Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

главни-вести

mkd-429029

Урсула фон дер Лајен: Македонија и Албанија ќе започнат со преговори за ЕУ кога ќе ги исполнат критериумите

Урсула фон дер Лајен, во првото интервју како претседателка на Европската Комисија, ги потврди заложбите за европската перспектива на Македонија и Албанија.-Тие се наши соседи, вели Фон дер Лајен во интервју за германскиот магазин „Шпигел“.Претседателката на ЕК вели дека ќе се залага за почеток на преговорите за членство во ЕУ со Македонија и Албанија, веднаш откако ќе се оцени дека овие две држави ги исполниле критериумите, пренесува „Дојче веле“.Фон дер Лајен во вторникот беше избрана за прва жена во историјата на чело на Европската Комисија. Во текот на кампањата во која ги убедуваше европратениците во Европскиот Парламент да гласаат за неа, таа во неколку наврати во своите приоритети ги наведуваше и преговорите со двете западнобалкански држави, а во првото интервју тоа и го потврдува.– Треба да отвориме преговори со тие земји веднаш откако Европскиот совет ќе донесе заклучок дека се исполнети критериумите. Треба да ја оставиме испружена раката кон овие земји. Го делиме истиот континент, истата историја, ние сме соседи. Доколку на овој регион му ја затвориме вратата, си предизвикуваме штета себеси, рече Фон дер Лајен во интервјуто за „Шпигел“.Фон дер Лајен треба да ја преземе новата функција на 1 ноември годинава.Пред десетина дена, пред претставувањето пред политичките фракции во Европскиот Парламент, Фон дер Лајен ја пофали Северна Македонија како светол пример. – Западниот Балкан мора да се сфати посериозно, а Северна Македонија е светол пример за позитивни постигнувања, рече тогаш таа.

Македонија | пред 6 години

14-540-

„Орка холдинг“ демантира дека продавале возила на член на семејството на премиерот

„Орка холдинг“ ги демантира шпекулациите во дел медиумите дека возилата „бентли“ и „мерцедес“ на оваа компанија биле продадени на член семејството на премиерот Зоран Заев, пишува Фокус.– Спомнатите возила беа продадени на друг бизнисмен, а што се случувало понатаму со нив, не е предмет на интерес на „Орка холдинг“ – велат од компанијата.Шпекулациите во врска со овие две возила се појавија откако скопскиот бизнисмен Владимир Стајиќ беше обвинет од некои медиуми дека дошол до овие возила, а тој потоа изјави дека бил жртва на аферата „Рекет“ и дека е подготвен да сведочи.

Македонија | пред 6 години

Renata-Deskoska-nov-min-za-pravda-1-bg_resize

Дескоска: Личната одговорност не треба да ја врзуваме со одговорноста на целата институција

Личната одговорност не треба да ја врзуваме со одговорноста на целата институција. Случајот „Рекет“ само го збрза реализирањето на идејата да се интегрираат СЈО и Јавното обвинителство, вели министерката за правда Рената Дескоска.Во интервју за Телма таа истакнува дека оваа идеја била ставена на маса од страна на Министерството во преговорите со опозицијата за новиот закон за ЈО и вели очекува дека ВМРО-ДПМНЕ ќе го прифати законот предложен од Владата затоа што одделението за организиран криминал покажало дека може да се справи со случите на висока корупција.-Навистина се непријатни случувањата на кои што сведочевме минатата недела. Да не речам дека се шокантни, генерално за сите коишто очекувавме, верувавме и баравме ефикасни механизми за борба против корупцијата. Но, мислам дека личната одговорност не треба да ја врзуваме со одговорноста на целата институција. Овие настани што се случија даваат верба од една страна дека навистина институцијата, што претходно, пак, не функционираше, а тоа е одделението за организиран криминал, сега одеднаш имате навистина капацитетност, волја и спремност на тие луѓе внатре да излезат и да покренат кривични постапки против лица кои што на некој начин, се претставувале дека се можни во една држава, значи да заштитат други лица кои што биле предмет или постои сомнеж дека биле предмет на рекет, што не беше случај во изминатиот период, во периодот на претходната влада, вели во интервју за Телма министерката Дескоска.

Македонија | пред 6 години

20190716011906

Катица Јанева на спикерфон додека Боки 13 барал рекет, што снимил сведокот за Телма потврди Рускоска

Извори од СЈО за КОД велат дека најмалку два пати Бојан Јовановски ја посетил Катица Јанева во нејзината канцеларија во СЈО.Снимките предадени во обвинителството за организиран криминал потврдуваат дека во разговорите меѓу рекетираниот –Камчев и изнудувачот  Јовановски има и трето лице во некои разговори, специјалната обвинителка Катица Јанева . Тоа за екслузивно за КОД го потврди обвинителката Русковска, објави telma.com.mkКОД: Дали на тие снимки се гледа како осомничените го прават тоа (изнуда) или ја повикуваат Катица Јанева?Рускоска: Па се гледа, а и се слуша.КОД: Ја повикуваат Катица Јанева, се слуша такво на снимките? Дека и се јавуваат, да потврди нешто?Рускоска: Видете, не можам да зборувам за детали од доказите со кои располагаме. Се слуша разговор со јавен обвинител.КОД: Пуштен на интерфон?Рускоска: Да.Текстот во целост на: telma.com.mkИстражувањето за случајот Рекет утре на КОД на Телма

Македонија | пред 6 години

Boki-13-Zoki-Kiceec

Какви адути има Боки ? !

Боки држи клуч од Пандорината кутијa.Во своето последно телевизиско интервју во кое со Бојан Јованоски разговараше новинарката Јадранка Костова, Боки 13 на двосмислен и помалку загадочен начин одговори дека тој има клуч од Пандорината кутија.„Нека продолжат да прават што сакаат, но нека не заборават дека еден од клучевите на Пандорината кутија е во моите раце“ - рече Боки 13.Јавноста чека да види дали во рекетирањето се вмешани и Фросина Ременски и Александар Кирацоски, кои според многумина се „Кики“ и „Фрики“ од колумните на Героски.ВИДЕО ОД ГОСТУВАЊЕТО НА БОКИhttps://www.facebook.com/skopje1mk/videos/446405562848462/Mожеби ќе сакате да прочитате:Слободан Дамјановски го излажал обвинителството дека Нефи не гради тврда градбаПолитичко-бизнис мафија го силува Охрид!

Македонија | пред 6 години

Boki-13-Zoki-Kiceec

„Сведок“: Ќе пропеат и ќе кажат кој колку пари добил од земените 1.5 милиони евра -Затоа, чекајте апсење и на Катица Јанева

 Новинарот Саше Димовски кој вообичаено ја следи проблематиката во судството, за порталот „Сведок“, објави коментар под наслов: Кичевски, какви цигари пушиш, да ти испратам во притвор да не ти е досадно?Димовски  вели дека Кичевски ги поминал сите црвени линии за да дојде до новинарот и да му каже да „го замоли за услуга да ја избрише веста на фејсбук профилот“.Во дел од својот коментар Димовски пишува:Пред неколку месеци, на крај на 2018 мислам, имав случајна средба со кичевскиот во кафана, која воопшто не мислев дека би била вредна за споменување, ако тој не ја злоупотребеше, па ова моево е само колорит на неговата приказна.Се исплашил човеков да не напишам нешто, а јас стварно ни на крај памет немав да се замарам со неговите швалерски способности, кога, во тој краток муабет од нога, јас одбрусив дека не го знам, а не ни сакам да гии знам кичевчаните, па излезе дека и јас и тој знаеме еден кичевчанец, за кој Милевски ми вели „па мене ми е брат“.Чудно, велам, мене ми е братучед, ама не знаев дека сте биле браќа!Но, тој не заборавил на мене, па во текот на декември лани, кога објавив дека синот на Катица Јанева, Лазар работи во телевизијата која наводно е на Боки 13, Милевски, заедно со Боки 13, се испотепале да најдат врски кај мои блиски, за јас да сум го повлечел текстот. Катица Јанева седела во кафани и гласно викала дека знае кој од СЈО ми го нарачал текстот, дека тоа била хајла против неа, а во суштина, тоа бил почетокот на реализација на нивниот рекет план како да добијат 8 милиони евраЌе го заборавев и ова нивно лудо излетување, ако не се погодевме во јануари јас и Боки 13 во исто време во иста болница, јас поради сериозни компликации од кои едвај преживеав, пишува Димовски.Тој го образложува како што вели и последниот излет на Кичевскиот кон  него.Тоа се случило во клиника во Белград...Димовски пишува:Сега е јасно, милионите им биле заедничкиот интерес, но и позицијата на сведок во СЈО што му ја додели Лиле Стефанова во тој предмет, а пред која, како што ми тврдат од СЈО, Зоки Кичевски тврдел работи и во време кога не бил роден, пропеал се, набедувајќи ги Сашо Мијалков и Орце Камчев.Сега Зоки и Боки кои рекетирале во име на Катица Јанева се во 30 дневен притвор. Знаејќи колку се мажи, убеден сум дека ќе пропеат и ќе кажат кој колку пари добил од земените 1.5 милиони евра. Затоа, чекајте апсење и на Катица Јанева, пишува новинарот Саше Димовски за поратлот „Сведок“.Текстот во целот на: „Сведок“

Македонија | пред 6 години

Branko-Geroski-696x478

Героски до Кирацовски: Си пишувам глупости, оти немам попаметна работа

По изјавата на пратеникот Александар Кирацовски од СДСМ дека не знае кој пратеник стои зад псевдонимот Кики, новинарот Бранко Героски, се огласи на Фејсбук.„Кирацовски: "Геро има таму изнапишано разно-разни глупости, како да ти кажам". Хммммм... И јас така, си пишувам глупости, оти немам попаметна работа“, напиша Героски.

Македонија | пред 6 години

orce-kamcev

Камчев нема да биде гонет за давање поткуп, бидејќи го пријавил случајот, вели Русковска

Јавната обвинителка Вилма Русковска во денешното гостување на радиото Канал 77 објасни дека Орце Камчев не е осомничен за давање поткуп, бидејќи со пријавување на случајот тој се ослободува од одговорност.-Давањето поткуп или рекет е кривично дело, но, има едно големо но, доколку тој го пријавил, се ослободува од одговорност. Сведокот додека беше во куќен притвор, добив информација дека сака да се види со мене. Но, јас реков не, кога ќе излезе, ако излезе, кога сака може да дојде. Сумата оди нагоре, но за тоа немаме цврсти докази. Ние долго време ја работевме предистрагата, бидејќи имаше сомнежи дека можеби сведокот сака да им се одмазди на колегите од СЈО. Затоа вршевме и толку проверки, рече Русковска.

Македонија | пред 6 години

ruskovska-skopje1

Русковска: Вториот телефон на Јанева се уште не е најден

Јавната обвинителка Вилма Русковска во денешното гостување на радио Канал 77 рече дека вториот мобилен телефон на Катица Јанева не е пронајден.-Од страна на ОЈО не е побара посебна истражна мерка за Катица Јанева. Не ја следиме, а дали некој друг ја следи… Не сум се видела со Катица Јанева. Еден телефон е најден, вториот телефон се уште не е најден. Има наредба за вештачење на одземениот телефон, кое верувам дека до понеделник ќе биде завршено, рече Русковска.

Македонија | пред 6 години

DSC_0002.01_00_59_04.Still009

Усеини: Мојот ресторан не е проблем за УНЕСКО

Советникот во Општина Охрид од ДУИ, Нефи Усеини, кој е сопственик на дивоградбата кај Чинарот, денеска преку соопштение до медиумите се пожали дека е под постојан медиумски притисок поврзан со неговото работење и работењето на неговите компании.Тој тврди дека има уредна документација за пицеријата Луна и побара од медиумите да се почитува пресумцијата на невиност, додека општината не се произнесе за случајот, иако веќе има решение за уривање од општина Охрид.-Прво сакам да Ви кажам дека компанијата „Нефи ИК“ во чиј склоп е и ресторанот Луна е компанија која постои повеќе од 10 години и вработува повеќе од 200 вработени и која што уредно ги плаќа обврските и давачките кон  Македонија.Компанија, која е социјално одговорна и помага на многу загрозени семејства, но и компанија која го поттикнува спортот и екологијата. Затоа и ме чуди целата оваа хајка кон мене, започната од одредени медиуми, а продолжена од политичките партии, за локација за која што уредно имам поднесена и заверена документација во градот Охрид и за која што навремено ги подмирувам обврските кон градот, за закуп на летна тераса и сум закупец веќе 11 години.Реновирањето на летната тераса на ресторанот Луна беше со изработен елаборат кој што се држеше до квадратурата, за која што се плаќа закупнина и која што никако не го нарушила зеленилото или естетскиот изглед на плоштадот Крушевска Република и е во согласност со градот Охрид.Сметам дека е крајно некоректно да се користи името на мојот ресторан како дел од проблемите на градот Охрид со УНЕСКО и ја поттикнувам иницијативата на премиерот Заев, дека законот мора да важи за сите. Затоа и апелирам до медиумите да ја задржиме презумцијата на невиност се додека градот Охрид не одговори по дадениов случај. Крајно е некоректно да се спроведува ваква хајка против компанија која што долги години работи за подобрување на условите за живот во Охрид, за унапредувањето на бизнисот и на туризмот во овој крај, а јас како советник секогаш сум се залагал и сум ги застапувал интересите за подобар живот на сите мои сограѓани. Уште еднаш Ви се извинувам ако сум навредил некој медиум или не сум бил секогаш достапен, но сепак во светот на бизнисот , не секогаш го имаме луксузот на време и комоција на достапност, вели советникот во писмото испратено до медиумите.Тој ги повика новинарите да ја посетат пицеријата каде ќе им одговори на сите прашања.

Македонија | пред 6 години

Slika-Kiracovski-25-01

Ниту Кирацовски не знае кој е Кики, за кој Геровски пишуваше дека рекетирал со Боки 13

Пратеникот Александар Кирацовски од СДСМ за „А1он“ вели дека не знае кој пратеник стои зад псевдонимот Кики, за кој новинарот Бранко Геровски пишуваше дека изнудувал рекет од бизнисмени заедно со Боки 13 и Зоки Кичеец. „Коки?„Па валјда Боки. Не знам кој е Кики, вие мислите дали станува збор за мене? Ќе видиме Геро на кого мисли. Апсолутно јас не се препознавам, Геро има таму има изнапишано разно-разни глупости, како да ти кажам. Не знам. Ти ми се јавуваш и прашуваш 'Кого препознаваш во Кики' и тоа мене јасно ми алудира. Дај боже нека објави Геро дека јас сум Кики па да се расчистиме до крај како што личи“, вели за „А1он“ Кирацовски. 

Македонија | пред 6 години

kosta

Охрид нема да ги врати ингеренциите, туку дивоградбите ќе ги урива заедно со Владата

Општина Охрид до сега нема испратено официјално барање до Владата на Република Северна Македонија во врска со изземање или отстапување на ингеренции во одредена сфера од работењето на локалната самоуправа, се вели во соопштението од општина Охрид. Во продолжение на истото од локалната самоуправа на Охрид додаваат:„Општина Охрид очекува дека заеднички со Владата преку плански и стартешки пристап, постепено, чекорпо чекор ќе ги решава сите препораки на УНЕСКО и дека ќе гипоправи ситегрешкиодминатото,направениодпретходнитевласти. Целта е нанареднатасесијана Комитетот за светско наследство, конечнодабидеотстранетаопасностазаставањенаОхридскиотрегионналистатаназаштитениподрачјавоопасност.Во процесот на исполнување на препораките на УНЕСКО, Општина Охрид веќе има постапено поПрепораката број 9 за Изработка на Регистар за нелегални градби, по Препораката број 19 со реализираната акција заотстранувањенапалмите кои се неавтохтони и инвазивнивидови и со започнатата акција за отстранување на рекламните билборди од централното градско подрачје. Исто така веќе имаме спроведено и активности поПрепоракатаброј 18 за РегулацијанасообраќајотвоСтариотделнаградот. Беа организирани две јавни трибини со жителите на урбаната заедница Стар град соцелдасеразменат мислењазарежимотнасообраќај и начинотнанеговорегулирање.Веќе започна да функционира системотзаелектронскоевидентирањенадвижењетонавозилата во овој дел од градот, а за таа цел се издадени посебни картички за евиденција на моторни возила.Во моментот општинските служби, вршат поединечна ревизија засекојпредметкој е дел од Регистарот на дивоградби и поеднечно ќесеносатодлукизапонатамошнопостапување.Исто така во тек е постапката во врска со Огласот за јавна набавка за Ангажирањенаградежнамеханизацијазаспроведувањенаадминистративноуправниактизарушењенадивоизградениобјекти.Сите активности кои Општина Охрид ќе ги преземе во наредниот период во однос на исполнување на препораките на УНЕСКО, ќе се одвиваат во согласност со сите законски процедури, во постојана координација и комуникација со останатите надлежни државни институции, а јавноста ќе биде навремено и детално информирана“, се вели во соопштението од Општина Охрид.

Македонија | пред 6 години

Boki-13-Bojan-Jovanovski

(ВИДЕО) Боки 13: Фамозните приказни за куферчиња се невистинити

Боки 13, за кого е одреден 30 дневен притвор, три недели пред да биде уапсен, тврдеше дека се измислени приказните дека со рекет извлекувал куферчиња со пари од бизнисменот Орце Камчев.Прилог на Види-вака.https://www.facebook.com/vidivakamedia/videos/2671255519585651/

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Дали приходите на 1ТВ се доволни за да функционира телевизијата?

Во 2018 година вкупните приходи на 1ТВ изнесувале 39,232 милиони денари (околу 637 илјади евра), а приходите од рекламирање 33,944 милиони денари (околу 550 илјади евра), се вели во одговорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на прашањето на MKD.мк за приходите на одделни телевизии.Во Македонија приходите на националните телевизии се движат од 100 до 600 милиони денари. Споредбата со приходите на 1ТВ покажува дека лани оваа телевизија легално инкасирала три пати помалку од, во приходи, најслабата телевизија.Целиот текст можете да го прочитате тука

Македонија | пред 6 години

bomba

Бомбата фрлена за време на Пивофест во локален кафич ќе се вештачи

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп изврши увид во кафе бар "Кафе Ин" каде вчера вечерта околу 23.30 часот во саксија за цвеќе беше пронајден предмет, налик на бомба.Во присуство на припадници од Одделот за антитерористичка заштита, првично е утврдено дека предметот е бомба која е по наредба на јавен обвинител е подигната, обезбедена и испратена на вештачење.Истовремено, издадени се насоки и наредби за целосно расчистување на настанот.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања