„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

главни-вести

agencija-za-vrabotuvanje

Примале плата, а не оделе на работа – ревизорски извештај за Агенција за вработување

Дел од вработените во Агенцијата за вработување добивале повисоки платги од оние што законски им следувале, а дел пониски, покажува Ревизорскиот извештај за оваа институција направен за 2017, за која како одговорни се наведени и екс директорот Влатко Поповски, кој директоруваше до август таа година, и сегашната Билјана Јовановска која после него ја презеде директорската палка, објави Телевизија Телма.За вработените кои имаат работен стаж над 40 години, минатиот труд се пресметува по стапки повисоки од законски определените 20 отсто, поради што на овие вработен и неосновано им се исплатувале парични средства во поголем износ. Постојат вработени кај кои при пресметка на платата се користени бодови за степенот на образование кои не соодветствуваат со законски пропишаните. Најчесто се применуваат пониски бодови, што создава нееднаква положба меѓу вработените, се вели во Извештајот на државниот завод за ревизија.За плати и надоместоци на вработените во Агенцијата се исплатени над 3 милиони евра, што е 72 отсто од расходите на Агенцијата.Двајца вработени уште во 2016 биле примени на определено време, а со анекс договорите продолжиле и во 2017, но тие само примале плата, а ниту доаѓале на работа, ниту ги извршувале работните задачи. Откако ги разоткриле, почнале да доаѓаат, но на крајот на 2017 им истекол работниот однос.Во 2017 и првиот месец од 2018 биле исплатерни 34 илјади евра од Агенцијата како додаток на плата за зголемени работни задачи. Ревизорите реагираат дека тоа не е во согласност со законите.Вработените во Агенцијата, вклучително и оние од нејзините центри за вработување, биле опуштени и со службените возила.Дел од возилата се користат од страна на лица кои не се задолжени со истите и не поседуваат акт за одобрување лимит за набавка на гориво. За дел од возилата, обезбедени се безготовински картички за набавка на гориво, без да биде изготвен акт од страна на одговорното лице, со кој ќе се определи дозволениот лимит, се наведува во ревизорскиот извештај.Лимитите значајно се надминувале, што е кршење на неколку закони, смета ревизијата, и бара во иднина да се исправат овие пропусти.ДЗР реагира и зошто значајна сума од Агенцијата се одлеала за 14 вработени кои биле прераспределени во за нив оддалечени центри за вработување. Тие тужеле, по што добиле на суд, па АВРМ треба да им плати вкупно 38 илјади евра и за надомест на трошоците за превоз и за судски трошоци.Со 13 лица биле склучени договори на дело, за период од еден до 11 месеци, а лицата поединечно добиле од 14 до 40 илјади денари. Прво, велат ревизорите, тоа не е во согласност со Законот за работни односи, а воро, за дел од договорите за услугите, не биле презентирани докази за сработеното.Биле спроведувани и јавни набавки за стоки, без да бидат спроведени соодветните постапки, откриле ревизорите.За програмата на Агенцијата за активни мерки за вработување се препорачува да се продлабочи соработката со УНДП, да се зголеми отчетѕноста и транспарентноста во трошењето на буџетските средства, и целосно да се почитуваат законите и склучените договори.Извор: Телевизија Телма

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Фановите во шок од искреноста на Кардашијан дека зема екстази

Старлетата Ким Кардашијан (38) во неделното издание на реланото шоу Keeping Up With The Kardashians призна дека во 20 – тите години од животот експериманетирала со дроги. Ким во емисијата призна дека била на екстази кога се омажила за музичкиот продуцент Дамон Томас и додека била во врска со поранешниот љубовник , музичарот Реј Џи.Искрените зборови на Ким Кардашијан за кратко време го обиколија светот, а фановите останаа збунети. „Снимав секси видео под влијание на екстази“, рекла Кардашијан.38-годишната „риалити“ ѕвезда и сопруга на Кајне Вест признала дека била под дејство на екстази и за нејзината првата свадба.„Првпат кога земав екстази се омажив, на снимката се гледа, ми се тресе вилицата“, вели Кардашијан.Американските медиуми пренесуваат дека оваа епизода предизвикала лавина критики зашто Ким, од која девојчињата се инспирираат, најопуштено зборувала за конзумирање на нелегални стимуланси и дури признала дека до некаде тие допринеле за нејзината популарност. 

Магазин | пред 7 години

Нема фотографија

Возачи внимавајте, поради магла на Стража и Плетвар намалена видливоста

Сообраќајот на државните патишта се одвива без забрани, по влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 80 метри има на планинскиот превој Стража и до 50 метри на планинскиот превој Плетвар, информира АМСМ.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони. На осојничавите места коловозите се наместа влажни, па поради ниските температури карактеристични за вечерните и утрински часови постои можност и од појава на голомразица.

Македонија | пред 7 години

strajk-grcija

Штрајк на новинарите во Грција

Со 24часовен штрајк од 6 часот утрово, новинарите во Грција, како што и во минатото практикуваа, ден порано, учествуваат во утрешниот закажан генерален штрајк.Денеска Грција ќе биде без вести, информативни емисии на радијата и телевизиите и без весници, јави дописничката на МИА од Атина.Потпишување колективни договори, достоинствени плати и пензии, враќање на намалените плати и бонуси, мерки за справување со невработеноста, се дел од барањата на новинарите.Во 24часовниот штрајк учествуваат и приватните и државните медиуми, но вработените во Генералниот секретаријат за медиуми.Дел од информативните портали во Грција, решија да го поддржат штрајкот, друг дел, регуларно емитуваат вести.Конфедерацијата на работници на Грција за утре закажа 24часовен генерален штрајк, а пракса на новинарите е, за да можат да ги следат протестите во рамките на штрајкот и да ја информираат јавноста, ден претходно да прекинат со работа во знак на поддршка.Со утрешниот штрајк под слоганот „Штрајкуваме, се бориме, бараме“, од конфедерацијата, меѓу другото бараат минимална плата од 751 евро, колективни договори, работа за сите, целосна социјална помош.Бродовите во Грција, утре ќе останат закотвени на пристаништата, поради учеството во штрајкот на грчката поморска федерација, додека пак сериозни проблеми во Атина ќе предизвика штрајкот на јавниот превоз. Со исклучок на автобусите кои ќе сообраќаат неколку часа, сите други јавни превозни средства (метро, тролејбуси, трамваи) 24 часа нема да функционираат.Од конфедерацијата на грчки работници за утре во 11 часот по локално време, најавија протест во центарот на Атина.МИА 

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

Времето денеска: променливо облачно и дождливо

Во Македонија денеска ќе преовладува променливо облачно со врнежи од дожд. Попладне во источните делови врнежите ќе бидат поројни. Максималната температура ќе се движи до 15 степени. Во Скопје и околината слично време со дневна температура до 12 степени.Метеоролозите најавуваат дека денеска поради спуштање на постуден воздух од север, врнежите на планините и на повисоките места ќе бидат од снег, но со слаб интензитет.Ќе дува засилен северен ветер што ќе услови значителен пад на температурата во наредните денови.Во четврток ќе биде студено со провејување на снег, а од петок се очекува разведрување. 

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

По двајца наставници на час, помладите ќе учат од поискусните додека предаваат, најавува заменик-министерот Петар Атанасов

Со промените е предвидено пет-шест наставници во секое училиште да работат како подучувачи со тоа што ним ќе им биде скратен бројот на часови. Се размислува и да се наградат со 10 отсто поголема платаНаставниците со над дваесетгодишно искуство ќе бидат на часовите со нивните помлади колеги и ќе им укажуваат како се предава и како се учат ученици, соопшти за Деца.мк заменик-министерот Петар Атанасов. Според очекувањата, овој закон треба да се усвои во јуни, а ако тоа се случи, ќе почне да се применува од следната учебна година.– Потрошени се 20 години, милиони евра за обуки за наставници од кои нема никаков резултат. Сега идејата е обуки да се прават на самото работно место. Грешката била системска, наставниците сме ги ваделе надвор од училиште за да одат на обуки, на кои им зборувале странци, домашни експерти, па повторно сме ги враќале во истиот систем, каде што не се спроведувало наученото од обуките. Со промените е предвидено пет-шест наставници во секое училиште да работат како подучувачи со тоа што ним ќе им биде скратен бројот на часови. Откако ќе седат на час со помладите колеги, потоа ќе го анализираат часот, ќе прават рекапитулар, како е предадена лекцијата, зошто, на пример, применувал само испрашување и слично – објаснува Атанасов.Не се виновни само учебниците, никој не работи на квалитетот на наставатаСо пренесувањето на стручноста во училиштето, верува Атанасов, децата и родителите ќе бидат позадоволни. Тие додека се на училиште мора да учат нешто. Не може само да им се прераскаже лекцијата и потоа дома да учат. Тој вели дека позицијата на наставниците мора да се зајакне, тие мора да се ослободат од сите административни работи и да се насочат кон образовниот процес и квалитетот на наставата.– Нам ни требаат квалитетни часови, а не притисоци и контроли како што било во минатото. Во училиштето мора да постои структура што ќе се занимава со квалитетот бидејќи не се само учебниците виновни, не се само младите наставници виновни за неквалитетното образование. Во самите училишта ќе има обезбедување и градење квалитет. Ако стручната служба помага за менаџмент, за проблеми, тогаш наставникот со искуство ќе му помага на својот помлад колега – вели Атанасов.За 10 отсто поголема плата за обучувачите?Сè уште нема одлука, но се размислува наставниците-ментори да се наградат со 10 отсто повисока плата.– Тие наставници треба да бидат наградени, а тоа ќе биде стимулација за нив. Тој наставник ќе оди, на пример, и во некое подрачно училиште, па така неговите знаења пошироко ќе се пренесат и искористат – додава Атанасов.Со законските измени е предвидено да има помал број часови, помалку ученици во една паралелка, а исто така предвидена е и поголема инклузивност на децата со попреченост. Ако се усвои во јуни, од септември ќе се применува. 

пред 7 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) Макрон „на колена“ пред демонстрантите - даноците за гориво ќе се ревидираат на секои 3 месеци

Францускиот претседател Емануел Макрон , предложил ревизија на даноците за горива на секои три месеци, со цел да се земат во предвид промените на светскиот пазар. Со оваа постапка претседателот сака да ги ублажи насилните протести кои се случуваат низ земјата и кои очигледно го изненадија.Покрај со демонстрациите низ земјата, Макрон се бори и со неговиот брз пад на популарноста. Многу обвинувања стигнаа на негов адреса од моѓните светски лидери, а тое е дека постапките кои ги превзема не се во склад со брањата на неговите избирачи.Во едночасовното обраќање за енергетската политика кое го имаше претседтелот, тој се осврна на протестите „жолти прслуци“. Тој вели дека поради уличното насилство нема да се откаже од иницијтивата за транзиција према чиста енергија.https://twitter.com/i/broadcasts/1jMJgOWAzneJL

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

Започнуваат Божикните пости

Од денеска почнува Божикниот пост. Божикните пости се период кои му претходи на празникот Рождество Христово. Трае околу 40 дена и според црквата се нарекува исто така „Филипов пост“, бидејќи започнува после 27 ноември – денот на споменот на Апостол Филип.Православната црква запишала дека Божикниот пост е востановен за верниците да можат во пресрет на Рождеството Христово, да се очистиат себеси со покајание, молитва и пост, и со чисти срца, душа и тело, благоговејно да Го пресретнат Синот Божји што се јави во светот, принесувајќи Му го, наместо обични дарови и жртви, чистото срце на верниците и желбата за последување на Неговото учење.Во времето на постот се избегнуваат месото, путерот, млекото, јајцата, сирењето. Освен тоа, Уставот вели дека во понеделник, среда и петок во Божикниот пост не се јаде риба, вино и масло и дозволено е само примање на храна без масло.Во останатите денови – вторник, четврток, сабота и недела разрешена е храна со растително масло.Рибата за време на Божикниот пост е дозволена во саботните и неделните, како и на големите празници, каков што е празникот „Воведение во храмот на Пресвета Богородица“, а исто така и на храмови празници и деновите на големите светии, но само доколку тие празници се паднат во вторник или четврток. Доколку празникот се падне во среда или петок се разрешува на вино и масло.Од 2 јануари до 6 постот се засилува и во тие денови, дури и во сабота и недела рибата не е благословена, потенцираат црковните правила.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Ќе се набават еколошки автобуси за 12 милиони евра

Владата на денешната седница го усвои предлог-законот за гаранција на Република Македонија на обврските по Договорот за заем за финансирање на набавката на нови автобуси за Град Скопје (ЈСП), кој ќе се склучи меѓу Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и Јавното сообраќајно претпријатие Скопје, соопшти Владата.– Вкупниот износ на проектот е 12 милиони евра, од кои 10 милиони евра ќе бидат обезбедени преку заем од ЕБОР, додека 2 милиони евра ќе бидат обезбедени од буџетот на ЈСП Скопје. За средствата во износ од 10.000.000 евра заемопримач ќе биде ЈСП Скопје, а Република Македонија ќе издаде државна гаранција, стои во соопштението.Од Владата додаваат дека одлуката е донесена тргнувајќи од состојбата со возниот парк на ЈСП Скопје како исклучително скап за одржување и кој е еден од факторите за загадување на животната средина, односно на воздухот во градот. Со предвидената набавка се планира да се набават нископодни автобуси кои работат на компримиран природен гас, со голема економска исплатливост и еколошка предност во учеството на намалувањето на аерозагадувањето.

Скопје | пред 7 години

robert-popovski

Министерот Поповски апелира Академијата за судии и јавни обвинители да обезбеди јавност при изборот на директор

Министерот задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски, следејќи ја реакцијата на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), апелира до Академијата за судии и обвинители да обезбеди јавност во својата работа и при изборот на директорот во согласност со начелата утврдени во Статутот за работа на Академијата.Според министерот Поповски, јавното и транспарентно работење значи и одговорно работење, при што неопходно е на претставниците на медиумите да им се овозможи пристап до информации, меѓу другото, и преку обезбедување јавност на седницата за избор на директор на Академијата.

Македонија | пред 7 години

kosovo-srbi

Четворица српски градоначалници на Косово, поднесоја оставки

Градоначалниците на четирите српски општини на Косово поднесоа оставки поради , како што наведуваат ,, кршење на човечките и економските права на Србите.” Косовските градоначалници најавија прекин на секаква комуникација со властите во Приштина.Косовскиот премиер Рамуш Харадинај пак не сакал да го коментира овој потег. Тој најавил дека утре ќе ги коментира оставките на градоначалниците во северно Косово, затоа што, како што рекол денеска е „зафатен со други задачи“.Во Косовска Митровица во тек е протест на Србите поради, како што велат, срамните потези на Приштина и апсењата на Србите во градот.На протестот присуствуват голем број граѓани на северниот дел на Митровица, на кои прв им се обрати сега веќе поранешниот градоначалник на Косовска Митровица Горан Ракиќ, или еден од четворицата кои денеска поднесоја оставка.

Свет | пред 7 години

gruevski-mala

Собранието му го одзеде имунитетот на Груевски, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не присуствуваа на седницата

Собранието со 62 гласови „за“ од вкупно 63 пратеници ,попладнево му го одзеде имунитетот на пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски за шест судски предмети, за кои е побаран притвор. Станува збор за предметите „Титаник“, „ТНТ“, „Траекторија“, „Насилство во Општина Центар“, во коии Груевски е обвинет и за уште две истраги во кои е осомничен. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не присуствуваа на седница.Груевски избега во Унгарија откако на 9 ноември требаше да се пријави во затворот во Шутка на одлежување на двегодишната затворска казна во предметот на СЈО „Тенк“ и доби азил од тамошните власти на 20 ноември.

Скопје | пред 7 години

mormari-ukrainski

„Намерно ги игнориравме руските предупредувања“, проговорија уапсените украински морнари

Руската телевизија емитуваше снимка на која се гледаат украинските морнари , кои од неделата се во притвор , по инцидентот во Керчкиот мореуз , поради што односите меѓу двете земји се на раб на војна.„Граничната служба на Русија не предупреди дека ги кршиме руските закони. Повеќе пати ни кажаа да ги напуштиме руските територијални води, но ние не ги послушавме“, вели еден од украинските морнари.https://www.facebook.com/vesti.ru/videos/684201968640502/Заповедникот на украинската морнарица тврди дека ваквите изјави морнарите ги дале пред руските медиуми под притисок.

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

Во Скопје утре посебен сообраќаен режим, поради протестот на ВМРО - ДПМНЕ

Министерството за внатрешни работи соопшти дека утре поради закажаниот протест на ВМРО-ДПМНЕ ќе има посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје.– Утре од 17 часот е закажан протест во Скопје организиран од страна на политичка партија со релација на движење од плоштадот „ВМРО“, десно по улицата „Даме Груев“, право по улицата „Васил Главинов“, право по булеварот „ВМРО“, лево по булеварот „Илинден“ до пред зградата на Влада – се вели во сooпштението.МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

Скопје | пред 7 години

pristaniste-1

Потребна санација на пристаништето во Охрид

Пристаништата во Охрид и св. Наум треба да се санираат. Видно е дека е нарушена нивната статика, а од фотографиите може д види дека истите можат да претставуваат и опасност за минувачите. Пристаништата во Охрид и Свети Наум градени пред втората светска војна.Наодамна од капетанијата на пристаништата на Македонија најавуваа дека предвидено е да се поставуваат големи камени блокови од надворешната страна кои во случај на невреме ќе ја намалат силината на брановите.Првиот човек на Охрид пак, градоначалникот Јован Стојаноски најави реконструкција и поставување на валобрани за заштита на кејот и малото пристаниште .

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања