ВО ЖИВО: Предновогодишна од фирма
Gkm-R5hydbU

градоначалник

kumanovo-gradonacalnik

Горан Стојковски-Диро, независен кандидат за градоначалник на Куманово

Куманово го доби својот прв независен кандидат за градоначалник – Горан Стојковски-Диро, кој синоќа ја објави својата кандидатура и ја претстави советничката листа на граѓанската иницијатива „Ред за Куманово“. Настанот се одржа пред градскиот часовник, кој, според него, „дваесет години стои како симбол на застојот и хаосот во кој живее градот“.Стојковски е правник и моментално работи во Секторот за урбанизам во Општина Куманово. Претходно, два мандата го водеше ЈП „Водовод“, каде дојде од приватниот сектор. Тој вели дека излегувањето на избори не е само одговор на неуспехот на политичките партии, туку и обид да се понуди нов модел на управување.„Овде сме за да поставиме нови стандарди и критериуми. Ќе се потпреме на највредниот ресурс – луѓето. Во нашиот тим има компетентни и професионални лица кои знаат и сакаат да работат за граѓаните“, порача Стојковски.Стојковски е трет официјално објавен кандидат за градоначалник на Куманово, по Максим Димитриевски од ЗНАМ и Мартин Костовски од СДСМ, но прв кој настапува како независен. Локалните избори ќе се одржат на 19 октомври, а евентуалниот втор круг на 2 ноември.

Македонија | пред 4 месеци

gradonacalnik-dui

И Скендер Реџепи ќе се „трка“ за градоначалник на Скопје!

Во трката за прв човек на Скопје влегува и Скендер Реџепи од Народното движење. Веста ја објави Али Ахмети на Фејсбук каде напиша дека Реџепи претставува не само единство на прогресивните сили на Албанците во Македонија, туку и јасна алтернатива на Скопје, град кој заслужува еднаков развој.-„Реџепи дипломирал на Филозофскиот факултет, поседува долго и докажано искуство во граѓанскиот сектор и граѓанското општество. Сега е пратеник во Собранието, каде е глас на граѓаните, бранител на нивните права и застапник на длабоките политички и социјални реформи“, пишува во објавата Ахмети.Противкандидатите на Скендер Реџепи веќе се познати, ВМРО оди со Орце Ѓорѓиевски, додека опозициската СДСМ се одлучи за Каја Шукова.За градоначалници гласаме на 19. октомври.фото: ФБ

Скопје | пред 4 месеци

bekim-sali-3199

Ако Меџити стане градоначалник на Чаир, Сали ќе го замени како вицепремиер

Во рамките на коалицијата Вреди постигнат е договор – доколку Изет Меџити победи на локалните избори и ја преземе функцијата градоначалник на Општина Чаир, неговото место како прв вицепремиер ќе го заземе Беким Сали.Како што изјави Меџити за медиумите, партнерите во коалицијата се усогласиле дека Сали, кој претходно беше министер за здравство, е најсоодветен кадар за таа позиција – со искуство, подготвеност и стручност потребна за функцијата.Во меѓувреме, премиерот Христијан Мицкоски посочи дека и покрај најавената кандидатура на Меџити за градоначалник, тој ќе продолжи со извршување на своите актуелни обврски.

Македонија | пред 4 месеци

izet-medziti

Кампања од кабинет – Меџити ќе биде и министер и кандидат за градоначалник на Чаир

Изет Меџити ќе продолжи со министерување, иако е кандидат за градоначалник на Чаир. Тој и другите кои ќе влезат во трката за локалните избори, нема да ги напуштат функциите. За премиерот Христијан Мицкоски, тоа не е ништо ново.„Секој министер има и заменик министер. Тие не поднесоа оставка, нормално е дека ќе ги извршуваат обврските во рамките на министерствата и истовремено ќе бидат кандидати. Тоа не е првпат да се случува, се случувало и во минатото“, рече Мицкоски.Прашан дали е етички и коректно, Меџити да води кампања, а да биде министер, премиерот Мицкоски рече дека политичарите не се тука да даваат морален суд.„Дали сметам дали е етички и коректно, не би дал коментар, односно ќе кажам дека не гледам зошто не би било. Се случувало и порано. Не е спротивно на закон“, рече Мицкоски.Мнозинство за измени на Изборниот законик засега нема. Според премиерот Христијан Мицкоски, измените се заглавени во Собрание.Изборите треба да се распишат оваа недела, а да се одржат во октомври.

Скопје | пред 4 месеци

mickoski-i-kostadinov

Костадинов, кој го замрзна членството во СДСМ, од срце му се заблагодари на премиерот Мицкоски за 6,5 милиони евра за Струмица

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, јавно изрази благодарност до премиерот Христијан Мицкоски и Владата за финансиската поддршка од 6,5 милиони евра наменета за проекти во неговата општина. Благодарноста ја објави на својот фејсбук профил, каде сподели и фотографија со Мицкоски, по потпишувањето на договорите за стратешки инфраструктурни инвестиции.„Денеска во Владата ги потпишавме договорите за стратешки важни проекти за нашата Струмица, со вкупна вредност од речиси 6.5 милиони евра.Продолжуваме со уредувањето на каналот Крушевска Република,Инвестираме во станбени и сервисни улици,Обезбедуваме целосна инфраструктура околу новиот градски пазар, кој ќе биде најголем во Македонија.Ова не се само проекти – ова се конкретни чекори за ново урбано лице на нашиот град. За повисок квалитет на живот, за поубава, поподготвена, похумана и поевропска Струмица.Од срце му благодарам на мојот тим за посветената работа, но и на Владата и Премиерот, кои ја препознаа нашата визија и го валоризираа трудот што го вложивме“, напиша струмичкиот градоначалник.

Македонија | пред 5 месеци

MixCollage-16-Jul-2025-08-47-AM-585

СДСМ со свој кандидат за Скопје, се разгледуваат четири имиња: Ралев и Шукова во најтесен избор

Социјалдемократскиот сојуз ќе влезе во трката за градоначалник на Скопје со свој кандидат, а официјалното име ќе биде објавено најдоцна до крајот на јули. Засега, како најсериозни опции се споменуваат Мишко Ралев и Каја Шукова, но според изјавата на претседателот на партијата, Венко Филипче, во комбинација се и уште две други личности.Филипче, гостувајќи во емисијата „Само интервју“ на Канал 5, нагласи дека не сака однапред да зборува за проценки во однос на поддршката што би ја добиле на изборите – ниту за бројот на гласови, ниту за очекувани советници и градоначалнички позиции.– Даваме максимум за да ги претставиме најквалитетните кандидати и да ја добиеме довербата на граѓаните. Важно е нашите кандидати да имаат интегритет и да покажат дека можат да работат чесно и одговорно. Скопјани ќе добијат кандидат кој ќе обединува, порача Филипче.

Скопје | пред 5 месеци

vikendici

Градоначалникот на Чучер Сандево: Едно лице побара лекарска помош поради вдишување на чад, а изгореа и неколку викендички

Пожарот што веќе трет ден беснее на подрачјето на општина Чучер Сандево предизвика сериозна материјална штета и опасни услови за жителите. Градоначалникот Сашко Комненовиќ посочува дека досега се опожарени седум викенд-куќи на местото викано Голиово, а едно лице побарало лекарска помош поради вдишување чад.Контра изјавата на директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, кој за медиумите тврдеше дека нема опожарени објекти и дека манастирот Свети Никита не бил во опасност, Комненовиќ дава сосема различни информации.„Директорот не знае што зборува. Јас сум тука трет ден, дома не сум појден, имаме седум опожарени викенд-куќи и на место викано Голиово. Манастирот Свети Никита во моментов не е во опасност. Имаме противпожарно возило кај него, имаме луѓе од граѓаните кои живеат во непосредна близина, но во текот на вчерашниот ден беше во опасна состојба, беше многу блиску пожарот до самиот манастир. Пред два часа имавме пожар во Кучевиште, го локализираме и се сомневаме дека е подметнат. За воените возила гледав и слушав од медиумите, искрено незнам како функционираат, видов неколку тука“, вели Комненовиќ.Според него, иако на терен има пожарникари, непристапниот терен ја отежнува интервенцијата.„Доброволци има на терен многу, сè што е здраво, живо и подвижно гаси. Пожарот во моментов е активен, го држиме под контрола, но како ќе се зголемуваат температурите можно е да се зголеми интензитетот на пожарот“, додаде градоначалникот.Општина Чучер Сандево веќе тридена се соочува со пожари на повеќе локации, додека жителите, пожарникарите и волонтерите вложуваат напори да спречат ширење на огнот, особено во услови на високи температури и тешко пристапни терени.

Скопје | пред 5 месеци

Perparim-Avdilji

Од липковско Лојане до градоначалник на Цирих, партијата ФДП го номинира Перпарим Авдили да го води швајцарскиот град

ФДП во Цирих ги избра трите кандидати кои ќе ги предложи за членови на Градскиот совет на претстојните избори на 4 септември. Покрај советничките кандидати Михаел Баумер и Марита Вербали, партијата го номинираше и сегашниот градски советник, како и кандидат за градоначалник, Перпарим Авдили.Комитетот го препорачува Перпарим Авдили како кандидат за претседател на градот, односно градоначалник, стои во соопштението за медиуми што го објави партијата.Во соопштението се презентираат профилите на тројцата кандидати, а посебно внимание е посветено на Авдили, кој е опишан како „човек од акција со креативен нагон“ за Градскиот совет на Цирих.„Цирих мора повторно да се позиционира како иновативна економска, културна и метропола на знаењето, живописно место полно со разновидност и напредок. За тоа е потребен посветен градоначалник кој во секојдневниот живот ќе го претвори ова ветување во реалност – со фер можности за домување, работа и развој на нашите населби“, се наведува во презентацијата.Во објавата на социјалните мрежи Авдили кој го претстави своето кандидатство, пишува:„Пораснав во Цирих, како дете на имигрантско семејство. Одев на училиште во Алтштетен и Албисриден и сè уште редовно играм фудбал со моите пријатели во населбата. Понекогаш дури и заедно ги следиме натпреварите на градскиот клуб на Лецигрунд, на кој имам мала преференција.По завршувањето на мојата комерцијална обука, ја започнав кариерата во финансискиот центар на Цирих. Денес сум финансиски директор во непрофитната организација „libs“, која се наоѓа во Северен Цирих и каде што поддржуваме 1.500 практиканти во машинската, електротехничката и металната индустрија да го развиваат својот професионален пат.Го сакам она што го работам и го сакам овој град. Имам длабоки корени тука.Но, градот е администриран на непроменлив начин со години. Без храброст. Без боја. Без душа. Сакам Цирих да продолжи да се развива, да цвета и конечно да биде перцепиран како вистинска метропола.Потребен ни е град со јасна цел, крај на администрацијата без визија што ја видовме во последните години. Ако сакаме да бидеме релевантни, мораме да бидеме видливи и чујни – космополитски, разновиден, креативен и храбар град. За ова ни треба лидерство со визија, емпатија и ентузијазам“, напиша Авдили.

Македонија | пред 5 месеци

kostadinov-strumica

„Народе мој, време е!“ Струмичкиот градоначалник најави кампања 365 дена со луѓето

Актуелниот струмички градоначалник, Костадин Костадинов кој го „замрзна“ неговото членство во СДСМ откако лидерот Венко Филипче не го кандидираше за уште еден мандат најави кампања со луѓето која, како што пишува на ФБ, ќе трае 365 дена.Од следната недела започнувам народна кампања – 365 дена со вас.365 дена со луѓето!Не кампања на зборови, туку на дела.Не кампања на ветувања, туку на покажување.До сега бев секој ден, секој час со вас – на улиците, во селата, на пазарот, во дворовите, во училиштата, на градилиштата.Но сега е време да ви го презентирам сето она што чесно, посветено и со љубов го имам сработено.Јас и мојот тим – 365 дена со народот.Нема фотелји, нема привилегии – само служба, чесност и резултати.Ова не е почеток на политичка кампања.Ова е продолжение на животната мисија: да се служи на народот со срце, ум и одговорност.Ќе бидеме таму каде што сме секогаш – меѓу народот.Ваш,Коста Костадинов

Македонија | пред 5 месеци

martin-ko

Костовски: Димитриевски бил тројански коњ и уценет играч на власта

Кандидатот на СДСМ за градоначалник на Куманово, Мартин Костовски, со свој став по вчерашното отвфрлање на обвинението против Максим Димитриевски. Вели дека актуелниот прв човек на Куманово не само што бил тројански коњ за раскол во партијата, туку бил и уценет играч на власта.„Пет дена пред завршните зборови – обвинението против Максим Димитриевски исчезна. Готово, не важи, исчезнале доказите.Борецот за правда “коректорот” Димитриевски конечно се избори за правда, ама борбата била да ја закопа правдата и да не одговара.Ова е црн ден за правдата и обвинителството, но и ден кој фрли светлина на вистината за политичкото делување на Димитриевски.Димитриевски не само што бил тројански коњ за поделба на СДСМ, туку очигледно бил и уценет со кривично дело за кое морал да одработува. Овој правен преседан само потврдува дека со оваа власт на Мицкоски и неговиот пион Димитриевски правда нема да има. Ќе има правда за оние кои тие сакаат да има, за нив и нивните не.Затоа Димитриевски всушност бил комотен во криминалот, затоа што бил и заштитен и уценет. Затоа веројатно се заканува со тужби кога се откриваат неговите криминални продажби на земјиште и станови.Кумановци веќе го препознаа лажното лице на Димитриевски. Зад празната реторика и чукањето во гради нема ништо друго освен лични интереси и уништување на системот. Системот кој ветија дека ќе го менуваат самите го уништуваат.И за ова, сметката ќе дојде на избори“, вели тој.

Македонија | пред 5 месеци

kostadinov

Струмичкиот градоначалник ќе делува во или надвор од СДСМ: Костадинов најави нова стратегија по завршување на локалните избори

Актуелниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов, кој синоќа го замрзна челнството во СДСМ, откако лидерот Филипче не му додели повторна кандидатура, уште еднаш се огласи на ФБ занеговите следни чекори и најави поинаква политичка стратегија:-Свесен за тешката состојба во која се наоѓа мојата партија, од безидејноста, сакам да помогнам за жал нема како… Во следните месеци, ќе започнам со креирање на ново интерпартиско делување, кое ќе биде презентирано по завршувањето на локалните избори. Целосно прецизна стратегија, доволно мотивирачка за да обедини авторитети што ѝ недостигаат на СДСМ, тешки за да бидат непривлечни за политичките авантуристи, и доволно забавни за да се пронајдат младите… Мојата стратешко политичка одлука за делување во СДСМ или можеби надвор од СДСМ ќе биде јавно кажана во два дела. Првата ќе биде септември, конечната по завршување на овие локални избори. До тогаш посакувам среќа да се победи во барем една општина“

Македонија | пред 5 месеци

25102024-Perinski

Ако не ги бива, ќе ги разрешуваме на референдум - новоизбраните градоначалници нема да бидат недопирливи

Новоизбраните градоначалници нема да бидат недопирливи, ако се остварат предвидувањата на министерот за локална самоуправа, Златко Перински, за носење на измените на Законот до летово.Ретроградно не може да важи, па така, сите од актуелниов мандат се спасени. Според овој предлог закон, доколку некој од градоначалниците не си ја заврши работата како што треба, граѓаните ќе можат да го разрешат на референдум.„Навистина станува збор за едно системско решение, системски закон за којшто беше неопходно да имаме навистина широка јавна дебата за да ги слушнеме мислењата од сите чинители и навистина тоа и го направивме. Некаде после 30 март веќе ќе биде оперативен законот во насока на тоа предлог-измени да се валидизираат од релевантните институции, така што јас очекувам некаде до летото да се заврши целиот процес. И нам ни е важно новите градоначалници, практично новите кандидати да бидат избрани согласно новиот Закон за локална самоуправа, така што отприлика очекуваме некаде до летото да ја завршиме целата постапка“, рече министерот за локална самоуправа.

Македонија | пред 10 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања