Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

главни-вести

najcevska

Најчевска: Со уништувањето на „бомбите“ се прикривааат криминални дејствија

Премиерот Зоран Заев на прес конференција објави дека Владата до Собранието ќе предложи нов закон за јавно обвинителство според кој СЈО престанува да постои а се формира ново кое ќе се вика Обвинителство за гонење на организиран криминал и висока корупција. Заев кажа дека снимките од нелегално прислушкуваните разговори кои не се дел од досегашните постапки на СЈО, ќе бидат уништени, како што се уништуваат и посебните истражни мерки.На ова реагира професорката Мирјана Најчевска која тврди дека уништувањето на снимките е прикривање на криминални дејствија.„А зошто да се уништат разговорите? Зошто да не бидат едноставно индиции за сторени кривични дела? Како допрен глас и слично? Уништувањето за мене е прикривање на криминални дејствија“, пишува професорката на социјалните мрежи.

Коментари | пред 6 години

koli-vozila-ulica-ramstor-skopje

Полицијата казни 200 возачи во Скопје за еден ден

Вчера Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје спроведе акциски контроли за санкционирање на прекршоци од возачи на мотори и за контрола на брзина на движење на моторни возила.Во периодот од 20.00 до 24.00 часот, при контролата за прекршоци од возачи на мотори, откриени се 35 прекршоци. Откриени се и два останати прекршоци.Во периодот од 06.00 до 24.00 часот, при контролата за откривање возачи кои управуваат моторни возила со брзина поголема од законски пропишаната, констатирано е дека 92 возачи ја пречекориле брзината во населено место. Откриени се и 68 останати прекршоци.

Скопје | пред 6 години

nezavisna-pratenicka-grupa-vmro-dpmne

Рикер на посебна средба со осумте пратеници

Помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Филип Рикер, неделава ќе ги посети Грција и Северна Македонија, каде што освен средби со власта, ќе оствари посебна средба со осумте независни пратеници во Собранието, Елизабета Канчевска Милевска, Сашо Василевски, Крсто Мукоски, Владанка Авировиќ, Емилија Александрова, Љубен Аранудов, Нола Исмајловска Старова и Зекир Рамчиловиќ, дознава „Скопје1.мк“.Во Скопје, Филип Рикер ќе има средби и со претседателот Стево Пендаровски, со премиерот Зоран Заев, министерот за надворешни работи Никола Димитров и други владини претставници. Централни теми ќе бидат билатералните прашања и патот на Северна Македонија кон членство во НАТО и ЕУ. Помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, ќе разговара и со пратеници и со претставници на опозицијата, се вели во соопштението на Стејт департментот.

Македонија | пред 6 години

bozin

Павловски до Заев: Размислувај пред да отвориш уста, те молам

По интервјуто на македонскиот премиер Зоран Заев за грчката телевизија Алфа, се огласи академик Божин Павловски.„Господине Заев, за ова што си го изјавил пред грчкиот телевизиски аудиториум во држава што поседува изградени политички критериуми би морал да се засрамиш. 99 проценти од македонската наука, култура и уметност е беспрекорно коректна кон сите свои соседи. Доказ се над 70 илјади наслови на книги и публикации во нашите библиотеки и архиви. Зошто толку лаички и смртно опасно го поткопуваш нашиот духовен живот? Твоето површно гледање на работите може да го разори целиот образовен систем, кој и без тоа минува низ криза. Размислувај пред да отвориш уста, те молам“, напиша Павловски.Инаку Заев во интервјуто вели дека сме ја присвојувале светската и балканската историја како наша, македонска.

Македонија | пред 6 години

milcin

Милчин до Заев: Ме вџашува леснотијата со која ги навредувате Македонците

По интервјуто на македонскиот премиер Зоран Заев за грчката телевизија Алфа, на Фејсбук се огласи режисерот Владимир Милчин.„Господине Заев, знаете ли нација на глобусов која не присвојувала? Најголемите нации најмногу присвоиле. И територија и историја. Она што не можеле да го асимилираат, го набркале или го истребиле. Ме вџашува леснотијата со која демонстрирате скудно познавање на историјата и ги навредувате Македонците кои паметат или знаат колку и кои војски газеле овде и што оставиле зад себе“, напиша Владимир Милчин на Фејсбук.Инаку Заев во интервјуто вели дека сме ја присвојувале светската и балканската историја како наша, македонска.

Македонија | пред 6 години

makraduli

Макрадули: Очекувам Трајчевски веднаш да си поднесе оставка

Заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули преку својот Фејсбук профил побара првиот човек на Агенција за медиуми, Зоран Трајчевски да си поднесе оставка поради дзинформирање на јавноста.„Очекувам Зоран Трајчевски веднаш да си поднесе оставка заради манипулациите изнесени во јавност. Се насобраа луѓе кои за да бидат објавени во медиуми си вадат од ракав наводно податливи информации, напиша Макрадули.Инаку, првиот човек на Агенција за медиуми, Зоран Трајчевски во емисијата „Код“ изјави дека Бојан Јовановски добил обезбедување од МВР како сопственик на медиум. Од МВР оваа информација ја демантираа.,,Тоа апсолутно не е точно. Бојан Јовановски немал службено обезбедување од МВР. Непрофесионално и неетички е Трајчевски, кој е на чело на регулаторно тело на кое му е работа да ја штити јавноста од дезинформации и да внимава на етиката во известувањето, самиот да шири дезинформации“- се вели во демантот од МВР.

Македонија | пред 6 години

sobranie

Законот за обвинителство утре влегува во Собрание

Дебатата за новото СЈО кое повеќе нема да биде специјално, туку обвинителство за организиран криминал и виска корупција се префрла мегу пратениците. Законот за јавно обвинителство, со кој СЈО се спојува со организиран криминал во вторник влегува во Собрание, велат од министерството за Министерството за правда за Телма.-Владата во вторник законот ќе го прати во Собрание. Очекуваме своите ставови пратениците да ги кажат во Собрание, а ако имаат забелешки и да поднесат амандмани. Градењето 2/3 мнозинство ќе биде во Собранието, велат од Министерство за правда.Тие се зачудени што опозицјата не прифаќа досегашната шефица на организиран криминал Рускоска да биде на чело на новото обвинителство.-Очекуваме поддршка од сите, особено што ВМРО-ДПМНЕ кога поднесе до Министерството амандмани на претходниот текст на законот, со амандманите предложи СЈО да биде дел од ЈО за организиран криминал, а не предлагаше никакви кадровски промени во обвинителството за организиран криминал, што практично значи дека во новиот текст на законот е прифатен нивниот предлог Јавното обвинителство на чело со Рускоска да ги води случаите на СЈО. Сега зачудува измената на нивниот став по ова прашање, велат од Министерство за правда.

Македонија | пред 6 години

filip-riker

Рикер доаѓа во Скопје

Американскиот помошник државен секретар за Европа и Евроазија, Филип Рикер ќе ја посети Македонија, каде што ќе се сретне со претставници на владата, граѓанското општество и бизнисот, соопшти Стејт Департментот.Рикер ја почна својата турнеја со посета на Грција, а во текот на неделава ќе допатува во Скопје.Во Скопје амбасадорот Рикер ќе се сретне со претседателот Стево Пендаровски, премиерот Зоран Заев, министерот за надворешни работи Никола Димитров и други владини претставници на разговори околу билатералните прашања и патот на Македонија кон членство во НАТО и ЕУ. Дипломатот Рикер, исто така, ќе присуствува на настанот со учениците од Американското катче во Битола, покрај состаноците со пратениците, членовите на опозициската партија и претставниците на локалната власт", се вели во соопштението на Стејт департментот.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Сончево и топло, УВ индексот 9

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност, соопшти УХМР.УВ индексот ќе биде 9. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се движи од 12 до 19, а максималната од 30 до 38 степени.Во Скопје, времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и температури до 36 степени.Во вторник и среда ќе дува умерен до засилен северен ветер и ќе има услови за краткотраен локален дожд. Дневните температури ќе опаднат за 3 до 4 степени. Потоа во наредните денови повторно ќе биде стабилно и многу топло.

Македонија | пред 6 години

75A26C7E-6328-4F10-BC67-8665AAF1FA06

ГАЛЕРИЈА: Огнот го уништи едриличарскиот клуб во Струга, туристите го споредуваа пожарот со Чернобил

До темел изгоре едриличарскиот клуб "Снегар" кој се наоѓа на популарната “Машка плажа” во Струга. Чадот од пожарот надвисна на струшко-охридскиот регион, а туристите кои беа на плажите го споредуваа со експлозијата на реакторот во Чернобил.Според нашите извори, целосно уништени се комплетната опрема едрилици, даски за едрење и гумењаци.Неофицијално пожарот пеплоса 10 едрилици класа "Оптимист", 2 едрилици класа "Европа", и неколку едрикици класа "Ласер".Спасени се само две три едрилици и еден гумењак.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Не е точно дека Боки 13 имал обезбедување, велат од МВР

Министерството за внатрешни работи најостро ги демантира дезинформациите што во емисијата „Код“ на ТВ Телма ги изнесе директорот на АВМУ Зоран Трајчевски дека наводно лицето Бојан Јовановски имало службено обезбедување од МВР. Тоа апсолутно не е точно.Бојан Јовановски немал службено обезбедување од МВР. Непрофесионално и неетички е Трајчевски, кој е на чело на регулаторно тело на кое му е работа да ја штити јавноста од дезинформации и да внимава на етиката во известувањето, самиот да шири дезинформации.

Македонија | пред 6 години

Boki-13-Bojan-Jovanovski

Боки 13 користел обезбедување од МВР

Осомничениот за рекет, Бојан Јовановски од почетокот на оваа година користел обезбедување од МВР, отри директорот на АВМУ, Зоран Трајчевски за „Код“.„Бојан Јовановски од почетокот на оваа година имал слижбено обезбедување од МВР, поради добиени закани по емитување на серијата 'Инсајдер'“, вели Зоран Трајчевски, директор на АВМУ.Доколку МВР му дало обезбедување на Јовановски како сопственик на медиум, 1ТВ може да остане без дозвола за работа, што практично значи згаснување на телевизијата.„Доколку Јовановски добил обезбедување од МВР како сопственик на медиум, иако на формално-правно не е сопственик, тогаш станува збор за тајно содружништво, а тоа не е дозволено и во таков случај се одзема дозволата за работа“, додава Трајчевски.

Македонија | пред 6 години

66585173_2902346009782403_878459122863833088_o

МВР нема обврска да знае каде е Јанева, таа слободно може да оди на одмор иако е болна

МВР нема обврска да знае каде се граѓаните на државата во кој било момент, освен ако има налог од надлежен обвинител или надлежен суд, вели министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски одговарајќи дали МВР знае каде е специјалната јавна пбвинителка Катица Јанева. Спасовски кажа дека ако МВР зане каде секој се наоѓа во одреден момент, тогаш тоа не е демократска држава.Истовремено, обвинителката Русковска која го води предметот за рекет врз бизнисмени, каде засега се осомничени само Боки 13 и Зоки Кичеец, вели дека нема ПИ-мерки за обвинителката Катица Јанева, а ниту забрана за напуштање на државата.Во меѓувреме, шефицата на СЈО во оставка, достави боледување во правната служба на обвинителството, а на работа се нема појавено веќе една недела. 

Македонија | пред 6 години

ohridskoezeromart

ВИДЕО: Опожарена плажа во Струга, изгореле едрилици и кајчиња

Огромен пожар попладнево настанал на „Машка плажа“ во Струга, а чадот се гледаше и од плажите во Охрид. Според информациите на „Скопје 1“, целосно изгорен едричарскиот клуб „Снегар“, со десетици едрилици.https://www.facebook.com/voxstruga.mk/videos/476964153089574/Последните инфорамции говорат дека опожарени се и кајчиња, кои биле чувани во еден од објектите.Противпожарната единица се обидува да се справи со пожарот, а причините засега се непознати.

Македонија | пред 6 години

zoran-zaev-izjava

Заев за Мицотакис: Тој е искусен политичар, мисли добро на своите соседи

Премиерот Зоран Заев во интервју пред изборите во Грција, вели дека Мицотакис е искусен политичар и мисли добро на својата земји и соседите. На премиерот му се познати ставовите на Мицотакис.– Ги имам следено внимателно ставовите на господинот Мицотакис, секако неговиот коментар дека договорот не е добар ни е познат. Договорот, веројатно ако гледаме низ призмата на двете земји можеби подеднакво не е добар или подеднакво е добар. Јас верувам дека сите заедно ќе гледаме напред, нема да се враќаме назад. Господинот Мицотакис е искусен политичар и сигурно и мисли добро на својата земја и на своите соседи, па и на целиот балкански регион – вели Заев во интервјуто.Инаку интервјуто е направено пред изборите во Грција и пред Мицотакис и официјално да стане премиер на земјата. Премиерот коментира дека сега Грција за нас е нов пријател и стратешки партнер и тоа не е мала придобивка.– Јас сум човекот овде во C Македонија, кој ќе остане запаметен дека под негово лидерство е сменето името на нашата земја. Но, и како во едно семејство, некогаш во животот мора да направите одредени чекори, не толку среќни, не толку што ве исполнуваат, но заради добро на децата, за добра иднина на семејството, но и на соседството заедно ги правите ваквите чекори. Сега имаме нов пријател и стратешки партнер Грција. Зарем тоа е мала придобивка која што ја добивме? Тоа е голема работа за мене – вели Заев,а пренесе МИА.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања