Промени тема
Контакт
Отворена сцена, музика, забава, подароци, разговори со Некст тајм, Пејчиновски, Кировски, Везилка 2
Отворена сцена, музика, забава, подароци, разговори со Некст тајм, Пејчиновски, Кировски, Везилка 2

ГЛАВНИ-ВЕСТИ

avtobus-krov

Возачот на автобусот пуштен на домашно лекување

Од Градската општа болница „8 Септември“ информираат дека возачот на автобусот кој излета од патот Скопје-Тетово и се преврте 49-годишниот М.Т. од Гостивар имал телесни повреди, но се наоѓал во стабилна здравствена состојба по што е пуштен на домашно лекување.Од МВР вчера потврдија дека истражните органи извршиле разговор со него, но се уште не се познати причините за несреќата. Од јавното обвинителство велат дека увидот е во тек и дека со соопштение ќе излезат во текот на денот.

Македонија | пред 7 години

apel-krv

Апел: Потребнa e крв од повеќето крвни групи во ГОБ „8 Септември“

Градската општа болница „8 Септември“ има ниски резерви од повеќето крвни групи.„Со цел да се превенира појава на повици за обезбедување на крв, Ве повикуваме да го направите своето дарување во ГОБ секој работен ден од 08.30 до 13.30 часот“, се вели во повикот.

Македонија | пред 7 години

mediumi14

АВМУ ги повикува радиодифузерите да ја прилагодат програмата

Поради големиот број човечки животи загубени во вчерашната трагична сообраќајна несреќа што се случи на патот Скопје – Тетово, 14 и 15 февруари се прогласени за Денови на жалост.„Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги повикува радиодифузерите да ја прилагодат програмата, така што музиката ќе биде од жанрови соодветни за денови на жалост. Воедно, емитувањето на забавните шоу програми, хумористичните емисии или играната програма од жанрот комедија да се одложи за други денови од с

Македонија | пред 7 години

nesreka-1

15 загинати од автобуската несреќа, уште едно лице почина ноќеска

Уште едно лице почина ноќеска, со што бројката на загинати од автобуската несреќа која вчера попладне се случи на автопатот Скопје – Тетово, се искачи на 15 лица.несреќата се случила кога автобус на гостиварската фирма „Дурмо турс“ со преминал преку заштитната ограда на спротивна страна од автопатот, потоа излетал од патот и се превртел во близина на селото Ласкарци.На местото на настанот загинаа 7 , а подоцна на тешките повреди им подлегнаа уште 8 патници.Во 12 часот денеска вонредна седница по

Македонија | пред 7 години

nesreka-3

(ВИДЕО) Сведоштво на еден од патниците: Многу брзо се случи се, додека се освестивме, веќе бевме превртени

Еден од повредените во вчерашната автобуска несреќа, за медиумите раскажа како се случила сообраќајката.„Многу брзо се случи се, наеднаш како да изгуби контрола автобусот, од едната лента во другата и паднавме долу, тоа траеше неколку секунди. Додека се освестиме веќе бевме превртени, во многу лоша состојба се сите. Полн беше автобусот, од работа доаѓавме, тоа е најфреквентната линија, до последно место беше полн автобусот“ сведочи повредениот во изјава за ТВ Клан.https://www.facebook.com/KlanMa

Македонија | пред 7 години

avtobus-krov

(ВИДЕО АЛСАТ) Најнова вест: Се преврте автобус нa автопатот Скопје - Тетово

Несреќа на автопатот Скопје - Тетово, кај селото Ласкарци. Гостиварски автобус полн со патници се излизгал, излетал од патот откинувајќи ги еластичните огради и се превртил на кров.https://www.facebook.com/AlsatMTelevision/videos/814386565560342/ Видео АлсатНаскоро повеќе...

Македонија | пред 7 години

DSC_0933

Владата ги прогласи 14 и 15 февруари за Денови на жалост

Владата на Република Северна Македонија одржа вонредна седница по трагичната сообраќајна несреќа што се случи на патот Скопје -Тетово во близина на село Ласкарци, на 13 февруари 2019 година.Владата ги прогласи 14 и 15 февруари за Денови на жалост, во сеќавање на нашите сограѓани кои трагично ги загубија животите.На Деновите на жалост, знамето на Република Северна Македонија ќе биде истакнато на половина копје.„Тешка ноќ. Полна со неизмерна болка и тага.Немам зборови кои можат да бидат доволна ут

Македонија | пред 7 години

nesreka-3

Во сообраќајката загина и син на пратеник од СДСМ

Во трагичната автобуска несреќа која се случи попладнево на патот од Скопје кон Тетово, загина и Јовица Трпевски кој е син на пратеникот Благојче Трпевски од редовите на СДСМ, објави порталот Нова ТВ.Во Институтот за судска медицина се идентификуваат лицата што починаа во тешката сообраќајка кај Карпалак.

Македонија | пред 7 години

nesreka-2

ОJO врши увид на местото на тешката автобуска несреќа на автопатот Скопје-Тетово

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје врши увид на лице место на тешката сообраќајна несреќа која се случи на автопатот Скопје – Тетово и во која до овој момент 13 лица го загубија животот, а повеќемина се повредени.Според првичните информации од увидот, несреќата се случила попладнево кога автобус на компанијата „Дурмо турс“ со гостиварски регистарски таблици преминал преку заштитната ограда на спротивна страна од автопатот, потоа излетал од патот и се превртел во близ

Македонија | пред 7 години

filipce

Филипче: 13 починати лица во автобуската несреќа на автопатот Скопје - Тетово

Вкупниот број на загинати е 13 лица, истакна предмалку министерот за здравство Венко Филипче.„За жал се случи тешка сообраќајна несреаќа. Веднаш по информацијата се упатив на лице место и јас и тимови од Здравствен Дом, како и од приватните институции „Неуро медика“ и „Систина“. Пациентите се транспортирааа во Скопкските болници.Во болницата 8 ми септември примени се 25 пациенти, 22 се хоспитализирани, 3 пациенти се пуштени на домашно лекување. 4 лица се во одделот за интензивна нега, 2 лица чек

Македонија | пред 7 години

taravari-1

Таравари: 5 пациенти се во кома центарот, шоферот за среќа е жив, во релативно стабилна состојба

„Шоферот за среќа е жив, во релативно стабилна состојба, се надеваме дека од него ќе добиеме информации за тоа што се случило“, истакна градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари.Таравари повтори информации кои предмалку ги даде и министерот Филипче, а тоа се дека околу 5 пациенти се во кома центарот. Од нив 2 се помлади, а тројца на средна возраст. 22 пациенти во релативно стабилна состојба. 5 пациенти се наоѓаат во клиничка болница. Врз сите се превземаат сите медицински активности“, истакна

Македонија | пред 7 години

nesreka-2

(ОБНОВЕНО)Неофицијално 6 жртви и многу повредени во несреќата на автопатот Скопје - Тетово

Шест патници загинаа во автобуската несреќа на излез од Скопје кон Тетово, според првичните неофицијални информации. Само во болницата „8 Септември“ досега се пренесени 35 повредени.Кон местото на несреќата се пуштени се сите амбулантни возила со кои располагаат државните здравствени установи, а помош понудија и приватните болници.„Примени се 35 пациенти до овој момент. Од нив 4 се мртви и еден во интензивна нега му се прави реанимација. Сите други лице се вон животна опасност“, истакна директор

Македонија | пред 7 години

nesreka-3

(ФОТО) Неофицијално две жртви и 30 тина повредени во несреќата на автопатот Скопје - Тетово

Според првичните неофицијални информации во несреќата која се случи попладнево на автопатот Скопје - Тетово, има двајца загинати и над 30 тина повредени кои со возила на брза помош се пренесуваат во болниците во Скопје. На лице место има и противпожарни екипи кои помагаат во извлекување на повредените. Болниците во Скопје се мобилизираат да ги примат повредените.Несреќата се случи во близина на месноста Карпалак на автопатот Скопје – Тетово.Министерот Венко Филипче и медицински тимови од Здравст

Македонија | пред 7 години

tabla-severna-2

(ФОТО) Добредојдовте во Република Северна Македонија

Бројни го проследија поставувањето на првата табла со новото уставно име на граничниот премин „Богородица“, каде што надлежните служби ги поставија лепенките со називот Република Северна Македонија.Називот на нашата земја е напишан на македонски и англиски јазик. Не станува збор за нова табла, туку промената е направена со налепница врз стариот натпис.Инаку новото име стапи на сила од вчера, со пристигнувањето на вербалната нота од грчкото Министерство за надворешни работи и објавувањето во Служ

Македонија | пред 7 години

mnr-logo

Конечната Спогодба влегува на сила: Доставено заедничкото писмо до Генералниот секретар на ООН

Вчера било доставено заедничкото писмо до Генералниот секретар на ООН, со кое се информира Антонио Гутереш за датумот на влегување на сила на Конечната Спогодба, со што се става крај на повеќедеценискиот билатерален спор меѓу двете земји, велат од МНР.Од таму додаваат дека Вербалните ноти до Секретаријатот на ООН, земјите-членки, земјите набљудувачи на ООН, како и сите останите меѓународни организации чија членка сме, ќе бидат испратени во најкус можен рок, тој процес е во тек.

Македонија | пред 7 години

sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ одлучи - нема предвремени парламентарни избори, ќе има само претседателски

Извршниот одбор на СДСМ одлучи да не се оди на предвремени парламентарни избори. „ Одговорна партија не мисли на предвремени парламентарни избори, дури и кога рејтингот и е повисок од оној на опозицијата.„Одиме само на претседателски избори”, велат од СДСМ.„СДСМ превзема одговорност пред граѓаните и интересите на државата. Граѓаните бараат резултати. Државотворна партија на која на прво место и се граѓаните и државата не мисли на предвремени праланетрани избори дури и кога рејтинзите се повисоки

Македонија | пред 7 години

izjava-zaev.Still027

(ВИДЕО) Новинар пред Заев го чита долгиот список на непотостички вработувања во власта

Новинарот Фуркан Салиу пред камери на Премиерот Зоран Заев му прочита дел од долгиот список на роднини на функционери од СДСМ и ДИУ кои се вработија во држани институции и претпријатија изминатиот период.Премиерот одговори дека ќе се провереле сите вработувања.

Македонија | пред 7 години

mickoski

Мицкоски до Заев: Колку и да бегаш ќе те победам на парламентарни избори

Зоран Заев и СДСМ избегаа од избори, ама од волјата на народот нема, напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил.https://www.facebook.com/MickoskiHristijan/posts/1165521796956611?__xts__[0]=68.ARBgAfVm2X80_bFvxjURozD0_bd8vweKKHSBctKP521UsdK-loHP73T85Q4VkLUPbvlf9-BFRWBmHwcYUyuD0R5w9CRWcBcZSD7nbPYQ4tf_DFZWrj5g0TMgaCCMWXHlZymZIfuphqlEVGfk09fCHxejU8DGSX99lXu5WbCEfDYzVLyrT3poc91Mjtmls5r1JI5YXjRsh-xdt6EvjlmlsqwiHEgk0jVfph81Hrg92I3sRmC28ULeIS0FDNnh5H08LP1xmDaLbElJHFTrM9-kt

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Денес ќе се постави новата табла на „Богородица“

Царинската управа денес на граничниот премин „Богородица“ кај Гевгелија ќе изврши поставување на табла со новото уставно име на државата.Вчера на сила стапи преспанскиот договор, по што Владата ја задолжи Царинската управа во рок од три дена да го промени името на таблите на граничните премини како и на двата аеродроми во земјата. 

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Костадинов: Не би го загрозиле датумот за преговори со ЕУ со предвремени парламентарни избори

СДСМ превзема одговорност пред грѓаните и интересите на државата. Државотворна партија на која на прво место и се овие интереси и не мисли на предвемени парламентарни избори дури и кога рејтингот е многу поголем од оној на опозицијата, изјави Костадин Костадинов по завршувањето на Извршниот одбор на партијата.„Веќе сме дел од НАТО, очекуваме датум за преговори со ЕУ и реализирање на потребните реформи. Одговорна партија не би ја загрозила таа шанса Не би го загрозила датумот за преговори со ЕУ с

Македонија | пред 7 години

52590202_402317733858020_1998259991462543360_n

Амди Бајрам на церемонијата за НАТО во славната бунда од 20 000 евра

Пратеникот Амди Бајрам денес на церемонијата пред Владата на сега веќе Северна Македонија се појави облечен во истата бунда која ја носеше на партискиот митинг на ВМРО ДПМНЕ во Охрид , од каде еуфорично најави дека по изборите ќе го затвори Зоран Заев во кафез и ќе му даде да јаде морков, а за  Радмила Шеќеринска рече дека спаднала на толку ниско ниво, што морала да е посматрач во Шуто Оризари.Цело време додека Амди Бајрам зборуваше на бината во Охрид, во првите редови се смееја и аплаудираа Ник

Македонија | пред 7 години

sela

Села: Размислуваме да имаме наш кандидат Албанец, бидејќи Албанците заслужуваат да гласаат за Албанец

Лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, гостувајќи во емисија на тиранската телевизија Ора њуз, рече дека „албанските партии во Македонија сериозно размислуваат за заеднички претседателски кандидат“.„Албанските гласови не треба да течат во насока кон кандидатите кои произлегуваат од македонските политички субјекти. Ние сериозно размислуваме да имаме наш кандидат Албанец, бидејќи Албанците заслужуваат да гласаат за Албанец.Се уште не се созреани условите да имаме кандидат Албанец подржа

Македонија | пред 7 години

1200px-Informal_meeting_of_ministers_for_foreign_affairs_Gymnich._Arrivals_Nikola_Dimitrov_36957321831

Димитров: Преспанскиот договор влегува во сила, нека денешниот ден биде почеток на долготрајно пријателство

Пред малку ги разменивме конечните вербални ноти: Преспанскиот договор влегува во сила, напиша на Твитер министерот за надворешни работи, Никола Димитров.– Нека денешниот ден биде почеток на долготрајно пријателство меѓу Грција и Северна Македонија. Не можеме да го смениме нашето минато, но можеме и ќе ја обликуваме нашата иднина на пријателство, партнерство и соработка, напиша Димитров на Твитер , откако Владата соопшти дека Преспанскиот договор стапи на сила.

Македонија | пред 7 години

vlada

Владата почна со менување на натписите: Називот Република Македонија не смее да го има никаде

По оддржаниот прв состанок, Меѓуресорската работна група за извршување на обврските од Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите нации, за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 година и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните, ги донесе следните одлуки во врска со потребните мерки и активности за извршување на обврските на Република Северна Македонија по влегувањето во си

Македонија | пред 7 години

b9834986-resize-820x0x100

Од денес живееме во Република Северна Македонија

„Известуваме дека од денес, 12 февруари 2019 година, влегува во сила Конечната Спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за Безбедност на Обединетите Нации, за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 година и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните, што Министерството за надворешни работи соодветно го објави  во Службен весник.Исто така, известуваме дека се исполнети условите за влегување во сила на амандманите

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања