„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

главни-вести

mickoski

Мицкоски: Ќе поднесеме интерпелација за работата на Спасовски

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски преку Фејсбук најави дека во Собранието ќе поднесат интерпелација за министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, за како што вели, нерасчистение убиства, „црниот Вотергејт на Заев“, односно прислушувањето на обвибителството и судството.„Нерасчистени убиства! Криминал во подем, држава со најголем раст на индексот за перцепцијата за корупција, сомнителни тендери во МВР!Тепање на сопствениот народ и политички прогон. Криминалот на луѓето од власта останува нечепнат, криминалци се пуштаат на слобода додека патриоти се затвораат. Незаконски претреси по домовите на луѓе кои протестираат.Црниот Вотергејт на Заев со кој се прислушкувало обвинителството и судството, за да се клекне на колена и уценува, е црно петно за министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. И поради сето ова, и многу повеќе работи кои ќе бидат образложени во Собранието ќе поднесеме интерпелација за работата на Спасовски. Оставка поради неговото црно владеење со министерството, прогонот, неказнетиот криминал и растечката корупција“, напиша Мицкоски на Фејсбук.

Македонија | пред 7 години

4713156

Грчкиот премиер во посета на Србија

Грчкиот премиер Алексис Ципрас денеска ќе допатува во посета на Србија, при што е предвидена негова средба со српскиот претседател Александар Вучиќ.Како што соопшти Кабиентот на српскиот претседател, по средбата, Вучиќ и Ципрас ќе присуствуваат на втората седница на Високиот совет за соработка меѓу Србија и Грција.На Вучиќ и Ципрас утре во Белград ќе им се придружат и премиерите на Бугарија и на Романија, Бојко Борисов и Виорика Данчила, на средба во рамки на квадритералната регионална соработка.

Свет | пред 7 години

prepodoben-patapij-1-660x330

Од календарот на МПЦ - Денеска е Преподобен Патапиј

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 8 декември.Преподобен Патапиј се роди во градот Тива, покрај реката Нил, во Египет. Родителите му беа христијани и го воспитаа во Христовиот дух. Уште додека беше млад, тој го засака монаштвото и се повлече во една од египетските пустини. Неговиот свет живот им го сврте вниманието на луѓето, а тој, сакајќи да избега од почестите, побегна во Цариград и се насели во една колипка. Некое време остана непознат, а потоа Господ им го покажа на луѓето, на кои им служеше до крајот на својот добродетелен живот, особено со дарот на чудотворство.Близу дo црквата “Влахeрна” вo Цариград си направил кoлиба и oвдe, затвoрeн и нeпoзнат, гo прoдoлжил свoјoт прeкинат испoснички пoдвиг. Нo свeтлината нe мoжe да сe скриe. Нeкoe мoмчe, слeпo oд раѓањe, вoдeнo сo Бoжјата прoмисла, дoшлo кај св. Патапиј и гo замoлилo за мoлитва кoн Бoга за да прoглeда и да ги види Бoжјитe сoзданија, та уштe пoвeќe да Гo прoслави Бoга.Сe смилувал св. Патапиј над страдалникoт, сe пoмoлил на Бoга и мoмчeтo прoглeдалo.Тoа чудo гo oткрилo бoгoугoдникoт на цeлата прeстoлнина и луѓeтo тргналe кoн нeгo за лeк, утeха или за пoука. Патапиј исцeлил нeкoј пoзнат чoвeк oд вoдeна бoлeст прeкрстувајќи гo сo крстoт и пoмазувајќи гo сo eлeј. Eднo мoмчe гo oслoбoдил oд нeчистиoт дух штo лутo гo мачeл, правeјќи крст сo раката вo вoздухoт.И лoшиoт дух излeгoл oд Бoжјoтo сoзданиe какo чад сo гoлeмo викањe. Нeкoја жeна, кoја имала рана на градитe испoлнeта сo црви, ја прeкрстил и ја oздравeл.И мнoгу други чуда прoјавил св. Патапиј сè сo мoлитва, сo имeтo Христoвo и сo крсниoт знак. Вo длабoка старoст сe упoкoил и прeминал вo нeбeснoтo царствo, вo VII вeк.

Македонија | пред 7 години

cf37299692163a2754fab2808b5c6850_w790

СВР - Охрид - Стоп за петардите

Со цел елиминирање на нелегалната трговија со пиротехнички средста и спречување на несаканите последици од нејзино користење во текот на претстојните празници, СВР Охрид започна со интензивни мерки и контроли врз физички и правни лица кои нелегално вршат продажба на петарди, огномети и други пиротехнички средства.Со приближувањето на Новогодишните и Божиќните празници, станува актуелна употребата на пиротехнички средства, најчесто петарди, па поради тоа, полициски службеници вршат, контроли на тезгите за новогодишни реквизити, на пазарите, продавниците и другите јавни места во Охрид и на целото останато подрачје. Полициските службеници, во текот на наредната недела уште повеќе ќе ги интезивираат теренските активности но и ќе вршат контроли во сообраќајот, односно ќе ги контролираат патничките и другите моторни возила.Согласно Законот за заштита од експлозивни материи, пиротехнички производи се средства што се употребуваат за огномети, како и предмети што содржат прскави состојки кои со дејство на експлозив или други состојки служат за постигнување ефекти на оган, чад, светлина и пукање и се класифицирани како експлозивни материи. Пиротехничките средства, во Законот за заштита од пиротехнички средства, се кфалификуваат како експлозивни материи, со кои промет единствено можат да вршат правните субјекти кои се регистрирани за таква дејност. Во согласност со истиот закон, промет со експлозивни материи можат да вршат трговски друштва кои се регистрирани за таква дејност во централниот регистар на РМ и имаат одобрение за дејноста од МВР на Република Македонија. Против сите граѓани кај кои ќе бидат пронајдени петарди и други пиротехнички средства ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Од Аеродром Скопје , сакале да патуваат со туѓи патни исправи, лицата се приведени

На 20.12.2018 година во 17.40 часот на Граничен премин - Аеродром Скопје на излез од РМ, се пријавил да патува Л.Д.(27) од Косово и при извршена проверка утврдено било дека француската лична карта која ја поседува лицето била фалсификувана. Лицето е приведено за понатамошна постапка.На 20.12.2018 година во 17.10 часот на Граничен премин Аеродром Скопје на излез од РМ се пријавила да патува B.A.(26) од Р.Aлбанија и при проверка констатирано било дека истата користи туѓа патна исправа. Подоцна кажала дека се вика С.П.(21) од Косово. Приведена е за понатамошна постапка.

Скопје | пред 7 години

Capture-3

МВР: За 24 часа во Скопје, девет сообраќајни незгоди од кои една со тешки телесни повреди

Во текот на изминатиот ден (20.12.2018 година) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле вкупно девет сообраќајни незгоди од кои една со тешки телесни повреди, три со телесни повреди и пет со материјална штета. Во сообраќајните незгоди едно лице се здобило со тешки телесни повреди и шест лица се здобиле со телесни повреди. Од преземените мерки и активности констатирано е дека 57 возачи управувале возило со брзина поголема од дозволената.Од сообраќај се исклучени 11 возачи од кои: четири затоа што управувалe возило под дејство на алкохол, пет возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и двајца затоа што биле возачи почетници. Исто така исклучени од сообраќај се и шест возила бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се седум возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, двајца поради недавање првенство на минување на пешаци, двајца поради неправилно престројување, еден возач поради недавање првенство на минување во зона на кратосница, четворица поради неносење пропишана зимска опрема, осум возачи поради неносење сигурносен појас и 23 возачи поради користење на мобилен телефон при управување со возило. Во однос на пешаците санкционирани се осум пешаци поради поминување коловоз на црвено светло.Во текот на изминатиот ден издадени се 85 мандатни платни налози и 71 возило се подигнати со специјално возило "пајак".

Скопје | пред 7 години

kafasan

Двајца албански државјани барани со меѓународна потерница фатени на "Ќафасан"

На 20.12.2018 година околу 18.30 часот на Граничен премин "Ќафасан" лишени од слобода и задржани се С.Л.(34) и Ф.Б.(39), двајцата од Р.Албанија поради распишана меѓународна потерница.

Македонија | пред 7 години

gjorcev-1

Според Ѓорчев има две варијнти за бегството на Груевски, или во договор со власта или да си поднесат оставка

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Ѓорчев, во интервју за ТВ21 може да има две варијанти како објаснување за бегството на осудениот екс премиер, Никола Груевски. Според него најверојатно се работи за договор со власта. Во спротивно, вели, првите функционери на МВР треба да си поднесат одговорност затоа што не успеале да го спречат тоа.-Во врска со тоа бегство има две варијанти. Или се работи за неспособност на МВР предводена од Оливер Спасовски, а со доверба од Зоран Заев, или се работи за договор со власта на Заев, кој што е во моментов е главен трговец со правдата во Република Македонија. Или треба да има одговорност, а тоа би значело оставка на Спасовски и структурите во МВР, или се работи за политички договор и тоа граѓаните во Република Македонија треба да го знаат. Огромното мнозинство од граѓанте, а особено поддржувачите на Заев и СДСМ сметаат дека станува збор за политички договор – изјави Ѓорчев во интервју за ТВ21.Во дебатата на ТВ 21 биле поканети и претставници од СДСМ, но од таму не одговориле на поканата.

Скопје | пред 7 години

mvr1

Едно лице тешко повредено во сообраќајка во Скопје

Сопатник бил тешко повреден во една од вкупно девет сообраќајки што се случиле во текот на вчерашниот ден. Во три сообраќајки полесно биле повредени шест лица, а во пет била причинета материјална штета.Од СВР Скопје информираат дека вчера сообраќајната полиција санкционирала 57 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, осум возачи поминале на крстосница на црвено светло, двајца возачи не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, двајца возачи за неправилно престигнување, еден возач не дал првенство на минување на возила во зона на крстосница, четворица возачи не поседувале пропишана зимска опрема во возилата, осум возачи за не носење појас и 23 возачи за користење мобилен телефон за време на управување на моторното возило.Санкционирани биле и осум пешаци кои поминале крстосница на црвено светло.Од сообраќај биле исклучени вкупно 11 возачи, од кои четри возачи го управувале возилото под дејство на алкохол, пет возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и двајца возачи почетници, како и шест нерегистрирани возила.Затекнати биле 85 возила непрописно паркирани, а со помош на специјалното возило пајак, отстранети биле 71 возило.МИА

Скопје | пред 7 години

valjon1-37lq51x63jpiw310m5hr0g

Економскиот директор на Гинекологија, Ваљон Беља, кој беше затрелан синоќа , земал плата и од Општина Чаир

МВР сѐ уште официјално не ги објави причините за вчерашниот инцидент во општина Чаир, кога три лица пукаа во економскиот директор на Гинекологија, Ваљон Беља, но според некои медиуми се работи за расправија меѓу него и градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу.Како што објави ТВ21, Ваљон Беља му се јавил на градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу и побарал да остварат средба во Топанско поле, кај маркетот Принц.Наводно, економскиот директор на Клиниката за Гинекологија, сакал да го праша градоначалникот зошто му била стопирана платата која што ја примал од општината. По ова, градоначалникот повикал на помош други луѓе, по што настанала тепачка која завршила со пукање.Од МВР потврдија дека на ул. „Лазо Трповски“ било пукано во В.Б. (40) од Скопје во пределот на десната подколеница.Во него пукало лице кое било заедно со Е.Х., Е.А. и Р.Н..В.Б е пренесен во ГОБ Св.Наум Охридски и опрериран.Беља беше член на невладината организација Реалитети, а во 2010 година ја основаше партијата Албански сојуз. Партијата подоцна се припои кон ДПА на Мендух Тачи, каде Беља беше потпретседател. Набрзо избија несогласувања помеѓу него и Тачи и лидерот на ДПА го исклучи од партијата. Беља пак бараше смена на Тачи од лидерската позиција.Беља по ова премина во владејачката ДУИ. Во јавноста остана запаметен настанот кога во 2016 година, Беља преку закана со куршум во салфетка, кој го остави во канцеларијата на тогашниот градоначалник на Чаир Изет Меџити, бараше за себе подобра функција.Општина Чаир тогаш го пријави инцидентот во МВР, но до денеска тој нема разрешница.Во времето кога беше потпретседател на Демократската партија на Албанците, Ваљон Беља, физички го нападна пратеникот на ДПА, Беким Фазлиу на закажаната прес-конференција од ДПА, во Скопје.Неколку минути пред прес-конференцијата, Беља огорчен што Фазлиу се подготвува за прес-конференција, неповикан дошол пред просториите на партијата во Скопје.Тој почнал да вика „предавник, што има да зборуваш сега тука “, „ми работиш зад грб, а јас те направив претседател“.„Беља му се приближи на Фазлиу и замавна накај него, па му удри шлаканица, што дополнително ја отежна ситуацијата, а други членови на партијата кои беа на местото на настанот се обидоа да ги разделат. Беља продолжи со гневното викање, но Беким Фазлиу и членовите на ДПА кои дојдоа да одржат прес-конференција, влегоа во автомобилот и заминаа“ информираа тогаш медиумите.Инаку, оваа Влада ветуваше дека повеќе нема да има економски директори на клиниките, затоа што не се исплатливи и немаат добри резултати, но до денес ништо не е променето.извор: ако.мк

Скопје | пред 7 години

germanija-avtobuska

Во Германија автомобил удри во автобуска станица - загина жена, има повредени

Една жена го загуби животот, а девет други лица беа повредени откако автомобил удри во автобуска станица во западниот германски град Реклингхаузен, објавија германските медиуми повиувајќи се на извори од полицијата.Според „Ројтерс“ полицијата која веднаш по несреќата излегла на терен ја испитува причината за несреќата. меѓу другото се истражува и дали овој случај е поврзан со тероризам .

Свет | пред 7 години

han

Хан за германскиот весник за финансии Handelsblatt: Македонија ќе фати приклучок со Србија и Црна Гора

Јоханес Хан, комесарот за проширување на Европската унија, во последното интервјку за германскиот весник за финансии Handelsblatt вели дека Македонија може да фати приклучок со Србија и Црна Гора, кои на патот кон евроинтеграциите веќе добија датум за преговори и ги отвораат поглавјата.Акцент на интервјуто со Еврокомесарот беше балканскиот регион, а тој забележува дека проширување на ЕУ мора да продолжи да биде со помош за овие земји од регионот и да ги поддржи во економски раст и зајакнувањето на владеењето на правото.„Во Западен Балкан земјите се уште се кревки и проширувањето на ЕУ е единствениот начин за мирно стабилизација на регионот. Но, кога тие ќе пристапат во Унијата не можам да дадам точен година. Во однос на исполнувањето на условите за пристапување, Србија и Црна Гора се најблиску, но по решавањето на спорот со Грција, Македонија има добри шанси да се движи напред“, рече Хан на едно од прашањата.

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

Ѓорчев: Владата на Заев до сега потроши повеќе од 5 милијарди евра и не направи ништо

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев, во вечерашното издание на дебатната емисија „Клик Плус“ на тв21, рече дека владата на Зоран Заев потрошила повеќе од 5 милијарди евра и при тоа не направила ништо.-Нема влада на Македонија во историјата која што повеќе пари исцедила од граѓаните и народот и која што повеќе исцедила од претпријатијата, од стопанството, од економијата. Што е направено луѓе, што е направено!? Пет и нешто милијарди евра се потрошени, на што се отидени тие пари?, истакна Ѓорчев.Ѓорчев меѓу другото зборуваше и за автопатот Кичево- Охрид, при што вели дека СДСМ ја обвинуваа Владата Предводена од ВМРО-ДПМНЕ дека автопатот бил прескап, за сега СДСМ да потроши плус уште 200 милиони евра за истиот тој автопат и тоа без тендер.-За автопатот од Кичево до Охрид, пет години СДСМ збореа дека е прескап, дека тоа е премногу, тоа е корупција, не смее да биде толку скап. А сега пред месец дена, оваа Влада вели дека истиот тој автопат нема да ги гради по старата цена од претходната Влада, туку ќе го гради за плус 200 милиони евра. За 200 милиони евра ја зголемуваат цената на автопатот и тие 200 милиони евра ќе ги трошат без тендер. 200 милиони евра на народот и на граѓаните му се трошат, тоа се 100 евра по човек во Македонија. Тоа значи дека секое семејство четиричлено, кое што не гледа во Македонија, неговото семејство таа екскурзија на Владата на Зоран Заев ќе го чини 25 илјади денари со камати, рече Владимир ЃорчевИнаку на вечерашната дебата беа поканети и претставници од Власта, но до почетокот на емисијата не се одѕва на покана на што Ѓорчев додаде дека оваа Влада нема што да каже, затоа СДСМ бега од дебата.

Скопје | пред 7 години

voz-avtobus-2

(ВИДЕО) Tрагедија: На пругата кај Ниш, воз удри во автобус, три лица меѓу кои и дете загинаа на самото место

Страшна несреќа во селото Долно Меѓурово кај Ниш се случи утрово околу 7.35 часот, воз удри во автобус.На самото место загинале најмалку три лица, меѓу кои едното е дете, потврди МВР, додека 6 лица се потешко, а 16 полесно повредени.Автобусот на Ниш експрес е преполовен од ударот на возот. Екипите на Итната помош, пожарникарите и полицијата ги извлекуваат повредените и ги носат во нишката болница.Причината за несреќата се уште не е позната, а железничкиот и патниот сообраќај на оваа делница се запрени.

Свет | пред 7 години

vreme

Денеска - врнежи од дожд и снег

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со слаби врнежи од дожд и снег, а ќе има и услови за појава на замрзнат дожд. Повеќе врнежи ќе има во западните и југозападните делови. По одделни котлини ќе има услови за појава на магла.Утринската температура ќе се движи од минус еден до еден степен, а дневната температура од три до девет степени.Според метеоролозите до понеделник ќе биде стабилно и суво со пораст на температурата, а по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Нов влажен бран ќе има во понеделник кон крајот на денот и во вторник.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања