Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

главни-вести

zena

(ВИДЕО) Девојката нападната од таксистот вели дека ја натепал поради банална причина - немал да и врати кусур

Немилиот настан кој се случи во средата, а се обелодени вчера сеуште ги полни социјалните мрежи со секакви коментари. Станува збор за инцидентот кој јавноста го виде преку видео снимано со мобилен телефон во близина на поранешниот скопски саем, кај хотелот Континентал, па објавено на социјалните мрежи. На видеото се гледа дека таксист тапа девојка во Скопје.На почетокот на видеото изгледа како жената да сака да направи штета на автомобилот, а потоа насилникот доаѓа и жестоко ја турка, по што таа полугола паѓа на тротоар.Коментари има различни, од оние кои бараат на таксистот да му се одземе лиценцата, потоа оние кои претпоставуваат која била причината, до трети кои вината ја пронајдоја во девојката.Но, како и да е и која да е причината, онакво однесување никако не е прифатливо.Канал 5 успеја да ја пронајде девојката инволвирана во настанот. Станува збор за 30- годишната Добрила Стефановска која за Канал 5 ја објаснува причината за инцидентот.Стефановска за Канал 5 раскажа дека била натепана од таксистот за банална причина, односно тој немал да и врати кусур.Сторијата ја има Канал 5 

Скопје | пред 6 години

mickoski

(ВИДЕО) Мицкоски: Го предлагаме судијата Панчевски за шеф на новото СЈО

Лидерот на опозицијата Христијан Мицковски во интервју за „Сител“ вели дека го предлагаат судијата Панчевски за шеф на новото СЈО.„Според закон обвинителите не можат да се вратат во новото Обвинителството, туку во обвинителствата каде биле превземени. Имате друг ресурс во СЈО како што се снаата на Катица Јанева, внукот на Катица Јанева, двајцата братучеди на обвинителот Гаврил Бубевски и така натаму. Со овој нов закон, се предвидува сите овие да бидат превземени од новото обвинителство“, вели Мицковски.„Репрезентот на Обвинителството, Вилма Русковска да биде шеф на новото СЈО е исто како ние да предложиме лице кое има репутација, кредибилитет и е биран со години дека е најдобар помеѓу репрезентите во таа фела, а тоа е господинот Владимир Панчевски? Зошто да не го избереме него? Зошто тој да не е човекот кој ќе води новото обвинителство“, вели Мицковски.

Македонија | пред 6 години

arsovski-za-katica

За ВМРО-ДПМНЕ прифатлив е законот за СЈО, тие не се согласуваат со предлогот на Заев Русковска да биде нов обвинител

Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски одовараше на новинарски прашања. Во продолжение прашањата и одговорите на Арсовски: Прашање: Кои се тие бизнисмени чии возила завршиле кај роднините на премиерот и Која е оценката на ВМРО-ДПМНЕ за предложениот закон за ЈО?Димче Арсовски : Во однос на првото прашање, медиумите веќе пишуват кои се тие бизнисмени, но јас би ве упатил да се обратите до Јавното обвинителство па да се одважи конечно ЈО и да ги изнесе со име и презиме сите оние кои што да речам на еден начин се офајдиле од целиот рекет од бизнимените кои биле оценувани и морале да го платат. За волја на вистината биле рекетирани директно од дружината на Зоран Заев.Во однос на второто прашање за законот, практично Зоран Заев потврди уште еднаш дека сето она што го зборевме година, две откако е направено СЈО, дека е полно со криминал и корупција и дека не може да одговори на висина на задачата за која што е направено. Практично сега со угаснувањето на СЈО Зоран Заев го потврдува криминалот кој што го правеле и ги потврдува сите оние намери кои што ги имало СЈО да уценува и да биде од политички интерес на СДСМ и на Зоран Заев. Со спојувањето на СЈО во ЈО, односно со припојувањето, на некој начин со влегувањето тоа е практично прифатливо и тоа е една од да речам оние можности кои што беа понудени. Во однос на деталите на законот веднаш што биде анализиран ќе излеземе со конкретни забелешки, бидејќи треба време за целиот закон да видиме колку е поразличен од оној ние што го подготвувавме, колку е поразличен од точките кои беа разговарани на средбите на преговарачките тимови итн. А во однос на предлогот на нов практично Јавен обвинител како што го нарече Специјален јавен обвинител, Вилма Русковска, Зоран Заев ушт еднаш ја потврди спрегата помеѓу СДСМ, него и Русковска обвнителството, односно ушт еднаш потврди дека неговиот предлог за нов обвинител, наместо Катица Јанева е негов личен избор, односно човек кој што целиот изминат период работел за интересите на СДСМ и на оваа влада, и практично беше дел од таа селективна правда која што ја нарачуваше Зоран Заев од канцелариите на владата, а Русковска обвинителството и Кацарска судството ја исполнуваа на дело односно сите оние кои што беа против Зоран Заев, кои што ќе се обидеа да кренат глава против Зоран Заев,Русковска и Кацарска ги обвинуваа и ги судеа. Така да тоа е една лична желба на Зоран Заев која што за нас е далеку од прифатлива.Прашање: Ако Русковска за вас не е прифатлива, кој е прифатлив?Димче Арсовски: Рано е да се разговара за тоа, затоа што додека ги изнесеме забелешките од предлог законот кој што испрати владата до Собранието и до политичките партии, до тогаш може повторно да потенцирам дека ние остануваме фокусирани на две работи, едната е да работиме на нашиот предлог закон, односно документот кој што веќе изјавивме јасно дека ќе го поднесеме до Собранието. А втората работа е дека настојуваме за разговор за датум за предвремени парламентарни избори бидејќи сега се повеќе потребни од било кога претходно.Прашање: Дали ова значи дека остануваа две верзии една што ја предложи вчера премиерот и една која вие ќе ја предложите до Собранието и ќе ја објавите и пред пратениците ќе се најдат две верзии ?Димче Арсовски: Нас ни е и повеќе од важно да течат реформите во Република Македонија за кои што Зоран Заев одамна покажа дека не е подготвен да ги спроведе, односно не е подготвен да работи на нив. Веќе месеци наназад тимови од ВМРО-ДПМНЕ и тимови од Министерството за правда работат заеднички со дијаметрални ставови на изработка на Законот за ЈО. До моментот додека не излеземе со конечна анализа односно забелешки негативни, позитивни страни на нивниот закон, ние остануваме фокусирани на изработка односно дофиниширање на нашиот. Во моментот кога ќе излеземе со забелешките и негативностите, бидејќи само што почна да се анализира, ќе видиме колку е спротивен, колку е различен,а колку е ист тој закон кој што го има предложено Зоран Заев со нашите ставови, за веднаш  потоа да излеземе да понудиме не конечно решение, меѓутоа прилично опфатлив за сите политiчки партии, а се со цел за директен бенефит на граѓаните и неселективна правда да има во Република Македонија.Прашање:Вчера имавте средба со лидерот на БЕСА Касами. Во кој насока е средбата? Дали можеби се договара некаква предизборна соработка или станува збор за редовни средби и дали такви средби имате со останатите партии?Димче Арсовски :Видете лидерот на ВМРО-ДПМНЕ  Христијан Мицкоски веќе самиот наназад изјави дека како лидер на најголемата политичка партија во опозиција, има средби буквално со сите важни  политички чинители вклучително и од албанскиот блок. Да не ве чуди доколку лидерот Мицкоски се сретне и со лидерите на другите албански партии се со цел за обединување, за  конечно обединување да се порази ова зло кое што во моментот и се случува на Република Македонија. Така да сите оние кои што ги делат нашите ставови во однос на не само критики, туку и реални проблеми кон оваа влада можат комотно да седнат со нас, да разговараат, да ни се приклучат и заедно ја поразиме оваа влада на Зоран Заев и овој октопод на СДСМ, кој што како што гледаме секојдневно рекетира, тепа граѓани, како нивните градоначалници, шверцува, нарачува полче. Така да таа е една од редовните средби, меѓутоа да не ве зачуди доколку и во наредниот период се случат и други такви средби.Прашање:Какви сигнали доаѓаат, има ли простор за соработка, гледате ли простор за некакво заедничко делување?Димче Арсовски : Како што реков тоа се сега само средби на кои што се разговараат реалните проблеми. Како што знаете сите политички партии во опозиција, освен власта која што во моментот дивее низ Република Македонија ги имаат истите проблеми како нас, ги делат истите проблеми и сите имаме една заедничка цел а тоа е да се порази оваа влада на СДСМ и конечно да дојде нова влада предводена од подготвени и кадарни луѓе кои што ќе ја понесат Република Македонија напред во реформите и ќе можат конечно да ја доближат кон Европското семејство. Во однос на сигналите би можел само да кажам дека сите оние кои што имаат исти размислувања против власта заедно со нас, се тука заедно со нас да седнат на маса и да разговараат на сите отворени опции, дали е за понатамошна соработка, дали е за заеднички размислување итн, ние сме подготвени и ние сме тука.Прашање:Бидејќи се откажа лидерската средба а една од темите беше Пописот, кој е сега вашиот став за пописот дали ќе се одржи?Димче Арсовски : Очекувам најпрвин да бидат прифатени нашите забелешки кои што се во согласност со ЕУРОСТАТ. Тоа е меѓународна организација која што е задолжен за бројките. Во однос на пописот како што беше предложено во април или наредната пролет мај 2020 година очекувам дека тој период, тие месеци би имало предвремени парламентарни избори така да пописот реално би требало да се одвива на почетокот на една декада тоа е дури 2021 година, како што реков согласно препораките на ЕУРОСТАТ. Никакви политички пазари кои што ги правел Зоран Заев во минатото за да дојде на власт, нема да можат да го попречат нормалното функционирање и нормалното регулирање на пописот во државата. Така да останува во 2020 година на пролет да очекуваме предвремени парламентарни избори, Заев да се охрабри а во однос на пописот да се откаже од таа луда намера која што му била можеби и пред изборите коалиција или договор и конечно во 2012 година да го реализира според европските начела.Прашање: Дали сметате дека треба да прекинат сите отворени  случаеви на СЈО?Димче Арсовски: Видете едно е јасно дека во моментот со потврдата на Зоран Заев дека Катица Јанева, односно дека СЈО треба да се затвори потврдува дека до сега, до моментот СЈО работело на принцип на рекет на уцени и не се водени истрагите како што треба. Во однос на сите други ставови дали треба, како треба и што треба ќе излеземе кога ќе се анализира целиот закон тоа би било наредните денови и тогаш ќе можеме да одговориме на сите подетални прашања. Инаку како што рековме претходно така и сега за нас е важно да има неселективна правда и нормално секој кој што се огрешил пред законот да одговара, а оној кој што не се огрешил да не биде предмет на политички притисоци, политички уцени само заради тоа што не размислува како Зоран Заев или само затоа што не го платил рекетот кај Катица Јанева.   Ви благодарам

Македонија | пред 6 години

kosana-1

Експратеничка на ВМРО-ДПМНЕ бара одговорност за лекарска грешка поради која почина нејзиниот сопруг: Спиете ли мирно доктори?

Косана Мазнева , поранешна пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ се присети на големата семејна несреќа која им се случи пред точно 10 години.  Таа сеуште бара одговорност за направената грешка. Во својот фејсбук статус ги наведува имињата на докторите кои ги посочува како виновни за трагедијата која и се случи на неа и нејзиното семјество.„На 26.07.2009 во 22:15 згасна животот на мојот сопруг Благојче Мазнев, татко на моите две ќерки Ана и Михаела. Денес е 26.07.2019, 22:15. И после точно 10 години од неговата смрт по кристално јасен случај на лекарска грешка, корумпираното здравство, во спрега со корумпираното тогашно и сегашно судство се уште молчи, „Спиете ли мирно др. Слободан Ристовски и др. Виктор Камиловски?Спиете ли мирно „часни“ суде?„Јас и моите деца НЕ! За Вас знам, Ве заболе за сите човечки судбини! Како мојот, така и сите останати случаи ќе бдеат над сите Вас, уште долги, долги годинии. Ова не се заборава. Почивај во мир Баже.“, напиша Мазнева на својот „Фејсбук“ профил.https://www.facebook.com/mazneva.kosana/posts/10214293401270925

Коментари | пред 6 години

fatime-fetai

Фатиме Фетаи за наредбата на Јанева: Не верувам дека некој би се осудил без мое знаење да ми го чепне компјутерот

Обвинителката Фатиме Фетаи во изјава за „Скопје1.мк“ вели дека не верува дека некој би се осмелил без нејзино знаење да го чепка нејзиниот службен компјутер во Специјалното јавно обвинителство. Таа за „форензичкото бришење“ на податоците во сите компјутери на СЈО по наредба на шефицата Катица Јанева вели дека дознала од медиумите.„Не верувам дека некој би се осудил, без мое знаење, да ми чепне во компјутерите или во мојата канцеларија. Јас до средината на август сум на одмор, но во понеделник ќе одам во СЈО и таму ќе се информирам што се случува бидејќи официјално никој не известил. За ова слушам од медиумите“, вели Фетаи за „Скопје1.мк“Барањето на Јанева за бришење на компјутерите се случува во период во кој ОЈО за гонење организиран криминал и корупција води истрага во случајот „Рекет“

Македонија | пред 6 години

SJO-katica-janeva-feature-2017-foto-Robert-Atanasovski

Се мобилизира цела полиција: Дали се спрема влез во СЈО?

Вечерва се мобилизираат големи полициски сили за претес на важна локација – објави порталот Лидер од полициски извори.Како што јавува порталот, службениците се сомневаат дека вечерва ќе се влегува кај некоја позната личност поврзана со случајот “Рекет”.Веста за мобилизација на полицијата доаѓа откако денеска медиумите открија дека шефицата на СЈО Катица Јанева, побарала форензичко бришење на сите компјутери во СЈО.

Македонија | пред 6 години

24c88c64d302c787-2827d

Францускиот амбасадор во шок по случајот „Рекет“: Се стаписав кога слушнав

Францускиот амбасадор Кристиан Тимоние вели дека се шокирал и стаписал кога слушнал за случајот „Рекет“. Тој во интервју за „Алсат“ прашан да го искоментира  случајот „Рекет” вели:– За нас тоа беше шок, од кој се стаписавме, како и македонската јавност…Тешко е да се предвидат сите можни исходи во овој момент. Сепак, сметаме дека тоа е тежок и многу важен случај, бидејќи во времето кога го направивме Пржинскиот Договор, и ние заедно со другите претставници, присуствувавме кога беше формирано Специјалното јавно обвинителство. Тоа беше важен елемент во обновувањето и враќањето на кредибилитетот на државата и судството.

Македонија | пред 6 години

boki-13-1-800x565

Боки 13 земал 750 илјади евра од битолски бизнисмен, по тоа се отворил случајот “Рекет”

Првата сомнителна трансакција поврзана со рекетот се случила есента 2017-та година, потврдуваат за Телма од повеќе институции задолжени за откривање на криминал.Според  телевизијата, трансакцијата не била сомнителна само поради висината на префрлената сума од 750 илјади евра, туку сомнеж предизвикале и учесниците во трансакцијата, позната градежна фирма чиј сопственик е од Битола уплатил 750 илјади евра на сметка на повозрасна жена која живеела во центарот на Скопје. Жената била дел од структурите на Меѓунаордниот сојуз, хуманитарната организација основана само неколку месеци претходно од Бојан Јовановски-Боки 13.Повеќе ќе прочитате ТУКА

Македонија | пред 6 години

race

(ФОТО) Дан Ориан ве поздрави од Охрид

Нерезидентниот амбасадор на Државата Израел денес со акробација од Охрид. Амбасадорот Ориан е познат по неговите несекојдневни фотографии кои ги прави во градовите каде престојува, а оваа предмалку ја испрати од Охрид.

Македонија | пред 6 години

ilinden-2

„Сите сме деца на Илинден“ е мотото кое што ги обединува чествувањата на Денот на Републиката – 2 Август

На предлог на Организациониот одбор, Владата на Република Северна Македонија на својата редовна 146-та седница ја утврди Програмата за одбележување на Денот на Републиката - 2 Август Илинден, за која е задолжена Владата на РСМ, и која, во координација со Собранието на Република Северна Македонија и со Претседателот на Република Северна Македонија, предвидува голем број свечености, чествувања и обраќања.Слоганот под кој се обединети сите чествувања, е „Сите сме деца на Илинден“ како концепт кој ги опишува заедничките вредности кои сите ги славиме, празнуваме, кои не обединуваат и поврзуваат, не прават горди и сплотени граѓани на нашата заедничка држава.Свеченостите по повод Денот на Републиката започнуваат со активностите на Претседателот на Република Северна Македонија, кој заедно со делегациите ќе положи свежо цвеќе пред спомениците на АСНОМ и на Никола Карев и ќе се поклонат пред споменикот на првиот Претседател на Президиумот на АСНОМ Методиј Андонов Ченто.Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, заедно со Сојузот на борците ќе положи цвеќе на Алејата на славните, по што ќе следува прием за гостите и за делегацијата на борците во претседателската вила на Водно, каде што Претседателот на Република Северна Македонија и претставник на Сојузот на борците ќе имаат и свои обраќања по повод празникот.Одбележувањето на празникот истиот ден се чествува и во Меморијалниот центар АСНОМ, во Пелинце. На свеченоста по повод Денот на Републиката – 2 Август, и по повод 75 годишнината од првото заседание на АСНОМ ќе говори претседателот на Собранието на Република Северна  Македонија, Талат Џафери, по што следува културно-уметничка програма.Централната свеченост по повод државниот празник Ден на Републиката – 2 Август во Крушево ќе се одржи на Мечкин Камен, каде после положувањето свежо цвеќе на споменикот на Мечкин Камен, следува обраќање на претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев. По обраќањето е предвидена и свечена културно-уметничка програма.Како дел од Програмата за одбележување на Денот на Републиката – 2 Август, се и активностите во Смилево, со кои ќе се одбележат 116 години Илинден и 77 години од првата борбена акција на Битолско – Преспанскиот Партизански Одред „Даме Груев“.  Свечената програма предвидува положување на свежо цвеќе на спомен обележјата, по што следи посета на меморијалниот музеј Смилево. 

Македонија | пред 6 години

most

„Илинденска“ да се преименува во Петро Порошенко, а Мостот „Гоце Делчев“ во мост Бојко Борисов

Од денес преку анкета граѓаните ќе можат да предложат нови имиња за улиците, булеварите, мостовите и плоштадите, рекол градоначалникот Петре Шилегов на одбележувањето на 56-годишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје, пренесува САКАМДАКАЖАМ.По оваа информација граѓаните почнаа да даваат предлози. Најдобрите секако се на социјлните мрежи. Еве што предлагаат:https://twitter.com/2Lapev/status/1155049231511687168?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1155049231511687168&ref_url=http%3A%2F%2Fskopjeinfo.mk%2Filindenska-da-se-preimenuva-vo-petro-poroshenko

Скопје | пред 6 години

el-ceka-protest

МВР за инцидентот на плоштадот Скендер бег: Има пријавено само еден физички напад

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека во врска со вчерашниот протест на плоштадот Скендер бег во Скопје има пријавено само еден физички напад од НН лице врз И.Г., кому му била укажана помош во ГОБ Наум Охридски. Други пријави за физички напад на вчерашниот протест до сега во МВР нема. Апелираме доколку има сторено било какво дело врз безбедноста и сигурноста на било кој граѓанин, тоа да го пријави во најблиската полициска станица, врз основа на што Министерството за внатрешни работи според професионалните стандарди ќе преземе соодветни мерки за расчистување на случајот, како и во било кој друг случај.

Македонија | пред 6 години

milososki-antonijo

Милошоски бара почесниот конзул на Белорусија да ја повлече изјавата и да му се извини

Пратеникот Антонио Милошоски побара од почесниот конзул на Белорусија во Македонија да ја повлече изјавата и да му се извини, во спротивно ќе поднесе тужба за клевета. Тој вели дека поставил прашање до премиерот дали е точно дека на бизнисмен, кој што добил тендер во РЕК Битола му бил побаран рекет од 250.000 евра, а не дека го тврдел дека. Милошоски со видео линк потсетува на поставено пратеничко прашање.Неговиот демант го пренесуваме во целост:„Почитуван почесен конзул на Белорусија, г-н Борче Марковски (сопственик на „Марковски компани“ од Битола),во прилог ви го доставувам линкот од настапот во Собранието во кој можете да го чуете моето прашање до Премиерот, а тоа е дали се точни информациите и наводите што ги пренесуваат медиумите дека на бизнисмен кој што добил тендер во РЕК Битола му бил побаран рекет од 250.000 €. Доколку внимателно сте ја следеле седницата и сте ги следеле вестите пред почетокот на седницата тој ден, сигурно сте имале можност да забележите дека таквите наводи и информации беа пренесени од најмалку 5 медиуми, и е сосема легитимно за секој пратеник до Владата да постави прашање од јавен интерес дали тие медиумски наводи за барање на рекет на фирмите кои работат во РЕК Битола се точни.Сепак, Вие сте одлучиле со известување во име на почесниот конзулат, без претходно да побарате информација од мене, без претходно јавно да реагирате до медиумите кои пренеле наводи за барање на рекет на фирми во РЕК Битола како тема од јавен интерес, да тврдите дека ‘од страна на пратеник се извадени лажни вести’, што не одговара на вистината и го сметам за навреда и клевета со која се нанесува штета на угледот во работата и извршувањето на моите обврски како пратеник. Дали Вие ќе полемизирате или ќе ги демантирате медиумите кои дојавуваат дека на приватни фирми им се бара рекет за тендери, не Ви се мешам, тоа е Ваша лична одлука и како почесен конзул, и како стопанственик ‘Марковски компани’. Повеќе детали и објаснување на оваа тема ќе добиете на вашата официјална e-mail адреса од страна на мојот адвокат.Во меѓувреме, согласно Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета, барам од Вас јавно повлекување на изјавата изнесена во известувањето од почесниот конзулат на Белорусија и јавно извинување во предвидениот законски рок од 48 часа. Согласно законот Ви предлагам повлекувањето на изјавата и извинувањето да го објавите на ист начин и преку истите медиуми до кои сте го дистрибуирале Вашето известување од 26.07.2019 година. Во спротивно ќе ги преземам преостанатите законски можности за заштита на угледот како пратеник при вршењето на мојата службена должност да поставувам прашања за теми од јавен интерес, како што се корупцијата и барањето на рекет од фирми.Со почит, Антонио Милошоски, пратеник во Собранието на Република Македонија“

Македонија | пред 6 години

Odbelezuvanje-26-juli-2019-2

Одбележани 56 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје

Со голем број на настани и манифестации, вчеравечер /26 јули 2019 година  (петок)/, се одбележа 56 годишнината од катастрофалниот земјотрес што со својата уривачка сила во 1963 година го претвори Скопје во урнатина и голем број граѓани ги остави без своите домови.Централната манифестација се одржа во Градскиот парк во Скопје, а пред присутните се обрати градоначалникот Шилегов.- Секоја година 26-ти Јули не потсетува на солидарноста на скопјани и на солидарноста на светот кон Скопје. За само неколку часа по катастрофата, почна големата акција во која што сите светски сили ја дадоа својата помош, а целиот свет се солидаризираше и мобилизираше да му помогне на Скопје и неговите граѓани.  Покажаната хуманост беше толку голема што ги надмина предрасудите и политичките убедувања, така што, Скопје стана место на прва средба на воените единици на Советскиот Сојуз и на САД во екот на Студената војна. Заслугите на домашната и меѓународната помош стануваат видливи штом ќе се спомене дека како израз на сочувство и на поддршка на граѓаните, уште на самиот ден на земјотресот и во следните денови во Скопје, допатувале највисоките сојузни раководители, а на 27 јули, ден по катастрофата, допатувал и претседателот на СФРЈ Јосип Броз-Тито, кој соочен со трагедијата на градот и на неговите жители, порачал: „Скопје доживеа невидена катастрофа. Но, Скопје повторно ќе го изградиме со помошта на целата наша заедница. Тоа ќе стане гордост и симбол на братството и единството, на југословенската и светската солидарност“ - кажа Шилегов.Во рамки на програмата на Школка во Градски парк, пред присутните настапија Градскиот мешан хор „Вардар“,а потоа настапија Биг Бендот под водство на Љупчо Мирковски, поп ѕвездата Канита Сума, познатиот грчки хармоникаш Танос Ставридис, српската пејачка на изворни песни Биља Крстиќ и нашиот Влатко Стефановски.Претходно, одбележувањето на годишнината од катастрофалниот земјотрес започна со положување цвеќиња на Споменикот на жртвите од земјотресот на градските гробишта во Бутел, каде цвеќе положија делегации составени од претставници од политичките партии, делегации од сите општини во градот Скопје, претставници од Црвен крст на град Скопје и на СРМ, претставници од Јавните претпријатија и Јавни културни установи на Град Скопје, претставници од институции во нашава земја, граѓани на Републикава, како и делегации од странство во нашава земја.Младинскиот културен центар во рамки на програмата за одбележување на 26 јули го спроведе настанот „МКЦ за Скопје“ со целодневна програма, каде покрај двете работилници за деца за креативно пишување, илустрација и цртање, беше организирана проекција на најновото остварување на Раде Шербеџија „Ослободување на Скопје“.Традиционално во Дом на хуманитарни организации „Даре Џамбаз“ се одржа крводарителска акција.

Скопје | пред 6 години

stoj-na-raka

(ФОТО) Стој на рака во кабинетот на Пендаровски

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска го прими амбасадорот на Државата Израел, Дан Орјан.Покрај официјалниот дел од средбата, Орјан имаше можност на претседателот да му покаже и дел од своите способности. Тој во кабинетот на Пендаровски направи стој на една рака.„Оваа фотографија, "стој на раце" со израелскиот амбасадор Дан Орјан, нека биде мотив и причина повеќе зашто вежбањето е многу важно, а најчесто и забавно“, напиша Претседателот на социјалната мрежа фејсбук по средбата со Орјан. :)За потсетување  Амабасадорот Ориан е познат по вакви "акробации" кои често ги правеше во Скопје, Охрид и Битола.Инаку на средбата во официјалниот дел беа разменети мислења за севкупните односи меѓу Северна Македонија и Израел и беше констатирано дека двете држави во континуитет негуваат блиски пријателски односи, засновани на меѓусебна доверба и почит.Двајцата соговорници се согласија дека Северна Македонија и Израел градат плодни економски релации, притоа изразувајќи подготвеност за интензивирање на соработката во областа на безбедноста, науката и новите технологии, земјоделството, како и во областа на културата и туризмот.Претседателот Пендаровски изрази задоволство од цврстата поддршка и помош што Државата Израел во континуитет и ја дава на Република Северна Македонија, порачувајќи дека Израел во нашата држава секогаш ќе има искрен пријател и партнер.Амбасадорот Орјан упати честитки до претседателот Пендаровски за стапувањето на функцијата и му посака успех во вршењето на должноста, притоа реафирмирајќи ја неговата лична заложба за унапредувањето на билатералните односи меѓу двете држави.    

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања