Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

главни-вести

katica-janeva-mickovski

Има сведоци за уцените на Јанева упатени кон Мицковски, вели Арсовски

„Рекетарите од власта се уште молчат и се обидуваат да ги заташкаат народски кажано најважните факти кои што треба да дадат одговор.Катица Јанева заедно со нејзиниот син Лазар Јанев и Боки 13 рекетирале, уценувале и вршеле притисоци врз бизнисмени и политичари. Впрочем, ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот претседател Мицкоски беа предмет на уцени и притисок од самата Катица Јанева. За тоа како што рековме има и сведок кој може да посведочи доколку биде повикан претседателот во Обвинителството.Боки 13 заедно со врвот на власта, со врвот на СДСМ преку најблиските соработници на Зоран Заев кои ја уживаат доверба на Зоран Заев и безрезервна поддршка во се како што има и самиот Заев кажувано за своите соработници во интервјуата, се стекнале со изнуден рекет во вредност од десетици милиони. Засега, СДСМ и Заев по цена на штета на сите граѓани, ги кријат и се обидуваат да ги заташкаат раководните луѓе од врвот на СДСМ што рекетирале преку СЈО или таканаречените Кики и Фрики кои што се уште им го кријат идентитетот. Дали затоа што и Зоран Заев знаел и затоа тој самиот ги штити бидејќи со негова дозвола рекетирале?Каде е Катица Јанева и дали е направен распит на нејзе и на нејзиниот син? Што се е откриено во телефонот на Катица Јанева и дали навистина другиот телефон го фрлила низ прозор при запленувањето на првиот. Доколку не е фрлен низ прозор и е изгубен или оставен во Белград како што тврди нејзиниот син и што се имало во него, под претпоставка дека може да е најден од органи на друга држава и зошто Катица Јанева не го пријавила истото во моментот кога го изгубила телефонот? Зошто Катица Јанева и син и кои се дел од рекетирањето се уште не се во притвор за да не може да влијаат врз сведоци во постапката?Зошто не се соопштува колку прислушувани и снимани разговори таканаречени бомби се најдени кај рекетарите наменети за приватни цели и дали истите тие во моментот се уште кружат и се пуштени во промет за да може и други луѓе да ги рекетираат истите луѓе кои што биле предмет на уцена?Ниедна глума на Заев не може да го испере од криминалот во кој е вмешан до гуша. Заев е главата на овој рекетарски октопод и антипод на борец против криминалот и корупцијата.“, изјави порпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Македонија | пред 6 години

mickovski-ruskovska

Мицковски за Русковска: Заев сака Катица Јанева да ја замени со Катица Јанева

Зоран Заев го легитимираше она што одамна го велам, а тоа е дека Рускоска е негов избор, и сега сака една Катица Јанева да ја замени со друга Катица Јанева, овој пат со име Вилма Рускоска. Јасно е дека овој предлог не може да се разбере никако поинаку освен како мајтапење со законите и правната држава. Па не може жената која е персонификација на нестручно работење под политичка палка да се справи со криминалот и да донесе правда вели лидерот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за „Република’. Тој зборува за случајот „Рекет“ и низата нејаснотии кои се отвораат – зошто нема обвинение против специјалната обвинителка Катица Јанева, зошто Заев е нем за Кики и Фрики…Премиерот Зоран Заев одлучи да поднесе предлог на закон за организирање на Обвинителство за гонење на организиран криминал и висока корупција, Вие сте против таквиот закон, кои се причините? Очекувате ли доближување на ставовите?Мицкоски: Предлогот на власта не е предлог за воспоставување на обвинителство кое ќе биде независно и кое ќе гони вистински криминал, туку намерата е воспоставување на обвинителство кое ќе биде по теркот на Заев и во функција на криминалниот октопод. Откако увиде премиерот дека ова постојно СЈО е компромитирано пред сé поради политичките влијанија кои тој и неговите луѓе ги вршат врз тоа обвинителство, дополнително притиснато од коруптивниот скандал во кој учествува првиот човек Јанева, тој практично го прифати предлогот на ВМРО-ДПМНЕ да не се даде нов живот на тоа СЈО, туку да се формира ново обвинителство во рамките на постојното Јавно Обвинителство кое ќе се занимава со гонење на висока корупција и криминал. Но проблемот настанува кога Зоран Заев сака на сила да протурка решение кои би било ново СЈО затоа што тоа исто обвинителство би го воделе компромитирани кадри, па дури истите од ова постојното СЈО, со задача да му помогне на Заев да остане на власт, исто како што му помогна да дојде. И што би се случило хипотетички, би се продолжил случајот Талир кој е случај против ВМРО-ДПМНЕ и кој е исклучиво политички конструиран, а позади тоа би се амнестирале вистинските криминали на власта. Едноставно Владата покажува дека не е за сериозна пресметка со корупцијата и се става во улога да штити корупција. Тие трета година ја имаат одговорноста да ја водат државата, а зад себе немаат ниту една правна разрешница на некој криминален скандал. Ние не може да си дозволиме едно урнисано СЈО да го замениме со друго, како и да се вика новото, но тоа да биде еднакво неквалитетно, непрофесионално и корумпирано како постојново.Рускоска е предлогот на Заев за нов јавен обвинител на тој нов оддел. За Вас ова не е прифатливо. Зошто?Мицкоски: Заев го легитимираше она што одамна го велам, а тоа е дека Рускоска е негов избор, и сега сака една Катица Јанева да ја замени со друга Катица Јанева, овој пат со име Вилма Рускоска. Јасно е дека овој предлог не може да се разбере никако поинаку освен како мајтапење со законите и правната држава. Па не може жената која е персонификација на нестручно работење под политичка палка да се справи со криминалот и да донесе правда. По овој терк фали уште Кацарска да стане врховен судија или претседател на Апелација, па Зоран Заев комплетно да го деградира судството за да може слободно да се додаде префиксот СДСМ во имињата на овие институции. Зоран Заев како што ја фалеше Катица Јанева сега ја фали Вилма Рускоска, и да ви кажам тоа треба да не загрижи, зашто првава е дел од афера тешка неколку милиони евра, а вторава,  како демек има улога да ја расветли, ама никако да стигне до Јанева, нејзините соработници од врхушката на власт, па дури и првиот човек на власта. Ви се молам, ова се сериозни работи, и сметам дека никако не може вака една одговорна функција да се препушти на такви кадри.Целото интервју прочитајте го на РЕПБУЛИКА.МК

Македонија | пред 6 години

droga-zaviscni-protest-aerodrom

Аеродромци не дозволуваат зависници од дрога да се лекуваат во нивната општина, стравуваат дека децата ќе им бидат нападнати

Зависниците од дроги кои треба да се лекуваат во поликлиниката Јане Сандански, не се добредојдени за локалните жители. Тие денес на протест побараа министерот Филипче да ја поништи одлуката, бидејќи како што велат, во близина има улилишта и градинки, па стравуваат дека нивните деца можат да бидат нападнати.„Овој протест е револт по одлуката на министерот Филипче тука да се лечат зависници од дрога. Мислим дека моите деца можат да бидат нападнати од зависници, бидејќи сум видела како се лечат, а притоа, бараат пари. Нека се отворат посебни места каде ќе примаат терапија. На пример во Драчево или Лисиче. Таму нека се лечат, таму каде нема многу население. Три простории можат да се напраат за три месеци“, вели Оливера Стефановска, жителка на Аеродром.На протестот беше и ексградоначалникот Ивица Коневски кој ги поддржа протестите. Тој вели дека масовноста ќе се зголемува.„Сметаме дека одлуката е скандалозна бидејќи објективно проблемот на Кисела Вода ќе биде решен, но ќе биде префрлен на други три места. Тоа секојдневие кое го има во Кисела Вода ќе се префрли тука. Бараме одлуката да се повлече. Решението треба да го најде Филипче. Масовноста ќе се зголемува од ден на ден ако одлуката не се промени. Нема расположение ниту зависниците привремено да останат тука“, рече поранешниот градоначалник на Аеродром, Ивица Коневски, кој беше присутен на протестот.

Скопје | пред 6 години

izjava-zaev.Still167

Запленетите возила и пловила проценети на над 1.000.000 евра

Возилата кои вчера навечер ги заплени државата како дел од истрагата за случајот „Рекет“ вредат повеќе од 1 милион евра.Во кругот на охридската „Касарна“ се наоѓа пловило кое вреди повеќе од 100.000 евра, а запленети се џипови, мотори, и скутери за забава на вода.Извори во истрагата информираат дека биле вршени претреси во повеќе објекти сопственост на Зоран Милески Кически на територија на општините Охрид и Дебрца.Неофицијално заплените ќе продолжат понатаму врз недвижен имот.

Македонија | пред 6 години

zaev-odgovornost

Заев вели од септември раст на платите, а од јануари и пензиите

„ Откако ги решивме сите големи политички прашања останува да го зголемиме економскиот стандард и главна задача е раст на платите, пензиите и капиталните инвестиции за подиректна благосостојба за сите граѓани“, изјави премиерот Зоран Заев. Тој додаде:„ Влегуваме комплетно со сите свои перформанси. Тевдовски останува да работи околу мене, веројатно и како советник во тој дел. Следуваат храбри решенија и храбри одлуки, каде бенефит треба да имаат сите граѓани и во делот на социјалниот аспект и во делот на земјоделието и пензиите и платите. Кога веќе се решени сите големи политички прашања на нашата земја останува да го зголемиме економскиот стандард“– изјави Заев.Премиерот додаде дека наесен е можно да има ребаланс. Најави дека од септември ќе има зголемување на платите во голем дел од јавната администрација, додека од 1 јануари се очекува да се овозможи и раст на пензиите.Тој изрази уверување дека до крајот на годината ќе имаат доволно финансии и капацитети за зголемување на пензиите од 1 јануари 2020 година. 

Македонија | пред 6 години

stevo-770x437

(ВИДЕО) Пендаровски: Немам намера да го амнестирам Заев или негови блиски ако направиле криминал

Претседателот Стево Пендаровски во интервју за Слободна Европа вели дека се залага за помирување, а на забелешките на ВМРО-ДПМНЕ дека помирувањето го сфаќа како амнестија за премиерот Заев и неговите, вели дека нема намера да го амнестира Заев или неговите блиски, ако сториле криминал. Пендаровски вели и дека со изјавата за Гоце Делчев ја засилил македонската преговарачка позиција.  Пендаровски во интервјуто разговара за  случувањата околу СЈО, датумот за преговори со ЕУ, и реалната опасност Охрид да го загуби статусот на УНЕСКО.

Македонија | пред 6 години

ruskovska-skopje1-3

ВИДЕО: Боки 13, Зоки Кичеец и Јанева ќе ја забрзаат „смртта“ на СЈО и отворањето на ново обвинителство

Случајот „Рекет“ само го забрза реализирањето и на идејата да се спојат СЈО и Јавното обвинителство, вели Министерката за правда Рената Дескоска.Оваа идеја била на маса во преговорите со опозицијата за новиот закон за јавно обвинителство и таа очекува дека ВМРО-ДПМНЕ ќе го прифати законот предложен од Владата, затоа што одделението за организиран криминал покажа дека може да се справи со случаите на висока корупција.ВМРО-ДПМНЕ се уште го разгледува предлог текстот и нема конечен став како ќе се постави. Но, имајќи ги во предвид неколкумесечните неуспешните преговори и главната точка на судир меѓу двете страни, веќе може да се препознае што, во суштина, ќе биде камен на сопнување. Името на „проблемот“ потенцијално може да се препознае во ставот 2 од членот под број 106, кој гласи:„Со денот на отпочнувањето на примената на овој закон, надлежностите на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластеното следење на комуникациите и надлежностите на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција преминуваат во Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и висока корупција, а започнатите постапки продолжува да ги води Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и висока корупција во фазата во која се преземени“, пишува во член 106 став 2 од предлог- законот на Владата.Во пракса, ова значи дека новото „споено“ обвинителство ќе ги застапува сите предмети кои ги застапуваше СЈО. И оние кои веќе се во фаза на судење, но и оние кои се во фаза на предистрага, истрага или пак за нив е поднесено обвинение по 30 јуни 2017 година. Меѓу тие „нови“ предмети е на пример истрагата „Империја“. Но, меѓу таквите предмети е и „Талир“, за нелегално финансирање на ВМРО-ДПМНЕ и за начинот на кој е изградено новото партиско седиште во Скопје.Опозицијата засега не соопштува став за целиот закон, но директно или индиректно ги навести своите позиции. Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски денеска изјави дека Рускоска е далеку од прифатливо решение за шеф на „споеното“ обвинителство. Под превезот на наративот на опозицијата за „Рускоска обвинителство“, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски уште синоќа посредно навести дека за него се неприфатливи и „новите“ предмети.

Македонија | пред 6 години

ruskovska-skopje1

Русковска и Јанева се тркаат за првото место: Каде се прават добри тетоважи од Вилма, прашуваат на „Твитер“

Обвинителката за организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, која го води случајот за изнудување рекет каде осомничени се Боки 13 и Зоки Кичеец, се најде како мета кај корисниците на социјалната мрежа „Твитер“.Тие потсетуваат кои предмети ги работела Русковска во минатото, но и се шегуваат на нејзина сметка, откако премиерот Зоран Заев обзнани дека ја предлага за шефица во новото обвинителство, наместо Катица Јанева.https://twitter.com/US_Reagan/status/1152596115495292929https://twitter.com/zbiramfoto/status/1152602932497592320https://twitter.com/Linalu123Lu/status/1152475887419441152https://twitter.com/odidninata/status/1152651395692187649https://twitter.com/mojokilington/status/1152284355458469888https://twitter.com/siljanstrkot2/status/1152630098278981634https://twitter.com/PravednaTavita/status/1152492385974329345https://twitter.com/Strastniot/status/1152273397902204933https://twitter.com/Giotto_mkd/status/1152212540652437504 

Коментари | пред 6 години

grcija-granica-ne-smeedavnesuvatefood-01-74771-114634-696x406

Гужва на граничните премини: За излез на „Богородица“ се чека и до 1 час

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Богородица има зголемена фреквенција на возила, времето на чекањето за излез од државата е од 45 минути до 1 час, додека на ГП Дојран од 15 до 30 минути. На останатите граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

НАЈНОВА ВЕСТ: Во Охрид запленети луксузни возила и глисери

Полицијата вечерва во Охрид извршила заплена на неколку скапи патнички возила и пловни објекти, дознава Скопје1 од свои извори во МВР.Како што дознаваме тоа е направено по предлог на Јавен обинител, по претходно издадена наредба од Судија на претходна постапка.Возилата се сместени во кругот на охридската „Касарна“ и остануваат во заплена до крај на истрагата во која се опфатени.Според првите информации возилата се одземени во рамки на процесот популарно наречен „Рекет“ во кој се товарат Бојан Јованоски ( Боки 13 ) и Зоран Милески Кически за изнуда на рекет од бизнисмени.

Македонија | пред 6 години

zapaleno-kuce

ФОТО: МОНСТРУМ со бензин запалил куче во гевгелиско Стојаково

Куче попладнево било бркано и тепано со вила, а потоа, запалено со бензин. Случајот на социјалните мрежи го објавија жители на Стојково, Гевгелија. Тие велат дека чинот е монструозен, а кучето починало за кратко време.Активистите прашуваат до кога ќе се толерираат вакви случаи, а со тоа да се одобруваат вакви убиства. Тие бараат санкции за сторителот кој го извршил убиството на монструозен начин. Случајот ќе биде пријавен во полиција.Во изминатите месеци, здруженијата за заштита на животните бараа да се откријат и сакнционираат лицата кои фрлаа отров низ повеќе градови во државата, со што усмртија стотици бездомни животни.

Македонија | пред 6 години

ahmeti

Ахмети до Харадинај: Убеден сум дека ќе ја докажеш праведната борба на овој народ за слобода

Лидерот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети, преку социјалните мрежи реагираше по одлуката на косовскиот премиер Рамуш Харадинај да поднесе оставка од функцијата, откако доби покана да се појави пред Специјалниот суд во својство на осомничен.Ахмети преку статус на Фејсбук изразува убеденост дека Харадинај и овој пат ќе изезе како победник.– Како еднаш не ти се одделија потешкотиите, човеку? Се запознавме во потешкотии, и успеавме. Во какви било потешкотии излезе победник и сигурен сум дека ќе излезеш како победник и од оваа наредна нефер потешкотија. Убеден сум дека ти најдобро и овој пат ќе ја докажеш праведната борба на овој народ за слобода, демократија и независност – вели Ахмети во неговиот статус на Фејсбук.

Македонија | пред 6 години

gordan-kalajdziev-520x297

Калајџиев: Не може Заев да одлучува кој ќе го води Јавното обвинителство

Во однос на новиот Закон за јавно обвинителство и СЈО професорот на правниот факултет Гордан Калајџиев на гостување во „Стадион“ на Канал 77 истакна дека не може владата да одлучува кој ќе го води ЈО и која ќе биде неговата судбина.-Не може премиерот да одлучи кој ќе ја води таа институција, која ќе биде нејзината судбина, за тоа треба поширок консензус и најмалку треба од власта да зависи,вели професорот Калајџиев.Тој вели дека на ообвинителите во СЈО не им беше гарантиран доживотен мандат, но со преодното решение прво се сакало да Катица Јанева да и се продолжи мандатот без реизбор по пат на закон, што ќе беше чудно решение, сега пак обратно целото ообвинителство да премине кај Вилма Русковска со одлука на политички фактор.Професорот даде мислење дека целата идеја на СЈО се засноваше на автономија на една институција да се бp[и со политичкиот врв, но ако може политичкиот врв преку ноќ да ја зaкoпа СЈО, тоа значи дека таа институција не е на добри темели изградена. Целта на таа институција е власта да ја aпcи, а не обpaтно.Тој вели пpoблематично е зошто владата искача сега со вакви решенија, а до вчера не убедуваа дека нема инволвираност на Катица Јанева, а сега решение за СЈО каде што се зaкoпува само заради Катица Јанева, која што вели професорот треба да одговара доколку е замешана во кpиминал.

Македонија | пред 6 години

Branko-Geroski-696x478

Героски: Фрики и Кики во рок од 48 часа да поднесат оставка на сите функции

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, изјави дека тој не ги познава Фрики и Кики. Го разбирам потполно. Еве, сосема накусо, ќе се обидам да појаснам некои нешта. Фрики и Кики се вистински ликови, високо позиционирани во СДСМ и во власта. Тие се блиски до ликот кого јас го именував како Коки и за чии рекетарски подвизи пишував со езоповски јазик, во неколку продолженија, пишува новинарот  Бранко Героски, во колумната „ Јавна порака до Фрики и Кики – еве што треба да сторите во следните 48 часа, објавена предмалку на plusinfo.mk.Во продолжение Героски додава: Фрики е госпоѓа, висок функционер и во невладината организација на Коки, која служела за формално покривање на милионскиот рекет. Кики беше висок функционер во СДСМ. Самиот Коки, во последното интервју на својот медиум, го нарекол „добар пријател“ или „другар“.Затоа, госпоѓо Фрики и другар Кики, да сум на вашето место, јас под итно би сторил две работи.Прво, би му се јавил на Заев и би му го кажал следново:– Шефе, свесен (свесна) сум дека со мојата блискост и со контактите со Коки, како и со тоа што го препорачував кај други луѓе, му овозможив да ги засили своите рекетарски позиции. Така се искомпромитирав себеси, но и тебе, шефе, како и нашата партија. Во духот на декларацијата што ја донесовме пред некој ден, прифаќам политичка одговорност за својата непромисленост. Поднесувам оставка на сите функции.Текстот во целост на:plusinfo.mk

Македонија | пред 6 години

lazar-janev

Синот на Јанева изјавил дека телефонот го изгубила во Белград

Во интервјуто за Сител јавниот обвинител Вилма Рускоска во врска со случајот „Рекет“ истакна дека Судот мора да ги прифати аудио и видео снимките како доказ.Русковска нагласи дека во најскоро време ќе заврши вештачењето на телефонот на Јавниот обвинител Катица Јанева кој минатата недела и беше одземен во врска со случајот „Рекет“.  Таа посочи дека синот на Катица Јанева рекол дека вториот телефон и е изгубен во Белград.Во врска нејзиниот евентуален избор за раководител на новото ЈО за гонење на организиран криминал и висока корупција, обвинителката Рускоска истакна дека доколку биде избрана ќе ја исполни задачата.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања