„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

главни-вести

asanz-2

(ВИДЕО) Асанж е затворен во британскиот „Гвантанамо“

Џулијан Асанж, основачот на „Викиликс“, кој беше уапсен во четвртокот, е пренесен во затворот „Белмарш“ во југоисточниот дел на Лондон кој се споредува со „Гвантанамо“ на Куба во кој американските власти ги држеле најопасните исламисти.„Откако неговиот случај, по апсењето, беше процесиран пред судот во Лондон, Асанж е спроведен во ‘Белмарш’“, изјавил пријателот на Асанж, Вон Смит, кој бил една од последните личности кои го посетиле Асанж пред да биде уапсен во еквадорската амбасада.„Блумберг“ оценува дека изборот на локацијата каде што Асанж ќе ги чека понатамошните судски одлуки би можел да укажува на построгиот пристап на британските власти кога е во прашање 47-годишниот Австралиец, додека тој се бори против екстрадиција во САД каде е обвинет за издавање државна тајна.Се тврди дека во „Белмарш“ има затвореници од различни профили, од пониски престапници до одделението во кое се најопасните затвореници во земјата. Се смета дека оваа средина ќе биде комплетна новост за Асанж, бидејќи во 2010 година, додека ја чекаше одлуката на британските власти по барањето на Шведска да ѝ го предаде, помина девет дена во друг затвор во Лондон, „Вондсворт“.Обвиненијата против основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, за вмешаност во криминална кражба на државни тајни на САД претставуваат директен напад врз основните слободи на медиумите и може да имаат катастрофални последици врз новинарството, предупредуваат американски правни експерти.Обвинителите во четвртокот во Вирџинија ги обелоденија обвиненијата против основачот на Викиликс, кои беа запечатени од март 2018 година. Тие се основа за барањето на американските власти до Британија Асанж да биде екстрадиран во САД и да биде изведен пред суд.Клучен елемент од обвинението е новиот навод дека Асанж активно се ангажирал да му помогне на Манинг во обидите да пробие лозинка што му овозможила на американскиот војник да добие неовластен и анонимен пристап до тајни податоци на компјутерите на американската армија. Во 2010 година, Менинг бил разузнавачки аналитичар во оперативна база надвор од Багдад.

Свет | пред 6 години

60A5DC4D-94C9-49CF-B79D-F7F6F2B7E738

Кој најмногу донирал за кампањата на Силјановска Давкова? - ДИК го објави извештајот

Кандидатката за претседател поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова во првата половина од претседателската кампања потрошила речиси 163 илјади евра. Опозицискиот кандидат како приходи пријавила 203 илјади евра од донации, се наведува во финансискиот извештај, објавен на веб страната на Државната изборна комисија.Поголемите донатори за камапњата на Силјановска според јавно објавениот  извештај се пратеници и функционери од ВМРО-ДПМНЕ. Најмногу донирал потпретседателот на партијата, Александар Николовски – 180.000 денари, а на листата е и пратеникот Антонио Милошоски со донација од 150.000 денари.

Македонија | пред 6 години

Goce_Delčev_spomenik_u_Skoplju

Скопје и Софија ја разгледуваат можноста за заедничко чествување и на Гоце Делчев

На дводневната петта средба на Заедничката комисија за историски и образовни прашања помеѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија, што се одржа во Софија, била разгледана можноста за заедничко чествување и на Гоце Делчев.На средбата што на 10 и 11-ти овој месец се одржа во Софија, биле разгледани неколку прашања од интерес на работата на Комисијата во согласност со Договорот за добрососедски односи помеѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија, објави МИА.-На средбата Комисијата ги разгледуваше меѓусебно разменетите забелешки за бугарските учебници по историја за 5 клас и македонските учебници по историја за 6 одделение, односно за периодот на антиката. Притоа, Комисијата водеше дискусија во однос на одредени делови кои можат да се подобрат. Во однос на ова прашање комисијата дополнително ќе достави предлог со конкретни препораки до соодветните влади и министерства. Исто така, на средбата беше започната дебата за значењата на Гоце Делчев во двете држави и околу можностите за заедничко чествување на Гоце Делчев. Дискусијата по ова прашање ќе продолжи на следните средби, соопшти Македонскиот тим при Заедничката комисија за историски и образовни прашања меѓу Северна Македонија и Бугарија.На претходните средби, заедничката Комисија постигна согласност за препорака до владите на двете држави за заедничко чествување на Св. Кирил и Методиј, Св. Климент Охридски, Св. Наум, Цар Самоил и Григор Прличев. Извор: МИА

Македонија | пред 6 години

davidovski-poternica

По потерница од Интерпол во Шведска е уапсен Дејан Давидовски, обвинет за настаните од 27 април

На аеродром во Стокхолм е уапсен Дејан Давидовски, кого македонските власти го бараат по потерница од Интерпол за настаните во Собранието од 27 април, потврдија за МИА од Јавното обвинителство.Давидовски е уапсен на аеродромот во главниот град на Шведска, каде пристигнувал од Софија.Во земјава веќе се преведуваат докази со кои ќе се бара негова екстрадиција, а тој бил уапсен на 7 април.Давидовски бил во групата маскирани лица, кои упаднаа во Собранието и против него е покренато обвинение за  сторено кривично дело по  член „313“ од Кривичниот законик.

пред 6 години

struga-funkcioner

Кој функционер на СДСМ гради во езерското крајбрежје во Радожда?!

VOX Struga од блиски извори дознава дека висок функционер на СДСМ (директор), гради во крајбрежјето во влезот на село Радожда.Според фотографиите и видеото кое го објави порталот граден е ѕид од камења и бетонска плоча каде што се подготвува изградба на објект, кое како што дознава VOX Struga ќе биде мала викендица.Последните денови многу граѓани, организации и политички субјекти пријавуваа нелегални градежни работи во струшкото крајбрежје, но комисијата која што излезе на терен не се сложува со пријавите. Според нив, нема ништо незаконско на брогот од Езерото. Текстот и видеото на овој линк

Македонија | пред 6 години

pretepal-do-smrt

Двајца браќа под истрага за нанесување тешка телесна повреда

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против двајца браќа, од кои за едниот постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Тешка телесна повреда од член 131 став 3 од Кривичниот законик, додека другиот е осомничен за помагање при извршување на истото кривично дело.Првоосомничениот, помогнат од второосомничениот, на 23.03.2019 година, во кафе бар во селото Марино, со умисла тешко телесно повредиле едно лице, при што му уништиле важни органи и му го загрозиле животот. Имено, кога оштетениот пристигнал во кафе барот со негов пријател, бил пресретнат најпрво од второосомничениот, кој се удрил со рамото во него, а потоа со бокс го удрил во пределот на лицето. Во тој момент дошло лице од обезбедувањето на локалот кое ги раздвоило. Но, нешто подоцна пред влезот на дискотеката оштетениот повторно бил пресретнат од двајцата осомничени. Второосомничениот го фатил за гуша, а од неговата лева страна дошол првоосомничениот и го забодел со нож во пределот на левиот долен дел од стомакот.  По ова, осомничените го напуштиле местото на настанот.Бидејќи постојат околности што укажуваат дека постои опасност од бегство и постојат особени околности кои укажуваат дека осомничените би можеле да влијаат на сведоците и кои го оправдуваат стравот дека би можеле да го повторат кривичното дело, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави и Предлог за определување мерка притвор за двете осомничени лица. 

пред 6 години

turisti

Презентирани начините за добивање субвенции за организиран туристички промет пред тур-операторите во Охрид

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот денеска во Охрид пред домашните тур-оператори ги презентираше начините за поднесување барање за субвенции.Директорот на Агенцијата Љупчо Јаневски во обраќањето нагласи дека има доволен буџет за исплата на сите поднесени субвенции. Минатата година за таа намена биле потрошени 77 милиони денари.– Субвенциите редовно се исплаќаат, буџетски средства има. Во 2018 година најавив дека во координација со сите субјекти во туризмот треба да создадеме нов систем на субвенционирање, кој ќе помогне и дополнително ќе го зајакне македонскиот туристички сектор. Лични мои предлози се измени во исплатата според категоризацијата на сместувањето, преку зголемување просечниот престој во земјата, зависно дали туристи се носат во или надвор од сезона… Се надевам дека во таа насока ќе бидат и елементите кога се во прашање изедначувањата на одредени пазари, рече тој, притоа уверувајќи ги претставниците на тур-операторите дека секој субјект што има поднесено исправна и целосна документација за субвенционирање ќе добие помош од државата.Тур-операторите пак призаваат дека субвенциите што ги дава државата за поддршка на туризмот придонесуваат за покачување на туристичкиот промет, со најмногу забелешки со забелешка дека се соочуваат со одредени технички проблеми, меѓу кои толкувањето на правилникот, како и некои нелогичности.– Субвенциите се исплаќаат редовно, но има одредени законски толкувања што пречат, оттаму потребата од измени во легислативата и начинот на определувањето на субвенционирањето, изјави Асим Челик од туристичка агенција „Охрид холидејс“ што е македонскиот партнер на „ТУИ“.Според досегашната практика, за секој турист од странство донесен со авионски превоз преку тур-операторите државата преку субвенции плаќа по 65 евра. Проблемот, според тур-операторите е тоа што таа субвенција за гости кои престојуваат во хотел од висока категорија можеби не е многу, но за приватно сместување каде цената на сместување е пониска од самата субвенција укажува на нелогичност.Инаку, податоците на „Евростат“ покажуваат дека Република Северна Македонија минатата година бележи највисоко ниво на зголемување на вкуониот број ноќевања на европско ниво и тоа за 22,1 отсто, како и оти за прв пат после девет години се зголемил и просечниот престој на туристите во земјата.

Македонија | пред 6 години

adrijan-2

Охриѓанецот Адријан Битрак ја „чуваше“ една од најскапите ташни од Луј Витон

Охриѓанецот Адријан Битрак кој живее и работи во Токио, ја „чуваше“ една од најскапите ташни од  брендот Луј Витон, проценета на 250 000 долари. Ташната е со дијаманти и истата привлекува огромно внимание кај Јапонската публика која ја искористи можноста да ја види.Битрак вели дека некои од артиклите изложени на овој настан биле и од половина милион долари, но дека и таа сума не е многу за ВИП посетителите кои  можат да си ги дозволат.Инаку Луј Витон е еден од омилените модни брендови, но и еден од најмоќните, ако му веруваме на Форбс. Неговото препознатливо лого честопати е предмет и на копирање, но тоа не ја намалува вредноста на она што куќата го пренесува како модно богатство со генерации.Луј Витон ја започнува својата кариера на изработувач на куфери уште на 16-годишна возраст. Модната куќа ја основа во 1854 година. Неговиот син Жорж Витон го креира новиот начин на закопчување односно заклучување на куферите.За брендот се фотографирале бројни познати личности како Анџелина Џоли, Мадона, Дејвид Боуви... Но, малкумина знаат и ги изненадува фактот дека ѕвезда на една кампања беше и поранешниот претседател на СССР, Михаил Горбачов.Брендот е дел од LVMH група, која опфаќа 70 куќи, меѓу кои и Кристијан Диор, Дона Каран и Живанши. М и Н од LVMH се скратеници од  Moët и Hennessy, два популарни бренда за алкохол.Во 2013 година, брендот Луј Витон беше споменат во песните на Канје Вест дури 19 пати.  

Магазин | пред 6 години

zeni-pomalku-plateni

Жените сеуште помалку платени од мажите

Жените се се помалку платени од мажите во земјава, низ годините се продлабочува јазот во нивните плати. Во просек за околу 20 проценти жените се помалку платени во однос на мажите. Наместо со развојот на еконоимијата да бележиме намалување на овој огромен јаз, ние како земја нотираме продлабочување, и тоа го покажуваат и статистичките податоци, беше потенцирано на денешната дебата на Центарот за истражување и креирање политики.Родовиот јаз е само еден елемент на пошироката тема за неповолната положба на жените на пазарот на трудот, велат експертите.Истражувањето  покажува дека жените главно се вработуваат на пониско платени работни места.  Од секторите најмногу се присутни во образованието,  здравството и во текстилната иддустрија. Во јавната администрација пак работата повеќе мажи.Во регионот Словенија има најмал јаз во платите на  мажите и жените. Но аналзите покажале дека и во многу поразвиените земји разлика меѓу нивните примања постои.

Македонија | пред 6 години

ivanov-3

Уставни судии потврдија - Иванов има право на помилување

Уставните судии кои гласале против одлуката на Уставниот суд да се укинат измените на Законот за помилување, донесени во 2009 година сметаат дека членот 11 кој му овозможува на Претседателот Ѓорѓе Иванов дискреционо право за помилување се враќа во законското решение кое е на сила и денеска, објави press24.mk.„ Преку укинувањето на измените на законот овој член повторно се враќа во сила, а тој овозможува Претседателот да помилува определено лице без воопшто да се спроведе законски пропишана постапка во случај тој да смета дека е оправдано.“ – се вели меѓу другото во издвоеното мислење под кое се потпишани тогашните судии во Уставниот суд, Наташа Габер-Дамјановска, Исмаил Дарлишта, Сали Мурати, и Гзиме Старова.Текстот во целост на: press24.mk

пред 6 години

tribina-Stevo

(Видео) Член на СДСМ на Трибина кај Пендаровски побара СДСМ да го додаде ВМРО во името и да се обединат трите дела на Македонија!

Член на СДСМ побара од Пендаровски да го промени своето име и да ја додаде историската кратенка ВМРО, со што ќе докажат дека ги делат вредностите на историските личности на ВМРО.По ова тој го запраша Пендаровски дали размислува доколку не не примат во ЕУ да се направиме федерација со Грција и да се обединат на трите дела на Македонија, Вардар, Егеј Пирин.Ова направи xaoc во салата!https://www.facebook.com/iNFOMAX.mk/videos/820554905011056/?v=820554905011056

Македонија | пред 6 години

reka

Река до Албанците: Покажете дека не сте само гласачи, туку и гласани

Кандидатот за претседател, Блерим Река на вечарашната средба со жителите на велешкото село Јаблочиште истакна дека Републиката не ја признава дозираната демократија за „статистички нации”, на кои им се дозволуваат толку права во зависност од тоа колку проценти се.-Не дозволувајте да ве убедат дека дури и по 30 години не треба да гласате за себе. На 21-ви април бидете свои. Не дозволувајте со вашиот глас да ја протерате и последната идеалистичка младина. Сведочете дека не го прифаќате концептот на статистичка нација. Покажете дека не сте само гласачи туку и гласани, рече Река. 

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Трајче Заев, Катерина Заева и Бобан Заев ќе произведуваат марихуана во Македонија

Лиценца да водат бизнис со канабис за медицински цели добија 15 компании, а постапката на избор траела шест месеци.Ова се фирмите кои ги добија:Каба Хербал во Кочани, Оаза алкалоиди во Карбинци, Медицал 420 во Битола, 5 летерс во Ресен, Мам во Свети Николе, АЦПВ во Гостивар, Фарма Медика Канабис во Валандово, Ф&M 2017 во Гостивар, Фармаролли во Скопје, Греен лифе во Валандово, Канабис про во Струмица, Т.Х.Ц. Куалити гроуп во Росоман, Хелтх медикал солутионс во Гевгелија, Бул-Билдинг во Струмица и РСБ солутионс во Карбинци.Во две од нив главниот збор го имаат братучедите на премиерот, а во една, пак, Стивен Џерард, пишува Пресинг ТВ.Мам во Свети НиколеОваа компанија е основана во 2011 година, со дејност за одгледување на зеленчук, а како прв сопственик е запишан Зоран Додевски и трговското друштво Фитохемија. Но откако добива дозвола за одгледување на канабис, во сопствеништвото на компанијата влегува и словенечката Фрејхер со седиште во Љубљана.Подоцна, во сопствеништвото влегува и струмичката компанија Еленица, а управители се Трајче Заев, братучед на премиерот Зоран Заев и Словенецот Томаж Фрелих. Во март лани, во сопствеништвото влегуваат и компаниите Зора од Охрид и Урбан План Конструктион од Тетово.Фарма Медика КанабисФарма Медика Канабис одгледуваат канабис во Валандово. Како сопственици на компанијата се јавуваат братучедите на премиерот, Катерина Бојовиќ Заева, Бобан Заев и Трајче Заев.Фармаролли ќе одгледува марихуана во СкопскоФормирана е на 05.10.2017та година. Управител на компанијата е Стивен Џерард Маллој. А како сопственик се води компанијата со исто име „ФармаРолли Холдингс Б.В.“.Целиот текст на Пресинг ТВ

Македонија | пред 6 години

monstrum

Седум години од масакрот кај Смилковско езеро

12.04.2012, Велики четврток, Смилковско езеро. На оваа дата и место, пред точно 7 години свирепо беа убиени Филип Славковски (18), Александар Наќевски (18), Цветанчо Ацевски (18) и Кире Тричковски (20) од Радишани и Борче Стевковски (45) од Црешево.На местото каде тогаш беа убиени, денес има изградено црква „Светите Четириесет Маченици- Младенци“ и два обелиска кои вечно ќе го означуваат споменот за сите петмина, но и ќе сведочат за масакрот кај Смилковско езеро.Обдукцијата врз убиените покажала дека во нив е пукано од три типа огнено оружје, за што се најдени и чаури од три различни типа муниција, што наведува дека имало повеќе од еден извршител на чинот.За петкратното убиство кај Смилковското езеро беше отворен предмет „Монструм“, а на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ и Езим и Хаки Азири и Сами Љута.Врховниот суд во декември 2017 година ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири, и им определи мерки на претпазливост. По укинувањето на пресудите, случајот „Монструм“ го презеде СЈО и предметот беше вратен на повторно судење.За судот се уште недостапни се Алил Демири и Африм Исмаиловиќ по кои се распишани меѓународни потерници. Од Министерството за правда се уште чекаат одговор на барањето за нивна екстрадиција од Косово.Случајот го води судијата Огнен Ставрев и се наоѓа во доказна постапка.

Македонија | пред 6 години

Biljana-Ivanovska

Резултатите од истрагите за непотизам на власта ќе бидат објавени после изборите

Претседателката на Државната комисија за спречување на корупција, Билјана Ивановска во вечерашното интервју на телевизија 24 рече дека за сите сомнителни случаи за непотизам за членови на актуелна власт се отворени постапки, но дека од повеќе причини нема да стигнат резулатите од истрагите да ги објават пред изборите.-Сите тие случаи се отворени. И при крај сме со објавување на резултатите од истрагите. Сега не можам ништо да откријам, тоа ќе биде објавено на јавна седница. Нашата опсервација е насочена кон одговорното лице, а вработувањето е ефектот од непотизмот. Аршинот ни е ист за сите случаи. Изборите не не спречуваат, ни попречи тоа што моравме да држиме отворена седница за приговорите. Наредна недела јас сум на пат и од сите тие причини ќе мора да се одложи објавувањето на резултатите, не поради изборите, рече Ивановска.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања