„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

главни-вести

gruevski-1

Груевски: За да се признае туѓата вредност, треба да се има и сопствена

Поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на Фејсбук напиша мудра мисла од Артур Шопенхауер, над споделен текст за СДСМ и објекти кои владеачката партија не ги ставала во употреба, поради како што се наведува фрустрации.„За да се признае туѓата вредност, треба да се има и сопствена“, напиша Груевски.https://www.facebook.com/NGruevski/posts/10157299795142716?__xts__[0]=68.ARAJFMkz8tx5nTCySJmHIDQGPIF4tatrHujM02OmVM41OwvCitHE8rlj4wYz1ClYGU7biy9xjIZjH9hxjNl3BHWQkzB3aEswIRQVxtBXQ_2z2wW_3HqrRJBLFm45jNiq4W7tLYkIm-vt-M-XaUUPI6v0MwYpPcsORsaSHRgI7yVGD7rMkCjpg5ZdeIhtJzP15EjmkpKeUQQOlwq82BR4YCurLSgiR_PFzGMh0g7S8ZjSC4VISDbxfgQGhnV3FMfErDgYtYT9wOuktNXpZcFgi3r2l65BJcFiqji8Blo6VjvjTQfMMJRPQF3Pk8NnzilG8nWz-iMdZMoC7EPjyw&__tn__=-R   

Македонија | пред 6 години

zoran-zaev-4-696x405

Заев: Не најдоа место за споменик на Борис Трајковски, поважен им беше Прометеј со гаќи или без

На вчерашниот митинг во Струмица се обрати и премиерот Зоран Заев, кој одговори на критиките на Христијан Мицкоски дека тој бил негативниот лик од Струмица, а позитивни биле само Горан Пандев и Борис Трајковски.-Од толку многу споменици во Скопје 2014 изградени од партијата што неа ја кандидира за претседател, не најдоа место за ниеден споменик на Борис Трајковски. И додека поважен им беше Прометеј со гаќи или без, многу порано оттогаш Зоран Заев со струмичани заедно подигна споменик на Трајковски, една година откога го изгубивме претседателот. На Горан Пандев на овој најголем плоштад во државата му поставивме ѕвезда затоа што заслужува, оти тој е нашата гордост,рече лидерот на владечката партија Зоран Заев.Н

Македонија | пред 6 години

siljanovska-pendarovski-reka

О2 Иницијатива со трибина на еколошки теми со претседателските кандидати

Граѓанското здружение О2 Иницијатива, денес организира трибина насловена „Деградација на животната средина – Закана по националната безбедност“, на која ќе учествуваат тројцата кандидати на престојните претседателски избори.Дискусијата ќе почне од 15:30 часот во Јавна соба.„Оваа трибина има за цел да го постави прашањето на загадувањето и грижата за животната средина на агендата за следните 5 години, и да ги искористи надлежностите, но и кредибилитетот на претседателот/претседателката во неговото решавање. Тројцата претседателски кандидати ќе имаат можност да ги изложат своите ставови, видувања за одбраната на националните интереси, заштита и унапредување на животот и на здравјето на граѓаните и заштита и унапредување на животната средина, во 21 век, одлуката на претседателот да предложи вонредна состојба при големи природни непогоди, кои се во сè поголеми размери и позачестени како резултат на климатските промени, начинот на учество на дел од Армијата во кризна состојба, како поддршка на полицијата, шумската полиција… Исто така ќе се постави и прашањето на деградација и уништувањето на животната средина и на еколошките потенцијали, природните непогоди, индустриските несреќи од поголем обем, како закани и ризици по националната безбедност“, најавуваат организаторите.Од О2 Иницијатива информираат дека присутните на трибината ќе можат да им постават конкретни прашања на претседателските кандидати, додека нема да бидат дозволувани прашања надвор од темата.

Скопје | пред 6 години

56-1

Силјановска со нов гаф: Треба да се излезе на 21 септември

Кандидатката за претседател, Гордана Силјановска Давкова, на вчерашниот централен митинг пред владата на Република Македонија, повторно направи лапсус и ги повика граѓаните да излезат на гласање на 21 септември, наместо април.– Мора да ставиме крај на оваа состојба. Затоа треба да се излезе на 21 септември. Но нешто друго е уште поважно. За длабоки реформи не е доволно да се пбоеди само на претседателски избори, треба да се отвори портата за предвремени парламентарни избори – рече Силјановска.https://twitter.com/VidanaDeSign/status/1117169143663476741

Македонија | пред 6 години

izjava-zaev.Still090-2

Осумте пратеници почнале да делат функции во идната коалициона Влада

Пратеници од Охрид почнале да делат функции во идната „пост изборна“ Влада во која ќе бидат дел, дознава „Скопје1.мк“.Како што дознаваме директорски места, места на секретари во министерствата но и обични работни места се нуделе на членови на ВМРО ДПМНЕ, пред се на членови во комитетот во Охрид кои се сега активни во овој состав на комитетот, а биле активни и во време кога со комитетот раководеше пратеникот Љубен Арнаудов, кој сега е дел од т.н. „Осум пратеници“.АКТИВНО РАБОТАТ ЗА ПЕНДАРОСКИ И КОНСТАНТИНИнаку осумте пратеници ( или барем дел од нив ) се вклучени и во изборните активности. Во Охрид активно работат на страната на СДСМ и за локалните и за претседателските избори, нудејќи работни места и директорски места, но и позиции во идната коалициона Влада на членови на ВМРО ДПМНЕ.ПОВРЗАНИ ВЕСТИ :  ВИДЕО: Мукоски и Арнаудов со непознати лица “пребаруваа” низ гепек од џипСе разгледува ново мнозинство на СДСМ со 8-те пратеници, БЕСА и Алијансата„Скопје1.мк“ прв објави дека се подготвува вградување на т.н. „Осум пратеници“ во владината коалиција, а само неколку дена потоа во Охрид од наша страна беа фотографирани Љубен Арнаудов и Крсто Мукоски во друштво на лица позиционирани во МВР, а блиски до СДСМ.

Македонија | пред 6 години

56-1

Силјановска: Ако нема цензус, ќе го сменат Уставот, замислете кој ќе биде претседател

Кандидатката за претседателка од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова на вечерашниот митинг пред Владата ги повика граѓаните на масовна излезност на изборите.-Доаѓа денот кога на гласачките кутии ќе го чујат народниот глас, а тој ќе биде не за нив, да за нас. Направија рај за корупција и криминал. Неколку семејства ја управуваат Македонија. На тоа ќе ставиме крај на 21 април и на петти мај. Гаранцијата за исправност на изборите ќе биде ако гласате во голем број. Гласајте за оние кои носат промени, не заради мене, јас сум реализирана жена. Ама мислам дека ако се нафатив за овој предизвик, тоа е за Македонија. Ако немаме 40 отсто излезност, тогаш ќе го сменат Уставот, тоа за нив не е тешко. Тогаш ќе направат претседателот да се бира во Собранието. Тогаш претседателот ќе се бира со пазар, погодете тогаш кој ќе биде претседател, рече Силјановска.

Македонија | пред 6 години

uploads_thumbs_resize_800x420_372765

Филипче: За морбилите е крива претходната влада

Епидемијата на морбили е резултат на падот на колективниот имунитет, поради катастрофалните политики на претходната влада и негрижата за здравјето на граѓаните. Доколку не прогласевме епидемија, сега државата ќе беше парализирана од огромен број на заболени лица. Не сум му понудил оставка на премиерот, одговори денеска министерот за здравство Венко Филипче.-Приближно 12.000 илјади деца се вакцинирани од 16.000 невакцинирани деца во градот Скопје. Родителите ги почитуваат препораките на Министерството за здравство и голем е одѕивот за вакцинација. Никој нема право да го загрозува јавното здравје, ниту пак некој со своја волја има право да го загрозува правото детето да биде здраво, напиша Филипче на социјалните мрежи.

Македонија | пред 6 години

56-1

Силјановска: Да покажаме дека фактот што ние жените работиме три пати повеќе од мажите, не направил три пати посилни

Кандидатката за претседателка од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова на вечерашниот митинг пред Владата порача дека на татковината и треба жена за претседател.-Македонија има убаво име, во женски род и не и треба придавка. На татковината и треба жена, јасно е зошто. Зашто ние имаме потежок живот од мажите, треба да докажуваме дека сме добри професорки, покрај добри мајки. Сега дојде времето да ги покажеме способностите, не само човечките, туку и женските. Владата има само четири министерки, каква родова рамноправност. Само шест од нивните градоначалници се жени. Потребни се радикални промени. Дојде време да покажеме дека фактот дека работиме три пати повеќе од мажите не направил три пати посилни. Сега таа сила ќе и ја вратиме на Македонија, рече Силјановска.

Македонија | пред 6 години

Filip-filipovski-policaec-

Претепаниот полицаец Филиповски: Таа вечер беше брутална и крвничка

Животот ми го променија целосно – заслужуваат казната да ги стигне, таа вечер беше брутална и крвничка, вели за ТВ 24 полицаецот Филип Филиповски кој беше прободен со нож во дискотека на 23-ти март во скопско Марино.За првпат по 22 дена, од кои 11 ги помина во болница полицаецот Филип Филиповски проговори јавно и опиша како бил нападнат од браќата Александар и Јордан Цветковски, инаку синови на екс- градоначалникот на Петровец и актуелен советник во МВР, Звонко Цветковски.Целиот прилог можете да го погледнете ТУКА.

Македонија | пред 6 години

ali-ahmeti

Ахмети: Гласот за Пендаровски е глас за поддршка не само на Албанците, туку и на сите граѓани

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети пред жителите на Општина Кичево посочи дека поддршката за заедничкиот консензуален кандидат не оди само во поддршка на граѓаните Албанци, туку на сите граѓани, а пред се во корист на самата држава, затоа што ова држава има иднина само со добра и транспарентна иднина помеѓу двете партии кои имаат легитимитет.-Не треба да ги замориме луѓето со патриотизми без поткрепа, помина тоа време, сега е времето на материјализам, времето на инсталирање на вредности, владеењето на правото, реформи во судството, напредна економија, квалитетно здравство и образование и подобри услуги, поспремна јавна и државна администрација, бидејќи само вака се оди во Европа. Не се спречува миграцијата и амбициите за подобра иднина ако се занимаваме со празни фрази, со патриотизам на кој веќе му помина времето. Ако сакаме да живееме и да работиме во ова земја, да ги инсталираме и да работиме на овие вредности бидејќи Европа е пред нашата врата, рече меѓу другото Ахмети.Министерот за економија Крешник Бектеши истакна дека му даваат предност на новиот концепт што го инсталира ДУИ и лидерот Ахмети и врз база на овој концепт, како што рече, функционираа и ЕУ и НАТО.

Македонија | пред 6 години

venko_filipce

Филипче за Скопје1.мк: Не поднесов оставка !

Минситерот за здравство Венко Филипче во изјава за Скопје1.мк изјави дека информациите дека поднел оставка се лажна вест.„ Не е точно дека сум поднел оставка. Слободно цитирајте ме на порталот. Оставка не поднесов и нема да поднесам !“ изјави Филипче за Скопје1.мкПовеќе медиуми во земјава пренесуваат тврдење дека после вчерашната трагедија на штипјанката која го загуби своето неродено бебе во шеститот месец од бременоста, како последица на епидемијата од морбили, министерот Филипче разговарал со премиерот Заев и му понудил оставка од морални причини, вест која Филипче категорично ја демантира.

Македонија | пред 6 години

reka

Река: Нека не ме гласаат само затоа што сум Албанец

Ако јас не им дадам добра понуда, ако мислат дека не сум доволно способен со моето знаење, со моето искуство да ја водам државата напред, нека не ме гласаат, нека не ме гласаат само затоа што сум Албанец, вели претседателскиот кандидат Блерим Река, во неделното интервју на Радио Слободна Европа.-Еден од моите главни столбови на целата, јас би рекол, политичка филозофија, а потоа и предизборна кампања и сега во самата кампања е како Република Македонија, сега Северна Македонија од држава да стане република. Јас мислам дека Македонија е држава, но се уште не е република. Републиката ја прават владеење на законот, а не на поединецот, а најмалку култ на личноста. Ние имавме скоро 11 години заробена држава, но се плашам дека во последните две години ние одиме кон приватна држава. Ако не превенираме поголеми проблеми во нефункционирањето на законот, јас се плашам дека не само што нема да има правна држава, туку може да завршиме и во празна држава-вели Река.

Македонија | пред 6 години

60A5DC4D-94C9-49CF-B79D-F7F6F2B7E738

Силјановска не се појави на митинг во Крушево поради здравствени причини

Кандидатката за претседателка на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, вчера не се појави на митингот во Крушево поради здравствени причини. Но, таа им се обрати на крушевчани преку социјалните мрежи и им вети дека ќе ги посети во вториот круг.-Почитувани, од здравствени причини не бев во можност да бидам присутна на митингот во Илинденско Крушево. Ќе дојдам во вториот круг, ви ветувам. Во градот херој, ги поздравив бранителите од 2001 година. Со жално срце констатирав дека седум години по Смилковското езеро, правен епилог нема. Седум години по настанот кој со право може да се нарече терористички, се уште сме без право и правда. Да потсетам што велеше премиерот, има снимки, никој нема да остане неказнет. Но, правото и правдата не стигаат за родителите на убиените момчиња. Како тие да веруваат во правната држава? Затоа ние повикуваме на право и правна држава. Ние ќе сториме се да нема селективна правда, да има владеење на правото, не владеење на група олигарси. Ние нема да се мешаме во судската власт. Ние ќе го оставиме судот да суди. Додека премиерот е претседател на Советот за судски реформи право и правда нема да има-напиша Силјановска.

Македонија | пред 6 години

aleks-pop-stefanija

Алекс Попстефанија, охриѓанец дел од тимот кој ја сликаше црната дупка

Алекс Попстефанија, момчето кое е по потекло од Охрид е дел од екипата која дојде до првата во историјата, спектакуларна фотографија на Црната дупка, како дел од тимот кој работи на телескоп во Мексико, Event Horizon Telescope (ЕНТ).Илија Дуковски од Бостон, за порталот Офф.нет разговараше со Попстефанија за подвигот на групата научници.– „Црна дупка“ е регион во вселената во кој доминира не-њутновска гравитација, односно неверојатно големо количество маса е „стуткано“ на релативно мал простор. Во случајот со супермасивната црна дупка на М87, таму постои маса чие количество изнесува колку 6 милијарди сонца, во регион во должина од околу 1.5 светлосни денови. За споредба, целиот наш сончев систем до Плутон е околу 10 светлосни часови. „Хоризонтот на настани“ ја означува границата на црната дупка; каква и да е материја или фотони внатре неа, ќе останат заробени засекогаш. Во нашата 3Д перцепција на реалноста, црната дупка може да се замисли како невидлива сфера, при што радиусот на истата го претставува хоризонтот на настани. Кампањите на набљудување беа спроведени во април 2017 и април 2018 и обете траеа по пет денови. Овие податоци беа снимени кога главните целни извори беа оптимално видливи ноќе, и кога времето беше глобално најдобро за нашите опсервации. Секој телескоп ги набљудуваше целите SgrA* и М87 oколу 8 часа секоја ноќ. Меѓутоа, соработката на EHT еволуираше во тек на 20 години. За ваков глобален потфат е потребно развивање нов хардвер и софтвер, и тоа се правеше во последните неколку години, кога во проектот се вклучија нови телескопи. Меѓу проблемите кои требаше да бидат разрешени спаѓаа координацијата на инструментите, софтверот за напредно процесирање, надополнување на хардверот и други технолошки и практични аспекти, за да се синхронизираат постоечките телескопи во глобално координирани опсервации во опсегот на ЕНТ. Откако во април 2017 беа снимени првите податоци, тие беа испратени до централните станици за процесирање – Институтот за радио астрономија Макс Планк и Хајстек опсерваторијата на МIT – потоа тие беа внимателно процесирани, калибрирани, анализирани и на крај интерпретирани со користење на најнапредни компјутерски алатки создадени посебно за овој експеримент од страна на соработниците на проектот. Додека „правењето слика“ од процесираните и добро калибрираните податоци сега трае само неколку минути, развојот на процедури и алатки кои го овозможуваат ова бараат многу време и напор од голем број посветени експерти, вели Попстефанија.Твоето семејство е од Пајко маало во Скопје и Сараиште во Охрид. Сакаш да ги поздравиш нашите македонски читатели?Секако, поздрав до сите! Се надевам дека ќе ве видам ова лето, кога ќе дојдам во Македонија на одмор!Ти благодарам за разговорот и ти посакуваме уште многу научни успеси како овој. Текстот во целост на: off.net.mk

Македонија | пред 6 години

Pendarovski-Press

Колку пари потрошил Пендаровски за досегашната кампања и од каде ги обезбедил – во извештајот од ДИК

Претседателски кандидат, Стево Пендаровски, во кампањата има приходи од околу 31 милион денари, а најголемиот дел од нив легнале од членарина од СДСМ – 10 милиони денари.На списокот на донатори кај него се јавува само едно лице Павле Дукадиновски кој уплатил 150.000 денари, е наведено во  извештајот  објавен на веб страната на Државната изборна комисија. 

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања