„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

фр

dzambaski

„Стево Коминтерната ги велича бугарските просветители и го прекршува договорот за добрососедство“ вели Џамбаски

На објавата на претседателот Стево Пендаровски, реагираше и европратеникот Ангел Џамбаски.„Стево Коминтерната ги велича „славните преродбеници“, познати и како бугарските просветители, браќата Милдиновци. А тоа што го напиша директно го прекршува договорот за добрососедство, како и познатиот „француски“ предлог.Дали знае некој дали дичев, дечев, бечев, пичев и останатите клети софиски македонисти веќе отидоа во Скопје да клечат?“, напиша Џамбаски

Македонија | пред 3 години

292296498_601199648037616_2353865649675105476_n

Бугарски пратеник со опомена до Пендаровски: Ова да ти е последно, браќата Миладиновци самите се нарекуваат Бугари!

Претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски на социјалните мрежи објави фотографии од посетата на спомен-куќата на Димитар и Константин Миладинови, во Струга.„Денеска ја посетив Спомен-куќата на славните преродбеници од 19 век, Димитар и Константин Миладинови, во нивната родна Струга. Просветителската дејност на браќата Миладиновци вградена во нашата колективна меморија е од суштинско значење за македонската култура и традиција. Обврската да го почитуваме и негуваме нивното дело е чест и привилегија за секој од нас“, напиша Пендаровски.Бугарскиот пратеник во Европскиот парламент Андреј Ковачев ја сподели објавата и напиша дека ова треба да биде последна објава која било кој преставник на Македонија ја пишува на ваков начин„Ова треба да биде последниот пост што Стево Пендаровски, како и секој друг официјален претставник на Северна Македонија, го пишува на овој начин. Со францускиот предлог, почитувањето на Договорот за пријателство и добрососедство ќе биде главниот, хоризонтален критериум за напредок на Скопје на пат кон преговорите за членство во ЕУ. Упатувањето во самата преговарачка рамка на протоколите од членот 12 од Договорот ги обврзува македонските функционери да се придржуваат, во нивните официјални настапи, на наративите веќе дефинирани од мешовитата историска комисија за ликовите и настаните од нашата заедничка историја.Секако, за Браќата Миладиновци наскоро ќе расправа мешовитата историска комисија. Тогаш, покрај тоа што имаат големо значење за современата македонска култура, Пендаровски нема да може да го спаси тоа што имаат исто значење за бугарската култура, а пред се нема да може да премолчи дека тие самите ја нарекуваат својата збирка „Бугарски народни песни“, јазикот на кој е напишана - бугарски, а самите себеси за Бугари.На овој начин, верувам, ќе престанат со манипулативните и двосмислени изјави, како оние на самиот Пендаровски за Миладиновци или Гоце Делчев, пред извесно време. Па, уште не сум сигурен дали ова ќе им помогне на вистинските бугарофили од левицата и ДПМНЕ, како оние од протестите деновиве, кои пена им излезе од устата со спомнувањето на „Бугарите““, вели тој.

Македонија | пред 3 години

dimitar-apasiev-5

„Се што Бугарите не успеале да постигнат за време на окупацијата, го постигнуваат сега“, вели Апасиев

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев на социјалните мрежи објави статус во кој вели дека се што Бугарите не успеале да постигнат за време на окупацијата, го постигнуваат сега.„Не го ни читајте Протоколот. Џабе ќе се нервирате. Еве накратко да ви го раскажам: Се што Бугарите не успеале да постигнат за време на окупацијата, го постигнуваат сега (заедно со нивните колаборационисти во Владата на Северџанистан - балистите и врховистите).

Коментари | пред 3 години

03072022_PVRSM-Kovacevski_Mickovski_sredba_1

Власта на антимакедонската СДСМ бесрамно го крие протоколот, вели ВМРО-ДПМНЕ

Власта на антимакедонската СДСМ го крие протоколот од очите на јавноста. Тие без срам велат дека прво овој протокол ќе се потпише, а после ќе се објави, со што сакаат јавноста во Македонија да ја доведат пред свршен чин. А протоколот е клучниот домумент од Предлогот. На него се повикува преговарачката рамка и овој документ всушност ги содржи сите бугарски барања. Според тоа кое што го објавија странските медиуми овој протокол предвидува конкретни обврски за Македонија во конкретни рокови. Според протоколот во точно определено време Македонија ќе треба да менува учебници, историски лекции за настани и личности, споменични обележја и се според диктат на Бугарија. Ова понижување кое сака власта на Ковачевски да му го направи на народот не дава европска перспектива, туку носи или бесконечни преговори или асимилација, вели ВМРО-ДПМНЕ.„Предлогот кој што Ковачевски и Османи се подготвени да го прифатат е спротивен на европските вредности и на европските принципи. Македонија не бара ниту повеќе ниту помалку од условите кои ги имале сите земји кои станувале членки за ЕУ, а тоа се Копенхашките критериуми. Власта на Ковачевски треба да се вразуми и да застане зад предлозите за измени кои ги дава ВМРО-ДПМНЕ со кои се обезбедува достоинствен пат и влез на Македонија во Европската Унија.Тоа што власта се инати и не ја почитува волјата на народот резултира со масовни секојдневни протести во Скопје и другите градови во Македонија. Затоа ВМРО-ДПМНЕ и денес дава поддршка и ги повикува граѓаните да учествуваат на масовниот достоинствен и гласен сенароден протест кој ќе започне во 19 часот пред платото на Владата. Народот никој не успеал да го победи. Затоа побројни и помотивирани да кажеме Ултиматум, НЕ благодарам“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

Slika-1-1

Денес протест од 19 часот

Го кријат протоколот затоа што со него се распродава Македонија, велат организаторите на протестот„Полицијата пишува пријави против граѓани кои блокираат раскрсници.Владата врши предавство, а дефокусира со потпалување на етнички тензии.Зоран Дабиќ претседателот на македонскиот дипломатски синдикат кој се обрати пред Собранието и кажа дека предлогот е фијаско на дипломатијата на Бујар Османи, беше експресно суспендиран од работа по теркот на манирите во Северна Кореја.Затоа денес ќе протестираме и пред МНР, а собирното место е Влада во 19 часот, преку Мавровка до МНР, по што протестот ќе заврши пред Собранието.Апелираме на мирно и достоинствено протестирање. Апел и до Оливер Спасовски и МВР да се откаже од создавање на тензии, и да обезбеди протоколи за достоинствено и мирно протестирање. Масовно и во голем број да покажеме дека одговорот на ултиматумот, ќе биде НЕ благодарам!Почеток, пред Влада во 19 часот“, стои во соопштението.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-07-07-at-16.24.39

Со овој предлог нема да почнеме преговори и вечно ќе бидеме заглавени, ставот на ВМРО-ДПМНЕ е НЕ за ултиматум, НЕ за асимилација, вели Ковачки

Се што прави власта сега една обична фарса која ќе заврши во еден ѕид од каде нема да се оди напред. Со ова што го планира власта нити ќе почнат преговори, ни ќе тече мед и млеко од утре. Практично Македонија ќе остане заглавена вечно во овој процес, изјави за „Заспиј ако можеш“ пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки.Ковачки истакна дека владата за да избега од одговорност се обидува да ја префрли одговорноста во Собранието каде што се надеваат дека ќе се изгласа предлогот, но како што посочи треба да биде јасно дека ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи промена на Устав.- Тоа што е доставено од владата во Собрание е еден лист хартија која што информативно го праќаат да се запознаеме. Владата се обидува да ја префрли одговорноста на Собранието и с сака да го понижи Собранието на начин на којшто е својствен. Изминатиов период видовме како владата се поставуваше на Собранието, кое го гледа како гласачка машинерија. Тие знаат дека имаат 61 пратеник и можат да го изгласаат предлогот. Сепак треба да знаат дека промена на Устав, ВМРО-ДПМНЕ не поддржува, за тоа им требаат 80 пратеници и ние нема да поддржиме, рече Ковачки.Тој потенцираше дека ставот на ВМРО-ДПМНЕ е НЕ за ултиматумот, нашиот став е НЕ за бугаризација и НЕ за асимилација.- За протоколот имавме можност да ја слушнеме бугарската министерка за надворешни работи, Генчовска која кажа дека протоколите се усогласени и имале договор со Османи да не се излегува во јавност. Но гледаме дека протекоа тие протоколи. Во неколку наврати ние ги повикувавме да објаснат за што преговараат и ако се преговара за идентитет, историја и јазик, треба Собранието да биде запознаено во најмала рака. Членка на НАТО која сака да биде дел од ЕУ крие документи. Кога криете нешто, очигледно е дека има нешто што е надвор од дозволеното од тоа што може да се прифати, рече Ковачки.Ковачки истакна дека изгласана е Резолуција во Собрание која е обврзувачка за владата и владата е должна да постапува по неа.- Ако беше се во согласност со Резолуцијата, зошто не објават јавно? Го лажат народот, влегуваат од една лага во друга. Факт е дека ќе менуваат учебници, ќе менуваат споменици на македонските херои, факт е дека македонскиот јазик на правата конференција треба да има бугарска изјава која ќе не прати во цел процес на преговори? Кого го дефокусираат? Поглавје 34 кажува дека кога ќе дојде на крај да се одлучува за јазикот повторно ќе се отвори прашањето, нагласи Ковачки.

Скопје | пред 3 години

talat-dzaferi33

Џафери реши, францускиот предлог ќе оди директно на пленарна седница

На денешната редовна координација свикана од претседателот на Собранието, Талат Џафери, присуствуваа потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски, координаторите на пратеничките групи на ВМРО – ДПМНЕ, Никола Мицевски; на СДСМ, Јован Митревски; на ДУИ, Арбер Адеми и на Алијанса на Албанците, Илире Даути, како и претставниците на политичките партии БЕСА, Алтернатива и Левица.„По однос на точката Информацијата за содржината на предлог-преговарачката рамка и дискусијата која што се разви по однос на оваа точка, претседателот нагласи дека согласно член 185 од Деловникот на Собранието претседателот ја доставува Информацијата до пратениците во форма во која што е добиена и нема надлежност да навлегува во нејзината содржина. Во исто време нема деловничка одредба која што му овозоможува на Претседателот да ја врати информацијата до предлагачот. Според процедурата, Информацијата која што е на дневен ред на пленарна седница се усвојува со донесување на Заклучоци по однос на Информацијата.Претсавникот на Владата Бојан Маричиќ одговори дека ќе ги пренесе ставовите на опозицијата и информацииите од Координација до Влада за потребата да се дополни Информацијата со материјалите кои што се јавно достапни за целата јавност, а во Информацијата се наведени како референца. Согласно Деловникот, Претседателот соодветно ќе информира за датумот за свикување на пленарната седница на чиј дневен ред ќе биде Информацијата. За денес е закажана пленарна седница со една точка на дневен ред, Ребаланс на Буџетот, за која што расправата ќе трае до 5 дена“, велат од Собранието.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-07-05-210117

„Ќе потпишете и ќе јадете бифтеци за 100 денари, мислете на здравје малце, холестероли, триглицериди“, вели Весна Бејби

Весна Птерушевска на денешниот протест пред Собранието порача дека секој еден треба да излезе и да се бори за Македонија.„И мислам и тврдам дека треба секој општествен одговорен и културен работник особено културен работник да ја има општествената одговорност да излезе и да се бори за Македонија, затоа што ние сме тие кои што играме на сцена, кој што снимаме на телевизија, кој снимаме македонски филмови, кои сме амбасадори на нашата култура, како да сме амбасадори на македонската култура, како, со сменет идентитет, со тоа што вие таму некои ќе потпишете и ќе јадете бифтеци за 100 денари. Па мислете на здравје малце, холестероли, триглицериди, малку од малку, бидете витки, згодни, вели Петрушевска.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-07-10-204327

„Преку глава ни е, цела држава да оди во погрешна насока, затоа што така им текнало во Муртино и Зајас“, вели Попов

Денес сме повторно овде собрани за да кажеме НЕ, не на асимилација, не на бугаризација и не на бришење на нашиот македонски национален идентитет. Последнава недела сме секој ден на улиците да го искажеме нашето мислење околу бугаризацијата завиткана во француска обланда која ни ја сервираат замислете како најдоброто нешто што ни се има случено. Пак ќе ве прашам што имаме да им порачаме на домашните предавници и на бугарските шовинисти, вели Сергеј Попов, претседател на подмладокот на ВМРО-ДПМНЕ на денешниот протест „Ултиматум НЕ – благодарам“ пред македонското собрание.Попов потенцираше дека власта не ја интересира за егзодуст на младите во Македонија, нагласувајќи дека на младите им е преку глава од оваа власт бидејќи носи погрешни одлуки и ја носи државата во погрешна насока.За егзодусот на младите од Македонија господата во Влада не ги интересира, како да не си одат младите кога ги лажевте за гаранција за вработување, за висок стандард а на крај само ќе ги оставите без матична држава. Преку глава ни е, цела држава да оди во погрешна насока, да се носат одлуки против желбите на народот затоа што така им текнало во Муртино и Зајас. Ова веќе не може, јас и младите ви кажувам нема да ви помине неказнето, порача Попов.Преку глава ни е да слушаме за теми од 19-ти век, ние сакаме да зборуваме за иднината, да зборуваме за развој и прогрес, но немој да нè потцените и да се излажете дека ни е сеедно! Нема да дозволиме и нема да прифатиме бришење на идентитетот и сквернавење на историјата и фактите од минатото, нема да признаеме и да ги трансформираме бугарските фашисти во некакви си администратори. Нема да ја заборавиме Ваташа и дванаесетмина кои загинаа, нема да ги заборавиме илинденците, асномците, петте струмички студенти и сите оние кои животот го положија за слободна и независна Република Македонија. Тие гинеа, а овие во Владата продаваат, ќе продадат сè само да не ги изгубат власта, за пуста власт живи луѓе ќе јадеа, а ние од нив очекуваме да се борат за нас и нашите интереси. Од нив можеме да очекуваме само ново предавство, но овој пат овој кроток народ нема да ви дозволи, нема да ви помине, бидејќи сите во еден глас ви порачуваме НЕ, потенцираше Попов.Попов упати порака до сите млади да се приклучат на протестите и да не дозволат различните политички ставови да ги оттргнат од оваа борба која ги обединува.Порака до моите врсници и до оние помлади од мене: ве замолувам да излезете масовно и приклучите се, немојте политичките ставови по други прашања да ве оттргнат од оваа борба која сите не обединува, не дозволувајте поради пиење кафе, излегување, шетање да се намали масовноста и да им пројде ова предавство, рече тој.

Македонија | пред 3 години

Milososki-27.06

„Оваа преговарачка рамка ја носи државата во ќорсокак, 73% од Македонците се против неа“, вели Милошоски

Милошоски: Преговарачката рамка треба да се подобри бидејќи ваква каква што е ја носи државата во ќорсокак-Во Собранието засега има само девалвирање на законодавниот дом од страна на Владата бидејќи стигнат е еден документ од еден лист во кој ја нема ниту преговарачката рамка во целина таа што можевме да ја видиме на медиумите, ниту општиот став и заклучоци од страна на ЕУ, а најмногу се крие двостраниот македонско-бугарски протокол и сметаме дека спикерот Џафери треба да ги побара од Владата сите овие документи за да може да дебатираме инаку на што би дебатирале. Но, во секој случај утре ќе бидеме во Собрание бидејќи почнува ребалансот на буџетот и дебатата за истиот.Ќе направиме се што е во наша моќ во Собранието ова да не оди брзо и лесно и ќе направиме се што треба да го претставиме мислењето на граѓаните каде што 73% од Македонците се против оваа преговарачка рамка која ја нарекуваме француска, а всушност бугарскиот премиер Кирил Петков денеска кажа дека тоа е бугарска преговарачка рамка која што станала европска и сметам дека истата е пораз на бугарската дипломатија и тоа во Собранието ќе го разобличиме темелно, истакна Антонијо Милошоски, пратеник во Собранието и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во вестите на Сител.Тој во текот на своето гостување потенцираше дека не е точно дека не може да се смени нешто во однос на преговарачката рамка затоа што таа рамка треба да има конкретни и содржински измени.-Гледам дека Владата се обидува да ја релативизира лошата преговарачка рамка на која што веројатно се согласиле и сега Македонија е доведена пред свршен чин. Јавноста експертска, новинарската, законодавната преку пратениците да прифати нешто, еден лош договор кој што македонската дипломатија не успеала да го направи подобро. Не е точно дека не може да се смени нешто затоа што ова преговарачка рамка треба да има конкретни, содржински измени за да биде текст кој што ќе може да ни служи во следните 15-20 години, колку и да преговараме, рече пратеникот, кажа тој.Тој посочи дека преговарачката рамка треба да се подобри бидејќи ваква каква што е ја носи државата во ќорсокак.-Хрватска за време на своите преговори имаше на почетокот одредени за неа неповолни позиции, но се обеденија сите и успееја да си издејствуваат подобра позиција. Сакам да кажам ако има сериозна држава, сериозна дипломатија, ако има добра сплотеност на Собрание, на претседател, на Влада, преговарачката рамка може да се подобри и треба да се подобри бидејќи ваква што е не води во ќорсокак. Ниту нуди европска перспектива, јасна и конкретна, ниту нуди подобра односи со Бугарија, напротив ќе имаме поголеми тензии и дополнително со барањето за смена на Уставот само ќе создава поларизација во Македонија. Ние имаме 3 штетни последици од ваквата преговарачка рамка, додаде Милошоски.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-07-10-202735

Весна Бејби до Макрон: „Македонка сум, ако не разбираш ќе ти преведеме“

Јас сум против насилство, и цел живот се борам против тоа. За македонскиот јазик не се преговара. Македонија е тврдина која мора да ја одбраниме, изјави Весна Бејби на денешниот протест пред Собранието.„Како сакате да ни го смените идентитетот, да не асимилирате, како сакате да се вика мојот театар ако не Македонски народен театар.Оние одонаде сакаат да не скараат и на голорак народ да пукаат во нас. Не може! Не смееме да дозволиме затоа што мора да им покажеме дека сме единствени и дека никој нема да предизвика меѓунационална војна. Какво безобразие и лицемерие. Оние кои мислат дека се бројка од 61 зимаат пари од нас, од нашиот данок кој го плаќаме.Ние треба секој ден да кажеме НЕ. Како јас на моите деца да кажам дека од утре нема да сме Македонци, учебниците ќе ни ги редактираат. Тие ќе ни кажуваат што да учиме и кој бил Никола Карев.Треба цела Македонија да се дигне на нозе! Јас се обидувам да не сум патетична, туку разумна, да ги разберам зошто би преговарале, кога и вака и онака 15 години нема да влеземе во ЕУ“, изјави Весна Бејби.Таа му се обрати и на Макрон и му порача дека е Македонка„Македонка сум. Ако не разбираш ќе ти преведеме“, вели Весна.„Ние сме тие кои играме на сцена, снимаме на тв, кои сме амбасадори на македонската култура. Како да сме амбасадори на македонската култура? Со сменет идентите? Со тоа што вие таму ќе потпишете и ќе јадете бифтеци за 100 денари. Па мислете на здравје малце, холестероли, триглицериди, малку од малкубидете витки згодни.Со достоинство и честа се раѓате.Секој ден на протест додека да ја срушиме оваа влада“, додаде таа.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-07-05-202739

(ВО ЖИВО) Атмосферата на новиот протест против францускиот предлог

Денес во Скопје ќе се одржи уште еден протест против францускиот предлог.„Денес продолжуваме помасовно и побројно против отворената бугаризација и асимилација. Да се обединиме под македонското знаеме. Повикуваме секое семејство на својот балкон или прозорец да го развиори македонското знаме. Денес продолжуваме со протестен марш. Во 19 часот пред Влада, преку министерство за правда каде ќе порачаме дека Уставот не е тоалетна хартија, па се до Собранието. Масовно, мирно и достоинствено да протестираме, народот да е последната брана против нечесната игра која ќе направи насилна бугаризација на народот и Македонија. Да кажеме НЕ на Ултиматумот“, велат организаторите на протестот.

Македонија | пред 3 години

03072022_PVRSM-Kovacevski_Mickovski_sredba_1

Со прифаќењето на предлогот владата добива само фотографија, а Македонија добива бесконечни преговори или асимилација, вели опозицијата

Власта на СДСМ и ДУИ ја лажат македонската јавност. Со денови манипулираат и кријат што содржи протоколот договорен со Бугарија или ако сакате годишниот извештај, документ кој е клучен во текот на преговорите. Токму во овој документ се уредени сите клучни барања на Бугарија и е врамен во преговарачката рамка, вели ВМРО-ДПМНЕ„Бидејќи власта го крие, информациите за овој документ ги дознаваме од странски медиуми. Овој протокол предвидува конкретни обврски на Македонија кон Бугарија, диктат кога и кој учебник треба да се промени, диктат која лекција за некој историски настан или лик треба да се промени, диктат кој споменик да се објаснива со натпис, како ќе се уредува наводниот говор на омраза и слични други понижувачки моменти за Македонија кои водат до асимилација.Затоа на Власта и се брза со наводните консултации. Затоа им се брза и со собраниската расправа, која нема апсолутно никаква врска со процесот, бидејќи се работи за МЕЃУВЛАДИНА конференција. Единствената реална улога која ќе ја има собранието е кога ќе треба да гласа по уште една уцена за почеток на преговорите, а тоа е промената на Уставот. ВМРО-ДПМНЕ ги уверува граѓаните дека оваа уцена нема да дозволи помине.Манипулациите на власта не поминуваат кај граѓаните, кај експертската јавност и интелектуалците. Огромно мнозинство од народот вели не на ваквите диктати, ултиматуми и асимилација. Народот знае дека со прифаќањето на ваков предлог владата добива само една фотографија, а Македонија добива или бесконечни преговори или асимилација. Затоа народот масовно, достоинствено и мирно, но сепак гласно и јасно вели Ултиматум, НЕ благодарам“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

stojance-angelov

Ангелов против францускиот предлог: Некоректно е да се појавам на протеститe

Претседателот на Достоинство и директор на ЦУК, Стојанче Ангелов го осудува насилството на протестите врз полицајците и истакнува дека не заслужиле да бидат мавани со камења пред очите на нивните родители, деца или сопруги.Ангелов вели дека францускиот предлог ваков каков што е, е неприфатлив, но, додава, би било некоректно да се појави на протестите против него, затоа што е дел од коалицијата на власт.– Јас како поискусен политичар можам да проголтам неколку работи, но со овој предлог ние не добиваме датум за преговори. Покрај тоа што е во одредени делови е понижувачки за нас Македонците, ние нема да добиеме датум, се додека не се случат уставните измени и тешко ќе биде да се обезбеди дветретинско мнозинство. Јас сум против внесување на Бугарите во Уставот затоа што нивната бројка е минорна – потенцира Ангелов во емисијата „Само вистина“.

Македонија | пред 3 години

dimitar-apasiev-5

Апасиев: Во Собранието ќе биде многу тензично, ќе се шверцува францускиот предлог

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев вели дека во понеделник треба да се видат што собранието треба да донесе, каков акт треба да донесе, бидејќи никој не знае.„Дали ќе донесеме одлука или заклучок некаков си, дали ќе им го врати на Влада, така што не знаеме што ќе прави Џафери.Меѓутоа мислам дека во Собранието ќе биде многу тензично, кога ѓе се носи тоа. Според моите информации ќе се обидат да ја прескокнат комисиската расправа и ќе оди директно на пленарна што е противделовнички што значи повторно ќе се шверцува. Тогаш мислам дека ќе има тригер за поголемо собирање пред Собранието. Ние од внатре, народот од надвор, мислам дека ќе спречиме ново предавство кое е десеткратно поголемо од преспанското предавство“, вели Апасиев

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања