„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

главни-вести

ambasador-1

(ВИДЕО) Амбасадорот Дан Ориан денес полни 51 година, видете како вежба!

Популарниот Дан Ориан, нерезидентен Амбасадор на Израел задолжен и за Македонија денес наполни 51 година.Ориан е голем пријател на Охрид и често престојува во нашиот град, и е личен пријател на охридскиот Градоначалник Никола Бакарачески со кого другарува и во Охрид и во Израел.На видеото кое ексклузивно го објавува Охрид1 можете да го погледнете Амбасадорот Ориан како ја покажува физичката подготвеност на утринскиот тренинг, денес кога наполни 51 година.Дан Ориан е исклучително популарен во македонската јавност.

Македонија | пред 7 години

sunger-bob

Почина создавачот на Сунѓерот Боб

Стивен Хиленбург, создавачот на популарниот цртан Сунѓерот Боб, почина на 57 години.Тој починал по кратката битка со Амиотрофична латерална склероза ALS, невродегенеративна болест која ги напаѓа нервните ќелии, се наведува во соопштението.Болеста на Хиленбург му беше дијагностицирана во 2017 година.

Магазин | пред 7 години

rakomet

Ниту една македонска телевизија нема да го пренесува ракометното СП!

 На почетокот на сезоната се крена голема прашина кога ниту една македонска телевизија не ги откупи ТВ правата за натпреварите од Лигата на шампионите, иако имаме два претставника – Металург и Вардар, објави  24 ракомет.Ракометните вљубеници негодуваа за оваа настаната ситуација и мораа да се снаоѓаат како што знаат и умеат. Мораа да бараат линкови на интернет, мораа да доплаќаат дополнителни пакети на кабелските оператори, или да ги посетуваат локалните кафулиња…Слична ситуација ќе биде и во јануари, кога нашата репрезентација ќе игра на Светското првенство во Германија. Ракометните вљубеници ќе можат да ги следат натпреварите против Бахреин, Јапонија, Хрватска, Исланд и Шпанија само на Арена ТВ која ги откупи ексклузивните права за пренос на територијата на Македонија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Словенија. Тоа за 24Ракомет го потврдија од регионалната спортска мрежа Арена спорт.Засега ниту една од македонските телевизии не била ниту блиску да ги откупи правата. Сепак последна шанса за македонските гледачи би бил евентуалниот секундарен пакет на ТВ права, кој ќе ги вклучува само натпреварите на македонската селекција, но за такво сценарио засега нема најава.Гледачите ќе бидат ускратени да слушаат коментар на македонски јазик, освен ако носителот на ТВ правата за Мундијалот не се одлучи во последен момент да ги доближи условите за македонските телевизии во последен обид да го покрие комплетниот македонски телевизиски простор.Слично ќе биде и во Србија како и Хрватска, каде што по повеќе години, натпреварите на “коцкестите” нема да бидат пренесувани на РТЛ.извор:24 ракомет

Спорт | пред 7 години

Adnan_Kjahil

Аднан Ќахил исклучен од неговата партија, вели ќе тужел

Партијата за движење на Турците во Македонија (ТХП) информира дека го исклучила министерот задолжен за странски инвестицииАднан Ќахил од членство.Партијата бара од премиерот Зоран Заев да го разреши Ќахил од министерската позиција. Во партијата велат дека исклучувањето е поради тоа што министерот „со својот неетички и недемократски пристап го нарушува угледот на партијата и етничката заедница која ја претставува“ и затоа што работел „спротивно од интересите на партијата“.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Центарот за јавно здравје педупредува: Водата во Струга не е за пиење!

Поради обилните врнези од дожд кои деновиве го зафатија подрачјето на општина Струга дојде до наршување на квалитетот на водата за пиење од градската водоводна мрежа во Струга, по однос на параметарот матност. Од извршените мерења на водата за пиење од градскиот водовод во Струга, од страна на екипи на Центар за јавно здравје Охрид, претпладнево, 28.11.2018 г., констатирана е зголемена матност во водата за пиење, со вредности значително поголеми од законски пропишаните.Поради тоа и согласно Правилникот за безбедност на вода, водата од градската водоводна мрежа во Струга и селата кои се приклучени на градската водоводна мрежа, не е здравствено безбедна и истата не треба да се користи за пиење.Согласно процедурите, известени се надлежните институции и соодветните инспекциски служби за натамошно постапување.Центар за јавно здравје Охрид во координација со надлезните институции континуирано ја следи состојбата и навремено ќе информира за состојбата со квалитетот на водата во градскиот водовод во Струга.

Македонија | пред 7 години

mile-i-sopruga

Сопругата на Јанакиески: Груевски да одговара за бегството, а не во притвор да лежат недолжни луѓе!

Сопругата на поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, Сања, на својот профил на Фејсбук застана во одбрана на нејзиниот сопруг.Таа смета дека власта треба да го доведе Груевски да лежи во затвор, а не на негово место да страдаат невини луѓе.„1. Дали ги пронајдоа сметките на Миле Јанакиески во странство? Каде се тие сметки?2.Кој ја зборува вистината анонимниот извор на УБК или Претседателот на РМ г-дин Ѓорге Иванов?3.Кога и каде мистериозниот посредник имал средби со Претседателот Иванов и со Миле Јанакиески?4.Кој ќе одговара за прекршување на повеќе закони во Република Македонија и Европската конвенција за човекови права и носењето на одлуки спротивни на праксата на Европскиот суд за човекови права?5. Судот не смее да биде инструмент за одмазда, донесете го Груевски и самот нека одговара за неговото бегство, а не заради него во притвор да лежат недолжни луѓе!“, пишува на Фејсбук, Сања Јанакиески.  

Скопје | пред 7 години

borko-post-fb

Борко Ристовски на ФБ: „Брука и срамота, Македонија заслужува повеќе“

Нашиот легендарен ракометен голман Борко Ристовски на својот Фејсбук профил објаи статус по повод актуелните случувања во Собранието.-Скопје се гуши! Македонија се гуши! Меѓутоа колку што разбрав и прочитав на седницата за наоѓање  решение на проблемот имаат очигледно попаметна работа. Срамота и брука! Македонија заслужува повеќе, стои во статусот на Фејсбук.Ова е повеќе од сигурно дека целата јавност денеска е свесна за овие луѓе кои буквално народски мува не ги лази. 

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Во последните три години Иванов помилувал најмногу разбојници, убијци и осуденици за финансирање тероризам

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов во последните три години помилувал вкупно 271 затвореник. Според податоците на Управата за санкции, во 2016, 2017 и 2018 година, 268 затвореници биле делумно помилувани, а тројца целосно, обајави МКД.МК.Претседателот со помилувањето дава ослободување од гонење, или потполно или делумно ослободување од извршување на казната, ја заменува изречената казна со поблага казна или со алтернативни мерки, или определува бришење на осудата, или ја укинува, односно определува пократко траење на определена правна последица од осудата или на казната.Најмногу помилувани во последните три години се разбојници - дури 45, потоа 38 затвореници што биле осудени за тешка кражба, 35 осуденици за кривичното дело недозволено поседување и држење оружје. Иванов ослободил и 27 убијци и 18 осуденици за финансирање тероризам.Претседателот целосно помилувал тројца затвореници.Листата на осуденици што се помилуваат од претседателот ја разгледува Комисијата за помилување, кое е работно тело на претседателот на Република Македонија и е составена од единаесет члена, од кои еден е претседател на комисијата.Комисијата за помилување работи на седници што ги свикува претседателот на Комисијата по сопствена иницијатива и врз основа на заклучокот на Комисијата.Комисијата на седницата ја разгледува поединечно секоја молба за помилување и дава мислење по сите предлози што ги поднел министерот за правда и по предлозите за помилување што ги поднел по службена должност. Своето мислење комисијата го утврдува со мнозинство гласови од присутните членови.Годинава нема целосно помилувани осуденици, а во минатата година целосно бил помилуван еден затвореник, осуден на кривичното дело затајување. Во 2016 година претседателот целосно помилувал двајца осуденици: еден осуден за тешки дела против безбедноста на луѓето во сообраќајот и еден за кривичното дело прикривање.При подготвувањето на предлозите Комисијата се води по следните критериуми: природата, видот и тежината на извршеното кривично дело; личноста на осудениот и неговиот поранешен живот, поведението на осуденото лице по осудата и за време на издржувањето на казната, односот спрема извршеното кривично дело, поранешната осудуваност, постигнатиот степен на ресоцијализација, возраста и здравствената состојба на осудениот и неговите семејни прилики; влијанието на актот за помилување врз средината од каде што го извршил кривичното дело; возраста на извршителите на кривични дела; и за осудените жени се зема предвид дали тоа се мајки на малолетни и незгрижени деца.Според последните податоци од Управата за санкции, во 2018 година биле помилувани 24 затвореници. Од нив најмногу, или 7, се затвореници што издржувале казна затвор за злоупотреба на безвизниот режим и шенгенскиот договор и 6 затвореници што биле осудени за убиство.Во минатата 2017 година претседателот делумно помилувал 121 затвореник.Најмногу од помилуваните, или 20 затвореници, издржувале казна затвор за разбојништво, а биле ослободени и 19 затвореници осудени за тешка кражба. Oд затвор биле пуштени и по 10 затвореници осудени за кривичните дела тешки дела против безбедноста на луѓето во сообраќајот, за убиство и за финансирање тероризам. Ослободени биле и осум затвореници што издржувале казна затвор за шверцување мигранти, шест осуденици за кривичното дело злоупотреба на безвизниот режим и шенгенскиот договор, четворица што биле осудени за нанесување тешка телесна повреда, и по двајца осудени за кривичните дела насилство и убиство во миг и организирање група за трговија со малолетници и шверцување мигранти.Ослободени биле и 11 осуденици што биле осудени за кривичните дела повреда на правото од производствен или заштитен пронајдок, запуштање и малтретирање дете, затајување, измама, измама во службата, лихварство, тешки дела против општата сигурност, посредување во вршење проституција, грабнување, изнуда, примање поткуп.Претседателот на Република Македонија со помилување дава ослободување од гонење, или потполно или делумно ослободување од извршување на казната, ја заменува изречената казна со поблага казна или со алтернативни мерки, или определува бришење на осудата, или ја укинува, односно определува пократко траење на определена правна последица од осудата или на казната.Во 2016 година претседателот Ѓорги Иванов на слобода пуштил вкупно 123 осуденици. Од нив најмногу или 25 од ослободените биле осудени за кривичното дело разбојништво. Ослободени биле и 22 затвореници за недозволено држење на оружје и распрскувачки материи, но и дури 11 затвореници што издржувале казна затвор за убиство.Претседателот помилувал и 19 затвореници осудени за тешка кражба, осум затвореници осудени за кривичното дело финансирање тероризам, петмина за тешки дела против безбедноста на луѓето во сообраќајот. Ослободени биле и шест затвореници што биле во затвор за измама, петмина осудени за кривичното дело тешки дела против безбедноста на луѓето во сообраќајот, и пет осуденици за тешки дела против безбедноста на луѓето во сообраќајот.Од затвор биле пуштени по тројца затвореници осудени за кривичните дела тешки дела против животната средина и за шверцување на мигранти, потоа по двајца затвореници што издржувале казна затвор за грабнување, за насилство, за изнуда, за измама и за предизвикување општа опасност. Помилувани биле и седум осуденици што издржувале казна затвор за кривичните дела убиство во миг, тешки дела против сигурноста, перење пари, царинска измама, загрозување со опасно орудие, спречување на службено лице во вршење службена должност.Предлозите и мислењата членовите на Комисијата ги доставуваат до претседателот на Република Македонија, кој ја донесува конечната одлука. Претседателот на Република Македонија дава помилување на поединечно определени лица за кривични дела предвидени со законите на Република Македонија, согласно со одредбите на Кривичниот закон и одредбите на Законот за помилување.Помилување не може да им се даде на лица осудени за кривични дела против изборите и гласањето, кривични дела против половата слобода и половиот морал, кривични дела сторени спрема деца и малолетни лица, кривични дела против здравјето на луѓето, кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од членот 215 и кривично дело овозможување на употреба на наркотични дроги од членот 216 и за кривични дела против човечноста и меѓународното право. Извор: МКД.МК  

Македонија | пред 7 години

mitko

Митко Јанчев за Дојче Веле :„Гарантирам дека Сашо, Миле и Кирил нема да бегаат“

„Со целиот мој интегритет гарантирам дека тие никаде нема да бегаат, вели нивниот сопартиец Јанчев. Се залага за партија што ќе биде моќна опозиција, а не „олдтајмер“ еднаш изнесен на улица, а потоа цела година паркиран“, вели Митко Јанчев за  Дојче Веле.Голема нервоза во опозицискиот кампус предизвика веста дека градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, кој во октомври беше разрешен од функцијата партиски потпретседател, заедно со исклучениот од партијата, Никола Тодоров, на покана на премиерот и лидер на СДСМ минатиот викенд имале средба во Струмица. Особено, откако Заев ја потврди средбата и во контекст на уставните амандмани изјави дека „Јанчев и Тодоров може да охрабрат одредени пратеници кои знаат кој е исправниот чекор, а сѐ уште немаат доволно храброст да го направат“, со што бројката од 80 пратеници може да се зголеми многу повеќе. Дополнителна нервоза кај опозицијата внесе и изјавата на Јанчев за ТВ „24“.„Ветивме помош против опструкциите од страна на Христијан Мицкоски во делот на уставните амандмани во интерес на државата. Тоа ќе биде транспарентен процес без задни намери за никого. Јас, како Митко Јанчев, очекувам што повеќе пратеници да се вклучат во процесот на уставни измени, сѐ со цел да се подобри Договорот од Преспа и да се зајакне идентитетот за доброто на сите граѓани на Република Македонија“, изјави Јанчев.Јанчев: Соопштение по директива!По ова Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Кавадарци вчера преку соопштение се огради од изјавите на Јанчев, со најостра осуда на неговите активности за обезбедување на двотретинско мнозинство за уставни измени.„Го повикуваме градоначалникот Јанчев да се приклучи на протестот, заедно со неговите соборци од локалните избори, со луѓето кои стоеја рамо до рамо со него, кога оваа инсталирана хунта на власт го апсеше како кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ. Јавно го прашуваме градоначалникот, кои се опструкциите што ги прави претседателот Христијан Мицкоски и во која насока е неговата 'конструктивност' заедно со поранешниот министер Никола Тодоров? И за крај сакаме да го прашаме Митко, дали се консултира со граѓаните кои и покрај големите притисоци од страна на неговиот сегашен пријател, аболицираниот криминалец Заев, го дадоа својот глас за него како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ?“, прашаа од ОК, со најава дека „во наредниот период ќе направат темелни анализи и ќе донесат соодветни одлуки за делувањето на партијата на локално ниво“.Во пресрет на вечерашниот протест на ВМРО-ДПМНЕ, тој го даде одговорот.„На протест нема да стигнам. До 18 и 30 часот имам неодложни градоначалнички обврски кои мора да ги завршам, бидејќи граѓаните ме избраа за тоа, да работам да ги реализирам ветените проекти од нивен интерес“, изјави за Дојче веле Митко Јанчев, запрашан како ќе одговори на поканата од Општинскиот Комитет.Притоа, оценува дека „тоа соопштение сигурно не е напишано од ОК во Кавадарци, туку по директива од Централниот комитет“. Отворено зборува и за средбата во струмичкиот хотел „Сириус“, објаснувајќи за што се разговарало.„Разговорот помина во многу конструктивна атмосфера. Фокусот беше на заложбата Македонија да оди напред. А, ако сакаме државата да оди напред, треба да се смириме, да се сплотиме, да се обединиме, но и да го намалиме влијанието на партиите во општествениот живот. Заев се согласи дека за намалување на тој јаз, општеството и атмосферата треба да се департизираат. Тоа ќе овозможи граѓаните да имаат свое силно 'јас' со кое ќе се надминат сите опструкции и поделби. Разговаравме и за црвените линии во политиката и во сите промени“, вели Јанчев.Престрога мерка на СудотОна што предизвика интерес во јавноста, е дали на средбата се разговарало и за притворот на Сашо Мијалков, кој беше оценет како чин кој може да наруши двотретинското мнозикнство за уставни измени. Јанчев тврди дека на средбата воопшто не бил споменат притворот на Мијалков, но го соопшти неговиот личен став по тоа прашање.„Не се мешам во судски постапки. Лично се залагам за транспарентност во однос на притворите и на судските процеси, без политичко мешање. Во случајот со притворот за Сашо Мијалков, но и со притворите за Миле Јанакиески и Кирил Божиновски, мое мислење е дека изречена престрога мерка, и тоа само поради бегството на Никола Груевски. Судот можел да размисли и за алтернативна мерка, можеби за домашен притвор. Тоа се видни членови на партијата, некои од нив основачи, некои долгогодишни членови, но пред сѐ, тие се семејни луѓе. Јас, како Митко Јанчев, давам моја цврста и лична гаранција, со целиот личен и професионален интегритет и кариера, дека тие луѓе никаде нема да бегаат“, гарантира Јанчев.Вели дека нема разбирање за бегството на поранешниот премиер.„Искрено, не очекував бегство од Груевски. Ако навистина се плашел дека животот во затвор може да му биде загрозен, требало за тоа да разговара, да се бара некаква алтернатива. Но, по 11 години поминати на највисока функција, најмалку очекувано од негова страна беше бегство“, оценува поранешниот партиски потпретседател.Тој ги објаснува и неговите лични позиции во однос на процесот за уставни измени.„Јас сум проевропски ориентиран, и сите мои изјави и заложби се во интерес на иднината на Македонија. Одговорно тврдам, дека досега не сум разговарал ниту директно, ниту индиректно, со ниту еден пратеник во однос на гласањето за уставните измени. И жал ми е што револтотот се насочува кон осумте пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата кои се нарекуваат 'предавници', бидејќи за истото гласаа 80 пратеници. И треба да се разбере дека не само тие 80, туку сите пратеници имаат обврска да придонесат за европската иднина на државата, дека со тоа не предаваат никого и ништо, туку придонесуваат во отворањето на перспективи за земјата. На Македонија и требаат свесни и конструктивни граѓани, а не лажни патриоти“, порачува Јанчев.Тој ги демантира шпекулациите дека тој и Тодоров се дел од кадровско јадро, кое работи на иницирање промени во партијата„Тоа не зависи ниту од мене ниту од Тодоров. Ние не сме во партиските органи. Дали ќе има промени зависи исклучиво од членството. Членството треба да каже каква партија сака, а одлуката да ја спроведе Централниот Комитет. Но, она што сакам да го нагласам, е дека јас немам никаква намера да правам што било зад грб. Никогаш ништо нема да направам на штета на партијата, а најмалку за политички поени. Тоа не е мој принцип. Мој принцип е она што го мислам да го кажам демократски, јасно и транспарентно. Јас се залагам за модерна партија, која секојдневно ќе биде активна и силна опозиција, и моќен коректор на власта. Јас се залагам за партија која нема да се однесува како 'олдтајмер', кој еднаш ќе биде изнесен да биде виден на улица, а потоа цела година паркиран!“, дециден е Јанчев.По средбата во Струмица и неговите јавни изјави за насоката во која треба да се движи Македонија, Јанчев е уверен дека ќе биде мета на нарачана партиска пропаганда против него од разни ботови и други извршители. Вели дека не се плаши за својата безбедност, дека нема полициско обезбедување и дека Господ го чува.извор: Дојче веле      

Македонија | пред 7 години

sudenje-27

Поради силна главоболка, прекинато судењето и побарана лекарска помош

Судијката Добрила Кацарска го одложи почетокот на денешното рочиште за случувањата во Собранието на 27 април минатата година, откако обвинетиот Вилијам Михајловски се пожали на болки во главата.Обвинетиот Михајловски побара лекарска помош поради, како што рече, силни болки во главата, каде претходно имал правено и операција.Потоа, судијката Кацарска, повика Брза помош и рече дека расправата ќе продолжи по паузата.Случајот се наоѓа во доказна постапка и изнесување на докази предложени од одбраната.На минатото рочиште обвинетите пратеници Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Крсто Мукоски, Љупчо Димовски и Јохан Тарчуловски се откажаа од давање одбрана пред Судот.

Скопје | пред 7 години

kameri-telefon

ЛГ патентираше смартфон со 16 камери

Компанијата ЛГ до Американското биро за патенти поднесе барање за патентирање на телефон со 16 сензори на задниот панел, кои се наредени во матрица 4 по 4.Ваквиот патент на ЛГ е доказ за продолжување на трендот за зголемување на бројот на камери на смартфоните.Идејата на ова необично решение на ЛГ е одеднаш да бидат снимени различни перспективи на даден објект, но ќе биде можно да се снима и само со еден од сензорите.Сликите направени во исто време од сите сензори ќе можат да се „раздвижат“, а делови од нив ќе може да бидат заменети со слики кои биле „фатени“ од друг сензор. Исто така ќе може да се комбинираат делови од различни снимки.Според холандскиот сајт „ЛетсГоДигитал“, кој го обелодени патентот, при уредувањето корисниците ќе можат да ги ротираат објектите во саканата положба. Задниот панел вклучува уште блиц и мало огледало кое се користи за фотографирање на самослик.Засега е не јасно дали моделот опишан во патентот ќе биде реализиран и ќе стигне до пазарот. 

пред 7 години

Нема фотографија

Џенерал Моторс затвора осум фабрики, 14 илјади лица остануваат без работа

Американскиот производител на автомобили „Џенерал моторс“ ќе отпушти 14.700 работници и пониски службеници во Северна Америка. Според најавите од раководството се затвораат седум фабрики.Ваквите чекори се во рамки на планот на компанијата за намалување на трошоците и фокусирање на автономните и електрични возила.Одлуката доаѓа по зголемувањето на трошоците на работење, побавната продажба на автомобили, а во момент кога компанијата се пренасочува кон производство на камиони, електрични и самоуправувачки возила.Запирањето на производството се должи и на тоа што купувачите во Северна Америка се преориентираат по помали на големи возила како теренски возила и камиони, кои сега претставуваат 70 отсто од вкупната американска продажба на возила.Со спроведувањето на планот, Џенерал Моторс ќе заштеди околу шест милијарди долари до крајот на 2020 година.На светско ниво, Џенерал Моторс, кој кон крајот на минатата година вработуваше околу 180 илјади работници, планира скусување на нивниот број за 15 отсто, како и намалување на 25 отсто од раководниот кадар. 

Свет | пред 7 години

44094681_467523503745856_1839960828510470144_n

Едно лице тешко повредено, 12 сообраќајки вчера во Скопје

Едно лице се здобило со тешки телесни повреди, а три сe леснo повредeни во вкупно 12 сообраќајни незгоди што се случиле изминатите 24 часа на подрачјето на Град Скопје. Во осум сообраќајки е причинета материјална штета.Според билтенот на СВР Скопје, 29 возачи возеле со поголема брзина од дозволената, а од сообраќај се исклучени двајца возачи кои биле под дејство на алкохол, осум возачи кои возеле пред да се стекнат со право за управување со возило и тројца почетници. Од сообраќај се исклучени и седум нерегистрирани возила.Сообраќајната полиција издала 88 казни за непрописно паркирање, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 70 возила.Санкционирани се и тројца пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин, седум возачи кои поминале крстосница на црвено светло, еден возач кој не дал првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, двајца за неправилно престројување, тројца за неправилно престигнување и пет возачи за непоседување на пропишана зимска опрема во возилата.

Скопје | пред 7 години

carina

Царината се подготвува за новите промени кон Дигитална Царина

Во рамките на твининг проектот за Зајакнување на оперативниот и институционалниот капацитет на Царинската управа во соработка со Европската комисија и Царинската управа на Австрија, тим од раководители на високо и средно ниво од Царината учествува на тимска обука за управување со промени за највисокото раководство на Царинската управа.„Разговараме за значењето на „промените“, влијанието на промените на организацијата, на деловната заедница и на општеството. Оваа обука треба да не подготви за новите промени кон Дигитална Царина, ONE STOP SHOP контроли, олеснување на трговијата“, вели директорот на царинската управа на Македонија Ѓоко Танасоски. 

Скопје | пред 7 години

gruevski-orban

Груевски со азил и плата, по Македонија и ЕП бара екстрадиција

Собранието му го одзеде пратеничкиот имунитет на поранешниот премиер Никола Груевски, кој избега и доби азил во Унгарија, а негова екстрадиција, по Македонија, бараат и европратеници.На вчерашната пленарна седница, без расправа, со 62 гласа „за“, во отсуство на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, беше прифатена препораката на Комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања за одземање на имунитетот на  Груевски, на барање на судот поради одредување мерка притвор за предмети што ги води Специјалното јавно обвинителство (СЈО).Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не присуствува и на седницата на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, која претходно со пет гласа „за” ги усвои шесте барања од судот за одземање на имунитетот на Груевски.Претседателот Комисијата Павле Богоевски, кој беше единствениот што се произнесе за случајот на седницата, побара одговорност и завршување на истрагата за бегството на Груевски.Богоевски изрази разочарување што, како што кажа, нашиот систем не го обезбеди Груевски за издржување на двегодишната казна за набавката на луксузниот мерцедес во предметот „Тенк“  на СЈО.Одземањето на имунитетот следи по барањето на судот за мерка притвор за предметите на СЈО  „Титаник“, „ТНТ“, „Траекторија“, „Насилство во Општина Центар“…  во кои е обвинет Груевски и за кои ќе му се суди во отсуство.Иако му е одземен имунитетот, поранешниот премиер и почесен претседател на ВМРО-ДПМНЕ, и натаму го задржа пратеничкиот мандат.  На пленарната седница на 9 ноември, Собранието не донесе одлука да му го одземе мандатот, за што, за разлика од имунитетот, се одлучува со двотретинско мнозинство.Според одлуката од неодамнешната средба на координаторите на пратеничките групи и потпретседателите на Собранието, платата на Груевски ќе се намалува за пет отсто со секои три отсуства од пленарните седници. Тогаш е дговорено и по изминување на шест месеци неоправдано отсуство на Груевски, повторно да биде ставено на дневен ред одземањето на неговиот пратенички мандат.Паралелно со одлуката за одземање на имунитетот, а во пресрет на дебатата и гласањето за резолуцијата на Европскиот Парламент за Македонија, македонски политичари и европратеници изјавија дека се очекува амандманот на социјалдемократите во којшто се бара екстрадиција на Груевски од Унгарија, да биде поддржан од мнозинството европратеници.– Остварив средби со сите политички групи, и имам впечаток дека ќе биде поддржан амандманот на Социјалдемократите, а зошто не и оној на Зелените. Она што е важно е што чувствуваат потреба да влезе делот околу бегањето на поранешниот премиер во извештајот, изјави заменик министерот за надворешни работи Андреј Жерновски по вчерашните средби со европратеници.Поддршка за амандманот на социјалдемократите очекува и европратеникот од оваа група Кнут Флекенштајн, кој вели дека ќе добие поддршка вклучително и од „големи делови од Европската Народна Партија, секако без унгарските европратеници“.– Станува збор за градење на владеење на правото, ова не е мала грешка. Тој исчезна во земја членка на ЕУ. Тоа е спротивно на владеењето на правото, не го толерираме тоа во земји кандидати и сигурно нема да толерираме земји членки да го саботираат владеењето на правото, изјави Флекенштајн, кој  е уверен дека прашањето за азилот на Груевски во Унгарија нема да остане само на извештајот на Европскиот Парламент и порача оваа институција наскоро да отвори поширока дебата на темата.Во однос на бегството на Груевски, како што информираше првиот човек на Обвинителството за организиран криминал и корупција Вилма Русковска веќе се собрани дел од доказите. Со 100 процентна сигурност, посочи, немаат утврдено дали тој легално ја поминал македонската граница.Русковска смета дека е неблагодарно во предистражна постапка да се лоцира одговорност за бегството на Груевски и додаде дека е потребно време да се утврди кога и на кој начин избегал од државата.Извор: Сител

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања