„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

главни-вести

makron

Макрон до Жолтите елеци: „Во право сте“

Францускиот претседател Емануел Макрон одговори со зборовите „Во право сте“ на потписниците на петицијата на Жолтите елеци.Во петицијата се бара намалување на цената на горивото на бензинските пумпи, а досега е потпишана од повеќе од еден милион луѓе.„Почитувани, зголемувањето на цената на горивото го доживеавте како удар со камшик и одлучивте да реагирате со петиција. Ја слушнав вашата порака и директно ви одговорам: Во право сте“, одговори Макрон на петицијата потпишана од 1,15 милиони лица, а која е поставена на страницата чејнџ.орг (Change.org), пренесе Франс 24.Францускиот претседател рече дека акцијата против климатските промени е „неопходна борба“ и додаде дека проблемите за крајот на светот не смеат да бидат во спротивност со финансиските проблеми на граѓаните за до крајот на месецот.Макрон рече дека по 18 месеци на власт промените кои се одвиваат сеуште не се доволно видливи.Макрон истакнува и дека ќе продолжи „со дијалогот со граѓаните“, потенцирајќи при тоа дека се неопходни мерки и против климатските промени и еколошките проблеми.Набрзо по одговорот на Макрон, француското Национално собрание минатата ноќ усвои закон предложен од него, чија цел е да се задоволат дел од барањата на „жолтите елеци“.Како што јави ДПА, по 13-часовна дебата, Собранието го усвои законот со 153 гласа „за“, девет „против“ и 58 „воздржани“. Законот сега треба да биде одобрен и од Сенатот, каде владината колаиција нема мнозинство.Со предлогот на Макрон се предвидува зголемување на минималната плата за 100 евра и одлагање на планираното оданочување на пензионерите со приходи од над 2.000 евра месечно.Францускиот претседател од ноември се соочува со најголемата криза по формирањето на движењето Жолти елеци, кои се мобилизирани од 17 ноември преку разни акции и протести во саботите, незадоволни од општата државна политика.За време на протестите на „жолтите елеци“, кои на моменти беа и насилни, загинаа девет лица, а 2.891 беа повредени, од кои 1.098 полициајци.

Свет | пред 7 години

raskoski

Помина предлог законот за вршење на услуги брз трансфер на пари, по скратена постапка

Владата на Република Македонија на денешната 111 редовна седница, го утврди Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за вршење на услуги брз трансфер на пари, по скратена постапка, донесе одлука согласно член 170 од Деловникот на Собранието да го достави до Собранието на Република Македонија.На вчерашната седница, на предлог на Министерството за финансии е утврден и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за преземање на акционерски друштва, по скратена постапка.Предложените измени и дополнувања на Законот за преземање на акционерските друштва имаат за цел да се прецизираат критериумите за заедничко дејствување, како и известувањата до Комисијата во однос на заедничкото дејствување заради заштитата на малите акционери, да се поттикне тргувањето со хартии од вредност, и да се олесни постапката за преземање на акционерски друштва од страна на странски инвеститори.Во пакетот закони од сферата на финансиите, Владата на Република Македонија денеска го усвои и Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на добивка, по скратена постапка.Целта на предложеното изменување и дополнување на Законот за данокот на добивка е да се изврши појаснување и допрецизирање на одредбите од Законот кои се однесуваат на даночното ослободување за дадените донации во спортот преку ваучер системот, трансферните цени, непрофитните организации, непризнатите расходи и други прашања, заради подобрување на нивната имплементација.Владата на Република Македонија ја разгледа и усвои Информацијата за подобрување на справувањето со нефункционалните кредити и за поттикнување на употребата на локалната валута, и ги разгледа и усвои Стратегијата за поттикнување на справувањето и подобрување на управувањето со нефункционалните кредити и Стратегијата за денаризација на Република Македонија.Владата на Република Македонија ја разгледа Информацијата за усвојување на Национална стратегија за борба против измама за заштита на финансиските интереси на Европската Унија во Република Македонија 2019 - 2022 година, и ја усвои Национална стратегија за борба против измама за заштита на финансиските интереси на Европската унија во Република Македонија 2019 - 2022 година.На денешната седница, Владата на РМ го утврди Предлог-законот за изменување на Закон за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија и донесе одлука, согласно член 137 од Деловникот на Собранието на Република Македонија да го достави до Собранието.На предлог на Министерството за труд и социјална политика, владата денеска ги утврди дел од Предлог-законите од пакетот реформи, како што се Предлог-закон за социјалната заштита, Предлог-законот за социјална сигурност за старите лица, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на децата.Во делот на социјалните реформи денеска беа усвоени и Предлог-програмите за изменување на Програмата за субвенциoнирање на потрошувачката на енергија за 2018 година, Предлог-програмата за изменување на Програмата за условен паричен надоместок за средно образование за учебната 2018/2019 година, Предлог-програмата за изменување на Програмата за изградба, опремување и одржување на објекти за социјална заштита и домови за стари лица за 2018 година, Предлог-програмата за изменување на Програмата за остварување на социјалната заштита за 2018 година, како и предлог програмите за изменување и дополнување на Програмата за изградба, опремување и одржување на објекти за детска заштита за 2018 година и Предлог-програмата за изменување и дополнување на Програмата за развој на дејноста за заштитата на децата за 2018 година.На денешната седница владата го донесе најновиот текст на Одлуката за распределба на средства за проектите со која се обезбедуваат средства за финансирање за изградба на улици и патишта во општина Липково и за изградба на пристапен пат до археолошки локалитет Тауресиум, општина Зелениково.

Скопје | пред 7 години

matis

Еден од најголемите светски поддржувачи на Преспанскиот договор, американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис дава оставка

Американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис во почетокот на идната година заминува од функцијата. Тој во писмото за неговата оставка наведува дека неговите погледи не биле „во согласност“ со оние на претседателот Доналд Трамп.Според функционерот кој е познат и по прекарот „Бесно куче“ не може да се градат добри односи со Русија и Кина на сметка на западно-демократските вредности.Притоа тој, меѓу другото, ги спомнува политиките на Трамп спрема Русија и Кина. Писмото со неговата оставка беше објавено кусо време откако Трамп на Твитер објави дека секретарот за одбрана ќе се пензионира кон крајот на февруари идната година. Американските конгресмени, и од Демократската и од Републиканската партија, веднаш изразија негодување околу заминувањето на Матис за кој се смета дека е еден од посигурните во администрацијата на Трамп.Матис во септември беше во посета на Македонија за да даде непосредна поддршка пред консултативниот референдум и порача дека Преспанскиот договор е од неопходна важност за земјата да биде примена како рамноправна во НАТО.

Свет | пред 7 години

avtopat-stip-skopje

Како се вози по новиот автопат Штип - Скопје, објава на ѕидот на сообраќајниот срам

На ѕидот на сообраќајниот срам низа коментари за неправилно обележан со сообраќајни знаци новиот автопат Штип- Скопје.Имено возачите се жалат дека поради немање табли со насока да се знае на каде се вози, проморании се да вртат во круг многу километри.Ова е најновата објава на ѕидот на сообраќајниот срам:„Новиот автопат Штип - Скопје возеш 40 км и затворен.Кај Свети Николе си има нова табла Скопје и возилата си одат за Скопје, ама не стигнуваат.И вртиш назад во обратна насока, возеш по автопат ...Блокадата треба да е на почетокот на автопатот или па...?“

Македонија | пред 7 години

48425330_1129586843883440_3497116067807887360_o

Продолжија протестите на ВМРО ДПМНЕ

Да ја заборавиме книгата на едно време, да отвориме нова книга, книга којашто ќе нѐ води кон просперитет, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашниот протест пред Владата.-Нашата борба штотуку почна. Ниту еден процес не е еднонасочен, нашето време доаѓа. Времето на вредните и честити Македонци допрва доаѓа, порача Мицкоски.Тој додаде дека тие нема да се повлечат и обвини дека јавниот долг на државата е 40% од БДП.По четврти пат сме заедно во овие декемвриски, студени денови. Денеска е можеби и најстудено од сите декемвриски денови, кога ја газевме истата траекторија. Но целта е иста. А, целта е една и единствена, сите заедно да им порачаме на овие внатре МАКЕДОНИЈА, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешниот протестен марш во Скопје.Во продолжение следува интегрален текст од обраќањето на Мицкоски:Ќе ве замолам, ќе замолам и со еден огромен, громогласен аплауз до припадниците на МВР што се овде вечерва со нас. Ние сме ваши браќа и сестри, синови, роднини, комшии, пријатели. Ние сме само загрижени за иднината на нашата татковина и иднината на нашите семејства. Затоа сме овде и ќе останеме овде се додека не ги видиме оние натрапници како ја напуштаат оваа зграда позади нас.Кога влегуваа внатре на ширум распослан црвен килим се колнеа во жицата, се колнеа во дедовината, се колнеа во татковината, се колнеа дури и во најмилото, во децата, дека нема да чепкаат онаму каде што најмногу боли. Не само што чепнаа туку и толку длабоко навлегоа што ќе ни требаат години да го залечиме. Некој ми вели доста зборуваш за економија, државата се распаѓа. Не се распаѓа државата, затоа сме ние тука. Затоа е ВМРО-ДПМНЕ тука и Коалицијата „За подобра Македонија“. Затоа сме ние тука и ширум улиците, и ширум булеварите, и ширум плоштадите во нашата мила Република Македонија.Борбата штотуку почна браќа и сестри. И нема запирање додека не ги поразиме. Првата победа ќе биде на претседателските избори. Затоа мора сите заедно мотивирани и сложни да бидеме. И да истраеме, и овие декемвриски и јануарски, и февруарски месеци и март ќе дојде, а во април доаѓа големата победа која што ќе најави предвремени парламентарни избори.Кога народот ќе дојде и ќе им каже на овие луѓе внатре излажавте еднаш ви помина, двапати не измамивте но третиот пат дојдовме по своето, а секој од вас ќе ја добие заслужената казна, најпрвин тоа што и го направи на татковината Република Македонија, тоа што го направи на нацијата и македонскиот народ и конечно на крај тоа што им го направи на сите граѓани во Република Македонија, Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи и Бошњаци. 

Македонија | пред 7 години

valjon1-37lq51x63jpiw310m5hr0g

Пукано во економскиот директор на Клиниката за Гинекологија

Ваљон Беља од ДУИ вечерва е ранет во вооружен напад во скопската населба Чаир. Во него е пукано со два куршуми, по што е однесен во болница. Напаѓачите не се познати.„Денеска во 17:45 часот е пријавено дека на ул.„Лазо Трповски“ било пукано во В.Б. (40) од Скопје во пределот на десната подколеница. Во него пукало лице кое било заедно со Е.Х., Е.А. и Р.Н.. В.Б е пренесен во ГОБ Св.Наум Охридски. Се работи на расчистување на случајот“, соопштија од МВР.Беља пред неколку месеци беше поставен за нов економски директор на Клиниката за Гинекологија.Беља прв пат се појавува на политичката сцена со невладината организација Реалитети, а подоцна и како лидер на партијата Албански Сојуз во 2010 година кога за регионални медиуми тој порачува дека целта на неговата партија е да ја подели Македонија на три кантони- еден македонски, еден албански и еден мешовит кантон. Подоцна оваа партија се спојува со ДПА на Мендух Тачи каде Беља ја добива потпретседателската функција.Но, по преминувањето во ДУИ на Ахмети, Беља станува познат по заканите кон екс градоначалникот на Чаир Изет Меџити на кого во јуни 2016-та, според информации објавени од медиумите, му испраќа куршум завиткан во салфетка како закана за остварување на неговото барање да биде поставен за директор на пензискиот фонд. Подоцна тој беше приведен од полицијата во врска со овој настан, но епилогот од истрагата е непознат.

Скопје | пред 7 години

48417064_1953739871409997_6203854631555039232_o

(ФОТО) Во струмичко се ложат гуми во печки за вар

Од граѓанската иницијатива О2 на социјалната мрежа Фејсбук објавија фотографии од селото Костурино, Струмица, на кои може да се види како во печките за гасење вар се ложат гуми.„Ложење гуми во печки за вар кај Костурино, Општина Струмица.Апокалипса на нашата реалност, дистопичниот свет на нашата земја како исечок од Mad Max.Секо кој знае/л и бил/е одгвоорен и надлежен во било каков конктекст ќе одговара за ова. За ова се лежи во затвор“, велат од О2 Иницијатива.

Македонија | пред 7 години

sudar-na-tetovska-patarina-203292

(ФОТО) Четири возила се судpиja на наплатната рампа кај Тетово

Четири патнички возила се судриja на наплатната рампа кај Тетово, за среќа нема жpтви.Во сообраќајката учествувале „хонда“ со словенечки регистерски таблички, управувана од 56-годишниот Ф.В. од Добридол, гостиварско, „пежо“ со охридски таблички управувано од Д.Г. (50) од Охрид, „цитроен“ со бугарски регистерски таблички управуван од С.У. (55) од Струга и „мазда“ со австриски регистерски таблички, управувана од 34-годишниот Ј.М. од Австрија. Сите се движеле од Гостивар кон Тетово.Пoвpедeн е возачот на „хондата“. Во тек е полициски увид, по што ќе се знаат околностите кои довеле до судирот.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Се огласи ЈСП Скопје по днешниот инцидент

ЈСП Скопје сака да ја информира јавноста дека е запознаено со денешниот инцидент кој се случил меѓу патник и двајца контролори во автобус на линија 2 во Сарај кон Центар, неколку минути после пладне, а кој за кусо време ги преплави социјалните мрежи, стои во соопштението од претпријатието за денешниот инцидент помеѓу патник и контролори.-Веднаш по инцидентот, на терен излезе екипа на Внатрешна контрола на ЈСП, а повикана била и екипа на МВР. Според исказот на контролорите, инцидентот се случил откако патник без билет физички го нападнал едниот контролор, по што, се вмешал и другиот контролор. Патникот, според Внатрешната контрола, се обидел да избега, но бил приведен од страна на екипа на МВР. И патникот и контролорите дадоа исказ во МВР. Во случајов, и Внатрешната контрола на ЈСП Скопје ќе утврди дали евентуално и контролорите имаат вина во инцидентот, односно дали го прекршиле Кодексот на вработените и дали против нив ќе се поведе соодветна дисциплинска постапка, стои во соопштението и се додава:„ЈСП Скопје сака да потенцира дека не толерира кршење на Кодексот на вработените од страна на било кој вработен (возач, контролор, билетарка, аминистративен работник и слично) и е отворено за жалби/пријави/поплаки од секаков вид. Истите можат секојдневно да се доставуваат на веб страницата на ЈСП Скопје www.jsp.com.mk или во инбокс на www.facebook.com/jspskopje , со точно наведени податоци за настанот (ден, време, линија, гаражен број на возило и слично), за да внатрешната контрола или друга соодветна служба го испита случајот и против вработениот, доколку се утврди вина, презеде соодветна дисциплинска мерка“.

Скопје | пред 7 години

koncert-turcija-2

Охриѓанката Севил Селман - концерт мјстор на настапот на славниот пијнист Хусеин Сермет во Истамбул

Во концертната сала „ Гранд Пера“ во Истамбул, брилијантен настап, како што пишуваат турските медиуми, имаше славниот пијанист Хусеин Сермет. Концерт мајстор на Босфорскиот филхармониски оркестар , беше охриѓанката Севил Селман, виолинистка со видлив подем на меѓународната музичка сцена.

Македонија | пред 7 години

Renata-Deskoska-nov-min-za-pravda-1-bg_resize

Одржана редовна седница на Советот на НБРМ

Советот на Народната банка на Република Македонија денес одржа редовна седница на која беше разгледан и усвоен Извештајот за ризиците во банкарскиот систем на Република Македонија во третиот квартал од 2018 година. Притоа, беше потенцирано дека и во третото тримесечје од годинава, банкарскиот систем ја задржа својата стабилност. Истовремено, при разгледувањето на Извештајот беше нагласено дека претпоследниот квартал од 2018 година се одликуваше со забрзување на растот на активата, што се должи и на кредитите на нефинансиските субјекти и на ликвидните средства. Во рамки на кредитите на нефинансиските субјекти, кредитите на домаќинствата придонесоа најмногу за кварталниот раст, и тоа пред сè оние во денари, што укажува на зголемена наклонетост на банките за овој вид кредитирање. Гледајќи од аспект на годишните промени, кредитирањето на нефинансиските субјекти на 30 септември 2018 година изнесува 8,3%, наспроти 6,5% на 30 јуни 2018.Кредитниот раст беше поддржан и од солидниот раст на депозитите. Иако малку забавен на квартално ниво, годишната стапка на депозитниот раст заклучно со третиот квартал од 2018 година изнесуваше 10.9%, наспроти 9% на крајот на вториот квартал од годинава. Денарските депозити по видување од нефинансиските друштва и денарските и девизните депозити по видување од домаќинствата имаа најголем придонес за кварталниот раст на депозитите од нефинансиските субјекти.Според податоците и согледбите презентирани во Извештајот, во текот на првите девет месеци од 2018 година, банките остварија позитивен финансиски резултат од работењето. Притоа, главен носител на подобрениот финансиски резултат се пониските трошоци за исправка на вредноста што ги одразува активностите на банките за наплата на нефункционалните кредити, пред сè во првиот и вториот квартал од 2018 година. Стапките на поврат на просечната актива и просечниот капитал и резерви достигнаа солидни нивоа, од 2,2% и 19,5%, соодветно. Оттука, растот на добивката се должи на влијанието на еднократни фактори, но и на редовните активности на банките.Во усвоениот извештај, меѓу другото, е одбележано дека во третиот квартал од 2018 година, растот на нефункционалните кредити позначително забави, со што учеството на овие кредити во вкупните кредити на нефинансискиот сектор минимално се намали до историски најниското ниво од 5%. Нефункционалните кредити на домаќинствата забележаа раст, но забавен во однос на претходниот квартал, a во портфолиото составено од нефинансиските друштва, вкупните нефукционални кредити беа речиси непроменети.На седницата на Советот беше потенцирано и дека, според Извештајот, ликвидносниот ризик во третиот квартал се намали како резултат на зголеменото учество на ликвидните средства во вкупните средства на банкарскиот систем, а стапката на адекватност на капиталот изнесуваше 16,3%, што упатува на солидно ниво на солвентност.Општо гледано, на седницата, при разгледувањето на Извештајот беше нагласено дека остварувања на банкарскиот систем во третиот квартал од 2018 година се солидни во целина. НБРМ и понатаму ќе ја следи состојбата и ако биде потребно, ќе преземе соодветни активности.На денешната седница, Советот ја донесе и Програмата за работа на Народната банка на Република Македонија за 2019 година, којашто содржи детален преглед на планираните активности за претстојната годинa и е дел од остварувањето на стратегиските цели утврдени со Стратегискиот план на НБРМ за периодот 2019-2021 година. Во рамки на актите коишто се однесуваат на работењето на централната банка за следната година, Советот ги разгледа и ги усвои и Среднорочната програма за работа на Дирекцијата за внатрешна ревизија за периодот 2019 – 2020 година, Програмата за работа на оваа организациска единица на НБРМ за 2019 година, како и Годишниот финансиски план, Годишниот план за инвестиции и Годишниот план за јавните набавки за 2019 година.Советот разгледа и други прашања од својата надлежност.

Скопје | пред 7 години

ministerstvo

Одгледувачите на овци го кренаа својот глас - се жалат дека се дојдени на работ од егзистенција

Одгледувачите на овци одржаа мирен протест пред Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство поради, како што велат, алармантната состојба во овчарството.Се жалат дека се дојдени на работ од егзистенција зашто секоја година се соочуваат со 2.000 – 5.000 евра загуба поради ниската цена на јагнето.-Одлучивме да реагираме со протест за да видат дека постоиме. И претходната и оваа власт нема слух за овчарите. Сакаме уште еднаш да укажеме дека откупната цена на јагнето е пониска од производната, а минимални се и субвенциите за плодна овца и оставено женско јагне.Одгледувачите на овци изјавија дека не бараат профит, туку егзистенција. Доколку државата не им помогне проценуваат дека за три години земјава ќе остане без овци. Тие бараат 1.500 денари субвенции за грло овца и 1.000 за оставено женско јагне, како и поддршка од државата ако откупната цена на јагнето е пониска од производната. Ресорниот министер ги прими на средба и им вети дека ќе ги разгледа нивните барања, а одговор ќе добијат на крајот на идниот месец.„Јагнето сега за нова година се откупи за 140 денари, а наша производна цена е 170 денари. Таа производствена цена стои во министерството, а јагнето ни го откупуваат по цена од 120 до 140 денари, па дури и 110 денари“, рече Митко Јанков – одгледувач на овци.Овчарите досега имале неколку состаноци со Николовски на кои присуствувале и директорот на Платежната агенција Николче Бабовски, како и директорот на Јавното претпријатие за пасишта Љуљзим Фејзулаи. Ги искажале проблемите со кои се соочуваат, но од надлежните, кои ги ислушале, не добиле конкретен одговор.Додаваат и дека се многу револтирани од начинот на работење на Министерството, и од ова на сегашната, но и од тоа на претходната власт.Според нив, смешно е зголемувањето на субвенциите за оставено женско јагне, од 1.000 на 1.100 денари. Цената, пак, на јагнето е многу ниска, под производната, и овој проблем се провлекува со години.Денеѓниот протест е поддржан од Националното здружение на овчари, Регионалното здружение на западна Македонија, Земјоделското здружение „Агро центар“ – Велес, „Орлови бари“ – Битола и „Рудо јагне“ – Прилеп.

Скопје | пред 7 години

izgrev-3

Османи: Во СЕП е сконцентрирана најсилната експертиза за успешен старт на преговорите во 2019

Денеска во хотел „Изгрев” во Струга, започна годишната конференција на Секретаријатот за европски прашања, на која, под работен наслов „Исчекор 2019“, вработените во СЕП, предводени од Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, во следните три дена, ќе ги сумираат резултатиоте од процесот на европски интеграции во 2018 година, како и обврските, перспективите но и предизвиците кои ја очекуваат земјава во наредната 2019 година.„Без лажна скромност, улогата на Секретаријатот за европски прашања изминатава 2018 година беше исклучително успешна, на што сум особено горд, а што е потврдено и од бројните соработници, меѓународни пријатели, но како поврда се покажува и во сите истражувања на јавното мнение“, истакна Османи во своето воведно обраќање. Во иста насока Османи ја посочи претстојната 2019 година како година кога СЕП ќе преземе уште поголем товар во предводењето на општествените процеси во земјава, имајќи ги предвид преговорите кои се очеквуа да добијат финализација во на јунските самити.„Верувам во стручноста и капацитетите на СЕП да го предводат овој процес, и верувам дека во 2019 гоидна ќе ја оправдаме довербата која ни ја укажува државата, Владата, меѓународната заедница, но и севкупно, јавноста“ изјави Османи пред присутните, најавувајќи зголемвуање на капацитетие и на СЕП, како водечка институција во преговорите, но и воопшто на целата преговарачка структура која како галвен преговарач ја предводи.На стартот на конференцијата свое воведно обраќање имаше и заменикон на Османи во преговарачкиот тим и главен технички преговарач Бојан Маричиќ, кој ја претстави преговарачката структура, псотавеноста на работните групи, а зборуваше и за очеквуњата од СЕП, на експерстко и технилко ниво, како главен костур на самата преговарачка структура.На конференцијата се обратија и Државната секретарка во Секретаријатот за евроски прашања, Калинка Габер и Државниот советник за европски политики и координација, Драган Тилев кои зборуваа за очекувањата од СЕП, за капацитетите со кои располага институцијата и начините за нивно унапредување.Годишната конференција на Секретаријатот за европски прашањ се одржува традиционално кон крајот на годината на која Секретаријатот врши целосен преглед на состојбата, напредокот, предизвиците и перспективите на европските интеграции. Од денеска во наредните три дена на голем број работилници кои се во склоп на годишната конференција ќе се направи анализа на досегашниниот евроинтегративен процес, ќе се анализираат предизвиците, капацитетите, а се со цел соодветна подготовката на Секретаријатот за европски прашања за претстојниот процес на преговори.

Македонија | пред 7 години

Renata-Deskoska-nov-min-za-pravda-1-bg_resize

(ВИДЕО) Дескоска : Очекувам целосна поддршка од Собранието за Законот за судовите

Министерката за правда, Рената Дескоска денеска одржа прес-конференција посветена на позитивното мислење од Венецијанската комисија за Законот за судовите.Во своето обраќање министерката Дескоска истакна:Сакам да информирам дека конечно после четири години ги имплементиравме препораките на Венецијанската комисија кои се однесуваат на Законот за судови.Венецијанската комисија после оценска мисија во Македонија, во 2015 година усвои мислење со бројни забелешки и препораки кои се однесуваа на системот на дисциплинска одговорност и разрешувањето на судиите. По тоа мислење донесени се уште две мислења во 2017 и во октомври 2018 кои укажуваа на одреден напредок во имплементирањето на препораките.По добивањето на мислењето во октомври оваа година, пристапивме кон процес на интензивни консултации со експертите на Венецијанска комисија за одредување на деталите на кои треба да обрнеме посебни внимание во драфтирањето на измените на законската рамка. Текстот кој Владата го усвои и го испрати во Собранието на Република Македонија го испративме на повторна потврда на Венецијанската комисија и вчера добивме одговор и оценка на нацрт законот кој е во собраниска процедура.Во својот одговор Венецијанската комисија изразува задоволство од одличната соработка меѓу Владата и Венецијанската комисија. Во писмото се наведува дека предложените измени на Законот за судови се во согласност со препораките на Венецијанската комисија изразени во претходните мислења. Истакнуваат дека текстот на Законот за судови е сега многу појасен, внатрешно покохерентен и подобро го изразува европскиот пристап на одговорноста на судиите.Во писмото се наведува дека нивните препораки се соодветно имплементирани. Единствена препорака која можеме да ја допрецизираме во законодавната постапка е воведување изрична одредба дека при укинување на суд, судиите кои би се трансферирале во понизок суд, треба да ја задржат платата која претходно ја примале.Ова писмо денес ќе го испратам до претседателот на Собранието на Република Македонија да го сподели со пратениците. Во реформските приоритети кои ги добивме како задача во процесот на евроинтеграции, особено значајно место има позитивната оценка на Венецијанската комисија за Законот за судовите. Таа оценка ја имаме и официјално и очекувам сите пратеници кои го поддржуваат процесот на евроатланстаките интеграции на Република Македонија да дадат поддршка на предложените законски измени.Клучните измени во овој закон се следните:1. Се пооструваат критериумите за избор и напредување на судиите. Тоа е препорака која ја добивме од Европската комисија и која ја спроведуваме во овие измени.2. Се овозможува судиите кои ќе бидат предавачи на Академијата за судии и јавни обвинители да ја извршуваат судиската функција во намален обем.3. Се проширува листата на позиции заради кои може да мирува судиската функција и тоа: Ако судијата е именуван или избран за член на Судски совет на Република Македонија, судија на меѓународен суд, судија на Уставен суд, Јавен обвинител на Република Македонија, директор или заменик директор на Академијата за судии и јавни обвинители.4. Се воведува можност судиите да работат до 67 години.5. Како потешка дисциплинска повреда, за која може да се поведе постапка за разрешување на судија се утврдени:потешка повреда на јавниот ред и мир и други посериозни форми на недолично однесување со која се нарушува угледот на судот и неговиот углед;грубо влијание и мешање во вршењето на судиската функција на друг судија;ако одбие да поднесе изјава за имотна состојба и интереси согласно закон или ако податоците содржани во изјавата во голема мера се невистинити или;очигледно прекршување на правилата за изземање во ситуации во кои судијата знаел или требало да знае за постоење на некоја од основите за изземање предвидени со закон.6. Како нестручно и несовесно вршење на судиската функција заради кое може еден судија да се разреши се подразбира:ако во две последователни оценувања не ги исполнува критериумите за успешност во работењето, по вина на судијата без оправдани причини, за што е оценет со две негативни оценки, а согласно постапката утврдена со Законот за Судски совет на Република Македонија;ако е осуден со правосилна судска пресуда на казна пониска од 6 месеци, а која е директен резултат на постапување во вршење на судиската функција, намерно или со свесна небрежност;ако неовластено издава класифицирани информации, односно изнесува информации и податоци за судски предмети со што се повредува обврската за заштита на тајноста на постапката утврдена со закон и кога јавноста е исклучена согласно закон;ако без оправдани причини не ги закажува рочиштата во предметите кои му се доделени во работа или на друг начин ја одолговлекува постапката;ако не го зема предметот во работа заради што настапува застареност на кривично гонење или застареност на извршување на кривична санкција за кривично дело;ако земе во работа предмет кој не му е распределен преку автоматизираниот компјутерски систем за управување со судски предмети во судовите;ако намерно и неоправдано направи крупна професионална грешка, при што различното толкување на правото и фактите не може да претставува основ за утврдување на одговорност на судијата.7. При тоа како критериум при разрешување на судија, ќе треба да се води сметка за:повредата е сторена со намера или очигледна небрежност по вина на судијата без оправдани причини и;повредата предизвикала тешки последици.8. Полесна дисциплинска повреда според законот се смета:полесни повреди на јавниот ред или други полесни форми на недолично однесување со кое се нарушува угледот на судот и неговиот углед;ja користи својата функција и угледот на судот за остварување на свои приватни интереси;неисполнување на менторски задолженија;повреда на правилата за отсуство од работа;непосетување на задолжителните обуки или;не носење судска тога за време на судењата.9. За утврдена одговорност на судија, Советот може да изрече една од следниве дисциплински мерки:писмена опомена;јавен укор;намалување на платата во висина од 15 % до 30 % од месечната плата на судија во траење од еден до шест месеца.На крајот, уште еднаш повторувам дека очекувам целосна поддршка од Собранието на Република Македонија за донесување на овие законски измени.

Скопје | пред 7 години

spasovski

Спасовски: Се усогласуваме со европските стандарди и обезбедуваме поголема безбедност

Желбата да станеме дел од големото евро-атлантско семејство, конечно, постапно се трансформира во реалност и сега од нас се бара да покажеме подготвеност и конечно да го отпочнеме процесот на интегрирање преку исполнување на стандардите во клучните сфери, рече министерот за внатрешни работи и заменик на претседателот на Владата на Република Македонија Оливер Спасовски на денешната конференција во организација на институтот Прогрес во соработка со Калеви Сорса фондација од Финска.- Стратегијата за кредибилна перспектива за проширување и зајакнат ангажман на Европската Унија со Западен Балкан со Акцискиот План претставуваат клучни документи на кои не гледаме како наметната обврска, туку се вистински патоказ како да продолжиме понатаму во остварување на стратешките реформи. Реформите се повеќе од неопходни со цел исполнување на обврските за членство во ЕУ, меѓутоа на реформите гледаме и како неопходност која на институциите и општеството, преку нивниот континуиран развој и надградба, ќе им овозможи да ја гарантираат демократијата, човековите права и владеење на правото. Веднаш по објавувањето на Стратегијата за кредибилната перспектива за проширување и зголемен ангажман на ЕУ со Западен Балкан, Владата на Република Македонија проектираше низа мерки, кои со реална динамика на реализација ги преточи во новиот реформски план, Планот 18 - рече Спасовски.Високо на нашата агенда во новиот реформски план, Планот 18, рече Спасовски, секако дека е реформата на безбедносниот сектор, елиминирањето на заканите од тероризмот, борбата против организираниот криминал и корупцијата.- Приоритетите веќе се имплементираат во пракса. Во ноември оваа година е етаблирана Оперативно техничка агенција, исто така донесен е пакетот закони неопходни за реформа на системот за следењето на комуникациите. Активно работиме на реализација на следната приоритетна точка од нашата агенда- реформа на разузнавачките и безбедносните служби. На овој клучен реформски процес му претходеа низа компаративни анализи, дебати,споделување искуства со нашите стратешки партнери. И овој реформски процес се спроведува на транспарентен начин, со обезбедување на инклузивност на сите релеватни чинители. За таа цел, Владата формираше работната група во која партиципираат претставници од државните органи на безбедносно-разузнавачкиот систем во Република Македонија, претставници од судската власт и јавното обвинителство, претставници од Собранието на Република Македонија, Народниот правобранител, како и претставници од научната јавност и граѓанското општество. Врз основа на предлог на наведената меѓуресорска работна група, Владата го усвои моделот за реформа на безбедносно-разузнавачкиот систем со планот за негово воспоставување. Имплемантацијата на овој модел имплицира издвојување на Управата за безбедност и контраразузнавање од Министерството за внатрешни работи - рече Спасовски.Во изминатиот период се презедоа исклучително важни активности кои во основа ги дефинираа контурите на новата Агенција за внатрешно разузнавање, но и активности како треба да се унапреди системот на координација меѓу безбедносно-разузнавачките служби. Пакетот на закони за имплементација на новиот модел за реформа на безбедносно-разузнавачкиот систем е веќе изготвен , објавен на ЕНЕР со цел запознавање на јавноста, по што ќе следи меѓуресорска консултација со засегнатите државни органи. Согласно утврдената агенда, во средината на наредниот месец, пакетот на закони ќе биде доставен до Владата.- Активно сме посветени и на зајакната борба против организираниот криминал и тероризмот, што всушност е една од приоритетните цели утврдени во Стратегијата за кредибилна перспектива за Западен Балкан. Со јакнењето на координативните структури за борба против тероризмот и насилниот екстремизам, преку назначувањето на Национален координатор за борба против тероризам и спречување на насилен екстремизам, неговите двајца заменици и формирањето на Националниот комитет за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам обезбедивме структура која обезбедува поддршка и континуирано ја следи и анализира состојбата со насилниот екстремизам, радикализацијата и борбата против тероризмот. Добра основа за реализација на конкретните активности во оваа област се двата стратешки документи усвоени на почетокот на 2018 година - Национална стратегија за борба против тероризам и Национална стратегија за спречување на насилен екстремизам со акциски планови. Потребата да се делува превентивно во спречувањето на насилниот екстремизам и радикализацијата налага јакнење на улогата на локалните совети за превенција, поблиска соработка со локалното население, верските заедници, образовните институции, казнено поправните установи и младински организации. Како и за другите безбедносни предивици со кои се соочуваме, така и овде настојуваме да го применуваме начелото на проектирање на мерки за превенција, со цел да ги намалиме ризиците од тероризмот - рече Спасовски.Свесни за потребата од заедничко и унифицирано дејствување, потенцира Спасовски, во октомври 2018 година потпишавме Заеднички акциски план за борба против тероризам во Западен Балкан, кој произлезе како резултат на заложбите од Самитот ЕУ-Западен Балкан одржан летово во Софија.- Ефикасната борба против организираниот криминал и корупција, што е и еден од приоритетите утврден во Стратегијата, ја наметнува потребата од постојано зајакнување и унапредување на механизмите за борба против организираниот криминал, ослободени од политичките влијанија и притисоци. Мотивирани од потребата од имплементирање на највисоките европски стандарди кои ќе обезбедат спроведување на неселективна борба против сите облици на организираниот криминал, го воспоставивме Националниот координативен центар за борба против организиран криминал, кој е единствен од ваков вид во регионот и има за цел да ја олесни размената на информации и податоци помеѓу институциите кои партиципираат во неговото работење, а со тоа и да ги идентификува во рана фаза преклопувањата помеѓу институциите при превземањето на активностите согласно нивниот законски делокруг на работа. Резултатите се веќе видливи,што не уверуваа дека сме на вистинскиот пат - рече Спасовски.Бенефитот од остварената соработка на национално ниво е видлив во повеќе сегменти од полициското работење преку сузбивање на организирани групи и водење заеднички истраги со надлежните институции. Пример за добра меѓуинституционална соработка меѓу Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство е формирањето на Националната единица (TaskForce) за спречување на трговија со луѓе и криумчарење мигранти. Преку проактивното работење на оваа Единица повеќе од двојно во споредба со минатата година е зголемен бројот на идентификувани жртви на трговија со луѓе.- Досегашното наше искуство не уверува дека не постои посветена борба против организираниот криминал ако од криминалците не се одземе неосновано стекнатиот имот. Во таа насока, пред нас ја поставивме целта за јакнење на националните капацитети за спроведување на финансиски истраги, паралелно со истрагите за организиран криминал, што во основа се основните постулати на Националната стратегија за водење на финаниски истраги која е усвоена од страна на Владата во февруари оваа година. За таа цел ќе формираме посебни, специјализирани единици за водење на финансиски истраги во МВР, Царинска управа, Финансова полиција и во истражните центри на основните јавни обвинителства. Длабоко сум убеден дека нашите напори ќе ја постигнат и вистинската цел: испорачување на конкретни, видливи резултати во борбата против организираниот криминал - потенцира Спасовски.Исто така, досегашното искуство, рече Спасовски, не уверува дека меѓународната соработка е клучот за успешно сузбивање на организираниот и сериозен криминал. Искуството кое Република Македонија го има од учеството во заедничките истражни тимови е повеќе од позитивно, особено во делот на обезбедување докази бидејќи криминалните активности најчесто се извршуваат на територијата на две или повеќе земји членки. Заедничките истражни тимови се исклучително корисна алатка.- Западен Балкан како регион кој повеќе пати во минатото беше зафатен во периоди на војни и конфликти, претставува едно критично подрачје од аспект на контролата на нелегалното оружје. Една од заканите со кои постојано се соочуваме е недозволената трговија со оружје. Мерките насочени против овој криминал се адресирани во Националната стратегија и Акцискиот планза контрола на мало и лесно оружје за периодот 2017-2021. Стратегијата е изготвена во корелација со најновите политики и сугестии на ЕУ и останатите партнери од областа. Освен тоа, посветени на зајакнување на регионалната соработка, на Самитот на ЕУ за Западен Балкан во Лондон во јули оваа година го усвоивме патоказот за одржливо решение за нелегалното поседување, злоупотреба и трговија со мало и лесно оружје/огнено оружје и муниција во Западен Балкан до 2024 година, Во насока на реализирање на стратешката рамка во борбата против компјутерскиот криминал на национално ниво Република Македонија донесе Национална стратегија за сајбер безбедност. Во овој стратешки документ е преточена визијата на Република Македонија за обезбедување на едно безбедно, сигурно дигитално опкружување - рече Спасовски.Се движиме по добра насока, нагласи Спасовски, благодарејќи на одредниците дадени во Стратегијата за кредибилна перспектива за проширување и зајакнат ангажман на Европската Унија со Западен Балкан и акцискиот план.- Многу скоро очекувам дека ќе добиеме нови одредници, преку долгоочекуваниот почеток на преговорите за пристапување во ЕУ, кои ќе придонесат кон континуирано реформирање, напредок и конечно усогласување со европските стандарди, со цел обезбедување поголема безбедност, а со тоа и подобар и поквалитетен живот за сите - рече Спасовски.

Скопје | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања