Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

главни-вести

SJO

Објавен новиот предлог-закон: СЈО и ОЈО за организиран криминал ќе се спојат во ново јавно обвинителство

Министерството за правда подготви нов Предлог-закон за Јавно обвинителство во кој се здружуваат постојните капацитети на СЈО и Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во: „Јавно обвинителство за гонење криминал и висока корупција“, објави.Од министерството појаснуваат дека надлежностите од двете постојни јавни обвинителства преминуваат во новоформираното Јавно обвинителство, кое продолжува да ги води започнатите постапки во фазата во која се преземени. Воедно, како што се додава, се обезбедува континуитет во функционирањето: Обвинителите и истражителите кои работеле досега, ќе продолжат да ја вршат својата работа во ова обвинителство.Јавното обвинителство за гонење криминал и висока корупција ќе биде надлежно за најсложените форми на организиран криминал и висока корупција, позната како корупција на белите јаки. Така се дефинирани и неговите надлежности како здружување од надлежностите на двете постојни јавни обвинителства.Клучната гаранција, додава Министерството за правда, е финансиската независност која претставува основниот столб и предуслов за независност на секоја институција, па и на Јавното обвинителство.Висината на средствата за работа на ова Јавно обвинителство се утврдува врз основа на предлог Буџет и финансиски план на Шефот на ова Јавно обвинителство, кој го доставува до Јавниот обвинител и Министерството за финансии. Овој предлог, Шефот на обвинителството го изготвува земајќи го во предвид буџетот за претходната година во консултација со Јавниот обвинител на РСМ.Понатаму, според предлог-законот, Владата и Собранието не можат да го менуваат предложениот финансиски план и се должни да ја обезбедат финансиски средства за непречена работа. Исто така, ова обвинителство може да поднесе и дополнителни барања за финансирање за зголемени активности на работа.Платата на шефот на ова Јавно обвинителство, како што се предлага во законот, се утврдува на износ од 5проценти помала плата од Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, а платата на Јавните обвинители во ова обвинителство е во висина на плата на Шеф на раководител на вишо јавно обвинителство.Од министерството предлагаат и додатоци на Јавните обвинители за посебните услови за работа за постоење на висок ризик и за доверливост, како и за додатоци на плата за истражители, како едно од најзначајните алки за успешно спроведување на кривичните постапки.Со законот е зајакната и личната независност на јавните обвинители и предвидена е гаранција согласно која јавните обвинители од ова јавно обвинителство не може да бидат времено упатувани да вршат јавнообвинителска функција во други јавни обвинителства. Значајна гаранција е дека Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, без согласност од Јавниот обвинител на Јавното обвинителство за гонење на криминал и висока корупција, не може да преземе кривично гонење или вршење одредени работи за кои е надлежно ова обвинителство, ниту пак да овласти друго Јавно обвинителство да води постапки за предмети за кои е надлежно ова Јавно обвинителство. Од ова правило, постои само еден исклучок, а тоа е доколку при надзорот се утврди дека јавнообвинителската функција не се врши согласно роковите утврдени со Законот за кривичната постапка.Значајна гаранција во постапувањето на ова Јавно обвинителство е одредбата согласно која Jавниот обвинител самостојно ќе бара меѓународна правна помош и соработка за прашања што се од негова надлежност, а не постапката да се води преку повисокото обвинителство.Во однос на функционирањето на ова обвинителство, значајна е одредбата дека Јавниот обвинител на ова обвинителство дава предлог за бројот на јавните обвинители во ова обвинителство, и тоа во зависност од потребите, сложеноста и обемот на работа. Крајната одлука за ова ја донесува Советот на Јавните обвинители.Имајќи ја предвид сложеноста на работите коишто ги врши ова обвинителство, предвидени се гаранции за раководителот на обвинителството, по завршувањето на неговиот мандат.Министерството вели дека гаранции во законот се предвидени и во однос на постапката за разрешување на Јавниот обвинител на ова Јавно обвинителство за да се избегнат сите можни влијанија во неговата работа.„Вградивме одредба согласно која, првиот човек на ова Јавно обвинителство може да се разреши единствено со двотретинско мнозинство од вкупниот број членови на Советот на Јавните обвинители. Со преодните одредби, предвидуваме законот да отпочне да се применува на 15 септември“, велат од Министерството за правда.Преодните одредби во овој закон ги решаваат и прашањата за постојните избрани јавни обвинители. Шефот и јавните обвинители во Основното јавно обвинителство за гонење криминал и корупција продолжуваат да ја вршат својата функција во новоформираното Јавно обвинителство, до завршување на маднатот.Исто така и јавните обвинители во постојното СЈО продолжуваат да ја вршат својата функција како јавни обвинители во новоформираното јавно обвинителство.Постојните вработени и истражители во постојните обвинителства преминуваат во новоформираното обвинителство, како и архивата, материјалните средства и опремата.Министерството за правда го испраќа овој закон во владина процедура и се очекува истиот влезе во собраниска процедура следната недела.

Македонија | пред 6 години

Meta-në-Kuvend-jpg-701x421

Мета: Горд сум на Харадинај и убеден во неговата невиност

По неотповикливата оставка на косовскиот премиер Рамуш Харадинај реагираше и албанскиот претседател Илир Мета.Преку објава на Фејсбук Мета изрази убеденост во невиноста на Харадинај и нагласи дека „не постои притисок кој може да го скрши државникот и национален херој”.– Горд сум на Рамуш Харадинај и убеден во неговата невиност. Не постои притисок кој може да го скрши државникот и народен херој. Од денеска сите треба да спиеме помалку, да се загрижиме повеќе и посилно да се обединиме Косово и нашиот регион да не бидат под закана на мирот, безбедноста и европската иднина, напиша Мета.

Свет | пред 6 години

bomba

Во центарот на Прилеп синоќа, пред настапот на Цеца подметната бомба

Бомба подметната доцна синоќа во центарот на Прилеп. Ова се случило пред самиот настап на Цеца, на стотина метри од бината, објави Канал 5.Бомбата била поставена пред полноќ а немало никаков прекин на програмата на Пивофест бидејќи организаторите се обидувале да го подзаскријат целиов настан од останатите посетители за да не се добие впечаток на страв и несигурност.Текстот во целост на: Канал 5

Македонија | пред 6 години

ruskoska

Еве каков имот пријавила Русковска

За Шефицата Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Скопје, Вилма Русковска на веб страната на Државната комисија за корупција може да се најдат два анкетни листа, кога станала јавен обвинител и основен јавен обвинител во ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција, пишува ЕмагазинСпоред анкетниот лист кога станала јавен обвинител на свое име пријавено куќа за одмор во Скопје, од 50 метри квадратни, проценета на 410 илјади денари и стан, исто во Скопје од 79,9 метри квадратни, проценет на 1,9 милиони денари.Целиот текст прочитајте го тука

Македонија | пред 6 години

faten2e

Како била откриена марихуаната кај Рача – Охридско ?

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Охрид донесе Наредба за спроведување истражна постапка за две лица поради постоење на основано сомнение дека го сториле кривичното дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.Осомничените на 18 јули 2019 година неовластено заради продажба пренесувале 47.745,00 грама наркотична дрога марихуана спакувана во 48 пакувања и 49,68 грама наркотична дрога кокаин. Дрогата ја ставиле во возило „Форд Ц  Макс“  кое било управувано од  53 годишниот осомничен стружанец. Пред него, на растојание од 200 метри, во возило „Фиат Пунто“ се движел второосомничениот 31-годишен негов сограѓанин. Тие движејќи се  од Свети Наум кон Охрид, биле во постојана телефонска комуникација, со цел  осомничениот во првото возило да го извести соизвршителот  доколку има полиција на патот. Ваква дојава била направена кога возачот на Фиат Пунтото бил сопрен од полицијата. По веста за полициската патрола осомничениот во второто возило се дал во бегство во пределот на месноста Рача, но бил сопрен и приведен од полициските службеници.Со цел обезбедување на  натамошно непречено водење на кривичната постапка, јавниот обвинител кој постапува во предметот до судијата на претходна постапка во Основниот суд Охрид достави предлог за определување на мерката притвор за осомничените.​ 

пред 6 години

Branko-Geroski-zoran-zaev

Во понеделник ќе ви кажам кои се Фрики и Кики, вели Героски

Новинарот Бранко Героски, кој прв во јавноста излезе со приказната за рекетот, кој се покажа како вистинита, најави дека во понеделник ќе открие кои се Кики и Фрики?Денеска премиерот Зоран Заев изјави дека за него Кики и Фрики не постојат.Тој дури и ги повика новинарите да ги објавеле имињата на Кики и Фрики, за истите да можат да тужат.-Кога ќе ги соопштите со име и со презиме, јавно, за да можат да ве тужат, вас новинарите или слично, тогаш ќе разговараме за име и за презиме. Кики и Фрики за мене не постојат. Треба да ги соопштите заради тоа што кога е истражувачко новинарство, тоа е креативно, треба да носи со себе и храброст. Изволте, секој да го истакнете ако има сомневање. Мотивирам, апелирам за истражувачко новинарство, рече Заев.На ова вечерва Героски одговори:-Ај в понеделник ќе ви кажам кои се Фрики и Кики.

Македонија | пред 6 години

mickoski-3

Мицкоски: Слушнав дека Јанева има забрана за напуштање на Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва од Битола изјави дека слушнал дека специјалната јавна обвинителка во оставка, Катица Јанева имала забрана за напуштање на Македонија.-Слушнав разно-разни шпекулации дека Катица Јанева ја напуштила Македонија, дека Катица Јанева е во Македонија. Па денеска дека добив информација дека на сите гранични премини има знак С, што значи да се задржи, да не се пушти да ја напушти територијата, како да ви кажам – преседан за кој што навистина не постојат правни аргументи со кои може да се одбрани, рече тој.

Македонија | пред 6 години

mickoski-bitola-1

Мицкоски: Се потврдува дека постои директна спрега меѓу СДСМ и „Рускоска Обвинителството“

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва во Битола изјави дека премиерот Зоран Заев пропуштил да одржи државнички прес со државничко обраќање.Според Мицкоски, кај ВМРО ДПМНЕ се потврдуваат сомневањата дека постои директна спрега меѓу владејачката партија и како што рече „Рускоска Обвинителството“.-Ние во минатото зборувавме дека имаме исклучително корумпирано јавно обвинителство кое што е под палката на Катица Јанева и времето покажа дека нашите тврдења биле точни. Денес премиерот ги потврди нашите тврдења дека постои директна спрега меѓу владејачката партија и „Русковска обвинителството“. За жал денес премиерот пропушти да одржи државнички прес, со државничко обраќање до сите граѓани и заеднички да направиме чекор напред, изјави Мицкоски од Битола.Според Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ продолжува да работи на својот предлог закон за ЈО, чија основна цел ќе биде да се обезбеди правда за сите.Тој додаде дека има различни шпекулации за тоа каде се наоѓа специјалната обвинителка во оставка, Катица Јанева, која и него како лидер на ВМРО -ДПМНЕ, го уценувала и барала поддршка на законот за јавно обвинителство во замена за одмрзнување на имотот на најголемата опозициона партија.„Денеска добив информации дека на сите гранични премини има знак „С“ што значи да се задржи, да не се пушти да ја напушти територијата, како да ви кажам преседан за кој што навистина не постојат правни аргументи со кои може да се одбрани“ рече Мицкоски.Инаку вечерва Христијан Мицкоски беше во Битола. Пред  партиското седиштето се одбележаа 29 години од формирањето на ОК на ВМРО ДПМНЕ во Битола.

Македонија | пред 6 години

ruskovska-skopje1

Рускоска:Чест ми е да го водам новото ЈО, но за честитки е прерано

Јавната обвинителка за организиран криминал Вилма Рускоска вели дека е чест што е предложена да го води новото Јавното обвинителство за организиран криминал и висока корупција, но смета дека е премногу рано за честитки.– Чест е во секој случај за кој било обвинител, така и за мене тоа што го предложи премиерот, но мислам дека е премногу рано и за честитки и за што било друго затоа што сепак тоа е Предлог-закон кој треба да оди во собраниска процедура. Може да има многу амандмани и не знаеме конечната верзија на тој закон како ќе излезе од Собранието. – вели Рускоска во интервју за емисијата „Код” што ќе се емитува во неделното издание, дел од кое беше пренесено вечерва во дневникот на ТВ Телма.

Македонија | пред 6 години

pozar-bukovo

13 дена гори депонијата кај Буково, никој не реагира

13ти ден чади депонијата во Буково. Чадот зависно од правецот на ветерот се чувствува и во Охрид и тоа во ек на туристичката сезона. Во околните села е неиздржливо. Но, тоа се само села, нели, кому му е гајле што луѓето кои живеат таму се гушат во ужасен чад, полн со токсични супстанции? Никој не известува како се чувствуваат и што сè низ годиниве претрпеле луѓето поради депонијава Буково. Не се фактор. Но со една заедничка групна тужба ќе станат. Како и жителите на селата во близина на Дрисла, напишаа на својот фејсбук профил O2 Иницијатива.Над 700 камиони земја се истурени, периодов имаше силни врнежи, но депонијата и понатаму чади и општината не може да се справи со проблемот.Иако фирмата на советникот на ДУИ Нефи Усеини е задолжена за одржување на депонијата Буково, санирање и покривање со земја на депонијата, ангажирана е и друга помош, зошто механизацијата на Нефи ИК не била доволна.Се склучуваат договори со пари на граѓаните, со фирми кои не се способни да ја извршат работата за која се ангажирани, се формираат чуварски служби за 24ч надзор над депонијата кои не можат да вршат надзор ноќе поради страв од глутница кучиња. Ништо не функционира, ама пари се одлеваат. Пари од граѓаните.Пред две години ова време чадеше депонијата во Струга и премиерот Zoran Zaev во име на Владата ги понуди сите механизми и капацитети да ѝ помогне на општина Струга во решавање на проблемот. Понуди и финансиски да го помогнат набљудувањето на депонијата со камери, како и да финансираат 24 часовно обезбедување. Владата стоеше комплетно на располагање да помогне да се реши проблемот, додека не се најде трајно решение.Влада на Република Северна Македонија нека го направи истото со Буково сега. Општината очигледно не е во можност да се справи со запалената депонија веќе две недели. И под итно да се утврди нова локација за регионалната депонија. Време нема, препораката на УНЕСКО е Буково да се затвори до декември 2020.Скопје1.мк досег во неколку наврати информираше за пожарот во депонијата кај Буково. Но надлежните очигледно остануваат рамнодушни.Првиот пат пишувавме на 8 јули , кога всушност и започна пожарот,а вториот пат на 17 јули ...https://www.facebook.com/o2inicijativa/posts/2280091545441493

Македонија | пред 6 години

elen

На Галичица се гради Центар за репродукција на елени

Во Националниот Парк Галичица почна изградбата на репродуктивниот центар за елени. Центарот со големина од стоттина хектари ќе биде дом на 30 елени (24 женки и 6 мажјаци), а ќе биде опремен со модерна инфраструктура: карантин, хранилишта, поилишта, солишта и набљудувачници.“Проектот, вреден 340.000 евра, е дел од Програмата на Европската унија „Подобрување на управувањето со заштитените подрачја", вредна 4,3 милиони евра, а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во партнерство со Министерството за животна средина и просторно планирање”,сооштија од Националниот паркНационалниот парк Галичица, во рамки на проектот спроведува и активности за подобрување на управувањето со планинските тревести екосистеми со цел нивно зачувување и запирање на процесот на сукцесија. 

Македонија | пред 6 години

faten2e

(ФОТО) Кај Рача - охридско, фатен стружанец со 50 килограми марихуана

Во координирана акција на Oддeлението за организиран криминал при МВР и СВР Охрид, на 18.7.2019 во 23:20 часот на регионалниот пат Охрид-Св.Наум, во близина на населбата Рача, сопрен е патнички автомобил, управуван од С.Л.(53 ) од Струга..Притоа, во багажниот простор, пронајдени се три патни торби со околу 50 килограми марихуана. С.Л. се обидел со автомобилот да избега, но бил приведен од полициските службеници. Во врска со овој случај, приведен е и С.И.(31) од Струга, кој управувал друг патнички автомобил. По целосно документирање на случајот, СВР Охрид, против нив ќе поднесе соодветна кривична пријава. 

Македонија | пред 6 години

krazba

Истрага за извршена тешка кражба во Прилеп, од стан одзеле 15.200 евра и златен накит, во вредност од околу 1.300.000,00 денари

Основното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомневање дека  заедно со засега непознато лице извршиле кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 2 во врска со став 1 точка 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.Осомничениот вечерта на 24 мај 2019 година, заедно со соизвршителот, провалил во стан во Прилеп со намера противправно да одземат предмети. Двајцата со погодно средство ја отклучиле вратата, влегле во внатрешноста и одзеле чанта во која имало 15.200 евра и златен накит, во вкупна вредност од околу 1.300.000,00 денари.По образложен предлог на јавниот обвинител, судијата на претходна постапка во Основниот суд Прилеп на осомничениот му определи мерка притвор во траење од 30 дена.​

пред 6 години

kasami-besa-88923893-696x443-1

И Касами бара предвремени избори

Претседателот на БЕСА, Билал Касами и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната средба се согласија дека и двете партии бараат предвремени парламентарни избори, како и дека заедно ќе се борат против актуелната власт.По средбата, БЕСА преку сооштение се согласи со ВМРО-ДПМНЕ дека актуелната власт не била способна да ја води државата.-Двете политички партии се усогласија дека актуелната влада нема капацитет да ги води најбитните евроинтегративни процеси, затоа неопходни се организирање на предвремени парламентарни избори. Двете страни се согласија вакви јавни средби да продолжат и во иднина, стои во соопштението од БЕСА.

Македонија | пред 6 години

migranti_kola

Се врши увид на местото каде попладнево во сообраќајна несреќа се повредени 33 мигранти

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци заедно со екипа од Министерството за внатрешни работи  врши увид на местото викано Пржедски споменик, кој се наоѓа на потегот меѓу Демир Капија и Прилеп, каде попладнево се преврте комбе во кое биле превезувани мигранти.Според првичните информации, возачот, 24-годишен велешанец, ги превезувал мигрантите во комбе марка „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки во сопственост на лице од Арачиново. Движејќи се на автопат од Гевгелија во правец кон Скопје, возачот забележал дека е следен од полициски службеници. Во обид да побегне, тој се префрлил на совозачкото седиште, ја отворил вратата и скокнал на автопатот додека возилото се движело. По инерција комбето продолжило да се движи следните 40 метри, а потоа се превртило и паднало во провалија со длабочина од 14 метри. Во несреќата со повреди се здобиле сите 33 патници мигранти, меѓу кои неколкумина се малолетници. Повредените, од кои дел со особено тешки повреди,  се пренесени со медицински екипи во најблиските здравствени установи во Неготино и Кавадарци.Возачот кој откако скокнал од возилото паднал во провалија се здобил со тешки телесни повреди и поради нивната сериозност е пренесен на скопските клиники.Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци во континуитет ги презема потребните дејствија за целосно расчистување на настанот.​

пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања