собрание ќе го исполниме. Другите прашања ќе ги решаваме со Бугарија. А секако дека било која членка, доколку одлучи, може да блокира. Но ние имаме гаранција дека на хартија ги имаме сите наредни чекори. Тоа ни е гаранција дека Бугарија не може да повикува на вето, доколку си ги исполнуваме обврските. Се што е во преговарачката рамка е во најголем дел нешто што е вообичаено“.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-07-01-at-13.47.51

(ВИДЕО) Сочуван е македонскиот јазик и идентитет, тврди Ковачевски и не кажа дали коалициските партнери се задоволни

Премиерот Димитар Ковачевски вели дека со францускиот предлог се прифаќа македонскиот јазик и сочуван е македонскиот идентитет. Тој тврди дека процесот за конечна одлука ќе биде транспарентен.„Разговаравме со факти и детали, но имајќи ја во предвид стратешката цел, членството во ЕУ. Позицијата во која денеска се наоѓаме е далеку поповолна. Пред нас имаме предлог кој ги инкорпорира нашите забелешки. Со средбата го отпочнавме консултативниот процес, ќе продолжиме со претседателот на државата. Ќе дебатираме со Собранието, опозицијата, јавноста. Предлогот е солидна основа за градење на сериозен, државнички став, за можноста за нашата држава. Сите лажни тврдења, во сите форми, потоноаа. Го штитевме идентитетот и македонскиот интерес“, кажа Ковачевски.Според него, ова ќе биде одлука за иднината на Македонија. За реакциите од коалициските партнери, Ковачевкси рече: „Дискусијата на состанокот беше конструктивна. На состаонокт во детали беше информираа за процесот и предлогот. За се што го имавме пред нас да го заштитиме и обврска да обезбедиме иднина за државата. Сите претседатели на партии го кажаа својот став, сите имаа државнички став за ова прашање.

Македонија | пред 3 години

antonijo01072022

(ВИДЕО) Милошоски: Ковачевски и Османи го кријат предлогот, нивните штетни преговори ја доведоа Македонија во оваа положба

„Овие двајца политичари, едниот премиер, другиот министер за надворешни работи не запираат со манипулациите кон македонската јавност, особено за процесот на евроинтеграции, спорот со Бугарија и понижувачките предлози кои што ги прифаќаат, тврдат дека имаа некакви забелешки, и лажат дека истите се видоизменети“, вели Антонио Милошоски.Милошоски додава:После онаа легендарна лага од 2018 година во која што учествуваше Бујар Османи дека сме добиле датум за преговори кои што го гледаме дека го немаме, вчера се случи уште една голема лага со која што Димитар Ковачевски се обидува да го покрие дебаклот на македонската дипломатија.Премиерот Ковачевски се обиде да ги изманипулира новинарите, јавноста и политичките партии дека неговото “НЕ“ во Брисел предизвикало суштинско видоизменување на францускиот предлог за преговарачка рамка за да многу брзо потоа биде демантиран од министерската за надворешни работи на соседна Бугарија, а денеска е демантиран и од француската амбасадорка во Софија која што е акредитирана од Макрон да биде претставник и гласноговорник на француската политика како амбасадорка.Затоа бараме од Димитар Ковачевски да престане со овие манипулации, да го објави предлогот и да види целата јавност дека овој предлог суштински е истиот со она за коешто македонската јавност веќе изгради широк консензус дека е неповолен за државата, понижувачки е, не ги решава споровите со Бугарија и не не носи до целта која што ја замислуваме во минативе 20 години, а тоа е полноправно членство во ЕУ.За ваков предлог не е доволно да се консултира Ковачевски само со коалиционите партнери и со одбрани невладини или провладини здруженија, за ваков неповолен предлог на преговарачка рамка кој што е голем дебакл за македонската дипломатија треба Владата да даде оставка, да распише предвремени парламентарни избори и народот да одлучи на кој начин смета дека треба да продолжи да се движи Република Македонија во правилна насока.ВМРО-ДПМНЕ го чувствува револтот на граѓаните, оправданото незадоволство коешто се акумулира заради манипулирањето на Ковачевски и на Бујар Османи и ВМРО-ДПМНЕ ги разгледува сите можни демократски опции за канализирање на тој револт во Собранието и надвор од Собранието.Но, ваквиот предлог не смее да помине бидејќи Македонија со ова губи, се понижува, а на надворешно политички план нема да ја постигне целта ниту за членство во ЕУ, ниту за подобри пријателски рамноправни односи со Бугарија.

Македонија | пред 3 години

271411794_4566273830151665_730994699476532107_n

Јакимовски: Мицкоски се концентрира како да излаже дека е против а во исто време да го поддржи

Лидерот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски јасно кажува дека е против францускиот предлог, со кои треба да се отпочнат преговорите со ЕУ.„Замислете човекот вика ги откажал од протестите за да се фокусира на “францускиот предлог” и Вие очекувавте и натаму да стојам зад овој човек кој кога не знае што прави прибегнува кон лага.Протести не планирал а за ”францускиот предлог” се концентрира како да излаже дека е против а во исто време да го поддржи.ГРОМ не игра така! Ние имаме јасен одговор, ПРОТИВ!“, напиша Јакимовски.

Македонија | пред 3 години

kovacevski

Ковачевски и натаму на состанок со партиите: Одлуката за францускиот предлог ќе ја донесеме заеднички

Премиерот Димитар Ковачевски и натаму е на состанокот со коалиционите партнери во Владата. Тие неколку часа разговараат за францускиот предлог.„Со владината коалиција денес разговараме за европскиот предлог врзан со евроинтеграциските процеси на Република Северна Макеоднија кој вчера пристигна во МНР и за процесот за консултација кој следи понатаму. Секоја одлука поврзана со предлогот ќе ја носиме заеднички и преку широк консултативен процес“, напиша Ковачевски.Тој објави и фотографии.

Македонија | пред 3 години

protest-vmro-2

Вечерва протест пред Влада: Ковачевски доаѓаме на консултации, ако немаш му*а да дојдеш сам, земи ги Маричиќ и Османи

По францускиот предлог, се организира протест пред Влада од 19 часот. Александар Пандов, претседател на патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ ги повика граѓаните да дојдат и да кажат „не“ на предлогот.„Таче, ќурко предавничка. Пошто не повикуваш на ,,консултации”, еве ме мене вечерва во 19 часот пред влада да поразговараме за бугарскиот предлог поднесен од западногерманецот макрон. Ако немаш му*а сам да дојдеш, земи си ги и Маричиќ и Османи. Ма ако сакаш дојди и со арбр и оној што ќе ќе ни крши раце и нозе, а ти е државен секретар. Јас со син ми Столе ќе дојдам, а верувам и огромен број од Македонскиот народ ќе дојде да ни ја гледа дебатата во живо. Се гледаме во 19ч пред влада!“, напиша Пандов.

Македонија | пред 3 години

sdsm-zecevic-kovacevski-8

„Што успеа СДСМ да уништи во 5 години Турците не успеаа во пет века“, реакции по францускиот предлог

Премиерот Димитар Ковачевски вели дека историските прашања и Протоколот од Договорот за добрососедство не се дел од преговарачката рамка. Претседателот на опозицијата Христијан Мицкоски пак кажа дека предлогот не е добар и дека се работи за дипломатски нокаут.Реакција на францускиот предлог имаше и од политикологот Јорданка Ивановска-Јоци.„Еве, ни прераскажа на невидено баш сè, бугарската министерка за надворешни работи. Не сметаат дека има нов предлог, затоа што вториот воопшто не се разликува од првиот⁉️ Туку...многу ме интересира како мисли оваа несреќна влада, на чело со некој Таче (кој народ не го ни гласаше), да ја поттури оваа кофа со мочки врз нашите глави и врз гробовите на оние кои загинаа од бугарските фашисти, а народ да не примети. Ризикуваат голем револт, гнев и протести, а ќе видиме дали и напуштање на влада од коалициски партнери, а со тоа неминовен пад, но ми изгледа дека тоа точно го знаат и сега се тресат од непознатото!“, напиша таа.Богдан Илиески реагираше на прес-конференцијата на Ковачевски, кој пак, не го објави францускиот предлог.„Премиерот Ковачевски на вонредна прес конференција соопшти дека премиерот Ковачевски ќе соопшти на прес-конференција дека премиерот Ковачевски ќе соопшти на прес-конференција... НЕ МОЖЕ ДА СОКРИЕШ ПРЕДАВСТВО. ПОКАЖИ ГО ПРЕДЛОГОТ!“, стои во објавата.За повикот за будност од Мицкоски, на социјалните мрежи има и шеги:Новинарката Билјана Секуловска посочи на суштината од францускиот предлог.„Што успеа сдсм да уништи во 5 години Турците не успеаа во пет века…“, коментира Божидар Божиновски.„Да не речам мозгалица: ако претходниот договор со денови беше во бугарски парламент, падна влада ради него, а сега имаат ”многу полош” за нив, а сепак добар за Радев и Петков како го прифатија? Без дискусија се откажаа?“ додава Божиновски.

Коментари | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања