Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

главни-вести

zaev-dimitrov

Владата ги ќе им даде пари на општините што неодговорно се задолжувале

Одлуката на Владата за подмирување на половина од неизмирените обврски на општините со пари од државната каса е проблематична, бидејќи во суштина со парите на граѓаните се плаќа неодговорното работење на општинските власти, наместо тие пари да се искористат за нови проекти.  Додека властите велат дека ова е значајна поддршка за општините, експертите се спротивставуваат, велејќи дека со оваа мерка се дава порака дека се покриваат незаконските дејствија, неодговорното работење и недостатокот на отчетност, пишува „Порталб“.За одлуката на централната власт, наместо за нови проекти кои ќе ја подобрат состојбата во патиштата, здравството, образованието, животната средина и другите области со витална важност за граѓаните, да се покриваат долговите, упатените во проблематиката велат дека најпрвин треба да се изврши анализа и проценка за тоа кој и како се задолжувал.Експертите и граѓанските организации бараат прецизно да се посочат имињата на тие што се задолжувале.– Стопанските субјекти се изложуваат на некоректно и дискриминирачко дејствување од државата. Се создаваат трговски девијации во пазарот на капитал. Ваквиот инструмент дава порака во насока на синдикализирање на расходувањата од неодговорното работење на избраните и именуваните функционери. Кога ќе се синдикализира трошењето од неосигурани ризици, се создава неодговорност (moral hazard). Во суштина, свесни дека ќе поминат неказнети за неодговорното работење со даночните средства на граѓаните, се создава ситуација на недостиг од каква било грижа за управување со ризици, во согласност со можностите и ресурсите на општините од страна на неодговорните градоначалници. Трошоците поради неодговорното работење во заробената држава паѓа на товар на тие кои не се виновни за неодговорност. Министерот да направи анализа во врска со тоа како се собирани долговите и да побара отчет, а за ова треба да се вклучи и Државниот завод за ревизија и Јавното обвинителство – велат од  Центарот за економски анализи (ЦЕА).Невладините организации сметаат дека одлуката на Владата да ги подмири долговите на општините не е исправна, затоа што не е направена анализа во врска со тоа кој и на каков начин ги создал долговите, а велат и дека оваа мерка е штетна за граѓаните бидејќи втор пат им се нанесуваат финансиски штети.Активистот Арианит Џафери од „Еко Герила“, бара на оние што ги направиле долговите да им се конфискуваат имотите и парите потоа да се вратат кај граѓаните. Во спротивно, подмирувањето на долговите ќе биде бесмислено, вели тој.– Не е лошо што Владата планира да подмири половина од општинските долгови, но истовремено треба да се извршат ревизии и да се спроведат истраги за да се открие во какви околности се создадени тие долгови, од кои причини, односно кога и од кого, и да се повикаат на одговорност пред органите на правдата градоначалниците кои ги направиле тие долгови. Виновниците за создадените долгови треба да се казнат и да ги вратат парите сразмерно на висината на долгот, исто така преку конфискување на нивните приватни имоти, доколку е потребно. Граѓаните еднаш биле оштетени кога се создал долгот, сега по втор пат се оштетува нивниот личен буџет со нивно подмирување, додека виновниците продолжуваат да имаат слобода да злоупотребуваат уште повеќе во иднина. Ако не им се даде добра лекција, џабе ќе се подмират долговите, без разлика на нивниот износ – вели Џафери.Операцијата за подмирување на долговите на општините официјално ќе започне со носењето на ребалансот на буџетот. Според објавените пресметки, ќе се доделат безмалку 50 милиони евра, со кои ќе треба да се покријат 51 отсто од долговите на општините. Вкупниот долг што го имаат пријавено локалните самоуправи, до крајот на месец септември, достигнува 81,3 милиони евра.– Финансиската помош од 51 проценти од вкупниот износ е сериозна помош. На јасен начин создаваме механизам за спречување на акумулирање на долговите во иднина и јасно тврдиме по втор пат немаме намера да направиме вакво нешто и тоа нема да се случи. Сега има простор да се помогне, во овој момент го решаваме проблемот со долгот – рече министерот за финансии, Драган Тевдовски.Парите од централниот буџет кои ќе завршат во општинските сметки ќе бидат со стриктна намена и неповратни. Општините очекуваат од Владата да се дадат упатства за дејствување.Министерот за локална самоуправа, Сухејл Фазлиу, најави дополнителни механизми за контрола на локално ниво со цел спречување на создавање на долгови.– Како системско решение, општините не треба да влегуваат во нови долгови, предвиден е контролен механизам во член 2 од Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа. Имено, општините можат да ги планираат приходите најмногу до 10 отсто од просекот на нивните приходи за последните три години – вели Фазлиу.

Македонија | пред 7 години

ali-ahmeti

Ахмети ќе бара претседател кој ДУИ ќе го поддржи

Лидерот на ДУИ Али Ахмети на гостување во емисијата Клан Дебат на ТВ Клан Македонија кажа дека на следните претседателски избори кои треба да се одржат ќе побараат консензуален претседател.На прашање дали на претседателските избори ДУИ повторно ќе игра на картата на консензуален претседател Ахмети изјави дека тој е нивен став кој го објавиле и ке го бранат.„Секако ова е еден од ставовите кои сме ги објавиле и ке го браниме со фанатизам и ќе го промовираме на сите простори тука во Македонија. Ние сакаме консензуален претседател, да седнеме, да разговараме, да се усогласиме“ – рече Ахмети.Ахмети исто така кажа дека веќе има и имиња за консензуален претседатен но се уште е рано да се збори за тоа.„Секако дека може да зборуваме и со имиња, но сеуште е рано за тоа“, рече Ахмети.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Пет сообраќајки и 138 непрописно паркирани возила вчера во Скопје

Велосипедист се здобил со тешки телесни повреди во една од вкупно пет сообраќајки случени во текот на вчерашниот ден во Скопје. Во една било полесно повредено едно лице, а во три сообраќајки била причинета материјална штета.Од СВР Скопје информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Тринаесет возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, четворица возачи поминале на крстосница на црвено светло и двајца возачи за неправилно престигнување.Санкциониран бил и еден пешак кој поминал коловоз вон пешачки премин.Од сообраќај биле исклучени вкупно 15 возачи, од кои тројца го управувале возилото под дејство на алкохол, седум пред да се стекнат со право на управување и пет возачи почетници, како и едно технички неисправно возило и девет нерегистрирани возила.Затекнати биле 138 возила непрописно паркирани.Со помош на специјалното возило пајак, отстранети биле 82 возила.Одделението за превенција денеска ќе реализира посебна воспитна мерка – сообраќајна поука, на која ќе присуствуваат учесници во сообраќајот кои сториле прекршоци по разни основи во својство на возачи (мобилен, појас, престројување и брзина).

Скопје | пред 7 години

han

Хан: Мицкоски се заложи да не го опструира Преспанскиот договор

ВМРО-ДПМНЕ нема да го опструира носењето на амандманите, му ветил Мицкоски на еврокомесарот Хан на средбата за време на самитот на Европската народна партија во Хелсинки.-Бев кристално јасен дека ратификацијата на договорот од Преспа мора да се финализира брзо и без никакви пречки. Ја поздравив неговата заложба да не го опструира процесот во собранието. На ЕУ интеграции им е потребна конструктивна опозиција, напиша Хан на твитер.Од ВМРО-ДПМНЕ испратија соопштение за средбата, но во него нема информација за разговорите околу спроведувањето на договорот.Освен официјалната делегација, во Хелсинки на поканата на претседателот на Европската народна партија, Жозев Дол се и исклучените Петар Богојески и Никола Тодоров.

Македонија | пред 7 години

gruevski-1

Груевски денес треба да се јави во Шутка

Пленарната седница е следен чекор на која ќе се одлучува дали на поранешниот премиер, а сега пратеник Никола Груевски, ќе му биде одземен пратеничкиот мандат. Собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања вчера со мнозинство гласови го прифати барањето на судот да му се одземе пратеничкиот мандат на Груевски заради издржување на двегодишната затворска казна за набавката на луксузниот мерцедес во предметот „Тенк“ на Специјалното јавно обвинителство.Одлуката беше донесена со мнозинство гласови, но на гласањето не присуствуваа членовите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ кои дојдоа на седницата, но по искажаните забелешки на Трајко Вејланоски дека се води политички, а не правен процес, ја напуштија седницата.Претседателот на Комисијата Павле Богоевски се согласи да му се одземе мандатот на Груевски, бидејќи делата кои за кои се товари го прават недостоен за вршење на пратеничката функција, пишува 24 Вести.Александар Кирацовски, кој е член на Комисијата од СДСМ, пак, апелираше ова да биде поука за сите сегашни и идни функционери да не ги прекршуваат и заобиколуваат законите заради тоа што правдата е еднаква за сите.Од Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, кои иако немаат член во Комисијата, се изјаснија дека се против одземањето на мандатот на Груевски и оценија дека расправата е избрзана ако се има предвид формирањето на Координативното тело за процесот на помирување.На седницата не присуствуваше Груевски бидејќи беше на судење за предметот „Титаник“.Барањето за одземање на мандатот на Груевски е според членот 59 од Деловникот на Собранието на РМ. Со него се предвидува за пратеникот осуден за кривично или друго казниво дело што го прави недостоен за вршење на пратеничката функција, известување до претседателот на Собранието да достави судот кој ја изрекол казната.Со овој член од собранискиот Деловник е предвидено Предлог за одземање на мандатот на пратеник да поднесе Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, во рок од 15 дена од денот на добивањето на известувањето од претседателот на Собранието. По предлогот на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања за одземање на мандатот на пратеникот, Собранието води претрес на првата наредна седница, а претресот може да заврши со донесување одлука за одземање на мандатот на пратеникот или со заклучок дека нема елементи за одземање на мандатот на пратеникот. За да му биде одземен мандатот на Груевски на Собранието му е потребно двотретинско мнозинство.  Незивесно е дали за одземање на мандатот на поранешниот премиер ќе гласаат 80 пратеници, ако се знае дека пратениците од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ нема да гласаат за, а најголем дел од пратениците од независната пратеничка група предводена од поранешната министерка за култура Елизабета Канческа Милевска се изјаснија дека нема да гласаат.Груевски денеска треба да се јави на издржување на затворската казна. Во петокот, Кривичниот суд соопшти дека судија за извршување санкции ја одбил молбата на Груевски за одлагање на казната. Тој беше прогласен за виновен и осуден на двегодишна затворска казна на 23 мај за предметот „Тенк“ за набавка на мерцедесот.

пред 7 години

Нема фотографија

Земјотреси почуствувани во Македонија

Вчера се стресе и Македонија, поточно Дојран каде се почувствува потрес од Грција со јачина од 3 степени.По силниот потрес на Закинтос има многу потрес ии денеска во грција со јачина од 2 и 3 степени.Се тресе и Турција, и Романија, а последниот потрес е со јачина од 3.3 степени по Рихтер.Силни потреси од 3 степени има во Турција.

Македонија | пред 7 години

45544753_2205027969777489_5654303666132221952_n

Демострантите пред судот: Иванов да го сопре прогонот врз Груевски

„Вечерва самоиницијативно, како почитувачи на ликот на пораешниот претседател Никола Груевски и се собравме пред зградата на Основниот суд Скопје 1 да упатиме неколку пораки“, изјави Александар Трајковски.Според него ова е политички прогон. Она што е смешно во целата ситуација е тоа што главниот доказ, Мерцедесот е се уште во Владата на Република Македонија и секојдневно се користи за секакви потреби како што и се портребни на државата.„СЈО има за цел да работи на уништување на политичката елита на ВМРО-ДПМНЕ. Сите обвиненија се базирани на незаконски начин, и истите не можат да претставуваат доказ во судска постапка“, рече тој.Тој ги рече дека на ги охрабруваат судиите во овој суд да работат согласно законите на Република Македонија, и упати барање до кривичниот совет да го разгледа барањето за одложување на казната на Груевски иситото да го прифати.„Го повикуваме престедателот на Република Македонија, кој е единственитот политичар кој има кредибилитет да го прекине овој политички прогон. Ние како граѓани, упатуваме поддршка до претседателот да ги застапува македонските национални интереси.Исто така тој упати поддршка до Груевски, Ние како грагани сме благодарни за се она што го направи Никола Груевски додека беше престедател во Владата. Неговата борба за правда станува и наша борба за правда. Она што му се случуива на него денес, може да сe случи на секој од нас. Македонискот нерод нема да го заборави она што тој го направи изминатите 10 години“, изјави Трајковски. 

Македонија | пред 7 години

Sequence-01.Still011

Бачев и Петровски на кафе кај Мукоски, останатите играа оро пред портите

Филип Петроски и Јанко Бачев влегоа во домот на пратеникот Крсто Мукоски, откако Мукоски како добар домаќин излезе од својата куќа и ги повика да повелат кај него на кафе и ракија за да се разјаснеле и разбереле.„Ако сакате да разговараме влезете внатре, како добар човек и домаќин ќе ве примам дома. Најкултурно ве замолувам, нема потреба од викање. Повелете дома, како добар домаќин ве повикувам да влезете внатре и да се разбереме. Штом сте дошле дома коректно е да ве поканам внатре, да се напиете кафе, сокче или ракија и со здравје да си одите“ - му рече пратеникот Мукоски на Филип Петровски.На ова Петровски одговори:„Треба да ги разбереш овие луѓе, се возат шест саати,“ му рече Петровски на Мукоски по што влезе во куќата на пратеникот.Насобраните поддржувачи облечени во маици со православна иконографија, крстови и други мотиви со руска тематика продолжија да пејат патриотски песни на улицата, додека кордон полиција не им дозволуваше да се доближат до домот на Мукоски.

Македонија | пред 7 години

45638221_1285675121572172_2063795639006789632_n-1

Доцнат демонстрантите кои треба да протестираат кај Мукоски

Протестот закажан пред куќата на пратеникот Крсто Мукоски се уште не е започнат.Како што најавија организаторите, најверојатно ќе почне подоцна, бидејки автобусот на протестантите доцни.„Таму некаде по кафаните се нашите луѓе, нив ги организира Филип Петровски, и сигурно нешто ги има спречено, затоа доцнат. Во најскоро можно време ќе тргнат“, изјави за Скопје 1 претседателот на Единствена Македонија, Јанко Бачев.„Автобусот доаѓа и сега е на раскрсницата каде што се дели патот за Охрид и за половина час ќе биде таму. Нашите луѓе се таму, ќе се собираат на сред село, по што ќе се симнеме до куќата на Муковски“, рече Филип Петровски.

Македонија | пред 7 години

oliver-andonov

Андонов: Груевски е осуден без докази

Ексфункционерот од ВМРО-ДПМНЕ Оливер Андонов беше дел од протестот за правда на поранешниот премиер на Република Македонија, Никола Груевски.„Треба да се запрашаме во кое општество живееме. Кога на еден монтиран политички процес се осудува поранешен премиер на држава, кој нема ефективно сторено никакво кривично дело ниту видовме доказ со кој е оштетен буџетот или државата на било каков начин. Треба да се запрашаме како владее СДСМ. Тие сакаат да ги покријат своите постапки, погрешно владеење и однесувањето кон целокупната македонска држава. Многу е јасна работата во целост“, изјави АндоновСпоред него јасна е пораката која македонскиот народ ја испрати преку референдумот на 30 септември, дека не се согласуваат со политиките на оваа власт.

Македонија | пред 7 години

oliver-andonov-1

Јакимовски: Нема зошто да се помируваме

Ексградоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски беше дел од протестот „Правда за Груевски“ пред кривичниот суд Скопје 1.„Даваме поддршка на чесните судии да се одважат и да кажат „не“ на политичкиот процес. Секој кој има кривично дело треба да одговара. Јас сум против било какво помирување. Нема зошто да се помируваме. Луѓе што пукаат куршум во глава лежат 7 години, а луѓе кои удриле шамар лежат 15 години“, изјави Јакимовски.Исто така тој изјави и дека соседните земји коментираат дека нашата земја е циркус држава.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Ќе има ли промени во химната?

По ниеден основ нема да се чепка државната химна, ниту ќе се вршат интервенции во нејзиниот текст.„АСНОМ останува во преамбулата на Уставот, и наместо еднаш ќе биде спомнат двапати. Останува Прогласот на АСНОМ со сите донесени одлуки“, изјави денеска на прес-конференција владиниот портпарол, Миле Бошњаковски.Тој вели дека се неточни информациите што се шират по социјалните мрежи.Бошњаковски нагласи дека во однос на амандманот 35, измените кои ќе бидат направени во член 3 се гаранција дека границите на Република Македонија се трајни и непроменливи.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Најмногу питачи во Скопје: Евидентирани 337 деца на улица

Вкупно 337 деца питачи се евидентирани на улица, од нив само девет не се од ромска етничка припадност, покажува последното истражување на Канцеларијата на Народниот правобранител, пишува Емагазин.– Насекаде во Македонија има деца на улица, а бројката што ние сме ја забележале секојдневно се менува.  Кога е направено нашето истражување евидентирани се 337 деца на улица. Најголем број на деца питачи има во Скопје и во Прилеп, изјави денеска народниот правобранител Иџет Мемети одговарајќи на новинарско прашање на маргините на Конференцијата за инклузијата на Ромите по завршувањето на ромската декада.Во однос на возраста на децата кои питачат на улица, како што рече тој, има деца од сите возрасни групи, од бебиња кои не наполниле ниту една година и деца со ненавршено полнолетство.– Ние секогаш алармираме за ваквите лоши состојби и бараме властите да преземат не само ат хок мерки, туку системски да се решаваат проблемите. Ако не се решаваат проблемите во образованието, вработувањето, здравството и  домувањето, тешко дека можеме да се справиме со сите други проблеми со кои се соочуваат сите деца на улица, но секако посебно децата од ромската заедница, вели Мемети.Во контекст на тоа, народниот правобранител додава дека е жално што никој во нашето општество, во ниту една институција нема точни податоци во однос на децата на улица.-Дури и мерките што ги преземаат властите се интервентни. Проблемот е посистемски и како процес треба да се решава. Ние сфаќаме дека не може се одеднаш, бидејќи процесот бара базични и многу содржајни проекти, но секако без средства тоа не може да се реализира, рече Мемети.

Скопје | пред 7 години

Kreshnik_Bekteshi_Minister

Нова мерка: Купи ново возило и добиј субвенции од Министерството за економија

На последната седница на Владата на Република Македонија на предлог на Министерството за економија усвоени се измени за дополнување на законот за возила.Со овие измени се предвидува:1 новитет: Воведување на налепници за секое возило кое учествува во сообраќајот, согласно еколошките стандардиЗелена боја (I категорија): Возила со европски емисиони стандарди ЕУРО 5 и ЕУРО 6, како и возила со емисија на издувни гасови ЕУРО 4, на кои е вграден уред на течен нафтен гас или компримиран земјен гас, хибридни возила и електрични возила. Тие слободно ќе се движат во заштитените еколошки зони дури и при енормно загадување на воздухот во градските средини.Жолта боја (II категорија): ЕУРО 3 и ЕУРО 4, како и возилата со емисија на издувни гасови ЕУРО 2 на кои е вграден уред за погон на течен нафтен гас или погон на компримиран земјен гас. Тие ќе има ограничено движење во сообраќајот, во зависност од Одлуките донесени од општините, односно од град Скопје во деновите кога ќе се утврди надминување на прагот на загаденоста .Црвена боја (III категорија): Од ЕУРО 2 и пониско, како и возилата за кои производителот нема дефинирано емисија на издувните гасови. За нив ќе се воведе забрана за движење во општините во период кога има загадување на воздухот.Целта од воведувањето на еколошката налепница согласно одредбите на Законот за возила е да придонесе во заштитата на животната средина и здравјето на луѓето во урбаните средини.2 новитет: Воведување субвенции за купување на возило на електричен погон или хибридно возило.3 новитет: Воведување субвенционирање на трошоци за вградување на уред за погон на ТНГ, метан или друг вид на алтернативно гориво во постоечките возила.4 новитет: Воведување субвенции за купување на нови возила, со одјава на старо возило. Со ова ќе се зголеми увозот на нови возила во однос на половните, со што значително ќе се забрза обновата на возниот парк.5 новитет: Претставува одговор на барањето на здруженијата за авто-такси превоз – воведување на жолти таблици за такси возилата, со цел да се постигне ред во такси превозот и да се спречи нелојалната конкуренција во оваа дејност преку забрана за вршење на нерегистрирана дејност.

Македонија | пред 7 години

ilija-dimovski

Димовски: Имам забеган предлог, уставните измени да има ама да важат за одреден период

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски испорача два предлога до Владата во однос на уставните измени – тие да се ограничат со рок до кога да важат, во случај да дојде до распаѓање на Европската Унија и второ, во преамбулата барем на две места да не се додаде придавката Северна.Димовски својот предлог го нарече забеган, фанатичен и романтичен, но потенцира дека е важно да се напомене дека промената на уставното име се прави заради членство во ЕУ и НАТО и дека според него ниту Владата не е среќна што предлага вакви амандмани, па оттука смета дека е добро да се прецизира до кога би важеле уставните измени.На ова премиерот Зоран Заев одговори дека целиот процес се прави за подобра и постабилна иднина на државата и на сите граѓани, не само поради членството во ЕУ и НАТО.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања