„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

главни-вести

Нема фотографија

Сообраќајна несреќа во Охрид, се судрија два автомобили и мотор

Попладнево на ул. Железничка се случи сообраќајна несреќа во која неофицијално учествувале два автомобили и мотор.Неофицијално во такси удрил автомобил, а во него мотор.Портпаролот на СВР потврди дека има сообраќајна несреќа на Железничка, но дека увидот е во тек и дека сеуште не се знае каратктерот на повредите на повредените.Нскоро повеќе...

Македонија | пред 6 години

kazimoski

Ќазимоски: Каде завршија парите од паркинзите од Струга за 2018 година?!

Ќазимоски: Каде завршија парите од паркинзите од Струга за 2018 година?!Советникот на Алијанса за Албанците од Лабуништа, Јасмин Ќазимоски реагираше за Извештајот на ЈКП “Еко – Струга”. Ќазимоски во вчерашната седница на Советот ги спомна неговите сомнежи за работата на оваа претпријатие и обвини за несериозност од страна на одговорните лица на претпријатието, објави voxstruga.mk.“Според извештајот од ЈП Еко-Струга, во период од 6 месеци, претпријатието реализирало приходи скромни 238.500 ден. Причината за ова е повеќе од сигурно дека не се издаваат фискални сметки за паркинг услугите, се работи на црно, а парите завршуваат во нечиј џеб. Иако ЈП Еко-Струга е казнето од страна на УЈП за неиздавање на фискални сметки, продолжуваат да работат на истиот начин. Ова е кривично дело, и некој мора да одговара” – вели советникот на АА, Јасмин Ќазимоски од Лабуништа за voxstruga.mk.Фото и текст: voxstruga.mk

Македонија | пред 6 години

zaev-odgovornost

Заев на ТВ 21: Нема непотизам, така изгледа затоа што немаме доволно кадар во Македонија

Премиерот Зоран Заев, во гостувањето во дебатната емисија „Клик Плус„на тв21 на прашање поврзано со непотизмот во државата, за што опозицијата постојано ја обвинува Владата, рече дека тоа навидум изгледа така поради тоа што нема доволно кадар во Македонија, тој вели “ние мораме да направиме јасна дестинкција”.–Ако е така тоа ќе го преземеме како дејствие, значи не е така. Ако некој ви кажува пратеничката од Струмица Катерина Кузмановска има вработено свое дете додека она била пратеник, но тоа дете е лекар, на конкурс од 7 лекари двајца се кандидираа и едното беше тоа и двајцата ги примија. Ако имаше уште 5 ќе ги примеа и тие 5. Значи нема. Дали тоа дека тоа дете не треба да работи. Кажувам ние мора да направиме каде граѓаните се обесправени или каде имаат еднакво право и каде е тоа, ние мораме да направиме јасна дестинкција. Ако имало влијание и тоа точно сега го докажува антикорупциска, дали синот на пратеничка која што синот е вработен во ЕЛЕМ имала инструкции и влијанија и кој е при тоа обесправен, и ако се докаже тоа е завршена работа. Но таа не одлучувала за своето дете ниту па има докази дека влијаела.Премиерот додаде дека работни места се отворени и во катастар, но нема доволно кадар.

Македонија | пред 6 години

sv-pantelejmon

Експресна реакција на Владата за Нотр Дам, но кога и за Богородицата од Нерези?

Кога ќе се случи голема трагедија, како што тоа завчера им се случи на Париз и на Франција со пожарот во осумвековната црква Нотр Дам, тогаш е најчовечки да се помогне. И добро е што кај нас почнува да се нуди помош за обновата бидејќи ќе биде добро овој светски културен симбол да стане и симбол околу кој ќе се обедини европската и светската солидарност, објави skopskoeho.mk.Но, кога ќе се грижиме за нашето наследство како за светското?Порталот објави дека синодот на МПЦ, уште пред две години предупредил дека во манастирската црква „Свети Пантелејмон“ во Нерези протечува покривот и дека со тоа се загрозени најпознатите фрески, а меѓу нив и фреската „Оплакувањето на Христос“ која е насликана во 1164 година, само една година подоцна откако почнала да се гради Нотр дам. Значи, и ние имаме голема обврска да ја заштитиме Нашата дама од Нерези, Пресвета Богородица.Извор и фото: skopskoeho.mk

Македонија | пред 6 години

derkovski

Дерковски: Го чекаме револтираниот гласач од Гостивар со пиштол

После заканата од револтиран гласач од Гостивар дека ќе дојде со пиштол во ДИК, претседателот на Државната изборна комисија Оливер Деркоски во изјава за „Слободен печат“ истакна дека е загрижувачко тоа што Стево Пендаровски го поддржува гласачот кој се заканува.„Што да кажам. Го чекаме да дојде револтираниот гласач со пиштол. Некако ова не е нормална реакција на гласач, без разлика на проблемот. Очекуваме МВР и Јавното обвинителство итно да постапат по овој случај. Ако добро го сфатив, Пендаровски му вели: оди, оди. Мора претседателските кандидати да внимаваат што зборуваат на митинзите“, изјави Деркоски за „Слободен Печат“.

Македонија | пред 6 години

57092795_1249840495166544_2531061692532523008_n

Мицкоски: Ми пријде човек кој што ми кажа дека полнел кутии на денот на референдумот

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во вечерашното гостување во емисијата Клик Плус на ТВ 21 објави скандал поврзан со гласањето на референдумот на 30-ти септември за промена на уставното име на Република Македонија.Тој вели дека на него лично човек му кажал дека за време на референдумот се полнеле кутиите, но како што рече Мицкоски Основното Јавно обвинителство знаело за случајот, но за жал се уште не реагирале.„Еве ќе ви кажам една неформална информација. Мене ми пријде човек кој што ми кажа дека полнел кутии тој ден. Не го кажувам името од објективни причини, но кога ќе има вистински реформи во судството и обвинителството подготвен е човекот да сведочи и кој го мотивирал и како го мотивирал“, вели Мицкоски.Мицкоски посочи дека доколку конечно се отвори истрага за овие предмети, тој е спремен да сведочи.

Македонија | пред 6 години

Capture-2

Силјановска: На Заев не му е местото во изборната кампања

Кандидатот за претседател на опозициската ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Гордана Силјановска Давкова вечерва на митинг во општина Аеродром побара поддршка за претседателската функција, истакнувајќи ја важноста на демократијата во општеството без која, како што рече, нема ниту Европска унија, ниту НАТО.Таа, меѓу останатото, истакна дека на премиерот не му е местото во изборната кампања, затоа што, посочи, тој мора да ја претставува државата и претпладне не смее да биде држава, а попладне партија.„Тоа важи и за сите министри. Тоа е проблем на демократски дефицит, значи дека во оваа земја нема демократија, а каде што нема демократија нема ниту ЕУ и НАТО. За ЕУ и НАТО треба да сте пристојно место за живеење. Ова место е далеку од ЕУ, уште еднаш ќе слушнете дека нема да почнеме преговори“, рече Силјановска.

Македонија | пред 6 години

soobrakajka1-1

Две сообраќајки во Скопје, едно лице загина

Едно лице загинало во една од вкупно две сообраќајки што се случиле изминатите 24 часа на подрачјето на Град Скопје. Во другата сообраќајка полесно е повредено едно лице.Според дневниот извештај на СВР Скопје, изминатото деноноќие се санкционирани 54 возачи кои возеле побрзо од дозволеното, а од сообраќај се исклучени 21 возач пред да се стекнат со правото на управување моторно возило и шест возачи почетници. Сообраќајната полиција исклучила од сообраќај и 15 нерегистрирани возила и едно технички неисправно возило.За користење мобилен телефон сакционирани се 32 возачи, а за неносење сигурносен појас 17 возачи. Санкционирани се и осум возачи за неправилно престројување, како и тројца возачи кои не дале првенство на минување на пешаци на обележан пешачки премин. Евидентирани се и тројца возачи на мотор, мопед или мотоцикл поради тоа што не носеле заштитен шлем.

Скопје | пред 6 години

pendarovski4

Пендаровски: Разбирам дека Силјановска имаше неколку гафови, но бегање од интервјуа не е во ред

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски вчера на Фејсбук објави дека е разочаран од постапката на неговата противкандидатка Гордана Силјановска Давкова да не се појави на дебатата „Жешко столче“ на телевизија Телма.-Навистина се разочарав кога слушнав дека мојата против кандидатка Силјановска не се појавила на дебатата „Жешко столче“ на телевизија Телма. Верував дека барем во однос на дебатите ќе покаже различна политичка култура од онаа ВМРО-ДПМНЕ, култура на бегање од јавни соочувања со критички настроени новинари.Разбирам дека во изминатите денови колешката имаше неколку незгодни ситуации и гафови, но бегање од интервјуа не е во ред. Јас од друга страна ја прифатив оваа дебата и може да го погледнете моето гостување. Ветувам дека и како претседател ќе бидам секогаш достапен за медиумите и граѓаните, напиша Пендаровски.

Македонија | пред 6 години

57092795_1249840495166544_2531061692532523008_n

(ВИДЕО) Мицкоски: Никола Тодоров му е неформален советник на Филипче

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во дебатниот магазин „Click Plus“ рече дека поранешен министер за здравство, сега е актуелен советник на актуелниот министер за здравство, Венко Филипче.

Македонија | пред 6 години

mickovski

Мицкоски: Нема да го користам новото уставно име, па ако сакаат и нека ми го одземат мандатот

Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, во дебатата на „Клик Плус“ на ТВ21 истакна дека кога би бил премиер нема да го користи новото уставно име на Македонија дури и по цена „да му го одземат мандатот“.- Нема да ја користам придавката на новото уставно име на Македонија па ако сакаат и нека ми го одземат мандатот - рече Мицкоски запрашан за тоа како би постапувал доколку би ја водел идната македонска влада.На сугестијата дека треба да се обиде да привлече гласови и од албанската етничка заедница за претседателските избори како што тоа наводно го направил претходниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски, во случајот со Борис Трајковски, Мицкоски рече дека нема намера да тргува со албански гласови преку партии од албанскиот политички блок.

Македонија | пред 6 години

cisterna

ФОТО: Се преврте цистерна со нафтени деривати кај Неготино

Цистерна полна со нафтени деривати се преврте кај Неготино. Возачот на цистерната не е повреден – вели за 1ТВ негов колега во телефонски разговор. Додава дека најверојатно причината е замор на возачот бидејќи на пат кон Грција тргнал вчера во 7 часот наутро, таму чекал да се наполни цистерната и веднаш тргнал кон Скопје. Возачот со кој разговаравме вели дека имаат наредба од раководството да возат без одморот кој е предвиден со закон.Текст и Фото 1ТВ

Македонија | пред 6 години

pozar-krst

Нострадамус го предвидел пожарот во Нотр Дам и тоа со точен датум

Пожарот кој избувна во Париз во катедралата Нотр Дам ги преплави медиумите и социјалните мрежи. Интересно е што според некои толкуања, уште пред 500 години Нострадамус го предвидел пожарот во Нотр Дам и тоа на точен датум 15 април 2019 година.Според неговите стихови јасно е дека Франција и Италија ќе бидат најемотивно погодени, а овој настан според неговото толкување ќе биде враќање на злото кое доаѓа во второто столетие.Пророштвото оживува од различни астролошки траги што укажуваат дека на 15 април 2019 година. Еден од најчестите зборови во Нострадамус е “емоции”, и тоа се поклопува со она што претседателот Емануел Макрон го споменува преку Твитер кога пишува: “Нотр Дам е во оган. Католиците и сите Французи, како и сите граѓани,гори и дел од нас. ”Во пожарот изгоре главната кула, која потоа се урна, а набрзо и целиот покрив по неа.Инаку и по пожарот во вантрешноста на катедралата денеска, крстот стои исправен.Свештеник од катедралата Нотр Дам тврди дека сите скапоцени артефакти и уметнички дела се спасени од историската зграда.Николас Делесал на Твитер напиша:Добра вест: сите уметнички дела се спасени. Богатството на Катедралата е недопрено, Круната од трње, Светите реликвии“.https://twitter.com/KoliaDelesalle/status/1117865987670364160?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1117865987670364160&ref_url=https%3A%2F%2Fpressingtv.mk%2Fsvet%2Fsvshtenik-objavi-site-umetnichki-dela-se-spaseni-krunata-od-trnje-svetite-relikvii%2F

Свет | пред 6 години

bukvi

5 мај прогласен за ден на македонскиот јазик

На оваа своја денешна седница, Владата на РСМ донесе одлука 5 мај да биде прогласен за Ден на македонскиот јазик како празник од работен карактер. Одлуката овој датум да се прославува како Ден на македонскиот јазик е во чест на Решението на Народната влада на Федерална Македонија која на 5 мај 1945 година ја усвои азбуката на македонскиот јазик како официјално писмо, а по два месеци Министерството за просвета го озакони, првиот правопис со што беше кодифициран македонскиот јазик.

Македонија | пред 6 години

saso-zitosanski

Припадник на МВР поднесе отказ: Се заколнав ќе ја штитам Р Македонија, а не некаква си вештачка СЕВЕРНА творевина

Сашо Житошански, припадник на Министерството за внатрешни работи на 25 минатиот месец си поднесе отказ поради како што вика му смета новото име на нашата држава. Еве што напиша Сашо на својот Фејсбук профил.https://www.facebook.com/saso.zitosanski.5/posts/2253067738069959„Во 2015 година се заколнав дека ќе го штитам Суверенитетот и територијалниот интегритет на РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, мојата Татковина и наследството од нашите предци и ќе ги штитам нејзините граѓани, доколку е потребно и со мојот живот. Но НЕ и некаква си вештачка СЕВЕРНА творевина, креирана од предавници и среброљубци, а одобрена од народот. Затоа на 25.03.2019 поднесов до Министерството за внатрешни работи на РСМ. , НЕОТПОВИКЛИВ ОТКАЗ и за тоа ќе платам 3800евра казна за годините кои несебично ги вложив во Министерството. Како првенец на генерација во Основно училиште, првенец на генерација во Средно училиште, помеѓу првите 3 студенти на Факултетот за Безбедност со просек 9.57, првенец на Класа 2015 (машки) во Центарот за обука на МВР, одликуван лично од тогашниот Министер за внатрешни работи и за скоро и Магистар по Криминалистика на Факултетот за безбедност, целокупниот мој живот и образование го насочував кон одржување и унапредување на безбедноста на ова свето парче земја и на овој народ. Но за жал денес јас не го препознавам овој народ, зошто кога најмногу и требавме на Македонија никој од дома не излезе, а сега се полнат автобуси за партиски митинзи... Партиите и личните интереси ви се побитни од Македонија. Жално... Не сакам ниту да споменувам за -0 Економија, за корумпираното и исполитизирано до максимум судство и полиција, за катастрофалното здравство итн. Од мал бев патриотски воспитуван да си ја сакам татковината и да ги почитувам сите кои го дале животот за неа, се наежував од самото интонирање на химната од која денес некои се срамат, од текстовите по историја за храбрите подвизи на нашите предци, но да го дадам животот за политички корумпирани игри и нивни лични интереси, не ни намислувам. Еднаш изјавив дека ќе извадам ако треба пасош од "Тунгузија", но не и од Северна и стојам на тоа, но каде и да сум јас во мене знам дека сум МАКЕДОНЕЦ и тоа никој не може да ми го одземе. На крај сакам да се заблагодарам на некои од моите досегашни колеги, чест ми е што некои ги познавам, сум учел од нив, сме делеле леб и на - 20степени надвор сме им служеле на граѓаните и на Македонија, за другите сеедно... Поздрав од Каизерслаутерн и се надевам дека ќе остани некој што ќе го изгасне светлото, но со ваков тек на настани, со ваков народ и со вакви политичари, жална судбина ја чека Македонија т.е. Македонија веќе не постои, Северна е.. Жалосно“, напиша на ФБ Житошански.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања