Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

главни-вести

saso-katica

Ќерката на Сашо Василевски вработена во СЈО преку Катица Јанева

Блискоста на Катица Јанева и екс директор на МЕПСО Сашо Василевски, освен со стан за речиси беспари, решиле уште едно многу битно прашање. Ќерката на Василевски , Марија Василевска ја вработиле во СЈО, објави „Република“.Дека Марија Василевска дипломиран правник, почнала да работи во СЈО во декември 2017 година, за „Република“ потврдуваат и извори од СЈО, а според нашите сознанија таа зема и солидна плата од 49.000 денари. 

Македонија | пред 6 години

bolnica-123

Притисоци за местење на тендерот за реагенси вреден 35 милиони евра

Министерство за здравство, тендерот за реагенси од 35 милиони евра кој не успеа да го спроведе сега се обидува да го реализира на поинаков начин, разделен на повеќе делови по болници. Но, луѓе кои се претставуваат како испратени од Министерството за здравство, вршат притисоци врз директори на болници во сите градови во земјава да го спроведат овој ист тендер но сега на барање на директоите, со нивен потпис и на нивна одговорност да побараат одредена марка апарати за биохемија, дознава „Скопје1.мк“Голем дел од директорите се револтирани и одбиле да спроведат ваква нарачка потенцирајќи дека не сакаат да учествуваат во наместени тендери. По лекарските кругови се шпекулира дека токму одредени смени кои се најавени или се најавуваат се поради одбивање да се спроведе овој тендер кој повторно е во милиони евра, но сега разделен на повеќе делови односно помали зделки.Врз директорите на болници се вршел притисок да побараат на услуга АБОТ апарати за биохемија, со што после тоа на тендерите за реагенси ќе може само една фирма да ги понуди, а со тоа да си обезбеди милионски бизнис, дознава „Скопје1.мк.Дел од директорите најавуваат дека ќе излезат со информации во јавноста за пристисоците, без разлика дали ќе бидат сменети од позициите или не. Минатата година, фирмата „АХР ЛАБ увоз – извоз ДООЕЛ“, беше единствен апликант за тендерот за набавка на апарати и реагенси за лабораториите за испитување на крв во Јавните здравствени установи низ цела Македонија и единствена која конкурираше на тендерот од Министерството за здравство во висина од 35 милиони евра, но подоцна тендерот беше поништен.Фирмата беше регистрирана пред само четири месеци пред да се објави тендерот и нема никакво искуство во оваа област. Управителот Александар Јовановски – Жути кажа дека неправедно неговото име било предмет на шпекулации бидејќи неговата компанија не била директен понудувач на тендерот, туку подизведувач на германската компанија „АБОТ“.Тој тврдеше дека АБОТ е субјектот кој ја ангажирал компанијата „АХР ЛАБ“ во која како управител се јавува Јовановски и ги отфрли сите пишувања на медиумите за неговите пријателски односи со министерот Венко Филипче. „Со министерот за здравство имам професионално-деловен однос, бидејќи сме дел од работењето во здравствениот сектор. Немам никакви лични или бизнис зделки, изјави за медиумите по пропаѓањето на 35 милионскиот тендер.

Македонија | пред 6 години

Mile-Janakieski

Итна операција ќе му биде извршена на Јанакиевски, откако СЈО три пати бараше притвор и го ослободуваше од Шутка

Миле Јанакиески од истражниот затвор Шуто Оризари е пренесен во приватната болница каде што треба да му се прави оперативен зафат. Јанакиевски е во притвор по барање на СЈО, поради како што велат, неодговорно доделување на државни плацови.Според неговите адвокати, тој ќе мора да биде опериран, а неофицијално станува збор за проблеми со преткомората на срцето. Јанакиески минатата недела имал лекарски преглед, по што било дијагностицирано дека има потреба од итна интервенција на срцето.Тој досега три пати беше во притвор во Шутка по разни основи, а до пред една недела штрајкуваше со глад, кој го прекина откако така му беше препорачано од лекарите.

Македонија | пред 6 години

67360781_604020293424612_7992066936714297344_n

(ДА ПОМОГНЕМЕ) Сара и Марко од Струга имаат големо срце: Ги продаваат играчките за обнова на едриличарскиот клуб кој изгоре!

Две мали дечиња од Струга, на штанд ги продаваат играчките за да соберат средства за реновирање на запалениот едриличарски клуб во Струга, кој изгоре пред неколку дена.Објавата се шири на социјалните мрежи, а корисниците велат дека им се кршат срцата кога ги гледаат, пред се, поради нивниот хуман потег.Ве замолуваме, сите кои сте во можност донирајте за обвнова на едриличарскиот клуб во Струга кој беше лоциран на „Машка плажа“ и изгоре пред неколку денови.ДА ИМ ПОМОГНЕМЕДонациска сметка 200003476774193Назив: Донации за снегар Стопанска банка

Македонија | пред 6 години

ohrid-12

Владата бара мораторум за градење во Охрид и Струга

Владата бара мораторум за градење во Охрид и Струга се донесување на Планот за управување со природното и културно наследство. Ваквата одлука беше изглсана на седница на Владата, каде исто така беше повлечен од процедура на донесување Законот за управување со културно наследство во охридскиот регион.Од Владата бараат и план кој ќе го изготват Охрид и Струга, а каде е дадат рокови кога ќе ги спроведат препораките на УНЕСКО.

Македонија | пред 6 години

IMG_2177

Кирацовски: Азманов лаже, ќе го тужам

Откако вчера, бизнисменот Зоран Азманов рече дека пратеникот Александар Кирацовски имал влијание над портал кој објавувач вести за бизнисменот, пратеникот најсви тужба.“Трендот на лажни вести мора да запре.На хаосот од инсинуации кои ја искривуваат вистината мора да се стави крај. За лагите и клеветите (на ниво на глупости), кои господинот Зоран Азманов ги искажа во интервјуто за извесен портал, ќе добие соодветна тужба, секако после шансата да се извини. Демократија Да, анархија од лаги и измислици Не”, напиша Кирацовски на “Фејсбук”.

Македонија | пред 6 години

mkd-369498

(ВИДЕО) Слушнете ја песната „Катица од трето три“: Место ангел стана б*ч, рекет појак од Џокович

Актерот Сашо Тасевски на социјалните мрежи објави видео, од направена преработка на песната „Наташа од трето три“. Песната ја посветува на обвинителката Катица Јанева, на која и пее „За мода и фризура - кич, место ангел стана бич, рекет појак од Џокович. СЈО го вртат чудни закони, еј како врти, Катица од трето три“.Во продолжение слушнете ја неговата нова песна посветена на Јанева која ја наслови „Катица од трето три“.https://www.facebook.com/sasho.tasevski/videos/10157361202442180/

Македонија | пред 6 години

saso-katica

A1on: Екс-директорот на МЕПСО, близок до Јанева, купил имот кој единствен не бил замрзнат во истрага на СЈО

Сашо Василевски, ексдиректорот на МЕПСО, купил стан од фирма на осомничен во истрагата „Поштенска банка“, имот кој СЈО не побарало судот да го замрзне, објави „А1ОН„Порталот пишува дека од преписот во скопскиот катастар кој го добиле и од дополнителната проверка во електронскиот систем може да се види дека станот од 109 квадрати и пет квадрати гаража, Василевски, кој важи за близок човек до специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, го купил на 30 октомври 2018 година по цена од 80 илјади евра.Целиот текст можете да го прочитате ТУКА  

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Општините Охрид и Струга добија 10 дена да подготват акциски план по препораките на УНЕСКО

На оваа своја седница владата ја усвои информацијата за учество на делегацијата на Република Северна Македонија на 43-тиот состанок на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО во Баку, Азербејџан и уште еднаш ја реафирмираше определбата да се зачува статусот на Охридскиот регион како светско наследство впишано во листата на УНЕСКО.Во таа насока, на денешната седница Владата донесе одлука да го повлече Законот за управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион и им препорачува на општините од регионот да прогласат мораториум на градежните активности до донесување на Планот за управување со природното и културно наследство.Истовремено, Владата им препорачува на општините Охрид и Струга, во рок од 10 дена да изготват акциски план со роковник за спроведување на препораките на УНЕСКО за обврски од надлежност на општините и во рок од два дена по усвојување на акциските планови од страна на советите на општините, да ги информираат Министерството за транспорт и врски, Министерството за култура и Министерството за животна средина и просторно планирање.Овие министерства со одлука на денешната седница добија задолжение да ја координираат меѓуинституционалната активност за спроведување на препораките на УНЕСКО и еднаш месечно да ја информираат Владата за прогресот во имплементација на препораките.

Македонија | пред 6 години

izvod

Нови правила при издавање на извод - Јас сум роден во коса црта!

Управата за водење на матични книги до сите подрачни одделенија испратила известување каде детално се објаснува како треба да се внесуваат новороденчињата. Имено:„Согласно потпишаната спогодба помеѓу Република Македнија и Република Грција при издавање на извод од МКР, во полето на државјанство кое е задолжително, ве известуваме дека треба да се пишуваат коси црти за лицата родени пред усвојување на конечната спогодба и уставните амандмани и уставниот закон, односно за лицата родени до февруари месец 2019 год, додека за децата родени по февруари месец 2019 год во графата „државјанство“ треба да пишува „Република Северна Македнија“, стои во дел од известувањето.Ова известување наиде на негативни коментари на социјлните мрежи. Бизнисменот Роберт Милески на социјалната мрежа Фејсбук напиша:„Јас сум роден во коса црта! Абе племето ваше предавничко! Сите ќе одговарате за ова! Сите! До еден! Многу од вас, како оваа Јасна Пецевска, ќе се вадат тогаш како што се оправдувале германските војници кои што вршеле злосторства - дека едноставно прателе наредби. Ама наредбите можат да се одбијат“, напиша Милески на ФБ.https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10220240606304755&set=a.10202128106703585&type=3&theater

Македонија | пред 6 години

milenkovic-4

(ФОТО) Миленковиќ: Охрид е прекрасен, уникатен и единствен

„Охрид е прекрасен. Не сум знаел дека е толку уникатен  и единствен, едноставно  сум  воодушевен“, рече   познатиот виртуоз на виолина  Стефан Миленковиќ од Србија , при неговата прошетка  низ градот со професионален туристички водич.Заедно со неговиот колега пијанистот Владимир Милошевиќ  беа воодушевени од  културно-историското богатство  во стариот дел на градот.– Многупати сум бил во Охрид , сум настапувал на концерти,  но никогаш не сум имал прилика да прошетам и да ги слушнам овие факти за 365-те цркви, за првиот карантин во Европа, за најстариот музеј и универзитет пред Болоња, за светите Климент и Наум. Среќен сум што имав ваква прилика овозможена од фестивалот „Охридско лето“,  рече Миленковиќ.-И јас сум бил во Охрид , но никогаш не сум прошетал со професионален туристички водич. Ова е прекрасна можност да се зазпознае културата, традицијата и историјата на овој толку посебен, прекрасен град. Пресреќен сум што имав ваква можност, рече Милошевиќ.Со голем интерес двајцата врвни музичари ја слушнаа и вековната приказна за охридските бисери од семејството Филеви.  Михајло Филев како добар домаќин им подари бисерни манжетни за спомен од Охрид.-Воодушевен сум од охридските бисери и начинот на нивното производство. Многу сум благодарен за овој подарок и секаде ќе раскажувам за гостопримството во Охрид, рече Миленковиќ.Фестивалот „Охридско лето“ оваа година за прв пат воведе туристички водич за уметниците. Целта е врвните светски музичари и актери да ја слушнат приказната за древниот Охрид и да понесат и споделат  незаборавнни спомени.  

Магазин | пред 6 години

mile-janakieski

Миле Јанакиески има проблеми со срцето мора да се оперира

Поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески има проблеми со срцето. Како што дознава КУРИР од негови блиски, Јанакиески мора да биде опериран.Тој минатата недела имал лекарски преглед, во кој што бил дијагностициран проблем кој барал итна интервенција.Како што дознава КУРИР, во лекарскиот наод е наведено дека Јанакиески има вродена аномалија, каде што ѕидот на преткоморите е истенчен за 70 % и мора да се направи детално, комплицирано испитување.Екс-министерот Јанакиески има фамилијатна историја на здравствени проблеми. Дополнително има и покачен холестерол, а треба да се прави и коронарографија.  

Македонија | пред 6 години

janeva-3

(ФОТО) Катица Јанева пред да излезе на прес гледала во живо на медиумите што се случува во СЈО

Јавната обвинителска Катица Јанева конечно се појави пред јавноста, но дојде, прочита и си замина. Таа пред да се соочи со новинарите како се подготвуваат новинарите во живи на преносот на Макфакс.

Македонија | пред 6 години

janeva

Јанева: Ни свесно ни несвесно не сум ја злоупотребила службата

Катица Јанева денеска се појави во Специјалното јавно обвинителство откако со службеното возило беше доведена и влезе низ гаражните простории. Таа прифати да даде изјава за новинарите. Во продолжение прес конференцијата на Јанева која ја превземаме од Макфакс. https://www.facebook.com/makfax/videos/2057818631181406/

Македонија | пред 6 години

janeva-2

Јанева: Секојдневно сум цел на напади, а не сум ја злоупотребила службата

Катица Јанева денеска се појави во Специјалното јавно обвинителство откако со службеното возило беше доведена и влезе низ гаражните простории. Таа прифати да даде изјава за новинарите, но не и да одговара на новинарски прашања.Во кусата напишана изјава која ја прочита пред новинарите Јанева рече:„ Од моментот на мојот избор за СЈО мојот професионална биогрифија приватниот живот се цел на обиди на препукувања и политички инволвирања. Секојдневно сум цел на напади, а ни свесно ни несвесно, не сум ја злоупотребила службата. Ја депонирав мојата оставка и ќе стане за активна кога политичките партии ќе го одберат мојот наследник. Покажувам висока професионална свест, и со мојата оставка покажувам дека нема на ников начин да влијаам во случајот „Рекет“. СЈО е поголемо и позначајно од мојата сегашна функција. Ова обвинителство беше  и е симбол во борбата против организиран Криминал, рече Јанева.„Во наследство по мојата оставка како Специјален обвинител оставам десетина готови, завршени истраги, кои може брзо да бидат процесирани во обвиненија. Тие ќе го дадат одговорот зошто некој толку жестоко се спротивстави јас да бидам реизбрана на функцијата“, рече Јанева.Таа во изјавата ги охрабри надлежните органи да ја истераат постапка до крај и им порача на граѓаните да направат разлика меѓу тоа како изгледа кога си чист и како кога некој е виновен и бега од јавноста. 

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања