Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

главни-вести

zaev-121

Влада: Не е пристигнато писмото на Мерко дека се откажува од ингернциите

Градоначалникот на Струга Рамиз Мерко се откажува од надлежностите на Општината за урбанистичко планирање, градежни дозволи, издавање концесии и за спроведување на забелешките од страна на УНЕСКО и ги отстапува на Владата.Од Владата на Република Македонија информираат дека до овој момент кај нив не стигнало такво барање, пишува Фокус.– До овој момент во Владата нема стигнато такво барање, изјавија од владината прес-служба.

Македонија | пред 6 години

ohrid-12

Не гледам резултати по препораките на УНЕСКО за Охрид, вели евроамбасадорот Жбогар

Поминаа две недели од препораките на УНЕСКО во врска со Охридскиот Регион и јас не гледам резултати од тоа, кажа денес евроамбасадорот Самуел Жбогар при посетата на Општина Дебарца, пренесува СДК. Тој додаде дека треба да се вложат напори за да се дојде до очкуваниот резултат. Жбогар во Дебрца беше на пуштањето на реконструиранта брана на Слатинско Езеро, кое пред неколку години поради нејзиното пукање се исуши.Рушење на дивоградбите е една од 19-те препораки на УНЕСКО за да не биде ставен регионот на листата на загрозено светско наследство.„Со проблемите е најдобро да се соочите сами, со сопствени сили. До 1 февруари кога истекува рокот, беа дадени на располагање 30 седмици. Од 4 јули кога УНЕСКО го одреди рокот за исполнување на препораките веќе изминаа две седмици, а не гледеме некаков резултат”, кажа Жбогар.Жбогар изјави дека вчера имал средби со претставници на невладини организации за заштита на животната средина и еколошки здруженија, на која му била пренесена нивната загриженост за состојбите.

Македонија | пред 6 години

ahmeti

Ахмети: Нека покажат аргумент дека некој од ДУИ ја злоупотребил власта и довербата

На првото собрание на ДУИ што се одржа во Сарај пред партискиот конгрес свое обраќање имаше лидерот на партијата, Али Ахмети, кој зборуваше за, како што рече, пропагандата која сите на див начин и како волци ја организираат против ДУИ.„Каде им се фактите, нека покажат еден аргумент од десетиците илјади прислушкувања дека некој од ДУИ ја има злоупотребено власта и довербата, дали овие луѓе мислат дека Албанците пасат трева и ќе нè казнат нас поради приватни разговори, тие може да имаат краткотраен ефект, но подоцна граѓаните ќе почнат да размислуваат“, истакна претседателот на партијата.Ахмети рече дека како лидер на ДУИ прв ќе ги поздрави издржаните докази против функционери од неговата партија.„Дали некој украл, нека ги дадат прислушкувањата, дали некој дал наредба за противзаконско дејствување, јас ќе ги поздравам прв од ДУИ ако ги даваат овие факти, но такви нема затоа што ние не сме избрани за да ја изневериме довербата на гласачите. Јас не велам дека нема и ѓаволи, ајде да ги пронајдеме, но не со празни зборови туку со одредени дејствија“, посочи тој.Во излагањето се задржа и на тоа што ДУИ го направила за Албанците во земјава.„Да застанеме и да направиме анализа кој направил најмногу за оваа земја, на сè што е направено, не само напишаното, но и документираното во сите области на дејствувањето, од националното знаме до унивезитетите, јазикот, културата, што се подигнаа на повисоко ниво“, посочи Ахмети.Воедно истакна дека ДУИ како движење има цврста историја затоа што е дел и продолжение од отпор пред освојувачите и оние кои, како што рече, сакаат да ги искоренат Албанците од оваа земја.„Останува оваа обврска, ова богатство, дека народите и граѓаните со фанатизам ги чуваат изградените вредности. Ако на Ирците им ја чепнеш Шин Фејн или ИРА, која произлегува како ДУИ од ОНА, ќе ти ги искорнат очите затоа што се повредува историјата, вредноста. Но и ние треба со фанатизам и со голема посветеност да ги зачуваме и збогатиме овие вредности, но да не ги засрамиме ни нашите предци, ниту нашите соборци, затоа што човек од лакомост може да направи и погрешни потези, но ние секогаш треба да го имаме компасот затоа што потекнуваме од една организација и механизам што има пролеано крв и безбројни жртвувања“, истакна

Македонија | пред 6 години

milososki-antonijo

Милошоски: Кој лекар го има дадено боледувањето на Јанева и за која болест?

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски смета дека СЈО го крие боледувањето, кое го доби специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, која е вмешната во предметот „Рекет“.„Лекарското за боледувањето на обвинителката Катица Јанева е неверодостојно! СЈО го крие боледувањето! Но, јавноста има право да знае од каде е земено боледувањето, кој лекар го има дадено и за која болест? Специјалната обвинителка е државен функционер скапо платен со даночни пари од граѓаните и јавноста има право да знае за нејзината здравствена состојба (не мора ситници и дискретни прегледи, туку податоци за општата здравствена состојба). Исто би било, јавноста има право да знае, и во случај на ненадејно боледување на Претседател, премиер, министер, градоначалник и слично“, смета Милошоски.

Македонија | пред 6 години

zaev-121

На Централниот одбор на СДСМ ќе се разговара за актуелните случувања

Пред почетокот на Централниот одбор на СДСМ претседателот на партијата, Зоран Заев, изјави дека тема на партискиот состанок ќе бидат актуелите политички случувања.Тој не прецизира за што конкретно ќе се разговара, но рече дека ќе дискутираат за партиски теми, како изборот на претседатели на партиските комисии.-Доминатна е изборот на претседатели на комисиите како помошни тела. Тоа се стручните тела на СДСМ, извршниот одбор ги утврди, а сега согласно статутот на партијата мора да ги утврдиме и на Централниот одбор, потоа следува нивно доекипирање, рече Заев.Тој најави дека денеска на Централниот одбор ќе биде соопштен и изборот на новата координаторка на Форумот на жени на СДСМ, а ќе се дискутира и за актуелните политички случувања, како и за идните теренски активности како подоготвка на партијата за претстојниот период.

Македонија | пред 6 години

nefi1

Георгиевски: Ќе ја урнеме дивоизградената пицерија на Усеини

Градоначалникот на Општина Охрид Константин Георгиевски е уверен дека до следната сесија во февруари Охридскиот регион ќе ја надмине опасноста да биде ставен на листата на загрозено светско природно и културно наследство и најавува уривање на дивоградбите, но и ревизија на регистарот со дивоградби.Во разговорот за „Слободен печат“ тој меѓудругото најавува и дека градежната инспекција ќе ја урне пицеријата „Луна“ која бесправно ја изгради советникот од ДУИ, Нефи Усеини веднаш до чинарот, но не го коментира однесувањето на локалните моќници.„Во врска со угостителскиот објект „Луна“, градежниот инспектор има направено записник и решение за уривање, бидејќи инвеститорот нема дозвола за градење. Со овој објект ќе се постапува согласно законските процедури за бесправно изградени објекти. Со ребалансот на Буџетот за 2019 година, што го донесе Советот на 10 јуни во програмата за уредување на градежно земјиште се предвидени 1,5 милион денари за ставката за рушење на нелегално изградени објекти. По ангажирањето на фирма за уривање општината ќе почне да постапува по изготвените решенија“, вели Георгиевски.Целото интервју можете да го прочитате тука

Македонија | пред 6 години

297752-0.Basic-Mickoski

Мицкоски: Заев не знае кои се Кики и Фрики, ама знае кој бил уценуван

Главата на криминалниот октопод е Зоран Заев, обвинува лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски, во интервју за „Експрес“, коментирајќи ги последните случувања околу аферата „Рекет“, која ја стресе власта. Според Мицкоски се работи за организирана група која вклучува луѓе од блиското опкружување на премиерот.-Но главата на тој криминален октопод не се овие обвинети, ниту пак самото СЈО кои се спроведувачи на директиви, туку отворениот сомнеж говори дека тоа е Зоран Заев лично, а пипците на таквиот криминален октопод се луѓето околу Зоран Заев и во дворот на неговата партија – тврди Мицкоски.Според Мицкоски функционер од Владата влијае на медиуми да не известуваат за аферата.-Власта од петни жили се труди да го стави под тепих овој криминален октопод, или да ја индивидуализира одговорноста кај две до три личности. Еден министер на Заев со броени денови во Владата врти и се заканува по медиуми кои пренесуваат информации за овој скандал – вели Мицкоски.Тој прашува како може Заев да не знае кои се функционерите на СДСМ кои наводно биле исто така вмешани во скандалот.-Мислам дека не ја говори вистината и многу добро ги знае, зошто тие се витален дел од криминалниот октопод. Од друга страна сиптмоматично е како не знае кои се Кики и Фрики ама под чудни околности па знае кој бил уценуван. Мислам дека на ваквите лаги веќе не поминуваат. Што се однесува до докази, информации или некои тврдења кои ги изнесов, па на кого да ги предадам, на ова Русковска обвинителство кое Катица не ја става во притвор, а Заев неформално го амнестира? Ви се молам да говориме за посериозни работи – порачува првиот вмровец, кој додава дека не ја гледа потреба од присуство на лидерската средба затоа што, вели, Заев не е подготвен да преговара за предвремени избори.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Наместо во Кисела Вода, зависниците ќе земаат метадон таму каде што живеат

Пациентите кои се вклучени во програмата за третман и превенција на зависности ќе можат да добиваат метадон на пет локации кои им се најблиску до местото на живеење, односно во поликлиниката во населбата Ченто, во поликлиниката „Јане Сандански“, во Психијатриска болница-Скопје, на веќе познатата локација во општина Кисела Вода и во Градската општа болница „8 Септември“,  информираат од Министерството за здравство.„Во интерес на пациентите е да бидат во пункт во својата општина или општината која е најблиску до локацијата на која се наоѓа пунктот. Распределувањето на психијатрите е во рамки на внатрешната организација на Психијатриска болница–Скопје. Во тек се техничко-административните подготовки на пунктовите кои се веќе просторно опремени. Согласно завршувањето на подготовките, пунктовите ќе бидат веднаш пуштени во функција“, велат од Министерство за здравство.Од Министерството посочуваат дека регистрирани се вкупно 520 пациенти кои се дел од програмата за лекување и третман на зависности. Се планира по околу 120 пациенти да ја земаат терапијата во наведените пунктови, освен во ГОБ „8 Септември“ каде ќе ја земаат помал број пациенти.Одлуката на здравствените власти доаѓа откако жителите на Кисела Вода со протести бараа дислокација на Центарот, а претходната идеја да се префрли во Гази Баба не беше прифатена ниту од тамошните жители.

Скопје | пред 6 години

26169719_2010841605607630_9062153176668481833_n-1

Мажот што го бркаа со сатар во „Лептокарија“ е македонскиот глумец

Откако на социјалните мрежи вчера се споделуваше видео на кое кинеска двојка со сатар брка маж во трговскиот центар „Лептокарија“, актерот Милан Тоциновски откри дека тој е лицето што беше нападнто.„Не е точно дека не сум ја платил сметката во импровизираниот кинески ресторан, јас не ни нарачав храна, бев нападнат откако дадов неколку забелешки за високата цена“, изјавил Тоциновски за „Плусинфо“.Актерот објаснува дека вработената замавнала со сатарот кон него, но за среќа тој успеал да се тргне.По драмата во трговскиот центар, откако глумецот успеал да побегне случајот го пријавил во МВР. Денеска требал да даде исказ кај надлежен обвинител.За потсетување Милан Тоциноски во 2004 година во Сараево ја освои наградата за најдобра машка улога за улогата на младиот Кокан во филмот „Како убив светец“.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Приведени Кинезите кои низ „Лептокарија“ со сатар бркаа скопјанец

На 17.07.2019 во СВР Скопје М.Т, од Скопје пријавил дека околу 11.20 часот во ресторан во трговски центар бил физички нападнат од вработените во ресторанот Л.Ч.(34) и Л.Ш.(43) државјани на Народна Република Кина,а во врска со нарачка на храна. Според пријавата, еден од кинеските државјани со остар предмет се обидел да го нападне М.Т., а другото лице фрлало различни предмети. По преземени мерки, Л.Ч. и Л.Ш. биле приведени во Полициската станица Карпош и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Скопје | пред 6 години

66585173_2902346009782403_878459122863833088_o

Алсат: Катица Јанева го смалила желудникот за да слабее

Пред неколку недели врз Катица Јанева се спровела хируршка интервенција во една од болниците во Македонија во која ѝ било поставен прстен за намалување на желудникот за да почне процедура за слабеење, објави Алсат ТВ.Пред неколку месеци, таква операција, пишува медиумот, направил и Бојан Јовановски – Боки 13.Потсетуваме дека Јанева во понеделникот поднесе оставка која како што се наведува треба да стапи во сила откако ќе се донесе нов закон со кој ќе се регулира статусот на Специјалното јавно обвинителство и ќе се избере нејзин заменик.Според досегашниот статус на обвинителството мандатот на Јанева истекува на 15 септември.Инаку на Јанева во понеделникот и беше одземен мобилниот телефон во рамки на истрагата за случајот „Рекет“ за кој осомничени се Бојан Јовановски и Зоран Милески – Кичеец кои се во притвор. 

Македонија | пред 6 години

opstina-struga

Инцидент во општина Струга – се заканил дека ќе го убие градоначалникот?

Граѓанин на Струга влегол во просториите на Општина Струга и се заканил дека ќе ги убие градоначалникот на Струга Рамиз Мерко и уште еден општински функционер, објави expres.mk.Очевидци за expres.mk тврдат дека атмосферата била застрашувачка, затоа што не се знаело дали лицето е вооружено и во кој правец може да се развијат заканите.Порталот уште пишува дека граѓанинот бил незадоволен од одлука на Струшката Локална Власт.Инаку СВР Охрид, во својот денешен билтен бележи настан во општинската зграда во Струга. Еве ја информацијата на СВР Охрид:На 17.07.2019 година во 20.00 часот, вработен во локалната самоуправа во Струга, во полициската станица во Струга, пријави вербални закани упатени од жител од селото Велешта кон повеќе вработени во општината. По целосно документирање на настанот, полициската станица ќе поднесе соодветна пријава, велат од СВР Охрид.За потсетување градоначалникот на Општина Струга, Рамиз Мерко, денеска го информирал премиерот Зоран Заев дека со намера спроведување на законите, сите надлежности на Општината на Струга за урбанистичко планирање, градежни дозволи и издавање на концесии, како и во делот на спроведување на забелешките од страна на УНЕСКО, му ги предава на Владата. 

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

НАЈНОВА ВЕСТ: Мерко ги предал сите овластувања на Владата

Од како претходно побарал полициска заштита Рамиз Мерко дефакто „абдицирал“ ?!Новинската Агенција Журнал ексклузивно дознава дека градоначалникот на Општина Струга, Рамиз Мерко, денеска го информирал премиерот Зоран Заев дека со намера спроведување на законите, сите надлежности на Општината на Струга за урбанистичко планирање, градежни дозволи и издавање на концесии, како и во делот на спроведување на забелешките од страна на УНЕСКО, му ги предава на Владата, пишува порталот zurnal.mkНовинската Агенција Журнал го обезбеди и писмото кое градоначалникот Мерко го има предадено на премиерот Заев.Во ова писмо меѓу другото пишува дека имајќи ги предвид последните случувања и долгорочната кампања која се води против градот Струга и градоначалникот на оваа општина, Мерко мисли дека има само една цел а тоа е покривање на дивоградбите во градот Охрид и опасноста која доаѓа со одземањето на статусот на Охридското Езеро од Унеско.За повеќе, прочитајте го писмото на градоначалникот Мерко испратено до премиерот Зоран Заев:

Македонија | пред 6 години

verizen-sudar-1

(ФОТО) Верижен судар во населбата Аеродром

Предмалку се случи верижен судар на булеварот Србија во населбата Аеродром. На социјалните мрежи се пишува дека поради увидот колони возила чекаат за да поминат.Засега нема информации за повредени и кои се причините за несреќата.

Скопје | пред 6 години

policija-traka

Со автомобил удрил во погребна поворка, десетмина повредени

Едно лице со потешки телесни повреди е пренесено во болницата во Тетово, а уште деветмина други се полесно повредени кога 61 годишен жител на Мала Речица со автомобилот удрил во 10 пешаци.Според првичните информации, возачот и повредените биле дел од погребна поворка која се движела по патот во тетовско Горно Орашје.Екипи од СВР Тетово работат на целосно расветлување на случајот.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања