Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

главни-вести

zaev-na-telefon

Заев: Не сум се слушнал со Катица, ако некој со некого контактирал прашајте ги Јанева или дипломатите

Премиерот, Зоран Заев, на денешната пресс конференција дека го следи случајот со СЈО, додаваќи дека и тој ги има истите информации кои се изнесени во јавноста.Заев додаде дека тој не е  функционерот кој наводно се слушнал со специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, пред да и биде одземен телефонот за истрагата која се води за предметот „Рекет“.„Можеме да прочитаме се и се што во медиумите, јас можам да кажам за себе, не сум се слушнал со Катица Јанева, апсолутно не. Гледам дека седењето на компјутер е правење идеја како да се има примамлив текст за читање, но граѓаните можат јасно да оценат што е што“, истакна Заев .Тој додаде:„Ако некој со некого контактирал тоа можете сами да го утврдите во постапката, да ги прашате соодветните луѓе, лично Катица Јанева или дипломатите. На крај јавното обвинителство рече дека е отидено во нејзиниот дом, земен е само телефонот, не е правен претрес, се со цел да се утврди нејзина инволивраност, дали е тоа соучесништво или е само злоупотребена во оваа работа. Кога се работи за вакви личности за кои јавноста има заинтересираност, јавното обвинителство е должно да даде информација дали се работи за злоупотреба или употреба на Јанева во овој процес “, потенцираше Заев. 

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Заев до Ел Чека: Ќе одговараш

На денешната пресс конференција на новинарско прашање зошто „Ел Чека“ објавува само „бомби“ за ДУИ, а не за СДСМ и ВМРО- ДПМНЕ премиерот шеговито кажа: Доколу некој има негов број дајте ми и ќе го прашам.„Ако има разговори и за мене нека објави додека може, треба да знае дека има одговорност за тоа. Постои закон и кривично се одговара за тоа. Приватноста е заштитена а овој човек не води грижа за тоа. Дирекно од премиерот еве пред камери кажувам,  ќе одговара“, рече Заев.

Македонија | пред 6 години

nefi1

Заев најави одземање на на надлежностите на Општина Охрид, доколку градоначалникот не ги урене дивоградбите

Доколку градоналаникот на Охрид Константин Георгиевски не постапува според законот и не ги урне дивоградбите 1076 на број запишани во регистарот на дивоградби, а меѓу нив и оние на советникот Нефи  Усеини,премиерот Зоран Заев најави одземање на надлежностите на Општина Охрид.„Ако не постапи локалната власт, многу брзо извршната власт ќе покаже што значи владеење на правото“, рече Заев. Инаку, Нефи Усеини е советник во Општината Охрид, а истовремено и сопственик на две дивоградби во Охрид. Пицеријата кај Чинарот и бетонската база на стариот пат Охрид-Струга се изградени без никаква документација од надлежните органи. Објектот кај Чинарот освен што нема одобрение за градба, истиот е изграден на државно земјиште, истакна Премиерот Заев на денешната прес конференција.

Македонија | пред 6 години

zaev-121

Заев ги објави имињата на разрешените директори, заменици и членови на управни одбори

Премиерот Зоран заев предмалку на прес  конференција ги објави имињата на разрешените директори, заменици и членови на управни одбори.Разрешени се директорот на Македонија Пат, Гајур Кадриу, Директорот и претседател на УО на Мепсо, Сашо Василевски, Директороката на завод и Музеј Охрид Елеонора Новакоска, директор на УБК и неговиот заменик, директорката на Центар за култура Прилеп, Директор на ЕЛЕМ, Драган Миновски, Директорот на Бања Банско, Директорката на Детска Клиника, Ставриќ, Директорката на Драмски театар, Викторија Рангелова, актуелниот, Агенција за Млади и спорт, заменик директорот, потоа, Менче Караџоска, Царинарница Скопје директор Златко Кофиловски, Геронтолошки завод, директорка Салија Љатиф, Директорот на ЈП ,,Железници“, Шабан Зендели и други ...  

Македонија | пред 6 години

zaev-121

(ЖИВО) Прес конференција на премиерот Зоран Заев

Во Влада се одржува прес конференција на премиерот Зоран Заевhttps://www.facebook.com/zaevzoran/videos/2139631992995271/UzpfSTE0Nzk4MTc1ODU5NDM1NzoyNDI0NTIzNzk3NjA2Nzk3/

Македонија | пред 6 години

kada

(ФОТО + ВИДЕО) Нуркачите ја извадија кадата од Езерото

Нуркачите од нуркачкиот центар „Акватек“ објавија дека ја извадиле кадата која неодамна ја најдоа фрлена во Охридското Езеро.„И ветар да вее и бура да коси и бран да фати, зборот е збор... кадата е извадена“, напишаа тие на социјлната мрежа фејсбук, место каде претходно објавија дека во Езерото пронашле када фрлена од несовесни граѓани кои се ослободиле од сметот по реновирање на тоалет.https://www.facebook.com/AkvatekOhrid/photos/pcb.2202231899875008/2202228819875316/?type=3&theaterФото, видео: Никола Паскали

Македонија | пред 6 години

el-ceka-696x454

Ел Чека со директна закана по живот на Ахмети

Ел Чека на Фејсбук излезез со директна закана по живот до лидерот на ДУИ Али Ахмети, испровоциран од вчерашниот говор на Ахмети. Лидерот на ДУИ вчера во говор од скопски Сарај порача дека прислушуваните разговори на Ел Чека му се од УДБА, објави plusinfo.mk.– Али Ахмети рече дека прислушуваните разговори ми ги дала УДБА. Која УДБА? Бидејќи колку што знам јас, ти имаше нивен пасош. Се сеќаваш ли како чичко Суљо на аеродромот во Цирих ти го најде пасошот со име Александар Антиќ, со твоја фотографија. Ти самиот си УДБАШ, шизофрен со документ. Не ја споменувај ОНА, бидејќи ги срамиш паднатите борци. Не остана Албанец кого ти не си навредил. Сину на торбешка, која едвај зборуваше албански, тие Изетите што ги праќете за да донесат пари за моја ликвидација држи ги малку поблиску до себе за да ве најдеме сите заедно, да не се измориме барајќи ве. Ја задржа власта лееќи албанска крв. Но таа крв ќе те убие Антиќу. Се гледаме наскоро, напиша Ел Чека.Текстот во целост на: plusinfo.mk

Македонија | пред 6 години

bukovo-deponija-1

(ФОТО) Депонија кај Буково сеуште гори

Никој не превзема ништо за да се изгасни депонијата кај Буково. Скопје 1 уште на 8 јули алармираше дека депонијата гори и покрај обидите на противпожарната служба од Охрид огнот да го држи под контрола.Претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ Сашо Донев на социјлната мрежа фејсбук напиша:„Запалено ѓубриште на врв од планина помеѓу две езера бисери, Охридско и Преспанско.Полни усти со ЕУ...УНЕСКО...Блескаме, но никој не може да го види одблесокот од токсичниот чад и ѓубрето“, напиша Доневhttps://www.facebook.com/photo.php?fbid=10217524204714683&set=pcb.10217524205274697&type=3&theaterИнаку задолжена за одржување на депонијата е фирмата „Нефи ИК“, во сопственост на советникот во Општина Охрид, Нефи Усеини. За расчистување на отпадот, фирмата на Усеини зела 48 илјади евра од ЈП „Охридски комуналец“. Во склучениот договор пишува дека фирмата треба да го затрупува отпадот. Договорот склучен меѓу јавното претпријатие и фирмата е за период од 12 месеци и важи до мај идната година.

Македонија | пред 6 години

katica-janeva

ЕК: СЈО да продолжи да работи без Јанева

По оставката што пред две дена ја поднесе шефицата на СЈО, Катица Јанева, реагираше Европската комисија која препорачува да да продолжи работата на Специјалното јавно обвинителство, пишува „Независен“.„Европската Унија потсетува дека е важно да се продолжи со воспоставување отчетност за криминалите кои произлегуваат и се поврзани со илегалните прислушувања“, стои во соопштението од ЕК.

Македонија | пред 6 години

22-4

Тасева: СЈО може да го врати својот кредибилитет, ако новиот лидер е докажан професионалец

СЈО може да го врати својот кредибилитет, но само ако нема повторно импровиозации со поставувањето на неговиот иден лидер, смета Слаѓана Тасева, претседателката на Транспарентност Нулта корупција, по отворањето на случајот „Рекет“ и апсењето на Бојан Јовановски и Зоран Милевски, пренесува „Фактор“.- Потребен е докажан професионалец без законски ограничувања од каде доаѓа, а најважно од се е тој да има личен интегритет и дома и надвор. Лидерството не смее да биде одредено од политичките партии со импровизации во законот и самото назначување како пред четири години. Овој пат нема простор за експериментирање и би додала дека треба постојано на новиот специјален обвинител да му се прават тестови за интегритет, какви што постојат - вели Тасева.Таа смета дека вчерашната акција на Јавното обвинителство и последниот развој на настаните нема да го минираат понатамошното постоиење на СЈО, чиј мандат истекува на 15 септември.

Македонија | пред 6 години

boki13

Боки 13 барал од Константин Георгиески 3.000.000 денари

Телевизијата 1 ТВ чиј сопственик е Бојан Јованоски барала од општина Охрид три милиони денари за услуги кои сакале да ги дадат на градот Охрид во 2019 година.Ваквиот договор никогаш не се реализирал и не дошло до исплата, а најмногу кон тоа Охрид да се спаси од ова придонело тоа што во градот се одржаа предвремени избори за избор на нов градоначалник.По изборите обидите да се постигне договор со општината продолжиле, но Константин Георгиески категорично го одбил барањето на Бојан Јованоски, на кого овој пат директно му било кажано дека нема законска можност за такви милионски исплати за измислени проекти.Во 2018 година на 1ТВ од касата на општината и биле исплатени 1.200.000 денари.КОЈ ВРШЕЛ ПРИТИСОК ДА СЕ ДАВААТ ПАРИ НА БОКИ 13 ?Останува отворено прашањето под чиј притисок општината исплатила пари на телевизијата на Боки 13 во 2018 година?  Неофицијално ургенциите доаѓале од страна на високо позиционирани функционери во СДСМ, кои по изборите во 2019 година прекинале да ургираат кај новиот градоначалник бидејќи најпрво беше најавена партиската „метла“, а потоа беа и поменетени од „метлата“, а во колумните на Бранко Героски лицето кое барало пари за Боки се именува како „Кики“.Со овие пари немал никаква поврзаност Зоран Милески Кичеец кој се терети за поврзаност со изнудите во случајот „Империја“ кои се во милиони евра.

Македонија | пред 6 години

Liderska-sredba-za-imeto

Ќе има ли лидерска во петок?

Премиерот Зоран Заев во понеделниот јавно, на прес конференција повика да се одржи лидерска средба во петок за да се разговара и постигне договор за клучните прашања кои стојат пред државата до одлуката за почеток на преговорите со ЕУ. Заев на средба ги покани Мицкоски, Ахмети и Села, а истата ја најави за во петок во 14 часот во Клубот на пратеници.Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ја одби поканата на премиерот Зоран Заев. Тој вели дека единствено би прифатил лидерска средба ако се разговара за датум за предвремени парламентарни избори.„Не ја гледам потребата од мое присуство на средба на која ќе се разговара за сè и тоа ќе биде алиби, а нема да се разговара за тоа што денес е потребно на Република Македонија, датум кога ќе имаме предвремени парламентарни избори“, рече Мицкоски.Тој потсети дека работни групи од двете партии работат на темите кои што ги предложи Заев за лидерската средба.Од ДУИ потврдија присуство на средбата, а вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи изјави дека партијата ќе го претстави ставот дека земјата има потреба од институција што ќе биде фокусирана на борба против корупцијата на високо ниво во политиката.-ДУИ ќе бара да почне да се реализира иницијативата за ветинг. Сметаме дека тоа е неопходно доколку сакаме враќање на довербата во институциите од страна на граѓаните, но и од страна на институциите на ЕУ и ќе бара да се исполнат сите прашања што ќе ни го отворат патот за добивање датум за почнување на преговори со Унијата, рече вчера Османи по панел дискусијата во МНР.Поканата ја прифати и претседателот на Алијансата за Албанците Зијадин Села. Од Кабинетот на Села наведуваат дека ќе учествуваат на средбата и оти ќе презентираат свои предлози и идеи за прашањата за кои ќе се дискутира.-Добро е што премиерот почнал да ја чувствува вистинската сила на Алијансата за Албанците. Отсекогаш сме мислеле дека вакви лидерски средби треба почесто да се свикуваат кога станува збор за чувствителни државни прашања. Ќе ја прифатиме поканата и сигурно ќе учествуваме во неа со наши предлози и идеи за прашањата за кои ќе се дискутира, стои во информацијата испратена од Кабинетот на Села.

Македонија | пред 6 години

dui

Ќе „летаат“ седум директори од ДУИ?

Според ТВ21, која се повикува на потврдени информации од партијата, се очекува денес да се сменат 7 директори од ДУИ.Со овие потези почнува реконструкцијата на извршната власт во вториот и третиот ешалон, откако претходно беа сменети неколку министри.

Македонија | пред 6 години

azmanov-boki

Сведоштво за рекетот кој го барал Боки 13

Бизнисменот Зоран Азманов уште еднаш јавно потврди дека Бојан Јовановски – Боки 13, го рекетирал.Азманов уште во февруари го обвини Боки 13 за рекет, а сега во изјава за Фактор истото и го потврди. Бизнисменот кажа дека во телевизијата 1ТВ се најдени снимки со наводна компромитирачка содржина од негови приваатни разговори, но најдени се и за многу други бизнисмени. Во рекетот учетсвувале функционери на СДСМ и на претставници од власта.– Рекетарството на Бојан Јовановски, викан Боки 13, кој ги злоупотребуваше врските со бившиот секретар на СДСМ, а воедно исто така беа злоупотребувани и други моќни фигури на власта како што Директорот на финансова полиција, Главната специјална обвинителка Катица Јанева, големиот директор за маркетинг – нејзиниот син кој вчера заврши факултет, а јас сето тоа го кажав пред 6 (шест) месеци и истото денес се потврди, каде што во неговата телевизија се најдени снимки со наводна компромитирачка содржина од мои приватни разговори, меѓу другото најдени се и за многу други бизнисмени со што се потврдува и моето тврдење дека институциите на државата – СЈО и Финансова полиција работеле во спрега со Боки 13 за мое рекетирање, а самата најава на Инсајдер Досие 03, каде сум претставен како Градежна мафија на квадрат, месец и половина пред да биде објавена емисијата, пред да ми се даде шанса да дадам било каков исказ и без да има било какви докази за било каква моја вмешаност на градежен бизнис со државата, ја покажува и докажува рекетарската намера на Боки 13 и неговата телевизија, кој во тоа време уживаше многу голема поддршка од луѓе во втор и трет ешалон од власта, а сега истите се разрешени. – изјави Азманов.Тој тврди дека таквиот рекет Боки 13 не можел да го прави без помош на институциите и без блиски конекции со Јанева и со директорот на Финансова полиција.Целиот текст можете да го прочитате тука

Македонија | пред 6 години

ahmeti

Ахмети бара бомби и за СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

Зошто никој не објавува приватни разговори од членови на ВМРО- ДПМНЕ и од СДСМ, туку само од ДУИ, праша синоќа лидерот на партијата Али Ахмети. Тој зборуваше во Сарај, каде што се избираше претседател на огранокот на ДУИ за Сарај, пренесе ТВ 21. Ги обвини најголемите македонски партии дека го девалвирале сиот процес за доаѓање до правдата и побара веднаш да има ветинг.„Мене ми е жал за прислушкуваните разговори што се објавуваат за ДУИ. Јас не ги слушам тие разговори. Но, како не се случи да се објават приватни разговори за членови на СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ, туку само за членови на ДУИ? Каде се другите разговори? Зошто се објавуваат приватни разговори само од членови на ДУИ? Мислам дека нашиот народ „не јаде трева“! Што направија СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ? Целиот процес го девалвираа. Дури и синоќешниот настан. И, ние со време ги опоменавме дека не сакаме селективна правда.Ние сакаме ветинг, правдата да важи за сите исто“, рече Ахмети, пренесува ТВ21.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања