Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

главни-вести

Нема фотографија

Петар Богојески: ВМРО ДПМНЕ во овој момент е целосно на погрешна страна од историјата

По информацијата дека Заменик генералниот секретар на ВМРО ДПМНЕ и реформатор , Петар Богојески е разрешен од функцијата, тој се огласи на социјалните мрежи и ја поздрави одлуката на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во врска со неговиот активизам во раководните структури но не и во Партијата.„Искажувам благодарност што сум ослободен од одговорноста што ја носев на себе и ја пренесував врз другите луѓе во Иницијативата за реформи.Едноставно непомирливи се нашите два концепти, едниот за демократизација, модернизација и европеизација, а другиот за клиентелизација, криминализација и авторитарен кариеризам во ВМРО ДПМНЕ. Невозможно е двата да функционираат заедно, а при тоа да се унапреди работењето на Партијата на принципиелни основи“, напиша Богојески.Тој додава и дека ВМРО ДПМНЕ во овој момент е целосно на погрешна страна од историјата, во целосно погрешен правец, и се надева дека за кратко ќе биде тоа констатирано и ќе биде земен друг тек.„Ќе повторам, го поразивме Груевски, но не и груевизмот во нас. Се плашам дека тие политики одат во корист на плановите за поширока политичка и безбедносна дестабилизација на регионалната стабилност, што ќе резултира со загрозување на македонската државност, што за мене е без простор за било каков компромис. Мојата максима беше и останува “Да изгубиме сите, а да добие Македонија!”. Република Македонија ќе биде членка на НАТО и ЕУ, со или без овие политички елити на македонската политичка сцена“, пишува пратеникот.Исто така напиша и дека е подготвен на се, само Македонија да излезе од балканскиот кружен тек и да земе правец за Европа.„Мотивирани и сигурни во нашата вистина, продолжуваме понатаму со уште поцврсти и порешителни чекори за реформи и обнова на Партијата“, стои во објавата.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

ДОЈЧЕ ВЕЛЕ : ВМРО-ДПМНЕ во нова радикализација на штета на Македонија

„Референдумoт е неуспешен, рефрендумскиот резултат е фалсификат, и согласно со тоа, Договорот од Преспа е политички мртов“. Ова е заклучокот што го донел синоќа Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, а на јавноста и го соопшти партискиот потпретседател, Александар Николоски. Тој информираше дека ИК ги разгледал и ги прифати предлозите на партискиот претседател, Христијан Мицкоски, и донел неколку заклучоци: Во Собранието да се формира Анкетна Комисија која ќе ги истражува сите неправилности на референдумот, и тие да бидат санкционирани; Да биде разрешен актуелниот Јавен обвинител и да се избере нов на предлог на опозицијата. Ако Заев предлага избори, покрај тие две барања, веднаш да се формира техничка влада по пржинскиот модел со мандат од 100 дена, што значи оставки на Заев, Спасовски и Царовска и на нивно место министри од ВМРО-ДПМНЕ. ИК одлучил и да се формираат Републички и Градски изборен штаб (за Скопје), при што за претседател на првиот бил избран Генералниот секретар, Игор Јанушев, а на вториот потпретседателот на партијата, Владо Мисајлоски.Реформистите на ударВчерашните одлуки на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, аналитичарот Петар Арсовски ги оценува како влез во уште поголема радикализација на партијата.„Ова е уште еден чекор на ВМРО-ДПМНЕ против Договорот и против ЕУ и НАТО. Сакајќи да одбележат успех на нивната позиција на референдумот, ја заоструваат реториката, се противат на пораките на меѓународната заедница и стануваат уште порадикални. Нивната најава за формирање изборни штабови ништо не значи. Ем формираат штабови, ем бараат пржинска влада исклучиво 100 дена, а знаат дека тоа е невозможно според динамиката на Договорот од Преспа, така што, тоа не открива дали навистина ќе учествуваат на избори“, констатира Арсовски.Повеќе:-Македонија - фактор на масата или мезе за други?-Парламентот ќе ја тестира одговорноста на опозицијата-Референдум или ајвар!Но, изјавата на потпретседателот Александар Николоски, откри дека партијата не ја кажува вистината пред јавноста, и покажа дека наместо да се демократизира таа ги зајакнува авторитарните тенденции. Запрашан дали е точно дека ќе бидат разрешени некои членови на ИК,тој одговори: „ИК нема ингеренции да разрешува членови, тоа е работа на Централниот Комитет“. Но, токму извори од ИК потврдија дека вчера бил разрешен заменикот-генерален секретар, Петар Богојески, еден од иницијаторите за реформи во партијата. Тој се залагаше членството да излезе на гласање, и самиот најави дека ќе излезе на референдумот и ќе гласа „против“, што не беше во спротивност со партискиот став „секој сам да одлучи како ќе постапи“„ВМРО-ДПМНЕ, и покрај таквиот деклариран став - секој да постапи по свое убедување, се покажа дека поддржувал организиран бојкот на рефрендумот“, потсетува Арсовски.СДСМ: Да се почитува изразена волјаВо исто време, синоќа се одржа и седница на Извршниот одбор (ИО) на СДСМ.„Сериозен е процесот пред државата, ќе се обидеме со пратениците, ќе се обидеме со пратениците, ќе се обидеме да направиме се што можеме“, кусо изјави премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, по состанокот на Извршниот Одбор.Како што соопшти партијата, членовите на ИО едногласно заклучиле дека кога има јасно изразена мнозинска волја, пратениците во Собранието треба да го следат гласот на мнозинството од над 600.000 граѓани и да преземат одговорност за да се забрзаат процесите за конечно членство во НАТО и ЕУ.„Огромното мнозинство, над 90 отсто од граѓаните што излегоа на гласање избраа 'за' и порачаа дека Република Македонија треба да го прифати договорот со Грција и да стане членка на НАТО и ЕУ со зачуван македонски идентитет. Доколку тоа не е возможно, и ВМРО-ДПМНЕ и натаму ја кочи иднината на граѓаните и ја турка земјата во бездна, тогаш нема друга опција освен предвремени парламентарни избори веднаш, на кои граѓаните ќе одлучат за иднината“, заклучил Извршниот одбор на СДСМ.Во соопштението се потенцира и дека „никој не треба да се надева на амнестија, дека станува збор за многу важно прашање за земјата, а се друго е поигрување со иднината и обид за враќање на земјата во изолација и небиднина“.ИО ги овластил претседателот на СДСМ, Зоран Заев, и координаторот на пратеничката група, Томислав Тунтев, да ги преземат сите потребни чекори во насока на подготовка за предвремени парламентарни избори.Малески: Бојкотот е опструкцијаАналитичарите сега очекуваат одговорност и мудрост од сите политички субјекти. Поранешниот амбасадор и министер за надворешни работи, Денко Малески, со загриженост ги коментира актуелните состојби.„Никој не го поставува прашањето: Каков е тој референдум кој опозицијата и претседателот го бојкотираат? Бојкотот е опструкција со идеја рефрендумот да пропадне. Тоа е крајно загрижувачко. Ние инсистираме на демократија, а не знаеме доследно да ја почитуваме“, констатира Малески.Денко МалескиВо  барањата на опозицијата тој препознава обид за продолжување на истата стратегија како со бојкотот - опструкција на сите процеси и играње со роковите кои се многу тесни.„Жално е ако се оди во опструкции. Во зрелите демократии има свест за моментите кои не треба да се пропуштат. Не сум сигурен дали кај нас има таква свест. Кај опозициските пратеници мислам дека во прашање се стравови од лични консеквенци, а тоа е страшно за партија што се декларира како демократска“, оценува Малески.Тој укажува на нужноста од елементарно ниво на соработка меѓу партиите, бидејќи без таква соработка, ќе се руинира државата.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Предвремените избори стануваат се поизвесни

Владеачката СДСМ со барање пратениците да гласаат за уставни измени или да се оди на предвремени избори, опозициската ВМРО - ДПМНЕ формираше републички изборен штаб и ги повтори веќе познатите барања - нов јавен обвинител, анкетна комисија за референдумот и техничка влада по „Пржински модел“СКОПЈЕ - „Преспанскиот договор е мртов и е празно слово на хартија. Резултатите од референдумот не ги признаваме. Заев ќе го победиме на избори“, кажа потпретседателот на ВМРО - ДПМНЕ, Александар Николовски, по вечерашната седница на Извршниот комитет (ИК) на партијата.Иако и по седницата на ИК, најголемата опозициска партија е без официјален став околу предвремените избори, оттаму соопштија дека е формиран Републички изборен штаб кој ќе го води генералниот секретар Игор Јанушев и Градски изборен штаб на Град Скопје чиј претседател е назначен потпретседателот на партијата Владо Мисајлоски.Од изјавата на потпретседателот Николовски може да се заклучи дека ВМРО - ДПМНЕ останува на истите барања. Од партијата се на ставот дека е извршен фалсификат на референдумот и дека се полнети гласачките кутии па затоа бараат формирање на Анкетна комисија во Собранието која ќе ги испитува овие наводи. Исто така се бара и разрешување на Јавниот Обвинител, Љубомир Јовески, и назначување на нов по предлог на опозицијата.„ Иницијатива за формирање на Анкетна комисија веќе е поднесена. Комисијата која ќе има задача да ги истражува и разгледува сите неправилности и нерегуларности кои се случија на денот на референдумот. Бараме разрешување на актуелниот Јавен обвинител кој е предложен од власта, а не ја извршува својата задача согласно ингеренциите и должностите односно замижува пред очигледниот криминал и нерегуларности пред, на денот и после референдумот и избор на нов Јавен обвинител на предлог на опозицијата кој ќе треба да се позанимава со сите овие нерегуларности“, изјави Николовски.Во насока на предвремените парламентарни избори Николовски кажа дека од партијата остануваат на барањето да има исти услови како и на изборите во 2016 година.„ Потребно е веднаш да се почитува договорот и законот за избори каде ќе се формира техничка влада според пржинскиот модел со мандат од 100 дена. Тоа значи оставки на Заев, Спасовски и Царовска и министри за внатрешни и за труд и социјала од ВМРО-ДПМНЕ 100 дена. Само тоа ќе е предуслов за колку толку фер избори“ појасни Николовски.Неофицијално, на седницата на Извршниот комитет е разрешен и заменик генералниот скретар на партијата, Петар Богојески, кој се спротивстави на бојкотот и отворено се залагаше за масовен одзив на референдумот.Кои ќе бидат следните чекори на опозициската ВМРО - ДПМНЕ останува да се договорат утре на седница на Централниот комитет (ЦК) како највисоко тело во партијата.И владеачката СДСМ вечерва имаше состанок на Извршниот одбор (ИО). Оттаму соопштија дека бараат од пратениците во Собранието да ја уважат волјата на мнозинството од над 600 илјади граѓани и да преземат одговорност за да се забрзаат процесите за членство во НАТО и ЕУ.„ Доколку тоа не е возможно и ВМРО-ДПМНЕ и натаму ја кочи иднината на граѓаните и ја турка земјава во бездна, тогаш нема друга опција освен предвремени парламентарни избори веднаш, на кои граѓаните ќе одлучат за иднината, заклучи Извршниот одбор на СДСМ“, стои во соопштението од партијата.Оттаму додаваат дека Извршниот одбор ги овластил претседателот на СДСМ, Зоран Заев, и координаторот на пратеничката група, Томислав Тунтев, да ги преземат сите потребни чекори за подготовка на предвремените парламентарни избори.И СДСМ за утре најави седница на Централниот одбор на партијата.Доколку не се постигне договор со опозициската ВМРО - ДПМНЕ околу обезбедување на двотретинско мнозинство за гласање на уставните измени, премиерот Заев најави дека предвремените парламентарни избори ќе се одржат на 25 ноември а тоа значи дека треба да бидат распишани најдоцна до 10 октомври односно идната среда.Извор: Гласот на Америка

Македонија | пред 7 години

Zoran-Zaev-1-by-SDSM-4x3

СДСМ: Ако не се усвојат уставните измени, веднаш да се оди на избори

– Извршниот одбор на СДСМ на вечерашната седница заклучил дека пратениците во Собранието треба да ја следат јасно изразената волја на мнозинството од над 600 илјади граѓани, да преземат одговорност и да се забрзаат процесите за конечно членство во НАТО и ЕУ. Доколку тоа не е можно, како што се наведува во партиското соопштение, тогаш веднаш ќе се оди на предвремени парламентарни избори.Извршниот одбор, како што се наведува во соопштението, ги овластил претседателот на СДСМ, Зоран Заев, и координаторот на пратеничката група, Томислав Тунтев, да ги преземат сите потребни чекори во насока на подготовка за предвремени парламентарни избори.– Огромното мнозинство, над 90 отсто од граѓаните што излегоа на гласање избраа „ЗА“ и порачаа дека Република Македонија треба да го прифати договорот со Грција и да стане членка на НАТО и ЕУ со зачуван македонски идентитет. Членовите на Извршниот одбор едногласно заклучија дека сега, кога има јасно изразена мнозинска волја, пратениците во Собранието на Република Македонија треба да го следат гласот на мнозинството од над 600 илјади граѓани, да преземат одговорност и да се забрзаат процесите за конечно членство во НАТО и ЕУ. Доколку тоа не е возможно и ВМРО-ДПМНЕ и натаму ја кочи иднината на граѓаните и ја турка земјава во бездна, тогаш нема друга опција освен предвремени парламентарни избори веднаш, на кои граѓаните ќе одлучат за иднината, заклучил ИО на СДСМ.Членовите на Извршниот одбор оцениле дека треба да се искористат сите демократски можности, да им се овозможи на пратениците да го следат гласот на граѓаните и да обезбедат членство на Македонија во НАТО и ЕУ.– Никој не треба да се надева на амнестија. Станува збор за многу важно прашање, за иднината на земјата, за иднината на граѓаните и фокусот на сите парламентарни партии треба да биде на ова прашање. Се друго е поигрување со иднината и обид за враќање на земјата во изолација и небиднина, се потенцира во соопштението.На седницата било заклучено дека референдумот во неделата поминал во мирна, фер и демократска атмосфера. По седницата на Извршниот одбор на СДСМ, која траеше два часа, куса изјава даде само премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев.Заев не прецизира за што се разговарало, посочувајќи на партиското соопштение за медиумите.Прашан дали во текот на денот имало некаква комуникација со преставници на ВМРО-ДПМНЕ за евентуален договор за усвојување на уставните амандмани во Собранието, Заев кусо кажа дека ќе се направат сите можни обиди да се најде решение.– Сериозен е процесот пред државата. Ги знаете нашите ставови.  Ќе се обидуваме со пратениците. Се ште можеме ќе направиме. Ги знаете нашите ставови, не би кажувал детали, изјави Заев по состанокот на ИО на СДСМ.

Македонија | пред 7 години

43074562_2165386260457477_7180103631398502400_o

(ФОТО) Дилери уапсени на Стража

Ноќеска (02.10.) во рамки на засилените активности на Министерството за внатрешни работи во борба против недозволената трговија со дрога приведени се шест лица и запленети околу 22 килограми марихуана, соопшти денеска портпаролот на МВР Тони Ангеловски.-Марихуаната била транспортирана од Албанија во Македонија. Имено, на превојот „Стража“ од страна на полициски службеници запрени се две патнички моторни возила и при извршен претрес во возилото „Шкода суперб“ пронајдени и одземени се две вреќи со марихуана. На местото на настанот лишени се од слобода три лица од Скопје, меѓу кои и организаторот на транспортот на дрогата К.Р.(29) од Скопје, кој претходно бил осуден на казна затвор во траење од 11 години и бил во бегство од Казнено поправна установа „Идризово“, а се барал по распишана потерница. Лишени од слобода се и Р.И.(23) и С.Е.(22)- рече Ангеловски.К.Р. планирал дрогата да ја продава на подрачјето на Скопје, Велес и Тетово. Извршени се претреси во Скопје и кај Р.И. е пронајдено околу 50 грама кокаин, 16 паковки со кокаин и дигитална вага, како и 46 куршуми калибар 22мм., додека кај С.Е. пронајдени биле околу 700 грама марихуана и таблети екстази и дигитална вага.-Извршени се претреси и во Струга и Охрид, при што лишен од слобода е Ш.Т.(36) кој ја набавил запленетата марихуана од Р. Албанија, а исто така во врска со овој случај од слобода се лишени и Д.О.(62) од Струга и А.И. (42) од Охрид. Запленети се и две патнички возила, околу 3.000 евра и 4.000 денари кои потекнуваат од продажба на дрога, а од страна на Министерството за внатрешни работи се преземаат мерки и активности за идентификување на други инволвирани лица во случајот. По целосно документирање на настанот ќе биде поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција за сторено кривично дело по чл.215 став 3 „недозволено производство и пуштање во промет наркотични дроги и психотропни супстаници““, соопшти Ангеловски.

Македонија | пред 7 години

1200px-Informal_meeting_of_ministers_for_foreign_affairs_Gymnich._Arrivals_Nikola_Dimitrov_36957321831

Димитров: Избирачкиот список не е реален

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, изнесе неколку факти за референдумот, посочувајќи дека избирачкиот список не биле реален што влијаело на цензусот и негово неисполнување. Димитров посочува дека позициската ВМРО-ДПМНЕ не учествуваше во рферендимот, затоа што, како што вели, партијата се плашела од пораз.„Дали е факт дека на референдумот не гласаа повеќе од половината граѓани (903.169) од вкупно запишаните на избирачкиот список (1.806.336)? Да.Дали е факт дека избирачкиот список не е воопшто реален, ако се земат предвид податоците на Фондот за здравствено осигурување? Да. 416.382 се малолетни лица, без право на глас, од вкупно 1.872.466 осигуреници. Дали стотици илјади граѓани ни се иселени? Да.Дали е факт дека референдумот беше консултативен, односно незадолжителен? Да.Дали е факт дека без формална излезност, одлука на народот, одлуката се враќа на институциите? Да.Дали е факт дека со постигната излезност беа потребни само 441.585 гласови ЗА? Да.Дали е факт дека имавме 609.813 гласови ЗА? Да. Тоа значи дека не ни требаа повеќе гласови ЗА, туку повеќе гласови ПРОТИВ. Дали е логично да фалат гласови ПРОТИВ, за резултатот да биде ЗА? Не е.Дали е факт дека 609.813 граѓани се поголемо мнозинство од сите граѓани кои гласале на парламентарните избори во 2016 (1.191.854) и од сите кои гласале на локалните избори во 2017 (1.079.876)? Да.Дали е факт дека во програмата на ДПМНЕ на страна 295 пишува дека референдумот ќе биде успешен доколку го поддржат мнозинство од граѓаните кои ќе ИЗЛЕЗАТ да гласаат, а не мнозинство од запишаните на избирачкиот список? Да. Еве цитат:“ВМРО-ДПМНЕ, како одговорна и народна партија, нема да дозволи кое било решение за спорот кој го наметна Грција, да биде прифатено од страна на политичари поединци, Влада или Собрание, без претходно за тоа да се изјаснат македонските граѓани на референдум, а при тоа мнозинството од граѓаните кои ќе излезат на референ- думот да се согласни со можното решение.”Дали е факт дека прашањето за референдумско консултирање на граѓаните за прашањето за името беше воведено од сегашната опозиција за сега да “апстинираат”? Да.Дали е факт дека се плашеа од пораз и решија да не учествуваат (секоја чест на исклучоците) и да се кријат зад иселените, кои решиле да си ја бараат Европа надвор од Македонија? Да.Дали е факт дека ова мнозинство граѓани, кое би победило и на парламентарните во 2016 и на локалните во 2017 сака Македонија да оди напред? Да.Дали Собранието ќе најде сила да го слушне гласот на мнозинството? Гласот на народот? Ќе видиме деновиве.Да имаше еден, ЕДЕН глас ПРОТИВ повеќе, ќе се поклоневме и ќе креневме раце. Но со вака убедливо мнозинство ЗА, наша должност кон народот е да најдеме начин да зачекориме напред, без или со нови избори.Да беше лесно, немаше да биде историски. Напред и нагоре! Ќе не’ биде!“, напиша тој на својот фејсбук профил.

Коментари | пред 7 години

00CC9C2E-3EA8-441B-AE9E-2D45997BB778

За пет дена ќе се знае дали Јанкуловска ќе оди во затвор, таа плаче во судницата

Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска во завршните зборови на одвоената постапка за случајот „Тенк“ рече дека кај дел од судечкиот совет, чиј претседател е судијката Добрила Кацарска, постои пристрасност уште од самиот почеток на судскиот процес. По завршувањето на рочиштето, беше кажано дека за пет дена ќе се знае дали Јанкуловска е виновна за набавката на луксузниот мерцедес, но и дали ќе оди во затвор. Поради семејната ситуација, ексминистерката може да добие поблага казна.Јанкулоска низ солзи ја прокоментира одлуката на Судечкиот совет во експресен рок да го заврши процесот.„Ова постапка се води во исклучителни околности за мене. Постои пристрасност кај мнозинството од судечкиот совет кој јавно искажа став дека сум виновна уште при носење на пресудата за Ѓоко Поповски и Никола Груевски. Дополнителна околност за пристрасност е носење на одлука во експресен период. На почетокот на Процесот требаше да се грижам за дете кое имаше 2 месеци, а сега на крајот има 3 месеци“, рече Јанкулоска низ солзи.

Македонија | пред 7 години

sobranie-35sbe8xjpqmifqplcxs9hc

Нема преговори со опозицијата, ќе има избори

Парламентарното мнозинство е порасположено за предвремени избори наместо да се водат преговори со опозициските пратеници и да се убедуваат да гласаат за уставни измени во согласност со договорот од Преспа. Охрабрени од повеќе од 600 илјади гласа „за“ на референдумот, некои од пратениците од владејачкото мнозинство за „Макфакс“ велат дека постои подготвеност уште веднаш, односно до крајот на неделата да се распишат избори, на кои очекуваат да освојат повеќе пратеници и да се загарантира двотретинско мнозинство во Собранието.Другата опција за која се размислува е спроведување тајно гласање во парламентот, со заокружување гласачко ливче „за“ или „против“. Според Деловникот на Собранието ,тајното гласање може да се спроведе по предлог на претседателот на Собранието или на еден пратеник, чие барање го поддржуваат десет пратеници. Со таквото гласање во јавноста се соопштува само резултатот од гласањето, а не и податокот кој пратеник како гласал. Двете алтернативи, сепак, ќе го чекаат исходот од преговорите што ги најави премиерот Заев со опозициските пратеници.Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека сè уште немало никаква средба во ниту еден формат, а според нив, воопшто и нема потреба да се преговара за уставни измени бидејќи референдумот не помина и не треба да се прават понатамошни чекори кон легализација и вметнување на договорот во правниот систем.За да почне постапката за уставни измени, на владејачкото мнозинство му недостигаат уште девет пратеници. Ако не успее да ги убеди, премиерот Заев најави предвремени парламентарни избори, а како можен датум го спомена 25 ноември.

Македонија | пред 7 години

atentat

23 години од атентатот врз првиот претседател Глигоров, истрагата сѐ уште е отворена

На 3 октомври 1995 година беше извршен атентат врз првиот претседател на Република Македонија, Киро Глигоров, кој тој го преживеа со тешки повреди на главата.На местото на атентатот загина неговиот возач Александар Спировски, а беше повреден телохранителот на Глигоров, Илчо Теовски. Како последица од повредите почина и случајниот минувач Христо Христоманов, а беа повредени и Климе Коробар и Јован Атанасовски.Останува непознато кој стоел зад атентатот. Истражната постапка која се води против непознат сторител се уште е отворена. Истрагата утврди дека атентатот бил добро подготвен и организиран и оти само среќна околност е што претседателот Глигоров го преживеа атентатот.Нападот беше извршен со автомобил-бомба на 3 октомври 1995 година во 9.50 часот на улицата „Македонија“ пред хотелот „Бристол“ во Скопје кога Глигоров со службено возило се движеше од неговата резиденција на работното место во Собранието на Република Македонија.Во автомобил „цитроен ами 8“ биле скриени 20 килограми експлозив, кој бил активиран со далечински управувач кога возилото на Глигоров се движеше кон зградата на Собранието. Пред експлозијата службеното возило на претседателот на улицата „Македонија“ го забавил автомобил фиќо.Во истрагата биле претресени 30.850 возила и прегледани повеќе од 15.000 објекти, легитимирани биле повеќе од 188.000 лица, од кои 19.000 биле претресени. МВР извршило и повеќе информативни разговори со луѓе за кои сметало дека се можни сторители на атентатот, но сите тие биле пуштени по испрашувањата.Киро Глигоров почина на 1 јануари 2012 година на 94 години.

Македонија | пред 7 години

soob

13 сообраќајки во Скопје, две лица потешко повредени

Еден пешак и еден сопатник се здобиле со тешки телесни повреди, а осум лица со лесни телесни повреди во седум од вкупно 13 сообраќајни незгоди на подрачјето на Град Скопје.Откриени се поголем број прекршоци и санкционирани се 27 возачи кои возеле побрзо од дозволеното, еден возач под дејство на алкохол, 14 пред да се стекнат со правото на управување моторно возило и двајца почетници. Од сообраќај се исклучени и две возила кои биле технички неисправни и 17 нерегистрирани возила.Сообраќајната полиција издала 59 казни за непрописно паркирање, а со специјалното возило „пајак“ отстранети се 64 возила.Полицијата санкционирала и еден возач кој поминал крстосница на црвено светло, двајца возачи кои не дале првенство за минување на пешаците, еден за неправилно престројување и еден за неправилно престигнување.Одделението за превенција во текот на вчерашниот ден реализира посебна воспитна мерка сообраќајна поука, на која присуствуваа граѓани учесници во сообраќајот кои сториле прекршоци по разни основи во својство на возачи (мобилен, појас, престројување и брзина).

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Поголема количина дрога запленета во Охрид

Во акција реализирана утрово, СВР Охрид пронајде и одзеде торбица со опојна дрога марихуана и приведе еден македонски и пет албански државјани. Торбицата е пронајдена во автомобил марка „Мерцедес“ со гевгелиски регистарски ознаки управувано по булеварот „Железничка“ во Охрид  од В.В. (55) од Гевгелија.Акцијата, во која се пронајдени и одземени и други предмети, е реализирана поради постоење основи на сомнение дека сега приведените, се сторители на казненото дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотички дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.Пронајдената торбица со марихуана и останатите предемти, се испратени на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје.СВР Охрид дополнително презема и други мерки за целосно документирање и расветлување на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна кривична пријава. 

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Иванов: Одговорност од Владата, референдумот не е успешен, а пратениците да го слушаат народот

Претеседателот Ѓорге Иванов по референдумот вели дека референдумот е неуспешен, а Владата треба да се соочи со одговорност пред народот. Според него, Македонија останала непоразена. Иванов порача да не се извртува вистината, бидејќи како што кажа, референдумот е неуспешен. Порака испрати и до Собранието, на кое му порача дека треба да го послуша народот кој испратил јасна порака.„На вчерашниот референдум, народот го отфрли преспанскиот договор. Народот е против наметнати и избрзани решенија. Пораката е испратена. Реалноста е дека референдумот не успеа. Не ја поценувајте суверената волја на народот. 36,9 излезност не е волја на народот, туку 69 отсто кои не излегоа. Реалноста е дека референдумот е неуспешен. Време е за одговорност пред македонскиот народ“, порача претседателот Иванов.„Поддршката за ЕУ и НАТО ја намаливте. Ги манипулирате граѓаните, а нашите партнери ги лажете. Истовремено, очекувам набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР сериозно да ги земе забелешките од избирачките места. Оние другите кои се мешаат од страна, да ги почитуваат меѓународните конвенции“, додаде Иванов.Тој го цитираше и Доналд Трамп и тоа што тој го кажал од говорницата во Обединетите нации.„Верувам во амбицијата на нашиот народ. Референдумот не е анкета, туку одлука која обврзува. Собранието мора да ја почитува таа одлука. Им честитам на македонскиот народ за нивната одлука“, рече Иванов.За оние кои излегле да гласаат на референдумот, Иванов рече дека Македонија треба да иде во ЕУ и НАТО, но со реформи, без притисоци и уцени.„Само цврсто сплотени може да го изодиме патот до ЕУ и НАТО. Немаме дилеми дека таму ни е местото. Но таму треба да влезе со човечко достоинство без уцени и притисоци. Имаме два големи предизивика со кои треба да влеземе, тоа се реформите. Со партиски клиентизам и без реформи во правниот систем, не можеме“, додаде Иванов.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

САД: Граѓаните изразија поддршка за членство во НАТО и ЕУ и за Договорот со Грција

САД ги поздравуваат резултатите од референдумот во Македонија на 30-ти септември, на кој граѓаните изразија поддршка за членство во НАТО и ЕУ со прифаќање на Договорот од Преспа меѓу Македонија и Грција, соопшти синоќа Стејт департментот.„САД силно ја поддржуваат целосната имплементација на Договорот од Преспа, кој и овозможува на Македонија да го заземе заслуженото место во НАТО и ЕУ, и ќе придонесе кон регионалната стабилност, безбедност и просперитет. Во периодот што следи кога македонското Собрание ќе почне расправа за уставните измени, ги повикуваме лидерите да се издигнат над партиската политика и да не ја испуштат историската можност да обезбедат светла иднина за земјата, како полноправна членка во западните институции, се наведува во соопштението од Стејт департментот, по одржувањето на референдумот во Македонија“, велат оттаму.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Момче пронајдено мртво на сред Скопје

23-годишно момче од Скопје со иницијали К.Н. било вчера пронајдено мртво во хотел покрај улицата „Качанички пат“, соопштија од МВР.„На 29.09.2018 година во 19,48 часот од Итна медицинска помош било пријавено дека во хотел на улица „Качанички пат“ има починато лице. Од увидот е констатирано дека се работи за лицето К.Н.(23) од Скопје. По наредба на Јавен обвинител телото е предадено за обдукција. Извршен е увид на местото на настанот“, велат од таму.

Скопје | пред 7 години

42321838_305002373633592_8307820129018707968_o

Рангелова: Гласав на референдумот

Пратеничката Даниела Рангелова од редовите на опозициската “ВМРО-ДПМНЕ”,  за Скопје1 потврди дека излегла на референдумот. Таа вели дека гласала против договорот со Грција. За неа успешен референдум е оној кој ќе има исполнет цензус.На прашањето дали ќе биде исполнет цензусот, Рангелова одговори дека не може да предвиди и тоа ќе го видиме кога ќе заврши референдумот.Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Дниела Рангелова денеска е фотографирана како излегла на гласање за референдумот. По неа фотографиран е и координаторот на пратеничката група ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев.Пратеничката од ВМРО ДПМНЕ, Даниела Рангелова е една од осомничените на Специјалното јавно обвинителство поврзана со случајот за насилство врз градоначалникот и Советот на општина Центар, летото 2013 година.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања