„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

главни-вести

Нема фотографија

Силјановска: Кршењето на Уставот и законите значи делегитимирање

Ги учам студентите дека изборите се начинот на кој се решава прашањето на легитимитетот или делегитимирањето. Тие се одамна веќе делегитимирани, оти кршењето на Уставот и законите значи делегитимирање, oва го истакна кандидатот за претседател на државата Гордана Сиљановска Давкова на митингот во Кисела Вода.Референдумот, промената на Кривичниот законик, одлуката за референдумот, Законот за амнестијата…се` се тоа акти на кршење на Уставот и законите. Она што го сторија, а немаа легитимитет за тоа, е промената на името. Единствената промена што ја направија директно не` засега сите нас. Болно, страшно. Се` што сме правеле во животот, се што сме читале, пишувале, сонувале било врзнао за Република Македонија, ќе додаде Сиљановска.„Никој нема право, односно нема мандат, ако на изборите, во изборната програма не го нотирал тоа дека ќе го прави, да го спроведува. Тоа е она што ние го велиме теорија на мандат, но тие ниту поим имаат од мандат. Тие се водат од начелото „фати го моментот“, земи се што ќе можеш, вработи ги своите, узурпирај ја економијата, стави го Уставот во џеб и се разбира биди покорен кон оние кои мислиш дека се посилни“, истакна Сиљановска.

Македонија | пред 6 години

auto_teuta-arifi_1507805030-34107451507806751

Теута Арифи во Тетово ќе организира велико-албански состанок

Градоначалничката на Тетово, Теута Арифи преку Фејсбук најави дека Тетово ќе организира велико-албански состанок„Во петок 12.04.19 и сабота 13.04.19г. Тетово ќе биде домаќин на третиот состанок на Сојузот на албански општини во регионот!Трета средба на Тирана, Приштина, Тетово, Валона, Призрен, Улцињ, Прешево и Гостивар.Тема на дискусија ќе бидат најдобрите практики во општинското управување и проблемите и предизвиците со кои се соочуваат нашите општини!Трет состанок на албанските општини во регионот !Тетово, 12.04.19 и 13.04.19г., напиша Арифи на Фејсбук.

Македонија | пред 6 години

detska-klinika

Економскиот директор на детската клиника се разболе од морбили

И економскиот директор на детската клиника е на боледување затоа што се заразил со морбили.Покрај директорот Ридван Ибраими, уште три медицински сестри на клиниката исто така се разболеле од морбили, ни потврди директорката Катерина Ставриќ. Сите биле вакцинирани, но сега имаат морбили по допир со пациенти иако тоа не може со сигурност да се каже за економскиот директор кој пак работи само во финансискиот дел, јавува Телма.

Македонија | пред 6 години

1-2-2

Пендаровски: Се доближуваме до првиот круг, машината е залетана и оди во петта брзина

Кандидатот за претседател од СДСМ и ДУИ, Стево Пендаровски вечерва одржува митинг во Кочани од каде порача дека првиот круг е се поблиску и „машината е залетана“.-Се доближуваме до првиот круг од изборите, машината е залетена иде во петта брзина и кога идеш во петта брзина не можеш да го заобиколиш Кочани, овој важен град. Од овде секогаш доаѓале добри вести за мене и мојата екипа. Една мала Македонија, едвај два милиони дали сме останати, седи на иста маса со големите сили во НАТО и таму ја прашуваат за нејзиното мислење. Нас ќе не прашаат за македонските прашања, но и за сите други проблеми затоа што сме рамноправни. Не постои ниту една земја во Европа која успеала сама да се развие, да има демократија, човекови права, стабилна економија, а без да биде во Европска унија. Особено мала држава со ограничени ресурси како Северна Македонија. Македонија покажува стапки на раст какви не сме имале години наназад. Ниту во најдобрите години на претходниот режим не можеа да обезбедат странски инвестиции колку сега, рече Пендаровски.

Македонија | пред 6 години

Zaev

Заев: Не очекувам Иванов да ги помилува осудените за „27 април“, нема законска можност

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека не очекува Иванов да ги помилува осудените за случајот „27 април“, бидејќи не постои таква можност во законот.„Членот 11 од Законот за помилување не постои, тој е укинат и не може да се делува по него. Постапките се водат преку правда и тие може да стигнат до претседателот на РСМ, но не може да се водат за време на избори. Тие се забранети постапки, влијаат на изборниот процес затоа што влијаат на самите гласачи. Може да се водат откако ќе завршат претседателските избори. Тие завршуваат на 5 мај, официјалното завршување го прогласува ДИК согласно роковите за жалби и завршните извештаи, а мандатот на претседателот Иванов е до 12 мај, така што не очекувам никаква аболиција од негова страна. Како што слушам, пак, идниот претседател јавно вети дека нема да дава вакви аболиции затоа што не постои таква законска можност“, рече премиерот Заев

Македонија | пред 6 години

AGATANGEL

Владиката Агатангел за поглаварот на ИВЗ: Tој повеќе личи на прост и недоделкан човек

На Фејсбук страната на Повардарската епархија владиката Агатангел реагираше на изјавите на поглаватарот на Исламската верска Заедница, Сулејман Реџепи, дека Македонците се див народ без идентитет, со текст насловен „Омразата на поглаварот“.„Ве молам да ми простите, бидејќи, како Митрополит на Светата Македонска православна црква, не можам да премолчам за ова неправда!Господинот Сулејман Реџепи воопшто не наликува на верник кој преку своите верски принципи и морални норми и правила најпрво ги победува своите слабости и страсти, а потоа и со многу љубов и разбирање го прегрнува целото создание и сè што дише на овој свет. Тој многу повеќе личи на плиток и недоделкан човек, исполнет со огромни предрасуди за поразличниот од себе, па затоа, речиси во сите негови изјави и јавни настапи, го засрамува секој чесен и искрен муслиман во нашата татковина Македонија. Господин Реџепи е гласноговорник и хушкач на национална и верска нетрпеливост и во исто време е предан заштитник на погубниот тероризам и насилие. Тој е типичен претставник на неморалноста, летаргијата, контрадикторноста и лудилото, кои со години однатре го нагризуваат и разнебитуваат нашево општество и ја шират одвратната реа на пеколната запустеност. Сулејман Реџепи е црниот ангел на поделбите, па со своите изјави ги нахранува екстремистите на кои единствена светиња им се крвопролевањата насекаде во белиот свет. Затоа, ставовите на овој залутан човек во верата се семе на раздорите, кое едвај чека да биде полеано од „дивите“ по душа, од кое пак подоцна, неминовно и неконтролирано ќе никне разгранетото дрво на омразата, која бездруго е опасна по живот.Изјавата на г. Сулејман Реџепи не ги повредува чувствата само на христијаните, туку и на муслиманите, бидејќи огромен дел од ИВЗ се токму Македонците муслимани. И тие ли диви и без идентитет? За жал, македонското општество, кое се стремиме да го изградиме како мултикултурно, со децении толерира вакви полулуѓе, чии дела и постапки сведочат за основната невоспитаност на овие недоветни провокатори, чија нечовечност во однесувањето е многу далеку над границите на пристојноста. Затоа, доколку сакаме да бидеме нормално општество, мораме час поскоро да ги пресретнеме ваквите одвратни однесувања, а мораме и да создадеме делотворен механизам за превенција, како воопшто не би дошло до нивна несакана појава. Господин Сулејман е рак - рана на општеството и затоа соодветно, како што и му доликува, треба да биде препознаен и третиран како заразено ткиво кое се заканува да го оболи целото тело.Верскиот лидер треба да биде совест на државата, носечки столб на моралноста и основа и темел на мирот, љубовта и толеранцијата. Ефенди Сулејман очигледно ја промашил професијата, па заседнал на едно благородно место, кое воопшто не одговара на погледот на светот на еден Верски поглавар. Ако вака јавно ја покажува својата нецивилизираност, можеме само да си замислиме какви ли сè не гадости промовира и проповеда зад затворени врати? Опасен човек е ефенди Сулејман Реџепи, неговото однесување е налик на разорна бомба во рацете на безумниот. На денешните генерации, од сите значајни фактори во државата им треба огромна поддршка и правилно раководење. Верските лидери, пак, треба високо да се издигнат над секоја приземна предрасуда која внесува немир во човековата душа. Човекот од верата не повредува и понижува никого па колку и да е поразличен од него. Ако пак решил да постапува спротивно, чесно би било да ги напушти своите верски доктрини и обележја, па нека се стопи со светот и со сите негови карикирани и патолошки лудости. Показател на тоа колку му е грижа на г. Реџепи за правдата и вистината е фактот дека тој, како Верски Поглавар на една голема и значајна Верска заедница, воопшто не реагираше, кога мрачните сили на овој свет, вршеа континуирано насилие врз македонскиот народ за да го промени своето вековно и исконско име. Впрочем, сите имавме некое чувство дека тој не само што ја поддржува оваа неправда, туку и оставаше впечаток дека се наситува од несреќата на слабиот и незаштитен македонски народ, кој во значаен дел припаѓа на ИВЗ со која тој раководи.Господин Сулејман Реџепи е тргнат на патот на омразата, а таа одвратна и примитивна нарав, најпрво беспомошно го разјадува човекот однатре, а потоа и духовно ги уништува и оние кои се напиваат од нејзините отровни и горчливи сокови, пишува Агатангел во текстот.

Македонија | пред 6 години

ahmeti

Ахмети: Предвремени парламентарни избори не се опција

Предвремени парламентарни избори не се опција и ако нема договор за Специјалното јавно обвинителство, изјави Али Ахмети за време на посетата на Институтот за културно и духовно богатство на Албанците.„Мислам дека една таква опција не би била корисна, не би била функсионална. Решение не се предвремени избори, затоа што никој нема да даде гаранции дека ќе се постигне двотретинско мнозинство, ако се организираат предвремени избори“, нагласи Ахмети.

Македонија | пред 6 години

stamenkovski-zaev

Советник на Заев се заканувал на вработена во Kpивичниoт cyд

Вработена во Kpивичниoт cyд во Скопје денес до cyдcкaтa пoлициja пријавила дека од страна на шeфoт на одделението за човечки ресурси била вербално нaпaднaтa во моментот кога пристигнала на нејзиното работно место, пренесува Инфомакс.Горан Стаменковски, шeфoт на одделението за човечки ресурси, кој и досега беше пpиjaвyвaн во пoлициja за нaпaд врз службеници во Kpивичниoт cyд, утринава повторно нaпднaл вработена во судот.Како што стои во поднесокот кој го напишала нападнатата вработена, Стаменковски влегол во нејзината канцеларија и на виcoк тoн и се зaкaнyвaл „ќе видиш што ќе ти направам“ и „зaбopaви на твоето работно место“.До ваква реакција од Стаменковски дошло откако, според поднесокот на нaпaднaтaтa, нe била отворена една од вратите во судот, која според интepните правила треба да биде зaклyчeнa и да се отвора само по потреба и со претходна најава.Во текот на вчерашниот ден пак, дека била нaпaднaтa се пoжaлилa и една од xигиeничapкитe во cyдoт Б.А.Горан Стаменковски е и еден од совентиците на премиерот Зоран Заев.Шeфoт на одделот за човечки ресурси во Kpивичниoт cyд е советник на премиерот Зоран Заев. Горан Стаменковски е дел од 56 советници, зaдoлжeн да го подучува претседателот на владата за coиjaлни прашања. Стаменковски е на висока позиција во скопска единица или раководител на администрацијата во судот.Тој во владата е ангажиран како надворешен соработник, но според владата, нeмa cyдир на интереси.

Македонија | пред 6 години

asanz-apsenje

Сноуден: Предавањето на Асанж на британската полиција е „мрачен момент за слободата на медиумите”

Едвард Сноуден, американски разузнавачки агент кој доби азил во Русија, го осуди апсењето на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж. Според него сликите од властите на Еквадор додека ѝ го предаваат Асанж на британската полиција се мрачен момент за слободата на медиумите, пренесува РТ..Сноуден во порака на „Твитер“ рече дека фотографиите од изнесувањето на Асанж, чија веб-страница е наградувана за новинарство, од Амбасадата на Еквадор ќе завршат во учебниците по историја.Критичарите на Асанж може да навиваат, но ова е мрачен момент за слободата на печатот“, напиша Сноуден на Твитер.Тој исто така објави скриншот од изјавата на Канцеларијата на високиот комесар за човекови права на ОН од 21 декември 2018 година, во која се бара Обединетото Кралство да ги почитува своите меѓународни обврски и веднаш да му дозволи на Асанж слободно да си замине од Амбасадата на Еквадор во Лондон. https://twitter.com/Snowden/status/1116288726601277440?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1116288726601277440&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.brif.mk%2Fsnouden-go-osudi-apseneto-na-asanzh-ova-e-mrachen-den-za-slobodata-na-mediumite%2F

Свет | пред 6 години

staklena-jagula

Кинези помогнати од цариник шверцувале стаклена јагула, крајна дестинација требало да биде Куала Лумпур

СВР Куманово, до надлежното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Л.Х.(44) од Народна Република Кина, со живеалиште Кралство Шпанија, В.В.М.(54) од Република Бугарија, Ј.П.(38) од Народна Република Кина, со живеалиште во Софија, Р.Бугарија, против С.П.(41) од село Режановце, кумановско и против И.А.(44) од Крива Паланка, вработен во Царинската управа на Р.С. Македонија, граничен премин „Деве Баир“ поради постоење основи на сомнение дека Л.Х. сторил кривично дело „криумчарење“ по член 278 став 2 во врска со кривичното дело „злосторничко здружување“ по член 394 став 1, дека В.В.М., Ј.П. и С.П. ги сториле кривичните дела „криумчарење“ по член 278 став 2 во врска со кривично дело „злосторничко здружување“ по член 394 став 2 и дека И.А. го сторил кривичното дело „криумчарење“ по член 278 став 5 во врска со кривично дело „злосторничко здружување“ по член 394 став 2 од Кривичниот законик.Л.Х. формирал криминална група за криумчарење на недозволени стоки и противправно набавил поголема количина стаклена јагула, која е редок подмладок на јагулите и претставува загрозен вид во Европа. Tранспортот на стаклената јагула требало да се изврши на релација Софија - Меѓународен аеродром Скопје до Куала Лумпур, Малезија, каде што како купувач се појавува лице по име С.Н. од Малезија.Л.Х. набавил 60 килограми на подмладок од стаклена јагула во вредност од 90.000 до 120.000 евра спакувана во 42 најлонски кеси со компресирен кислород кои ги сместиле во седум големи патни торби. J.П. набавил парични средства во кеш во износ од 10.000 евра во противредност на бугарски левови, по што на 03.04.2019 година Л.Х., В.В.М. и Ј.П. ги натовариле патните торби со стаклена јагула во комбе „Мерцедес“ со бугарска национална ознака. Откако обезбедиле авионска карта за патување за В.В.М. на релација Скопје-Истанбул-Куала Лумпур, заминале за Скопје. На граничниот премин „Деве Баир“ ги чекал С.П., кој имал задача да обезбеди непречин премин при царинска контрола на македонска страна. По пристигнување на царинска контрола кај И.А., тој без задржување ги пуштил да го напуштат граничниот премин без царинска контрола на багажот.Подоцна, на магистралниот пат Деве Баир-Крива Паланка-Куманово нивното возило било запрено од полициската патрола. При прегледот на возилото биле пронајдени седумте куфери со стаклена јагула, по што лицата биле приведени во СВР Куманово.

Македонија | пред 6 години

asanz

ВИДЕО: Уапсен основачот на Викиликс, Џулијан Асанж

Британската полиција денеска соопшти дека го уапсила основачот на Викиликс, Џулијан Асанж. Како што јави ДПА, Асанж бил уапсен откако ја напуштил зградата на Еквадорската амбасада во Лондон, каде престојуваше изминативе седум години.[embed][/embed]Скотланд јард соопшти дека полицајците само го спровеле налогот за апсење на 47-годишниот Асанж.Четириесет и седумгодишниот Асанж е баран и во САД, каде што Министерството за правда има покренато обвиненија против него за објавување тајни документи.Претседателот на Еквадор Ленин Морено изјави дека го има повлечено азилот на Асанж поради постојано прекршување на меѓународни конвенции.Асанж некои го доживуваат како херој, бидејќи како што сметаат, ги разоткрил владите по повод злоупотребата на овластувањата и го сметаат за борец за слободата на говор. За други тој е бунтовник кој ја загрозил безбедноста на САД.

Свет | пред 6 години

makedosnki-vojnik

Спречен обид за насилен влез во касарната „Гоце Делчев“, едно лице рането

Војникот што бил на стража, постапувајќи според пропишаните процедури и постапки, рано изутрината во 2:53 часот спречил обид за насилен влез во кругот на касарната „Гоце Делчев“ во Скопје, информира Министерството за одбрана.Војникот повеќе пати вербално го предупредил лицето, но откако се оглушило на предупредувањата, стражарот испукал два предупредувачки истрела во воздух.-Лицето и понатаму се оглушувало на предупредувањата при што со еден од истрелите бил погоден во петицата на десната нога. Согласно процедурите му била пружена прва помош и бил транспортиран во болница. Веднаш се известени надлежните истражни органи, соопшти Министерството за одбрана.Воена полиција, МВР и јавен обвинител излегле на местото на настанот. Сите релевантни информации и докази за настанот се предадени на надлежните органи кои работат на расчистување на случајот. 

Македонија | пред 6 години

sv-kiril-i-metodij

Скопје и Софија се согласија за чествувањето на Свети Кирил и Методиј

Денеска во Софија продолжија разговорите на Мешовитата македонско-бугарска експертска комисија. Бугарската Бгнес, повикувајќи се на изјава на копретседателот на Комисијата од бугарска страна Ангел Димитров, објави дека двете страни постигнале согласност за чествувањето на светите браќа Кирил и Методиј.Директорот на Институтот за национална инсторија Драги Ѓорѓиев, кој го предводи македонскиот тим историчари, оценил дека е постигнат сериозен напредок само за неколку месеци, посебно околу историските несогласувања меѓу двете земји во периодот на 60-70 години од минатиот век.Копретседателот на Комисијата од бугарска страна Ангел Димитров  констатира дека успехот во Комисијата ќе биде постигнат тогаш кога „на воздржан начин ќе се каже историската вистина“. Тој нагласи дека несогласувањата се однесуваат на учебниците за основните училишта во Северна Македонија.Се очекува денеска на крајот од дводневната средба во Софија, Димитров и Ѓорѓиев да имаат заедничка средба со новинарите на која ќе информираат за резултатите од разговорите. 

Македонија | пред 6 години

paten-nalog-kazna

Казна од 100 евра за избледена таблица

На ѕидот на сообраќајниот срам објавена е фотографија од прекршочен платен налог, на кој се гледа дека Лице треба да плати глоба од 100 евра поради избледена таблица.Лавина од коментари за само половина час, под објавата. Поголемиот дел од нив се однесуваат на тоа кој е крив за избледената таблица, сопственикот на автомобилот или пак производителот на таблицата.Во продолжение линкот од објавата:https://www.facebook.com/groups/437002943097808/permalink/1553758941422197/

Македонија | пред 6 години

ujp

УЈП објави листа на должници – еве кој колку и’ должи на државата

Управата за јавни приходи објавува Листа на должници бр.04/2019 за долгови доспеани до 31.12.2018 и неплатени до 31.03.2019 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е:повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност; иповисок од 300.000 денари за правните лица.Листата на должници се објавува на веб страницата на Управата за јавни приходи согласно член 9 од Законот за даночна постапка.На Листата на должници бр.04/2019 објавени се 1859 должници – правни лица (пoмалку за 130 од претходната листа) и 2226 физички лица (помалку за 80 од претходната листа).Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.04/2019 изнесува 9.517.248.764 денари, помалку за 396.868.347 денари од претходната листа. Нето долгот за даноци и придонеси изнесува 9.376.977.666 денари (помалку за 395.900.195 денари од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 140.271.098 денари (помалку за 968.152 денари од претходната листа), информираат од Управата за Јавни Приходи.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања