„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

главни-вести

ahmeti

Ахмети: Ќе има последици ако Иванов ги помилува осудените за 27 април

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, вели дека ќе претседателот, Ѓорге Иванов, ќе направи непромислен чекор доколку ги аболицира осудените за 27 април. Вели дека ако Иванов одлучи да ги аболицира, ќе има последици во државата, пишува Фокус.-Тоа би било непромислен и неразмислен чекор, од страна на претседателот во заминување. Не знам колкав легитимитет би имал за да преземе таков чекор кој би предизвикал многу реакции – рече Ахмети.

Македонија | пред 6 години

60A5DC4D-94C9-49CF-B79D-F7F6F2B7E738

Силјановска: Дали Македонија е слободна ако иредентизам е да ја пеете химната?

На 21 април ќе отвориме пат за предвремени парламентарни избори, ама новата влада нема да бара од нас да ги заборавиме зборовите на химната или во себе да ги кажуваме и да тагуваме. Со нас ќе ја пее химната, со нас ќе го вее знамето и ќе го изговара светото име Македонија зашто тоа е нашиот идентитет, а Северна нека пишуваат тие. Тоа не е нашето име, рече претседателскиот кандидат поддржан од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска – Давкова на вечерашниот митинг во Велес.Силјановска го почна обраќањето со забелешката дека пред ракометниот натпревар, македонската химна била интонирана без зборови.– Замислете на денешната утакмица химната била интонирана без зборови. Неморално, неетички и мазохистички е тоа што се случува. Нели идентитетот ни е сочуван и загарантиран? Па што е химната ако не дел од македонскиот идентитет? Дали Македонија е слободна ако иредентизам е да ја пеете химната? Дали е ова слободна земја и дали навистина не треба повторно да се бориме за право и правдини оти во Уставот ги пишува трите најважни симболи на државата, меѓу кои, покрај грбот и знамето, е и химната. Сите се под Уставот и законите во слободна земја ама ја се плашам дали оваа земја е се уште слобода. Химната е нашата историска слика, нашиот историски национален наратив. Кој им дава право да ги тргнат зборовите од химната? Таа не е само музика, туку е битката за право и правдини, рече Силјановска.

Македонија | пред 6 години

silegov-1

Шилегов: На вашиот митинг, драги Курирци, имаше бајаги повеќе ѓубре

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, ги демантира објавите дека вработени во градското јавно претпријатие Комунална хигиена, биле принудувани да присуствуваат на митингот на СДСМ, што се одржа вчера во Скопје. Порталите каде беа објавени овие написи Шилегов ги нарекува „курирци“ поради блискоста со опозиционата ВМРО-ДПМНЕ.„После “невидениот скандал” што го откри Курир, дека сум ги приморувал вработените од КХС да присуствуваат на митингот на Стево Пендаровси, должам мало вербално и фото појаснување:Комунална хигиена со луѓе и опрема беше “присутна” на двата митинга. Додуше, на Вашиот митинг, драги Курирци, исто како и лани, имаше бајаги повеќе ѓубре.Хигиената на улиците лесно се воспоставува.Хигиената во главите на Курирци ?Признавам, тешка работа. Голема е таа депонија …“, напиша Шилегов.

Скопје | пред 6 години

57306017_169770174015340_83715105941880832_n

(ФОТО) Снежна идила на Попова Шапка

Поради спуштањето на постудена воздушна маса од север на планинските места е формирана снежна покривка. Вака во моментов изгледа Попова Шапка.

Македонија | пред 6 години

sela-2

Села: Ние никогаш нема да поддржиме некој кој не е како нас и не е Албанец

Претседателскиот кандидат Блерим Река вечерва, од митингот во тетовско Желино, порача дека на 21 април ќе се случи голема промена со политичкото минато.Укажа дека со неговиот нов концепт ќе ги корегира досегашните политики на власта.-За да биде држава, треба да има владеење на правото. Немаме друга опција, освен ЕУ и НАТО, а корупцијата и невработеноста мора да запрат. Треба да се знае и дека ние не сме статистички народ, туку ние сме Албанци, рече Река.Претседателот на Алијансата на Албанците Зијадин Села упати критики до СДСМ и ДУИ зашто, според него, Албанците во оваа коалиција не се добро претставени.-Имаме должност да ја тргнеме вашата маска и тоа што 18 години манипулирате со Албанците. Ние никогаш нема да поддржиме некој кој не е како нас и не е Албанец, нагласи Села.

Македонија | пред 6 години

zaev

Заев: Ви ветувам 2020 година ќе има просечна плата над 500 евра

Претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев на денешниот централен митинг во Скопје зборуваше за економските резулатите на неговата Влада и вети дека во 2020 година просечната плата ќе надмине 500 евра.-Не беше лесно, но се обединивме против режимот. Воведовме реформи и воспоставивме правна држава. Ние сме веќе дел од НАТО. Одиме кон ЕУ, очекуваме Унијата да ги вреднува реформските резултати и летоска да добиеме датум за почеток на преговорите. Имаме рекорден износ на странски инвестиции од 624 милиони евра. Невработеноста падна на 19,4 отсто. Просечната плата за една година за зголемивме за осум проценти. Ви ветувам 2020 година ќе има просечна плата над 500 евра, рече Заев.

Македонија | пред 6 години

gruevski-mala

Груевски за Филипче: Го испуштивме детето, ова на шефот негов, заразно да не е?

Го испуштивме детето…ова на шефот негов, заразно да не е? По две години власт на СДСМ, министерот за здравство најде оправдување за епидемијата на морбили, напиша на Фејсбук, азилантот Никола Груевски за министерот за здравство Венко Филипче.– Во исто време кога и во неколку земји на Европа, но и во САД, во неколку држави и градови како во Вашингтон и Њујорк на пример, се прогласи епидемија на морбили министерот кога некој спомнал негова оставка како да доби мали сипаници со многу висока трмпература, изјави: „Епидемијата е резултат на падот на колективниот имунитет, поради катастрофалните политики на претходната Влада во изминатите години и негрижата за здравјето на граѓаните“, напиша Груевски.

Коментари | пред 6 години

Renata-Deskoska-nov-min-za-pravda-1-bg_resize

Дескоска: На митинг бев со приватно возило, поздрав до фотографката

Секој вистински новинар прво ќе знае дека министрите немаат на располагање службени мерцедеси, туку пасати, напиша на Фејсбук министерката за правда Рената Дескоска по обвинувањата дека на централниот митинг била со службено возило.– Со обична проверка на регистрацијата лесно ќе утврди дека мерцедесот со кој „ме фатиле жива” е во приватна сопственост, а не е службено возило. Продуцирањето на лажни вести од некој што сака да се нарече медиум, само говори за неговата кредибилност.  Така што, вистината е следна: бев на митинг денес, но не со службено возило, туку ме зедоа сопартици со нивно приватно возило.П.С. Поздрав до фотографката.

Македонија | пред 6 години

20190308083602

Пендаровски за „едно евро за Вицето“: Според пресудата недостасуваат важни делови од снимката

Кандидатот за претседател од СДСМ и ДУИ, Стево Пендаровски во денешната претседателска дебата доби прашање од Христијан Мицкоски како го коментира случајот „едно евро за Вицето, едно за цркавата“.-Јас сум легалист и сакам да видам што во судската пресуда е кажано. Таму се вели дека снимката која ја направил агентот провокатор е непотполна и недостасуваат важни делови, поради што и пресудата е ослободителна. Тоа само потврдува дека во тој период имаше страшни злоупотреби на власта, со тоа што и ПИМ мерки со агент провокатор потоа беа јавно објавувани, одговори Пендаровски.

Македонија | пред 6 години

Capture-5

Река до Пендаровски: Ниту еден голем криминалец не е во затвор!

Во денешната емисија „Детектор“ кандидатот за претседател на Република Македонија, Блерим Река му се обрати на Стево Пендаровски потсетувајќи го дека во овие 2 години од власт немаат ниту еден голем криминалец затворено.-Како можеме ние да ги убедиме странските инвеститори ако имаме условни судски одлуки и корупција, со одлуки кои наместо судска одлука за затвор ги пуштаме во домашен притвор и така натаму. Значи во оваа држава може полицаецот за 20 евра да се казни ако зема корупција или мито, но не може тие што земаат милиони со тендери и со јавни набавки не можат да одат во затвор. Која е ве молам некој во затвор за мега корупциски скандал, упати прашање Река до Пендаровски.На ова прашање Пендаровски беше затечен и не знаеше што да одговори.

Македонија | пред 6 години

Capture-4

Река смета дека власта спрема полнење на кутии

Граѓаните имаат недоверба во политичкиот систем и не им веруваат на изборите, имаме неимплементирани препораки на ОБСЕ-ОДИХР, немаме ажуриран избирачки список, изјави Река.-Зошто актуелните власти, владата и министерството за правда, не ги спроведуваат клучните препораки од 2016 од ОБСЕ -ОДИХР. Не е ажуриран изборачкиот список стои дека има милион и осумствотини илјади гласач, а знаеме дека до 2017 година иселени се 250 илјади граѓани. И ние на денот на гласање ќе имаме милион и петстотини и пеесет илјади гласачи. Ова е простор за манипулација со тие 250илјади гласачи. Тоа е терен за полнење кутии, за таканаречениот бугарски воз. Ќе се манипулира со тоие фантоми или 250 илјади гласачи кои не се тука во Македонија, рече Река.

Македонија | пред 6 години

Capture-3

Стево Пендаровски нервозен во дебатата, целосно ја изгуби контролата

На третата телевизиска дебата на претседателските кандидати Гордана Силјановска Давкова, Стево Пендаровски и Блерим Река, кандидатот на СДСМ видно нервозен континуирано и упаѓаше во збор на Силјановска.Ситуацијата кулминираше во моментот кога Пендаровски говореше тоа дека сега кампањата била фер и демократската и дека се одвивала во слободна и мирна атмосфера.Силјаносвска со укажување дека не може да се зборува за мирна кампања во позитивен дух, кога таа и семејството беа цел на низа на напади.-Далеку од тоа дека духот е слободен во овој период и во кампањата за изборите. Тоа е желба на граѓаните, сега има предупредувања од ЕУ дека ако овие избори не бидат мининално фер и демократски, ние немаме шанса за ЕУ, рече Силјановска, укажувајќи „ако тврдите дека атмосферата е подобрена по референдумскиот скандал тоа надвор од секоја логика“.-И самата бев мета на нефер и недемократска кампања и за мене и за моето семејство. Сето тоа е напишано во извештајот на ОБСЕ – ОДИХР, напишано е дека има омаловажувања за мене по основ на пол, возраст, рече Силјановска која едвај успеа да каже и да го потврди тоа со факти,односно со извештајот на ОБСЕ – ОДИХР.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Заев: Конечно, по 10 години ќе добиеме претседател на државата

 - Денеска слободно можеме да кажаеме дека успешно заедно одиме напред. Ги победивме омразата, конфликите и неправдата. Европа и светот аплаудираат, вам ви аплаудираат.  Граѓаните имаат потреба од претседател на својата држава и конечно, по 10 години ќе добиеме претседател на државата, човек кој ќе влече напред, Стево Пендаровски. Не знам што вели задграничниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Будимпешта, ама знам дека Македонија ќе добие претседател, европски претседател. Одиме напред со Стево Пендаровски, истакна меѓу другото премиерот Зоран Заев на денешниот централен митинг на СДСМ во Скопје, во поддршка на заедничкиот претседателски кандидат, Стево Пендаровски.Бележиме голем напредок во еконимијата, истакна претседателот на СДСМ на денешниот митинг и вети плата од над 500 евра до 2020 година.Кандидатот за претседател од СДСМ и ДУИ, Стево Пендаровски на денешниот централен митинг  рече  дека овие избори се и избори за концептот на иднината.-Имаме неповторлива можност како генерација да оставиме трајно наследство. Обезбедена и сигурна држава, рамноправен член на сите сојузи. Оние кои мислат дека сигурноста можеме да ја обезбедиме без НАТО и ЕУ, се лажат себеси. Немаме повеќе генерации за губење и нема да и дозволиме на политичката опозиција да не вратат назад. Ова не се само обични избори за претседател, на овие избори избираме опција да продолжиме напред кон иднината, рече Пендаровски.Стево Пендаровски е вистински консензуален кандидат за претседател, затоа што ја има поддршката од сите етнички заедници, поддршката од 30 партии и е предвесник на нашата европска иднина, порача денеска на големиот граѓански митинг, Бујар Османи од политичката партија ДУИ.Османи порача дека денешната поддршка, денешното заедништво ја покажува европската срж на нашето општество, ја покажува вистинската слика на Европа на Балканот и е доказ дека се движиме на вистинскиот пат.„Пендаровски е симбол на нашата внатрешна инетргација и кохезија помеѓу различните етнички  заедници. Тоа е нашата предност и како граѓани и како заедница и како држава. Тоа е нашата предност на 21 април наспроти другите кандидати.  Токму затоа Стево Пендарвоски ќе биде идниот претседател на Република Северна Македонија, ќе биде гласот на разумот и  претседател кој ќе ги обeдини сите заедници и во добри и во лоши времиња“, истакна Османи.

Македонија | пред 6 години

iveqgpr0mxohbhtipzy0

Паднаа Фејсбук, Инстаграм и Ватсап

Од утрово на корисниците не им се достапни услугите на социјалните мрежи Фејсбук, Инстаграм и Ватсап. Се работи за глобален проблем, бидејќи пријави за проблеми доаѓаат од целиот свет.Британски „Сан“ пренесува дека се работи за голема системска грешка, но засега не се соопштува точно за каков проблем станува збор.Ова е втор голем пад за компанијата „Фејсбук“ откако пред само еден месец имаше големи прекини во работата на овие мрежи, иако тогаш менаџментот тврдеше дека не станува збор за хакерски напад.„Фејсбук“ и „Инстаграм“ воопшто не може да се отворат, а не се праќаат и примаат ниту пораките на „Вотсап“.   

Свет | пред 6 години

Нема фотографија

Од утре, горивата во земјава со нови цени

На редоцна седница Регулаторната комисија утре треба да ги соопшти новите цени на бензините.Со последната промена пред две недели цените на горивата се зголемија. Малопродажна цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголеми за 2,5 денари и изнесува 68,5 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 поскапе за три денари и ќе чини 70,5 денари за литар.Малопродажните цени на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемија за половина денар и изнесуваат 61, односно 49,5 денари за литар.Со одлуката на РКЕ за 0,677 денари за килограм се зголеми и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и изнесува 33,375 денари.Како причина за зголемувањето на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат за 3,53 отсто повисоката просечна цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена и за 0,03 отсто повисокиот курс на денарот во однос на доларот. 

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања