Мигранти, враќање на Груевски, тендери, контроверзии, Влада! „Претрес“ на министерот Андоновски
4AU6H_PQ96M

груевски

275180188_702022164305716_6556894355017446137_n

Спомениците на неуспехот на СДСМ: Груевски наброи 70 проекти и одлуки на претходната влада кои оваа власт ги заборави и погази!

Поранешниот премиер Никола Груевски на социјалните мрежи објави статус со наслов „Спомениците на неуспехот на СДСМ по 6 години власт“, во кој има листа на 70 проекти кои како што вели биле почнати или доведени при крај од претходната власт.„Ова е листа од 70 точки со проекти почнати или доведени при крај од претходната власт или одлуки, постапувања или не постапувања; Некои беа систематски секоја година. Еден мал дел се подготвени како проекти и доведени во состојба пред почеток на градба а оваа власт ги заборави.Ги има уште многу.Листата продолжете ја Вие.1. Клинички центар-Скопје;2. Клиничка болница - Штип;3. Прекината програмата за финасиска подршка за трето дете (драстичен пад на демографијата од тој момент од 24.300 во 2010 на 18.650 во 2021 година новородени деца годишно и од 3.340 новородени трето дете во 2010 на 1.800 новородено трето дете во 2021 година);4. Прекин на програмата и создадениот систем за континуирана набавка на голем број апарати за здравството секоја година;5. Сменето името на државата со сменет устав, променет идентитет на македонците, името на нацијата и јазикот, откажување од историјата со потпишан меѓународен договор;6. Системот со кој секоја година се реновираа голем број бoлинци и медицински установи се прекина;7. Програмата за континуирана тренинг и едукација на 1000 лекари и медицински персонал годишно во најдобрите клиники во странство беше прекината веднаш;8. Доверба на граѓаните во судството 4% и доверба на граѓаните во обвинителството 3%;9. Стотици прогонувани лица неистомисленици заради политички цели;10. Растурен системот и тимот за привлекување странски директни инвестиции, нови фабрики и компании со нов капитал, технологии и вработувања. За да се признае туѓата вредност, треба да се има и сопствена(Артур Шопенхауер);11. Стопирана градбата на ТИРЗ-ови и индустриски зони: 1.Куманово-Кр.Паланка-Кратово, 2.Берово, 3. Делчево, 4. Маврово-Ростуше, 5. Радовиш, 6. Виница, 7. Гевгелија, 8.Индустриската зона Кисел-Охрид, 9.. ИТ зоната во ТИРЗ Скопје 2, 10. Индустриската зона во Кратово;12. Корупцијата од 62. на 110. место во светот, најниско одкако постои државата според Transparency International;13. Направени огромни финасиски штети со кои државата во иднина ќе плаќа огромни парични обештетување во износ над 1,5 милијарди евра во проекти како ОКТА, Клинички центар, Фени, Иловица, Казандол и други;14. Прекинат проектот “купи куќа за млади до 35 години” и проектот “Купи куќа, купи стан” со кој од буџетот се подржуваа илјадници лица годишно кои неможат сами да соберат пари за куќа или стан;15. Автопат Кичево-Охрид;16. Експресен пат (4 ленти) Градско-Прилеп17. Експресен пат Ранковце - Крива Паланка;18. Експресен пат Штип-Кочани(само делумно завршен);19. Автопат Скопје-Блаце 14 км. Ни 2 км не можат да ги завршат;20. Пругата кон Бугарија;21. Скопје - Сопиште, преку Водно (целосно готов од јуни/јули 2017);22. Гасификација на Штип и Св. Николе нема иако е изграден гасовод пред 2017 година;23. Гасификација на Кавадарци, Неготино и Радовиш нема иако е изграден гасовод пред 2017 година;24. Незавршен гасовод и нема гасификација на трасата Скопје-Тетово-Гостивар;25. Незавршен гасовод и нема гасификација на трасата Неготино-Прилеп-Битола;26. 6 години неможат да изберат надзор за градба на гасовод киј Грција кој би ни отворил повеќе извори на гас;27. Нема гасификација на Скопје, Куманово и Крива Паланка, ниту источна и западна Македонија во целина;28. Нема втора и трета фаза на градба на примарен гасовод во кој би влегле Велес, Охрид, Струга, Струмица, Валандово, Гевгелија, Демир Капија, Демир Хисар, Крушево, Кочани, Берово, Делчево, Пехчево.;29. Објект на факултетот за информатика ФИНКИ кај ТЦ Мавровка;30. Објект на факултетот за физичка култура кај ТЦ Мавровка;31. Радиодифузна кула на Водно;32. Објектите на офицерски дом и објектот во градба до него, на плоштад Македонија во Скопје и објект на хотел помеѓу ресторантот Пелистер и Сити Галери (стопирани со политички мотивирани акции кон приватниот инвститор);33. Полуразрушен ресторант на објект со налик на брод во р.Вардар во Скопје (политички мотиви) Човекот кој не може да создава, сака да уништува (Ерик Фром);34. Прекината и на пола застаната промена на фасада на објектот на ЕВН/ЕЛЕМ и објектот Пелагонија во близина на плоштад Макеоднија;35. Недовршен објект на плоштад Пресвета Богородица во Скопје во кој требаше да се сместат преку 10 државни институции кои во моментот плаќаат кирија или се во руинирани бараки. Проектот е над 90% готов од 2017 година);36. Споменик(споменична композиција) на Мајка Тереза со фонтана на плоштад Макеоднија;37. Недоизградени мост во општина Аеродром кој се градел без да се изврши претходноекспропријација на куќите на кои мостот излегува;38. Катна гаража кај “Нова Македонија”Скопје;39. Плаошник Св.Климентов универзитет;библиотека и факултет за богословие-Охрид;40. Објект на базентот во Охрид;41. Објект на театарот во Охрид, Прилеп и Театар Комедија во Скопје;42. Катна гаража Охрид;43. Нефункционалност на проектот “бесплатни учебници” за секое дете воведен во 2009 година;44. Стопирање со не обнова на проектот “компјутер пред секое дете”. Нема системско опремување на компјутерски кабинети, нема ваучери за бесплатни таблет компјутери за студентите, зaпpe проектот за целосна компјутерска поврзаност на сите државни институции(интероперабилност) кој значајно ќе го нaмaлeше или eлиминиpaшe одењето по шалтери од страна на граѓаните;45. Прекин на проектот “екстерно тестирање во училиштата” и не замена со друг подобар;46. Обнова со нов објект на студентскиот дом “Медицинар”. (Оставен готов проект за градба и обезбедени пари);47. Црква Св. Константин и Елена ул. Македонија - Скопје;48. Објект на Универзална Сала во Скопје или нејзино реновирање со проширување (оставени проекти за двете опции);49. Објект на Турски театар во Скопје;50. Незавршена изградбата на Струмичкиот театар;51. Земени пари од светската банка за воведување пропорционален данок(погрешен чекор е неговото воведување), не воведен а парите потрошени за други цели. Како резултат на тоа светската банка не одобрува нови проекти додека не инсе вратат парите;52. Незавршена брана “Оризарска река” кај Кочани, Брана “Конско” кај Гевгелија и уште неколку други брани и проекти за наводнување и водоснабдување;53. Прекината градба на објект на народната банка, веднаш до МОБ и до МНР. Почната градба пред 9-10 години;54. Не отворен рудникот за јаглен “Суводол” -Битола и ист таков во Пехчево и не сменети котлите во ТЕЦ Битола и еколошка модернизација во ТЕЦ Неготино заради здравствено-еколошки причини;55. Водоводот “Патишка река” за 12 населени места во Сопиште запрен како и десетици други водоводи и канализациски мрежи;56. Запрена градбата на 100 мултифункционални игралишта и 120 тениски игралишта. Недовршени дел од спортските сали од проектот за 135 спортски сали. Спортската сала со 1500 седишта за гледачи во склоп на универзитетот Св. “Кирил и Методиј” веќе шест години завршена стои заклучена. Запре проектот за нова сала за гимнастока, затворена сала за тенис, сали за боречки спортови и отворен базен во СЦ Борис Трајковски. Запре и проектот за тениски терен на отворено со поголем број публика за големи натпревари;57. Запрен проектот за карго аеродром меѓу Св. Николе и Штип кој за 7 години од сега преку проширување требаше да стане главен аеродром во Македонија, во регион каде маглата е многу ретка.58. Запреа континуираните кампањи во меѓународни медиуми за привлекување инвеститори и туристи;59. Запре или силно зaбaви проектот за изградба на нови патарини со кои ќе се елиминираа кражбите преку автоматизација;60. Нема ,Ден на дрвото,, секоја година и масовно садење по илјадници садници дрва од илјадници граѓани;61. Нема веќе набавка на нови лабаратории за универзитетите, научните институции и државните установи. Нема превод на стручни и научни книги и учебници на кои се учи на врвните 10 Универзитети во светот, како што ние преведовме над 1000 книги, а стипендиите за бесплатно студирање на топ 200 универзитети се сведени на стипендии за роднини, пријатели и сопартијци; Нема подршка на големи и капитални едиции на книги како што беа “Ѕвездите на светската книжевност”, “Светско книжевно богаство”и повеќе други едиции;62. Запрен проектот за градба на нови coциjaлни згради, згради за млади брачни парови, згради за деца бeз родители, вработувања на деца бeз родители во државната администрација;63. Зaпpe втората фаза на набавка на нови патнички и транспортни возови на македонски железници;64. Запре втората фаза на градбата на жичарата во Скопје;65. Нема нов објект на Драмскиот театар во Скопје. Беше изработен проект и склучен договор за градба;66. Набавката на поголем број нови возила на Брза пoмoш, пoжapна и градски автобуси со помош на владата стана далечно минато;67. Системот со кој владата воспостави пракса да дава даночни и други поволности за отворање на нови работни места во приватниот сектор не постои;68. Нема веќе систем за раст на пензиите помеѓу 5 до 10 осто годишно над стапката на инфлацијата/цените. Повремено растат но помалку од растот на цените; Нема ни бесплатен престој на пензионери на бања и многу слични проекти.69. Нема веќе систематско градење на градинки секоја година по утврдена програма од страна на владата. Инцидентно по некоја. Нема веќе систематско реновирање и градење на училишта секоја година по утврдена програма од страна на владата;70. Македонија веќе не е суверена држава, туку неформален/неофицијален протекторат. Други ги носат најважните одлуки за државата во уставна надлежност на владата и парламентот. Политичарите на власт исполнуваат обврски првенствено кон други, не кон својот народ. Тие се горди и јавно се фалат кога ќе добијат инструкција нешто да направат или да не направат од други, не од народот. Од други првенствено чекаат да ги задржат или донесат на власт. Потоа народот. Народот од други чека спас, правда, реформи, подобар живот и напредок. Кај други се жали, наместо кај институциите на системот. Судиите и обвинителите само формално се одговорни пред судскиот и обвинителскиот совет. Неформално кон извршната власт и оние кај кои извршната власт и политичарите одат по сопственото мислење. СДСМ не ја создаде само “Северна”, туку и една комплетно “нова” Македонија;Тука ќе запрам. Знам дека има уште.Листата продолжете ја Вие…“, вели Груевски.

Коментари | пред 2 години

gruevski-boshkovski-2

Бошкоски му одговори на Груевски: Тој е човечка кукавица, јас машки издржав

Претседателот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, му одговори на експремиерот Никола Груевски, кој на „Фејсбук излезе со коментар за ослободителната пресуда.Бошкоски во објавата вели дека Груевски е човечка кукавица, кој само неколку дена пред бегството зборуваше дека е подготвен да робува за својот народ, за својата Македонија затоа што е невин, а го остави најсветото.„Кукавичкото јајце во вид на бот 🥚Вчера, македонската јавност беше сведок на ослоботителна пресуда, која ја добив во процесот „Кампања“. Пресуда на која претходеше меѓународна пресуда од Судот за човекови права од Стразбур.Пресудата од Старзбур и пресудата од македонскиот суд потврдија дека е повредено моето право и дека цели пет години, како и во другите судски процеси што се водеа против мене, невин лежев во затвор. Не сум изненаден каква човечка кукавица е бегалецот од Будимпешта, кој само неколку дена пред бегството зборуваше дека е подготвен да робува за својот народ, за својата Македонија затоа што е невин, го остави најсветото.Тој лажно се декларира дека е #ВМРО, а највисоката вредност во народните демохристијански и конзервативни партии е семејството. Тој, прво, си што напушти своето тричлено семејство, својата мајка, и на крајот, како што и тој вели, најсветото - Македонија. Оставајќи тука кукавичино гнездо, кукавичините јајца во вид на ботови, кои и под овој мој текст ќе ги пишуваат недоличните фрази „треба да се убие“, „предавник“, „сестра Љубе“ итн.Јас, за разлика од бегалецот, исправен пред правдата ги издржав невин единаесетте години за моето семејство, кое ми е најсвето и за мојата највозвишена цел - Македонија.Ќе ја прашам будимпештанската кукавица и бегалец: „Од која позиција во разговорите со министерот за надворешни работи и со братучед му, еден од најпознатите балкански и европски криминалци, договараат буквална промена на името Македонија. Па зборуваат... па прашува кукавицата од Будимпешта: Дали сакате, што мислите вие, дали да биде горна, северна, јужна Република Македонија (Скопје)... повторувам, зборувам за кукавицата од позиција на премиер.Во тоа исто време јас во кафеански муабети му објаснувам на еден мој пријател, кој ми должи пари, кои сум му ги дал за адвокати, кои се позициите на Обединети за Македонија. Тоа што му го кажувам може бегалецот да го види во едно од трите снимени видеа, кои јавно се прикажуваа во судницата во Скопје, во Кривичниот суд, како јас му зборувам дека имам интервју во „Дневник“ и го кажувам официјалниот став, кој беше пред 11 години, додека робував, а и денес - тоа е национална хармонизирана позиција.Од моите претседателски избори во 2009 година, ова е мој личен став цели 14, но и официјален став на политичката партија Обединети за Македонија. Да го прашам квазипатриотот, кој ги остави на бришан простор и партијата и народот, на кој сега се повикува и семејството, дали знае што е национална хармозирана позиција?Уште еднаш нему и на ботовите да им кажам дека тоа значи: Сите политички партии, дали се парламентарни или вонпарламентарни, без разлика на нивната големина, да седнат на заедничка маса и да договорат ако е услов на светото име Македонија да се додаде некаква придавка, а да нема победници или поразени, да нема триумфализми, ако сакаме влез во НАТО, да одлучиме - или ќе ја додадеме именката и влез во НАТО и ЕУ или ќе останеме без НАТО и ЕУ, спремни да јадеме корења, но да не дозволиме придавка.Ние и на сите говори, па и на овој во Универзалната сала, кажавме дека не го даваме уставното име. И гледај... чудо. Во неговото вчерашно обраќање на неговата страница кукавицата додал и доказ, а тоа е двеминутен кафеански муабет со мојот пријател, без да се наврати и да го изгледа тоа што го изгледа целата јавност во судницата во овој двегодишен обновен процес во случајот „Кампања“.Кукавицо, иако не сум те сметал за соговорник и сум те игнорирал во целиот мој живот (нити си ми бил подобен за разговор нити во мојата целата политичка кариера и во времето кога заедно бевме во Владата и после тоа и денес), ова мое обраќање го правам за оние ботовите што ќе пишуваат и ќе го величат човекот што си ги напушти семејството, Македонија, ВМРО и демохристијанските и конзервативните вредности, скриен со украдените милиони кај најголемиот русофил, со неплатените милионски сметки, оставајќи ја партијата што сите ние ја создававме (ВМРО-ДПМНЕ) на милост и немилост.Ти ли се најде, Бруте, да зборуваш на грбот на својата фамилија и својот народ?“, рече Бошкоски.Претходно, Груевски на „Фејсбук“ иронично напиша дека со пресудата на Бошкоски дополнително и значајно „ќе порасне довербата во македонското судство како целосно независно и неконтролирано од власта“.

Коментари | пред 2 години

grujo-1

Груевски за изјавата на Кацарска дека не постои судија што осудил без докази: Еве јас ќе и најдам – кога е сама дома нека се погледне во огледало

Еден пријател денес ми прати изјава на актуелниот претседател на Уставен Суд- Добрила Кацарска, судијка која порано судеше и прогласуваше виновни во случаи на СЈО без докази само на основ на т.н. снимки, или попрецизно нелегално прибавени копии не според и со оргиналот аудио матерјали, вели во својата објава поранешниот премиер Никола Груевски.„Ја читам нејзината изјава и се прашувам на кои дроги е жената?Затоа што нормален и при здрав разум човек на нејзино место не би одбрусил вакво нешто.Зошто?Па самата таа донесе осудителни пресуди во предметот “Тенк” само на база на т.н. снимки и тоа не оргинални туку копија на нелегално прибавени снимки, кои таа одби да ги спореди со оргиналот.Еве што направи жената брзајќи да не осуди и да ја добие ветената награда да стане претседател на уставен суд…Ги испита сите сведоци предложени и од СЈО и од одбраната. Сите до еден сведочеа во наша полза а најважно е што членовите на комисијата за јавни набавки кои ја спровеле набавката и ги подготвиле сите документи јасно кажаа дека никој не им извршил никаков притисок ниту им се вмешал во било која фаза од работата. Никој!Ни шефот за одеелот за набавки Ѓоко Поповски на кој таа му даде 9 години затвор и кој ни крив, ни должен ја одлежува казната.Ниту поранешниот министерот на МВР Гордана Јанкуловска за која нема ни снимки со било кој од МВР на темата, ни сведоштво, ни било каков потпишан од неа документ во врска со набавката, ниту пак имала комуникација со шефот за јавни набавки по тоа прашање, што и самиот тој го потврди.Против мене исто така немаше ниту еден матерјален доказ, потписи или слично, ниту еден сведок или обвинет не ме посочи дека сум влијаел на било кој начин, и се се сведе за сите нас тројцата само на база на 2-3 нелегално прибавени снимки кои видовме во случајот со Мартин Нешковски како Заев си ги крател и моделирал, како што и самиот јавно призна дека демек биле многу долги па ги подскатрил.Како да збориме за кастрење лозје а не “снимки” со кои некого го прогласуваат виновен и го ставаат во затвор.Единствено нешто со кое сите тројца не осуди со затворски казни беа токму тие “снимки” кои СЈО ги примило по истекот на рокот од Законот за приватност, кои се копии не споредени со оргиналот, при што економскиот вештак што самото СЈО го одбрал кажа дека колата се набавила по регуларни цени и нема никаков екстра профит за фирмата.Во овој случај немаше ни обвинение за корупција, туку за влијание, демек сум влијаел да се купи Мерцедес, оти повеќе сум сакал да ме возат во такви возило отколку Ауди или БМВ и со тоа што неколку пати ме возеле баш во таа кола а не во некоја друга службена, сум остварил корист. Тешки глупости. Кога раскажувам на луѓе тука каде сум, не им се верува дека такво нешто е можно!Вистинската причина за тоа лудило беше дека проценија дека тој предмет може најбрзо да се заврши и пред финалното гласање за уставот за името да не сум на слобода, а и генерално што побрзо да ме предадат на “екипата” од Диво Насеље која ме чекаше во истиот затвор Скопје. Токму затоа Кацарска држеше по 3-4 рочишта неделно од 10 до 22 часот а и во другите работни денови ни набиваа судења за други предмети за да немаме никакво време за анализа и подготовка за следниот ден.Затоа велам на кој дроги е жената и дали нема барем малку образ кога јавно лаже?Но, не е само во овој предмет така. Не со индиции а без докази, уште повеќе со претпоставки судеа и сеуште судат. ЛИЧНИ ПРЕТОСТАВКИ!!!На пример првостепениот суд за случајот “Протести пред општина Центар” мене и Миле Јанкиески не прогласи виновни само за еден телефонски разговор кој не е поврзан со настанот пред општината, кој ние не го организиравме и плус од предложените три сведока од моја страна односно од страна на одбраната, недозволи ниту еден сведок да сведочи.Одиш на суд, те прашуваат бидејки кора да те прашаат дали имаш сведоци, викаш имам три сведоци. Не триесет или триста. Само три! Сослушување на тие три е 30 минути.Судијата вика “не дозволувам да сведочат” бидејќи за еден од нив знаеше дека ќе каже дека тој јавно повикал на протести а не ние! Значи човекот што повикал јавно да има протести, во случајот Владиката Агатанѓел ќе посведочеше дека тој јавно преку медиумите повикал без наш притисок или барање. И ако го приема за сведок, немаше да можат ни претпоставки да смислат.Додатно, прогласија за виновни осумина од толпата за кои има снимка дека само биле присутни меѓу народот, толпа од околу 600-700 лица, но нема за нив снимка или било каков доказ, ниту обвинение дека некого удриле или нешто скршиле.И тие кажаа таму во судот дека го чуле повикот на владиката и дошле на протест. Никој пд партијата не го викнал. Се чудеа зошто се на суд.Сведоци против мене боновој случај беа сите советници на СДСМ во општината чии главен и единствен аргумент беше дека не ме виделе таму но го чуствувале мојот дух!?Да не одам предмет по предмет во детали, само ќе нафрлам.Во пеедметот “Плацеви Водно” ме обвинија дека сум земал партиски пари и ниту еден доказ не покажаа за тоа. Ниту еден, ни сведок, ми ништо. Преставник на партијата дојде и кажа дека немаат таква информација дека сум земал партиски пари.На крај се испостави дека плацот не е купен со пари во готовина, туку странска фирма го купила од пари од редовно работење во кое нема ниту еден Македонец и платила со банкарски трансакции, Парите и доаѓале од редовно работење. Нема потпис, нема мое или на поврзано лице потпис или банкарски трасакции, немаше никаков матерјален доказ.Ниту еден сведок не ме посочи мене лично дека нешто сум побарал од него или сум дал или земал пари. Се беше рекла-казала од типот “јас си помислив дека можеби е вака или така”, “некој ми рече дека е за него” и сл.Со закана, притисок, притвори и понуда за многу благи казни издејствуваа обвинети да признаат вина и нешто да кажат против мене, но тоа кога обвинет говори против тебе во ниту еден суд во светот неможе да е доказ бидејќи обвинетиот за да се спаси може што сакаат да каже и затоа се ценат само сведоштвата на сведоците иско и врз нив се вршат огромни притисоци.Во ТНТ кој доказ имаше за првостепено да ме осудат девет години ? Ни потпис, ни документ, ни матерјален доказ, ни сведок ништо!Само неколку нелегално прибавени и копии од снимки не споредени со оргиналот кои не се ни вештачеа за да се утврди нивна целовитост, веродостојност, автентичност…Во Талир 2 за штабовите, таму нема ни сведок, ни потпис, ни одлука, ни снимка против мене, ни против другиот обвинет!Има само бујна фантазија на обвинителот кој чека унапредување или некаква друга награда од власта.Во Титаник и (Талир 1)освен што нема матерјални докази и сведоци против мене, нема ни снимки поврзани со предметот на обвинение и пуштаа незаконски прибавени копии од снимки кои никогаш не беа вештачени, од кој произлегува некако наводен разговор за тоа кој пратеник од Тетово да се предложи на листа. На прашање што има врска тоа со финасирање на партијата, одговорот беше дека од снимаката се гледа дека сум имал големо влијание во партијата при избор на пратеник, што значи (пак претпоставка) дека сум имал влијание на се, па и на паричните трансакции.Кој суд во светот суди вака?Затоа ги употребуваме изразите како класичен политички прогон, хајка и слично.Е сега, не само што го прават ова, другите судии барем јавно си молчат, некои од нив знаат дека се кабаетлии, па праќаат абери по луѓе дека биле под притисок и немале избор, но Добрила Кацарска оди по емисии, држи говори пред медиуми и уште и ги строи другите уставни судии, а овие и молчат бидејќи не биле присутни во сидницата кога судска па незнаат, дека немало судија на свет, или како што вели: “најдете ми еден судија на свет, кој осудил без докази, кој се базирал само на прислушкувани разговори”?Па еве јас ќе и најдам: “кога е сама дома нека се погледне во огледало, нека се сети што правела и нека го исплука огледалото. Малку ќе и олесни.А плус тоа не е кривично дело!П.С. Нема да се изненадам ако во некоја следна прилика на колегите им каже: ”најдете ми судија во светот кој со обезбедени законски прибавени видео снимки на кои јасно и недвосмилено се гледа како обвинетиот бара поткуп за него и има сведок кој е самата жртва од кој се барал поткупот, може да ослободи некој, па макар бил премиер”“, се вели во објавата.

Коментари | пред 2 години

ljube-boskovski-gruevski

Груевски по пресудата за Бошковски: Тоа е покажување на “среден прст” на сите оние кои се спротиставуваа на промената на името по грчки терк

Честитки за денешната судска пресуда во која Љубе Бошковски е прогласен за невин, со што мислам дека дополнително и значајно ќе “порасне” довербата во македонското судство како “целосно независно и неконтролирано од власта”, вели поранешниот премиер Никола Груевски.„Се надевам и на искрени честитки од преставниците на меѓународната заедница за напредокот во независното судство и генерално напредокот на Македонија.Инаку главниот доказ во овој случај што обвинителот го приложил е видео снимка која е законски прибавена со одлука на обвинител и судија, што значи дека е полноправна пред судот.Краток сегмент од снимката од околу две минути можете да видите подолу и да се уверите дека “никакви” пари за кампања не биле дадени и тоа од преставник на Грција чии услов бил “жртвата” Љубе Бошковски одкако ќе победи на изборите во 2011 година (настанот е пред тогашните избори) да го смени името на државата, а во истата кажува, а подоцна во коалиција со СДСМ и докажа дека нема да има проблем придавката “Северна”.Да бидеме искрени и без иронија, после ослободувањето на Заев и прогласување невин со иста ваква снимка законски прибавена со одлука на обвинител и судија и тоа за барање мито за него лично, оваа одлука и не е баш преголемо изненадување.Мислам дека овие две законски прибавени снимки и двете невини “жртви” ќе влезат во антологијата на македонското судство, еден ден ќе станат и дел од учебниците во некоја земја.Во исто време веќе шест години тече прогонот по судовите на нивните политички противници, на онаа структура која се бореше и ризикуваше со цел да не се прифатат оние услови кои ги бараше Грција, каде критериумите на обвинителството и судот се многу различни.Тоа не е само казна за нас, туку и покажување на “среден прст” на сите оние кои се спротиставуваа на промената на името, историјата и идентитетот по грчки терк, а уште еден таков чин се подготвува да се случи во следната година, најверојатно по следните парламентарни избори, во изведба на некои други “Љубевци” и “Заевци”“, стои во објавата.

Коментари | пред 2 години

Nikola-Gruevski-so-lav-VMRO

Тоа што народот пак си го бара Груевски назад е безизлезната состојба на хаос и грабеж во која СДСМ 7 години ја турка Македонија, вели Јоци

Тоа што народот пак си го бара Никола Груевски назад, кој веројатно наскоро ќе биде аболиран, е безизлезната и безнадежна состојба на хаос и грабеж, во која СДСМ, 7 години ја турка Македонија, вели во својата објава на Фејсбук Јорданка Ивановска Јоци.„Газење на достоинството и национални трауми од кои никогаш нема да оздрави земјава. Економски и енергетски колапс, корупција и општонароден грабеж, речиси идентични како претходно.Токму затоа го бараат. По теркот на онаа мисла на Љубчо – крадевме, ама имаше за народот“, додава Јоци.

Коментари | пред 2 години

d_sos20151120017-e1542306005905-1024x578

Груевски: Не случајно владата што ја предводев не постигна договор со Бугарија, ниту прифати „заедничка историја“ и заеднички чествувања

Од секогаш сум тврдел дека македонското прашање може да се затвори само тогаш кога ќе е во корист на Македонија и на македонскиот народ и само тоа ќе донесе траен мир и стабилност на Балканот, наспроти аспирациите на некои соседи. И се додека тоа не се случи, не само што ќе стои отворено, туку ќе предизвикува многу меѓудржавни проблеми, инциденти меѓу сензибилизираното население и многу други непосакувани ситуации, вели поранешниот премиер Никола Груевски.„Неслучајно, колку и да го посакувавме тоа за да немаме пречки на патот кон ЕУ, долго време владата која ја предводев не постигна договор со Република Бугарија за текстот на договорот за пријателство ниту пак прифати заеднички чествувања кои и тогаш ни ги бараа.Намерите и стапиците беа така очигледни што секој што барем малку разбира политика и историја можеше да ги види. Уште повеќе кога како и секоја сериозна влада ќе извршеше консултации со научните работници од сверата на историјата.Актуелната власт лекоумно и брзоплето влезе во авантира на потпишување на договорот со Бугарија за само два месеци по нивното доаѓање на власт. Последиците ги гледаме денес и допрва ќе ги гледаме. Тогаш важно беше да се покаже некаков наводен брз успех и да се каже дека ние сме биле виновни за се, а не бил проблемот кај Бугарија и нивните несоодветни барања и условувања.Владата која ја предводев се спротистави на вметнување на фразата “заедничка историја”. Беше јасно дека имајќи ја силата на членка на ЕУ, Бугарија тоа ќе го користи македонската историја да се прикаже за бугарска а македонските револуционери за бугарски и тоа ние да го прифатиме. Од тој договор произлегуваат денешните проблеми и новите барања и условувања на соседна Бугарија со промена на уставот, чествувањата итн, од кој пак произлегуваат непосакувани инциденти, негативна енергија и дополнителни влошувања на меѓудржавните односи.Кога прашањето за овој дговор и неговиот текст кој веќе беше испратен на гласање во парламентот го дискутиравме на седница на извршниот комитет во партијата, се сеќавам дека таму кажав дека најголем (иако не и единствен) проблем во договорот е заедничката историска комисија, бидејќи нашите сили се асиметрични имајќи во предвид дека тие се, а ние не сме членка на ЕУ а сакаме да бидеме, и дека таа комисија ќе се претвори во клучен инквизаторски инструмент за уцена со наводен научен параван кој нема да има никаква врска со историската наука туку ќе биде политички инструмент на нашиот источен сосед за остварување на своите вековни цели, македнската историја, јазик, идентитет и нација да добијат бугарски карактер.Професорот по историја д-р Никола Жежов дава многу јасен, концизен, конкретен и прецизен приказ на ова прашање, и ова кратко интервју од околу 25 минути вреди да се погледне. Патем, по информацијата добиена по неофицијални канали, тој е прв на листата од тројца Македонски професори – историчари на неформалниот список добиен во македонската влада по смената на власта и потпишувањето на договорот во 2017 година од страна на Бугарија со барање: “ставете кого сакате во македонскиот дел од историската комисија, само не овие тројца историчари”.Најинтересно е што СДСМ дури и во овој состав потпишувањето на тој договор со Бугарија, како и со подеднакво катастрофалниот договор кој всушност исто така беше класична капитулација со Република Грција ги смета за огромен и неверојатен нивен успех, а нас од тоа време сеуште не портретираат како некакви кочничари на добрососедските односи и кон членството во НАТО и ЕУ.За крај два цитати од ова интервју на професорот Никола Жежов:“Гоце Делчев немал никакви допирни точки во поглед на бугарската историја. Јас немам ништо против ако тие сакаат и сметаат како бугарски народ дека треба да си го празнуваат, нека си го празнуваат во Република Бугарија и нека и објаснуваат на нивната јавност зошто Гоце Делчев е важен за бугарската историја. Меѓутоа, длабоко сум убеден дека заедничко чествување не треба да има. Тоа евентуално задничко чествување, за жал, бугарската политика сака да го искористи и да го прикаже Гоце Делчев како дел од т.н. „заедничка историја“, зашто таа „задничка историја“ тие ја третираат како бугарска историја. И поаѓајќи од тоа, сметам дека заедничко чествување не треба да има, потенцира проф. Жежов.“…историската комисија и нејзината работа веќе е ирелевантна и непотребна. Всушност, генезата и изворот на сите овие проблеми, што денеска ги имаме, е тој фамозен Договор потпишан на 1 август 2017 година. Таа несреќена придавка за нас Македонците за „задничка историја“ е генератор на сите проблеми, што ги имаме сега. Македонските и бугарските историчари не можат да најдат никаква заедничка точка за задничко чествување на Гоце Делчев”“, вели Груевски.

Коментари | пред 2 години

768x432

Груевски: Уставобранителите треба веднаш да бидат ослободени, целта на нивниот прогон беше да се скрши отпорот на народот

Вчерашната иницијатива на адвокатите на луѓето кои низ политички монтиран процес ги осудија на долгогодишни затворски казни за случајот “27. април” е добра, но не целосна и не со соодветно образложение, вели поранешниот премиер Никола Груевски.„Прво, сите осудени во овој процес треба да бидат ослободени веднаш и без одлагање, без селективност и без очекување дека во случај на повторено судење ова заробено и во еден дел криминално судство, со чест на исклучоците, кое не случајно е со 4% доверба на јавноста, ќе постапи поинаку од претходно или поинаку од насоките кои ќе ги добие од оние кои владеат со нив.Еден дел воопшто не требаше да бидат судени и осудени бидејки не сторија кривично дело.Дури и оние кои имаа несоодветно однесување и насилство, јасно е дека најголемиот дел од нив согласно законот требаше да добијат условни казни како што започна да постапува ОЈО пред смената на власта и еден помал дел евентуално можеа да добијат не поголема казна од половина од времето кое веќе го поминаа во затвор.Второ, вистинското образложение кое веројатно адвокатите не го напишале за да ја одоброволат власта да го подржи Законот за амнестијата треба да биде дека луѓето кои се неправедно и свесно со погрешни обвинителски квалификации неправедно осудени, се дел од политички монтиран процес, после очигледно посакуван инцидент од оние кои со однесувањето во парламентот го предизвикаа истиот, со цел да се скрши демократскиот отпор на народот кон она што беше јасно дека следува и што потоа на политички план се случи во Македонија.Да не заборавиме дека инцидентот се случи одкако претходно новото мнозинство на актуелната власт на незаконски и неуставен начин избра претседател на собранието.Целта очигледно беше потоа да има судење со лажни и уценети сведоци од страна на обвинителството и власта кои во еден дел беа осудени на база на претпоставки и лажни квалификации на обвинението, па наместо докази во услови на против уставно, противзаконско и спротивно на Деловникот на парламентот делување на тогашната опозиција во Парламентот, намерно темпирани токму во време и саат кога пред собранието веќе 60 дена имаше мирни протести, а со цел со цел да се исценира инцидент и потоа да се доделат драконските казни кои произлегоа од невистинита квалификација за наводно нивно терористичко загрозување на уставниот поредок.Преку тоа, целта беше да се заплашат сите граѓани на Македонија и политичките елити и да се одвратат од можни јавни реакции и протести во пресрет на престојното менување на уставот во 2018/2019 заради менување на уставното име и бришење на АСНОМ од уставот, како и менување на името на македонската нација, јазик, идентитет и менување на историјата веднаш по инсталирањето на марионетската влада на СДСМ, која само за да добие власт која се покажа дека ја посакувале заради криминални мотиви, беше подготвена на секакви предавства на националните интереси и неправди на Македонците на кои подоцна бевме сведоци.Времето покажа дека сомнежите и причините на народот во тогашните мирни протести на граѓаните биле повеќе од оправдани и се што во тој момент денес веќе владејачката СДСМ негираше, веќе го спроведе, побрутално и понеповолно за Македонија дури и од најцрните тогашни сценарија, а наскоро истото ќе го повтори.Се покажаа и дека судијката Добрила Кацарски која ги осуди нив а го ослободи Заев од обвинение за барање мито, како што политички а не како чесен судија пресуди во уште неколку други случаи кои произлегоа од политичкиот прогон, како што јавно го кажав тоа уште во 2018 година дека ќе се случи, го правела тоа од лична корист за крупно унапредување како награда за нанесените неправди на голем број луѓе., па на тој начин доби подршка за позиција член а потоа и претседател на уставниот суд“, додава Груевски.

Македонија | пред 2 години

izjava-zaev.Still072

Груевски: Секоја влада е должна да ги продолжи стандардите кои ги поставивме и да ги надградува

Со симпатии го проследив предновогодишното дружење на Премиерот со децата од малиот групен дом во Скопје и објавените фотографии и текст од тој настан.Сепак, неможе а да не се предупреди дека не е ниту приближно доволно за оваа категорија деца ако Премиерот предновогодишно или пред Божиќ ги посети само за да поразговара со нив и да се каже дека владата се грижи за нив, вели поранешниот премиер Никола Груевски.„Легитимно е политичарите да прават свој маркетинг преку некои од своите активности, но само вакво гледање и разговор не е доволно. Треба и демонстрација на конкретна крупна подршка на овие категории лица, па дури тогаш политичкиот маркетинг можеби може да добие некакво оправдување.Ќе потсетам, со цел да поттикнам промени.Цели 20 години живеев во непосредно соседство на домот за деца без родителска грижа во Капиштец и имав можност одблиску да следам различни и незаслужени судбини на многу деца кои растеа таму со кои понекогаш спортував во домското спортско игралиште ж, а подоцна и им помагав кога нешто можев да помогнам.Кога станав премиер, владата која ја предводев најпрвин имаше една голема акција за вработување на децата излезени од овие домови и стотици деца се вработија, деца кои излегле од ваков дом во последните 20-25 години кога државата не се грижела за нив и нивната тешка судбина, или пак политичарите само си правеле фотографии за нивниот личен “пиар”.Никој не се грижел во делот на помагање околу нивно вработување и станбено обезбедување, па по излегување од домот, тогаш најчесто само со завршено средно училиште и со едвај наполнети 18 години во земја која имаше највисока стапка на невработеност, овие деца не само што беа оставени сами и беспомошни да се снаоѓаат без подршка од родители, роднини и пријатели, туку најчесто сите ги одбегнуваа за да не им побараат нешто. Всушност сето тоа беше многу полошо од ова што го напишав, но не сакам да пишувам за тоа, можеби потсетувајќи некој од нив ќе ги потсетам на нешто што е зад нив и длабоко потиснато и со тоа ќе ги повредам и ќе им созадам болка.Беа задолжени служби да ги бараат и да ги најдат штитеници кои пред …5, 10, 15, 20 или повеќе години излегле од овие домови за да се провери во каква состојба се и дали им треба работа. ѓПотоа одкако заврши таа акција воведовме редовна програма која се нарече Д-10 со која планиравме секоја година минимум 10 деца кои таа година го напуштаат домот да бидат вработени, но секогаш се вработуваа повеќе, бидејќи се јавуваа поранешни штитеници кои не биле пронајдени во претходната акција, па така сме регистрирале дека со програмата Д-10 сме вработиле 147 деца излезени од овие домови.Тука не се сметаат поединечните постапки на некои министри, градоначалници или директори кои самостојно го правеле тоа, како што јас кога бев министер за трговија и особено за финасии вработив повеќе од 10-15 вакви деца, дел во државни институции а дел во приватниот сектор одкако ќе замолив некој менаџер ако има можност да ги вработи во неговата фирма.До нашето доаѓање на власт, при напуштањето на домот, децата добиваа околу 300 евра за да им се најдат во суровото свет на реалноста во кој сами, речиси без пари, работа и живеалиште беа препуштани да се снаоѓаат, па беше сосема логично што голем дел од нив завршуваа во “погрешни води”. Едноставно маката и негрижата на државата ги втурнуваше во тоа.Тој надоместок веднаш од 300 го зголемивме на околу 3.000 евра, а со новата изборна програма во 2016 година планиравме и јавно ветивме зголемување за 50% на тој износ во 2017/18 година, од 180 илјади, на 270 илјади денари. Веројатно во вакво време на инфлација и многу повеќе.Она што исто така беше ново од нас беше што преку јавното претпријатие ПУИК градевме згради со станови кои им ги дававме на трајно користење со некаква симболична кирија колку да се задоволат законските услови.Само во една прилика се сеќавам на радоста на овие луѓе кога влегоа во своите нови домови целосно опремени со мебел, кога во Ѓорче Петров пуштивме зграда со околу стотина нови станови, за кои дури и не сонувале дека некогаш ќе ги добијат.Додека таму се градеше најдовме на разни локации веќе постоечки државни станови кои веднаш им ги доделивме на најзагрозените случаи во тој момент.Плачот од нивната неизмерна радост во моментот кога влегуваа во становите сеуште ми одзвонува во ушите кога ќе се потсетам на тие моменти.Колку тоа многу тогаш, па денес им значеше и колку е незаборавен тој миг за нив, почуствував и кога започна политичкиот прогон против мене, до денес. Дел од нив го пронашле мојот телефонски број и редовно ми пишуваат покрај честитки за празници, роденден и именден и со бодрење да го издржам ова време на прогон ставајќи се на располагање доколку на било кој начин можат да ми помогнат. И често ми повторуваат дека ми се многу благодарни и должни, а јас редовно ги поучувам дека не треба да се заблагодаруваат ниту пак да чуствуваат некаков долг за нешто што им следува и нешто што била моја службена должност како премиер на државата.Подоцна го сменивме Законот и воведовме обврска за секоја идна влада кога ќе гради социјални згради да мора минимум 10% од становите да ги додели на деца кои произлегле од домови за деца без родителска грижа, но не предвидовме една работа: дека ќе дојде влада која воопшто нема да гради никакви социјални станови. И навистина актуелната влада освен што ги доврши 2-3 започнато згради(едната паметам беше во Кочани), дали на почетокот изгради и уште една зграда и запре со градење нови. Веќе со години вработените во ПУИК земаат плата од кириите/закупот на дуќаните, катните гаражи и становите кои некогаш некои деуги влади ги граделе, но ново ништо не се создава. Тоа беше незамисливо во времето кога јас ја предводев владата.Подоцна имаше проблеми околу одржувањето, плаќањето заедничките трошоци во објектите со многу доделени станови на оваа категорија на лица и сл., па го бев задолжил министерот за транспорт Миле Јанакиески повремено да обрнува внимание, да се грижи за тоа и да се обиде да им ги решава тое проблеми.Истиот министер имаше и една друга не секојдневна доделена задача, за која инсистирав самиот тој лично теренски да ја завршува за да сме сигурни дека е добро постепено.При завршувањето на некои нови згради со социјални станови беше од мене задолжен да помине низ улиците во главниот град и да ги пронајде бездомниците и луѓе што реално живеат од просење, луѓе кои спиеја по улици, подруми и влезови во згради и слично, или кратко кажано “најсиромашните меѓу најсиромашните”. Да поразговара со нив, да им каже дека има оглас за доделување станови бидејќи тие не читаат весници или портали и не гледаат телевизија, да им понуди и помогне (да се пријават за) социјален стан, да им помогне да пополнат документи или ако неможат сами да им ги пополни тој, а најчесто и да им помогне најпрвин да извадат лични документи бидејќи установивме дека голем број од нив немале.Додатен проблем беше што дел од нив имаа одредени здравствени и особено психички потешкотии и неможеа ништо самите да направат без туѓа помош, па се организиравме и во тој дел.За нив и за други сиромашни граѓани отворивме околу 50 тина народни кујни кои дотогаш не постоеја и си го издржавме на свој грб нападот дека штом владата отвара народни кујни значи таа е неспособна да ги направи луѓето побогати, небаре во најбогатите или многу побогати држави од Македонија нема народни кујни и ние сме го измислиле тоа.Имаше и такви кои одбиваа да влезат во социјални станови и покрај тоа што живееја на улица или во куќи од картони, и особено тој проблем министерот го имаше со одредени наши граѓани кои имаа картонски или слични живеалишта покрај реката Вардар во центарот на Скопје и кои по неколку часовни преговори лично со министерот во нивните “живеалишта” со образложение дека нема да има каде да ги чуваат животните кои ги одгледуваат одбија да се преселат во станови кои владата беше подготвена да им ги подари.Потоа го враќав министерот на нови преговори и во нова мисија, да ги убеди да им изградиме куќи некаде во населбите, па да можат да си чуваат коњи, кокошки и што линда сакаат, но и тука имавме не премислува бариера бидејќи не сакаа да се дислоцираат од централното градско подрачје на Скопје.Тоа ме подсети на слични случувања во Либија во седумдесетите (1974-1976) кога како дете престојував таму со мајка ми која две години како медицинска сестра заедно со погорлема група лекари и медицински персонал од Македонија работеше во болница во градот Дерна.Тогаш сите раскажуваа како либискиот лидер Гадафи, тогаш изгради згради во Триполи за да ги смести бедуините кои живееја во дупки во пустината, од каде и самиот тој беше порекнуваше. Испратил камиони и војска и без многу разговор ги преместиле во новите наместени згради со апартмани наменети за нив, но следниот ден се соочија со празни станови, бидејќи тие луѓе во текот на ноќта одлучиле и се вратиле назад во живеалишта каде цел живот живееле инсе навикнале.Во тоа време опозициските медиуми безмалку секој ден имаа приказна од теренот за луѓе во тешка социјална и здравствена социјална ситуација, кои или немаа кров над главата или немаа храна, тешко билни и неподвижни без лекови, заборавени од секого.На почетокот кога видов дека дел од медиумите тоа го прават со цел да прикажат слика за владата како неспособна и неодговорна сето тоа некако ми пречеше. Но, многу брзо одкако започнаа таа кампања која потоа долго и со години траеше, размислив и си реков: “чекај…па тие луѓе постојат и реално се соочуваат со големи и непремостливи проблеми. И тие се луѓе, а не предмети, само што судбината си поиграла со нив, а ние не ги познаваме лично, немаме допир со нив и всушност иако во моментот се нечија политичка агенда со цел да не прикажеме како власт за зли егоисти и неспособни, тоа истовремено е и Божја порака до нас за да како власт помогнеме некому кој е во голема мака”.Независно на мотивите на некои тогашни опозициски медиуми, ние создадовме еден вид систем за брза интервенција во такви случаи.Така веќе не мораше јас после секои вести со такви прилози да се јавувам по министри и да барам нивен ангажман. Системот профункционира и веќе утредента гледав прилози како од нивните живеалишта излегува министерот или портпаролот на владата со конкретно решение за нивниот проблем и со среќни лица зад нив.Такви прилози денес или нема или се многу ретки. А луѓе во такви проблеми има и многу повеќе сега одколку во минатото. Тој систем веќе не функционира дури и кога мошне ретко има медиумски прилози. Па, погледнете што и направија на Атиџе…Но, да се вратам на главната поента. Не е доволно само да се посетат децата во овие домови, куртуазно да се поразговара со нив и евентуално да им се поделат новогодишни пакетчиња. Тоа е добро, бидејќи тие на таа возраст и од тоа се многу задоволни, но не е доволно. Ним, не говорам поединечно, туку како ранлива категорија на лица, државата е должна да им понуди многу повеќе од тоа.И секоја влада е должна да ги продолжи стандардите кои ги поставивме и да ги надградува. Македонија ќе биде успешна, само ако секоја наредна влада е подобра од претходната, повеќе гради и создава, решава повеќе системски, индивидуални и секакви проблеми и прави поголеми реформи од претходната. Наместо тоа ние добивме полупротекторат со нефункционални институции, со неодговорни и неспособни функционери заинтересираи само за себе, со мошне ретки исклучоци.Тоа се чуствува и во овој дел, па Премиерот при една ваква посета, нема што друго да каже освен дека ги посетил и поразговарал со нив.П.С.И уште нешто. Не е во ред да се објавуваат вакви фотографии со оваа категорија малолетни деца, без да се покријат нивните лица на фотографиите. Нам еднаш ни се случи пропуст и преставниците на сегашната власт од тоа направија вистинска драма. Не мислам дека, нема поголеми пропусти на сегашната власт па сега од тоа да се прави голема тема, но треба да се укаже за да не се повторува“, додава тој.

Македонија | пред 2 години

zaev-gruevski

Груевски и Заев се препукуваат, стигна нова порака од Будимпешта

Пред малку ми јавија дека Заев нешто објавил на социјалните мрежи каде неколку пати ме спомнал. Веднаш си помислив дека дал некаков одговор или објаснување за криминалот на владата под негово водство со ОКТА, Иловица, Казандол, Фени, клинички Центар, Аеродромот во Штип или нешто друго за кое неодамна пишував, вели поранешниот премиер Никола Груевски.„Се испостави дека ќе морам по втор пат еден мој фб статус да започнам со легендарната мисла на славниот основач на психоанализата Зигмунд Фројд кој вели:“Првиот знак на глупоста е целосното отсуство на срам”.Молк за криминалот и корупцијата со овие нечесни зделки погоре! Ни збор за тоа! Милионски штети за државата.Еве денес излезе дека италијанската компанија која го доби тендерот за клинички центар бара на арбитража 20,5 милиони евра оштета за раскинатиот договор без причина од страна на владата, а нов не се изгради и е далеку од почнување. Тоа е направено по директна негова наредба до Филипче заради хирови и комплекси дека се што било започнато од мене од односно од владата која ја предводев требало да се стопира и да докажел дека можел и подобро. Еве видовме колку може. Нов клинички нема а 20,5 милиони евра ќе си платиме од парите на народот за хировите на Заев и од планот со градба на во клинички центар на друга локација, по процедура за јавни набавки која се употребува само за избор на пејачи за нова година, да може да ја “закрпи” државата со околу 200-300 милиони евра, бидејќи новиот клинички центар требаше за толку да е поскап. И уште не се откажани од таа идеја. Видовме колку може и што шест години неможат да завршат половина изграден пат меѓу Охрид и Кичево и да не ги редам другите работи бидејќи треба два дена да пишувам.Овој човек кој на двапати се извлече од одговорност од правдата, еднаш со аболицијата на Црвенковски за криминалот со “Глобал” за кој иако не убедуваше дека е законски, кога дојде оној закон за легализација на диви градби во 2009 година, самиот како градоначалник со негова рака потпиша легализација “Глобал”, и вторпат кога го инсталираа за премиер и мораа да го вадат од случај за барање мито од 100.000 евра со докази кои неможат да бидат поцврсти, гледам дека пак глуми некоја величина па меѓудругото ни порачува да сме се радувале на позитивните меѓуетнички односи.Со обзир дека заради политичкиот прогон кој тој директно ми го започна сега не сум во Македонија, ве прашувам вас дали вие се радувате на позитивните меѓуетнички односи?Што е позитивната разликата меѓу времето кога јас ја предводев владата и денес што треба да не натера да се радуваме? Тиранската платформа ли е разликата?И тогаш имамвме соживот и сега има соживот.Незнам како тоа изгледа од перспектива на Струмица или на Муртино (незнам каде точно живее Заев сега), но некој не ми се пофалил од Скопје, Тетово, Куманово и другите средини каде имаме мешани етнички население дека се радуваат на некакви позитивни меѓуетнички промени.Напротив во контактите со многу Македонци, Албанци, Турци, Роми, Срби, Бошњаци, Власи и останати разбирам дека кај сите најмалку тројно е зголемено иселувањето од Македонија бидејќи чуствуваат безперспективност во земјата.Знам и дека потрошувачката кошничка за сите отиде од 30 на 50 илјади денари, и не сум чул дека некој се радува на тоа, а дека владата неможеше книги за учениците да обезбеди пола година одкако е почната наставата. Освен флоскулата без реална суштина “едно општество за сите” што ја “дробат” политичарите во официјални настани и соопштенија, оние кои ништо не направија за народот, друго суштински важно и што суштински на подобро ги менува нивните животи нема.Втората теза му е дека тој направи нешто што мене ми било криво дека јас не сум успеал да го направам а тоа е влезот во НАТО. Веднаш да му одговорам дека под овие услови, предавства и понижувања за Македонија и пред се за Македонците може само да ми биде криво, што Грција не доби 100:0 во една 150 годишна битка за макеоднскиот идентитет, македонската историја, име на држава и на јазикот за кој Заев е среќен што се регистрирала некоја НВО во Грција со за нас звучено име, за која таму никој незнае, ниту пак има било какво најмало влијание во тоа општество, во Европа или во светот.По овие работи гледам дека Заев и понатаму го потценува капацитетот на македонскиот народ и го смета за толку многу глупав што мисли дека на вакви небулози ќе му верува. Да, тој мисли дека мнозинството народ се согласува со глупостите кои редовно ги “треска” и со самото тоа само укажува дека оправдано во овој фб статус по втор пат се повикувам на гореспоменатата мисла на Зигмунд Фројд.Тој сака да ни каже дека не само што не се срами, туку и се гордее со предаствата на националните интереси, пљачкосувањето, неспособноста и криминалот за кој токму во неговио време Макединија се најде на 108 место во светот само неколку години подоцна одкако бевме стигнати до 69. Место на листата на Transparency International за перцепција на корупцијата.Тој сака да ни каже дека не се срами ни од довербата на судството и обвинителството која во негово време ја спушти на 4 односно 3 осто доверба.Не се срами ни од податок објавен дека на анкета на студентите од битолскиот универзитет се покажа дека 80% од студентите планираат по дипломирањеро трајно да се отсечат од Македонија.Листата е долга и тука ќе ја прекинам. Колку сака нека глуми среќен и задоволен, реалноста е друга.Демократија е, па секоја будала може да каже што сака! Секако и Заев! Но, реалноста е друга!ПС. А тоа дека несакал да прави пуч во СДСМ и несакал кандидатура за Претседател… тоа е затоа што најверојатно од таму од каде му беше единствениот извор на моќ, засега нема подршка.Таман и раката на срце да ја ставеше и да се заколнеше како што некогаш правеше за уставот и името, никој веќе не му верува ништо. Неговото име е синоним за измама во Македонија.Има времиња кога луѓето ти веруваат. Но кога ќе ги измамиш, потоа истото кога го кажуваш, стануваат и си одат.Поминаа години. Испокраде што можеше и сега нормално е да се плаши и да се правда затоа што допрва треба да се испитува потеклото на парите што ги крие по соседството и пошироко.Тој сеуште смета на тоа дека заради предавставата на националните интереси ќе биде заштитен, па затоа цело време акцентот му е на тоа дека обезбедил ова или она околу НАТО, ЕУ, соживотот и сл. Таа порака не е толку до народот, туку потсетување до оние кои му беа единствениот извор на моќ и на чиа заштита смета и сметал цело време додека злодела“, додава тој.

Македонија | пред 2 години

IMG_5195

Груевски откри зошто се одложуваат авионските летови

Не се одложуваат авионските летови заради маглата, туку заради криминалците во власта. Еве зошто!Во 2009 година Владата ангажираше меѓународна искусна компанија за консултант кој ќе не води низ постапката за изнаоѓање концесионер на македонските аеродроми, Александар Македонски во Скопје и Св.Апостол Павле во Охрид, вели поранешниот премиер Никола Груевски.„Аеродромот беше многу мал, несреден и прилично лоша прва слика за земјата а бројот на летови неспоредливо помал од денешните.Владата заедно со консултантот работеше на изработка на условите. Баравме нов терминал со шест излези на скопскиот аеродром, два повеќе одколку што ценеше консултантот по сондирањето на мислењето на потенцијалните концесионери кои ги контактирале за да слушнат мислења и реакции, како што што е редот во таа работа.Во тој момент немаше доволно сообраќај ни за еднен излез од зградата каде се патниците директно во авионот.Се бараше и проширување на пистата за да можат са слетуваат многу големи авиони, но и градба на некои хангари, набавка на повеќе против пожарни возила и повеќе други инвестиции.Исто така се одредија и инвестиции кои треба да се направат на охридскиот аеродром.Но, владата постави уште едно барање кое предизвика големи реакции кај консултантот и пред се кај потрнцијалните концесионери кој тој се обидуваше да ги анимира во фазата уште пред објавување на меѓународниот повик, како и ризик да пропадне тендерот и никој да не се јави.Тоа беше барањето за изградба на карго аеродром на локација меѓу Штип и Св. Николе, административно на територија на општина Св.Николе но мошне блиску до Штип, со големина на пистата и на терминалната зграда како што во тој момент беше на скопксиот аеродром, пред да биде даден на концесија.Искусниот консултант бараше итен состанок во владата на неколку потенцијални и заинтересирани концесионери кои тој се обидел да ги анимира и кои беа транспаренти примени.Клучното прашање кај сите и поентата на состанокот беше зошто нов аеродром и од сите ни беше кажано дека тоа е голема инвестиција која го прави проектот неисплатлив и плус тоа ќе биде потенцијален загубар за нив, па ако тоа остане тие ќе се повлечат. Тоа беше голема игра на нерви. Тие сакаа да успеат да не натераат да ја повлечеме идејата за нов карго аеродром кај Штип, ние сакавме таа идеја да помине и да го изградат.Објаснивме дека оваа концесија се дава на 20 години но дека на долг рок ние би сакале преместување на аеродромот од Петровец каде е сега, во овчеполието, затоа што овоа локација за овој аеродром воПетровец е одбрана во време кога ЈНА сакала да изгради воен аеродром и барала терен меѓу планини, затоа што целта била друга. Денес тоа е главниот цивилен аеродром на една независна држава, и не е добар избор за цивилен аеродром особено затоа што секоја зима има многу магла и масовно откажување на летовите што влијае на бизнисот, на инвеститорите, на плановите и врмето на граѓаните и туристите, а и слетувањата не се толку едноставни на ваков терен.Објаснив дека сакаме околу пола од новата инвестиција да се направи сега со овој договор за концесија и да тоа привремено биде карго но и алтернативен аеродром за слетување и полетување во лоши временски услови, а втората половина по истекот на концесијата во 2030 година, кога ќе се објави јавен повик за нова концесија и тогаш само пистата и терминалите на карго аеродромот изграден меѓу Св. Николе и Штип ќе се прошират и тоа ќе стане главниот аеродром во државата, а овој во Петровец втор, помошен и/или карго аеродром или некоја друга намена.Објаснив и дека во меѓувреме планираме изградба на автопат од главниот град кон Штип со што патот од Скопје до новиот аеродром би бил за околу 25 мин возење што не е многу повеќе од сега до аеродромот до Петровец. Објаснив и дека во меѓувреме ќе изградиме и регионални патишта со четири ленти од Штип кон Кочани, што го започнавме и уште се гради, од Штип кон Радовиш кој исто така го почнавме и објавивме тендер за градба, и кој е веќе завршен и дека патот од Штип до Велес ќе прерасне во регионален со четири ленти што одамна го завршивме.Со тоа, новиот централен аеродром би бил со одлична модерна и безбедна инфраструктура речиси во сите правци.Објаснивме дека таму теренот е рамен, скоро секогаш има доволно ветар што не дозволува собирање на магла, што и самите ние го гледавме со години при секое од многуте наши полетувања и слетувања во авион, а верувам тоа го забележал и секој друг кој почесто користи авионски транспорт. Секогаш кога Скопје и Петровец беа завиени во магла и спуштени облаци во котлината, таму беше сончево и максимално видливо.Кажавме и дека јасно ни е дека ако оддеднаш побараме комплетно нов аеродром меѓу Св. Николе и Штип дека тоа нема да е исплатливо на ниту еден инвеститор-концесионер и затоа предлагаме ваков модел во кој во две фази, делумно сега до ниво на карго и алтернативен аеродром, а делумно подоцна до ниво на најголем и централен аеродром ќе се изгради новиот аеродром.Компаниите ни укажаа дека тоа предвидува дополнителни 80 милиони евра инвестиција, иако нашите анализи покажуваа дека тоа ќе е износ од 60 милиони евра, се разбира според тогашните цени. Сега, по сегашните вени сега сигурно е помеѓу 80 и 100 милиони евра инвестиција.На крајот останаа три компании од кои ако добро се сеќавам двете германски категорично кажаа дека ако остане условот за градбата на штипскиот аеродром тие нема да се јават на јавниот меѓународен повик за изнаоѓање концесионер.ТАВ го тврдеше истото, но низ разговорите чуствувававме дека сепак може да се јават, и тоа се покажа за точно чувство.Она што ние се согласивме во тие разговори беше дека тој карго аеродром дека нема да мора веднаш од првиот ден да се гради, туку по 10 години односно во 2020 година (што значи дека денес ќе беше готов, пуштен во употреба и од аспект на брзина на пристигнување во Скопје ќе беше речиси сеедно на кој аеродром ќе има слетување кога во Скопје и Петровец има магла).Во меѓувреме се договори да се изврши прецизно мерење на ветровите на новата локација. Се отцени дека така без инсистирање во огласот градбата да е од првиот ден, има барем некакви шанси да успее операцијата бидејќи на тој начин парите за градба концесионерот ќе ги обезбеди од профитите во првите 10 години, плус нема да има загуби од трошоците за одржување на аеродромот во првите десет години. Се на се тоа беше нешто што барем една компанија ја врати во игра, турската ТАВ која единствена се јави на тендерот кој подоцна се објави.Другите две компании само заради штипскиот аеродром се повлекоа. Да не беше штипскиот аеродром ќе имаше уште најмалку два кандидати и Македонија ќе добиеше повисок износ на концесијата што ја плаќаат во буџетот бидејќи ќе имаше реално наддавање. Но, владата одлучи долгорочниот државен и народен интерес да го стави пред краткорочниот.Кога помина тендерот и дојде време да се потпише договорот, преставници на компанијата ТАВ се обидоа уште еднаш да си ја пробаат среќата. Истапија со понуда, дека се спремни да влезе клаузула во договорот дека за износот за кој треба да го градат штипкиот аеродром може да изградат било што друго што ќе им каже владата во ЕДНАКОВ ИЗНОС. Рекоа дека се подготвени да ги вложат тие пари, но на тој начин ќе спасат загуби во тие години додека аеродромот е помал, карго, спореден, алтернативен итн, бидејќи по нивни пресметки додека аеродромот во Петровец е главен аеродром, штипкиот би генерирал загуби заради трошоците за вработени, режиски трошоци и сл. кои по нивните пресметки би биле поголеми од приходите на аеродромот.Владата го одби тој предлог со образложение дека градбата на штипскот аеродром е веќе ОБВРСКА КОЈА ПРОИЗЛЕГУВА ОД МЕЃУНАРОДЕН ТЕНДЕР И ПРАВНО НЕ СМЕ ДА СЕ МЕНУВААТ УСЛОВИТЕ ОД ТЕНДЕРОТ СО ДОГОВОРОТ, дека тоа ја елиминираше конкуренцијата и дека менување на тендерските услови во содржината на договорот со сигурност ќе се смета за ИЗМАМА и тешко кривично дело. Ќе се смета дека намерно било направено така за да се елиминира конкуренцијата во корист на една фирма. Ќе се загуби логиката што при поголема конкуренција би добиле и повисока цена на концесија.Со други зборови им кажавме дека таа работа ја завршивме и неможе да се промени.Се вклучија и одредени дипломати и политичари од Турција да замолат за решение на проблемот и да укажат дека тоа им е важно.Потоа по некое време дојде нова висока делегација од ТАВ кај мене. Тие анализирале зошто толку многу “сме запнале” за тој аеродром во Штип и помислиле дека тоа има врска со моето потекло, од односно дека мојата мајка е родена и првите 14 години од животот ги поминала во Штип, пред да се пресели во Скопје и да се запише во средното медицинско училиште Панче Караѓозов. Помислите дека одлуката е заради некакво чувство на локална припадност, можеби некаква носталгија од поминати убави моменти во посета или некои кратки престои во детството во тој град, некакво чуство на долг кон сограѓаните на мојата мајка и сл.Ни понудија што сакаме тоа да изградат во Штип. Да го разубават градот со 80 милиони евра. “Еве на пример ако вие ни кажете господине премиер можеме да изградиме еден голем хотел од пет ѕвезди таму, ние проучивме дека градот нема таков хотел. Можеме да асфалтираме улици, да ја подобриме инфраструктурата или некое училиште, градинки и сл.”Ги прашав од каде им е таа идеја дека аеродромот го бараме да се изгради таму само заради локалниот развој на Штип и особено во корелација со потеклото на мојата мајка? Ми кажаа пример во една друга држава (заради дискреција нема да ја спомнам), каде ообрување на концесијата Премиерот инсистирал да се изгради еден помал аеродром во неговото родно градче од 10тина илјади жители кој тие за да ја добијат големата зделка го изградиле и потоа тоа со години им генрирало загуби.Се насмеав и им објаснив дека компарацијата е несоодветна и повторно ги кажав вистинските мотиви на воадата кои ги објаснив погоре. Додадов дека за локалниот развој на Штип ние правиме други проекти, како што правиме други и за други поголеми и помали градови во земајта, не одејќи по тоа кој политичар од каде има потекло, туку правевме се, секаде да помогнеме. Штип го наследивме навистина како град кој беше многу паднат но во тоа време веќе во ек беше отворањето на универзитетот Гоце Делчев што го оживеа градот, се градеше технолошко имдустриската развојна зона која донесе и допрва ќе носи крупни инвеститори и работни места, се градеше хидросистемот Злетовоца што го решаваше проблемот со водата, се подготвувавме за изградба на комплетно нова клиничка болница итн и се сеќавам на крајот на мандатот невработеноста во градот од 17.000 ја бевме намалиле на околу 2.000. Новиот аеродром сигурно локално би делувал позитивно за Штип и велиот аеродром, но тоа беше државен а не локален проект, се решаваше друг голем проблем со маглите на скопскиот аеродром и немаше подобра локација од таа.Така, преставниците на ТАВ сватија дека нема да има одстапки и го потпишаа договорот, го изградија се она што беше предвидено на аеродромот Александар Македонски и сите инвестиции на охридскиот аеродром Св.Апостол Павле, исто така. Инвестиција од 200 милиони евра за скопскиот и охридскиот аеродром и модернизирани аеродроми за Македонија. Плус планираната инвестиција во Охрид.Ние одлучивме државниот интерес да е пред се, како и долгорочно гледано безбедноста на патниците и редовноста во слетувањата и полетувањата.ТАВ како и секоја друга компанија си се бореше за својот финасиски интерес и тука немаме замерки. Со нив имавме одлично искуство во соработката потоа и како што е познато аеродромот брзо се разви над сите очекувања, нешто во што освен искуството и професионалноста на ТАВ учествуваше и владата преку повеќе мерки од кои најважни се субвенциите за ниско буџетни нови авио линии, субвенциите за привлекување странски туристи што бројот на туристи го дуплираше за кратко време, многу инвестиции во нова понуда за туристите во земјата (споменици, нови музеи, фонтани, атрактивни градби, нови хотели со продажба на земјиште за градба по почетна цена од едно евро по квадрат, десет годишна постојана кампања на меѓународни медиуми како CNN International за привлекување туристи во Макеоднија итн.И што се случи?Седум години подоцна дојде нова власт. Корумпирана до коска. Летнати во небо со чувство на божества, оти имале меѓународна подршка затоа што се согласија да го сменат името на државата, нацијата и јазикот, како и историјата.Во време кога нас ни вршеа политички прогон, не судеа, апсеа, обвинуваа, не оцрнуваа со лажни обвинувања преку медиумите кои не смееја да се спротистават што заради интерес, што од страв одкако со конструирани обвинение ставија во затвор еден сопственик на десно ориентиран медиум и уште во две телевизии ја запленија целата документација а сопствениците и менаџерите почнаа да ги викаат на сослушувања), во екот на сего тоа, прифатија тоа што не прифативме ние, и што е незаконски и тежок облик на кршење на условите во меѓународниот тендер со анекс договор со ТАВ.Покрај тоа што прифатија незаконски анекс на договор спротивен на тендерот и кој го изигрува тендерот, тие прифатија не за 100, или за 80 милиони евра, не за 60 милиони евра, туку ТАВ да направи инвестиција во канализации, водоводи и друга имфраструктура по повеќе села низ Македонија во вредност од само 45 милиони евра (треба да се истражи дали и тоа е реализирано), за чија сметка со измена на договорот го ослободија од изградба на новиот аеродром на локација каде речиси никогаш нема магла и на само 25 минути возење од Скопје. И за да се чуствуваат за ептен ербапи, градбата на сето тоа ја направија да заврши пред локалните избори минатата година, што не беше доволно да ги спаси од тежок пораз нанесен од измсмениот народ.Тука не можеме да ја обвиниме компанијата ТАВ. Легитимно е тие да се борат за нивниот компаниски интерес и да си ја пробаат среќата со секоја влада. Тоа го прави секоја компанија во светот.Но да ве прашам сите вас…Дали мислите дека ако приватна фирма на Заев, Кочо Анушев и останатите во тоа време, па и сеуште вознесена во облаци влада ќе продадеа нешто за 45 милиони евра ако тоа чини 80 или 100 милиони евра? Ни во сон, нели?Дали тоа ќе го направеа знаејќи дека е незаконско да не им беше под контрола обвинителството и судовите, најголем дел од медиумите и НВО, а да не знаеја дека амбасадите се спремни се “да проголтаат” само да се заврши се со договорите со Грција и Бугарија? Ни во сон, нели?Дали тоа ќе го направеа ако опозицијата не беше под тежок политички прогон со недемократски средства и методи и со лажни и конструирани обвиненија, а народот занесен во гледање сеир и забава “кого апсат денес, а кого ќе апсат утре” па наместо тоа се соочеа со реален отпор? Нели, ни во сон?И дали Заев ви личи на човек што да беа аеродромите негов приватен имот би се од кажал од 1 милион евра, а не пак од 40 или 50 милиони евра?Потсетувајќи се на онаа видео снимка направена по наредба на обвинителство и судот каде истиот без ни малку срам бара едно евро од квадрат или вкупно 100.000 евра мито од локален бизнисмен кој макотрпно и со многу работа и откажувања го стекнал својот имот, дали мислите дека таков човек би оставил со одлука на неговата влада да некоја приватна компанија заработи 40 или 50 милиони евра, при што неговата влада и особено потписниците од страна на владата на анексот на договорот со ТАВ, свесно прави тешка злоупотреба со државен меѓународен тендер и пари без притоа тој да има нешто од тоа? Не ви се верува дека така би направил, нели?И дали ние воопшто треба да мислиме нешто, или ако имаше нормална а не вистински заробена држава досега оваа банда немаше одамна да биде уапсена и ставена зад решетки наместо да глумат ослободители и чесни луѓе, па уште и другите да ги прават криминалци со политички прогон?И после ова треба да ја жалиме Русковска, да ја цениме независноста на Јовевски или да веруваме дека не е длабоко уназадена независноста на правосдниот систем?Македонија стана приватна прчија на банда предавници на националните интереси кои под меѓународна заштита само заради тие предавства, прават што сакаат, крадат, рекетораат, прогонуваат конкуренти во политиката, заплашуваат, глумат шерифи, безмилосно кршат закони.И затоа неодамна напишав дека земјата е во полоша атмосфера од времето од средината на деведесетите кога во полн ек беше кршењето на ембаргото и правењето милиони долари од тоа, шверцот со нафтата, цигарите, фри шоповите, тендероте и со што ли не.И знаете што ќе биде реакцијата на овој текст на “независните” правосудни институции, медими, НВО, па дури и на некои божемни опозиционери?Иста како за она што го објавив за ОКТА, Фени, Казандол, Иловица, начинот на кој беа наумиле и сеуште се трудат да изберат градежна фирма за клиничкиот центар во Скопје и повеќе други: МОЛК! “Громогласен” МОЛК!!!Дел од медиумите бегло ќе го пренесат ова и следниот ден ќе одат на друга тема од типот “силно и одлучно одиме напред”, или локална маргинална тема од типот “снаа нападнала свекор со секира” или одмазднички чекори од типот “обвинителството врши истрага или спрема нови обвинение за Груевски” или “се лизнала кола од пат во неготинско” итн, а ова ќе оди во заборав, апатијата ќе расте а младите и дел од оние на средна возраст ќе бараат шанса да се иселат.Па нели нормално е знаејќи го ова и уште многу други работи Заев да посакува брзи предвремени избори со однапред направен договор за осум годишна коалиција со ВМРО-ДПМНЕ потоа и претседателска функција за него, за да се спасува од тоа што го заслужува!И би било нормално на секој, не само во ВМРО-ДПМНЕ, да му се гади од помислата за тоа“, додава тој.

Македонија | пред 2 години

gruevski-mala

Груевски најави: На сите кои не можеа да ме смислат минатата, да им кажам дека годинава ќе им биде полоша

Поранешниот премиер Никола Груевски преку социјалните мрежи ја честиташе Новата година и најави дека на сите оние кои не можеле да го издржат минатата година, оваа ќе им биде полоша„Среќна нова 2023 година!Ви посакувам здравјето да Ве служи, љубовта да ве води, мир и спокојството да ве опкружат и среќата да ве следи во секој миг и на секое место!Агонијата и безперспективноста во Македонија нека се трансформира во нов почеток кон повторен национален и индивидуален триумф!Бог нека е со Вас и со Македонија!П.С. На сите луѓе кои неможеа да ме смислат и да ме издржат минатата, само да им кажам, дека оваа ќе им биде дури полоша“, напиша Груевски.

Македонија | пред 2 години

322015983_688040459430115_4433615092935302735_n

Груевски: Со чекорите што ги превзема оваа власт штетата од договорот со продажбата на ОКТА граѓаните ќе го платат целиот 20-годишен монопол

Ме информираа дека овие неспособни дембели и измамници од власта (зборот дембел содржи неколку карактерни особини) дека еден нов нивни неуспех и една голема финасиска загуба на државата, буџетот и народот со плаќање на оштета од 20 милиони евра на Хеленик Петролеум за ОКТА се обидуваат да ми ја префрлат мене, вели поранешниот премиер Никола Груевски.„Па ме напаѓале дека грешката била кај владата која ја предводев бидејќи кога договорот со ОКТА паднал на уставен суд, ние веднаш сме ја спровеле одлуката на уставниот суд и сме го раскинале истиот, а требало да не ја спроведуваме уште една година и така сега немало да се платат тие 20 милиони евра (инаку јас сум сигурен дека многу повеќе од 20 бидејки не кажуваат колку се адвокатските трошоци).Слушам и се чудам какви измамници и неспособни луѓе ја водат земјата и глумат некакви величини во општеството.Настрана што неспроведување на одлука на уставен суд повлекува кривична одговорност, туку ајваниве немаат појма дека сами себе се напаѓаат, бидејќи тоа за кое говорат се случило пред јас да станам премиер, односно додека на власт е СДСМ со нивна влада. Тогаш уставниот суд донел одлука и тогаш тие ја спровеле без да одлагаат една година.Да потсетам дека едно време пред десетина години приватизацијата на ОКТА сакаа да ја стават на мoj грб бидејќи во таа 1999 година бев министер за трговија, па освен што брзо се виде дека не сум потписник на тој договор, ниту на еден негов анекс, им извадив записник од седница на владата кога се донела одлука за продажба на ОКТА од кој се гледа дека на таа седница не сум бил присутен (бев на службен пат во странство), а точката на дневен ред се ставила без воопшто да помине на било кое владино тело или комисија, како итна, и никој од тогаш присутните министри немал време ни 1% да прочита од содржината на тој договор. Да потсетам дека купопродажниот договор во собрание беше изгласан во форма на „ЗАКОН“ на иницијатива на тогашниот премиер. Јас воопшто не бев вклучен во преговорите и подготовката на тој договор и подолго време потоа немав пристап до истиот.Со статусот на “Закон” договорот стана обврзувачки за следните 20 година, а до тогаш беше невообичаено да се изгласа во парламентот во форма на закон договор за продавање на правно лице каде што се применува Законот за трговија на Швајцарија од 1999 година, како што беше не соодветно дека со тој закон е направена нарачка на 500.000 тони мазут годишно, бидејки максималните количини кои на Македонија и беа потребно не беа повеќе од 250.000 тони годишно.Паметам само како по седницата на влада мојата заменичка тогаш делегирана од партијата ДА - Татјана Митрова, со која имав одлична соработка телефонски ме информираше дека ненајавено ставиле на седница на влада обемен договор за продажба на ОКТА кој набрзина поминал и не стигнала ни две страни да прочита од неколкуте стотици страни додека сите присутни на невидено и со доверба дека се е во ред го изгласале. Потоа службите веднаш ги собрале сите примероци поделени на министрите, по што сето тоа за неколку дена се најде на седница на парламентот каде лично го бранеше тогашниот премиер.Знаејќи го тоа, а несакајки да се конфронтираат со тогашниот премиер бидејќи сега им е коалиционен партнер, овие од власта сега се обидуваат да протнат дека во државен интерес било да не сум спровел некоја одлука на уставен суд, а појма немаат дека токму нивната влада била на власт кога тоа се случувало.А кога веќе ја отворија таа тема, ќе објавам и за уште една огромна штета што оваа власт ја направи во врака со ОКТА кога во 2017 година.Сега ќе прочитате нешто што досега не е објавено и потоа да се запрашаме кој ќе одговара за тоа, ако воопшто обвинителството добие дозвола да го истражува тоа.Со тоа што се направи во 2017 година од новата власт, наместо Македонија да добие отштета од грчката компанија, од најмалку 150 милиони евра, плус трошоците за ремедијација на земјиштето околу Окта, сега уште плаќа тешки милиони и допрва ќе плаќа.Имено, во 2016 година тогашната влада започна една многу голема, тајна и многу корисна за Македонија финансиско комерцијална операција, со која наместо да плаќаме штети за ОКТА, нам Хеленик ќе ни плаќаше штети, но новата власт на СДСМ веднаш ја прекина операцијата, а резултатот го гледаме денес. И во иднина ќе го гледаме.Операцијата се состоеше во тоа штo Владата која јас ја предводев ангажира домашни и странски правници и консултанти со цел да најдат начин како наместо да плаќаме на фирмата од Грција, на Македонија да и биде плаќано.На чело на експертскиот тим беше поранешен арбитражен судија од Париз, тогаш веќе во својство на адвокат, целта беше да се најде начин државата да се ослободи од обврските креирани и прифатени во овој договор кој меѓународната кризна група го нарече „коруптивен договор".Тогаш беа испитани сите аспекти од договорот и се најде решение.Последната односно најлошата варијанта, нешто што не смееше да се случи беше повторно да се оди на арбитража во Париз, бидејќи беше јасно дека државата ќе загуби пред истиот суд.Едно од најпроблематичните делови во договорот е обврската да се купуваат 500.000 тони мазут годишно.Тимот обезбеди гаранција за правење нарачки за тековната 2016 година и за сите години од 2011 година до 2016 година, така што Македонија купуваше нешто за што однапред имаше обезбедено каде да го продаде, иако знаевме дека Хеленик немаше да може да го испорача мазутот бидејќи веќе 5 години рафинеријата ОКТА не работеше а тој тип на мазут со тие микро карактеристики/спецификација предвидена во договорот, можеше да се произведе само во таа рафинерија.Зошто се одлучивме на тој чекор!?Прво, рафинеријата ОКТА никогаш немала капацитет да направи 500.000 тони мазут!Второ, како што пишав мазутот со спецификацијата пропишана во договорот може да се произведува само во рафинеријата во Скопје иТрето и најважно, ОКТА не работи од 2011 година, а ги продале и филтрите и други вредни делови од рафинеријата, со што и да сакаа не можеа да ја стават во функција.За таа цел, Владата и меѓународниот тим подготвија предлог закон (треба да влезе во закон бидејќи целата зделка претходно е договорена со закон), со кој ќе се направеше нарачка за сите количини за пет години 2,5 милиони тони мазут.Овој закон и целата процедура беа готови до септември 2016 година кога веќе заради изборниот период не беше можно да се оди на парламентот и затоа, се подготвено со филигрантска прецизност од најдоброи експерти во светот во областа, го оставивме на располагање на новата влада на 31 Мај 2017 година.Наместо новата власт да го започне процесот и државата да се ослободи од обврските кои предвидуваа државата да плаќа за штети по овој договор, таа одлучи да оди на арбитража, каде што тогаш веќе беше јасно дека има 99% шанси да го загуби спорот што и се случи.Со одлука на генералниот секретар на Владата беа разрешени адвокатите и консултантите кои го сочинуваа тимот на големата операција.Дали е тоа намерно направено или од некоја друга причина е работа на потенцијална истрага но нема одговор на прашањето зошто кога целиот план, процедура и закон кој беше одамна изработен за расчистување на штетен договор се прекина.Според информациите до кои дојде нашиот истражувачки тим и за кој ме информираа Хеленик Петролеум е приватна компанија каде најголемиот дел од акциите преку неколку офшор компании наводно се во сопственост на еден човек по име Спирос Лацис.Доколку се спроведеа процедурите, владата ќе и ги вратеше и рафинеријата и нафтоводот во сопственост на државата и немаше да се плаќаат штети, напротив тие ќе плаќаа штети за неспроведување на договорот. И ќе имавме многу по слободен и поконкурентен пазар на нафта и нафтени деривати.И уште нешто многу важно.Покрај оваа голема штета со ОКТА, според моето мислење но и мислење на неколку експерти со кои сме разговарале сега ни спремаат втора штета со тоа што нафтоводот Солун - Скопје ќе стане продуктовод. Тоа за некого нема значење ама за Хеленик Петролеум и за Република Македонија ќе има големо значење.Имено, можете да замислите како ќе беше ако денес во оваа енергетска криза имавме функционална рафинерија за преработка на сурова нафта во готови нафтени производи.Тоа што ОКТА не работи е огромна загуба за државата, најпрофитабилни вакви компании во светот се оние што се внатрешноста.Хеленик Петролеум не инвестираше ништо во рафинеријата, само презема монопол, кој доколку гасоводот стане продуктовод по кој ќе се пренесува преработена нафта од Хеленик Петролеум.Покрај ова околу 2.200 транспортери во Македонија кои досега работат транспорт на нафта ќе останат без работа, а тоа се 2.200 семејства, бидејќи транспортот со камиони ќе биде поскап од транспортот со продуктовод.Да прашам која конкурентска нафтена компанија може да увезе нафта освен ОКТА со продуктоводот и дали ќе биде поефтина од нафтата што се носи преку продуктоводната линија? Такво нешто нема да се случи!Дали тоа значи дека ќе биде уништена и конкуренцијата во Македонија, бидејќи никој нема да може да конкурира на транспортната цена на продуктоводот кој го поседува само една компанија.Да ги прашаме надлежните, дали се свесни дека ОКТА официјално не работи и за евентуално пак да работи треба поправки кои би чинеле најмалку околу 80 милиони евра?За крај да прашам кој преговараше со Хеленик Петролеум и ОКТА за да се блокира процесот кој го изработивме во 2016 и целосно подготвен го оставивме на новата влада која го блокира процесот пред да го започне?За оваа штета треба некој да одговара, независно дали е направен од аматеризам или коруптивни мотиви. Власта има огромен потенцијал за сомнеж за двете.Со овој договор и со чекорите што ги превзема оваа власт предводена од СДСМ штетата од договорот со продажбата на ОКТА не е 20 или 40 милиони евра, граѓаните ќе го платат целиот 20-годишен монопол, а сегашните неспособни ќе плаќаат и за следните 20 години, па штета да достигне и до една милијарда евра.Иако немам информации, сега може да се случи грчката компанија да понуди на Македонија, да не им ја плаќа оваа штета, а за возврат да ги добие акциите на државата во нафтоводот и да не плаќа ремедијација на земјиштето, па со тоа да може официјално да ја затвори ОКТА.Ќе им остане пазар на кој друг никој нема да може да им конкурира заради транспортниот трошок и уште побарувања за милионски штети“, додава тој.

Коментари | пред 2 години

zaev-gruevski

Груевски брутално му врати на Заев: Оддеднаш кога не ти е се под контрола, те фаќа таква нервоза и ти излегуваат “бели коњи” пред очи

„Белиот коњ како метафора на ноќна мора“Првиот знак на човечката глупавост е целосно одсуство на срам”Зигмунд Фројд, (1856 - 1939) — австриски невролог, основач на психоаналитичката школа за психологијаОва е она кога цел народ и цел свет на видео снимка прибавена законски со одлука на обвинител и судија, те гледа и те слуша како најдиректно и отворено бараш мито, бараш поткуп, бараш пари од локален бизнисмен, му објаснуваш дека сите други како него во градот редовно и безпоговорно си плаќаат мито, па жртвите ги редиш и по име, и отворено објаснуваш дека парите од митото се за тебе лично, користејки ја својата политичка моќ која ти ја доверил народот во општината“, вели поранешниот премиер Никола Груевски.Потоа ти средуваат со судот (кај Добрила Кацарска) да се погазат доказите против тебе кој самиот суд ги обезбедил и да се погази правдата пред очите на цел народ за да се овозможи да го направиш националното предаство кое си го договорил однапред, со насилна и со недозволени средства промена на името на државата, името на нацијата и на јазикот како и одкажување од историјата, како онаа од античкиот период, така и сета друга македонска историја до пред 75-76 години.За награда те оставаат да продолжиш ти и твоите блиски да бараш поткуп и да ја пљачкаш државата и народот уште неколку години, најбрутално да ги прогонуваш твоите конкуренти во политиката за политички да не те загрозат и подолго да владееш, со злоупотреба и притисок на правосудниот систем и паралелно на сето тоа да глумиш “чесен” човек што искрено се бори против криминалот и корупцијата.И сета таа налудничавост ја тераш без трошка срам уште и силно верувајки дека народот во Македонија и насекаде е толку многу глупав , толку многу лесно се лаже, па штом молчи значи дека ти верува дека си чесен и дека се бориш за него.И по некое време одкога ќе одслужиш и ќе ти кажат “доста ти беше”, оддеднаш кога не ти е се под контрола и ти се појавува и најмала НЕИЗВЕСНОСТ, те фаќа таква НЕРВОЗА и ти одеднаш ти излегуваат “БЕЛИ КОЊИ” пред очи, па притисок врз правосудниот систем кој до тогаш си го правел колку што си можел потајно и подискетно, одеднаш губиш контрола врз себе и го претвораш во јавен притисок на правосудниот систем и нова лична и на оние кои те подржуваат бламажа, а слугите кои си ги задолжил од најниско ниво па до врвот во државата те следат. Само ќе видиме до кога…И да завршам со Фројд со кого почнав: “нервозата е неспособност да се поднесе неизвесноста”, додава тој.Претнодно поранешниот премиер Зоран Заев реагираше на социјалните мрежи во врска со укинатата пресуда за Сашо Мијалков.„Што е следно, Мијалков да стане директор на АНБ, а Груевски да се врати невин на бел коњ? Па и утре да станеме членка на ЕУ тоа нема да го испере овој срам и блам“, напиша меѓу другото Заев

Коментари | пред 2 години

gruevski-5432

Мојот концепт беше да станеме горди со она што сами ќе го заработиме, а не да рипаме од радост донација кога ќе ни дале, вели Груевски

Водачите ги диктираат вредностите преку својата работа, однесување и вредности. И преку она на што се многу горди. Каква култура на живеење, размислување и работа диктира власта секојдневно преку мас медиумите, поголем дел од луѓето барем делумно и најчесто несвесно го следат и копираат тоа! Ако успехот, гордоста, активностите и целите ти се донациите, на тоа ќе останеш и тој дух и вредности ќе ги наметнеш пошироко. Однадвор гледано тоа е слика на духовна јад и беда, вели поранешниот премиер Никола Груевски.„Убаво е што ЕУ ни дала грант. И порано ни има давано грантови. Го поздравувам тоа. Треба да сме благодарни.Но, јас тоа никогаш не го сметав за голем наш успех или нешто со што треба да сум посебно горд и многу да се фалам како премиер, но и ние како нација. Прикладно ќе се заблагодаревме, ќе објавевме за да знае народот бидејќи тоа и самата ЕУ го бараше од нас заради градење на попозитивна слика за нив во Макеоднија. И тоа е сосема во ред.Но, правењето безмалку рекламна кампања со спот, гордеење и големо фалење дека како држава сме добиле пари на подарок, за мене е незабележливо внесување на вредност на “просјачки дух” кај народот и дух и менталитет на роб.Јас одбивам да прифатам мојот народ да живее со ропски менталитет и со колективна свест на питач. Не само што нагласено не изразував гордост и чуство на некаков неверојатен успех кога ни даваа грантови, туку признавам дека малку се чустував непријатно, иако истите многу ни беа многу важни, често и сами ги баравме, а понекогаш беа дел од некаква регионална помош, еден дел припаѓаше на нас, па само формално беше нашето барање.Мојот концепт беше да станеме горди со она што сами НИЕ како држава и народ ќе го заработиме, со она што ние ќе го создадеме, изградиме, смислиме или уредиме.Успехот е да креираме нова вредност со нашиот ум, со нашите раце, со нашите луѓе, со нашето знаење, со цврста волја, амбиција и креативност.Е тоа кога ќе се случеше го воздигнував и правевме кампањи и реклами со тоа. Не само заради политички и пропагандни цели, што е нормално во политиката, туку неприметно и постепено да го извадам она што со векови е всадувано кај нашиот народ низ вековите наназад од разни владетели на Балканот и на Македонија, всасувано кај нашите предци а преку нив пренесено и кај многу од нас, она ропското и питачкото во нашиот менталитет. Не кај сите, се разбира, но кај актуелната власт дефинитивно. И наместо тоа, постепено да се наметне вербата за можноста секој човек да успее со своја работа, труд, иновативност, знаење, чесен пристап и упорност. Државата да успее како збор на многу индивидуални успеси и способноста и знаењето на водачите и луѓето околу нив.Да разбереме дека НИЕ Македонците и сите граѓани на Македонија, не сме ништо помалку способни од нив, од оние кои ни подаруваат бидејќи не сожалуваат или бидејќи сакаат со тоа да имаат влијание на нашите одлуки или да креираат простор за некои други наши одстапки лон нив, и дека НИЕ можеме да успееме и да заработиме, да создадеме, научиме и изградиме!И потоа ние да помогнеме на други, како што многу успешни поединци Македонци и наши граѓани од сите етнички заедници со своето знаење, капацитет и способност помагаат на многу места низ светот и во Македонија. Како што јас на пример помогнав да се воведе ДДВ, нов платен промет, фискални каси и уште неколку други проекти во соседна Србија во 2003та на пример. Како што многу мои соработници од тоа време кои дојдоа од дијаспората во 2006 година и се приклучија на владата, донесоа нови знаења и нова вредност и така помогнаа, како што многу наши граѓани кои се менаџери во познати мултинационални компании низ светот, познати лекари, инжињери, барани мајстори или советници во разни области го прават тоа.Како што многу спроведени реформи во Македонија ги превземаа многу земји од регионот, кога нивните премиери тивко и учтиво замолуваа да им испратам некој стручен човек од мојот тим за да им го пренесе знаењето и искуствата за некој проект или реформа и кај нив (од учтивост и коректност нема да ги спомнувам оние на кои сме им помагале на неформална и дискретна основа), да превземат нешто во што станавме најдобри.Тоа треба да е нашиот дух! И индивидуален и колективен.Тој треба да победнички а не ропски! Успеси а не степенување на мизеријата.Еееј, имаме своја држава 31 година, а уште менталитетот кај власта, а преку нејзиниот пример и кај голем дел од народот ни е некој “од горе” да каже, да одобри или да ни даде нешто на нам “сиротите”!Неслучајна во еден период се спроведоа кампањите “Ти си Македонија” или онаа кампања за поттикнување на иновативен и претприемачки дух кај граѓаните, со стотици примери на луѓе кои успеале на планетарно ниво почнувајќи од гаража или од идеја додека пешачеле, почувајки само со добра идеја, потоа многу работа со многу ентузијазам, самодоверба и амбиција и без посериозен почетен капитал. Или пак онаа кампања која го промовираше знаењето и образованието како највисока вредност и шанса за успех во животот: “Знаењето е сила, знаењето е моќ”(реченица која уште ми одѕвонува во ушите кога како дете мојата баба Благородна Мијалкова, која беше мој голем учител во младите години постојано ми ја повторуваше како нешто што нив ги учеле и им го наметнувале во училиштето во Штип, некаде кратко после првата светска војна кога Македонија е под српска власт, па оргиналот гласел: “знање је сила, знање је моћ, учите децо дан и ноћ”).Нема мали и големи земји кога станува збор за успехот!Нема ни мали или големи луѓе! Се зависи од нас! Од нашиот ум, од нашата воља, знаење, работа, труд, посветеност, верба во себе и креативност!Многу помали земји од Македонија се супер успешни, напредни и богати.Многу луѓе од заостанати земји или провинции, од некое село кое не можете на карта да го најдете од Индија, Камбоџа, Еритреа, Зимбабве или од Балканот, биле и се лидери низ светот во многу свери.Талентот најчесто е 5-10 отсто, другото е работа, воља, амбиција, посветеност и труд. Но, пред се свесноста за сето тоа.Нема предодредени нации и поединци за успех и истовремено предодредени за живеење од донации или од питачење. Бог дава шанса на сите и секого. Колку ние ќе ја искористиме, од нас зависи. На што ќе ги насочиме мислите, тоа ќе го имаме.Се зависи од нас и нашиот ум! Се е во умот!На што ќе се радуваме и за што ќе се бориме, тоа ќе го добиеме. Познатиот монах отец Тадиј имаше една книга со наслов “Какви ти се мислите, таков ти е животот”. Кога ја прочитав, сватив дека тоа е голема вистина. Подоцна истата мудрост ја најдов и во делата на познати психоаналитичари и филозофи.Ако се бориме, радуваме и гордееме за донација, ако донациите се нашата врвна цел, донации ќе добиваме и ќе живееме во состојба на постојана зависност и мизерија.Ако се бориме следната фабрика и следниот нов истражувачки центар на “Тесла” да е во Македонија, шансите тоа да стане наша реалност се големи.Само треба фокус на тоа, памет и професионален пристап! Ако чекаме милосрдие, максимумот што може да го добиеме е - милосрдие. Ако мислиме како да создадеме некоја вредност, некоја иновација во било која област, некаков продор со кој ќе имаме впечатлив успех, тоа ќе го создадеме.Филозофија на сиромавиот е како да заштеди, со помалку да преживее, да добие нешто на подарок, да добие милосрдие и вечно да се заблагодарува за испросеното.Богатите се богати затоа што тие не мислат и не се преокупирани само со тоа како да заштедат, туку пред и над се како да заработат со добра идеја, со иновација, креација, работа, тим, брзина и умешност во настапот!Ние на пример ја прекинавме праксата да чекаме донации на опрема и апарати во здравството, што беше воспоставена пред 2006 година од нашите политички конкуренти. Ја издигнавме економијата, и штом ја издигнавме, таа почна да ни носи и повеќе пари во буџетот, па имаше доволно пари сами да си набавиме стотици и илјадници парчиња апарати и опрема за здравството. Како што купивме и авиони за гаснење пожари наместо секоја година да молиме помош други да ни пратат. Не! Ние почнавме да им нудиме ним! А можевме и поинаку. Да продолжиме да молиме и да просиме.Јас велам аман веќе од гордење и создавање чуство на среќа за нешто испросено! Тажна беше гледтката кога по примерот на Сиднеј, градот Скопје започна една традиција на заеднички појадок на граѓаните на мост, на многу народ што сака да дојде. Храната ја снема за 10 минути. Некој ќе рече-сиромаштија е. Јас велам: не е само тоа!Затоа на власта и порачувам: земете ја донацијата штом ви ја даваат, соопштете како што е прикладно, но фалете се, и демонстрирајте гордост со нешто што е од вас создадено, гордејте се со друг вид на успех!Вака народот ќе почне да ја доживува ЕУ само како шанса за повеќе донации, а не отворен пазар со големи шанси за успех во бизниси и со тоа нови работни места и повисок стандард, со повеќе можности за образование, наука и.т.н.Оти со тоа што се фалите, таков дух и кај народот градите. Ако власта со години само е горда кога ќе ни подарат нешто и духот на народот станува постепено таков.Исто е и ако главните луѓе во државата на пример безочно лажат, по некое време тоа станува тренд и нормална работа и меѓу дел од народот кој ги следи “водачите”! Дури кај некои групи и тренд или мода. Луѓето во себе си велат: “види го овој, министер е, или премиер а постојано и без срам лаже. Значи и јас треба да лажам и да не ми биде срам за да успеам”. И по некое време, сваќате дека лажењето и измамите меѓу луѓето завземале неподносливи граници.Ако владата стане најуспешна во регионот во повеќе области, и кај народот се поткрева духот и самодовербата, се охрабруваат и се амбицираат и граѓаните како поединци да успеат.А можат! Јас знам дека можат! Инаку не би го пишувал ова! Им треба само рамен терен за игра, правда, еднакви можности, добри примери во општеството за мотивација и подршка од државата во почетокот, па ќе видите како оддеднаш ќе имаме нови ѕвезди во бизнисот, земјоделието, здравството, медицината, инжињерството итн.Се сеќавам како овозможивме секоја година најпрвин по 500 а подоцна по околу 1000 лекари и медицински персонал да одат на обука во понапредни клиники и болници, во понапредни земји, за да научат нови методи и да ги применат во Македонија.На почеток не можевме да формираме група, одговорните ми кажуваа дека со молење, па дури и со благ притисок одеше. Ми пренесоа дека некои лекари тоа го чуствуваат како понижување, демек не се доволно стручни па сега ќе ги праќаме на обука да работат во друга болница под надѕор на друг лекар кој исто така завршил исто образование како и тие и работеле во болници како и тие кај нас. Но подоцна, одкако заминаа и се вратија две-три групи, кога се препознаа позитивните можности, комплетно се промени атмосферата и стана престиж и натпревар кај многу од лекарите да се оди надвор кај најнапредните и да се донесе ново знаење и нови техники.Оддеднаш некои лекари станаа многу по ценети и барани бидејќи се препозна дека знаат повеќе и подобро од другите.Потоа сите сакаа да одат и имавме повеќе кандидати од слободни места за работни обуки во странство.Секогаш кога имав политички или патувања со еконосмки цели во понапредните здравствени системи, бев кажал на кабинетот обавезно да се потрудат да се предвиде и посета на најдобрата клиника таму за лично како премиер на државата да го замолам менаџментот на таа клиника во САД, Велика Британија, Германија, Франција, Белгија, Холандија, Австрија, Русија, Кина, Италија итн да примат наши лекари и медицински персонал и да ги обучат за нешто, за некои нови методи за интервенција или нови начини на дијагностицирање или операции, испитувања и сл. што тие го знаат, а нашите лекари сеуште не. Никој не нѐ одби, ниту една клиника, а еден дел самите понудија да ги покријат дел од трошоците за сместување или гостите да ги примат во апартмани кои припаѓаат на тие клиники.Се враќаа горди луѓе, со поголема самодоверба, полни со ново знаење и елан!За жал, само што дојде СДСМ на власт оваа програма се укина, како што се укина континуираното купување опрема и апарати за здравството за пак да се вратиме главно на донации, со ретки исклучоци.И тоа е исто така злосторство кон сопствениот народ.Ви гарантирам, да останеше оваа програма уште 10 години, независно кој е на власт, други поназадни држави од нашата, ќе праќаа лекари на обука во Македонија, а шест од тие 10 години веќе поминаа.Така направивме и со централниот регистар во 2001-2002 година кога истиот не постоеше во Макеоднија и ретко кој знаеше воопшто што е тоа.Побаравме помош во знаење, експертска помош, од Норвешка која тогаш беше европски лидер во тоа, и добивме. Заедно со стручна екипа заминав во нивниот централен регистер во еден град на околу два часа лет северно од Осло каде во зима речиси воопшто или многу кратко време се разденува, а беше зима со многу снег и многу ладно време. Видовме, прашувавме, анализиравме, научивме, потоа пративме уште неколку технички експерти и други стручни лица, па нивен експерт дојде кај нас, зацртавме што ни треба и визијата ја преточивме во фантастична реалност, го направиме централниот регистер на Македонија.Шест години подоцна на рангирањето на светската банка наречено Doing business нашиот централен регистер веќе беше повисоко рангиран од Норвешкиот. И не само тоа, туку беше прогласен и тоа неколку години по ред за најдобар централен регистер во Европа, прво место! И втор во светот.Ученикот го надмина учителот! Бевме горди и ние, а верувам и учителите. Тоа се работи за кои една влада треба да демонстрира гордост, бидејќи нејзината гордост е истовремено патоказ за многу од граѓаните.Слични ситуации на издигнувања во тоа време имавме и во катастерот, царината, во управата за јавни приходи и во други области и институции.Премиерите од земјите од регионот ми се обраќаа за помош. Помагавме. Беа многу благодарни, но со тоа, не само угледот туку и влијанието на Макеоднија порасна во нивните очи и кај нивната администрација.Така се гради силна држава и горд народ! А не со прослави и спотови за добиени подароци, кои порано или подоцна ќе се потрошат и пак ќе останеме да молиме за помош.Во духот на познатата кинеска мудрост, ќе кажам да го научиме народот сам да си ја лови рибата (и би додал да е горд на тоа), а не друг да му подари риба за еднаш да се најаде. Задоволството ќе трае кратко, до следното огладнување, кое биолошки неминовно и неизбежно со 100% сигурност ќе дојде за неколку часа!П.С. Д-р Виктор Камиловски на пример сеуште кога понекогаш ќе се слушниме по телефон ми раскажува дека тој ден направил некоја успешна операција на рамо или некој зглоб со метода која ја научил на некој од тие обуки во САД и низ Европа, а дел од тие методи ги прави само тој во Македонија! Чуствувам кога раскажува како тој е горд. Горд сум и јас, што сум иницирал, организирал и овозможил тоа да се случи.Таква гордост и треба на Макеоднија!А не да рипаме од радост донација кога ќе ни дале“, додава тој.

Коментари | пред 3 години

Нема фотографија

Славески: Мијалков е најголема грешка на Груевски

Долгогодишниот професор на Економскиот факултет и член на Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Славески во интервју за „Фокус“ го објаснува неговиот став за шефот на тајната полиција, Сашо Мијалков и зошто смета дека тој е најголема грешка во владеењето на Никола Груевски.ФОКУС: Зошто ве разреши Груевски?СЛАВЕСКИ: Веројатно имал испланирано некој за ова место. Многу беше лошо кај Груевски тоа што не се чуваше од тие тесни кумски, роднински врски, кои многу му наштетија. Во 2006 година бев запрепастен кога слушнав дека Груевски има намера неговиот прв братучед Сашо Мијалков да го стави како шеф на Управата за безбедност и контраразузнавање.ФОКУС: Зошто сметавте дека Мијалков е лош избор?|СЛАВЕСКИ: Прво, поради роднинската врска, а второ поради неговото минато во Агенцијата за воено разузнавање.ФОКУС: Какво е неговото минато?СЛАВЕСКИ: Еден наш сојузник од Соединетите Американски Држави, а тоа го има кажано и поранешниот премиер Љубчо Георгиевски, во три наврати барале смена на Мијалков од неговата функција. Се покажа дека неговото поставување подоцна било најголема грешка.ФОКУС: Меѓутоа, сите најблиски соработници на Груевски му беа или роднини, или кумови?СЛАВЕСКИ: Тоа да.ФОКУС: Му го кажавте вие вашиот став за Мијалков?СЛАВЕСКИ: Еднаш му го кажав, ама видов дека нема ефект. Јас често укажував за некои недоследности кај некои функционери. Одредени медиуми, кои во тој период го поддржуваа ВМРО-ДПМНЕ заради лукративни причини, со оној катастрофален модел на рекламирање во медиумите и полнењето со пари ја поддржуваа владата и Груевски, а беа критички настроени кон мене.Му кажував често дека додека сме на власт, никој не треба да влегува во матни зделки и криминал. Тој само ќе одговореше дека тој одговара за луѓето што ги поставил. И што направи, си наштети себеси, на своето семејство, на партијата, на државата.Целото интервју прочитајте го во новиот број на неделникот Фокус кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.Ирена Мулачкапреземено од фокус.мк

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања