Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

главни-вести

Нема фотографија

Општина Охрид не кажува дали градоначалникот сам бара полициско обезбедување

Од кабинетот на градоначалникот за Скопје1 велат дека присуството на полициски лица во општина Охрид претставува редовна процедура која е рутинска.Општина Охрид не е институција која може да ја проценува безбедносната состојба во градот или државата и затоа нема да ги коментират овие дејствија кои не се во надлежност и не се работа на општината.Од кабинетот не одговорија дали обезбедувањето на градоначалникот се спроведува по негово барање или по проценка на други служби.

Македонија | пред 6 години

ramiz-merko

Мерко бара обезбедување од МВР

Струшкиот градоначалник, Рамиз Мерко, побарал полициско обезбедување од МВР бидејќи добивал закани по живот, дознава „Скопје 1“. Непознато е од кого Мерко добивал закани, но и дали МВР ќе му додели обезбедување на струшкиот градоначалник. Инаку, денес обезбедување составено од четири полицајци доби охридскиот градоначалник, Константин Георгиевски. Од општината не кажуваат дали тој сам побарал обезбедување или МВР направило безбедносни проценки по што му е доделено.

Македонија | пред 6 години

belgrad

(ФОТО и ВИДЕО)Узбуна на аеродромот во Белград - Евакуирани 130 патници, поради дојава за бомба во авион

Драма на аеродромот во Белград. Утрово поради најава за бомба во авион се евакуирани 130 патници и пет членови на екипажот. Авионот бил на германската компанија „Луфтханза“, пренесуваат српските медиуми. Авионот требало да лета кон Франкфурт.Контрадиверзионата единица Министерството за внатрешни работи била испратена на аеродромот по дојавата.„Сите надлежни служби, вклучувајќи ги аеродромските служби, реагираа веднаш, во согласност со процедурите за обезбедување највисоко ниво безбедност на патниците и авионот како главен приоритет“, велат на аеродромот.Воздушниот сообраќај на аеродромот „Никола Тесла“ Белград цело време се одвива според предвидениот ред на летање.Видео и фото на линкот на курир.рс

Свет | пред 6 години

pvdk9lMaHR0cDovL29jZG4uZXUvaW1hZ2VzL3B1bHNjbXMvWVdRN01EQV8vNmYyMTdjOWNjMjBmZGJmNzIzMTQwMThmMmI2MzA4MWUuanBlZ5GTAs0C5ACBoTAB

Управител на фирма со потекло од Саудиска Арабија земал огромни средства од агенција на Минситерството за земјоделство и ги злоупотребил

Обвинението следи по сеопфатна  истражната постапка водена од јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Скопје, во која се прибрани  материјални и вербални докази, по чие разгледување и анализа е утврдено дека обвинетиот искористувајќи ист траен однос со преземање на временски поврзани дејствија, во текот на временскиот период од 2015 до 2017 година ги извршил кривичните дела – Злоупотреба на службена положба и овластување  од член 353 став 4 во врска со став 3 во врска со став 1 во врска со член 45, како и кривичното дело – Измама на штета на средства на Европската заедница од член 249-а став 2 во врска со став1  од Кривичниот законик.Обвинетиот кривичното дело го извршил како одговорно лице – управител на правното лице „БАЛКАН ЕКО ФРУИТ“ ДОО Свети Николе каде содружник е и правното лице „АГРОПИОНЕР“ ДОО Скопје управувано од државјанин на Саудиска Арабија. Употребувајќи средства спротивно од одобрената намена за која се добиени од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, како и со искористување, пречекорување и неизвршување на своите овластувања и должности обвинетиот нанел штета на  оштетеното правно лице во кое бил управител и тоа во вкупен износ од  69.825.499,00 денари.Имено, обвинетиот со образложение за потреба и користење на средства од ИПАРД програмата склучил договор со Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој за користење на средствата за плаќање на 50% од вредноста на опрема,  со што добил парични средства во износ од 14.989.596,00 денари. Истовремено од  „Стопанска Банка“ АД Скопје за долгорочно финансирање мултивалутна кредитна рамка подигнал парични средства во износ од 1.600.000 евра. Но, наместо  согласно договорот паричните средства од ИПАРД програмата да ги трансферира на  сметката на правното лице „БАЛКАН ЕКО ФРУИТ“ ДОО Свети Николе во Стопанска Банка АД Скопје согласно договорот за долгорочно финансирање заради наплата на дел од кредитот, обвинетиот без согласност на правното лице – содружник, ги трансферирал средствата на сметка на правното лице „БАЛКАН ЕКО ФРУИТ“ ДОО Свети Николе во Комерцијална  Банка АД Скопје од каде средствата  се  уплатувани на правни лица блиски до него по различни основи  во вкупен износ од 6.406.206,00 денари. Остатокот од паричните средства во износ од 8.583.390,00 денари тој ги исплатил на други правни лица за тековни фактури по разни основи.Во периодот кој беше предмет на истрага на Основното јавно обвинителство, обвинетиот во својство на управител, без согласност на содружникот правно лице, електронски одобрил и исплатил шест трансакции во вкупен износ од 13.720.147,00 денари, по што испорачувал разни материјални добра на правното лице  кон други правни и физички  лице во вкупен износ од  15.690.491,00 денар за кои изготвил само испратници и приемници без да преземе дејствија за наплата  на побарувањата. Обвинетиот исто така склучил и 36 договори за откуп на овошје и 4 договори за деловно техничка соработка – заедничко производство на домати, притоа не вршејќи наплата на побарувањата и обврските од истите, со што нанел штета на правното лице во износ од 2.188.873,00 денари. Во истиот период , обвинетиот без согласност на содружникот, дозволил влез  и производство во просториите на  фабриката „БАЛКАН ЕКО ФРУИТ“ ДОО на други правни лица од кои не ја наплатил закупнината, платата за вработените и останатите режиски трошоци со што нанел штета на правното лице во висина од 23.236.392,00 денари.Со сите преземени дејствија , обвинетиот, 32-годишен штипјанец, ги сторил кривичните дела за кои надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт до Основниот кривичен суд- Скопје. 

пред 6 години

66585173_2902346009782403_878459122863833088_o

Откако Боки 13 заврши во затвор, Катица Јанева не се појавува на работа

Шефицата во оставка на СЈО, Катица Јанева, трет ден не се појави на работа. Во правната служба на СЈО нема доставено барање за одмор, ниту отворено боледување. Јанева не се појавила во СЈО од минатата недела.Јанева во понеделникот даде оставка непосредно пред да биде уапсен Бојан Јовановски, познат како Боки 13. Истиот ден, неколку часа подоцна, обвинителката Русковска изјави дека Боки 13 го користел своето влијание врз јавен обвинител за да олесни положба на едно осомничено лице во постапка што се водела против него.Вечерта Обвинителството за организиран криминал ѝ го одзеде телефонот на Катица Јанева. Истрагата за која се водела трговијата со влијание во новата истрага што денеска ја обелодни Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција е „Империја“, што СЈО ја отвори на 9 ноември 2018 година.

Македонија | пред 6 години

metla1

Метлата на Дац заигра во Драмски бидејќи не му ги вработиле синовите?

По само десет месеци на функцијата директор на Драмски театар, премиерот Зоран Заев одлучи да го разреши драматургот Викторија Рангелова-Петровска. Во многубројните директорски имиња за разрешување, нејзиното име се издвојува, особено затоа што за дел од директорите во јавноста се споменуваа како невешти во својата работа, наспроти задоволните вработени во Драмски театар.По разрешувањето, следуваат низа негативни коментари за оваа одлука. Најголем дел од коментарите на социјалните мрежи укажуваат на тоа дека директорката е разрешена затоа што ги вработувала кадрите, кои Владата сакала да бидат вработени.https://twitter.com/Vujkoto_Vane/status/1151509836963729408На новинарот Ивор Мицковски не му е јасно што се огрешила директорката Викторија Рангелова-Петровска, за да биде разрешена. И други корисници на „Твитер“ го бараат истиот одговор.https://twitter.com/nezenzabar/status/1151453217533911040https://twitter.com/igorhadzievski/status/1151453159941951490Иронично се коментира дека директорката е виновна за датумот за преговори со ЕУ.https://twitter.com/US_Reagan/status/1151468211306729472Ваквата одлука на Заев, за разрешување на директорката се оценува и како фарса.https://twitter.com/jorgachewsky/status/1151550316141305856Твитерџиите се категорични дека освен МКЦ, не смее да се чепка ниту Драмски театар. Тие бараат враќање на директорката.https://twitter.com/herminnah/status/1151558383511789569 

Коментари | пред 6 години

Pancevski-so-sudot-2

Полицаец како партал ме исфрли од канцеларија и судската зграда, вели Панчевски осомничен за местење предмети

Судијата Владимир Панчевски, кој е осомничен во случајот „Акмис“, односно за делење на предмети на рака на судии, во времето кога беше претседател на Кривичниот суд, се пожали дека денеска бил исфрлен од канцеларијата, откако вчера беше суспендиран.-Ете и тоа го дочекав, утрово избркан како партал од канцеларијата и судската зграда, судски полицаец дојде да ја заклучи канцеларијата, ни одлука сум примил, ни официјално сум известен, ниту сум известен за било која од постапките на прогон против мене, освен од медиуми.Така функционира овој криминален систем!Тоа е таа ”благодарност” на системот за 24 години стаж во правосудните органи од кои 11 години судиски стаж во Кривичниот суд со потврдени најдобри резултати!Слава на Зоран Заев и Радмила Шеќеринска, напиша Панчевски на фејсбук.

Македонија | пред 6 години

boki-13-1

БОКИ 13 планирал во новото реално шоу - пред ТВ камери да го менува полот!

„Бојан Јовановски во новото реално шоу ќе го оперира половиот орган! Во текот на 50. дена ќе биде прикажано се’, од подготовите за операција до неговото опоравување“, пишува белградски курир на 01.09.2012. година, објави ekran.mk.КонечноМакедонскиот шоумен Бојан Јовановски го менува полот! И тоа пред камерите! Као што дознава Курир, Боки 13 наскоро, во новото реално шоу кое веројатно ќе се прикажува на ТВ Пинк, конечно ќе стане женско. Замислено е 50. дена да ги снимаат неговите подготовки за операција и самата операција, а потоа и опоравувањето и почетокот на сосема нов живот.„Боки подготвува најскапо реално шоу на Балканот. Такво нешто уште немаме видено. Камерите ќе го следат во чекор, а ќе бидат и во салата за операции кога ќе го менува полот. Мислам дека тој е единствен кој има ‘муда’ да направи такво нешто јавно“, открил за Курир близок пријател на 26. годишниот Јовановски.Изворот уште кажал дека зад проектот стојат луѓе на кои Бојан апсолутно им верува, пишува ekran.mk. Текстот во целост на: ekran.mk 

Македонија | пред 6 години

zoki-kicheec-boki-13-960x564

Уште шест лица биле вмешани во рекетот?

Неговите приказни, кои ги објавуваше на порталот Плус инфо за „Коки и Кики“, станаа појасни откако се приведени Бојан Јовановски и Зоран Милевски. Двајцата се теретат за рекет, а токму за тоа во текстовите пишуваше новинарот Бранко Героски. Тој за ТВ21 вели дека во целата афера има уште вклучени лица. Според неговите проценки барем уште пет или шест луѓе учествувале во целиот скандал. Како што вели тој, истрагата на Обвинителството треба да ги да ги докаже овие сомнежи. Сепак, вели дека во рекетарската група има и две лица кои се дел од СДСМ.„Има работи кои допрва ќе се разоткријат. Треба да се разоткријат врските двајцата осомничени со уште барем пет – шест лица според мојата проценка. Мислам дека тие врски ќе доведат до нови основани сомненија за вмешаност на други луѓе во овој бомбашки рекет, во овој милионски рекет. Мислам дека обвинителството ќе дојде до фаза дека станува звбор за злосторничко здружение. И не е само во прашање рекет и во прашање е и сериозно перење на пари во кои се замешени многу други лица“, изјави Героски.Целиот текст можете да го прочитате тука

Македонија | пред 6 години

20190717165028

Груевски е среќен оти Катица поднесе оставка

Екс премиерот Никола Груевски, кој доби политички азил во Унгарија, во интервју за словенечката телевизија „Нова 24“, изјави дека го израдувала веста дека поради корупција шефицата на СЈО Катица Јанева, поднела оставка.„Интервју со Никола Груевски, некогашен македонски премиер, против кого социјалдемократите водат политички прогон. Го посетивме во Будимпешта, каде што тој со радост ја прими веста дека поради наводна корупција специјалната обвинителка Катица Јанева, која го гони, си дала оставка“, пишува новинарот Лука Светина, кој разговарал со Груевски во Будимпешта.https://twitter.com/LukaSvetina/status/1151193122422042624

Македонија | пред 6 години

zoki-kiceec

Боки 13 и Кичеец остануваат во притвор

Бојан Јовановски и Зоран Милевски -Кичеец остануваат во притвор, бидејќи Кривичниот совет во Кривичниот суд им ги одби поднесените жалби.-Постапувајќи по жалби изјавени против решенија на судија на претходна постапка од 15.07.2019 година, Кривичниот совет при Основниот кривичен суд – Скопје денеска одржа седница на која по ценење на наводите во жалбите како и фактите и аргументите во предметот донесе одлука со која жалбите ги одби како неосновани, а решенијата на судија на претходна постапка ги потврди во целост.На 15.07.2019 год. постапувајќи по предлог на ОЈО за организиран криминал и корупција за определување мерка притвор против две лица кои беа спроведени во судот, донесе решенија со кои го прифати предлогот и им определи мерка притвор во траење од 30 дена, информираат од Кривичен суд.Јовановски и Милевски беа уапсени во понеделникот, по наредба на Обвинителството за организиран криминал и корупција, како осомничени во истрагата „Рекет“.

Македонија | пред 6 години

D1NxA42WoAQPKmb-1

Владата до 12 август треба да го отстрани Сонцето од Вeргина од објектите и јавниот простор

Четиринаесет дена е рокот кој им е даден на институциите да приложат листа од објекти, но и јавен простор каде се истакнати симболи поврзани со античката еленска историја, во кои спаѓа сонцето од Вергина. Од Генералниот секретаријат на владата за Телма информираат дека е испратено барање до институциите во рок од 14 дена да направат попис на ваквите објектите, по одлуката на Владата за тоа донесена на почетокот на месецов, пишува Телма.Инаку владата согласно Договорот од Преспа до 12 август треба да го отстрани Сонцето од Вeргина од споменици, јавни згради, инфраструктура.„Во рок од шест месеци од влегувањето во сила на Спогодба, Втората страна ќе го преиспита статусот со спомениците, јавните згради и инфраструктурата на нејзината територија и доколку истите на кој било начин упатуваат на античката еленска историја и цивилизација, ќе преземе соодветни корективни дејствија со цел делотворно да го разгледа прашањето и да обезбеди почитување на таквото наследство“, член 8 од Договорот за надинување на спорот за името.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Албански државјани затекнати при нелегална сеча на огревно дрво

На 17.07.2019 во периодот од 02.00 до 08.00 часот на подрачјето на с.Франгово, с. Мали Влај и с. Вишни, струшко, Регионалниот центар за гранични работи Запад спроведе акциска контрола за откривање на сторители при нелегална сеча на огревно дрво. Притоа, полициски службеници откриле и фатиле девет државјани на Република Албанија, од кои дел оствариле илегален влез, а дел легално влегле, но престојувале во Р.С.Македонија спротивно на целта на туристичкиот престој. Од лицата биле одземени моторни пили. По документирање на настанот против лицата ќе бидат преземени соодветни мерки.

Македонија | пред 6 години

el-ceka-696x454

Ел Чека му одговори на Заев: Сум ги прекршил законите, тогаш “да ти ги *бам законите” на држава што ги ослободува криминалците

Ел Чека експресно му одговори на премиерот Заев. Тој постирајќи видео На на фејсбук од  прес конференцијата во Влада, напиша:„Најдобар брате мој, ја превртуваме државата“.Ел Чека објави и неколку статуси на фејсбук со порака до премиерот Заев, но дел од нив веднаш беа избришани. Во една од пораките пишуваше:„Зоран Заев знам кој ти е проблемот. Неуспехот на организираниот криминал што го имаше со СЈО. Пропадна планот за рекетирање и уценување! Сум ги прекршил законите, тогаш “да ти ги *бам законите” на таа држава што ги ослободува криминалците, а секој ден ги држи Албанците во затворите. Не заборавај земи го Али со Николче и дојдете навака. Мртви тела од денот кога дојдовте!“, напиша Ел Чека на Фејсбук.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

ВИДЕО: Сред бел ден се бркаат со ножеви во Карпош 3

Предмалку на социјлните мрежи е споделено видео на кое се гледа како неколку момчиња на сред бел се бракаат со ножени во Карпош 3.https://www.facebook.com/skopje1mk/videos/2275926456004593/

Скопје | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања