Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

главни-вести

intervju-zoran-zaev-alpha-1-1024x576-747x420

ВИДЕО: Целото интервју на Заев за грчка телевизија кое предизвика револт кај јавноста

Интервјуто на премиерот Зоран Заев за грчката телевизиска станица „Алфа“ кое беше емитувано на 20 јуни 2019 година, веќе предизвика низа коментари во македонската јавност. „360 Степени“, во соработка со овластен преведувач од грчки јазик, ви го пренесува инегрално целото интервју на Зоран Заев емитувано на 20 јули 2019 година на Алфа ТВ од Грција.-Нашиот јазик е со словенско потекло и е дел од групата на јужнословенски јазици. Тој јазик е верификуван уште ’74 година во Обединетите нации и, точно е, како дел од групата на јужнословенски јазици. Да, ’77 година, веројатно да. И што кажува ова, дека преку Договорот ние го потврдуваме она што го чувствуваме – немаме никакви претензии спрема Грција, го почитуваме целосно грчкото наследство, коешто го има, затоа што грчкото наследство е и светско богатство, но секако ние немаме намера или аспирации тоа наследство да го превземеме. Ние си имаме наше посебно, ние сме млада нација којашто нашите корења ги влече од јужнословенската историја и култура којашто дефинитивно го отсликува и нашиот јазик како македонаски јазик, како дел од словенската група јазици, вели Заев на едно од прашањата.Целото интервју можете да го погледнете на овој линк.

Македонија | пред 6 години

Ahmeti-Dzafeti-Bejli

Се плаши ли ДУИ од Рускоска?

Сите партии имаат свои барања, но заеднички именител им е противењето, обвинителката Вилма Рускоска да раководи со новото обвинителство.Од БЕСА, пак, испорачаа пакет услови, од кои клучен е датум за предвремени парламентарни избори.ДУИ велат дека, предлогот е добра основа за да се најде компромисно решение, но за Рускоска се воздржани.Осумтемина пратеници од независната пратеничка група, не сакаа да се изјаснат денеска, а од Алијанса за Албанците најавија дека ќе поднесат амандмани во најмалку три члена од законот. Бараат и главниот обвинител да биде човек делегиран од ЕУ, а сите обвинители вмешани во криминал да заминат од обвинителството.Поддршката за законот ќе зависи од тоа дали ќе им бидат прифатени амандманите. И покрај сите овие условувања, од СДСМ се убедени дека ќе го постигнат неопходното двотретинско мнозинство од  80 пратеници, иако не откриваат како.

Македонија | пред 6 години

zatvor-10

Затворениците се сместени во руини и во нечовечки услови, а во затворите избилува корупција и насилство

Трошни, влажни, небојадисани, руинирани. Такви се ќелиите во блоковите Б и Ц во истражниот затвор Скопје во Шутка. Исто онака како пред скоро триесет години. Ова го призна директорот на затворот Есад Рахиќ на денешната јавна дебата во Собранието за состојбата во затворите во Македонија.Култниот „Тетовирање“ и денес совршено ја отсликува состојбата во казнено поправните домови низ земјава. А, ако се продолжи со ова темпо, токму тоа ќе ни биде пречка и за преговори со Европската Унија, алармираше денеска на собраниска дебата, новиот директор на затворот Шутка.Нечовечки услови, дефицит на финансии и кадар, отсуство на здравствена заштита и мерки за ресоцијализација. Ова се дел од болните точки што ги нотирале и пратениците, кои биле во посета на затворите. Дел од надлежните пак, велат наследиле систем од долгови, па побараа повеќе пари за инвестиции.„По посетите во затворите, верувајте ми, четири-пет дена не можев да дојдам при себе, не се чувствував добро.“ - изјави Мирсада Емини Асани – пратеничка од ДУИ.„Потребен е ребаланс на буџетот и за 2019-та година и зголемување на буџетот за 2020 година.“ - потенцираше Билјана Зефиќ – заменик директор на Управата за извршување на санкции.Сепак, освен инфраструктурата, аномалиите на казнено-поправниот систем се подлабоки - корупција, дискриминација, насилство.

Македонија | пред 6 години

fetai

Фетаи предвреме се вратила од одмор, откако дознала за оставката на Јанева и поврзаноста со случајот „Рекет“

Обвинителката Фатиме Фетаи, која беше на одмор кога шефицата на СЈО, Катица Јанева даде оставка, предвреме се вратила во земјава, дознава „Скопје1.мк“.Според нашите извори во СЈО, Фетаи била затекната од ситуацијата и информациите за случајот рекет, по што го прекинала одморот и се вратила во земјава.За оставката и вмешаноста на Јанева во ректетот  кој го изнудувале Боки 13 и Зоки Кичеец, дознала од медиумите.Минатата недела, тимот на Катица Јанева се огради од неа. Обвинителката Ристовска рече дека тој став делат и обвинителите кои не се присутни во СЈО, меѓу кои и Фетаи.

Македонија | пред 6 години

zaev-121

Заев: „Не може мене да ми се накалемува нешто што не јас, туку Груевски и неговата идеолошка машинерија го правеа“

Интервјуто  на премиерот Заев за грчка Алфа во кое тој вели дека сме ја присвојувале туѓата и балканска историја како своја предизивика силни реакции во јавноста.Токму поради тоа попладнено преку социјалната мрежа се огласи премиерот. Тој на ФБ напиша:„Јас многу често и подолго време јавно говорам за злоупотребата на историјата во политички цели. Така беше и на интервјуто за грчката телевизија Алфа на која бев прашан и одговарав за минатите штетни политики на национализам и антиквизација.Не може мене да ми се накалемува нешто што не јас, туку Груевски и неговата идеолошка машинерија го правеа 10-11 години.Не присвојуваа Македонците туѓа историја, туку Груевски и неговата политичка елита и нивните послушници квазиексперти кои тргнаа во мемдиумска офанзива да оправдаат идентитетски инжинеринг.Не македонскиот народ, туку Груевски и неговата пропаганда спроведоа идентитетски инжинеринг за да насадат нешто што не е природен, ниту суштински дел од македонскиот национален корен.Спроведоа масивна и масовна културолошка операција наречена антиквизација за да букефализираат цел еден народ и со тоа да нѐ скараат со сите соседи. Им успеа цела деценија да нѐ држат во изолација.И додека врвеа и ги поттикнуваа наводните дебати за тоа кои сме и што сме, нѐ фрлија во изолација и ги фрлија во мрачните подруми нашите приоритети - ЕУ и НАТО. Го уназадија и блокираа целиот процес.И додека го правеа тоа, зад таа димна завеса, ги извршија сите криминали и политички злосторства заради кои сега се соочуваат со правдата.Јас ја вложив целата моја политичка сила за да решам прашања за иднината и за сите идни генерации.Нашата земја и нашиот народ се справија со антиквизацијата и јас ќе продолжам да зборувам јавно за потребата од мир и соработка на Балканот, но и за моментите од заедничката историја кои ги спојуваат и поврзуваат нациите“, напиша премиерот Зоран Заев на социјалната мрежа фејсбук. 

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Новиот закон за ЈО предвидува и формирање на специјализираното судско одделение

Новиот предложен закон за Јавно Обвинителство со кој СЈО ќе се спои со Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал, предвидува и формирање на специјализираното судско одделение каде ќе им се суди на случаите отворени од досегашното СЈО и новоформираната Јавно Обвинителство за гонење на организиран криминал и висока корупција, објави civilmedia.mk.Ова се предвидува со членот 30 алинеа 4 на првичниот текст на предлогот кој власта му го испрати на ВМРО-ДПМНЕ за време на преговорите, а како што дознава ЦИВИЛ Медиа, истото решение било пренесено и во финалниот текст на предлог законот кој утре ќе влезе во собраниска процедура.“Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција постапува пред специјализираното судско одделение надлежно за судење на дела од областа на организираниот криминал и корупција, во Кривичниот суд Скопје”, се вели во првичниот текст кој се најавува дека е пренесен и во најновиот предлог закон, пишува civilmedia.mk..Текстот во целост на: civilmedia.mk 

Македонија | пред 6 години

Branko-Geroski

Героски: Жаки, Коки и Раки - 400.000 евра рекет?!

Новинарот Бранко Героски синоќа на својот фејсбук профил објави статус во кој вели:ЖАКИ, КОКИ И РАКИ - 400.000 ЕВРА РЕКЕТ?!Жаки, важна фаца во телекомуникацискиот бизнис, дал изјава каде што треба, дека Коки му изрекетирал 400.000 евра. 300.000 евра зел Коки, а 100.000 евра биле за Раки, важен човек од власта. Така признал Жаки. Така ми шепна врапчето денеска...https://www.facebook.com/branko.geroski/posts/2295387307249618

Македонија | пред 6 години

Mile-Janakieski

Миле Јанакиевски повторно префрлен во болница

Поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, денеска повторно е префрлен во една скопските приватни клиники поради преглед за итна здравствена интервенција, потврди за „А1 он“, неговиот адвокат, Александар Новаковски.Новаковски изјавил дека дека во четвртокот при прегледот на Јанакиески му биле констатирани два здравствени проблеми, од кои едниот можел да се третира како итна интервенција.„По одобрение на судот и затворската управа е пренесен на преглед во приватна клиника“, рекол Новаковски за „А1 он“.Јанакиески веќе еднаш беше примен на преглед откако се пожалил на болки, по прекинот на штрајкот со глад..

пред 6 години

ilievski

Инспекторот Илиевски поднесе прекршочна пријава против Тетовскиот Универзитет и ректорот

Просветниот инспектор Ѓорѓи Илиевски покрена барање за прекршочна  постапка за Тетовскиот Универзитет и до ректорот Вулнет Амети.  Барање до Основниот суд во Тетово, за поведување прекршочна постапка против Државниот тетовски универзитет и неговиот ректор, упати вишиот просветен инспектор Ѓорги Илиевски, поради непочитување на неговите решенија за укинување на незаконски стекнатите виши звања на тројца функционери од ДУИ и поради непојавување на претставниците од универзитетот на закажаното порамнување, денеска.„Денеска беше закажано во 10 часот да дојдат. Истите не дојдоа и јас направив записник за порамнување, бидејќи не се тука и барање за поведување на прекршочна постапка до Основниот суд во Тетово. Понатаму, ќе поднесам, исто така и кривична пријава и до ЈО и до другите институции, надлежни за овие состојби кои се случуваат на Тетовскиот универзитет“, рече Илиевски на средбата со новинарите.Инспекторот се жали и на нетранспарентност во процесот. Откако второстепената комисија одлучи дека тој не бил во право, Илиевски нема увид во нивниот втор надзор за унапредувањата.Случајот со  незаконски стекнатите виши звања на тројца функционери од ДУИ  го разгледува и Антикорупциската комисија. 

Македонија | пред 6 години

katica

Заврши вештачењето на телефонот на Јанева

Завршено е вештачењето на одземениот мобилен телефон на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, изјавија од Обвинителството за весникот Вечер.Според обвинителството, денеска е завршено вештачењето, но во интерес на натамошната истрага, деталите засега, нема да се споделат во јавноста.Што е констатирано при вештачењето, ќе биде обелоденето кога ќе се создадат услови за тоа, изјавија од обвинителството за весникот Вечер.Едниот телефонот на Јанева и беше одземен по барање на судот дента кога беше уапсен Бојан Јовановски. Вториот мобилен, како што објави обвинителката Вилма Рускоска, повикувајќи се на изјава на синот на Јанева бил изгубен во Белград.извор: Вечер 

пред 6 години

zbogar

Жбогар: Случајот „Рекет“ покажува дека Јавното обвинителство се бори против корупцијата на високо ниво

Евроамбасадорот Самуел Жбогар денес во Новаци рече дека случајот „Рекет“ покажува дека Јавното обвинителство се бори против корупцијата на високо ниво и го поддржуваат да работи на вакви случаи.„ Во државата нема причини за политичка криза, институциите функционираат, Јавното обвинителство е функционално, а функционира и Специјалното јавно обвинителство. Точно е дека специјалната јавна обвинителка Јанева поднесе оставка и тоа го имаме предвид и свесни сме за тоа, но СЈО ќе продолжи да функционира до 15 септември. Дотогаш има доволно време политичките лидери да размислат на кој начин ќе продолжи работата на СЈО, а една од можностите е тоа да биде интегрирано во рамки на општото јавно Обвинителство и има време тоа се реши, истакна амбасадорот  Жбогар.На прес-конференцијата во Општина Новаци, Жбогар појасни дека знае за многу шпекулации во однос на оставката на Јанева. 

Македонија | пред 6 години

60884111_2336498276595038_888330383639183360_n

Катица Јанева на „Фејсбук“: Ако не можеш да играш на терен, обично викаш од трибини

Цитатите за подигање на самодовербата се доста застапени помеѓу објавите на Катица Јанева уште во времето пред да биде избрана за специјален обвинител.„Никој не може да ги осудува моите избори, ниту моето мислење, бидејќи никој не ги пробал моите чувства и моите болки . Ти не си изгубена. Само така се чувствуваш понекогаш. Ти се движиш низ промените, имај храброст и знај дека твојата душа те води по патот. Подобро помеѓу празни ѕидови, отколку помеѓу празни луѓе. Ако ја бараш личноста која ќе ти го промени животот, погледни во огледалото“ се само дел од мудростите кои гевгеличанката ги објавувала во времето додека се уште работеше како обвинител во ОЈО Гевгелија.Обвинителката која мистериозно ,,изчезна” од јавноста и веќе една недела успешно се крие, додека јавноста со право ги чека нејзините одговори во врска со случајот ,,Рекет,,, се приклучила кон социјалната мрежа Фејсбук во септември 2014 година.Прочитајте ја анализата на Фокус.мк

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Заев за грчката телевизија Алфа ja обвини Македонија дека преземала светска, балканска и туѓа историја како наша

Премиерот Зоран Заев во интервју објавено на грчката телевизија Алфа, а снимано во Скопје, три дена пред изборите во Грција говори за точките регулирани со договорот со Грција, во однос на јазикот и словенските корени.Оваа изјава предизвика силна реакција на социјалните мрежи, а граѓаните му забележуваат на премиерот кој, како што велат, за да им се додвори на соседите, изјави, дека сме ја присвојувале светската и балканската историја како наша, македонска.– Во минатото обидот да се промени и извитопери нашата историја со преземање на светска, балканска и туѓа историја како наша, без да се води сметка како тоа влијае кај соседите се предизвика состојба да бидеме буквално скарани скоро со сите соседи и се затворија сите процеси за интеграција во ЕУ и НАТО – рече Заев.

Македонија | пред 6 години

sead-kocan

Бизнисменот Сеад Кочан оди во затвор, oдбиено и второто барање за одложување на затворската казна

Судија за извршување санкции при Основниот кривичен суд – Скопје го одби барањето на бизнисменот Сеад Кочан поради здравствени причини да му биде одложено издржувањето на затворската казна од четири години и осум месеци за предметот „Труст“ на СЈО.– Судија за извршување санкции при Основниот кривичен суд – Скопје, надлежен да постапува по предметот од обвинителството означен како „Труст”, по добивање на целокупната медицинска документација неопходна за одлучување по барањето за одлагање на извршувањето на затворската казна на еден од обвинетите во конкретниот предмет, како и разгледување и ценење на истата, на 19.07.2019 година донесе решение со кое барањето се одбива како неосновано, соопшти Основниот кривичен суд – Скопје.Решението веќе е доставено до странките во постапката кои имаат право на жалба до Кривичниот совет, а по правосилноста на решението Кочан е долежен веднаш да се јави на издржување на затворската казна.Сеад Кочан требаше да се јави на издржување на затворската казна на 17 јули, откако Кривичниот совет ја потврди одлуката на судијата од Кривичниот суд да се одбие неговото барање за одложување.

пред 6 години

lugje-plostad-skopje

Рекордери во Европа: Скопјани трошат најмногу вода

Во текот на летото кога улиците на градот се „празни“, а термометрите покажуваат над 40 степени, скопјани често ги повторуваат стиховите „Скопје има микроклима изгор лето, кочан зима…“ од песната за главниот град на групата „Леб и сол“. Реката Вардар, фонтаните, уличните чешми, но и понекој вир од излеаната вода од тревниците, колку и да изгледаат малку и недоволно под јулското сонце, го разладуваат Скопје благодарение на изворот Рашче.Највисока потрошувачка на вода во Скопје во последните десетина години е регистрирана на 6 август 2017 година, кога според мерењата од градската водоводна мрежа биле потрошени вкупно 353.558 кубни метри, што е околу 640 литри вода по жител.На национално ниво, според податоците на Еуростат, трошиме 118,2 кубни метри вода по глава на жител, што нè прави рекордери во регионот со по околу 323 литри вода по жител на ден. Македонците на годишно ниво трошат повеќе вода од жителите на Словенија, Босна и Херцеговина, Бугарија и Косово заедно.Скопјани трошат просечно околу 500 литри вода по човек во лето

Скопје | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања