Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

главни-вести

Нема фотографија

( ФОТО ) Вака ќе изгледа зградата која ќе никне во Аеродром на местото од зеленилото

Вака ќе изгледа зградата која треба да се гради на местото од зеленилото Мајчин дом, во Општина Аеродром.И покрај бројните протести на жителите, но и предизборните ветувања дадени од градоначалникот Златко Марин дека зеленилото нема да се чепка, денес околу пладне градежната механизација влезе на зеленилото кај Мајчин дом, во Општина Аеродром и веќе станува извесно дека на парцелата сепак ќе никнува висококатница.,Златко Марин веднаш да се повлече од функцијата, затоа што не успеа да го исполни ветувањето кое го даде на Аеродромци! Парцелата пред Мајчин дом денеска е оградена и започнува изградба на осумкатница!“ реагираат од иницијативата „Аеродром сака да дише“.Од Општина Аеродром, во одговор за Дејан Митевски од ВМРО-ДПМНЕ кој изјави дека градоначалникот Марин за време на кампањата за референдумот го издал одобрението за градба на објектот, тврдат дека им биле врзани рацете.„Општината активно соработува со Уставниот суд, каде што се доставени сите потребни документи во однос на ДУП И 10, за кој се поднесени повеќе претставки. Уставниот суд до денес нема донесено никаква одлука за овој предмет, ниту го има ставено во мирување ниту го има поништено ДУП И 10“, соопштија вчера од Општината.„Во меѓувреме во Општина Аеродром е пристигнато барање за дозвола за градба на плацот пред ‘Мајчин дом’, што Општината е законски обврзана да го процесира во согласност со позитивните законски регулативи и параметрите на сè уште активниот ДУП И 10“, стои во соопштението од општината.

Скопје | пред 7 години

jankulovska

Јанкулоска осудена на 6 години затвор

Во Кривичниот суд денеска беше изречена пресудата за издвоената постапка за Гордана Јанкулоска за предметот „Тенк“, на која и е изречен 6 години затвор.Обвинителството, во завршниот збор на 3 октомври, побара Судот да ја прогласи Јанкулоска за виновна за злоупотреба на службена должност и овластувања, како и да ги подмири трошоците заедно со Поповски и Груевски во висина од 313 илјади денари.Обвинителката Фатиме Фетаи, во завршниот збор наведе, дека од изнесените докази јасно се гледа дека Јанкулоска го поттикнала Поповски да набави блиндирано возило за МВР и тоа да се даде на користење на премиерот Груевски.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ја втурнува државата во нова политичка криза

Насилното туркање на договорот од Преспа кој беше отфрлен на референдум од страна на народот ја носи државата во политичко – правен ќорсокак, предупреди ВМРО-ДПМНЕ.„Граѓаните и државата не смеат да трпат заради неодговорноста и неспособноста на Заев и екипата околу него.Повеќе од година дена државата реди само неуспеси. Владата која како маска го стави за приоритет решавањето на спорот за името, всушност правеше невиден грабеж. Милионски тендери се делат во четири очи, убиства се случуваат по улиците кои никој не ги расветлува, здравството, образованието и земјоделието тонат, исто како и се друго во државата, а ветувањата за 500 евра плата и 600 километри автопат останаа само бледо слово на хартија.Хаосот не смее да продолжи. Зоран Заев мора да си оди.Над 1 милион и 200 илјади граѓани и дадоа црвен картон на оваа влада и на договорот од Преспа. СДСМ нема легитимитет да управува со државата.Кризата мора да запре. ВМРО-ДПМНЕ нуди решение. Ние ги прифаќаме изборите кои Заев ги најави. За тие да се случат, а со цел овозможување на фер и демократски изборен процес потребно е формирање на техничка – пржинска влада, избор на ЈО по предлог на опозицијата и Анкетна комисија во Собранието за разгледување на нерегуларностите од референдумскиот процес.Втората опција за СДСМ и Заев е веднаш да се откажат од капитулантскиот договор и да се распишат избори, за по изборите да биде формирана нова обвинителска институција која ќе ги истражува криминалите на оваа власт и предметите на СЈО.Времето на криминал и корупција во Македонија мора да заврши. Политичарите од транзицијата мора да си заминат. Потребно е напуштање на договорот, осуда на криминалот и правда за секој еден граѓанин во оваа држава.На Македонија не и потребна нова криза, на Македонија и е потребен напредок и победа. Македонија ќе победи, народот ќе победи само со чесен и искрен и принципиелен пристап“ се наведува во соопштението на опозициската партија.

Македонија | пред 7 години

lgbt

Во Романија не успеа референдумот за забрана на истополови бракови

Дводневниот референдум во Романија, на кој гласачите одлучуваа за уставна измена според која семејството ќе се дефинира како заедница помеѓу маж и жена, со што ќе се забрани истополовиот брак, не успеа, бидејќи не излегоа доволен број гласачи.Централната избирачка канцеларија соопшти дека по затворањето на гласачките места, на референдумот излегле 20,41 отсто од вкупниот број гласачи, меѓутоа неопходно беше да излезат најмалку 30 отсто за референдумот да се прогласи за важечки.Со неусвоениот амандман требаше да се измени дефиницијата за семејство во романскиот Устав, тако што бракот наместо заедница на „сопружници“ требаше да се дефинира како заедница помеѓу „маж и жена“.Романската православна црква го поддржа амандманот.

Свет | пред 7 години

sobranie-21

На пратеници од ВМРО ДПМНЕ им се нудело укинување притвор во замена за гласање „за“

Дел од пратениците на ВМРО ДПМНЕ кои се во притвор заради настаните од 27 април, преку посредници испратени од СДСМ добиле понуди за укинување на притворот, доколку гласаат „за“ во собранието кога на дневен ред ќе стигне договорот од Преспа - дознава „Скопје1“ од свои извори во СДСМ.Неофицијално, се зборува дека Сашо Василевски и Крсто Муковски се двајцата договорени пратеници кои ќе гласаат за уставни измени. Љубен Арнаудов е третиот пратеник со кој се преговара, но сеуште непотврден за СДСМ, велат за „Скопје1“ извори од партиите.Со посредниците на СДСМ преговара ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, гласно се шпекулира во јавноста. Во одредени кругови се вели и дека Мијалков преговара со СДСМ за да биде тајно амнестиран за обвиненијата подигнати од СЈО.МИЦКОСКИ: ВО ЈАВНОСТА ИМА СОМНЕЖ ДЕКА НЕКОЈ ВО ВЛАДАТА ТРГУВА СО ПРАВОТО И ПРАВДАТА„Самиот факт што во јавноста постои сомнеж дека некој од Владата тргува со правото и правдината, говори дека во оваа држава ниту има правда ниту има правдина, така што не би го коментирал сето она што во моментов се случува во Македонија  - ова го одговори Мицкоски на новинарско прашање околу тоа дали им е понудена опција на пратениците да гласаат „за“ договорот од Преспа, а Груевски да добие амнестија.Според нашите извори на овој начин треба да се зголеми бројката од шест пратеници на опозицијата кои ќе гласаат „ за “ договорот од Преспа. „Скопје 1“ денес ексклузивно објави  дека односите меѓу почесниот претседател и пратеник Никола Груевски и првиот човек на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски се нарушени и тие немаат комуникација.

Македонија | пред 7 години

grujo-micko1

Мицкоски се скарал со Груевски

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски не негира дека се скарал со експретседателот на партијата Никола Груевски. По низа информации кои протекоа во јавноста, Мицкоски прашан дали е вистина, за „Скопје 1“вели „Немам коментар“.Никола Груевски е правосилно осуден на казна затвор и се чека да се јави на издржување на казната, а партијата ВМРО ДПМНЕ како да го премолчи ова реагирајќи на пониско ниво преку портпаролот Димче Арсовски, кој на прес конференција повтори серија флоскули околу распадот на правосудството.Сите останати високи функционери на ВМРО ДПМНЕ јавно не излегоа да ја коментираат пресудата со која почесниот претседател и поранешна партиска икона се осудува на казна затвор.Со недели наназад во политичките кулоари кружат информации дека односите меѓу партискиот претседател Христијан Мицкоски и поранешното раководство се целосно прекинати и практично повеќе не постојат.Појавувањето на Груевски со статус ( напишан во 3 часот наутро ), во кој повикува ВМРО ДПМНЕ да не е уценето заради него, притоа сам релатизивирајќи го своето одење во затвор и претставувајќи се како жртва, а сето тоа додека целото ново партиско раководство молчи за казната затвор многумина го оценија како потврда на јавната тајна дека старото и новото раководство на ВМРО ДПМНЕ ги нарушило и целосно прекинало односите и немаат повеќе контакт.Каде и заради што се разидоа Мицкоски и Груевски јавноста допрва ќе се информира и ќе анализира.

Македонија | пред 7 години

gruevski

Груевски до пратениците: Јас ќе одам во затвор, немојте да ве уценуваат поради мене

Експремиерот Никола Груевски, ноќеска по полноќ на социјалните мрежи напиша статус со коj ја предупреди неговата партија дека не смее да биде попушти пред заканите.„Ако ВМРО-ДПМНЕ е уценето, уценета е и Македонија. Кога ВМРО-ДПМНЕ е на колена, на колена е и Македонија. Но, и кога ВМРО-ДПМНЕ е силно и исправено, исправена и силна е и Македонија. Бидејки ВМРО-ДПМНЕ е “последниот меч” на одбранта на државните и националните интереси на Македонија.Иако верувам дека и без ова мое предупредување ВМРО-ДПМНЕ нема да го направи спротивното, сепак, сакам да испратам еден проглас до мојата партија, а во врска со политичкиот прогон против мене и политички мотивираната и диригираната пресуда против мене објавена деновиве од Апелциониот (читај: политичкиот) суд во Скопје, поврзана со набавката на безбедносно заштитено возило пред 6 години.Доколку од Вас, било кој и на било кој начин, бара да направите и најмала остапка која би била на штета на државните и националните интереси, ставајќи го тоа во корелација со запирање или ублажување на политичкиот прогон против мене, како долгогодишен водач на ВМРО-ДПМНЕ и како нејзин почесен претседател и актуелен пратеник, Ве молам без размислување, без ни малку колебање, одлучно да го отфрлите таквиот непристоен предлог.Кога во 2003-тата одлучив да го превземам кормилото на ВМРО-ДПМНЕ бев целосно свесен како на предизвикот и честа, така и на ризиците да се биде на чело на оваа партија и организација, која е главен носител и бранител на македонизмот, суверенизмот на земјата, браник на интересите на македонскиот народ и сите граѓани кои живеат во неа.Над нас натежнаа тешки облаци и предизвици. Треба да се справиме со тоа и секогаш на прво место да ни биде општиот и заеднички интерес на нашата држава, нашиот народ и нација.Индивидуалните и лични предизвици и ризици, несмеат да го доведат во прашање претходното.ВМРО-ДПМНЕ мора да носи одлуки кои се најдобри и најисправни за Република Македонија, македонската нација и сите граѓани на Република Македонија.  И се разбира да остане заедно со народот и во најтешкото.Јас и мојата судбина, политичкиот прогон против мене, изживувањето и “лечењето“ лични фрустрации и суети со прогонот и малтретирањето на мене, етикетирањето без основ до ниво на жигосување, казнувањето без вина, сето тоа е второстепено и јас тоа ќе го истрпам, ќе го издржам, ќе се справувам и ќе се борам колку што можам, со целосна подготвеност за плаќање на цената за тоа, независно дали таа се однесува на моето достоинство и углед, на мојата слобода или на мојот живот.Знам дека моите деца независно колку денес на оваа возраст го разбираат сето тоа, кога ќе пораснат и самостојно ќе расудуваат, кога ќе научат и проучат за нашата борба и идеали, дека правилно ќе разберат се, вклучувајки ги сите последици кои ги трпат и ќе ги трпат.И знам дека нашиот народ одамна знае дека и јас и ВМРО-ДПМНЕ многу повеќе од сегашната власт и сакаме и работевме Македонија да се приклучи на НАТО и ЕУ, но истовремено се боревме тоа да биде постигнато на достоинствен начин.За мене е важно дека како водач на ВМРО, речиси 15 години, дадов се што е во моја моќ до последен атом, се за да помогнам Македонија да оди напред, и народот да има подобар живот. И таа моја мисија ја извршив чесно, одговорно и достоинствено.Затоа денес со крената глава и чист образ се движам насекаде низ Македонија а мнозинството од мојот народ го почитува мојот вложен труд и секојдневно движејки се слободно низ градовите и меѓу народот, насекаде, убедливото мнозинство граѓани, спротивно на безбројните потплатени негативни натписи и прилози против мене, на медиумите контролирани од актуелната власт, ми изразува почит и благодарност. Ништо повеќе и не очекувам од тоа.Ова има уште поголемо значење кога ќе се каже дека веќе со години сум предмет на досега невидена во нашата историја платена и организирана валкана пропаганда за мое оцрнување, деградирање, понижување и жигосување. Две и пол години одкако не сум премиер, скоро една година одкога сум речиси целосно политички пасивен, се плашат да запрат со медиумската хајка против мене, која само е покритие на организираната политичко судска кампања против мене. Попусто им е. Неможат да ме скршат. И нема да ме скршат.Ќе им порачам: на власт се доаѓа и се заминува. Во затвор се влегува и се излегува. Пари се заработуваат и се трошат. Политичка подршка се добива и се губи. Мандати почнуваат и завршуваат. Но, достоинството кога се губи, се губи засекогаш. Тоа го губат тие кои полни со омрза ме прогонуваат и неможат да се помират дека неможат да ме скршат, иако пробаа се, буквално се'. Бесни се, ќе им дојде крајот.Нив само ќе ги потсетам на една мисла на македонскиот великан Гоце Делчев:“Јас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предаствата на своите синови-изроди, отколку македонскиот. Историјта не памети друг таков пример кога еден ист народ по традиција, јазик и вера се разделува на разни спротини страни, една од друга потуѓи.“Иднината им припаѓа на оние кои најдолго и најдалеку се сеќаваат на минатото. (Ф.Ниче)На власт се, и формално гледано се над другите, а всушност во очите на мнозинството народ се подолу и од мене и од мнозинството македонски граѓани. И тоа ги боли, ги излудува.И кога, дури и фигуративно кажано, плукаат кон некого нагоре, некој кој е над нив, колку повеќе плукаат, толку повеќе нивната плуканка која ја плукаат нагоре, се враќа и паѓа врз нивниот образ и чело. Низ мислите на Ф.Ниче, ќе им порачам: “воздржете се од плукање против ветрот“.Мојата жртва, со овие смешни и фабрикувани обвиненија кои имаат политичка цел и основа, со отворени случаи без никакви докази - законски или незаконски прибавувани, со политички диригираните пресуди со затворски казни на нервозниот, опиен од моќта, разгневен и веќе изгубен противник, со нарачаните фабрикувани медиумски извештаи, со сите платеници платени да ме жигосуваат, сето тоа е ништо во однос на големите жртви кои се дадени за слободата и независноста на нашата татковина низ историјата наназад.Јас сум ништожен и беззначаен во однос на илјадниците жртви дадени за делото и каузата за која со генерации македонските патриоти и маченици пред кои стојам мирно и се поклонувам, се бореа, гинеа, страдаа, беа затворани, понижувани и угнетувани.Затоа, главата горе мои сопартијци и чесни Македонци. И не заборавајте: ќе ги победиме!!!За крај, ќе завршам со еден цитат од писмото од 14-ти август, 1924 година, испратено од Тодор Александров до Александар Протогеров, каде својата патриотска дејност и долг кон татковината, легендарниот водач на ВМРО му ја изложил на својот близок соработник и соборец во неколку реченици:“Јас не сум сторил ништо повеќе од совесно исполнување на својот долг; не за некаква слава - што јас со години ја поднесувам со најтежок и ризичен живот - отколку сите другари... Како заклучок ќе ти кажам: како и досега, така и во иднина, во сите свои дејства сум се раководел и ќе се раководам единствено само од интересите на ВМРО“, пишува Никола Груевски на социјалните мрежи.

Македонија | пред 7 години

mpc-1

МПЦ ретерира , нема да го меннува името

Црковните великодостојници го потврдија ставот дека името на Македонската православна црква останува непроменето. Во годината кога се одбележува јубилејот 1000 години Охридска архиепископија, Архиепископскиот црковно- народен Собор на јубилејното заседание што се одржува во Струга и Охрид донесе Резолуција во која првиот заклучок се однесува за неменување на името на МПЦ.Членовите на Црковно- народниот собор воедно упатуваат апел за национално единство и искрен и молитвен повик до сите политички субјекти во земјата за одговорен пристап во овој исклучителен и полн со предизвици период за нашата земја, да се употребат сите сили за запазување на националниот и духовниот идентитет на македонскиот народ и се што е Македонско, изјави Митрополит Тимотеј, портпарол на МПЦ – ОА.Со Резолуцијата која Соборот ја усвои по пет часовна работа зад затворени врати, се врши измена на повеќе членови на Уставот на црквата, меѓу другото и на името на МПЦ и титулата на поглаварот.Се дополнуваа чл. 2 од Уставот на МПЦ, кој ќе гласи: „Македонската православна црква- иаториска и правна наследничка на Охридската Архиепископија и на Јустинијана Прима, има достоинство на Архиепископија и се именува Македонска Православна Црква- Охридска Архиепископија, а во комуникацијата Македонска православна црква“.Се дополнува чл. 9, став 2 од Уставот на МПЦ кој ќе гласи: „Титулата на Архипископот е Митрополит Скопски, Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима и се ословува со „Ваше Блаженство“, соопшти митрополит Тимотеј.Соборот го корегира и член 23 од црковниот Устав со што викарните епископи се исклучуваат од Пленарниот состав на Синодот и немаат право на глас. Усвоена е и одлука за поделба на Полошко-кумановска епархија на две засебни: Тетовско–гостиварска и Кумановско-Осоговска православна епархија. Прецизирани се границите на епархиите во земјата и дијаспората, кои со уставните измени добиваат засебен правен статус.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ во Виница за не цела една година изгуби речиси 2.000 гласови

„Во недела, граѓаните на Општина Виница покажаа висока демократска и патриотска свест со тоа што не го поддржаа договорот од Нивици за промена на уставното име на Република Македонија, на идентитетот, историјата и традицијата. Јасно и гласно кажаа НЕ на распродажбата на националните интереси за сметка на политичката кариера на Зоран Заев и Никола Димитров“, велат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Виница.Според нив, СДСМ во Виница за не цела една година изгубиле речиси 2.000 гласови. Излезеноста од само 24% или 3.629 гласови ЗА, во споредба со 5.570 гласови кои СДСМ во Виница ги имашле на локалните избори минатата година се јасен сигнал дека ја губат поддршката кај народот.„Неисполнетите ветувања од типот намалување на водата и другите комунални давачки во 30%, реализацијата на капиталните расходи на Буџетот на Општина Виница за првите 6 месеци е само од 10%, и тоа што ниту еден капитален проект од изборната програма на градоначалникот Ивица Димитров не е започнат. Криминалните тендери, иновации и афери на дневна основа на централната власт, како и нереалните ветувања до 500 евра плата, 200 километри автопати, 100.000 плата на докторите, и уште многу други се само дел од причините при кои ја изгубија довербата кај граѓаните на Општина Виница“, изјавуваат од општинскиот комитет.„Довербата кај граѓаните не може да ја добиете со притисок врз администрацијата, и притисок врз стопанството и приватниот сектор. Довербата се стекнува со исполнување на ветеното пред избори, и одговорно домаќинско работење. Но во матрицата на делување на СДСМ се длабоко вградени лагите, манипулациите, и националното предавство кои се нивно обележје кога и да дојдат на власт“, се вели во изјавата.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Како до уставни промени: Со избори се троши време, без избори уште повеќе

Изборите се нужност не само заради уставните промени, туку затоа што 2/3 мнозинство ќе биде потребно и за голем број закони. Доста е од опструкции кои и натаму би го кочеле реформскиот процес, велат функционери од власта.Владејачката коалиција прво ќе се обиде да добие опозициска поддршка за уставни промени, а доколку тоа не се случи - неизбежни се избори. Ваквиот став на премиерот Заев, само делумно е потврден од коалицискиот партнер ДУИ, која смета дека во моментов приоритет за државата е изнаоѓање решение со кое ќе се имплементира Договорот во парламентот. Таа упати повик до останатите партии да работат на создавање услови за имплементација на Договорот. Централното претседателство на ДУИ кое заседаваше синоќа, смета дека „во моментов не е време за предвремени парламентарни избори, бидејќи ќе се наруши динамиката на имплементацијата на Договорот од Преспа, што може да доведе до сериозна блокада на интегративните процеси на Македонија во НАТО и ЕУ“.„На референдумот излегоа преку 650.000 граѓани, од кои над 90%, или 610.000 граѓани се изјаснија позитивно, со што јасно се отсликува волјата на граѓаните за влез на земјата во ЕУ и НАТО и за прифаќање на договорот од Преспа. ДУИ смета дека потпишаниот и ратификуваниот Договор претставува меѓународна обврска на државата, и во таа насока ги поздравува пораките испратени од меѓународните пријатели, пред сè од САД, ЕУ и земјите - членки на Унијата, во кои јасно и недвосмислено се повикува парламентот да ја преземе обврската за спроведување и имплементирање на Договорот од Преспа“, соопшти ДУИ.Во моментов не е време за предвремени парламентарни избори, смета ДУИВМРО-ДПМНЕ на иста позицијаВаквиот став на ДУИ доаѓа во време кога опозициската ВМРО-ДПМНЕ, од чии пратенички гласови зависи двотретинското мнозинство за уставни измени, повторно најави дека нејзините пратеници нема да гласаат за уставни промени.„Ставот на пратеничката група беше јасен и пред референдумот, јасен е и сега, а тоа е дека пратеничката група ќе ја следи волјата на граѓаните. Волјата на граѓаните е јасна, референдумот пропадна, така што јасно е сѐ“, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, по синоќешната седница на партискиот Централен Комитет.Запрашан  - дали пратениците потпишувале изјави дека нема да прифатат уставни измени, тој рече дека „во овој момент нема таква активност, но целата пратеничка група е единствена дека не треба да поддржи промена на Уставот со цел промена на уставното име“. Во тој контекст, прашањето е врз основа на кои проценки ДУИ се надева дека процесот ќе биде завршен во парламентот и без потреба од вонредни избори. Извори од владејачката коалиција тврдат дека има сознанија оти пратеници од опозицијата сепак би гласале за уставни измени, и покрај притисоците што се вршат врз нив. Засега никој не лицитира со бројка на опозиционери кои би гласале „за“, дел за да не предизвикаат опасност тие да бидат изложени на нови, дополнителни притисоци, а дел поради фактот дека „разговорите сѐ уште не се финализирани“.Од друга страна, функционери во владејачката коалиција се убедени дека предвремените избори се реална нужност, не само заради уставните промени, туку затоа што двотретинско мнозинство ќе биде потребно и за голем број закони.„Не сакаме да се доведеме во ситуација на постојани опструкции и условувања од ВМРО-ДПМНЕ, какви што имаше безброј досега, а кои и во иднина би го кочеле и компромитирале реформскиот процес“, велат тие. Сигнал дека во работите ќе се одвиваат во насока на нови опструкции, тие гледат и во фактот што ЦК на ВМРО-ДПМНЕ вчера ги потврди сите заклучоци/барања што ги донесе Извршниот Комитет претходниот ден: разрешување на Јавниот обвинител и избор на нов на предлог на опозицијата, со цел истражување и процесирање на сите нерегуларности на референдумскиот процес, формирање Анкетната Комисија во Собранието што треба да ги истражи сите нерегуларности, и доколку има избори формирање влада по пржински модел, со мандат од 100 дена. ЦК донел и заклучок Општинските Комитети итно да ги формираат Општински изборни штабови, кои ќе функционираат до завршувањето на претседателските избори.Од ВМРО-ДПМНЕ нема потврда дали ќе одат на избориПријави за фалсификатНо, и покрај ваквата подготовка, од ВМРО-ДПМНЕ нема потврда дали ќе одат на избори, со оглед дека премиерот ги одби условите што ги постави партијата. Одговор синоќа избегна и потпретседателот Николоски.„Нашите услови се јасни, јас кажав вчера и ќе повторам и денес. Ние битката не ја водиме за власт, битката не ја водиме за избори, ниту ја водиме за доаѓање на власт. Заев порано или подоцна ќе си оди. Битката ја водиме за зачувување на името на Република Македонија и сме среќни што со исходот од резултатот уставното име на Република Македонија е зачувано. Сѐ друго е второстепено и небитно“, рече Николоски. Обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ за фалсификат на референдумските резултати синоќа завршија со најава дека партијата денеска ќе поднесе кривична пријава до Јавното обвинителство против повеќе од 200 лица: претседатели, заменици-претседатели, членови, заменици-членови и Избирачки Одбори на гласачки места во Струга, Центар Жупа, Кичево, Желино, Боговиње, Пласница и Сарај. Партијата ќе поднесе и кривични пријави против службени лица од МВР кои несовесно ја вршеле службената дејност.ВМРО-ДПМНЕ синоќа ги повика сите граѓани на Република Македонија „да се обединат кон праведноста и заштита на државните и националните интереси, како и кон ставање на конечен крај на последната гарнитура политичари од транзицијата што ја предводат СДСМ и Владата на Република Македонија“.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Отворен фестивалот „Киненова“: Врачена наградата на Аница Добра и прикажан филмот „Ругање со Христос“ на Јани Бојаџи

Третото издание на фестивалот на дебитантски филм „Киненова“, синоќа свечено беше отворен во киното „Милениум“, каде се прикажа македонската премиера на дебитантскиот игран филм „Ругање со Христос“ по сценарио и режија на Јани Бојаџи и беше врачена наградата за особен придонес во светската филмска уметност на српската актерка Аница Добра.На самиот почеток беа претставени членовите на меѓународното жири: Зеки Демиркубуз од Турција, Росица Валканова од Бугарија, Лазар Секуловски, Македонија, како и членовите на жирито од меѓународна конкуренција за кратки филмови: Чем Озтуфекчи, Турција, Предраг Милојевиќ, Србија, и Марија Апчевска, Македонија.Актерката која има одиграно улоги во околу сто филмови, меѓу кои во „Собирен центар“, „Балкан експрес“, „Како пропадна рокенролот“, „Црниот бомбардер“, „Веќе видено“, „Тито и јас, Аница Добра синоќа го прими големото признание за придонес во филмската уметност.-Македонците се толку прекрасен народ што и во јазикот имаат многу деминутиви. Сведок бев деновиве како тие звучат во ресторан додека престојував во Скопје. Пред проекцијата на филмот би сакала да кажам дека филмовите ги спојуваат непознатото и луѓето, филмовите градат мостови и тоа не е само наша лична работа, туку остава голема трага и отпечаток во цивилизацијата. За да напредуваме како цивилизација, мора да научиме да гледаме на светот и со туѓи очи, зашто само така, ако ги разбереме туѓите животи и туѓите погледи на светот, и самите себеси ќе си дадеме подлабока суштина и причина за овој наш живот, рече Добра на крајот и додаде: моето презиме би било „добричка“, но вие ми укажавте толкава почит и ме направивте – најдобра“.Наградата и ја врачи директорот на „Киненова“ Небојша Јовановиќ, кој меѓудругото истакна дека филмот на Бојаџи предизвикал многу внимание во јавноста и дека, поради големиот интерес за билетите кои беа во слободна продажба за премиерата, ја разгледуваат можноста да организираат уште една проекција.– Се изборивме за овој слободен простор и се уште се бориме. Работевме напорно за фестивалот, рече Јовановиќ, прогласувајќи го отворен третиот фестивал „Киненова“ кој ќе трае до 12 октомвриНа присутните во салата пред прикажувањето на филмот им се обрати режисерот Бојаџи, кој потенцираше дека неговиот филм не се занимава со вистината, туку со приказна.-Во изминатите два месеца добивав прашања дали е филмот снимен според вистина. Јас со тоа расчистив пред дваесетина години кога мојот професор на Академијата за театар и филм во Софија ми рече „Кога ќе дојдеш на крстопатот меѓу вистината и приказната, тргнуваш по приказната. Таму можеби ќе најдеш некаква вистина“. Во тој момент расчистив и престанав да се занимавам со вистината. Особено да се занимаваме со вистината во кинематографијата е бесмислено кога толку лаги има наоколу. Значи, овој филм не се занимава со вистина, туку со приказна, рече Бојаџи.По проекцијата на филмот целата екипа излезе на сцената и се заблагодари на публиката која ја исполни салата и ги поздрави со долг аплауз.Филмот е нискобуџетен, снимен со 280.000 евра, во период од осум недели и тоа во Македонија, Грција и Франција, со интернационална актерска екипа составена од: Македонци, Грци, Албанци, Бугари, Руси, Хрвати, Французи, Германци, Словенци.„Киненова“ на „Бела ноќ“Денеска „Киненова“ се приклучува на „Бела ноќ“ во Скопје и филмовите од програмата на фестивалот ќе бидат прикажани во рамките на оваа манифестација.Проекциите во киното „Милениум“ ќе биат според следнава програма:11. 00 часот- филмот за деца „Момчето фантом“ од Жан Луп Фелисиоли и Ален Ганњол 12.30 часот – филмот за деца „Рафи“ на режисерот Аренд Акте.14. 30. – филмот „Анка“ на режисерот Дејан Ачимовиќ16.00 – Од фокус на Норвешка, „Во случај на исчезнување“ на Ханс Питер Моланд18.00 – филм во чест на Аница Добра, „Жената со скршен нос“ на режисерот Срѓан Кољевиќ20.00- филмот од меѓународна конкуренција, „Гутланд“ на Говинда Ван Маеле22.00- Од фокусот на Норвешка, „Бранот“ на режисерот Роар УтангВо Кинотека на Македонија од 15 часот ќе се прикажуваат куси филмови од меѓународна конкуренција, а во 18 часот ќе биде прикажан филмот „Златна петорка“, во чест на препрано починатиот актер од овој филм Влатко Илиевски. фото:МИА

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Привремен сообраќаен режим на дел од булеварот „Илинден“

Од 7:30 до 11 часот утре ќе биде затворен за сообраќај дел од булеварот „Илинден“, на потегот од крстосницата со улицата „Аминта III“ (фонтана „Лотус“) и улицата „Љубљанска“ (ТЦ „Скопје сити мол“). Сообраќај ќе биде пренасочен по околните улици.Град Скопје информира дека привремениот сообраќаен режим е поради одржувањето на трката „Скопје трча 10 КМ – 2018“.Возилата од јавниот градски превоз кои ја опслужуваат линијата 8, ќе бидат пренасочени по булеварот „Св. Климент Охридски“, а потоа по булеварот „Партизански одреди“. Возилата кои ја опслужуваат линијата со бр. 15А, ќе бидат пренасочени по булеварот „Партизански одреди“.Автобусите од линиите 15, 15А и 19, а кои го опслужуваат терминалот на улица „Љубљанска“ ќе бидат пренасочени на терминалот на улица „Манапо“. Автобусите од автобуските линии 15, 15А, 19, 7 и 59 кои ќе го користат терминалот на улица „Манапо“ ќе продолжат по улица „Карпошово востание“, улица „Бледски договор“ и потоа ќе продолжат по булеварот „Партизански одреди“.– Апелираме сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни, да ја приспособат својата брзина на движење според условите на патот и да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација, се вели во соопштението од Град Скопје.

Скопје | пред 7 години

gruevski-sud-1-1021x580

Апелација потврди: Груевски оди во затвор

Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која жалбата на обвинетиот Ѓоко Поповски од Скопје, делумно му ја уважи на начин што ја преиначи во делот на одлуката за казната и го осуди на казна затвор во траење од 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост со две годишна затворска казна.

Македонија | пред 7 години

mitko-jancev

ЈАНЧЕВ : Не очекувам да ме разрешат бидејќи во ВМРО ДПМНЕ сум како дома !

Потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ и Градоначалник на Кавадарци Митко Јанчев во изјава за „Скопје 1“ вели дека не очекува да го разрешат од партиските функции бидејќи во партијата се чувствувал како дома.„ Јас лично не очекувам да бидам разрешен ! Како да ви кажам се чувствувам како дома “ - изјави Јанчев за „Скопје 1“.Вчеравечер ВМРО ДПМНЕ го разреши заменик генералниот секретар на партијата и реформатор, Петар Богојески кој исто како и Јанчев гласа на референдумот и водеше кампања против бојкотот.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Заев: Неприфатливи се барањата на опозицијата, немам за што да разговарам со Мицкоски

Премиерот Зоран Заев од Охрид порача дека барањето на ВМРО-ДПМНЕ за техничка влада со мандат од 100 дена според пржинскиот модел е апсолутно неприфатливо и нема причина да се дискутира за тоа. Заев рече дека тие од позиција на власт нема да ги прифатат ниту барањата за нов јавен обвинител и анкетна собраниска комисија за референдумот. Тој вели „Да се бара комисија која ќе проверува дали референдумот бил законски, дали имало незаконитост во неговото спроведување и слично, во услови кога претседателот на ДИК е од ВМРО-ДПМНЕ, а, пак, во Управниот суд се исто така истите членови, само по себе кажува што всушност се сака со ваквите барања“.Тој вели дека за шест дена ќе кажат кои ќе бидат следните чекори, а се надева дека до тогаш ќе биде обезбедено потребното двотретинско мнозинство, но додава дека отворена е можноста целата ситуација да се решава преку вонредни парламентарни избори.Премиерот Заев вели дека нема за што да се разговара со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, прашан дали ќе има средба со него.„Во минатото ги прифативме нивните барања за финансирање политички партии, ја формиравме ДИК со претседател од ВМРО-ДПМНЕ, а за возврат тие не сакаа ниту да разговараат за поддршка на процесите кои се важни за Македонија“, рече Заев, според кого и доколку има средба меѓу нив двајца, нема да има решение.„Таа е работа на пратениците. Тие треба да разговараат. Јас веќе одржав два состанока со координаторот на пратеничката група, со многу наши пратеници, кои на колегијално ниво ќе разговаараат. Ќе се видам и јас лично со некои пратеници за да ја постигнеме целта, што ќе значи конечно Македонија да ја потврди оваа неповторлива шанса за интеграција во НАТО и во ЕУ“, рече Заев.Прашан дали постои опасност опозицијата да ги бојкотирта изборите ако не бидат исполнети нејзините услови, Заев рече дека не верува во таква можност велејќи дека „Тој процес е заокружен кога била лидерската средба со прифаќањето на пржинска техничка влада“.„Секогаш може да се измислуваат нови бајки и приказни или  што било друго, ако некој сака да ескивира процес, но да се држиме до она што е сега стратегија“, изјави Заев од Охрид

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања