Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

главни-вести

auto_teuta-arifi_1507805030-34107451507806751

АА: Владата на Норвешка започна истрага за злоупотреба на пари од Теута Арифи

Тетовскиот огранок на Алијансата на Албанците преку прес-конференција упати обвинувања до Општина Тетово до Владата дека „правеле злоупотреба на средствата на норвешката Влада за расчитување на старата тетовска депонија“, каде денеска теренска посета извршија вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, тетовската градоначалничка Теута Арифи и првиот секретар на Амбасадата на Норвешка, Гир Јохансен, објави netpress.com.mk .Според претседателот на огранокот на Алијансата на Албанците во Тетово, Алтрим Мамути, отпадот од Фалише не се носи во Дрисла.– За жал нашите информации зборуваат дека отпадоците завршуваат во дупки кои се отвараат во полошките полиња, за да се избегне плаќањето во депонијата Дрисла. Со овој чин од една страна се злоупотребуваат средствата, а од друга страна се загадува животната околина. Нашите информации кажуваат дека Владата на Норвешка побарала од нашата Влада, по конкретно од нашиот премиер и од секретарот на Владата и од министерот за животна средина да ги инспектира работите на терен. За жал досега немаат превземено ништо до сега во оваа насока, изјави на прес-конференција Мамути.Тој додаде дека норвешката Влада започнала истрага.– Ние имаме информации дека проектот за чистење на одводните води во село Фалише, а кој проект се подржува од норвешката Влада е три милиони евра. Проектот се организира од УНОПС-Норвешка и сега освен набљудувачите од Норвешка имаме и комисија составена од пет члена кои го истражуваат овој проект. Нивната грижа се одобрените три милиона евра во горенаведената локација се за отстранување на отпадоците кои треба да завршат во депонијата Дрисла, рече Мамути.Од Општина Тетово соопштија дека сите информации околу проектот се веќе објавени на настанот на кој беше присутен и прв секретар на Амбасадата на Норвешка, Геир Јохансен.

Македонија | пред 6 години

janeva-ruskovska

Со новиот закон Русковска ќе биде шефица наместо Јанева во новото јавно обвинителство

Премиерот Зоран Заев нема да одржува нови лидерски средби со Христијан Мицкоски, а предлог-законот за јавно обвинителство ќе биде испратен до Собранието. Заев вели дека отсега, пратениците ќе дисктутираат за него. Воедно, ќе се достават и досегашните забелеш„Новото јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и висока корупција ќе го раководи Вилна Русковска. Останатите обвинители, ќе работат во тоа обвинителство. Нивниот мандидат е до 15 септември и ќе можат потоа да конкурираат за нов мандат или да не конкурираат“, рече Заев.Сите вработени ќе преминат во новото обвинителство, заедно со материјалите, средствата и опремата.„Ќе ги има сите гаранции за независно вршење на функцијата. Новиот предлог-закон предлага средствата да се утврдуваат од шефот на ова јавно обвинителство, а Владата ќе биде должна да ги обезбеди истите. Јавните обвинители не можат да бидат времено упатувани да вршат функции во други обвинителства. Со 2/3 може да се менува јавниот обвинител“, додаде Заев.Премиерот ги повика сите пратеници да го поддржат предлог-законот за јавно обвинителство.

Македонија | пред 6 години

17072019_PVRM_Zaev_pres-konferencija_1

Нема лидерска средба, Заев ќе понудел друго решение за блокадата за законот за СЈО

По потврдата од Владата дека лидерската средба која требаше да се одржи денеска помеѓу лидерите на најголемите политички партии, се откажува, неофицијлно премиерот  ќе понудел друго решение за блокадата во која се најде законот за СЈО.Според неофицијални информации на fokus.mk, Заев ќе понуди друго решение за ќорсокакот во кој се најдоа преговорите со ВМРО-ДПМНЕ. Најверојатно законот ќе биде пуштен во собраниска процедура, а Заев ќе се обиде да го придобие мнозинството во парламентот.Од Владата информираат дека премиерот ќе одржи прес конференција во 14.00 часот на оваа тема.  

Македонија | пред 6 години

1111

(ВИДЕО) Руси крадат песни од Тоше и си ги претставуваат како нивни авторски хитови

Руската рок-група „Землене“ направи своја верзија на песната од Тоше Проески „Боже чувај ја од зло“, но ја претставува како своја авторска песна под името „Боже“. На плагијатот како автори се наведени имињата на Владимир Киселев и Владимир Трушин. Киселев се пишал како автор на песната, а Трушин си ја присвоил музиката.Ова претставува незаконски отуѓвање на мелодијата, коментираат фановите на Тоше.„Ова нема да ве направи големи пејачи“, „Направете си своја песна“, „Океј што сте ја украле песната, но вашето пеење е катастрофа“, се само дел од реакциите на фановите на Тоше под видеото.Некои од обожавателите на македонскиот пејач коментираат луѓето и организациите кои го чуваат ликот и делото на Тоше, и од неговата Фондација, треба да преземат нешто за да докажат дека популарната песна на Тоше не е авторска песна на руската група и да бараат отштета.Песната „Боже чувај ја од зло“ е дел од последниот албум на Тоше, „Игри без граници“, издаден 2007 година. Албумот беше издаден на македонски и српскохрватски јазик. Музиката за песната ја направи Миро Буљан, а оригиналниот текст го напиша Антонија Шола. Препевот на македонски јазик е на Владо Јаневски.

Магазин | пред 6 години

17072019_PVRM_Zaev_pres-konferencija_1

Влада: Откажана e лидерската средба, не прифаќаме ултиматуми од Мицкоски

Лидерската средба што беше планирана за денеска дефинитивно нема да се одржи. Од Владата велат дека причината за откажување на средбата е поради тоа што не е постигнат консензус и дека одбиваат да прифаќаат ултиматуми од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој рече дека ќе присуствува на средба на која ќе се разговара само за предвремени парламентарни избори.„Владата одбива да прифаќа ултиматуми од неодговорниот партиски претседател на ВМРО-ДПМНЕ кој заштитата на криминалот и заложбата за блокади и изолации ги става пред државните интереси за напредок на нашата земја“, соопштија од Владата.Премиерот, Зоран Заев, во понеделникот ги повика претседателите на ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и на Алијансата за Албанците, Мицкоски, Али Ахмети и Зијадин Села, на лидерска средба со, како што велат од Владата, единствена цел да се обедини придонесот во заокружувањето на реформските процеси во правосудството, изборниот законик, како и за спроведување на пописот, како теми од посебно значење за граѓаните и за нашата земја во пресрет на европските интеграции и одлуката за почеток на преговорите  за членство во унијата.„За жал, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, наместо да прифати принципиелен разговор и договор за нов Изборен законик, избра да застане на спротивна страна на интересите на граѓаните, на спротивна страна на интересот на државата и побегна од разговорите. Овие клучни теми за продолжување на реформите и економскиот развој на земјата Мицкоски ги деградира со алиби барања кои произлегуваат единствено и само во интерес на теснопартиското профитирање. Тој одби да види дека лидерската средба е можност до следните избори да се обезбеди легислатива прифатливa за сите, со вградени препораки од ОДИХР и со можност да се отвори дебата и за нов изборен модел. Тоа укажува дека целта не била да се разговара за предвремени избори туку да се побегне и од оваа тема. Наместо да прифати дека е време за договор во корист на правната држава и владеењето на правото и како клучно да се обезбеди јавно обвинителскиот систем на државата со вградено СЈО за правда без селективност, која овие  денови добива силен подем, Мицкоски и натаму останува на позициите да го брани криминалот на неговите претходници и политички ментори“, велат од Владата.Од таму велат дека Мицкоски не може да ја препознае ниту суштинската важност за консензус дека пописот не треба да се политизира и дека сите политички партии треба да се обврзат дека ќе ги овозможат сите услови да се реализира успешен попис, како строго професионална статистичка операција спроведена од Државниот завод за статистика.„Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, со иницијативата за лидерската средба покажа подготвеност да се прифатат сугестиите и предлозите за овие прашања, за да бидат вградени во програмските активности на Владата во претстојниот период, но нема да прифати ултиматуми кои единствено имаат за цел да го блокираат напредокот на Република Северна Македонија“, пишува во соопштението од Владата.

Македонија | пред 6 години

Rumen-Radev-e1517838891722

Пратеседателот на Бугарија бара црвени линии за Македонија за влез во ЕУ

Бугарскиот претседател Румен Радев побарал официјална Софија да постави јасни црвени линии кога е во прашање поддршката од Бугарија кон евроинтеграциите на земјава, пренесува „news.bg“.„Мораме да бидеме искрени и јасни и да ги поставиме нашите црвени линии“, рекол Радев, додавајќи дека должност на Бугарија е да даде поддршка за Македонија, „но не безусловна и не безрезервна“!Радев оценил дека сѐ уште има незавршена работа кај учебниците, книгите, медиумите, телевизиите и слично, во коишто имало работи што нѐ раздалечуваат, па вели дека тие точки треба да бидат расчистени.„Раните не се зараснати и лични емоции не помагаат“, порача Радев.

Свет | пред 6 години

skopje-ulica-soobrakaj-koli

Вчера 38 возачи „летале“ по скопските улици, 13 биле пијани, а 23 без возачка

Во текот на изминатиот ден на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека 38 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената.Од сообраќај исклучени се 38 возачи од кои: 13 возачи управувале возило под дејство на алкохол, 23 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и двајца возачи почетници кои не ги почитувале законските ограничувања.Исто така, исклучени од сообраќај се и 15 возила затоа што не биле регистрирани. Санкционирани се еден возач поради поминување на крстосница на црвено светло, двајца возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, тројца возачи поради неправилно престројување, еден поради неправилно престигнување, четворица поради недавање првенство на минување на возила, 12 возачи на мотоцикли затоа што не носеле заштитен шлем-кацига, 16 возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 20 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило.Во текот на изминатиот ден издадени се 54 мандатни платни налози и 48 возила се подигнати со специјално возило „пајак".

Скопје | пред 6 години

ruskoska

Русковска за ДВ: Не е завршено вештачењето на телефонот од Јанева, нови бизнисмени пријавија рекет

Обвинителката Вилма Русковска за Дојче веле утрово изјави дека засега нема нови моменти во истрагата за случајот „Рекет“. Се уште не е завршено вештачењето на запленетиот телефон на обвинителката.Јавното обвинителство има сознанија и за други случаи на уцени кои се вршени од лицата осомничени во случајот „Рекет“, но засега не се открива за колку случаи се работи. Неколку бизнисмени веќе дале изјава во обвинителството.„Имам сознанија за други случаи, но не можам да ви кажам за колку лица се работи. Тие лица дадоа изјава и сега бараме докази за да ги потврдиме исказите“, изјави јавната обвинителка за организиран криминал, Вилма Русковска утрово за Дојче веле.

Македонија | пред 6 години

zaev-korea-kim

Северна Македонија и Јужна Кореја дипломатски се поврзаа

Јужна Кореја официјално воспостави дипломатски односи со Северна Македонија, објави Министерството за надворешни работи во Сеул, пренесе новинската агенција „Јонхап“.Коминикето за воспоставување дипломатски односи вчера во седиштето на Обединетите нации во Њујорк го потпишале амбасадорот на Јужна Кореја, Чо Тае-јул, и претставничката на Мисијата на Северна Македонија во ОН, Сања Зографска Крстеска.„По воспоставувањето на дипломатските односи, Јужна Кореја очекува засилени билатерални врски со Северна Македонија на политички и на економски план, како и зајакнување на соработката во балканскиот регион“, соопшти Министерството.Новинската агенција наведува дека Северна Македонија е 191. земја која има воспоставено дипломатски односи со Јужна Кореја.Сирија, Косово и Куба остануваат трите членки на ОН кои допрва треба да воспостават дипломатски врски со Кореја.

Македонија | пред 6 години

zoran-verusevski-obvinitelna-klupa-640x331

Зоран Верушевски и Бојан Маричиќ седнаа во скутот на Заев и СДСМ

Снежана Калеска-Ванчева, пратеничката во Собранието на РСМ е избрана за нов координатор на Форумот на жени на СДСМ, а комплетиран е и раководниот кадар на партиските комисии како стручни тела, на вечерашната седница на Централниот одбор на партијата.– СДСМ покажа дека има капацитет перманентно да се менува во интерес на граѓаните на забрзување на напредокот на нашата земја. Во таа насока ЦО на СДСМ денеска ги комплетираше првите луѓе на своите партиски комисии, изјави по состанокот генералниот секретар на партијата Љупчо Николовски.Тој информира дека за претседател на Комисија за внатрешни работи е назначаен Зоран Верушевски, на Комисија за европски прашања Бојан Маричиќ, на Комисија за економија Кирил Колемишовски, Комисија за животна средина и просторно планирање Каја Шукова, Комисијата за здравство Венко Филипче, Комисија за земјоделство Зоран Атанасов, Комисијата за труд и социјална политика Милан Живковиќ, за култура Роберт Алаѓозовски.

Македонија | пред 6 години

Katica-Janeva11

Вчера Јанева е видена во позната слаткарница со две другарки

Новинарката Јорданка Ивановска-Јоци на својот фејсбук профил објави дека вчера, обвинителката Катица Јанева е видена во слаткарницата „Палма“ со две другарки. Според Јоци, специјалната обвинителка била заедно со две другарки.„Катица Јанева, вечерва, забележана е у ,,Палма" со две другарки - плавуша и црна. Облечена во црно, со наочари на глава. Од неофицијални извори кои оттаму поминувале.,,Боледувала" со тулумба или ,,шампита", сеедно“, пишува Јоци на социјалната мрежа.Никој не знае каде е специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, а ниту една институција не го следи нејзиното движење. Таа вчера отвори боледување, а во СЈО не се појавила.

Македонија | пред 6 години

zaev-merko

Заев не го добил писмото од Мерко со кое се отжаува од надлежностите за урбанизам

Писмото со кое струшкиот градоначалник се откажува од ингеренциите за урбанистичкопланирање, уривање дивоградби и доделување и одземање концесии не е пристигнато до премиерот Зоран Заев, вели тој за а1он. Премиерот вели дека за писмото слушнал само од медиумите.„Сѐ уште немам добиено такво писмо. Прочитав во медиумите“, рече Заев за а1он.Според пишувањата, во писмото се објаснувало дека Мерко ја донел овааодлука поради тоа што добивал закани од поединци кои барале дозволи за градба на различни локации но не можеле да бидат дадени поради постоечкиот ДУП. Исто така писмото се поврзува и со вербалните закани кон вработено лице во локалната самоуправа, а за кои денеска информираше и МВР.

Македонија | пред 6 години

Liderska-sredba-za-imeto

Откажана утрешната лидерска средба

По седницата на ЦО, извори од СДСМ, за „Дојче Веле“ велат дека е откажана за утре закажаната лидерска средба поради одбивањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ да присуствува на неа.Лидерската средба на која утре требаше да се расправа за Законот за обвинителство, пописот, Изборниот законик и други актуелни теми, е откажана, дознава ДВ од извори во СДСМ. Тоа на вечерашниот состанок на Централниот одбор на партијата го потврдил и партискиот лидер Заев.Образложението било дека без присуство на првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски нема причина да се одржува состанокот на кој требаше да присуствуваат и лидерите на ДУИ и Алијансата на Албанците, Али Ахмети и Зијадин Села.Од ВМРО-ДПМНЕ денеска потврдија дека Мицкоски не планира да се појави на средбата доколку на неа не се разговара за организирање предвремени парламентарни избори.

Македонија | пред 6 години

katica-janeva

Откако е на функција Јанева нема промени во имотната состојба

Речиси четири години колку што е на чело на Специјалното јавно обвинителство Катица Јанева нема пријавено никаква промена во имотната состојба. Гевгелиската обвинителка која во 2015 година се пресели во Скопје, а сега е дел од милионската афера „Рекет“, нема ни заштеда, ниту пак се подновила со нешто.Единствената промена во имотната состојба која ја пријавила во Антикорупциската комисија била минатиот месец. На 13 јуни Јанева доставила информација дека има промена во имотот на децата, односно купено е половно Ауди А6 Кватро, потврдија за ИРЛ од Комисијата. Јанева не доставила договор за купопродажба на автомобилот, како што е согласно законот, но додала дека возилото е произведено во 2005 година и вреди 6.000 евра. Оваа промена е евидентирана во нејзиниот имотен лист на интернет страната на ДКСК.Според имотната состојба која ја пријавила кога дојде на функција во 2015 година, Јанева е прилично задлолжена со кредити. Таа во 2014 и 2015 година подигнала три кредити во износ од 118.000 евра со период на враќање од 15 до 20 години. Јанева нема стан во Скопје. Но, има неколку сметки во банка на кои има вкупно 107.000 евра. Има куќа во Гевгелија, земјоделско земјиште во село Мрзенци, плац во село Конско и стар Ровер и Голф 4. И плата од околу 3.000 евра во СЈО.

Македонија | пред 6 години

venko-filipce

Мицкоски тврди дека Тодоров му е советник на Филипче, тој демантира

Министерот Венко Филипче демантира дека поранешниот министер за здравство Никола Тодоров е негов советник. Тој на фејсбук статус реагира на пренесена изјава од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој впрочем го тврди ова.„Во јавноста почна да се актуелизира и шири стара вест, која не е вистинита и е изјава на претседателот на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски, објавена во април годинава како нова вест, дека наводно во Министерството за здравство како советник работи поранешниот министер за здравство Никола Тодоров. Веста е тогаш демантирана, но ќе повторам уште еднаш, Никола Тодоров не е советник во Министерството за здравство“, стои во објавата од актуелниот министер.Сепак во изјавата при гостувањето на ТВ21, Мицкоски вели дека Тодоров му бил неформален советник на Филипче, а не редовно вработен во кабинетот. Инаку додека министеруваше Тодоров, Филипче беше негов советник.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања