„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

главни-вести

momo-igra

Основци од Битола сечеле вени поради игрите „МОМО“ и „Синиот Кит“

Од опасните интернет игри „Момо“ и „Синиот Кит“ повредени се и основци во Македонија. Четворица ученици од ОУ „Коле Канински“ од Битола се самоповредиле со сечење вени – дознава Телевизија 24.Според нашите информации, бројката на деца во Битола кои се одзвале на предизвиците од овие игри е далеку поголем. Директорот на ОУ „Коле Канински“ од Битола, Зоран Мирчевски за нашата телевизија го потврди случајот. Вели, се се случило надвор од училиштето и за се се информирани и МВР и родителите. А при вонредна проверка со полицијата откриен е и еден нож кај основец во тоа училиште. Дознаваме дека речиси во сите основни училишта во Битола, родителите се предупредени за опасната појава кај нивните деца.Од МВР се уште ги проверуваат информациите.Инаку од контроверзните онлајн игри „Синиот кит” и „Момо“ неколку стотици деца во светот извршија самоубиство. Поновата игра – „Момо“, се распространува преку апликацијата „Ватсап“. Наменета е за најмладите корисници, а последица може да биде и самоубиство.Приказната почнува со контакт со Момо, женски лик со застрашувачки изглед, со крупни очи. Децата откако ќе контактираат со Момо, добиваат серија предизвици, а доколку ги одбијат, следи казна и добиваат заканувачки и вознемирувачки телефонски пораки и фотографии.Извор: 24.mk

Македонија | пред 6 години

NLB-grabez

НЛБ Банка : При грабежот се одземени 150.000 евра, експозитурата во Чаир ќе продолжи со тековна работа од 17 април

По вчерашниот вооружен грабеж што се случи во 10.36 минути во експозитурата на НЛБ Банка во Чаир, би сакале да ве информираме дека клиентите и вработените на Банката се безбедни и во добра состојба, се вели во соопштението од НЛБ Банка АД Скопје.Двајцата вработени во експозитурата кои беа полесно повредени се пуштени на домашно лекување.Дополнително, работникот на обезбедување кој, исто така, беше повреден при грабежот по укажаната лекарска помош е добро и е пуштен на домашно лекување.Експозитурата во Чаир не работи во моментот и ќе продолжи тековно да ги опслужува клиентите од 17.4.2019 година.Со истрагата е утврдено дека при грабежот се одземени 150.000 евра.Банката продолжува да работи редовно и да соработува со надлежните органи за најбрзо и ефикасно решавање на случајот, стои во соопштението од НЛБ Банка АД Скопје.фото: Канал 5

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

Прогласена епидемија на мали сипаници во цела држава

Прогласена е епидемија на мали сипаници на ниво на цела држава, соопшти денеска Центарот за јавно здравје. Причината за ваквата одлука на Kомисијата за заразни болести при Министерство за здравство е дека бројот на евидентирани заболени од морбили од почетокот на годинава изнесува 961.Епидемиологот д-р Владимир Микиќ вели дека не можат да ја воведат истата забрана за училишта затоа што според законот основното и средното образование е задолжително. Најмногу заболени се деца на претшколска возраст и затоа како мерка на ниво на цела држава ќе се симне границата за вакцинирање од 13 месечни бебиња на 6 месечни бебиња.Во моментов, како што информираат на интернет-страницата на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), од 6 до 12 април се пријавени вкупно 126 случаи на мали сипаници. Вкупно, од почетокот на епидемијата, во државава се регистрирани 961 случаи на мали сипаници. Активни епидемии на мали сипаници во моментот има во шест здравствени региони (Скопје, Тетово, Куманово, Гевгелија, Кичево и Струга).Епидемиологот, Владимир Микиќ, член на Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство по одржувањето на состанокот на комисијата изјави дека прогласувањето на епидемијата е неопходно за да се спроведат дополнителни мерки за заштита на населението и намалување на бројот на новозаболени.Донесени препораки и мерки за спречување на натамошно ширење на епидемијата се:- Строго почитување на мерката за забрана на посета на градинки на невакцинирани деца со МРП на територија на цела држава;- Забрана за посети во стационарни здравствени установи во целата држава;- Почитување на протоколот за движење на пациентите со симптоми на мали сипаници со цел да се намали оптоварувањето на Клиниката за инфективни болести и Клиниката за детски болести, и да се намали стапката на интра- хоспитално ширење на инфекцијата;- Сите невакцинирани здравствени работници задолжително да бидат вакцинирани со две дози на МРП;- На сите воспитувачки и наставнички од предучилишните установи задолжително да им се провери нивниот вакцинален статус и да се вакцинираат доколку не се вакцинирани;- Да се понуди дополнителна вакцинација со МРП за сите невакцинирани, некомплетно вакцинирани и лица без доказ за вакцинација кои се постари од 14, а помлади од 60 години;- Да се организира два пати во неделата работа во две смени на Службите за вакцинација во рамките на Здравствените домови во целата држава, со цел полесна достапност на вакцинација на децата;- Службите за вакцинација на неделно ниво да доставуваат податоци до ДСЗИ за деца кои не се јавиле на доставените покани за вакцинација.

Македонија | пред 6 години

kFM-3

(ФОТО) Антиќ и Темелковски ги отворија картите на ФБ - препукување за претседател на МКФ

Само неколку часа од промоцијата на кандидатурите и уште многу далеку од евентуалното изборно собрание, претендентите за претседателската функција во МКФ Перо Антиќ и Владимир Темелковски се пресметаа на Фејсбук.Перо Антиќ не одолеа на објавата за кандидатура на Владимир Темелковски на неговиот личен профил на социјалната мрежа. Коментираше дека актуелниот директор на МКФ ја добил позицијата благодарение на политичките конекции, особено на неговиот татко. Коментарите отидоа до таму што се употребуваа зборовите „татин син“ од едната страна, а од другата „добро познавање на хемијата и супстанците“.Во продолжение преписката на социјалната мрежа фејсбук.

Македонија | пред 6 години

prasanja-zaev-angusev

(ВИДЕО) Заев откри кои биле другите кандидати на СДСМ за претседател

Не биле само Радмила Шекеринска, Оливер Спасовски и Никола Димитров кандидати за претседател од СДСМ, рече премиерот Заев во вечерашното гостување во „Клик Плус“на „21 ТВ“.Премиерот Зоран Заев рече дека имало повеќе можни кандидати, велејќи дека меѓу нив имало и Албанци.Меѓу имињата кои ги спомна како кандидати за претседател на Македонија беа: Имер Селмани, Алберт Муслиу и Теута Арифи како жена.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Тачи: Оние што го поддржаа Река за кандидат шират лажен патриотизам

Демократската партија на Албанците во тетовската населба Горна Чаршија одржа средба со граѓани на која партискиот лидер Мендух Тачи и потпретседателот Бардиљ Даути ги повикаа присутните да дадат поддршка на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски.Двајцата посочија дека со тоа се оддава поддршка и на меѓународната заедница која помогнала да се остварат досегашните политички резултати.-Важен е моментот и насоката на давање поддршка на претседателскиот кандидат, а во овој случај тоа значи определбa на Албанците за ЕУ и НАТО интеграциите. Овие што го поддржаа Блерим Река за кандидат шират лажен патриотизам, ние имавме кандидат Илјаз Халими во 2014 година, но не го гласаа. Ние застанавме зад консензуалниот начин на носење одлуки како за сега за претседателските избори, така и за во иднина според нашите определби, консензуално да се одлучува во Собранието и за рамноправна распределба на буџетот, рече Тачи.

Македонија | пред 6 години

reka

Река: Важно е да обезбедиме цензус

Граѓаните се слободни, суверени, гласањето е тајно и важно е да има цензус, рече пред битолчани претседателскиот кандидат Блерим Река и повика на 21 април масовно да се гласа и избира.Оптимист сум, рече Река, кај мене владее позитивна енергија, а тоа значи дека на претстојните избори ќе обезбедиме цензус, без разлика на тоа кој ќе победи.– Важно е да победи државата за да добие датум за почеток на преговори со ЕУ. Важно е масовно излегување на граѓаните на гласање, без разлика за кого ќе гласаат. Мојот концепт е една Република за сите со Законот над сите. Ние можеме да експериментираме со секакви формули на владеење, но ако навистина не успееме да воспоставиме владеење на правото, тогаш се ќе биде погубно за државата. Ние немаме време да изгубиме уште 10, 20 години, бидејќи гледам во сите градови и села низ државата, сите се жалаат на иселувањето, на големиот егзодус на младите, но и на цели фамилииж. Мислам дека со политички, државни реформи може да се направи за младите и Македонија да ја биде, истакна Река.

Македонија | пред 6 години

pendarovski5

Пендаровски очекува поддршка од Димитров, но нема да го моли

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски во вечерашното гостување на телевизија Телма на прашањето каде е министерот за надворешни Никола Димитров во неговата кампања, тој рече дека најверојатно има обврски надвор од државата.-Логично е Димитров да се појави на некој собир, да даде поддршка. Јас тоа нема да го барам, принципите не ми дозволуваат да барам од некој аман заман кажи нешто за мене. Ние 20 години сепак сме работеле заедно, рече Пендаровски.

Македонија | пред 6 години

10550693655cb568c6c44e7324245103_v4_big

(ВИДЕО) Снимки од внатрешноста на Нотр Дам

Во три часот по полноќ, по 8 часа борба со огнената стихија, француските пожарникари успеаа да го локализираат огромниот пожар во Богородичната црква во Париз(Нотр Дам). Францускиот претседател, Емануел Макрон, беа цела ноќ покрај неа, а потоа со сопругата први влегоа да видат дали е спасено вековното богатство.Во три часот по полноќ, по 8 часа борба со огнената стихија, француските пожарникари успеаа да го локализираат огромниот пожар во Богородичната црква во Париз(Нотр Дам). Францускиот претседател, Емануел Макрон, пробдеа цела ноќ покрај неа, а потоа со сопругата први влегоа да видат дали е спасено вековното богатство.Во пожарот целосно се уништени куполата и препознатливиот висок столб кој се издигаше над катедралата, а големата камбана е спасена.

Свет | пред 6 години

katedrala-nova

(ВИДЕО) Портпаролот на Нотр Дам: „Сè гори, ништо нема да остане од црквата”

Париското Обвинителство почна истрага за пожарот кој вечерва избувна во средновековната катедрала Нотр Дам во Париз.Портпаролот на Нотр Дам, Андре Фино, за француските медиуми изјави: „Сè гори, ништо нема да остане од црквата”Пожарникарите се обидуваат да го изгаснат огнот, кој според полицијата започнал одеднаш и бил предизвикан од извршувањето градежни работи на една од најпознатите катедрали во светот.Пламените јазици избија од покривот на катедралата, едно од најпознатите светски знаменитости брзо ја зафатија црковната кула која се урна.Службите за итни случаи се обидуваат да ги спасат уметничките дела и останатите предмети од непроценлива вредност кои што се складирани таму, изјави заменик-градоначалникот на Париз, Емануел Грегоар.Полицијата затвори неколку метро станици и ги затвори патиштата околу катедралата.Толпа народ гледајќи го пожарот се прегрнуваат плачат и се молат пеејќи ја „Марселезата“.Претседателот Емануел Макрон го откажа планираниот говор пред нацијата и според француските медиуми и тој е пред Богородичната Црква.Градоначалничката на Париз, Ана Идалго, на Твитер напиша дека „пожарникарите сè уште се обидуваат да го изгаснат пожарот и ги повика жителите да се држат настрана од безбедносниот периметар“.Во гаснењето на пожарот кој се прошири и на страничните делови на катедралата се вклучени 400 пожарникари.

Свет | пред 6 години

notredame12-828x435

(ОБНОВЕНО) ВИДЕО - Се урна кровот и камбанаријата на Нотр Дам

Како последица на големиот пожар предмалку се урна целата кровна конструкција на светски познатата катедрала Нотр Дам во Париз. Последните информации се дека и претседателот на Фрнација Емануал Макрон ги откажал сите активности по веста за пожарот во оваа катедрала која е една од туристичките икони на Париз.Илјадници граѓани и туристи од цел свет се собираат на улиците околу познатата црква и гледаат како целиот објект го проголта огнот.https://twitter.com/France24_en/status/1117846962974248960Полицијата го евакуира целиот простор околу катедралата , а пожарникарите се обидуваат да се справат со солниот пожар во внатрешноста на објектот. Пожарот ја зафати едната од двете куполи на катедралата.Полицијата нема информации кои се причините за избувнувањето на пожарот , освен дека е вон контрола.

Свет | пред 6 години

katedrala

Најнова вест - (ВИДЕО) Гори катедрлата Нотр Дам во Париз

Гори катедрлата Нотердам во Париз јавуват светските медиуми. Станува збор за една од најпознатите катедрали во светот и една од најпосетуваните туристички локации во Париз.Минатата година медиумите јавуваа дека оваа катедрала е сериозно оштетена и потребна е итна реставрација за која француската влада бара донации за да обезбеди средства за обновување.https://twitter.com/shivmalik/status/1117837460308938752?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1117837460308938752&ref_url=https%3A%2F%2Fmakfax.com.mk%2Fsvet%2F%25d0%25b2%25d0%25b8%25d0%25b4%25d0%25b5%25d0%25be-%25d0%25b3%25d0%25be%25d1%2580%25d0%25b8-%25d0%25ba%25d0%25b0%25d1%2582%25d0%25b5%25d0%25b4%25d1%2580%25d0%25b0%25d0%25bb%25d0%25b0%25d1%2582%25d0%25b0-%25d0%25bd%25d0%25be%25d1%2582%25d1%2580-%25d0%25b4%25d0%25b0%25d0%25bc-%25d0%25b2%25d0%25be-%25d0%25bf%25d0%25b0%25d1%2580%2FБогородичната црква или Нотр Дам  е готскакатедрала на источната половина на островот Сите на реката Сена во Париз, Франција, со главен влез од западната страна. Ова е катедралата на Париз и седиштето на архиепископот на градот. Богородичната црква се смета за најубавиот пример за француската готска архитектура. Виоле-ле-Дик, еден од најпознатите француски архитекти, ја обновил и сочувал од уривање. Името „Нотр Дам“ на француски значи „Нашата Госпоѓа“ (Богородица или Дева Марија). Ова е една од најубавите готски катедрали во светот, градена низ целиот готски период. Скулптурите и витражите се одликуваат со големо влијание од натурализмот, за разлика од пораната романска архитектура.Богородичната црква е една од првите цркви во светот каде се употребени арбутани(надворешни потпорни арки). Зданието првично не било предвидено да има арбутани околу хорот и бродот. По започнувањето на изградбата, откога потенките ѕидови (популаризирани во готиката) израснале уште повисоко, почнале да се јавуваат пукнатини од напон, како што ѕидовите притискале нанадвор. За да го решат проблемот, архитектите изградиле потпори на ѕидовите однадвор, и подоцнежните доградби продолжиле да се вршат на тој начин.За време на радикалната фаза на Француската револуција (1790-ти г.), катедралата настрадала од сквернавење, кога голем дел од верската иконографија бил оштетен или уништен. Истата била обновена во текот на XIX век, и така катедралата го добила својот поранешен изглед.David Almacy✔@almacySmoke billowing from Notre Dame Cathedral in Paris, France.4237:03 PM - Apr 15, 2019 · Paris, France885 people are talking about thisTwitter Ads info and privacycristina casacuberta@ccasacub#notredame1,5167:05 PM - Apr 15, 20193,635 people are talking about thisTwitter Ads info and privacyView image on TwitterMichael Arndt@Mr_InnovationRT @MarionLeblancWo: #notredame en feu. Speechless.

Свет | пред 6 години

bebinja-37aztxcizx5mcibr5rdclc

ОЈО: Нема место за јавнообвинителска интервенција во врска со наводната трговија со здрави новороденчиња

По спроведување сеопфатно проучување на добиената документација и известувањата од надлежните органи во врска со наводна трговија со здрави новороденчиња, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе одлука со која укажува дека нема место за јавнообвинителска интервенција.Имено, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, во декември 2018 година, следејќи ги информациите во медиумите, отвори предмет по допрен глас. Во медиумите беа изнесени сознанијата на Народниот правобранител дека постои сомнение за организирана криминална група која подолг временски период се занимава со трговија со здрави новороденчиња. Наводно, на биолошките родители веднаш или по краток временски период по раѓањето им се соопштувало дека новороденото е починато, а всушност тоа било здраво и заради понатамошно посвојување станувало жртва на трговија.По дејствијата преземени од страна на надлежен обвинител и врз основа на прибраната документација и побараните известувања од Народниот правобранител, Министерството за труд и социјална политика и Првата детска амбасада „Меѓаши“, произлезе дека во конкретниот случај нема докази, ниту индиции за постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело за кое се гони по службена должност.

пред 6 години

Grabez-pistol

Вооружен грабеж во филијалата на Тутунска банка во Бутел

Подружницата на “Тутунска банка” во Бутел денеска беше плен на вооружен грабеж. На местото на настанот веќе има бројни полициски сили кои работат на расветлување на случајот. Неофицијално украдени околу 100.000 евра.На 15.04.2019 г. во 10.36 ч. пријавено е разбојништво од страна на неколку лица со оружје во банка на ул. Ферид Бајрам кои одзеле пари. Од страна на сторителите бил физички нападнат Е. Е. (26), кој е вработен како обезбедување во банката. Повредени лица од оружје нема. Веднаш по добивањето на пријавата презмени се мерки и активности од полициски службеници, се наведува во првичната инфотмација од МВР.Од страна на полицијата до сега пронајдени е полнач за пиштол кој е пронајден во просториите на експузитурата на НЛБ Банка во Бутел 2 која утрово беше ограбена од страна на засега непознати вооружени лица, пишува Коха. Припадниците на Министерството за внатрешни работи го пронашле автомобилот со кој се превезувале крадците но тој е целосно изгорен. Автомобилот бил пронајден после два саати откако крадците го нападнале обезбедувањето на банката, но сеуште не е познато дали четворицата маскирани и вооружени лица успеале да ги земат парите.Весникот Коха од официјални полициски извори успева да дознае дека во близина на реката Серава кај гробиштата во Бутел пронајден е изгорен автомобил “Голф 5” со сива боја, додека во експозитурата на банката во Бутел 2 се продолжува со истрагата, а се трага по 4 лица.Кражбата, се случила околу 9 часот, додека пак крадците палејќи го Голф-от, успеале да си заминат со друг Голф 5 во непозната насока досега. Во текот на денот, Министерството за внатрешни работи информираше дека ќе излезат повеќе детали за настанот.

Скопје | пред 6 години

OCcK_v38_400x400

Цветанова до Пендаровски: Не би било на одмет да демонстрирате добри манири на однесување

По телевизиската дебата помеѓу претседателските кандидати, поранешната министерка за култура Ганка Цветанова го повика Стево Пендаровски да покаже повеќе манири и го прекори за непочитување на Гордана Силјановска Давкова и Блерим Река.-Почитуван Пендаровски, никој не смета дека на ТВ дебатите треба да ги штедите Вашите противкандидати, но кога спроти Вас седи една дама прoфесорка, Гордана Сиљановска Давкова и професор интелектуалец, Блерим Река, не би било на одмет да демонстрирате повеќе почит и добри манири на однесување, пишува Цветанова во објавата до Пендаровски.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања