Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

главни-вести

Нема фотографија

Шилегов: Загадениот воздухот е од споредните улици и запуштените приватни имоти

Силниот ветер кој го зафати Скопје направи големи оштетувања низ градот.20-тина пожари, искинати електрични кабли, паднати дрвја, однесени лимени покриви и зголемена концентрација на прашина во воздухот што доведе до неколкукратно зголемување на загадувањето е билансот од вчерашниот ветер. Паднатите дрвја направија штета врз неколку автомобили, но дали градот ја покрива штетата не се знае.Градоначалникот Шилегов рече дека има правила кои треба да се разгледаат, а граѓаните доколку се оштетени треба да поведат соодветна постапка пред градот или пред осигурителните компании во кои се осигурани.Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, прашан за тоа како резултат на што се појави таа прашина, тој рече дека е од неисчистени споредни улици кои се под надлежност на општината, како и од запуштени приватни земјишта кои продуцираат прашина и несоодветно одржувани градилишта. Тој рече дека очекува заедно со општините да разработат нов систем на градот, бидејќи обврска на градот е одржување на хигиената на главните сообраќајници, а општините на споредните, но општините немаат ниту доволно средства, ниту механизација за тоа.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

(СКОПЈЕ1.мк анкета) Гласајте: Ќе излезете на референдумот или ќе бојкотирате?

За да гласате, морате да се логирате со вашиот Фејсбук профил.Доколку не можете да гласате директно, притиснете тука.

Македонија | пред 7 години

375061-zaev-za-global-verushevski-i-kostovski-za-puch-ne-podnele-baranje-za-prekin-na-abolicijata

Заев: Четири работи ќе се променат во нашиот Устав

Премиерот Зоран Заев во вечерашното гостување на ТВ Телма, на поставено прашање од страна на публиката рече дека Уставот ќе претрпи четири промени, а тоа би поминало во Собрани со еден амандман.Промените кои ќе треба да се направат доколку референдумот успее, ги потенцираше Заев:Додавање на географската одредницаПреамбула за зајакнување на конститутивните елементи на државноста преку АСНОМЧлен 3 – Зајакнување на непостоењето на аспирации надвор од територијата на Македонија, односно неповредливоста на границите. Да биде како во уставите на сите земји членки на ЕУЧлен 49 – Останува грижата за дијаспората комплетно, но по стандарди на ЕУ, како што стои во земјите членки на ЕУ

Македонија | пред 7 години

42581018_10155348552761706_4116179249260396544_o

Улиците во „Карпош 4“ рак рана за жителите

Веќе подолг период, градежна механизација работи на улиците низ Карпош. Жителите кои возат па Партизанска на потегот од Карпош 4 кај мостот Влајко до Ѓорче Петров велат дека наутро се создава вистински сообраќаен метеж. Истото се случува и со улицата Московска, каде жителите негодуваат поради тоа што месец и половина тешко се пробиваат низ сообраќајот.Градоначалникот на Општина Карпош, Ссефан Богоев го најави целосното реконструирање на улицата „Њуделхиска“ во населбата Тафталиџе.„Во наредните 30 дена ќе бидат реконструирани 500 метри од улицата со повеќеслоен асфалт, затоа што се работи за една од попрометните улици во општината. Станува збор за рехабилитација на коловозите и реконструкција на тротоарите. Улицата ќе биде проширена и ќе се постави ново лед осветлување“, вели Градоначалникот.Целта на оваа реконструкција е да се намали сообраќајниот метеж, но и да се зголеми безбедноста на учесниците во особраќајот. Истата ќе чини околу 3.200.000 денариГрадоначалникот изјави дека исто така започнуваат и со реконструкцијата на улицата „Даскал Камче“ во Карпош 1, при што ќе се реконструираат околу 100 метри од улицата. Оваа недела ќе се изврши санација и на дупките на улицата „Козле 3“, која е запуштена веќе подолго време.„Со членство на Република Македонија во ЕУ и НАТО, 15,5 милиони евра европски пари ќе бидат наменети за подобрување на инфраструктурата, односно нови улици, локални патишта и мостови“, вели Богоев.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Скопје извор на болести од загадениот воздух, еко-активистите реагираат

Здружените еко-иницијативи и организации под името 02 Коалиција за чист воздух упатуваат низа прашања до надлежните институции, истовремено објавувајќи документи и анализирајќи голем број проблеми со загадувањето.Ви го пренесуваме целото обраќање:Одговор на нашите прашања, после големото внимание што го привлече извештајот на наш претставник од петтиот состанок на интерсекторската работна група, после кое беше јавно најавен рокот од 15 дена од заменик министерот Јани Макрадули и после изминати четири недели не добивме.Одговори баравме на следните прашања:– До каде е објавувањето на Приоритетниот акциски план за справување со загадувањето на воздухот за 2018 година заедно со мерките преку алатка за пратење на прогресот и имплементацијата на веб страната на Министерство за животна средина и просторно планирање?– Требаше да се свика тематска седница на Владата на РМ за справување со загадувањето. Свикана ли е? Ако не, зошто? Ако не, кога ќе се свика? Дали овој Акциски план за 2018 год. се усвои од страна на Владата? Ако не е усвоен, кој е планот, со оглед дека остануваат уште 4 месеци од 2018 год.?– Владата на 40-тата седница на 28.11.2017 донесе 40 заклучоци во врска со предложените мерки од ИРГ. До каде е нивната имплементација? Ве молиме за достава на документ за статусот на спроведување по сите 40 заклучоци, тие што не се спроведени, каде е заглавена постапката, зошто, кој е одговорен (институција, сектор) и кога се очекува нивна реална имплементација?– До каде е имплементацијата на забелешките на записникот од вториот состанок на ИРГ? Од О2 забелешките беа доставени на 13.11.2017, но корегирана форма на записникот сè уште немаме добиено.– За последните настани поврзани со Железара. Каде е извештајот од извршената инспекција во објектот кој испушташе облаци чад август месец од Железара, за кој инспекторатот на Град Скопје утврди дека има А-интегрирана дозвола, што значи под надлежност на ДИЖС? Зошто ДИЖС не излегле на терен тогаш? Зошто координацијата помеѓу инспекциските тела и МЖСПП потфрлува, иако ете оваа група би требало да доведе до меѓусебна соработка за побрзо идентификување на загадувањето и излегувањето на терен и вршење на мерења?– Зошто мерната станица, PM10 инструментот на Гази Баба и PM2.5 за Карпош, за помлаку од два месеци се повторно на сервисирање, калибрирање? Не е добро направено претходното? Ако да, кој ќе сноси одговорност? Ако е добро направено претходното сервисирање и калибрирање, како е случено овие два инструмента да не работат повторно во така кратко рок? Врз основа на која методологија, на кој начин се утврдува дека еден инструмент е расипан и не работи соодветно? PM10 инструментот на Гази Баба не работи од 13.08.2018, а PM2.5 за Карпош од 10.08.2018. Ова е предолг период за еден инструмент да е вон функција. Колку се стари овие инструменти? Ве молиме за достава на датумите кога овие инструменти се поставени за прв пат, колку пати до сега се сервисирани и калибрирани, со датум за секое сервисирање/калибрирање. И за сите останати инструменти на мерните станици во мрежата на МЖСПП.– Кој ги тргнал и кој ги трга генерално пиковите од измерени PM10 од мерната станица Гази Баба? Биле автоматски поставени, но потоа се тргнати. Врз која основа, која постапка, како се утврдува што да се отстрани, врз база на која процедура, методологија?– Мерниот инструмент за озон од мерната станица во Центар не работи од почетокот на јули, а познато е дека таа мерна станица покажува надминувања за озон летно време. Зошто не работи цели два месеци скоро? Кога планирате да ја ставите во функција? Во моментов само инструментите за PM10 и PM2.5 работат на таа станица. Кога се планира на ваква клучна мерна станица ставање во функција на другите инструменти за CO, SO2, NO2?– На почеток на јули од Министерството за Економија ни напишаа дека Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за возила ќе влезе во Владина процедура за 10 дена, откако ќе заврши усогласувањето со Секретаријат за законодавство. Дали влегол, дали се усвоил? Ако не, кога и зошто застојот, што е причината?– До каде е изработката на Правилникот за определување на еколошка категорија на возилата, формата, содржината и начинот на поставувањето на еколошката налепница?– Какви ќе бидат техничките служби кои ќе вршат испитување на емисии на издувни гасови од моторните возила и ќе одредуваат која еко налепница ќе поседува возилото? Која едукација ќе ја поминат? Кој ќе ја провери нивната спремност и апарати? Дали се работи на нивно формирање?– Контрола на работата на техничките служби врши Министерството за економија, Бирото за метрологија и Државниот пазарен инспекторат. – како ќе ги контролираат? на кој начин?Во меѓувреме, МЖСПП ги отстранило вредностите од 6 до 10 август за PM2.5 за Карпош. Тие повисоките. Ги отстрани и пиковите за PM10 за Гази Баба. Повеќе од месец и пол каде нема податоци од овие мерни инструменти. Повторно, после јунското сервисирање и калибрирање на истите. Ај што нема абер од регулирање на загадувањето, негово намалување, казни, дислоцирања на погони, стручна анализа и според неа започнување на замена на греењето во градов и други места во земјава според приоритет и според заклучок дека тие домаќинства нема да може да се приклучат ни на топловодна мрежа, ни на гас, за Ромските диви населби ич да не спомнуваме, едно мерење не можеме да имаме како што треба.Не за џабе Европскиот ревизорски суд алармира дека загадувањето на воздухот не се мери на адекватен начин и дека најверојатно е потценет во повеќето европски градови. При тоа е заклучено дека мерните станици најчесто не се наоѓаат на вистинските места. Заклучиле откако си направиле свои, независни мерења. Ова за ЕУ. За нас, ако направат еден ревизорски извештај, каде се штелуваат вредности кај индустриите, се исклучуваат мерни инструменти, се тргаат пикови, мерни инструменти не работат со години….. што ли ќе пишува во тој извештај, само за мерењето?Инструментите биле стари, па затоа не работат. Ако е стар тој што мери PM2.5 во Карпош, кој почна да работи од есента 2011, какви се другите? Сите се нови, освен тие за Гази Баба и Карпош? Покажувале високи вредности во загадено и задимено Скопје насред лето, во најпразниот и жешок месец од годината. Па нема загадување во лето кога скоро да е празно Скопје. Какво загадување? Само што годишната квота на дозволени надминувања Ректорат за PM10 ја потроши летово, само во август има 15 дневни надминувања, дневни вредности од 105, 88, 80, 75 се измерени во Скопска агломерација само во јули и август. Пикови, еве не спомнуваме. Тоа дека во ненормално топло Скопје, над 30° викендов на сите мерни станици беше регистрирано надминување над дозволените 50 µg/m3 за PM10? Загадување? Кое?Европскиот ревизорски суд вели дека ЕУ треба ги усогласи своите граници со тие на Светската здравствена организација (СЗО) до 2022 година и така наместо 40 µg/m3 годишно за PM10, да биде 20 µg/m3, а за PM2.5 наместо 25 µg/m3 годишно, 10 µg/m3.Ние, нашава држава кај сме во целава приказна? Нам и 40 µg/m3 ни се многу, не можеме да дојдеме до нив за PM10, 25 µg/m3 пак ни се недостижни за PM2.5, и тоа само таму каде се мерат. Ако ЕУ ги воведе границите на СЗО, ние можеме да се простиме од ЕУ. Како сме тргнале и вака 30 години ни се малку за ова што е сега норма.Ова многупати сме го пишувале, прашувале, но секогаш останало без одговор од надлежните институции „Што правиме со загадувањето на воздухот вон грејната сезона?“Кога државата, Град Скопје ќе го решат летното загадување и ќе ги доведат вредностите за PM10 околу 20 μg/m3, а за PM2.5 околу 10 μg/m3 во просек само во текот на овие летни, вон грејна сезона месеци, без температурни инверзии и магли, тогаш ќе можеме да зборуваме и за намалување на зимското, каде го имаме и греењето на домаќинствата заедно со маглите и инверзиите. До тогаш, ќе се вртиме во круг, ќе бидеме со крајно „заробени“ институции, комплетно нефункционални, без инспекциски и нормални мерења, без казни и сè позагадени.

Скопје | пред 7 години

mickoski-pratenici-vmro-dpmne-1

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија не може да стане членка ниту на ЕУ ниту на НАТО додека со неа раководи човек кој бара мито

Бекир Асани може да биде симбол на Заевата визија за „европска Македонија”, но сигурно не може да биде модел за илјадници млади македонци кои веќе се чувствуваат како дел од Европа и се подготвени да се натпреваруваат со своите врсници, се наведува во денешното соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.„Осуденици на тешки кривични дела може да бидат поткрепа на Заев во лагата дека со откажување од македонскиот идентитет ќе тече „мед и млеко”, но тие не може да бидат урнек за чесниот и достоинствен македонски работник. Од вчера и Бекир Асани и лица осудени за тешки кривични дела станаа адути на заевата кампања со која што се обидува да го изманипулира македонскиот народ за да ја легитимира капитулцијата на која што се согласи, а која подразбира бришење на македонскиот идентитет“, се наведува во соопштението.Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека човек како Асани кој нападна службено лице, полицаец, настан кој власта и Спасовски направија се за да го прикријат не може да бидат дел од европската иднина на Македонија колку и да го поддржуваат Зоран Заев.Криминалот е главен мотив на власта, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат дека јавноста во изминативе година и половина видела се освен европските манири на владата на СДСМ и Зоран Заев.„Криминалните тендери и грантови доделени на високи партиски и државни функционери не се дел од вредностите на Европската Унија и западната цивилизација. Човек со свиткана кичма кој е спремен да ги продаде националните и државните интереси само за да си ја спаси својата политичка кариера, не е пример за Европски политичар“, стои во соопштението.Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека Македонија не може да стане членка ниту на ЕУ ниту на НАТО додека со неа раководи човек кој целата јавност го виде како бара мито од 200 илјади евра, а судот наместо да го казни го амнестираше за неговите криминали.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

ВИДЕО: Се градат тунели низ Скопје

Градоначалникот Шилегов на денешната прес-конференција  со видеопрезентација го најави почетокот на постапката за проектирање на капиталниот градежен зафат „Тунелите под Кале“.„Со подземни тунели под Кале и нов мост преку Вардар ги спојуваме двете страни на Скопје. Голем дел од планираните транзитни и градски магистрали во градот не се реализирани, што претставува сериозна тешкотија за нормално одвивање на сообраќајот. Продолжувањето на булеварот Свети Климент Охридски, со мост над реката Вардар, со тунел под Скопското кале и поврзување со булеварот Никола Карев (Пластичарска улица) ќе ја зголеми мобилноста и протокот на возила и ќе има позитивни еколошки ефекти од намалената емисија на гасови и бучава“, рече Шилегов.[embed]Според одредени анализи, секојдневно на мостот „Гоце Делчев“ транзитираат 80-90 илјади возила. Но, со ова решение ќе се растовари сообраќајот во западниот дел од градското подрачје. Оската југ-запад ќе стане пофункционална, а се очекува голем дел од возилата кои транзитираат кон северните делови на градот да се движат по новоизградената сообраќајница.Шилегов објасни дека  постои можност за изведба на сообраќајницата во фази, и тоа:– I фаза – булевар Свети Климент Охридски од пред раскрсницата со булеварот Илинден со изградба на мост и вијадукт до тунелот;–  II фаза – тунелот како посебен;– III фаза – булевар Свети Климент Охридски и раскрсница со булевар Никола Карев.Целта на Град Скопје со овој проект е да го поврзе булеварот Свети Климент Охридски со Пластичарска улица во Чаир. Булеварот ќе биде издигнат на височина од шест до девет метри. Потоа, од зградата на Владата на РМ сообраќајот ќе се одвива по нов мост преку реката Вардар кој ќе биде долг 173 метри, а широк 20 метри, и ќе има четири сообраќајни ленти. Мостот ќе продолжува како вијадукт долг 262 метри се до влезот во тунелот под Калето.Скопје за првпат ќе добие тунел долг 250 метри, а широк 20 метри. Од тунелот сообраќајот ќе продолжи на кружен тек издигнат пет метри, над Пластичарска улица.Со овој проект Град Скопје го оформува вториот сообраќаен прстен во метрополата. Тоа ќе овозможи брз влез и излез на возилата од центарот и од северната страна на градот. Рутата ќе ја користат и автобусите на јавниот превоз.– Со проектот „Тунели под Кале“ ставаме крај на сообраќајниот метеж во централното градско подрачје. Го растоваруваме сообраќајот на Бит-Пазар, Цветан Димов и на мостот „Гоце Делчев“. До саканата дестинација ќе се стига за најмалку 5 до 20 минути побрзо за разлика од сега. Тоа придонесува за заштеда на време и на гориво, а намалениот обем на сообраќај значи и почист воздух во Скопје – нагласи денеска градоначалникот Шилегов.

Скопје | пред 7 години

nikola-dimitrov

Димитров прошета низ Македонија за да повика сите да гласаат на референдумот

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, вчера го посети Делчево. Тој ја искористи посетата да разговара со младите од Делчево и со градоначалникот Горан Трајковски.Со младите од Делчево и околината стана збор за предизвиците со кои тие се среќаваат, а како еден од најголемите проблеми со кои се среќава Делчево и другите околни места беше идентификуван одливот на способни млади во странски земји, луѓе кои инаку директно би придонеле кон развој на регионот.Ди„Министерот Никола Димитров на трибината ја пренесе истата порака која им ја пренесе и на младите претходно – на 30 септември ќе направиме крупен чекор кон подобра иднина за Делчево. Позитивниот исход од референдумот значи и далеку поголема заинтересираност на странски компании, заинтересираност која брзо ќе се преточи во нови работни места, поголеми плати и општ развој на Делчево. На Делчево му е потребна поголема странска инвестиција да го искористи потенцијалот кој го има. Наша историска обврска е да обезбедиме шанса за нашите идни генерации да имаат просперитетен и удобен живот – дома. 30 септември ќе биде празник на иднината“, соопшти МНР.Активностите на министерот Димитров продолжуваат денеска во Валандово, Гевгелија и Струмица.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Удбашки структури ќе предизвикаат инциденти на протестот против референдумот во Скопје?

По најавата за протести против промена на името и референдумот, универзитетската професорка Билјана Ванковска на социјалните мрежи напиша дека здружението „Бојкотирам“ не го организира протестот и дека истиот повик е објавен од сомнителни структури.„Не излегувајте! На „Бојкотирам“ не му требаат собири од ваков вид, организирани од сомнителни структури, а со намера да се исценираат инциденти. Тоа е и денот кога Иванов ќе има историско обраќање во ООН. Ако наседнеме на овој собир и на удбашките структури кои стојат зад него, тие ќе успеат да создадат страв и одбивност кај мирните граѓани, а се' со цел да се зголеми излезноста во недела! Кога би било ова автентично би излегла дури и под закана од употреба на полициска сила - но, ова не е тоа! Се служат со сите (не)дозволени средства, затоа внимавајте! „Бојкотирам“ е легален и легитимен, ненасилен облик на граѓански отпор и затоа треба да се чува подалеку од Тројански коњи со руски знамиња, со качулки, со запаллива реторика и омраза кон Другиот. Тоа не сме ние! Ние со нечинење ќе го постигнеме она што го заговараме“, напиша Ванковска на социјалните мрежи.Според социјалните мрежи, настанот е организиран од „Млади за Македонија“, кои и досега протестираа низ повеќе градови. Тие велат дека се студенти кои нема да дозволат менување на името, идентитетот и јазикот.„Државата останува на младите и токму затоа ние сме тие кои треба да одлучуваат за иднината на Македонија. Затоа токму ние ќе ја поведиме битката за одбара на нашите човекови права, за нашето достоинство и нашата чест. Во име на нашите основни човекови права и достоинство, ние студентите ве повикуваме сите вас да се придружите на огромениот сенароден собир за бојкот на референдумот за наше преименување во Северна. Огромениот сенароден и непартиски протест кој ќе се оддржи на 27ми септември во 19:00 часот пред Собранието во Скопје“, пишува на објавите на социјалните мрежи.

Скопје | пред 7 години

mickoski-ohrid-rez

ВИДЕО: Мицкоски се расплака на сред митинг

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски видно возбуден и со насолзени очи, стоеше на чело на протестниот марш кој вчера се одржа во Охрид. На видео материјалот кој го сними „Скопје 1“ јасно се гледа дека лидерот на опозицијата тешко ги контролира емоциите.[embed]„Ова го доживувам како моја историска улога за која живеам. Јас бев доброволец во Македонската гарда, направив сè сам во животот за моите деца да може да растат во пристојни услови како би можел јас втората половина од мојот живот да ја посветам на татковината“ изјави Христијан Мицкоски за „Скопје 1“, запрашан дали бил понесен од чувства и емоции на маршот во Охрид.Насолзени очи, стегнати тупаници и говор на тело кој открива дека тој доживува бура од чувства и силни емоции можеа да се видат на него, пред да се качи на говорницата и пред да почне да зборува пред неговите поддржувачи. 

Македонија | пред 7 години

ljubco_georgievski

Георгиевски се пофали дека ќе гласал на референдумот

Меѓународната заедница тотално ќе се олади, ние ќе останеме со референцата ПЈРМ (Поранешна Југословенска Република Македонија), лично не верувам дека во иднина ќе има храбри македонски политичари кои ќе влезат во ваква битка и затоа сметам дека ова е шансата што треба да се искористи, изјави поранешниот премиер Љубчо Георгиевски во интервју за Радио Слободна Европа (РСЕ) во пресрет на закажаниот рефендум на 30 септември.Георгиевски на претстојното изјаснување гледа како на натпартиско прашање, пристап како што смета дека треба да имаат и останатите фактори во македонската политичка сцена. Во разговорот за РСЕ, меѓудругото, истакна дека ќе излезе на референдумот во недела со надеж дека иницијативата нема да пропадне.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

(ФОТО) Заев не работи 24/7 како Груевски

Премиерот Зоран Заев на социјалните мрежи се пофали дека слободното време го минува со семејството, но не дома, туку со четирицикл на Беласица. Освен Заев, ваков мотор има и неговиот син Душко.Минтата недела, Заев во изјава рече дека дневно одговара на 2000-3000 пораки дневно, што значи дека во просек премиерот времето го минува само за пишување по социјалните мрежи.Неговиот претходник, Никола Груевски, за време на неговото владеење постојано велеше дека работи 24/7, со што се отвора прашањето, кои се приоритетите на новиот премиер и дали ги следи стапките на неговиот ексколега.

Македонија | пред 7 години

Liderska-sredba-za-imeto

(ФОТО) Доверливи транскрипти од преговорите за името и референдумот

На социјалните мрежи веќе неколку часа кружат документи означени како строго доверливи поврзани со преговорите за името и референдумот. За истите се тврди дека се оригинал, а се транскрипти од лидерските средби на четирите најголеми порлитички партии.Според истите, Христијан Мицкоски прифаќа референдум за името „Република Илинденска Македонија“, а пак Али Ахмети е скептик дека договорот ќе помине ако има референдум во Грција.Лидерот на опозицијата Мицкоски според транскриптите вели „Доколку референдум се одржи на есен, тогаш нема да дозволат да станеме членка во НАТО“, на што министерот за надворешни работи Никола Димитров реплицира „Веднаш по ратификацијата упатуваат писмо до НАТО и бараат да се прати покана.На социјалните мрежи се објавени страна бр. 1, 12 и 16, од вкупно 28.Досега, за објавените документи нема реакција од ниту една владина институција. За истите, сеуште не се знае дали се оригинал или станува збор за лажни транскрипти.

Македонија | пред 7 години

silegov-1

Мораме кучињата да ги враќаме на улица, вели Шилегов

Стационарот не е фарма за животни скитници каде што Градот може  да ги чува, откако ќе добијат третман, во рок од 30 дена  мора да ги вратиме од местото каде што се земени -вака градоначалникот на Скопје Петре Шилегов се правдаше за долгогодишниот проблем со кучињата скитници. Како главни виновници ги посочи сопствениците кои поради негрижа ги оставаат своите миленици на улица, пишува 24 Вести.„Стационарот не е фарма за животни скитници каде што Градот може  да ги чува. Ние според комуналната програма, што во моментот ја имаме,  можеме кучињата-скитници да ги земеме, третираме и должни сме истите по рок од 30 дена да ги вратиме на местото каде што се заловени“, вели Петре Шилегов-градоначалник на Град СкопјеПовеќе од 11 илјади  чипови за домашните миленици веќе се доставени кај сопствениците, со цел полесно да се детектираа и да се спречи приливот на животните на улица-вели Шилегов. Сепак, се поголем е бројот на уличните кучиња кои шетаат низ скопските улици.„Околу 6 до 8 илјади кучиња – скитници има во Скопје. До триесети јуни се регистрирани нови 700 кучиња“, вели Петре Шилегов-градоначалник на Град СкопјеГраѓаните пак кои се жалат дека не се безбедни , со поделени мислења околу тоа како да се реши овој проблем. Сепак и едните и другите ги обвинуваат сопствениците, но и властите.

Скопје | пред 7 години

mickoski1

Мицкоски: Никогаш нема да го прифатам преспанскиот договор

Договорот за менување на името е штетен и треба да се отфрли. Тој е против македонските национални интереси, против македонската држава. Тој е „диво месо“ вметнато во здрав организам што не гуши и допрва ќе не влече надолу ако не се спротиставиме, истакна лидерот на ВМРО-ДМПНЕ Христијан Мицкоски во обраќањето пред учесниците на протестниот марш што опозициската партија го организираше денеска во Охрид.Партискиот лидер пред симпатизерите и поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ потсети на некои историски моменти, во кои меѓународната заедница ветувала подобра иднина за земјата преку прифаќање отстапки како привремената референца, менувањето на знамето, Уставот, Рамковниот договор, територијалната реорганизација.- Прифативме се што бараа од нас, и во 90-те, и во 2001 и во 2004. Сега да се одважиме, да го промениме пристапот и ова што денеска ни се нуди да не го прифаќаме, затоа што е против нашите интереси, против она што ни го оставија нашите предци. Затоа што тоа е договор за промена на нас самите, рече, меѓу другото, Мицкоски.Тој уште испрати предупредување до граѓаните на земјата дека доколку помине ова што сега се нуди, како што рече, „со прифатениот договор се губи националниот идентитет и воедно се дава сопирачка во рацете на Грција да го блокира европскиот пат на Македонија кога сака и како сака“.- И доколку ова помине, години потоа ќе дојде момент кога Грција повторно ќе поставува нови услови, а ние тогаш ќе бидеме со сменет идентитет, историја и образование. Ако со референдумот се даде зелено светло на договорот со Грција, практично се вклучува црвено светло за референдумот од 1991 година, рече Мицкоски притоа укажувајќи на нивната содржинска спротивност, дека првиот бил за создавање самостојна, независна, суверена Македонија, а овој за спротивното – промена на името, идентитетот и губење на Македонија каква што е изгласана во 1991 година.Опозицискиот лидер ги посочи законските одредби според кои за успешност на престојниот референдум е потребна излезност од повеќе од 900 илјади гласачи од кои половината да го поддржат договорот, а упати и сериозни критики кон актуелната власт предводена од премиерот Зоран Заев.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања