Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

главни-вести

katitsa-janeva

Јанева ги избегна новинарските прашања, јавноста повторно не доби одговори

Катица Јанева избегне да  одговара на новинарски прашања. Таа не даде одговор на најважните прашања  кои  се во интерес на јавноста како што се: Дали оставката е поради случајот „Рекет“ , Зошто нејзиниот син лажеше кога кажа дека вториот телефон е загубен во Белград, а истиот со избришани податоци беше беше пронајден вчера.Инаку Катица Јанева е единствениот овластен потписник во СЈО.  На Јанева, која на 15 јули депонираше оставка, а веќе утредента отвори боледување, минатата недела ѝ беше одземен едниот телефон за да се провери нејзината комуникација со првоосомничениот во случајот „Рекет“ Бојан Јовановски – Боки 13, а вчера Обвинителството за организиран криминал и корупција го најде и вториот телефон, за кој таа тврдеше дека ѝ бил изгубен.

Македонија | пред 6 години

Katica

Катица Јанева ќе даде изјава за новинарите

Новинарите стрпливо ја чекаат специјалната обвинителка која поднесе оставка Катица Јанева пред СЈО, каде таа предмалку пристигна.Јанева ќе треба на јавноста да и одговори дали е дел од случајот „Рекет“, која била нејзината улога, како и зошто поднесе оставка и од што е болна. Покрај ова Јанева ќе треба да каже и зошто нејзиниот  син лажеше кога кажа дека вториот телефон е загубен во Белград, затоа што во текот на вчерашниот ден е пронајден и вториот мобилен телефон на јавниот обвинител по кој се трагаше и тоа со избришани податоци, а новиот сопственик на истиот кажал дека му е даден на подарок.Неофицијално Јанева ќе се сретне со новинарите околу 1:30.

Македонија | пред 6 години

maz-puska

(ФОТО) Маж со пушка пука во кучиња кај поранешната А1 телевизија

На социјалните мрежи се појавија фотографии од маж со пушка во раката за кој очевидци велат дека пукал во кучиња кај просториите на поранешната А1 телевизија.Ова се случува откако пред неколку дена куче беше живо запалено во гевгелиско Стојаково. 

Скопје | пред 6 години

Katica-Janeva11

Катица Јанева се појави во СЈО, ќе успее ли да ги одбегне новинарите?

Специјалната обвинителка Катица Јанева која поднесе оставка, но сеуште ја обавува функцијата до назначување на нејзин наследник, денеска се појави во просториите на СЈО, дознава Алсат. Дополнителни информации сѐ уште не се откриваат, но пред влезот на Специјалното обвинителство веќе се собираат новинарски екипи.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Законот со кој Русковска ќе ја замени Јанева може да се излгаса и пред септември, вели Џафери

На брифинг со новинари веднаш по средбата со амбасадорката, Џафери соопшти дека новиот закон, со кој се решава статусот на СЈО може да биде донесен и до крајот на август, ама дека тоа зависи од позициите на политичките партии, со оглед на тоа што законот треба да се донесе со 80 гласови.Се очекува владата на денешната седница да го донесе законот што минатата седмица го најави премиерот Зоран Заев и тој веднаш да биде доставен во парламентот.

Македонија | пред 6 години

katitsa-janeva

Податоците од вториот телефон на Јанева се избришани, пронајден е во Скопје синот тврдеше дека го изгубила во Белград

Лазар Јанева, синот на Катица Јанева, тврдеше дека неговата мајка телефонот го изгубила во Белград, Србија. Ова го кажа откако Обвинителството обзнани дека полицијата не може да го заплени вториот мобилниот апарат, кога во понеделникот вршеше претрес во нејзината куќа.Телефонот на Јанева е најден во Скопје, наместо во Белград, неофицијално дознава „Скопје1.мк“. Уредот бил подарен на трето лице соопшти Обвинителството, но не се знае од каде е набавен, односно кој и кога го подарил.Со тоа што телефонот бил изгубен, а потоа пронајден кај трето лице, податоците од него се целосно избришани, а непознато е дали ќе можат да се вратат со помош на „бекап“ алатка.По дадени насоки на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, во текот на вчерашниот ден е пронајден вториот мобилен телефон на јавниот обвинител по кој се трагаше.По издавање на првата наредба за одземање на мобилните телефони, беше пронајден само еден мобилен телефон и беше дадена информација дека вториот мобилен телефон бил изгубен. Обвинителството со издадено барање до мобилните оператори за следење на IMEI- меѓународен идентитет на мобилна опрема на телефонот, го пронајде мобилниот телефон кај друго лице. 

Македонија | пред 6 години

stop-policija

Стотици казни за возачи во Скопје: Поради пијанство, голема брзина, поминување на црвено, нерегистрирани возила

Во текот на изминатиот ден на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека 69 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената.Од сообраќај исклучени се 22 возачи од кои: двајца возачи управувале возило под дејство на алкохол, 19 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и еден возач почетник затоа што не се придржувал на законските ограничувања.Исто така, исклучени од сообраќај се и 20 возила затоа што 19 не биле регистрирани  и едно затоа што било техничи неисправно.Санкционирани се четири возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, двајца возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, еден поради неправилно престигнување, 22 возачи на мотоцикли затоа што не носеле заштитен шлем-кацига, 19 возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 14 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило.Во однос на пешаците, санкционирани  се шест пешаци поради поминување коловоз вон пешачки премин. Во текот на изминатиот ден издадени се 69 мандатни платни налози и 48 возила се подигнати со специјално возило „пајак". Во текот на изминатиот ден се случиле 21 сообраќајни незгоди во кои едно лице се здобиле со тешки телесни повреди и осум лица се здобиле со телесни повреди.

Скопје | пред 6 години

zaev-121

Борисов не го викнал Заев за да разговараат за Камчев, тврди премиерот

Бојко Борисов во никој случај не ме повика за македонскиот бизнисмен Орце Камчев, кој е под истрага. Тој не би дозволил такво нешто, бидејќи тој е европски премиер и го почитува владеењето на правото, изјави премиерот, Зоран Заев, во интервју за бугарската телевизија БГНЕС, прашан за случајот „Рекет“ и објавените инфрмации во медиумите дека Софија наводно бара да биде заштитен Камчев кој е под истрага.–Ние сме европска земја и сакаме да зборуваме за иднината и да направиме модерна политика. Ова е политика што ја прават Макрон и Меркел, политика ориентирана кон иднината, која им дава перспективи на младите – рече Заев.

Македонија | пред 6 години

katica-janeva

Пронајден вториот телефон на Катица Јанева, лицето кај кој е пронајден кажал дека му го дале како подарок

Обезбеден е и вториот мобилен телефон во истрагата за противзаконито влијание и перење пари.По дадени насоки на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, во текот на вчерашниот ден е пронајден вториот мобилен телефон на јавниот обвинител по кој се трагаше.По издавање на првата наредба за одземање на мобилните телефони, беше пронајден само еден мобилен телефон и беше дадена информација дека вториот мобилен телефон бил изгубен. Обвинителството со издадено барање до мобилните оператори за следење на IMEI- меѓународен идентитет на мобилна опрема на телефонот, го пронајде мобилниот телефон кај друго лице.По што, со наредба на судија на претходна постапка телефонот е одземен. Притоа лицето изјави дека телефонот е добиен на подарок. Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во континуитет ги преземеа сите дејствија и мерки во насока на целосно расчистување на кривично правниот предмет.Со цел утврдување на натамошни факти, мобилниот телефон по наредба на обвинителството ќе биде предмет на вештачење. Истовремено, обвинителството испитува дали вториот мобилен телефон бил средство на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.

Македонија | пред 6 години

janeva-frier

ВИДЕО: Село гори, Катица се чешла (ремикс)

По објавата дека Катица Јанева додека користи боледување, оди по фризерски салони за да се разубави, на социјалните мрежи има низа од негативни коментари.Додека сите се прашуваат што ќе биде со СЈО и со предметите кои ги отвори, Јанева се крие од јавноста. Од тука и констатацијата, „село гори, а баба се чешла“.https://www.facebook.com/skopje1mk/videos/2315901725390249/

Магазин | пред 6 години

iskluceni-pratenici-696x343

Заев за предлог-законот за обвинителство и Русковска ќе добие поддршка од осумте независни пратеници

На денешната владина седница, на предлог на Министерството за правда ќе биде разгледан Предлог – законот за јавното обвинителство, како и Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за Советот на јавни обвинители на Република Северна Македонија, соопштија утринава од Владата.Се уште е неизвесно, дали Заев ќе има 80 пратеници за да се изгласаат овие закони во Собранието. Според неофицијални информации, поддршката ќе ја бара од осумте пратеници дел од Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Од друга страна, од ВМРО-ДПМНЕ велат дека овие закони не смеат да се донесат без опозицијата.Како што претходно најави премиерот, Зоран Заев, новиот предлог Закон за јавно обвинителство предвидува интегрирање на СЈО во Обвинителството за организиран криминал и корупција, што го води обвинителката Вилма Русковска. Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, вчера најавија дека ќе бараат нов состав на Советот за јавни обвинители, кој ќе избере нов шеф на ова Обвинителство.

Македонија | пред 6 години

w31

Неверојатен напредок во отстранувањето на бариерите во ставовите за децата со попреченост!

Новото истражување за знаењата, ставовите и практиките на јавноста кон децата со попреченост покажува дека земјата постигна неверојатен напредок во отстранувањето на бариерите во ставовите кои ги спречуваат децата со попреченост да го заземат своето заслужено место во општеството.Речиси сите анкетирани сега сметаат дека е прифатливо нивното дете да биде сосед, познајник, соученик и другар на деца со попреченост. Сѐ поголем број граѓани редовно комуницираат со деца со попреченост и сметаат дека тие треба да учат во редовните училишта, заедно со нивните врсници, пишува УНИЦЕФ.„Стигмата честопати постои поради сознанија изградени врз стереотипи. Немањето информации, заблудите, изолацијата и сегрегацијата ги одржуваат ваквите стереотипи - па најдобар начин за решавање на стигмата е да се прекинат стереотипите“, рече г. Бенџамин Перкс, претставник на УНИЦЕФ. „Резултатите од истражувањето покажуваат дека кога на децата со попреченост ќе им дадете можности да ги покажат своите способности, општеството може да  ја надмине стигмата која ги спречува децата со попречност да се вклучат и да учествуваат во општеството“.Истражувањето, првично спроведено на почетокот од 2014 г., послужи како појдовна основа за интервенции околу унапредување на правата на лицата со попреченост. Многу организации, вклучувајќи ја и Владата, работеа во таа насока. Последователното истражување покажува дека е остварен неверојатен напредок во отстранување на пречките во знаењата и ставовите за инклузијата. Клучните наоди се:Значително повеќе луѓе - 62 проценти (2018) во споредба со 45 проценти (2014) - потврдуваат дека познаваат дете со попреченост и дека имаат почести контакти со него.Повеќе од 90 отсто (2018) сега сметаат дека е прифатливо нивното дете да биде сосед, познајник, соученик и другар на деца со попреченост. Ова не беше случај во 2014 година, кога во просек 32 проценти сметаа дека е прифатливо нивното дете да биде соученик на дете со попреченост.Јасно мнозинство - 86 проценти (2018) во споредба со 58 проценти (2014) - разбираат дека општеството и околината треба да се прилагодат за да одговорат на потребите на децата со попреченост - пристап втемелен во Конвенцијата за правата на лицата со попреченост.Многумина - 73 отсто (2018) во споредба со 55 отсто (2014) - веруваат дека инклузивното образование им користи како на децата со попреченост, така и на децата без попреченост, така што придонесува за подобрување на социјалните вештини, толеранцијата и почитувањето на различностите.Постои шесткратно зголемување – од 4 проценти (2014) на  24 проценти (2018) - во бројот на луѓе кои веруваат дека најдобар пристап кон образованието на децата со попреченост е да одат во редовни училишта и да учествуваат во редовна настава заедно со своите врсници без попреченост.Иако другите ја поддржуваат идејата децата со попреченост да одат во редовни училишта, 18 отсто сметаат дека тие треба да одат на посебни часови со врсниците; а 22 проценти сметаат дека треба да има одвоени паралелки. Бројот на лица кои веруваат дека децата со попреченост треба да посетуваат специјални училишта се намали од 48 проценти (2014) на 31 процент (2018).„Позитивните промени во знаењата, ставовите и практиките во општеството треба да бидат проследени со забрзано спроведување на политики и програми за претворање на инклузијата во реалност за десетици илјади деца и возрасни со попреченост во земјата“, рече г. Бенџамин Перкс, претставник на УНИЦЕФ.  „Веруваме дека ова ќе покрене демократски барања за поголема инклузија и дека ќе ја забрза имплементацијата на системските реформи кои се во тек, за да се обезбеди секое дете да ја добие поддршката што му треба да оди на училиште со своите врсници, да добие здравствени и социјални услуги, и за да се стави крај на исклучувањето, изолацијата и институционализацијата на децата со попреченост“, рече г. Перкс.„Последователното истражување за знаењата, ставовите и практиките кон инклузијата на децата со попреченост“ беше спроведено како дел од пошироката програма поддржана од УНИЦЕФ за унапредување на правата на децата со попреченост, исто така поддржано од регионалниот проект „Заштита на децата од насилство и промовирање социјална инклузија на децата со попреченост во Западен Балкан и Турција“ поддржан и финансиран од ЕУ и УНИЦЕФ. Како дел од овие интервенции беше спроведена кампањата  „Биди фер за детство без пречки“која поттикна дискусија за стигмата кон лицата со попреченост.

Македонија | пред 6 години

micotakis

Грчкиот парламент изгласа доверба на новата Влада

Со 158 гласа „за“ и 142 „против“ Владата на Кирјакос Мицотакис доби доверба од грчкиот Парламент.Расправата траеше три денa, почнувајќи во саботата попладне, а завршувајќи синоќа.Владата ја доби поддршката само од пратениците од Нова демократија.Од собраниската говорница се обратија  155 пратеници од кои 33 министри, 108 пратеници, лидерите на политичките партии и Мицотакис.Тој претходно пред пратениците ја претстави владината програма.

Свет | пред 6 години

Han-38fh08wo1xsw3dexexrv9c

Хан и Рикер доаѓаат да го оправат СЈО, по скандалот со Јанева

Дипломатски притисок или редовни посети. Јоханес Хан и Филип Рикер во само два дена неделава ќе имаат среби со државниот и политички врв на земјава со кои сигурна тема за разговор ќе биде новиот законт за СЈО кој утре влегува во собраниска процедура, но и скандалот кој го терсе СЈО со инволвираноста на специјалната јавна обвинителка во случајот „Рекет“. На дневен ред на средбите на двајцата високи допломати на ЕУ и САД ќе се најде избегнувањето на можноста од нова политичка криза, во која како увертира може да се топлкува одбивањето на ВМРО-ДПМНЕ да учествува на лидерска средба освен ако таа не е за предвремени избори.Посетите коинцидираат со новонастаната ситуација поврзана со СЈО и влегувањето во Собрание на новиот предлог-закон за јавното обвинителство, така што не е исклучено да се примени и дипломатски притисок.Лидерската средба по ова прашање која што ја иницираше Заев не се одржа минатиот петок откако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одби да учествува, по што шефот на Владата истакна дека од решавањето на судбината на СЈО, чиј мандат завршува во септември, зависи и добивањето на Датум за преговори од ЕУ.

Македонија | пред 6 години

janeva-frier

ВИДЕО: Катица Јанева снимена во фризерски салон, иако е на боледување

Специјаланта јавна обвинителка Катица Јанева е снимена додека се разубавува во фризерски салон. Снимките покажуваат како Јанева најпрво ја мие косата, а потоа се фенира.Локацијата каде е снимена Јанева засега е непозната, а снимките се објавени на фејсбук профил кај девојка која била во истиот фризерски салон. Засега не е познато ниту кога е снимено видеото. Девојката која го снимила видеото, тоа го правело скришно, за да не ја откријат.Кај корисникот кој ги објави снимките пишува дека живее во Париз, Франција, а дека потекнува од Скопје.Јанева користи боледување издадено од матичен лекар. Таа не се појавила на своето работно место од минатиот понеделник, кога и поднесе оставка, а истовремено, ги уапсија Боки 13 и Зоки Кичеец.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања