„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

главни-вести

jani-makraduli

Макрадули во одбрана на Планот за чист воздух: Тој е реален и ќе даде резултат

Работата на инспекторите и на индустриските капацитети, како и управувањето со отпадот, се прашањата кои најмногу се повторуваа на првиот онлајн „разговор“ на заменик-министерот Јани Макрадули со граѓаните. Со одговорите тој го промовираше новиот ткн. План за чист воздух, кој треба да даде решение за аерозагадувањето. Сепак, половина час не беше доволно да се одговорат ниту половина од поставените прашања на Фејсбук и Твитер.Макрадули посочи дека ги лоцирале загадувачите во транспортот и градежништвото. Тој во неколку наврати нагласи дека најголемиот фактор за загадувањето на воздухот се токму домаќинствата, со употреба на јаглен и други средства кои ја зголемуваат калоричната моќ на неефикасните печки.„Социјалните случаи кои се греат на нееколошки средства ќе добијат помош од државата и директна замена на она што го користат“, вети заменик-министерот.Но, прво заменување на нееколошките системи за загревање ќе има во градинките и училиштата.„Недозволиво е едно училиште, или градинка да троши 30 000 евра во зимскиот период некогаш и до 40 000 евра за нафта“, рече тој.„Некои домаќинства ќе добијат инвертори, некои топлотни пумпи, а некои повторно ќе ги приклучиме на парното греење“, истакнувајќи дека еден инвертор чини 250 евра.Дел од коментарите на јавноста се однесуваа и на буџетот одвоен за справувањето со аерозагадувањето.„Ние сакаме да се справиме со загадувачите, а не да им купиме маски на сите луѓе. Маската не е решение за справување со загадувањето“, одговори тој на едно од прашањата упатени на социјалните мрежи.Заменик-министерот појасни дека 1,6 милиони евра ќе бидат само за намалување на аерозагадувањето, а 22 милиони за останатите области од животната средина. Сепак, признава дека овие средства не се доволни, но според него е добар почеток, надевајќи се на неколку најавени меѓународни финансиски институции.„И со овие средства ќе покажеме дека постојат резултати“, рече Макрадули.Во однос на субвенциите за возила – појасни дека при субвенционирањето нема да се прави разлика меѓу правни и физики лица, односно 3000 евра ќе изнесуваат субвенциите за хибридно возило, а 5000 за електрично. Надополни и дека до некои органи на владата веќе има барање да користат еколошки превозни средства. За налепниците, пак, повтори дека се добиваат врз основа на нивото на емисии што ги ослободуваат, а не според годината на производство.Инспектори, проверки и работа на индустриските капацитетиЕдна од работите кои најмногу ја интересираше јавноста беше и работата на инспекторите и на индустриските капацитети.„Во Македонија има вкупно 396 компании со легални дозволи, од кои 160 со А, од кои пак 125 се активни и 236 со Б дозволи. Има и компании кои работат со усогласување на оперативниот план, како Југохром, според кој од 2014година не успеа да се усогласи, да набави филтри и сега не работи“, рече Макрадули.За инспекторите, пак, одговори: „Секогаш инспектори нема, но тројца инспектори кои постоеја во Град Скопје до 2017 година, сега се 18. Има уште нови 5 во Државниот инспекторат“.Информираше дека во моментов на Електронскиот регистар на прописи – ЕНЕР е поставен Законот за инспекциски совет, кој ќе биде чадор на сите инспектори и како што рече, ќе овоможи поголема моќ за интервенција и ќе спречи избегнување на одговорност.Во однос на проверките кои ги прават инспекторите, Макрадули рече дека може да бидат редовни, или вонредни. Информира дека во изминатиов период се зачестени.„Инспекторите на Градот Скопје ги проверија вонредно сите компании коишто имаат Б дозвола, и во месеците септември и октомври, годинава, се изречени дупло повеќе казни од лани“, нагласи Макрадули.За мерењата на штетните емисии кои ги испуштаат индустриските капацитети, заменик-министерот одговори дека нив ги вршат акредитирани лаборатории.„Во моментов се врши акредитација на лаборатријата што постои во Министерството за животна средина. За таа цел се набави скапа вага која беше расипана“, соопшти тој.За поголемите индустриски капацитети како „Макстил“ и „Усје“ тврди дека постојано се мерат.„За една инсталација да добие дозвола, мора да има мерен инструмент и тие ги мераат податоците и ги доставуваат до Министерството или ги објавуваат на веб страницата“, рече Макрадули.„Се вршат редовни и строги контроли“, забележа тој.„Со новиот закон за индустриски емисии уште повеќе ќе се зголемат тие контроли“, ветува заменик-министерот.Информира дека РЕК Битола потпиша договор со компанијата „МЗТ Инженеринг“ за 22 милиони денари да најде решение за прашината, која долг период ги покриваше почвата и земјоделските поседи во околината.„Ќе почне и процесот на обнова на електростатските филтри, ќе се заседат 50 00 багреми, а досега се засадени 20 000“, вети тој.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

За Мијалков секој ден се подготвува оброк во Мериот

Сашо Мијалков во затворот во Шутка не јаде од истата храна како останатите притвореници. За него, секој ден се подготвува топол оброк во кујната на хотел Мериот – дознава 1ТВ. Мијалков го поседува овој хотел и беше приведен токму таму на 20 месецов. Како што дознаваме, за поранешниот шеф на УБК секој ден се подготвува оброк во Мериот и се носи во хашкото одделение во Шутка каде е сместен Мијалков. Тој само две вечери спиел во обичното притворско одделение, а потоа биле преместени други притвореници за да се ослободи простор во хашкото. Од хотелот Мериот љубезно ни одговорија дека ќе добиеме одговор на прашањето, но до овој момент се уште не го испратија. Директорот на затворот во Шутка Ѓоко Котевски ниту ја потврди, ниту ја одрече информацијата, само не упати прашањата поврзани со притворот да ги бараме од судот.Мијалков не е единствениот чии гастрономски желби се исполнуваат за време на притворот. Според нашите извори во Шутка, и желбите на поранешниот директор на БЈБ, Митко Чавков биле почитувани. Во периодот кога јавноста мислеше дека Чавков штрајкува со глад, за него се носело маслиново масло и здрава храна во хашкото одделение. Претходно, сличен третман имаше и Љубе Бошковски кој добиваше оброци од ресторанот Рагуза.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Светска Банка со загрижувачки бројки: Една четвртина од Македонците се сиромашни, само 50 проценти од работоспособните вработени

Загрижувачки бројки за економската состојба во Македонија. Една четвртина од населението живее во сиромаштија, само 50 проценти од работоспособните се вработени, велат извештаите на Светска Банка за нашата држава. 25 проценти од македонските домаќинства живеат со помалку од пет долари дневно, објави Алфа.-Една четвртина од населението во Македонија живее во сиромаштија. Тоа е компатибилно со бројките од статистите на Светската Банка каде се класифицираат домаќинствата во кои се живее со помалку од пет долари на ден, изјави Марко Хернандез од Светската Банка.Според Светската банка реформите што ги спроведува власта во Македонија не ги даваат посакуваните резултати. Се изразува и сомнеж околу прогресивното оданочување кое власта ќе го имплементира од следната година.-Има пречки во однос на капацитетите за приходи за имплементирање на политиките. Ние сметаме дека има простор за подобрување на ефикасноста, кога станува збор за оданочувањето, но, исто така, кога го гледаме прогресивното оданочуваме забележуваме дека има една маргина и дека може да се биде попрогресивен без притоа да се поткопува ефикасноста, рече Марко Мантованели, директор на Светска Банка за Македонија.Еден од најгорливите проблеми во нашата држава е и образованието, според Светската банка младите не добиваат доволно познавања во однос на годините кои ги минуваат во училишните клупи.-Многу е важно да се подобри квалитетот на образованието. Тоа е еден од приоритетите за кои дискутиравме со Владата и за акциите кои треба да се преземат за подобрувањето на неговиот квалитет. Една од работите кои ги детектиравме е дека децата кои одат многу го години во училиште добиваат многу помало знаење во однос на годините колку што се образуваат. Критично важно е како да се подобри силата на образованието, изјави Линда Ван Гелдер, регионален директор на Светска Банка за Западен Балкан.Светската банка предупредува и за системските проблеми по кои Македонија заостанува зад останатите земји, како што се политичката нестабилност, владеење на правото, контрола на корупцијата.Извор:Алфа  

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Историски час за „Улогата и значењето на АВНОЈ во создавањето на македонската држава“

Општинската организација на Сојузот на борци од НОАВМ 1941 – 1945 и на граѓаните продолжувачи во општините Охрид и Дебрца, по повод јубилејот 75 години од Второто заседание на АВНОЈ од 29 Ноември 1943 година, денеска во големата сала на Општина Охрид, организира историски час на тема  „ Улогата и значењето на АВНОЈ во создавањето на македонската држава “.На трибината, на која учествуваа градоначалникот Јован Стојаноски и претседателката на Советот на Општина Охрид Живка Ангелоска, за овој важен историски настан зборуваше професорот по историја  Наце Иваноски.

Македонија | пред 7 години

igor-durlovski-1

Фејсбук статус на Игор Дурловски: Една година од како ме одведоја во Шутка

Помина точно една година и еден ден од утрото на 28ми ноември кога дванаесет припадници на МВР, специјалци во полна опрема влегоа во мојот дом, утрото во пет часот. Моите три деца и денес се навраќаат на таа сцена, кога уште несвесни дали се работи за јаве или сон, разбудени од крици, движења и звуци кои не се вообичаени за нормален детски свет, сликата која прва ја гледаат - нивниот татко го носат од дома непознати луѓе во униформи, како на филм, како на лоша претстава, со тоа што овојпат е вистинско, ладно, мрачно, гадно, нема пауза помеѓу чинови, само една длабока траума со која без никаква нивна вина се соочени од најмали.Моите деца тој ден не отидоа на школо.Мене ме одведоа во Шутка.Истиот ден го прочитав обвинението. Терористичко загрозување на уставниот поредок. Уставниот поредок на Република Македонија...Македонија...единствената вистина за која сум се борел покрај семејството и блиските, Македонија. Македонија, последната светла точка во секој разговор со моите татко и мајка, раскажувајќи за маките со кои биле соочени во минатото, бегалци, борејќи се секојдневно со предизвиците на сиромаштијата, единствено најблиските, семејството, и Македонија беа Вистината, смислата. Сепак, дојде време да се соочам и со ...според мене одекот, ехото на... секој еднаш во животот ќе мора да се соочи со судбината.Покрај фактот дека поголемиот дел од мојот живот може да го поминам во затвор, се соочив и со обвинувањето дека единственото нешто за кое искрено сум се борел – сум го загрозил, и тоа терористички. А обвинението? Сакам да пишувам за тој ден, 27 април, за Вистината, соочена наспроти напишаното со заслепувачка омраза.Запишано е дека сум држел потпалувачки говори за да повикам народ. А фактите за кои и обвинителството е запознаено се следниве:После пеењето на химната, пред Владата на Република Македонија, заминувам со мојот тогаш 9 годишен син на ракометен натпревар.Се наоѓам пред "Јане Сандански" кога дознавам дека народот кој беше пред нас 82 дена, веќе е влезен во Собранието, го одвезувам син ми и се упатувам натаму. После половина час од влегувањето, се појавувам во Собранието, каде неколку илјади се веќе присутни, ме пречекуваат, ...се упатувам накај пленарната сала, застанувам до моите колеги со кои протестиравме изминатите денови...Горди луѓе кои пејат родољубиви песни.Обвинителството не поседува ниедна снимка, ниеден цитат нити доказ од било каков потпалувачки говор, моето присуство таму е чин на лојалност и поддршка на неколкуте илјади искрени поддржувачи на мирната борба за зачувување на Република Македонија. Информациите за настанот на друго место во зградата на собранието ги добивам пред моето излегување од зградата, и навраќајќи се од оваа перспектива на тие моменти, сигурен во своите проценки и постапки, тврдам дека моето присуство таму е со чиста мотивација и искрена желба да се заштити а не да се загрози, да се заштити а не да се нападне, да се биде со своите, заради чест, заради љубов, заради верба во луѓето.Од оваа перспектива, после година дена преиспитување, борба со чувствата и практичните проблеми, меѓународната кариера која е стопирана, секојдневна состојба на неизвесност, адвокати, обвинители, судии... семејството... притворот како една посебна драма во мојот живот и во животите на моите деца и мојата сопруга, траумите кои им ги нанесов на моите најблиски, преиспитувањето на се што било и се што треба да дојде, сето тоа мене лично ми беше една животна лекција, едно искушение, една борба, најголема, после која сум уште поубеден, посилен, со почиста мисла. Но тоа е лично, тоа ќе си го носам јас и ќе си го носат моите најблиски како товар до крајот на животот.Тоа што деновиве е актуелно, е таканареченото помирување, помилување, простување... Христијански е да се прости. Простувањето е највисокиот чин на моралните. Во случајов прашањето кое си го поставувам е кому треба да простам и кој мене треба да ми прости?Треба ли да им простат на стотиците луѓе кои искрено ми пристапуваат, ме прегрнуваат, се фотографираат со мене на улица, ми даваат поддршка да истраам во овие премрежија...или треба да им простам на тие кои со злокобна радост и лиги ги читаат гнасните обвиненија за мене и други, жедни за крв и одмазда, омраза кон замислен душман, потсвесно конструиран лик кој треба да ја надокнади нивната немоќ да се соочат со реалноста? Милост не барам, само ПРАВДА!Да, подготвен сум да му простам на еден бивш министер, кој ја саботираше свесно претставата "Турандот" набргу после моето излегување од Шутка...Простете им на моите поддржувачи кои покажаа доблест и храброст таа вечер да го извикаат моето име од публиката иако во тој период беше екстремно ризично да се биде покрај мене таму...Подготвен сум да им простам на раководството во мојата матична куќа МОБ, мојот втор дом, кои се правдаа зошто ме ангажирале да го правам тоа што знам – да пејам.Нека му биде простено и на бившиот синдикалец, сегашен директор на македонската филхармонија, кој трудејќи се да ви се допадне сакаше да го откаже настапот на мојата сопруга...Подготвен сум да и простам и на бившата револуционерка, претседателот на УО, која денеска напаѓајќи го истиот директор, го споменува нашето име, ако и помага?Им простувам на сите оние луѓе на кои сум им помагал во животот искрено, кои во тие моменти беа на сигурна дистанца од мене...дали тоа ќе им помогне денес?Простувам и на сите мои блиски пријатели, кои се плашеа да стават лајк на постовите за моја поддршка, простувам и на дел од моите роднини, луѓето од кои очекуваш да бидат блиску кога е најтешко...Простувам на македонските колеги кои за разлика од странските ја преспаа неправдата врз мене и моето семејство. Простувам и на поголем дел од новинарите, кои свесно објавуваа и пишуваа, гласно извикуваа работи за кои знаат и самите дека се невистини...Ви простувам на сите за тоа што моите деца спиеја на моето место додека јас ја делев ќелијата во Шутка, ви простувам на сите за стресот кој и денеска децата го имаат кога ќе го напуштам домот и ме прашуваат дали го понесов мојот мобилен телефон. Ви простувам и за нивната мака и нивната траума, се надевам дека еден ден и тие ќе пораснат, ќе разберат, сфатат дека човечки е да се простува... Ви простувам, ја разбирам вашата слабост и уште ќе бидам тука за вас, на сцената и во публиката...Тоа што сакам да остане запомнето од овој мрачен период е храброста, љубовта и искрената верба на оние кои останаа до мене во најтешките моменти, бидејќи уште еднаш ми докажаа дека борбата за доброто на сите има смисла и истата е вредна за секој искажан збор, гест и постапка. Ми ја сочуваа надежта дека човекот се гради со секое искушение во подобар, поголем...А за разнебитувањето... Молете се идните генерации да ви простат.Сакам да ви се заблагодарам на сите што бевте со мене со вашиот збор, присутност во моја близина, допаѓање или коментар на мојот профил, на оние кои ги познавам лично и не сум имал чест да ги запознаам, на сите оние кои сте биле или не сте биле во можност на било каков начин да се вклучите во оваа борба.Живеејќи го ова лудило, успеав да ја сочувам честа и достоинството, имајќи покрај мене една посебна, голема жена, жена – лавица, жена – мајка, жена херој...на која јавно и се заблагодарувам што беше силна покрај мене, мојата сопруга Ана.Простете ми но јас ќе завршам со една фраза која ја употребував на секој протест.Да живее Македонија!Ваш Игор.  

Македонија | пред 7 години

kamen-granicen

Битолчанец признал дека ги оштетил граничните камења на границата со Грција

Регионалниот центар за гранични работи Југ го расчистил настанот од 23 овој месец кога беа оштетени и поместени граничните камења помеѓу Македонија и Грција.„По преземени мерки констатирано е дека сторител на кривичното дело ‘оштетување туѓи предмети’ е Б.М.(36) од сeлото Гермијан, Битола. Во полициска станица извршен е разговор со Б.М. и тој го признал кривичното дело“, соопшти полицијата.Во координација со Основното јавно обвинителство Битола и по целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена кривична пријава. 

Македонија | пред 7 години

kucinja-skitnici

Нов случај на напад на кучиња скитници, искасани малолетно дете и жена

Малолетно дете и жена биле нападнати од кучиња во Скопје. Првиот случај се случил во вторникот, кога Б.Т. била искасана од куче околу 13,00 часот на улица „Антон Попов” во Скопје.Вчеравечер, пак, А.Ж.С.(36) од Скопје пријавила дека околу 20.30 часот на улица „Бојмија” во Скопје нејзиното малолетно дете било каснато од куче-скитник.

Скопје | пред 7 години

dedo-tamara

Укината затворската казна за дедото на малата Тамара , судот одлучи судењето да почне одново

Aпелациониот суд донесе одлука да му ja укине затворската казна од 7,5 години на дедото на малата Тамара кој пукаше во Никола Тодоров поранешниот министер за здраство. По жалба на одбраната на Љупчо Стојановски, судот одлучи судењето да почне одново.Стојановски пукаше во Тодоров непосредно пред тој да ја предаде должност на новиот министер Арбен Таравари на 1 јуни минатата година.За поседување на оружје му беше одредена казна затвор од една година. 

Скопје | пред 7 години

ukrasi-skopje

Скопје годинава ќе биде најскапо украсен – склучен договор за 260.000 евра

Бирото за јавни набавки го објави договорот меѓу Град Скопје и фирмата „Линк медиа плус“ за досега најскапото новогодишно украсување на градот, кое ќе чини околу 260 илјади евра со ДДВ.Оваа фирма редовно го добива тендерот за украсување на главниот град, но во претходните години украсувањето беше видно поевтино.Според договорите за јавни набавки, минатата година за оваа намена биле платени 195 илјади евра, исто колку и во 2016 година додека градоначалник беше Коце Трајановски. Во 2015 година украсувањето чинело најмалку, околу 170 илјади евра.Според договорот, за овие 260.000 евра што ќе се одвојат од буџетот, Скопје ќе добие новогодишна елка што ќе биде поставена на плоштадот Македонија и на неколку други локации, а предвиден е и огномет за новогодишната ноќ. Во договорот од минатата година склучен со фирмата „Линк медиа плус“, пак, не бил предвиден огномет.Минатата недела градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, изјави дека „граѓаните мора да добијат нешто што не го добивале досега“.„Во текот на декември на плоштадот Македонија првпат ќе осамне новогодишна населба, нешто што во Скопје досега го немало. Нашиот план е населбата со име Винтерленд (Зимска земја) за граѓаните да се отвори на 7 декември. Во неа ќе има куќички украсени во новогодишен амбиент и мала сцена на која секојдневно ќе се организираат настани кои ќе го привлечат интересот на сите граѓани, без разлика на возраста. Ќе има и топ за создавање вештачки снег, со што ќе се дополни зимската слика. Во селото ќе има и катчиња за детски игри, како и разновидни содржини од новогодишен карактер“, рече тој. 

Скопје | пред 7 години

navreedliva-poraka

Советник во Собрание со крајно навредлива ФБ порака за смртта на академик Блаже Ристовски

Лице вработено како советник во Собранието на Република Македонија на коментар на објава за смртта на академик Блаже Ристовски напиша недоличен коментар. Коментарот “цркнал конечно” го напишал од својот ФБ профил , а админите на страницата каде беше напишан го отсраниле. Но сепак твитер заедницата го виде и крена аларм за однесувањето на кадри вработени во Собрание од албанската полулација.

Скопје | пред 7 години

zaev-sobranie-1

Заев: Можна е инвестиција на Facebook и Google во Македонија, ако е извесно членството во НАТО и ЕУ

„Колку сте задоволен од инвестицијата на интернет гигантите Facebook и Google во Македонија“? Запраша иронично на денешната седница за пратенички прашања, пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски.„На 12 септември 2017 година на 24 вести изјавивте дека директно работите со овие две мултинационални компании, дека за разлика од Швајцарија и Ирска кои им бараат данок на добивка од 23 проценти, односно 19 проценти вие им нудите данок на добивка од 3 проценти и дека истите ќе дојдат во Македонија со 30 милијарди евра добивка. Три дена подоцна во Топ Тема кажавте дека сте во напредна фаза на преговори со Фејсбук и Гугл, а на 19 септември имавте средба со господинот Коен еден од директорите на овие компании, по што изјавивте дека сте поставиле добри основи за соработка и инвестирање во Македонија. Моето прашање е како сте задоволен од реализацијата на најавените инвестиции на Фејсбук и Гугл во Република Македонија“, праша Милошоски.Заев одговори дека инвестициите на Фејсбук и Гугл се посакувани во секоја земја, но дека таквите инвестиции зависат од извесноста на членството на Македонија во ЕУ и НАТО:„Верувам дека таква инвестиција можно е да се рализира во Македонија. Очекувам Македонија да има сигурна иднина со членството во НАТО и ЕУ, почнуваме со скринингот и разговори. Ова е извесна можност да се случи во Македонија, ќе продолжиме да разговараме и кога ќе имаме нешто конкретно ќе го соопштиме. Негувам надеж ако Македонија ги заокружи политичките процеси и тоа се потврди со уставните амандмани и стане извесно членството во ЕУ, сите заедно ќе помогнеме бордот на директори да донесат одлука за инвестиција“ , рече Заев.Милошоски, незадоволен од одговорот, го обвини Заев дека Владата ширела лажна пропаганда и лажни ветувања, и дека кога ги најавувал инвестициите премиерот не спомнал ништо за членството во ЕУ и НАТО. Според Милошоски, Владата работи единствено на тоа да создаде привид дека работи, а членството во овие организации го користи само како алиби за својот неуспех. „Вработување на нови 50 луѓе во Владата за да ви ставаат лајкови на вашите постови – тоа е единствената инвестиција што сте ја направиле од Фејсбук“, заклучи пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ.  

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Рација во седиштето на „Дојче банк“ поради скандал со перење пари

Германското обвинителство влезе во главното седиште на „Дојче банк“ во Франкфурт, во рамки на истрагата за перење пари, јавуваат германските медиуми.Германскиот јавен обвинител тврди дека двајца вработени во банката им помогнале на одделни клиенти да перат пари од криминални активности.Другите канцеларии на „Дојче банк“ во градот исто така биле претресени во операција која вклучувала околу 170 полицајци и службеници.Акциите на „Дојче банк“ паднаа за 3 отсто откако се појавија вестите за рацијата. Компанијата потврди дека полицијата извршила рации во неколку локации во Германија и дека целосно соработувала со истрагата.Документи и електронски фајлови се заплетени од страна на службениците за време на рациите на имотот на банката.Истрагата почна со откритијата во 2016 година „Панама пејперс”, кога огромна количина информации протекоа од една од најтајинствени компании во светот, панамска адвокатска фирма наречена „Мосак Фонсека“.

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

Компанија испуштала отровни хемикалии во Брегалница

Полицијата поднесе кривична пријава против две лица од компанија во Делчево поради загадување на водата и опасност за опстанокот на животинскиот свет.МВР наведе дека од објектот на првопријавеното правно лице, во кое второпријавениот е управител, преку цевката за отпадни води, во реката Брегалница биле испуштени отпадни води со хемиски агенси кои се отровни за животинскиот свет, со што предизвикале опасност за опстанокот на рибите во реката Брегалница. 

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Притвор за двајца разбојници кои ограбија и претепаа жена во Кривопаланечко

Основното јавно обвинителство од Куманово донесе наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои сомнение дека сториле кривично дело „разбојништво“.Како што информираат оттаму, осомничените на 16 октомври минатата година насилно влегле во семејна куќа во селото Конопница, Крива Паланка и физички ја нападнале сопственичката удирајќи ја неколкупати по главата и телото со дрвен стап и обраќајќи и се со зборовите „каде се парите“.Притоа, со употреба на сила и сериозна закана од жената одзеле пари во износ од 20.000 денари и една златна паричка.Против двајцата осомничени, Основното јавно обвинителство Куманово до судија на претходна постапка поднесе предлог за определување притвор.Судијата со решение го уважил предлогот на обвинителството и определил притвор за двајцата осомничени во времетраење од 30 дена. 

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Работник почина при одрон на земјиште во Припор

Вчера на улицата Христо Татарчев во скопската населба Припор дошло до одронување на земјиштето, при што биле потрупани двајца работници, од кои едниот починал, соопшти полицијата.„Ѓ.Ѓ (57) од Скопје починал на местото на настанот, додека Ш.Ш.(52) од Куманово со возило на Итната медицинска помош бил пренесен во Градска општа болница ‘Св. Наум Охридски’“, велат од МВР.Извршен е увид на местото на настанот и се работи на расчистување на случајот. 

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања