Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

главни-вести

ivanov-3

Иванов ќе бојкотира: Не се откажувам од мојата заклетва

За прв пат отворено и децидно претседателот на Македонија Ѓорге Иванов изјави дека ќе го бојкотира референдумот на 30 септември. Тој ги повика граѓаните да не дозволат некој да им ја контролира совеста, туку самите да одлучат дали ќе излезат да гласаат или ќе бојкотираат. Иванов ова го соопшти за време на говорот пред Обединетата македонска дијаспора во Детроит.Што се однесува до мене, јас сега веќе сум гласал. Гласав пред 27 години, на 8 септември 1991 година. Јас бев еден од тие што го дадоа својот глас за Република Македонија да се конституира како суверена и независна држава, со име и достоинство. Не се откажувам од мојата одлука. Затоа на 30 септември нема да излезам да гласам. Кога ја преземав функцијата Претседател на Република Македонија, се заколнав дека ќе ги почитувам Уставот и законите. Не се откажувам од мојата заклетва. Затоа, на 30 септември нема да излезам да гласам“- рече Ѓорге Иванов , претседател на Република Македонија.Оваа одлука на Иванов е добар пример зошто граѓаните не треба да постапат исто како него, му реплицираше во Скопје вицепремиерот Бујар Османи.За бојкот на референдумот досега официјално се декларирале само неколку пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, потоа Јанко Бачев од партијата Единствена Македонија и претседателот Иванов. Сите останати парламентарни партии и меѓународниот фактор се единствени во поддршка на референдумот за членство на земјата во НАТО и ЕУ, повикувајќи се на договорот за промена на името.

Македонија | пред 7 години

mkd-382848

Контролата од ЕУ почнува, Османи со засилено темпо ќе усогласува закони

Од 27 септември Македонија го започнува скрининг процесот за пристапување во ЕУ. Во Европската Комисија во Брисел во четврток заминува 40 члена делегација составена од претставници на повеќе министерства и институции, предводена од вицепремиерот Бујар Османи. Почетокот на т.н објаснувачки скрининг е пресвртната точка со која Макеоднија и формално го почнува последниот дел од патот кон ЕУ, рече Османи.„Од страна на ЕК ќе биде презентирано првото поглавје од преговорите за правосудството и фундаменталните права, т.е поглавјето 23 со што и формално почнува скринингот, како подготовка за почеток на преговорите за полноправно членство во ЕУ“, рече Османи.Отворањето на првото од 33 поглавја од првата фаза значи дека ќе има 33 посети на Брисел или над 1.000 луѓе кои ќе земат учество во овој објаснувачки скрининг.„Во наредниот период ќе има засилено темпо и обврски но и можност да покажеме колку сме подготвени, како земја да се справиме со предизвикот за усогласување на стандардите на ЕУ“, вели Османи.Преговорите помагаат државата кандидат да се подготви за исполнување на обврските кои произлегуваат од членството во ЕУ но и унијата да се подготви за проширување. Преговорите за секое од поглавјата се засноваат на скрининг на националното законодавство и степенот на негова усогласеност со евроспкото право а ЕК спроведува детално испитување на секоја област, за да се одреди колку добро е подготвена државата и ги презентира пред државите членки во форма на Извештај за скрининг.Заклучокот од таквиот извештај е препорака од ЕК, или директно отворање на преговорите или барање за исполнување на одредени услови пред да се отворат преговорите за соодветнбо поглавје.

Македонија | пред 7 години

JSP-avtobusi-parkirani

Забрана за пренесување на вреќи со компири во автобусите на ЈСП

ЈСП и приватните превозници велат дека Градот Скопје има правила за тоа што смеат, а што не смеат да внесуваат патниците во автобус и тие правила мораат да бидат почитувани. Често се случува автобусите да бидат преполни со патници кои со себе носат тобри на тркала за пазарење или торби во кои се превезува се и сешто. Со ваквиот начин се попречува нормалното циркулирање на останатите патници и притоа се создаваат големи гужви.На официјалната страница на ЈСП Скопје е истакнат кодекс за однесување на патниците. Според него, во возилата не е дозволено внесување:– личен багаж чии димензии се поголеми од 100x60x25 или потешки од 30кг.– оружје, високо запаливи, експлозивни, отровни и други опасни материи– предмети кои можат да го загрозат животот, здравјето на патниците и возачкиот персонал– внесување на велосипед, влез со ролери, лизгалкиНа патниците вооедно им е забрането и:– попречување на одговорното лице во вршење на својата работа– задржување во возилото на начин кој попречува при наплата на карти и влез и излез– оневозможување отварање и затварање на вратите, како и насилно нивно отварање– влегување и излегување од возилото додека е во движење– фрлање на отпадоци– оштетување на возилото– пушење во возилото– конзумирање на храна и пијалоциОсвен поплаки во врска со гужвите, патниците се жалат и на пребрзо возење, пуштање гласна музика од страна на одредени возачи, често незастанување на утврдените станици, често пушење цигари од страна на превозниците, возење со отворени врати во најтоплите денови наместо пуштање клима, доцнење или предвремено тргнување од почетните постојки и слично.Освен патниците, и вработените во ЈСП имаат свој кодекс на однесување до кој мораат да се придружуваат. Одредбите содржани во истиот се обврзувачки и нивното непочитување повлекува соодветни санкции.

Скопје | пред 7 години

ke_se_vrab_vo_grad_sko

Град Скопје: Намалени расходи и нови проекти со ребалансот на буџетот

На следната седница на Советот на Град Скопје ќе биде разгледуван Предлог за изменување на Буџетот на Град Скопје за 2018 година со кој е предвидена рационализација на трошењето на буџетските средства. Буџетот на Градот за 2018 година ќе биде намален вкупно за 346 милиони денари. Наместо предвидените 4,23 милијарди Град Скопје во текот на 2018 година со овој ребаланс планира да потроши вкупно 3,88 милијарди денари.Овој ребаланс е подготвен во согласност со усвоениот втор квартален извештај за извршување на Буџетот на Град Скопје за 2018 година. Во првото полугодие остварувањето на приходите се одвива согласно со планираното, а плаќањата на расходите се одвиваат редовно и навремено. Вкупните приходи за овој период од годината се остварени во износ од 2,2 милијарди денари што претставува 36% во однос на планот за 2018 година.Во ребалансот кој ќе се гласа на 27 септември, најголемите промени во вкупните предвидени средства се однесуваат на Секторот за планирање и уредување на градежно земјиште каде е предвидено намалување на средствата за 226,82 милиони денари, како и Секторот за сообраќај каде што е предвидено намалување за 32 милиони денари.Намалувањето на средствата во Секторот за планирање и уредување на градежно земјиште се должи на постигнатите поевтини цени во текот на тендерските постапки на проектите кои се изведуваат оваа година во однос на проектите во изминатите години. На пример, за булеварот Христијан Тодоровски Карпош, чија тендерска постапка за првата фаза е завршена во 2016 година, постигнал значително повисока цена по километар во однос на втората фаза, чија тендерска постапка заврши годинава. Втората фаза за истиот булевар во текот на тендерската постапка постигнува цена по километар која е 21,85 % поевтина во однос на цената на првата фаза.Промени во буџетот има и во секторите за: информатичка технологија и модернизација (намалување од 32,1 милиони денари) и општи работи (намалување од 23,05 милиони денари). Незначителни промени има и во секторите за: животна средина, локален економски развој, образование, комунални работи, правни работи, јавни дејности, како и инспекторат.Во делот на комуналните работи предвидени се 5 милиони денари за набавка на контејнери за одлагање отпад, 5 милиони денари за набавка на комунални возила за собирање отпад и 3 милиони денари за опрема на стационарот Вардариште. Во делот на планирање и уредување на градежното земјиште предвидени се дополнителни 3,18 милиони денари за проекти за надворешни содржини за спорт, спортски објекти и култура, како и дополнителни 1,5 милиони денари за вело паркинзи и мини спортски игралишта.

Скопје | пред 7 години

Mir-i-tolerancija-Karpos-696x392

Младите од општината Карпош го одбележаа Светскиот ден на мирот

Ученици од скопската гимназија „Никола Карев“ го одбележаа 21 септември, Светскиот ден на мирот. Дваесетина ученици ја посетија општината Карпош и на вработените им поделија пораки за толеранција, љубов, разбирање меѓу луѓето и превенирање конфликти, особено меѓу младата, училишна популација. Тие беа придружени и од дваесетина ученици од основното општинско училиште „Лазо Трповски“ од Карпош.– Општината Карпош беше пример за ширење мир, толеранција и позитивни вредности кај младите – вели претставникот од „Цивилмедија“ и професор во гимназијата „Никола Карев“, Елвира Мустафа.Претседателот на Советот на општината Карпош, Андреј Манолев, ги пречека младите гости и ги задржа во краток разговор, на кој си разменија заеднички визии за напорите што ги прави општината во насока на ширење позитивни вредности и подобрување на нивното секојдневно живеење.Во одбележувањето на Светскиот ден на мирот, во посета на локалната администрација дојдоа и членовите на Мировниот клуб, Кристијан Кулевски и Жарко Ванески, кои порачаа дека токму денеска треба да се искаже ставот контра психичкото и физичкото насилство меѓу младите, да ја разбудат свеста и кај родителите и кај учениците, а на жртвите на оваа појава да им укажат дека секогаш има некој што стои зад нив, ги поддржува и дека ќе им бидат достапни во секое време. Инаку, одбележувањето на настанот „Светски ден на мирот“, кое почна со посетата на општината Карпош, вклучи и централен марш на млади ученици и активисти што ќе појдат од спомен-обележјето на „Мајка Тереза“ на градскиот плоштад.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

ВИДЕО: Принцот Вилијам ги помеша државите, па стана хит на социјалните мрежи

Принцот Вилијам присуствувал на свеченото отворање на јапонскиот дом на културата во Лондон, а за таа прилика учествувал во разни работилници.Токму на отворањето му се случил незапаметен гаф кој брзо станал вирален на социјалните мрежи.Во Лондон во четвртокот беше отворен јапонскиот дом на културата, чии изложби, настани и гастрономски уживања ја претставуваат културата на Далечниот исток во британската метропола. Во склоп на својот кралски аранжман, на свеченото отворање присуствувал и принцот Вилијам.Една од задачите на учениците од интернационалното училиште била да ги покажат своите вештини со јапонските стапчиња за јадење, а на предизвикот им се придружил и добро расположениот принц. Со цел да ја разбие тремата на масата, тој пробал да ги забавува децата поставувајќи им неколку прашања, но потоа му се испуштил гаф поради кој станал предмет на потсмев.„Сакате ли кинеска кујна? Ммм, мислам јапонска храна, јадете ли често јапонска храна?“, брзо се поправил 36-годишниот принц, а децата не биле претерано заинтересирани за разговор.„Не? Не баш… Сакате ли суши? Сушито е вкусно“, продолжил принцот Вилијам.

Свет | пред 7 години

vmro-dpmne-zgrada-650x396-1

ВМРО-ДПМНЕ: Заев јавно поткупува гласачи, нема кој да го казни

Правдата и законите во Македонија не важат подеднакво за сите! особено не за премиерот  Зоран Заев и неговата клика.Тој може отворено да повикува на криминал, и поткуп на гласачи а нема кој да го казни, обвини денеска повторно ВМРО-ДПМНЕ.Оттаму велат дека по јавниот повик на заев за поткупување на гласачи за референдумот, молчи и јавното обвинителство, но и ДИК и меѓународните организации. Оод опоизицијата најавувата дека доколку Јавното обвинителство не реагира тие ќе поднесат кривична пријава.

Македонија | пред 7 години

ne-niz-vodno

„Го сакам Водно“ до Шилегов: Каприциозни сме затоа што ја работиме вашата работа и се грижиме за животната средина

Граѓанска иницијатива „Го сакам Водно“ реагира на изјавите на скопскиот градоначалник Петре Шилегов, според кој активистите против изградбата на гасовод низ Водно ги игнорирале фактите и биле каприциозни. Тие му порачуваат: „Каприциозни сме затоа што не дозволуваме да се уништува заштитено подрачје кога има алтернативи? Каприциозни сме затоа што ја работиме Вашата работа, затоа што со активни членови од важечки закони ве демантираме Вас и заменик-министерот за животна средина, Јани Макрадули, кога велите дека Водно не е заштитено и со тоа да си ѝ олесните на Вашата совест што ќе дозволите да се уништува парк-шумата Водно и да Ви го загрозат градот? Каприциозни затоа што не дозволуваме опасност за жителите во подножјето на Водно од лизгање на земјиштето? Каприциозни зашто редица процедури, закони, конвенции се прекршени во целата постапка на изградба на овој гасовод и тоа Ви го укажуваме?“Активистите во обраќањето до Шилегов посочуваат дека во изминатите неколку месеци на темата – гасовод низ Водно, стотици аргументи и факти му биле ставени на располагање и на него и на претставниците на другите инволвирани институции.„За да бидеме попрецизни, уште пред неколку месеци, ние како активисти Ви ги дадовме клучните податоци за трасата, нејзината должина и штетата по природата и планината. До тогаш вицепремиерот Анѓушев беше уверен дека се работи за само 600 метри по што се договоривме заедно да се качиме на Водно и го провериме тој податок на самото место. Измената на трасата во потег од 4,3 км се должи токму на тие факти презентирани од наша страна. Факт е дека до ден-денешен не е презентирана компаративната анализа врз која се донела одлука трасата да помине низ Водно. Факт е дека договорот за заемот од 90 милиони евра со Дојче и Ерсте банка за изградба и на овој гасовод не е даден на увид. Факт е дека има низа нерегуларности во целата постапка, некои од нив ги наведовме и доставивме и до Вас и до надлежните инспекторати. Факт е дека Вие во декември и март баравте:– преиспитување на трасата на гасоводот,– изготвување нова оцена на влијание врз животната средина,– повторување на постапката за добивање на потребната документација за изградба на предметната делница на гасоводот,– наведувате дека од 53 документи врз основа на кои е издадено одобрението за градење нема документ со кој е одобрена градба во заштитено подрачје– потенцирате дека не било земено предвид оти трасата на гасоводот минува низ заштитениот локалитет Парк-шума Водно.Интересно, како тогаш парк-шумата Водно била заштитено подрачје, а сега не е. Или тогаш или сега не ја кажувате вистината. Во кој било случај тоа зборува за Вас и Вашиот интегритет и како фактите се менлива категорија по потреба.Господине Шилегов, додека Вие нè убедувавте дека ќе ја глумите кокошката што ќе се сопне по сопствено уверување во најдобриот час за да не се продаде лесно, не најдовте потребно да дојдете на терен со нас, да ги видите фактите оставајќи ги претставниците на другите институции со врелиот костен на погрешни информации, да се печат пред новинарите, цело време, Вие и Вашите советници, на многуте состаноци што ги имавме минативе месеци ни потврдувавте дека сме 95 отсто во право за сега во првиот момент кога се најдовте под притисок на политиката, во јавност да нè навредувате?Конечно, велите сме биле малкумина. Побарајте од Вашите многубројни нови и стари советници во градот да ви направат реална процена на жителите на Скопје кои се против изградбата на гасовод низ Водно. Побарајте, ако можат, да Ви направат анализа за граѓанското незадоволство од уште еден обид да се уништи парк-шумата. Нека Ви ги кажат реакциите на граѓаните на социјалните мрежи, ама нека ги исчистат Вашите партиски ангажирани коментирачи за да можете конечно да добиете чувство за јавноста. Ако ништо друго, нека Ви ги прочитаат здруженијата и иницијативите што стојат зад потписот на „Го сакам Водно“, комплетно обединети зад овој став.Да, знаеме дека ќе најдете контрапротестанти, неколкупати ни беше дадено на знаење, да не кажеме закането со нивно активирање, а еве на последната дебата кај што бевте домаќин, некои од нив беа донесени, веројатно убедени дека играњето на националистичката карта ќе нè поколеба и исплаши.Градоначалниче Шилегов, навредите кон граѓанските активисти никогаш не се добра стратегија за пиар. Во политички контекст многу бргу ќе сфатите дека претворајќи ги граѓаните кои волонтерски работат за општествен бенефит, притоа во добар дел работејќи ја и Вашата работа (грижа за загадувањето, за животната средина, за чистотата, за животните…), во непријатели, најочигледно ќе се рефлектира врз Вашиот углед. Притоа ниту првата година од вашиот четиригодишен мандат не е измината. Што Ве чека допрва ако сега сме каприциозни и малкумина?“, се вели во пораката на граѓанската иницијатива „Го сакам Водно“ до скопскиот градоначалник.

Скопје | пред 7 години

kosovo-parlament-2-35wp6vjnb3t34lhe2fy41s

Весели: Ниту промена на граници, ниту размена на територии

Нема да има промена на граници, ниту размена на територии категоричен е претседателот на косовското собрание, Кадри Весели. Во интервју за Дојче веле Весели тврди и дека Приштина нема ниту да дозволи формирање на заедницата на српски општини на северот на Косово.По појавувањето на идејата за размена на територии меѓу Косово и Србија, како еден од можните начини за целосно нормализирање на односите, секојдневно има реакции од двете страни.Косовскиот претседател Хашим Тачи, за кого се верува дека е застапник на идејата од косовска страна, се соочи со низа опструкции и критики, како од владата така и од опозицијата во Приштина.„Верувам во идејата дека Прешевската долина треба да му се приклучи на Косово. Никој не може да убеди поинаку. Овие прашања не можат да бидат употребувани за политички поени или лични добивки“, изјави Тачи по средбата со политичките претставници на Албанците од Прешевската долина.Размената на територии стигна и во Брисел пред минатата рунда од дијалогот меѓу Белград и Приштина, но и таму не наиде на одобрување. Помал дел од европските дипломати сметаат дека предлогот има потенцијал да стане идеално решение и дека Белград, за разлика од Приштина сериозно ја разгледува идејата. Но мнозинството тврди дека размената на територии ќе ги отвори старите рани и ќе предизвика нова серија насилства на Балканот.Извор: Телма

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

СЈО: Четворица судии работеле по политички нарачки

Специјалното јавно обвинителсто во Посебниот извештај што го објави денеска наведува дека поранешната претседателка, а сега член на Судскиот совет, Александра Зафировска, претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски, судијката во Вишиот управен суд, Светлана Костова и судијката од скопскиот Кривичен суд, Софија Лаличиќ постапувале несоодветно по директни политички нарачки, што е утврдено врз основа на прислушуваните разговори и смс-комуникаците што ги поседува Обвинителството.– Неовластените прислушувања резимирани во овој извештај покажуваат интеракции помеѓу високи функционери во судството и членови на Владата на Република Македонија кои во основа ја поткопуваат судската власт. Неовластените прислушувања откриваат разговори во кои членовите на судството се откажуваат од својата независност и непристрасност за да ги унапредат интересите на владата или нивните сопствени интереси. Таквата комуникација несомнено дека остава простор за создавање на недоверба кај јавноста во целиот судски систем, стои во Посебниот извештај на СЈО.Целта на поднесувањето на Посебниот извештај, како што велат од СЈО, не е единствено за да се документира минато несоодветно постапување, туку за ваквото несоодветно постапување да не продолжи да го поткопува владеењето на правото во Република Македонија и да ја попречува евроатланската интеграција на нашата земја.–  Од доказите со кои располага СЈО, особено телефонските разговори на Александра Зафировска, во периодот од 2011 година до 2013 година, а од кои дел беа и јавно објавени, произлегува дека додека ја вршела функцијата претседател на Судски совет на Република Македонија, била во постојана координација со извршната власт… Тогашниот претседател на Судскиот совет на Република Македонија, премиерот на Владата на Република Македонија, министерот за правда, министерот за внатрешни работи и директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање одлучувале за избор на „подобни“ судии и разрешување на „неподобни“ судии, стручните соработници ги бирале според партиски списоци, ја менаџирале работата, интервенирале во судски постапки, се наведува во Посебниот извештај.СЈО  во извештајот го посочува и претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски, кој во 2011 и 2012 година во повеќе наврати на своите соговорници им изнсувал информации од судските постапки, интервенирал кај други судии за предметите и давал сугестии за постапувањето.На судијката Софија Лаличиќ пак, како што е посочено во извештајот, повеќе од една година пред да биде избрана за судија и била ветена судиската функција.–  Содржината на јавно објавениот телефонски разговор меѓу Софија Лаличиќ и Сашо Мијалков, тогашен директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, кој во таа прилика и соопштува дека е избрана за судија претставува само илустрација на спрегата меѓу извршната и судската власт. Нејзните конекции со извршната власт не завршуваат со изборот за судија, туку напротив уште повеќе се интензивираат во насока која претставува флагрантна повреда на независноста на судството и злоупотреба на угледот на судиската функција… За судија Лаличиќ судиската функција значела сѐ освен тоа што е нејзиното вистинско значење – привилегија да се служи на заедницата преку улогата на делење на правдата согласно законите и еднаквоста на сите граѓани вклучително и себе си пред Уставот и законите во Република Македонија, се наведува во Посебниот извештај.Судијката Светлана Костова за која се наведува во извештајот дека паралелно извршувала работни задачи и како судија и во Управата за безбедност и контраразузнавање, со што според СЈО се доведува во прашање нејзиниот личен интегритет, но и институционалната независност на судиската функција.– Телефонски комуникации остварени од страна на судија Светлана Костова во месец септември и октомври 2011 година, односно два до три месеци по нејзиното стапување на функцијата судија на Виш управен суд, покажуваат дека таа продолжила активно да учествува во дневните обврски на Управата за безбедност и контраразузнавање околу организирање и посредување при состаноци и превземање на други работни задачи кои спаѓаат во делокругот на секојдневното работење на УБК, стои во извештајот.Посебниот извештај СЈО го доставило до Собранието на Република Македонија.

пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања