„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

фросина

obvinitel-vasil

Пред трагедијата возел цик-цак, поминал на две полни ленти - со ова ќе се докажува дека возачот кој ја усмрти Кулакова тоа го сторил со умисла

Обвинителот Александар Марковски во воведниот збор рече дека ќе докаже возачот Васил Јованов, кој смртоносно ја усмрти Фросина Кулакова која поминуваше на пешачки премин – тоа го сторил со умисла. На првото рочиште, обвинителот Марковски рече дека ова не е само несреќа во која навидум еден маж, прегазил жена. Обвинителот посочи дека сообраќајката е последица на низа сообраќајни пропусти. Затоа, рече обвинителот Марковски, возачот Васил Јованов, се гони за најтешката квалификација на кривичното дело.Обвинителот рече дека тие ќе се трудат да докажат дека, за нецела минута пред критичниот настан, сторил и други пропусти од сообраќајна природа.„Од типот на цик-цак возење, поминување на две полни ленти. Не се релевантни од кривична природа, но се докази за умислата за кривичното дело за кое се товари.“, рече обвинителот.Тој посочи дека за сѐ имаат докази.„Навидум еден маж, прегазил една жена. Но не е така. И ова не е така поради медиумската помпа или поради тоа што се случила на популарно место. Ова не е обична сообраќајка поради начинот на кој е сторена, односно големиот број на сообраќајни пропусти на строител, а највеќе поради загубата на животот на младата Фросина Кулакова. Овие околности придонесоа, правна квалификација, во нејзиниот најтежок квалифициран облик. За вакво нешто, за да се утврди, беа прибавени докази во поприличен број. Четири вештачења, од кои се издвојува сообраќајното вештачење кое е податливо. Беа испитани осум сведоци од кои најголем број се очевидци, има материјални докази. Обвинетиот е осудуван, иако тој не спомена дека бил осудуван кога ги даваше своите генералии“, рече обвинителот.

Македонија | пред 8 месеци

vasil-jovanov-i-roditeli

Семејството на загинатата Фросина дојде на судењето да бара правда, родителите на Васил чекаат кат подолу во судот

Денеска започнува судењето за смртоносното прегазување на пешачки премин, на Фросина Кулакова. Во судот дојде семејството на загинатата, како и пријатели со маички „Правда за Фросина”. Тие чекаат пред судницата, додека мајката и таткото на обвинетиот возач Васил Јованов, се кат подолу.Според обвинението, на 29 јануари 2025 година, Васил Јованов, без возачка дозвола и под дејство на алкохол, управувал возило со брзина од 91 километар на час на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје. На пешачки премин, на црвено светло, удрил во Фросина Кулакова, која поминувала на зелено светло за пешаци. Од силата на ударот, Фросина се здобила со тешки телесни повреди и починала на лице место.Во меѓувреме, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен предлог и против таткото на Васил, Зоран Јованов, за кривично дело „предизвикување општа опасност“ од член 288 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.Обвинението се однесува на периодот од 04.11.2022 до 30.01.2025 година, во кој Зоран Јованов дозволувал на својот син Васил Јованов да управува патничко моторно возило „Пежо 207“, иако знаел дека синот нема возачка дозвола и е повеќекратен сторител на сообраќајни деликти вклучително и сообраќајната несреќа во која животот го загуби 22-годишната Фросина Кулакова.

Македонија | пред 8 месеци

frosina-5134

Одобрено обвинението, ќе му се суди на Васил Јованов за усмртувањето на Фросина Кулакова

Кривичниот суд го одобри обвинителниот акт против Васил Јованов, возачот кој ја усмрти Фросина Кулакова на пешачки па булеварот Партизански одреди.„Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат работата на судот, ја информираме јавноста дека Советот за оценка на обвинителниот акт, ГО ОДОБРИ обвинението на Основното јавно обвинителство со КО бр. 271/25 од 27.03.2025 година против осомничениот В.Ј. за кривичното дело Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од чл. 300 ст.2 в.в. со чл. 297 ст.1 од КЗ, поврзан со сообраќајката од јануари 2025 – та година на булеварот Партизански одреди во Скопје во која животот го загуби 22 – годишната Ф.К. Со одобрениот обвинителен акт, формиран е кривичен предмет со К.бр. 780/25 кој ќе биде ќе биде распределен на понатамошно судење согласно АКМИС – системот, а кога ќе биде насрочен термина за главна расправа, странките и јавноста ќе бидат дополнително известени“, велат од Кривичен суд.Претходно, Обвинителството поднесе обвинение во кое го гони Јованов за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот.„Согласно доказите, на 29 јануари, 15 минути пред полноќ, обвинетиот, без воопшто да поседува возачка дозвола,  управувал патничко возило „Пежо 207“ сопственост на неговиот татко. Не се придржувал кон прописите и со тоа свесно го довел во опасност животот на луѓето. Автомобилот го управувал под дејство на алкохол, односно со 0.80 промили алкохол во крв, но и со брзина на движење од 91 km/h што е речиси двојно поголема од дозволената. Кога дошол пред обележан пешачки премин на крстосницата меѓу булеварот “Партизански одреди” и улицата “29-ти Ноември“ продолжил со движење на вклучено црвено светло на семафорот кој сигнализирал забрана за минување и со предниот лев дел од возилото кое го управувал удрил во  телото на пешакот Фросина Кулакова, која поминувала на обележан пешачки премин и зелено светло за пешаци. Од силата на ударот, оштетената се издигнала во воздух и удрила во семафор, поставен на разделното пешачко стојалиште, па се здобила со тешки телесни повреди од кои починала на лице место“, стои во обвинението.

Македонија | пред 8 месеци

frosina-4512513245

Сестрата на Фросина за „Кој е следен“: Важна им е агендата, а жртвата е само инструмент, која трагедија ви е следна на менито?

Росица Кулакова, сестра на загинатата Фросина Кулакова, смета дека организаторите на „Кој е следен“, ја злоупотребиле нивната доверба, која ја дале како семејство. Посочува дека на собирите имало чесен народ, а дека зборовите ги насочува само кон организаторите.Нејзината објава во целост:Зошто бев тивка и зошто повеќе не можам да бидам. Долго време ми требаше да соберам сила и храброст да ја напишам оваа објава. Но како човек што јавно и гласно ја поддржа иницијативата „Кој е следен“, чувствувам морална обврска да објаснам зошто изминатиов прериод бев тивка - затоа што длабоко во себе носам чувство на лична одговорност.Време е јавно да раскажам, хронолошки и без цензура, што точно се случуваше по убиството на мојата сестра, Фросина.🪩 31 Јануари - Денот на погреботНа денот кога ја погребувавме Фросина додека ние бевме избезумени од болка и тага - се одржаа првите протести. Ние, нејзините најблиски, немавме поим што се случува во надворешниот свет. Болката ни ги затвори очите и ушите.Тогаш, од еден искрен, спонтан и народен крик на болка, се појави нешто друго. Некој со болен ум, со туѓа трагедија реши да си прави профит. Така во јавноста се појави иницијативата „Кој е следен“🪩 Чесни исклучоци постојат, но јас зборувам за сенкитеПред да објаснам зошто се чувствуваме злоупотребени како семејство, морам да нагласам дека има чесни луѓе и во оваа иницијатива. Луѓе со добри намери. Ова не е критика до секој што беше дел од „Кој е следен“.Моите зборови се насочени кон организаторите. Не кон тие што ги гледавме со транспаренти, туку кон оние што секогаш се во сенките. Луѓето чии имиња не се појавуваат јавно, ама сите знаеме кои се. Тие што го “водат” протестот, а никогаш не одговараат за своите постапки.🪩 Вторите протести - моментот кога сè стана јасноВеќе на вторите протести се почувствува дека нешто не е во ред. Протестот веќе не беше на народот - имаше јасен организатор, агенда, насока. И да бидам искрена, тогаш сè уште верував. Таа поддршка ми значеше. Мислев дека некој вистински се грижи, дека можеби има надеж. Но денес ми е жал што морам да кажам дека видов и доживеав сосема спротивно.🪩 Манипулацијата почнува и жртвата станува неважнаПрисуствував на еден состанок - последен за мене, зашто немав повеќе сила. Таму, меѓу зборовите и молкот, јасно ми беше ставено до знаење дека Фросина не е важна. Нашата болка не е важна. Важна е агендата, а жртвата е само инструмент. И тука морам да бидам прецизна - тие што тогаш го водеа тој наратив, тие што не гледаа како средство, а не како луѓе, денес стојат во позадина и ја поддржуваат иницијативата „Кој е следен“. Не се тие што се појавуваат напред, туку тие што тивко ги влечат конците. И за да ви доловам за каков тип луѓе станува збор - тоа се истите што во минатото шетаа со транспаренти “Црквата да одјебе”, што палеа канцеларии, што не познаваат граници кога се работи за промовирање на своите цели. Не зборувам за луѓето што искрено протестираат - зборувам за тие што стојат зад сцената. За тие што имаат агенда, а не срце.🪩 8 Март - најболната навредаПротестите за 8ми Март нема ни да ги коментирам. Ако некому му се чини соодветно да маршира со тенџериња и дрвени лажици од место каде што некој трагично загинал, нека му служи на чест. Јас мислам дека тоа беше врв на непочитта.🪩 Од ожалостено семејство - до метаНе можам веќе да молчам. Не можам да гледам како нашата трагедија, а денес и трагедијата на уште многу семејства со слична судбина на нашето - се користи, извртува, злоупотребува. Од едно семејство, денес станавме стотици. И сите сме ранливи. Сите полесни за манипулација.Системот не чини, тоа го знаеме сите. Но луѓето што го креираат тој систем од сенка нема да ни го решат проблемот. Нивната борба не е за нас. Ниту за вистината. Ниту за правдата.❗️ “Кој е следен?” да ве прашаме вас:Кој е следен❓Која мајка❓Кој брат❓Која сестра❓Која трагедија ќе биде следна на менито на вашите интереси?“, напиша Кулакова.

Македонија | пред 9 месеци

Screenshot-2025-02-03-at-09.10.21

Заврши истрагата за возачот кој ја усмрти Фросина на пешачки, посебен предмет има за тоа како дошол до автомобилот

Истрагата за возачот Васил Јованов кој ја усмрти Фросина Кулакова, прегазувајќи ја додека поминуваше на пешачки премин е завршена. Обвинителот ги собрал сите докази, а завршени се и сите вештачења, според кои е утврдена вина кај Јованов. На ред е обвинетиот и неговиот адвокат Сашко Дуковски да направат увид во доказите, по што ќе следува обвинение.„Истрагата е завршена. Течат законските рокови за увид во доказите“, велат кусо од Обвинителството за „Скопје1“.Јованов е осомничен дека со усмртувањето на Кулакова, под дејство на алкохол, неприлагодена брзина и со поминување на црвено светло сторил кривично дело - тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, според кое, најниската казна е четири, а може да добие и најмногу 20 години.Предметот за тоа како дошол до возилото кое било сопственост на неговата мајка, се води засебно, дознава „Скопје1“ и е во тек. До негово отворање дојде откако се дозна дека Васил Јованов има повеќе казни за сообраќајни прекршоци, односно дека повеќе пати го управувал возилото без дозвола. Родителите на прес-конференција кажаа дека го земал без нивно знаење и дозвола. Ова наиде на многу реакции, со оглед дека истото се случувало во повеќе наврати.Истрагата за усмртувањето на Фросина, е завршена за месец и половина. Досега Обвинителството кажа дека Јованов возел со зголемена брзина, а вештачењето точно утврдило и со колку.„Не се придржувал кон прописите и со тоа го загрозил јавниот сообраќај. Автомобилот го управувал без возачка дозвола и под дејство на алкохол со 0,82 промили присуство на алкохол во урина, со што го довел во опасност животот на луѓето. Кога дошол пред обележан пешачки премин на крстосницата со ул.„29-ти Ноември“, не ја приспособил брзината на движење на возилото спрема својствата и состојбата на патот и сообраќајот и другите сообраќајни услови за да може навремено да го запре возилото пред секоја пречка. Пред пешачкиот премин регулиран со семафори кои за време на незгодата работеле исправно, продолжил со движење на вклучено црвено светло на семафорот и со предниот лев дел од возилото удрил во телото на пешакот-жртва Фросина Кулакова, која на обележан пешачки премин попречно ја преминувала коловозната лента. Од ударот оштетената се здобила со тешки телесни повреди од кои на лице место починала“, соопштија од Обвинителството по несреќата.Јованов е во притвор во затворот во Шутка.

Македонија | пред 9 месеци

frosina-4512513245

Сестрата на Фросина откако пак е прегазен пешак: До кога ќе не газите?! До кога од улиците ќе правите гробишта?

Се огласи сестрата на починатата Фросина Кулакова која почина на 29 јануари кога беше прегазена на пешачки премин.Нејзината сестра Росица сега се огласи на Фејсбук споделувајќи вест за уште една млада девојка која што беше прегазена од несовесен возач.„До кога ќе не газите?! До кога од улиците ќе правите гробишта? До кога ќе броиме жртви, ќе палиме свеќи, ќе плачеме над изгаснатите младости?“ прашува Росица па продолжи со својата објава прашувајќи „уште колку жртви се потребни за нешто да се промени во нашата држава“, но и изразувајќи поддршка за девојчето што е повредено.Се уште одекнува болката од загубата на мојата сестра… а синоќа уште една жртва. Колку уште? Колку животи треба да бидат згаснати или засекогаш променети конечно нешто да се промени? Ова не е судбина. Ова не е несреќа. Ова е беззаконие, немарност, некултура што убива! Колку уште крв треба да се пролее пред да кажеме ДОСТА Е?!“ пишува Фросина во својата објава на Фејсбук.Веста за несреќата:

Коментари | пред 10 месеци

footooo

Нов протестен марш за Фросина: Се тргнува од Универзална, се маршира за сите жртви

Росица Кулакова, сестра на усмртената Фросина, се приклучи кон ицијативата „Кој е следен“ која организира серија протести за безбедност во сообраќајот.„Да нема забуни, манипулации и политизирање! Нешто што ние од првиот ден го бараме! Ова е граѓански протест, протест на народот, протест на тагата, на револтот и на желбата да се остане тука! 16.30ч пред Универзална Сала.Симболично тргнуваме од овде. Местото каде што заврши сонот на Фосина. Местото каде што се прели чашата со крв. Местото каде што оваа иницијатива започна. Да и оддадеме почит на Фросина но и на сите жртви на корумпираниот и трул систем. 17.00ч пред Влада ( извршна власт) Ние како семејство јавно се заблагодаривме и сме благодарни на досегашната поддршка од Владата.Не протестираме против Владата, напротив, бараме да продолжи да не поддржува и нас како семејство, но исто така бараме да ја поддржи и иницијативата “Кој е следен” и да ги сослуша барањата што ќе произлезат од протестите. Истото го бараме не само од власта туку и од опозицијата! 17.45ч пред Собрание (законодавна власт) Бараме да се вклучат во промената на законите и Парламентот активно да контролира како тие закони се спроведуваат. 18.30ч пред Апелационен Суд (судска власт) Бараме да се свестат дека гнојот во општеството доаѓа од овде! Бараме да сфатат дека и тие се дел од народот! Бараме чинителите на судската власт да престанат да ги бранат нечесните меѓу нив, а веруваме дека не сите судии и обвинители се исти! Ве повикуваме сите да ни се приклучите во оваа борба за подобро утре! Сите сме Фросина!!! Секој еден може да е следен! Се гледаме утре пред Универзална во 16.30!“, напиша Кулакова.

Скопје | пред 10 месеци

vasil-jovanov-i-roditeli

Родителите тврдат дека не знаеле дека Васил го земал автомобилот, убедуваат дека е променет откако бил осуден за дрогата

Возачот Васил Јованов го украл автомобилот од родителите кога направил сообраќајка пред неколку години, а истото го направил и вечерта кога ја усмрти Фросина Куланова на пешачки. Ова го кажа неговиот татко Зоран Јованов, кој заедно со мајката Ана изразија длабоко сочуство на семејството на жртвата. Истовремено, посочија дека Васил е променет откако бил осуден за дрогата – марихуана и кокаин, за која доби воспитна мерка која сега му е преиначена во затворска казна од три години и десет месеци.„Таа вечер бев јас со една група пријатели и колеги, излезен, Васил беше дома кога излегов. Така што не знаев дека тој го земал возилото“, рече Зоран Јованов, татко на Васил.Но и покрај ова, таткото смета дека пресудата за дрогата каде Васил доби воспитна мерка, што сега е преиначена во затворска – вродила со плод.„Васил после пресудата, иако имаше неколку години потешкотии да се откаже од пушење трева, исклучиво трева, немаше други наркотични средства – после пресудата, навистина се промени. Како до допре до него нешто. Престана со цигари, се фокусираше на спортот, си најде психолог сам го посетуваше, си најде духовен водач во св. Јован Бигорски. Пресудата, притворот, постапката – не знам, но Васил се промени“, додаде Зоран Јованов.Адвокатот Сашко Дуковски, рече дека Васил не консумира алкохол и дрога. Но тоа траело до вечерта кога ја усмрти Фросина.„Првпат по седум-осум месеци, да тој конзумира воопшто алкохол на отворање на кафичот од негов пријател. Апсолутно ниту конзумира дрога и алкохол, до настанот. Тоа не е оправдување, но е факт“, рече Дуковски посочувајќи дека Васил е психички здрав, брзината со која го управувал возилото не е утврдена, притисок врз судот не е вршен.Осврнувајќи се на притворот, Дуковски рече дека не се противел Васил на притворот, признавајќи дека барал во негово име да не биде одредена оваа мерка.„Никој не се противел туку беа дадени законски наводи зошто сметаме дека не треба да се определи притвор“, рече Дуковски. 

Македонија | пред 11 месец

frosina-4512513245

Сестрата на Фросина: Сите сме сведоци на срамната изјава на родителите на Васо кои кажаа дека им ја крадел колата

Росица Кулакова, сестрата на Фросина, смета дека изјавата на родителите на возачот Васил Јованов дека тој го крадел автомобилот е срамна. Таа јавно ги праша, дали некогаш го пријавиле за кражба.„Сите сме сведоци на денешната срамна изјава од родителите кои кажаа дека Васо им ја крадел колата за да ја вози, а тие ко неми си ќутеле. Па зарем тоа не е кривично дело - КРАЖБА?! Дали некогаш родителите го пријавиле дека сторил кривично дело кражба? Колку пати Васо го повторил истото дело? И дали родителите на Васо прикривале кривично дело?! М?“, напиша Кулакова.Претходно:

Коментари | пред 11 месец

frosina-4512513245

Сестрата на Фросина: За да нѐ дефокусираат од реалните трагедии, ботови на корупцијата праќаат лажни дојави за бомби-срамно!

Росица Кулакова, сестра на смртоносно прегазената Фросина Кулакова, се сомнева дека лажните дојави за бомби се со цел да се направи дефокус. Таа во статус на социјалните мрежи рече дека станува збор за срамен чин, а истовремено, изрази сочувство за Игор Југ, осуденк за 27 април кој почина.„Сочувство до семејството на Игор Југ, уште една жртва на корумпираното судство. За да нѐ дефокусираат од реалните трагедии, ботови на корупцијата праќаат лажни дојави за бомби во училиштата. Нели ни е веќе видено ова сценарио? Со ефтини закани пробувате дополнително да ги исплашите веќе преплашените деца и родители. Срамно!“, напиша Кулакова.

Коментари | пред 11 месец

Screenshot-2025-02-03-at-09.10.08

(Видео) „Прошка нема!“ - гнев и тага на собирот за Фросина

„Секој еден може да е следен“, „Убијци“, „Системски промени“, „Правда за Фросина“, „Бараме правда“. Ова се само дел од сканираните пароли на протестот во Скопје преку кој се бара одговорност од возачот Васил Јованов кој на пешачки ја усмрти Фросина Кулакова. „Прошка нема, правда мора да има, време е“, „Доживотен затвор“, „Корумпирани родители - деца убијци“, „Доживотен затвор“ – беа пораките од транспарентите.По собирот кај Универзална сала, граѓаните во тишина се упатија кон Собранието, каде што таткото на Фросина обрати и порака до јавноста.[caption id="attachment_321034" align="alignnone" width="2560"] Screenshot[/caption]„Ова што ни се случува најблизу може да се објасни како непомирлив судир меѓу два различни вредности, цивилизациски концепти. Се работи за систем и антисистем. Од една страна системот ни создава универзални вредности, правила, базирани врз цивилизациски коректни начела, каде што децата се учат во домовите, во школите, во црквите. И затоа некои од нив заради таквиот хуманистички пристап стануваат херои на нашето време. Дозволете ми, Фросина да ја сместам во тие херои на нашето време. Девојче за пример, врвен интелектуалец за своите години, врвен дизајнер. Светските врати и беа отворени, изминатите четири години, еднаш годишно одеше во Париз, сега ја усмртува баш кога си уплаќа за четвртиот пат да оди во Париз на модна ревија. Другите, оние кои се задоени со чемерот на антисистемот, претварајќи се во наркодилери, насилници, убијци, заедно со тешко потплатени судии, обвинители и други, кои што судии, обвинители, проценители, извршители направија балкански дуќани, друштва за наддавање како аукциски куќи, кој ќе плати повеќе мито, тој добива, а по правило без исклучок, криминалците и нивните адвокати добиваат“, рече Кулаков.[caption id="attachment_321037" align="alignnone" width="2560"] Screenshot[/caption]Во знак на почит кон Фросина, насобраните неколку минути молчеа, додека небото беше осветлено од блицевите на нивните телефони – симбол на надеж, но и на аларм кој треба да го разбуди општеството.

Македонија | пред 11 месец

frosila-rosica

Сестрата на Фросина: Бараме да се затвори таткото на убиецот и судијата Даниела Алексовска-Стојаноска

Росица Кулакова, сестра на Фросина, која беше усмртена од возачот Васил Јованов на пешачки премин, побара да се затворат таткото Зоран Јованов и судијката Даниела Алексовска-Стојаноска која во постапката за дрогата му одредила воспитна мерка, наместо затвор. Таа смета дека тие не можат да извршуваат државни функции.„Општеството е огледало на вредностите што ги носат оние кои го водат, а децата се начистиот одраз на своите родители. Не може да се очекува чесно и одговорно управување од луѓе кои не успеале да ги всадат основните морални и општествени вредности дури ни во сопствениот дом. Доделувањето на држвните фунцкии не смее да се сведе само на формални образовни критериуми, јавните функции мора да ги извршуваат луѓе со интегритет, кој својот карактер го покажале и во својот живот како граѓани, родители. Оној што не успеал да го воспита сопствениот наследник, да ги почитува законите, да разликува добро од зло и да живее чесно, не може да бара доверба да управува со државата. Ваквите лица не смеат да добијат јавна функција туку да одговараат за сопственото делување, но и за криминалните постапки на своите помлади полнолетници. Општеството не смее да биде заложник на луѓе без морални темели“, рече Росица Кулакова и додаде:„Ние за Фросина бараме правда не само од убиецот, бараме правда и од таткото, бараме да одговара таткото, да се затвори таткото, Зоран Јованов и судијката, Даниела Алексовска-Стојаноска, кои не излегоа јавно да изразат сочувство кон семејството, туку се кријат и бришат профили“.На крајот, посака никој да не го поминува ова што го минува таа и нејзиното семејство.

Македонија | пред 11 месец

vasil-jovanov

(Фото) Возачот кој ја усмрти Фросина со телефон во затвор: префрлен е во самица, а се води и истрага

Само два дена откако влезе во притвор, возачот Васил Јованов кој на „Партизанска“ ја усмрти Фросина Кулакова, набавил телефон во притворското одделение во затворот во Шутка. За ова се дозна откако затвореници го снимиле додека бил во дворот каде има право на шетање од 1 до 2 часа.Откако фотографиите завршија на интернет, Јованов заврши од ќелија со други осуденици во самица. Директорот на затворот, Бобан Утковски, рече дека ќе се проверува како Јованов го набавил телефонот и од кого, за што посочи дека веќе се прават проверки.На социјалните мрежи, одговорност бараат и од семејството на Фросина.„Од семејството на свирепо убиената Фросина Кулакова јавно се обраќаме да се пронајде одговорниот што го снабдил со телефон убиецот - монструм и да биде соодветно санкциониран. Системот повторно потфрли! Дали ќе се дозволи корупцијата што ја уби сестра ми и понатаму да владее?! Чие дете е следно?“, напиша Росица Кулавкова.Јованов доби притвор поради опасност од бегство, повторување на делото, влијание во постапката. Тој преку неговиот адвокат се противеше и бараше да се брани од слобода или судот да му досуди алтернативни мерки како домашен притвор или одземање на пасош. Ова беше одбиено.Обвинителството извести дека тој бил под дејство на алкохол и без возачка кога ја прегази Фросина на пешачки премин. Истрагата за случајот е во тек.БОНУС ВИДЕО: Како изгледаат притворските ќелии во затворот во Шутка

Македонија | пред 11 месец

frosina-p

„Кој е следен?“ - Објавено времето за новиот протест по трагедијата со Фросина, ќе се адресираат три проблеми

Утре (недела 02.02.2025), во 17:00 часот ќе се одржи протест на булевар Партизански Одреди, кај Универзална сала под називот „Кој е следен?“. Организаторите најавуваат:„Случајот со Фросина Кулакова не е изолиран, се повторуваат истите случаи на неконтролирано возење со години, се повторува неказнувањето и недолжното згаснување на животи. Фрустрирани од состојбите што не се менуваат, повикуваме на изразување на граѓански револт. Системот ги отфрла децата и младите кои поради недоволна грижа го избираат погрешниот пат. Институциите не се координирани и тоа доведува до млади кои не ја добиваат потребната поддршка за да бидат активни чинители во општеството. Тој недостиг на поддршка резултира до сѐ почести фатални последици.[caption id="attachment_320984" align="alignnone" width="1330"] Screenshot[/caption]Протестот има за цел да адресира три главни проблеми:1. Нефункционалност на системот за заштита на децата и младите кои се во судир со законот2. Недоволна безбедност во градовите3. Глорификација на девијантно однесувањеАлките во системот за работа со деца и млади во судир со законот не функционираат. Институциите не настапуваат координирано за идентификување на децата и младите во судир со законите, а тие кои веќе се идентификувани не ја добиваат функционалната грижа за да се изградат во корисни и чесни граѓани на општеството. Дополнително, урбаната инфраструктура не ја осигурува потребната безбедност. Неопходно е градовите да можат да гарантираат безбедни услови за живот.За крај, од исклучителна важност е да се поттикне јавната свест кон гласно осудување на глорификацијата на девијантното однесување.Круцијално е да се информираат граѓаните за последиците од возвишувањето на неказнивоста и заобиколувањето на правилата“.

Скопје | пред 11 месец

Screenshot_20250130_223144_Instagram-1

Полициското досие на Васил Јованов: Дрога, насилство, сообраќајни прекршоци

Возачот Васил Јованов, на 20-години, има полициско досие со повеќе дела. Од дрога до насилство, но и сообраќајни прекршоци. Сето ова е заведено од полицајците кои постапувале по предмети во кој Јованов се јавува какопрекршител на законот. Од МВР за „Скопје1“ велат дека во изминатите неколку години, возачот кој ја усмрти младата Фросина Кулавкова се јавува како учесник во неколку кривично-правни настани.„Кривично-правните настани се поврзани со недозволена трговија со дрога, нарушување на јавниот ред и мир-насилство и како сторител на повеќе сообраќајни прекршоци. Од страна на Министерството за внатрешни работи соодветно е постапувано и за истото се поднесени соодветни поднесоци и платни налози“, велат од МВР за „Скопје1“.Кривичен суд пак, посочува дека Јованов имал чисто досие.„Обвинетиот В.Ј. е млада личност, роден на ... година во С., со адреса на живеење на ...... бр..... С., со завршено средно образование, студент на А.К., Македонец, државјанин на РСМ, неосудуван, не се водат постапки за други кривични дела.... Обвинетиот не евидира во казнената евиденција, што значи првпат доаѓа во судир со законот, а против истиот ниту како дете не биле изрекувани воспитни мерки или казна затвор за деца, ниту пак се водат постапки за други кривични дела“, стои во пресудата каде тој е осуден за дрогата.Ова не му е прва сообраќајка на Васил, според сознанијата на „Лидер“. Тој имал несреќа и кога имал 16 години, во која повредил девојка. Но таа се откажала од гонење, па тој поминал само со прекршочна казна.На суд стигнал само поради поседувањето на дрога, која ја имал пакувано во помали пакувања. Полицијата и Обвинителството утврдиле и го гонеле, дека му била за продажба. Судот му изрекол воспитна мерка, но не и затвор.Сега, Јованов е во притвор. Веќе објавивме дека тој и неговиот адвокат се противеле на оваа мерка за обезбедување на присуство, но не го убедиле судот. Ова не е првпат тој да престојува во ќелија во Шутка. Тој минатата година таму поминал три месеци, а бил пуштен по изрекувањето на пресудата од Кривичен суд.

Македонија | пред 11 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања