Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

главни-вести

gruevski-sud-1-1021x580

ФОТО: Груевски ги повика граѓаните да одат со него на суд

“Во врска со изјавата на портпаролот на СДСМ поврзана со градбата на патиштата ја информирам јавноста дека во овој случај, ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата не сме обвинети за земање на провизии како што тврди тој”, пишува експремиерот Никола Груевски на социјалните мрежи.“Обвинението против мене е по истиот член 359 како во случајот за набавката на блиндираниот Мерцедес, влијание заради остварување корист.Во случајот за Мерцедесот, користа исто така не е некаква провизија, туку наводната корист била што покрај останатите гости од странство и јас сум сакал понекогаш да бидам превезуван со тоа возило, и со тоа сум остварил корист.Во случајот со патиштата користа за која СЈО ме терети е дека сум сакал со изградбата на патиштата како политичар да добијам политички поени од граѓаните пред парламентарните избори.Кој не верува во ова нека повели на рочиште во судот да му го покажам и да го прочита обвинението во оргинал. Судските рочиштата се отворени за сите граѓани”, додава тој.

Коментари | пред 7 години

20216-ne-se-plashite-od-zakani-i-uceni-vo-nedela-bidete-spojni-i-vo-mir-razmislete-dali-vi-se

Јанева и Заев нема да ме исплашат

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев ги отфрла сомнежите на Специјалното јавно обвинителство за незаконска набавка на кинеските автобуси. Во изјава за „Независен весник“, тој тврди дека новите истраги на Катица Јанева се дел од политичките притисоци и прогонот што го приредува власта.„Ова е и начин да се прикријат реалните афери и криминали на врхушката на власт, како на пример: полнењето кутии и криминалот за време на референдумот, криминалните милионски иновации, тендерите во четири очи во здравството, тендерите од 650.000 евра за цвеќиња или оној трагикомичен од 1.5 милиони евра за лубриканти што ги набавува владата. Ако навистина на власта и е до борба со криминалот, немаше да го отфрли предлогот за независно обвинителско тело кое ќе ги работи случаите почнати од СЈО, но и сите други за криминал направени од оваа влада. Јасно е дека владата и Заев од противник на криминалот се става во улога на негов заштитник. Нас тоа нема да не исплаши, туку не мотивира во борбата против оваа влада и нејзините катастрофално владеење без резултати“, вели Јанушев.

Македонија | пред 7 години

43723215_10212839101392694_6035299116764889088_o

Еден загинат во тешката сообраќајка кај Млечен ресторан

Возач на мотор загина, а сопатничката се бори за живот по сообраќајката во Капиштец која се случи вчера околу 16 часот на булевар „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје.Во сообраќајката учествуваа возило „цитроен крузер“ управувано од В.Ч.(61) од Скопје и моторцикл „дукати“ управувано од Г.Д.(32) од Тетово.Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на мотоциклот и сопатникот Н.Д.(31) од Тетово. Со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде им била укажана лекарска помош. Околу 17.30 часот, возачот им подлегнал на повредите, додека сопатничката е задржана на лекување и се наоѓа во животна опасност. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

СЈО отвори нова истрага “Поштенска банка”, каде осомничениот Љубчо Георгиевски и Груевски не може да ги гони

Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите ја известува јавноста дека е отворена нова истрага со кодно име „Поштенска банка“. Станува збор за финансиска истрага, во рамки на која, три од осомничените девет лица се приведени пред судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1.Истрагата опфаќа повеќе поврзани настани за сторени кривични дела – Перење пари и други приноси од казниво дело од чл.273 и со истата се опфатени девет лица и тоа: Коле Смилевски, Томе Главчев, Ратко Димитровски, Викица Поповски, Гкеорги Каратолис, Кирил Јаневски, Зоранчо Митровски, Ристо Милев и Златко Ѓорчев. Од извршените кривични дела сторени во временскиот период од 2001 до 2010 година била прибавена имотна корист во износ од околу 5 милиони евра.Во почеток на 2001 година Љубчо Георгиевски, како претседател на Владата на Република Македонија, Марјан Ѓорчев како вицепремиер и Никола Груевски како министер за финансии, со цел да го контролираат фактичкото функционирање на „Поштенска банка“, организирале во основањето на Банката, покрај „Македонска пошта“, која била во државна сопственост, да учествуваат и правните лица кои тие ги избрале – „Ноел Експорт импорт“ Гевгелија и печатница „Европа 92“ Кочани.На сопствениците на овие правни лица, на Томе Главчев и Ратко Димитровски им било кажано дека во основањето на Банката нема да учествуваат со сопствени средства, туку со пари кои ќе ги обезбедат од кредити. Планот бил основањето на „Поштенска банка“ да не биде со средства на осомничените, туку со средства од други извори, што е спротивно на Законот за банки.Согласно добиените насоки од наведените владини функционери, осомничените Томе Главчев, сопственик на „Ноел Експорт импорт“ Гевгелија и Ратко Димитровски, сопственик на „Европа 92“ Кочани, со кредити подигнати од три банки, ги уплатиле основачките влогови во „Поштенска банка“, по што осомничениот Коле Смилевски, како генерален директор на „Поштенска банка“ АД Скопје, овозоможил кредитирање на правните лица „Ноел Експорт импорт“ Гевгелија и „Европа 92“ Кочани и правни лица поврзани со нив. Сите средства добиени од кредити од „Поштенска банка“ се слеале на сметките на овие две правни лица и се искористени за враќање на првобитните кредити.Станува збор за индиректно кредитирање на основачките влогови со средства од банката која се основа, што е спротивно на Законот за банки и преставува кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување.Воедно, осомничените Томе Главчев и Ратко Димитровски, искористувајќи ја нивната позиција во „Поштенска банка“, издејствувале осомничениот Коле Смилевски да овозможи одобрување на повеќе кредити на правните лица „Ноел“ и печатница „Европа 92“, како и на друштвата кои што биле директно поврзани со нив.Овие вториве, добиените кредитни средства веднаш ги префрлале на сметките на „Ноел“ и „Европа 92“, кои ги користеле за сопствени потреби. За сите овие одобрени кредити заедничко е дека било договорено воопшто да не се враќаат на Банката, со што била прибавена корист за „Ноел“ и „Европа 92“, а Томе Главчев, Ратко Димитровски и Коле Смилевски сториле Злоупотреба на службената положба и овластување.Поради проток на време во однос на лицата Љубчо Георгиевски, Марјан Ѓорчев, Никола Груевски, Томе Главчев и Ратко Димитровски, настапила застареност на кривичното гонење за кривичното дело Злоупотреба на службена положба и овластување.Во насока на прикривање на фактот дека паричните средства кои потекнуваат од незаконски добиените кредити, како и фактот дека акциите во „Поштенска банка“ ги стекнале на незаконски начин, осомничените Томе Главчев и Ратко Димитровски во временскиот период од 2005 година до 2010 година презеле дејствија на перење пари и други приноси од казниво дело.Имено, осомничените Томе Главчев и Ратко Димитровски преку нивните друштва-„Ноел“ и „Европа 92“ подигнале кредити од „Еуростандард банка“, кои биле наменети за сервисирање на обврските од претходните кредити подигнати од „Поштенска банка“.Како гаранција за подигнатите кредити во „Еуростандард банка“, истите ги заложиле сопствените акции од „Поштенска банка“. Со оглед на фактот што кредитот кон „Еуростандард банка“ откако поминал рокот за плаќање не бил вратен, Еуростандард банка“ го активирала обезбедувањето на кредитот и станала акционер во „Поштенска банка“.На овој начин осомничените со пренос на незаконски стекнатиот имот – акциите во „Поштенска банка“ и средствата добиени од кредитите од „Поштенска банка“, го прикриле нивното противправно потекло, со што сториле кривично дело Перење на пари и други приноси од казниво дело.Дејствијата на осомничените лица не завршуваат тука. Имено, осомничените Смилевски, Главчев и Димитровски со цел, незаконски да извлечат парични средства од „Поштенска банка“ направиле обид за докапитализација на Банката со издавање на втора емисија на акции за однапред познати купувачи.Ваквата докапитализација Народна Банка на РМ не ја одобрила, затоа што управителите на друштвата „ГД Тиквеш“ АД Кавадарци, „ГП Бетон“ АД Тетово, АД „МИК“ Кавадарци, „Венгал“ АД Скопје, „Езимит Груп“ ДОО Штип и АД „Жито Скопје“ – Скопје како потенцијални купувачи постапиле спротивно на чл.38 од Законот за банки, со тоа што се обиделе акциите од втората емисија во „Поштенска банка“ АД Скопје ДА ги купат од средствата на истата банка.Притоа, осомничениот Смилевски, со управителите на овие правни лица кои се обиделе да учествуваат во втората емиција на акции, склучил договори и на сите им признал побарување во износ од по 13 милиони денари за наводно обештетување, иако истите не претрпеле никаква штета и реално немале право на вакво нешто. Притоа, било договорено износот кој го примаат правните лица на име обесштетување да биде искористен за затворање на преостанатите обврски кои по основ подигнати кредити од „Поштенска банка“ ги имале правните лица „Ноел Експорт импорт Гевгелија“ и „Европа 92 Кочани“.На овој начин истите се стекнале со противправна имотна корист од 81.703.525 денари. Појаснуваме дека управителите на правните лица кои ги склучиле договорите за обесштетување знаеле за фиктивноста на договорите, но дејствувале како членови на група што се занимава со перење на пари заедно со осомничените Смилевски, Главчев и Димитровски, поради што постои основано сомнение дека и лицата Викица Поповски, Зоранчо Митровски, Георги Каратолис, Ристо Милев, Златко Ѓорчев и Кирил Јаневски сториле кривично дело Перење на пари и други приноси од казниво дело.

Македонија | пред 7 години

DpQdaryUcAA-NZR

(ФОТО) Стивенсон, Груби, Рангелова ручкaат

Според написите на социјалните мрежи, вчера пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова била на ручек со Артан Груби од ДУИ и Дејвид Стивенсон од Американсата амбасада во Скопје.https://twitter.com/macedonus/status/1050689946196029441Според истите, се врши притисок таа да гласа за уставни измени, откако јавно кажа дека тоа нема да го направи. Истовремено, бараат оставка од Рангелова како потврда дека нема да биде „за“ менување на Уставот.  

Македонија | пред 7 години

bugarija-novinarka-ubistvo

Убиецот на бугарската новинарката се враќа на местото на злосторството

Германија во следните 10 дена ќе и го испорача на Бугарија осомничениот за убиството на бугарската новинарка, Викторија Маринова, соопшти денеска германското обвинителство.Дваесетгодишниот бугарски државјанин, Северин Красимиров делумно го призна злосторството што се случи во северниот дел од Бугарија. Негова ДНК е пронајдена на местото на убиството, на основа на што беше издаден европски налог за апсење. Тој во вторникот беше уапсен во Германија, каде побегнал.Красимиров призна дека вербално спорел со жртвата на 6 октомври, бил под влијание на алкохол и дрога и ја удрил новинарката со тупаница по лицето. Тој рече дека потоа ја фрлил младата жена во грмушките, но не сакал да ја убие, одбивајќи ги и обвинувањата за силување.Изјава за медиумите даде и мајката на Красимиров, која потврди дека нејзиниот син и раскажал за убиството.Телото на новинарката Викторија Маринова, која известуваше за можна корупција во бугарската влада, беше пронајдено во близина на Дунав. Полицијата тогаш наведе дека Маринова била претепана, силувана и задавена.

Свет | пред 7 години

silegov

Шилегов најави контејнери со чипови

Контејнери со чипови кои ќе откриваат кој контејнер е полн и треба да се испразни, најави градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов на денешната седница на Советот на Град Скопје.– Состојбата со комуналниот отпад се базира на еден модел кој е сериозно застарен. Веќе најавив дека Град Скопје ќе започне со вистинска дигитализација. Наместо досегашните рути, планот е компјутеризацијата да ја прави рутата, според тоа кој контејнер е полн. Во контејнерите да има чипови. Возилата би биле нови и специјални. Инсистирам контејнерите да бидат достапни за лицата со посебни потреби – рече Шилегов.

Скопје | пред 7 години

daniela_rangelova1

Рангелова: Бев изложена на притисок и закани заради гласањето на референдумот, партијата не се огласи со осуда

Јас со крената глава и достоинствено на референдумот гласав „против“ Преспанскиот договор и тоа е во рамки на партискиот став на ВМРО-ДПМНЕ – секој да одлучи по сопствено убедување, вели претседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова во интервју за Призма.-Јас дејствувам транспарентно во партијата и за мојот став дека сум против апстиненција или бојкот го информирав извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и не се каам поради тоа. Прашањето за името е натпартиско и за него треба да одлучуваат единствено граѓаните на Република Македонија, на референдум, затоа што само на тој начин ќе имавме јасна слика за волјата на граѓаните, дали сме „за“ или „против“ – објаснува Рангелова.Таа додава дека по гласањето била изложена на невиден притисок, омаловажувања, понижувања и закани по животот во јавноста преку социјалните мрежи, заедно со нејзините колеги.-Не сакам да помислам дека ваквите закани се оркестрирани од некаков центар на интерес, но останува фактот дека партијата не се огласи со осуда и реакција на ваквиот низок степен на примитивизам кој преовладува на социјалните мрежи – посочува Рангелова, истакнувајќи дека би била среќна ако и нејзините колеги пратеници се охрабреле да гласаат против Договорот.Според неа, ВМРО-ДПМНЕ не ја одигра вистинската улога во процесот, за што впрочем говорат и критиките од страна на шефот на Европската народна партија, Жозеф Дол, кој изрази разочараност од неконстурктивноста на ВМРО-ДПМНЕ.-Токму затоа, мојот глас „против“ на 30 септември е израз на конструктивност, демократски капацитет и опозициско дејствување, а не израз на предавство, како што многумина сакаа да го прикажат. Знаете, ако сите поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ излегоа и гласаа на референдумот ‘против’, ќе бевме мнозинство и на легитимен начин ќе кажевме ‘НЕ’ за Договорот. Ќе си ги одмеревме силите со СДСМ и убедливо низ бројки власта ќе се увереше дека води погрешна политика што граѓаните не ја поддржуваа – посочува Рангелова.Таа додава дека сака да ја види Македонија како дел од НАТО, но нема да гласа за уставни промени во парламентот.„Моменталната актуелна состојба во партијата зборува за одредени дисонантни тонови во контекст на идната поставеност на партијата, кои се движат од радикално десни позиции до централно десни позиции, но се надевам и верувам дека за кратко време состојбата ќе биде искристализирано чиста, особено ако се земе предвид дека нашата партија во фокус ја има евроантлантската интеграција и ова веќе одамна е апсолвирано прашање  и не ни помислувам на друга опција – порача претседателката на Унија на жени на ДПННЕ.

Македонија | пред 7 години

Capture-1

(ВИДЕО) Стојаноска: Катица Јанева сама закажува рочишта и ги диктира процесите

Зоран Заев е исплашен од храброста и решителноста на македонскиот народ кој не потклекна на сите притисоци и манипулации и на референдумот покажа дека по ниедна цена нема да поддржи антидржавни политики со кои се брише името Република Македонија, изјави на денешната прес-конференција Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.Како што рече Стојаноска, Заев е во паника затоа што не поминала неговата капитулација и граѓаните го осудиле обидот да добие амнестија за сопствените криминали преку штетниот договор со кој се прифатени грчките црвени линии.„Заев тргна со реализација на планот Б, а тоа е игнорирање и газење на волјата на сопствениот народ. Заев тргна со обид да ја заплаши опозицијата преку нарачан политички прогон и злоупотреба на институциите. Заев е свесен дека ВМРО-ДПМНЕ било со народот и дека секогаш ќе стои на браникот на државните и национални интереси и затоа сега бара помош од неговите послушници во СЈО“, нагласи Стојаноска и оцени дека вчерашниот настап на СЈО е уште една потврда дека Македонија не е веќе правна држава.Според претставничката на ВМРО-ДПМНЕ, Катица Јанева си чита имиња и сама ги суди.„Катица Јанева сама закажува рочишта, ги диктира процесите и ги прозива судиите што не и се по волја. Зоран Заев ги нарачува предметите и кажува која мерка и која пресуда е преостра или преблага. Вака функционира партиско – политичкиот прогон со кој што треба да се скрши македонскиот отпор. Вакво силување на правото и правдата во моментов нема во ниту една демократска земја“, рече Стојаноска и порача дека Македонија ќе ги издржи сите злодела на криминалниот картел на власт, но дека на крајот граѓаните ќе победат, а за се што се прави одговорност ќе понесат Заев и, како што кажа, неговите послушници.

Македонија | пред 7 години

180427-kanye-west-trump-mn-1200_ade8fed7f7859c59596929b1675c3fb3

(ВИДЕО) Канје Вест на ручек со Трамп во Белата куќа

Пристигнувањето на Канје Вест во Белата куќа предизвика голем интерес во јавноста. Рап-ѕвездата денеска се состана со зетот на претседателот Трамп, Џаред Кушнер, а потоа пристигна на ручек со Доналд Трамп. Голем број медиуми во живо ја пренесуваа средбата.https://www.facebook.com/RTnews/videos/1827948263991784/Посетата е резултат на пријателските односи меѓу Трамп и Вест, кои претходно се состанаа во кулата на Трамп во Њујорк за време на претседателската транзиција во 2016 година, по што разменуваа твитови во текот на изминатата година.

Магазин | пред 7 години

Нема фотографија

Тродимензионален перформанс на зградата на прилепскиот ,,участак

Прилеп и Куманово годинава заедно го чествуваа „11 Октомври“ на свеченоста што се одржа во центарот на градот, во организација на Општина Прилеп, а на која присуствуваа делегација од Владата на Република Македонија предводена од премиерот Зоран Заев и делегација од Општина Куманово со градоначалникот Максим Димитриевски.Пред масовниот народен собир, градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски пренесе слободарски пораки, оддавајќи почит на борците од НОВ кои што ги вградија своите животи во денешната слобода.„Ние продолживме по нивните стапки, по нивните соништа да направиме држава која што ќе има свој напредок и просперитет. Сите сакаме просперитетна Република Македонија, интегрирана во евроатланските асоцијации. Патот е тежок и долг, но заедно ќе го изодиме, зашто знаеме дека на крајот од тој пат не чека,светла иднина. Тој пат го одбраа младите, студентите, бизнисмените,уметниците, спортистите и сите граѓани.Најголем дел од граѓаните на Република Македонија го избраа овој пат и ќе гоизодиме. На претседателот на Владата, на премирот Зоран Заев ќе му покажеме дека оваа држава ќе излезе на вистинскиот пат,сите заедно со премиерот Заев ќе покажеме што сакаме. Имаме своја визија и своја цел. Таа цел сите заедно ќе ја оствариме. Сакам во оваа прилика да повторам уште еднаш дека Македонија ќе ја биде“,порача градоначалникот Јованоски.Неговиот колега од Куманово, Максим Димитриевски пренесувајќи ги честитките од своите сограни рече дека Прилеп и Куманово се вградени во македонската историја. „Нашите предци гордо и достоинствено излегоа,ги земаа пушките во рака, се организираа и почнаа едно сенародно востание за ослободување на државата од фашизмот. Токму поради нив благодарејќи на тие генерации луѓе денеска живееме на ова парче земја, кое што сите ние го сакаме и веруваме во нејзината иднина. Затоа истите тие не обврзуваат.Таму кај што тие застанаа да продолжиме, сите ние заедно. Нашите предци не обврзуваат денеска почитувајќи го минатото и историјата, следејќи ја нашата Македонија, низ формата на една Вардарска, Социјалистика Република денеска да продолжиме на патот кон европеизацијата на една стабилна држава вредна за достоинствен живот на секој нејзин граѓанин“, рече градоначалникот на Куманово, Димитриевски.Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев во своето обраќање стави акцент на влогот на храбрите борци од Антифашистичкото востание и НОБ. „Должни сме на нашите идни генерации да им дадеме доволно причини да си го видат своето сопствено место во домот Република Македонија.Должни сме да преземеме одговорност за Република Македонија да биде дом, на слободата на сите нејзини граѓани. Како нова ѕвезда, во европското соѕвездие. И затоа и денеска можеме да кажеме дека сме повторно пред историски избор. Оваа генерација треба одлучно и храбро и да го направи исчекорот за остварувањето на нашата стратегиска цел во оваа фаза од нашата историја. Егзистенција за секого, европски животен стандард, осигурани граници, безбедност, стабилност, признаен идентитет. Сето ова преку членство во НАТО, а потоа и членство во ЕУ“,порача премиерот Зоран Заев, вечерва од Прилеп.Премиерот Заев и градоначалниците Јованоски и Димитриевски положија свежи цвеќиња пред бистата на Јосип Броз Тито во меморијалниот музеј „11Октомври“, посетувајќи ја трајната поставка од НОБ. При тоа тие се запишаа и во книгата на спомените. Од денеска до бистата на Тито се наоѓа и една од репликите на орденот „Народен Херој“,одликување на градот Прилеп,врачено од Маршалот Тито на 07 мај 1975 година, како симболично признание за влогот на градот кој даде 650 борци погребани на Могилата на непобедените,а 15 од вкупно 66 народни херои во цела држава.Чествувањето во предвечерието на големиот национален празник во Прилеп продолжи со импровизираниот напад на Участакот, а потоа со импресивен огномет.  Изутрина делегации од Општина Прилеп,политички партии и граѓани ќе оддадат почит и ќе положат свежи цвеќиња пред споменикот на Методија Андонов-Ченто, пред споменикот на Кузман Јосифоски-Питу, Алејата на народните херои, споменикот Жена – борец и Могилата на непобедените.,,Раѓањето на македонската држава е резултат на личната одлука на секој маж и секоја жена, на сите учесници во Народно ослободителната војна. Таа генерација наши претходници ја грабна историската шанса за создавање своја држава. Секој од нив одделно препозна дека е време за избор кој ги стави на вистинската страна на историјата. Презедоа одговорност.Денеска повторно сме пред историски избор. Оваа генерација треба одлучно и храбро да направи исчекор кон остварување на стратешката цел – Република Македонија да биде дом на слободата на сите нејзини граѓани, нова ѕвезда во европското соѕвездие. Нека ни е честит 11 Oктомври, Денот на народното востание!“- е пораката од одбележувањето на ,,11 Октомври“.

Македонија | пред 7 години

gruevski

Катица Јанева: Се надевам дека за 20 дена ќе го видиме Груевски зад решетки

Обвинителката на СЈО, Катица Јанева во гостувањето на Канал 5 рече дека се надева оти поранешниот премиер Никола Груевски кој е правосилно осуден на затвор од 2 години, наскоро ќе го види зад решетки. Според досегашното работно искуство во судот во Гевгелија и текот на роковите по донесување на правосилна одлука, Јанева рече дека очекува до петок да ја добијат одлуката од Апелацискиот суд во Скопје, а потоа откако и Груевски ќе ја добие одлуката, ќе може да отиде во затвор.„Се надевам дека Груевски наскоро ќе го видиме зад решетки. Тоа, според она што јас го имам како искуство би можело да биде за 20-тина дена. До петок очекуваме пресудата од Апелацискиот суд во Скопје да биде испратена во писмена форма и до СЈО, а по ова и Груевски да ја добие одлуката и да може да замине во затвор“, рече Јанева.Поранешниот премиер Никола Груевски е осуден на затвор од 2 години за набавката на луксузниот мерцедес. Пресудата му ја изрече Основниот суд во Скопје, а пред неколку дена му беше потврдена и од Апелацисикиот суд во Скопје. По одлуката на второстепениот суд пресудата е правосилна.Груевски по добивање на одлуката во писмена форма, како и по добивање на упатниот акт ќе треба да се јави во затвор за издржување на затворска казна.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

СЈО со шест нови истраги за можен криминал од 80 милиони евра

Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите ја известува јавноста дека се отворени шест нови истраги. Во овие истраги станува збор за основано сомнение за предизвикана финансиска штета на Буџетот на РМ во износ од речиси 80 милиони евра.ПодарокОсомничените Зоран Ставрески, министер за финансии и Миле Јанакиески, министер за транспорт и врски, со учество во дејствие на извршување заедно со осомничениот Крсте Миладинов, директор на Македонски енергетски ресурси АД Скопје, во периодот јануари 2012 – јули 2014 година, со умисла ја искористиле службената положба и овластување и за руската компанија ОАД Стројтрансгас од Москва прибавиле противправна имотна корист во износ 2.008.877.000,00 денари, односно близу 33 милиони евра, и во истиот износ нанеле штета на Буџетот на РМ.Ставрески и Јанакиески биле овластени претставници за спроведување на Меѓувладината спогодба, склучена на 19 јуни 2010 година во Санкт Петерсбург меѓу Владите на РМ и Руската Федерација за регулирање на обврските на некогашниот СССР кон поранешната СФРЈ во делот на обврските кон Македонија.Со спогодбата се регулира рускиот долг во износ од 60.560.242,44 американски долари да се затвори преку испорака на стоки, услуги и извршување на работи. Во преговорите, Ставрески и Јанакиески договориле таа сума да се затвори со изградба на магистрален гасовод, делница „Клечовце – Блок станица 5“ за вкупна сума од 75.700.303,05 американски долари, или 55.647.292,77 евра, при што Русија учествува со 80 отсто, а Македонија со 20 отсто.Меѓутоа, претходно, по нарачка на Министерството за транспорт и врски била изготвена Физибилити студија за изградба на гасоводна делница Клечовце – Штип, која гасоводна делница е подолга за речиси 36 км во однос на претходно споменатиот договор за делницата „Клечовце- Блок станица 5“.Согласно студијата цената на чинење на изградба на делницата би била помеѓу 30 и 35 милиони евра, така што осомничените Ставрески и Јанакиески биле наполно свесни дека реалната цена е многу пониска од онаа договорена со руската страна. Сепак, и покрај тоа Ставрески и Јанакиески целокупниот руски долг го затвориле со обезбедување на услуга – изградба на гасовод, во изведба на компанијата од Москва.Така, на затворена владина седница, со присуство на осомничените министри, Владата донела заклучок да се прифати понудата на руската компанија и да се потпише конечен договор. Потоа, Собранието на РМ, го прифатил владиниот предлог и во скратена постапка донело закон за изградба на гасоводот, при што од пратениците биле сокриени фактите од Физибилити студијата, според кои, реалната цена на чинење е далеку пониска, или, само 378.626,37 евра ( за еден километар гасовод ).Во насока на склучување на договорот, осомничениот Крсте Миладинов, како директор на „Македонски енергетски ресурси“ ја прифатил нереално високата цена на услугата од договорот, иако бил запознат со Физибилити студијата, оттаму и со реалната цена на чинењето на изградбата на гасоводот, па на 9 јули 2014 во Скопје го склучил договорот со руската компанија, со што на оваа компанија ѝ е овозможена противправна имотна корист во износ од 32.664.672 евра и 11 центи, колку што е оштетен и буџетот на Република Македонија.Со ова, постои основано сомнение дека осомничените Зоран Ставревски и Миле Јанакиески сториле по едно кривично дело Злопупотреба на службена положба и овластување од член 353 став 5 в.в. со став 3 и 1 в.в член 22 од КЗ на РМ, а осомничениот Крсте Миладинов сторил едно кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 став 5 в.в. став 4, 3 и 1 в.в. со член 22 на РМ.Со една реченица РМ фактички со свои средства си го платила гасоводот, бидејќи учествувала со 20 отсто во договорот, што отприлика е целокупната (реалната ) сума на чинење, а долгот на Русија спрема РМ, фактички останал „подарок“ за Русија.ПропагандаСо оваа наредба за спроведување на истрага опфатени се девет лица, и тоа: Никола Груевски, Кирил Божиновски, Ацо Мисајлоски, Емил Парнаџиски, Владислав Стајковиќ, Саше Стојановски, Елена Колишевска, Марјан Цветковски и Захарија Вулгаракис, поради основано сомнение за сторени кривични дела – злосторничко здружување и злоупотреба на службената положба и овластување.Предмет на оваа истрага е влијанието врз јавното мислење и обезбедувањето контролиран проток на информации во средствата за јавно информирање на товар на буџетот на РМ, а во насока на поддршка на делувањето на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.Имено, постои основано сомнение дека осомничените девет лица формирале злосторничко здружение на чие чело бил осомничениот Никола Груевски кој, заедно со осомничените Кирил Божиновски и Ацо Мисајлоски создале група што имала за цел вршење на кривични дела против службената должност.Делувањето на групата било во две насоки и тоа: преку распределба на средства од државниот буџет и преку преземање на локални телевизии и едно радио да се влијае на независноста на радиодифузерите при создавање на програмите и креирањето на уредувачката политика и да се влијае на содржината на програмата, така што во медиумскиот простор да доминираат идеите и активностите на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.Имено, осомничениот Кирил Божиновски заедно со осомничениот Никола Груевски, спротивно на Законот за спречување на корупција и Законот за радиодифузна дејност доделувале договори за набавка на услуги – купување на термини за телевизиско и радио емитување или, реемитување на спотови, за различни кампањи на Владата, повластувајќи радиодифузери кај кои можеле да влијааат на уредувачката политика и кои обезбедувале услуги за политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.За оваа цел во периодот од 2010 до 2015 година од Буџетот на РМ биле исплатени 30 милиони евра, од кои најголем процент завршиле кај радиодифузерите кои што ја поддржувале политиката и активностите на ВМРО-ДПМНЕ.Воедно, делувајќи по планот на групата, осомничените Никола Груевски и Кирил Божиновски, помогнати од останатите осомничени лица припадници на групата, во насока на влијание на јавното мислење, спротивно на Законот за радиодифузија и Законот за спречување на корупција, организирале преземање и работење на седум локални телевизиски станици и едно радио, со што прибавиле значителна имотна корист за овие радиодифузери во вкупен износ од околу 5.250.000 евра.Имено, осомничениот Никола Груевски донел одлука партијата ВМРО-ДПМНЕ да има учество во сопственоста и да ја организира и раководи уредувачката политика на седумте локални ТВ станици и едно радио, иако вакво нешто е спротивно на законите.Осомничениот Кирил Божиновски, помогнат од другите осомничени припадници на групата го спровел преземањето на телевизиските станици и радиото и ја организирал нивната работа.Целокупното делување било во насока да се прикрие кој реално ја има сопственоста и контролата на медиумите, а самото финансирање на медиумите било од буџетски средства преку доделување на договори за услуги – купување на термини за телевизиско и радиско емитување на спотови на Владата на РМ.Воедно за финансирање на овие медиуми биле искористени буџетски средства и на индиректен начин, така што правни лица кои имале склучено договори за јавни набавки со државни органи учествувале во финансисрање на овие медиуми, а ваквиот начин на финансисрање бил овозможен токму од осомничените лица.ДизајнСо наредба за спроведување на истражна постапка во случајот „ Дизајн “ опфатени се четири службени лица поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од чл. 353 ст.5 в.в. со ст.1 в.в. со чл.22 од КЗ на РМ.Имено, постои основано сомнение дека во периодот од 2009 и 2010 година, осомничениот Миле Јанакиескикако министер за транспорт и врски, осомничената Снежана Филиповска Павлеска како претседател на Комисијата за спроведување на јавни набавки, а осомничените Игор Јанушев и Јулијана Јанкуловска Атанасова, како членови на комисијата за спроведување на јавни набавки, на двокатни автобуси за град Скопје, формирана од министерството, ги искористиле своите службени положби и овластувња и за економскиот оператор Јутонг од Кина прибавиле корист, односно незаконско повластување – фаворизирање во постапката и склучување на договор за набавка на 202 двокатни автобуси, нанесувајќи му штета на буџетот на Р.М. во износ од 5.000.000 евра.Од доказите произлегува дека првоосомничениот Миле Јанакиевски како Министер, по претходно поништени две постапки за јавна набавка на спорните автобуси, на кои конкурирал економскиот оператор Јутонг од Кина, без да ги исполнува условите на тендерот, со цел да го фаворизира економскиот оператор Јутонг, повторно донел решение за набавка на 202 автобуси во кое, спротивно на чл.161 од Закон за јавните набавки, во критериумот економски најповолна понуда, покрај елементот цена и техничко функционални карактеристики го додал и елементот дизајн, елемент кој инаку не е предвиден во Законот, и за истиот во огласот навел дека носи 20 бода.На огласот се јавиле два економски оператори, Јутонг од Кина и Кинг Лонг од Бугарија, по што осомничените (претседателот и членовите на комисијата), при разгледување на понудите, го фаворизирале економскиот оператор Јутонг, иако истиот не доставил сертификат за квалитет ИСО 9001:2000, туку доставил сертификат ИСО/ТС 16949:2002, а банкарската гаранција пак која ја доставил била издадена од Охридска банка АД Скопје, која не поседувала „Б“ кредитен рејтинг (што било услов во тендерската документација).Како комисија за спроведување на јавната набавка наместо да ја отфрлат ваквата понуда, тие продолжиле со евалуација на двете доставени понуди.Понудата на економскиот оператор Кинг Лонг била второрангирана, поради тоа што истата не ги освоила потребните бодови за критериумот за елементот дизајн, иако истата била поефтина за 5.000.000 евра од понудата на Јутонг.Министерот Јанакиевски, бил должен да ја поништи постапката за јавна набавка поради битни пропусти во истата, меѓутоа тој тоа не го сторил тоа, со што постапил спротивно на чл.169 од Законот за јавни набавки и на ден 14.04.2010 година склучил договор за купопродажба на автобуси со кинески Јутонг.ХармонијаСо наредба за спроведување на истражна постапка во случајот „ Хармонија “ опфатени се три службени лица, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од чл. 353 ст.3 в.в. со ст.1.вв со чл.22 и чл.45 од КЗ.Постои основано сомнение дека во 2012 година осомничените Никола Груевски претседател на Владата на РМ, Миле Јанакиевски како министер за транспорт и врски и Стевчо Јакимовски градоначалник на општина Карпош, со искористување на својата службена положба, како соизвршители, за Приватен Меѓународен Балкански Универзитет Скопје прибавиле значителна имотна корист во износ од 23.730.912 денари, односно 385.868 eвра, на следниов начин:Од доказите произлегува дека Никола Груевски, поради блиски пријателски врски со лица од Република Турција им помогнал на сопствениците да се стекнат со две градежни парцели на атрактивно земјиште во северниот дел на касарната Илинден, по нереално ниска цена од само 71 денар по м2 ,наспроти предвидената почетна цена од 1400.00 ден по м2.Имено, Никола Груевски на седница на Владата издејствувал измена на уредбата која се однесува на продажба на државното земјиште, со што била утврдена почетна цена од 61 денар по м2 за јавно наддавање.Во договор со Никола Груевски, Миле Јанакиевски испратил допис до Стевчо Јакимовски, градоначалник на општината да спроведе постапка за оттуѓување на споменатите парцели по пат електронско наддавање.Со цел да се минимизира можноста за учество и на други правни субјекти во наддавањето, Никола Груевски предвидел дополнителен посебен услов – учесниците освен акредитација за високо образование, да приложат и несразмерно висока гаранција од 100.000 евра по парцела.По објавата за јавното наддавање на почетокот на месец мај, Балкански универзитет се пријавува на наддавњето кон крајот на месец мај, но комисијата утврдила и по електрански пат го известила универзитетот дека документацијата не е комплетна и дека не може да учествува.Во договор меѓу Миле Јанакиевски и Стевчо Јакимовски, градоначалникот некомплетните документи му ги вратил на претставник од Универзитетот, по што употребувајки ја својата службена положба побарал од комисијата повторно да ги прими назад, сега веќе комплетните документи и да му допуштат да учествува на електронската аукција.На тој начин му овозможил на правниот субјект како единствен учесник на аукцијата да се стекне со две парцели по цена од само 71.00 денар по м2, со што му овозможиле на Универзитетот да се стекне со значителна имотна корист во износ од 23.730.912 денари, односно 385.868 eвра.Следната година, во ноември, осомничените Никола Груевски и Миле Јанакиевски повторно на Балкански универзитет му овозможиле противправна имотна корист, во износ од 15.951.237,00 денари односно 259.370 евра, а на штета на буџетите на град Скопје и општина Карпош овозможувајки им незаконски да платат 50 % пониска цена комуналии за изградба на објект на споменатите две парцели.Базни станициСо наредба за спроведување на истражна постапка во случајот „Базни станици“, опфатено е едно лице поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст. 5 в.в. со ст.4 и 1 од КЗ.Според доказите, во текот на 2011 година осомниченииот Жарко Луковски, тогаш главен извршен директор на Т-мобиле Македонија АД, со искористување на положбата и овластувањето, на ДГ Бетон АД Скопје му прибавил значителна имотна корист од 3.522.400 евра. Воедно, на акционерите на Т-мобиле Македонија, меѓу кои е и државата, им нанел штета во висина на приходот од неоствареното право на дивиденда.Имено, осомничениот, со цел легализација на дивопоставени базни станици, инаку предвидено со Законот за постапување со бесправно изградени објекти, во април 2011 година побарал финансиска понуда од ДГ Бетон за таа компанија за компанијата Т-мобиле Македонија да ја заврши постапката за утврдување на правниот статус на нејзините базни станици, иако Т-мобиле Македонија поседувал соодветен тим на стручни и лиценцирани лица, кои и претходно работеле на утврдување на правниот статус на базните станици и тоа во износ од по околу 3.000 евра по објект. Нагласуваме дека ДГ Бетон како правно лице претходно никогаш нема давано услуги од овој вид, а во фирмата постоел само еден вработен со соодветното работно искуство.Сепак, набрзо ДГ Бетон ја известил компанијата Т-мобиле Македонија дека бараната услуга може да ја изврши, по што на 15 август до ДГ Бетон доставил конечна понуда од 9800 евра по објект, како и 2.500 евра за докомплетирање на документација за други стари базни станици.Нагласуваме дека станува збор за сума по базна станица која е за повеќе од три пати повисока во однос на таа за која истата работа можела да биде завршена од страна на стручниот тим на Т-мобиле Македонија.Од доказите произлегува дека на 27 декември истата година осомничениот Жарко Луковски, во име на Т-мобиле Македонија, потпишал договор со претставник на ДГ Бетон за утврдување на правниот статус на базните станици и нивно запишување во јавните книги за недвижност, по веќе споменатата цена од по 9.800 евра по објект, без ДДВ но, вклучително и за 518 комуникациски објекти за кои документацијата само технички била доставена до ДГ Бетон, бидејќи истата веќе била изготвена во Т-мобиле Македонија.Имено, на ДГ Бетон му останала обврска оваа веќе изготвена документација само физички да ја однесе во Архивата на Министерството за транспорт и врски.На овој начин, ДГ Бетон се стекнал со имотната корист од над 3,5 милиони евра, додека акционерите, меѓу кои и државата претрпеле штета во приходи од неостварена дивиденда.ПациентВо истрагата кое се води под името „Пациент“ постои основано сомнение за злоупотреба на службената положба и овластување на службени и одговорни лица во постапки по јавни набавки за извршување на градежни и градежно – занаетчиски работи во повеќе Јавни здравствени установи низ државата. Во истрагата се вклучени 15 лица, меѓу кои и еден поранешен министер за здравство.Постои основано сомнение дека во 2010 година четворица од осомничените, Фатмир Авмедовски, Бетим Љамалари, Менсур Ибрахими и Жаклина Чагороска, како одговорни лица – претседател и членови на комисијата за јавни набавки во Министерството за здравство на РМ, при вршење на јавна набавка бр 02/2010 за изведување на градежни и градежно – занаетчиски работи во повеќе Јавни здравствени установи низ Македонија, поднеле незаконит предлог за избор на најповолна понуда, а осомничениот Бујар Османи, како министер за здравство, наместо да го одбие предлогот на Комисијата, донел решение за избор на најповолна понуда на понудувачот ГБС – Благоевград – Република Бугарија.Имено, од доказите произлегува дека осомничените членови на комисијата, го фаворизирале понудувачот ГБС – Благоевград, и покрај тоа што знаеле дека овој понудувач не ги исполнувал условите од тендерската документација, односно не ги поседувал потребните овластувања за инженерите за изведба, а во предмер пресметките кои се составен дел на понудите, не направиле ниту точен збир на податоците, поради што не утврдиле дека понудата на Ингра Загреб е за 637.303,00 денари поевтина од онаа на ГБС Благоевград.Иако сето ова му било познато и на министерот за здравство, тој не го одбил предлогот туку донел решение и ја избрал понудата на ГБС Благоевград како најповолна, и покрај тоа што вредноста на понудата е поголема од проценетата вредност по јавната набавка и на правниот субјект му овозможил имотна корист во износ од 21.604.150,59 денари.Во понатамошното мое излагање ќе слушнете како при изградба и реконструкција на ЈЗУ „Општа болница Охрид“, ЈЗУ Клиничка болница Тетово и ЈЗУ ГАК Чаир, различни лица во различни периоди причиниле штета на буџетот на РМ.Имено, во текот на 2010 година истите осомничени Фатмир Авмедовски, Бетим Љамалари, Менсур Ибрахими и Жаклина Чагороска, во друга постапка за јавна набавка бр. 03/2010 за изведување на градежни и градежно – занаетчиски работи во ЈЗУ „Општа болница Охрид“, поднеле незаконит предлог за избор на најповолна понуда и повторно ја избрале понудата на понудувачот ГБС Благоевград кој сѐ уште не ги поседувал потребните овластувања за инженерите за изведба, а со тоа не ги исполнувал ниту условите од тендерската документација.Министерот за здравство Бујар Османи, го прифатил и овој предлог и склучил договор со понудувачот ГБС Благоевград на износ од 127.533.691 денар.Според доказите, во текот на 2013 година во постапка за јавна набавка бр 07/2010 за реконструкција и доградба на ЈЗУ Клиничка болница Тетово, осомничените: Делче Арсоски како раководител и Дамир Лончариќ како управител во фирмата Ингра Загреб-подружница Ингра Скопје, потпишале и завериле завршна ситуација со невистинити податоци по однос на количините на вградените материјали и нивниот квалитет.Потоа, завршната ситуација била доставена до одговорните надзори, осомничените Ангел Икономов, Александар Диманин и Заре Здравески, кои без да ги проверат количините, ја потпишале и одобриле.Осомничениот Љупчо Мијајлески, како одговорен инженер во проектната единица за реконструкција и доградба при МЗ на РМ, ја одобрил без да ја провери, а исто така и не побарал да биде активирана банкарската гаранција за неквалитет.Завршната ситуација била основ за плаќање на парични средства, кои средства и биле исплатени , со што причиниле штета на Буџетот на РМ во вкупен износ од 719.470,00 денари, а за правното лице ИНГРА Загреб-Подружница Ингра во Скопје прибавиле имотна корист во висина од 6.005.461,00 денари.Во текот на 2012 година во постапка за јавна набавка број 02/2010 за реконструкција на болницата Чаир осомничениот Александар Наумовски, како раководител на работите во фирмата ГБС Благоевград, која е изведувач на градежните работи, изготвил завршна ситуација, со невистинити податоци по однос на количините на вградените материјали и нивниот квалитет.Завршната ситуацијата ја доставил до осомничениот Димче Ивановски, кој како одговорен надзор ја потврдил, а потоа осомничените Јадранка Ношпал, специјалист за градежни работи и Славица Тасевска Николовска, проект менаџер од проектната единица при Министерствотo за здравство, без да ја проверат, ја потпишале и одобриле завршната ситуација, која била основ за плаќање на парични средства, кои средства и биле исплатени, со што причиниле штета на Буџетот на РМ во вкупен износ од 1.568,828 денари.

Македонија | пред 7 години

bageri-majcin-dom

Багерите на полноќ почнаа со копање кај Мајчин дом (видео)

Жителите на скопската општина Аеродром од полноќ на социјалните мрежи постираат фотографии и видеа од багери кои ноќеска почнале да копаат на парцелата кај Мајчин дом, каде се планира голем станбено-деловен објект.Револтот на граѓаните е насочен кон градоначалникот на Аеродром, Златко Марин, кој за време на кампањата за локалните избори бараше неговиот претходник да го повлече планот за изградба на овој објект, а сега самиот го дозволил. Жителите за денеска во 17 часот најавија протест и бараат оставка од Марин за неисполнетите ветување.

Скопје | пред 7 години

BeFunky-collage-8

ЕКСКЛУЗИВНО: Мицкоски повикан на разговори во Германија

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски денес треба да отпатува во Германија каде е повикан од страна на одредени политички субјекти на разговори поврзани со нановите случувања во државава, од како Владата до Собранието достави предлог за измени во Уставот со кои треба да почне имплементирање на договорот од Преспа.Мицкоски не одговори на прашање на „Скопје 1“ за тоа дали е повикан денес на средби во Германија.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања