Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

главни-вести

antonio_govornica

Милошоски: Советникот Зафировски нема врска со Макрон, туку тој е помошник на фирмите на Заеви да извезуваат во Србија

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Молошоски, од собраниска говорница денеска обвини дека советникот на премиерот, Љупчо Зафировски, нема никакви врски со кабинетот на францускиот претседател, Емануел Макрон, како што претходно изјави Заев.Заев нешто крие со тоа што не сака да ја сподели биографијата на Зафировски,рече Милошоски, потенцирајќи дека тој нема никакви врски со претседателот Макрон туку дека им помага на Заеви за извезување на прехранбени производи во Србија и Франција.„Но, очигледно е дека премиерот нешто крие. Што крие премиерот? Во Собранието премиерот говореше дека Љупчо Зафировски има посебни дипломатски контакти со кабинетот на претседателот Макрон и со луѓе во владата во Франција. Но, кој е всушност Љупчо Зафировски после некои истражувања. Љупчо Зафировски во 99 година основа фирма за надворешна трговија со прехранбени производи која што фирма се вика Фортуна регистрирана во Скопје. Љупчо Зафировски после одредено време фирмата Фортуна ја регистрира Фортуна и во Струмица за трговија со земјоделски и прехранбени производи. Љупчо Зафировски почитувани граѓани нема никакви врски со претседателот Макрон или пак со негови советници во кабинетот во Париз. Љупчо Зафировски има врски со Заеви кои се занимаваат со производство на храна и им помагал, и се уште им помага да извезуваат прехранбени производи и храна во Србија и Франција. Затоа се крие биографијата на Зафироски и не се кажува кој го потпишал неговиот договор“, рече Милошоски. 

Македонија | пред 6 години

boki-13-1

Боки 13 си го стеснувал кај Орце, а лажел во српски медиуми дека се оперирал во Лондон

Нa 6 ноември годинава во скопскиот граѓански суд треба да се појават неформалниот сопственик на „1 ТВ“, Бојан Јовановски и неговиот правен застапник и адвокатoт на приватна скопска болница во судска парница поради неплатена здравствена интервенција.Неофицијално Орце Камчев т.е „Систина“ го тужи Боки 13 за хируршките интервенции за слабеење и естетика кои беа направени во Македнија, а за кои Боки лажеше дека му се правени во Лондон.Српски курир пишува:„Имаше 130 килограми, носеше штикли, се шминкаше, па ослабе 60 килограми: Боки 13 во Лондон даде многу пари за овој третман. Кога ќе видите како сега изгледа ќе останете без текст. Со сличен наслов и другите српски медиуми пишуваа за Боки 13. Инаку, Боки 13 останал должен за 10.313 евра кон „Систина“.Двете страни ќе се соочат пред судијката Лилјана Зафировска-Петреска во скопскиот граѓански суд во септември.

Македонија | пред 6 години

zena

(ВИДЕО) Маж брутално претепа жена сред Скопје

Жена била нападната од таксисит во близина на Универзитетот св. Кирил и Методиј во Скопје. На социјалните мрежи е споделено видео, каде жената застанува пред такси возило, а потоа, непознат маж истрчува и ја фрла на земја.Во близина има и едно лице кое се обидува да го оттрге мажот од жената, но безуспешно.Според неофицијални информации, тоа е таксистот на возилото.Погледнете го видеото:https://twitter.com/JaNicharce/status/1154289152952872960?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1154289152952872960&ref_url=https%3A%2F%2Ftocka.com.mk%2Fvesti%2F314218%2Fincident-vo-skopje-zena-fizicki-napadnata-vo-blizina-na-kontinental

Скопје | пред 6 години

Ljupco-Zikov

Љупчо Зиков предложен за нов финансов директор на МЕПСО

Новинарот и директор на неделникот „Капитал“ е предложен за директор на финансии и комерција во МЕПСО, дознава „Фокус“.-Секако дека сум информиран, и ја прифаќам оваа покана, сепак треба да поминат законските процедури за да бидам избран на оваа позиција, вели Зиков за „Фокус“.Текстот во целост на: „Фокус“

Македонија | пред 6 години

864A0ED5-7588-43AF-BDDE-FE754C1D0745_w1023_r1_s

Хан: Жалам за јуни, но блиску сте за да направите голем чекор во октомври

Блиску сте за да направите голем чекор во октомври, рече еврокомесарот Хан на денешната пресконференција. Хан додаде дека корупцијата и оранизираниор криминал се главните точки на кои треба да биде фокусирана владата. Еврокомесарот беше дециден веднаш да се преземат чекори и да се обезбеди независно обинителство.Премиерот Зоран Заев пак истакна дека Еврокомесарот Хан е искрен поддржувач за нашето членство во ЕУ.Нашите очи се фокусирани на октомври очекуваме ЕУ да го одржи зборот и тогаш да ни даде датум за отпочнување на преговорите за членство во ЕУ, рече премиерот Зоран Заев по средбата со еврокомесарот Јоханес Хан.Тој го рече дека носењето на новиот закон за Јавно обвинителство, како придонес кон владеењето на правото во државата. Никој не  е привилегиран, никој нема да биде амнестиран, порача Заев.Тој заврши со зборовите Македонија се докажа и покажа како земја во која владее правото. 

Македонија | пред 6 години

QJ5k9lMaHR0cDovL29jZG4uZXUvaW1hZ2VzL3B1bHNjbXMvTnpRN01EQV8vOTdhZjFmYzY0YTMyOGQwNzhlYWE5NjA1NmYyMjI2MjkuanBlZ5GTAs0EsACBAAE

Пожар во Атина, го гаснат 170 пожарникари

Повеќе од 170 пожарникари учествуваат во гаснењето на пожарот што изби вчера во Асопија, 70 километри северно од Атина. Нивните напори во гаснењето ги отежнува силниот ветер.Шефот на противпожарната екипа наредил евакуација на два монаси од манастирот Цацари Профитис Елиасод превентивни причини, пренесе АНА.Во гаснењето на пожарот учествуваат и шест камиони, 15 авиони и три хеликоптери. Противпожарната служба соопшти дека пожарот кој избувна вчера попладнето, поради ветерот брзо се проширил кон шумата и дека причината за неговото избувнување се уште се истражува.

Свет | пред 6 години

ohrid-dzamijata-minare-6

Фирмата на Нефи дава најниски цени и на тендери и на приватни компании

Тендерите не се местени, цените биле реално најниски !Погрешен е впечатокот со се креира во јавноста дека компанијата на политичарот Нефи Усеини добивала тендери преку неговата функција советник во општинскиот Совет бидејќи фирмата „Нефи Ик“ реално дава најниска цена при изведбата на работите.Покрај најниските цени со кои тој учествувал на тендерите, „Нефи Ик“ има најниски цени и кон приватните компании па така неговата градежна фирма врши ископ скоро на сите градежни објекти каде инвеститори се приватни компании бидејќи на пазарот има најниска цена, па затоа скоро низ цел Охрид се среќаваат табли со името на фирмата „Нефи Ик“ бидејќи приватните инвеститори сакаат да работат со фирмата на Нефи.„ Кај мене тој урна стар објект и изврши ископ бидејќи има најниска цена. На повеќе објекти со него работам и задоволни сме и од сработеното и од цената“ коментира за „Скопје 1“ инвеститор во недвижнини од Охрид.„Антикорупциска комисија“ побара Локаланта да ги раскине сите тендери со фирмата на советникот Нефи Усеини бидејќи комисијата по претходно пристигнати преставки од истражувачки центри и партија, оцени дека се прекршени законски одредби и има судир на интереси.Нефи Усеини последните месеци е постојано присутен речиси во сите медиуми во земјава.

Македонија | пред 6 години

dksk_0_0

ЕКСКЛУЗИВНО: „Антикорупциска“ побара раскинување на сите договори со фирмите на Нефи Усеини

Институциите кончено се подразбудија !„Антикорупциската комисија“ преку официјален допис испратен до власта во Охрид побара да се раскинат сите договори со фирми во сопственост на советникот во Советот на општина Охрид, Нефи Усеини.Ваквиот епилог доаѓа од како еден реномиран новинарски истражувачки центар поднесе документи до комисијата, а истото го стори и опозициската ВМРО ДПМНЕ.Комисијата констатирала дека има судир на интереси  жи повреди на законите, и од утре градоначалникот на Охрид Константин Георгиевски и директорите на јавните претпријатија мора да ги раскинат договорите со фирмите во сопственост на Нефи Усеини, по што ќе мора за истите набавки повторно да распишат тендери.Компании на Нефи имаат шест тендериКомпании во сопственост на Нефи Усеини имаат најмалку шест тендери кои во моемнтов се спроведуваат во ЈП „Охридски Комуналец“ и во ЈП „Градски Гробишта“.Медиумите преполни со текстови за Нефи УсеиниПо почетокот на градбата на пицеријата кај охирскиот стар чинар и градбата на бетонската база Нефи Усеини од бизнисмен кој со години беше повлечен и речиси непознат во меидумите, преку ноќ стана „електронска ѕвезда“ и неговото име со месеци наназад е присутно на порталите и телевизиите. Неретко има денови кога тој е главен медиумски лик во вестите на медиумите, а некогаш неговата слика доминира на „ Фејсбук“ на постовите од порталите и ги потиснува сите политичари.Интерес за активностите на советникот покажуваат сите медиуми и до денес тој од медиумите на некој начин „одмори“ само во деновите кога изби аферата „Рекет“.

Македонија | пред 6 години

momce-plocki

(ФОТО) Потресна приказна на Скопјанец: Дете лежело на плочки со саати, сите го одминувале како да не го гледаат

Жител на Скопје сподели потресна случка на социјалните мрежи. Вчеравечер, додека шетал, забележал момче кое лежело на плочките од патеката во Скопје. Се обидел да го разбуди, но не успеал. Веднаш реагирал и викнал Брза помош. За разлика од него, многу минувачи го одминале младото момче.„Јас реагирав, ги узурпирав минувачите, се викна Брза помош, чија екипа констатираше дека детето било само во длабок сон. Колку часа спиело вака на плочките и колку минувачи поминале покрај него како да не го применуваат, не знам. Знам само, дека судбината на оваа категорија гладни семејства, на чии деца земјата им е постела, а небото покривач, не треба да биде грижа на хуманите граѓани, туку на државата. Особено кога таа се нарекува социјална држава!“, напиша тој на социјалните мрежи.

Коментари | пред 6 години

IMGP4309

Нефи најави дислокација на базата откако Констанин ќе му дадел нова локација

Бизнисменот и политичар Нефи Усеини најави дека ќе ја дислоцира бетонската база која е изградена до Охридско Езеро без дозвола и дека во моментов преговарал со градоначалникот на Охрид Константин Георгиевски околу нова локација за бетонска база.Тој во изјава за порталот „А1.он“ вели дека во моментов е во преговори за законски да го реши проблемот, и дека од како ќе се договореле со властите , ќе пристапеле кон барање дозвола за дислокација на бетонската база.Локалната самоуправа и полицијата до сеуште тврдат дека овој индустриски објект на диво го изградило непознато лице, и пријавите кои ги поднеле се против непознато лице.Целиот текст прочитајте го Т У К А.

Македонија | пред 6 години

boki-13

„А1 он“: Приватна болница го тужи Боки 13, не ја платил операцијата

„А1 он“ дознава дека пред судијката Лилјана Зафировска-Петреска во скопскиот граѓански суд нa 6 ноември годинава треба да се појават неформалниот сопственик на „1 ТВ“, Бојан Јовановски и неговиот правен застапник и адвокатoт на приватна скопска болница во судска парница поради неплатена здравствена интервенција.  Долгот за кој е поведен спорот е 10.313 евра, а станува збор за операција која популарниот Боки 13 ја извршил неодамна во приватната болница, објави „А1 он“. Текстот во целост на: „А1 он“ 

Македонија | пред 6 години

PrtScr-capture_4

Заев: И мене не ми се допаѓаше Вилма Русковска едно време

Премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање рече дека тој не ја назначил шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција на чело на новото Обвинителство, туку дека таа била моментално на таа позиција.„И мене не ми се допаѓаше Вилма Русковска едно време”, рече Заев.Премиерот рече дека во новиот предлог-закон не е запознат дека наместо истраги се користи зборот постапки, за кои би требало да одлучува судот. 

Македонија | пред 6 години

gradon

Наташа Петровска: Надлежните органи досега не ме контактираа за случајот „Рекет“

Истражните органи досега не ме контактираа во врска со случајот „Рекет“, изјави денеска градоначалничката на Битола, Наташа Петровска одговарајќи на новинарско прашање дали е вклучена во истражните дејствија на надлежните органи за овој случај, објави Сител.– Во овие околности не сакам да зборувам за постапка и процес што ги водат други органи. Кога ќе бидам запрашана од надлежни институции ќе дадам одговор, кусо изјави Петровска, додавајќи дека доколку тоа од неа биде побарано веднаш ќе се јави пред надлежните органи.Извор: Сител телевизија 

Македонија | пред 6 години

PrtScr-capture_4

(ВО ЖИВО) Прес конференција на премиерот Зоран Заев

Прес конференција на премиерот, Зоран Заев.  Следете ја прес конференцијата овде во живо.

Македонија | пред 6 години

danela

Уште еден бизнисмен од голема компанија жртва на рекет

Уште еден бизнисмен, член на Сојузот на стопанските комори на Македонија пријавил дека бил подложен на рекет, а претседателката на ССК Данела Арсовска бара брза разрешница на состојбата.Бизнисменот случајот го пријавил во ССК, но сепак, од таму велат дека тие не се орган за истражување и гонење. Таа истакна дека станува збор за голема компанија, без да изнесува други детали за сопственикот.- Има повеќе од еден случај кој пријавил, дали за оваа или за друга ситуација и се ќе направиме што е во наша надлежност да ги заштитеме членовите и да се потрудиме да не се повтори, бидејќи тоа е од интерес за сите нас, изјави Арсовска. 

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања