Мигранти, враќање на Груевски, тендери, контроверзии, Влада! „Претрес“ на министерот Андоновски
4AU6H_PQ96M

груевски

gruevski-kamcev

Груевски се подбива со Камчев: Секој што ќе ме обвини, ослободете го од гонење

Проанешниот премиер Никола Груевски на социјалните мрежи објави статус преку кој предложи амандман доколку дојде до промена на уставот. Тој во продолжение ја сподели и веста дека бизнисменот Орце Камчев пред неколку дена излегол на слобода, откако неодамна побарал спојување на двете затворски казни на кои беше осуден.„Доколку евентуално дојде до промена на уставот во скоро време, предлагам уште еден амадман кој би бил во правец да секој кој ќе ме нападне или обвини, кој ќе измисли некаква афера или ќе ми стави нешто на товар, ќе ме наклевети, ќе се согласи лажно да сведочи во поткрепа на политичките обвиненија, или стане активен и корисен соработник на правосудните органи против мене, независно во која фаза на процесот, независно што зборувал и изјавувал претходно и независно од кои мотиви го прави тоа, да биде целосно ослободен од било какво гонење.Да не се мачат политичарите, обвинителите, судиите, лицата под политички прогон, затворските институции, контролираните медиуми а и оној дел од јавноста која сеуште не ги разбира работите во смисла што всушност се случува, да биде на чисто“, вели Груевски.

Коментари | пред 3 години

gruevski-mala

Груевски прашува: Ќе имало храна, струја и греење!!!? Што е следно? Вода и воздух?

До кое дереџе дојде Македонија!!!? Премиерот се бори да има храна оваа зима, и гордо соопштува на народот дека храна ќе има!!! Ако некој низ Европа ова го прочита, првата помисла ќе биде дека тоа е изјава на премиерот на Етиопија или некоја друга африканска држава а не Македонија, вели поранешниот премиер Никола Груевски.„Едно време се гордеевме дека ќе има ваучер за бесплатен компјутер/лаб топ за сите бруцоши, пари за секое семејство кое ќе добие трето дете или субвенции за странски туристи и нови линии на ниско тарифни авио компании, со кои Македонија се поврза со многу градови и држави. Автопати, возови, голем број нови фабрики и работни места донесени од нас со наш директен ангажман, нови економски политики и убедување, а сега битката е…за хранаПлус горди сме сега дека ќе има струја и греење.Дали ќе има храна во моментот е прашање само во земјите во Африка. Во Европа тоа не е тема.Исто е и за струјата. Во ниту една европска земја во моментот нема тема во јавноста дали ќе има струја, само цената е дискусија, која веќе паѓа, како што паѓа и цената на гасот онака како што прогнозираше финасиската корпорација Голдман Сакс уште на почетокот на септември кога изјавија дека во текот на зимата штом ќе се свати дека Европа се снашла со гас, цената ќе почне да паѓа. Таа веќе паѓа а уште зимата не е простигната.Дали ќе има (доволно гас за) греење, беше тема во Европа кратко време, неколку месеци, но веќе неколку недели тоа воопшто не е тема одкако Европа има проблеми со вишок на гас бидејќи нарачаа прекуумерени количини гас со бродови, па сега ги враќаат бродовите оти веќе немаат каде да го сместат гасот.Македонија троши гас колку една просечна цементара во Европа а премиерот и владата бара аплаузи од нацијата дека во вакви услови нашол гас.Би можело и многу повеќе да се троши гас во Македонија, но шеста година одкако дојде актуелната власт не се доделува концесија на инвеститор за секундарна гасификација со што без државни вложувања ќе се изгради разгранета мрежа приклучоци на гас, која примарните гасоводи ќе ги поврзе со фабриките, приватните компании, институциите и домаќинствата.Не се пуштаат во употреба и нема секундарна гасификација на претходно завршените гасоводи кумановско Клечовце-Св.Николе- Штип, и Штип-Радовиш-Неготино/Кавадарци. На толку многу инвестирани пари од буџетот, шест години да не сте заинтересирани од сето тоа граѓаните да добијат полза, тоа е рамно на злочин кон државата и народот.Ниту пак полза има народот од постоечкиот гасовод Крива Паланка, Куманово и Скопје, кој им поминува “покрај дворот”.Објавениот јавен повик за концесионери за секундарна гасификација за цела Макеоднија пред изборите во 2016 година беше сопрен. Исто како што беше сопрена и изградбата на клиничкиот центар во Скопје како и гасната централа во рамките на истиот.Да не се сопреше се ќе беше поинаку.Без малку се се сопре што го бевме почнале а не стигнавме да го завршиме.Ене ги факултетите за физичка култура и ФИНКИ кај ТЦ Мавровка, стојат не допрени од тогаш, како споменици на едно време на неработење, злоба и неспособност.Патот преку Водно до Сопиште, е целосно готов од јуни 2017 година, не го пуштивме пред заминување бидејќи се поставуваа банките од страна на патот кои еден месец подоцна се завршија.Зошто не го пуштаат?Од многу приземни причини, од завист и од инает бидејки е дело на нивните политички конкуренти и оти не ги бива да направат нешто подобро!Да не зборуваме за автопатот Кичево-Охрид, 50% завршен уште во далечната 2016 година.Двата веќе легендарни километра автопат што долго ги ветуваат и најавуваат на ветениот автопатот Скопје-Блаце кој треба да е 14 километри долг, веќе се за забавна рубрика и кога ќе го направат мислам дека ќе има повеќе смеење одколку честитки, исто како и со оној мал дел од делницата Кичево-Охрид кој уште пд пролета го најавуваат за наскоро.Но да се вратам на темата. Не се завршуваат ни започнатите со градба гасоводи од Скопје кон Тетово и Гостивар и од Кавадарци до Прилеп и Битола.И не се почнува градба на нови гасоводи за сите населени места да имаат пристап до гас.Ќе имало храна, струја и греење!!!?Што е следно?Вода и воздух?А какви беа верувањата…?!П.С. Ако малку низ шега сакаме да погледнеме на македонската трагедија би рекле дека за ЖИВОТ е доволно храна, струја и греење:)“, вели Груевски.

Коментари | пред 3 години

goran-koseto

(ВИДЕО) Ќосето за изјавата на Мицкоски за Груевски: Ј*бете се, како не ти е срам!

„Оној кој што е бегалец од правдата, треба да се соочи со правдата, тука да немате дилема. Потерницата си е потерница, ако мислите дека ние ќе ја бришеме таа потерница за лица кои што се осудени кои што имаат правосилна пресуда, мислам дека кај господинот Груевски нема се уште таква пресуда. Секој оној кој што си е правосилно осуден треба да си одговара“, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за А1 он.На ова реагираше Горан Ангелов кој е осуден на 12 години затворска казна за случувањата во Собранието на 27 април .„Ова е и значи и за 27 Април ,пошто сме правосилно осудени треба да си лежиме за “ТЕРОРИЗАМ”‼️Абе ЈЕБ*ТЕСЕ ,како не ти е срам“, вели Ангелов.Потоа тој на Фејсбук објави нов статус.„За кои пресуди зборуваш?! Оние од Кацарска и Русковска, нели беа “Кацарска судство ‘ или сега ти се арни!?“, напиша Ангелов.

Коментари | пред 3 години

gruevski

Груевски за потпишувањето на договорот со Фронтекс: Ова разбирам дека е некаква кампања за некоја следна одстапка на национален план

Поранешниот премиер на Република Македонија, Никола Груевски испрати порака преку социјалните мрежи по потпишување на договорот со Фронтекс на македонски јазик.Во продолжение следи негоаата објава од Фејсбук.„Ова со потпишувањето на договорот со ФРОНТЕКС на “НАЈЧИСТ” македонски јазик, разбирам дека е некаква кампања за некоја следна одстапка на национален план, со која треба да ни се набилда егото дека поразите и капитулациите на национален план всушност се победи, но незнам дали навистина народот толку затупел или овие од власта така го третираат и доживуваат? Сите меѓудржавни договори и договори со меѓународни институтиции, и порано и сега, и во иднина се потпишуваат и ќе се потпишуваат на македонски јазик, со кирилично писмо, кој нема чиста или нечиста верзија, нема две или повеќе верзии, ниту се потпишува на дијалекти и најчесто покрај на македонски јазик се потпишува уште и на англиски и/или некој друг јазик, зависно со кого потпишуваме. На ист начин функционираат сите држави. Никој досега не побарал од Македонија да не биде така. Тоа не е предмет на спор или дебата со никого. Тоа не е тема во ниту еден спор.Отворениот спор од надвор е за тоа како се викал тој јазик(плус нација/националност и историја) до 2. Август 1944 година, а не како се вика потоа и денес.Како се викале јазикот, историјата и нацијата до август 1944 година. Дали сите предци на оние кои денес се произнесуваме Македонци, реално се чуствувале бугари по националност, говореле бугарски јазик а нашата историја до тој момент дали е бугарска. Никој, апсолутно никој, досега не побарал од Македонија да не го користи македонскиот јазик во усна или писмена комуникација со неговото кирилично писмо во земјата или надвор, како и во меѓународните договори или да го замени со чешки, грчки или дански или пак бугарски или српски.Од секогаш во политиката насекаде имало т.н. спинови и пропагандни кампањи и флоскули, ама никогаш немало толку евтини и приземни. На прва би рекол дека ја потценуваат интелегенцијата на цел еден народ, но кога подобро ќе се размисли всушност тоа е само ниско ниво на интелегенција на власта и оние кои им ги осмислуваат, подржуваат и учествуваат во овие кампањи.По оваа логика, власта може да направи нова кампања, а потоа да прослави голем успех и јавно на плоштадот Македонија да отвори можеби и славенички шампањ, дека на пример владата испратила телеграма со честитки за католички Божиќ до папата, или до некој претседател или премиер на ЧИСТ, НАЈЧИСТ, НАЈ НАЈ ЧИСТ, ОРГИНАЛЕН, ОРТОДОКСЕН и 100% македонски јазик. И плус литературен! Или каков друг збор нема да им падне на памет… И?Ние сите демек треба да “паднеме во несвест” и да го отцениме тоа како некоја голема победа за Македонија и да честитаме на владата? Неверојатно е со какви глупости го занимаваат народот или само мислат дека го занимаваат. После поминат долг период во политиката одговорно им тврдам дека помала фрустрација и бес ќе создадат, иако и таа сеуште ќе биде мошне голема, ако отворено, искрено и без интриги и вакви трикови кажат што и зошто прават, колку и тоа да не е исправно. Наместо луѓето да ги прават “будали” кои не само што ќе треба веруваат во тоа, туку и да прослават триумф!Народот, граѓаните, луѓето во Македонија, дури и кога длабоко не се согласуваат со нешто, ја ценат искреноста, која сама по себе преставува искажување на минимално ниво на почит кон другиот.И спротивно, бесот и гневот се удвојува кога покрај се, уште и се мамат со трикови кои тешко поминуваат и кај деца од 10-12 годишна возраст.Всушност тоа е универзално правило“, напиша Груевски.

Македонија | пред 3 години

izjava-zaev.Still072

Груевски: Критикуваа, а денес се горди на плодовите од истото и честопати се обидуваат тоа да го прикажат како нивна заслуга

Не плукај по нешто со што утре можеби ќе бидеш горд на истото. Ќе ти биде непријатно, вели поранешниот премиер Никола Груевски.„Ова соопштение на владата денес за изградбата и отворањето на втората фабрика на Кемет Електроникс, со задоволство ме потсети на две работи.Првата, кога почна градбата на мултинационалната компанија Кемет Електроникс во Македонија, претседателот на компанијата јавно истакна на говорницата во самата технолошко индустриска развојна зона дека претходно незнаеле ништо за Македонија и речиси имале донесено одлука за инвестирање во друга држава, кога случајно во хотелската соба при едно свое патување ја видел рекламата на CNN за инвестирање во Македонија.Одкако ги слушнал основните услови за инвестирање само телефонски се јавил на своите соработници да испитаат дали сето тоа е точно.Одкако испитале и го информирале дека се е точно, плус дополнително ги провериле другите работи кои ги немаше во кратката реклама од 30 секунди, се донела одлука инвестицијата наместо во другата држава каде претходно планирале, да биде во Македонија. Така настанаа тие први директни 400 работни места во првата фабрика на американската корпорација Кемет Електроникс, кој заедно со втората фабрика ќе бидат 760 нови директни работни места.И уште којзнае колку индиректни работни места.Секако на сето ова му претходеше огромна реформа со која неколку години бевме прогласувани за една од 10 најреформски земји во светот од страна на светската банка во Вашингтон, со која меѓудругото значајно се намалија даноците и се воведе рамен данок, Македонија стана земја со најниска ефективна даночна стапка во светот од 7,4%, се спроведе регулаторна гилотина во неколку фази со која значајно поевтинија или се укинаа или забрзаа многу непотребни или долги процедури и трошоци кои бизнисот го направија многу полесен, поевтин и поедноставен, а Македонија се искачи во првите 10 држави во светот и меѓу првите пет земји во Европа на листата на Светска банка за леснотија во правење бизнис(Doing Business). Претходно бевме меѓу 90. и 100. место во светот на ова исто рангирање на Светската банка.Ништо не ни дојде ниту случајно, ниту без многу труд, работа и знаење. Во овој случај уште поголемо ни беше задоволството што се покажа дека нашата одлука да земјата се рекламира за инвестиции и за туризам на CNN international и на други меѓународни медиуми се покажа за многу исправен потег(за жал веќе од 2017 година е запрено), иако и ова беше силно критикувано како непотребно трошење пари од тогашната опозиција а денес власт, која е горда на американската фабрика за електронски уреди Кемет Електорникс.Втората работа на која со задоволство се присетувам е што 80-90% од сите фабрики кои ги носевме доаѓаа со краткорочен и долгорочен план на околу 10 години кои ни го презентираа и со кој влегуваа во преговори со владата.Краткорочниот план беше само нивната прва фабрика која сите од нив ја изградија уште во тие години, а дел од нив и втората, а среднорочниот и долгорочниот план содржеше уште најмалку една а често и две нови фабрики доколку им понудиме добри услови, па така кога преговаравме, преговаравме за условите за целиот пакет, односно за сите нивни фази во остварување на нивниот план.Со обзир дека тоа се многу сериозни компании, невозможно е да излажат и тие сите до една си ги реализираа или се во тек на реализација или пак им престои реализација на нивните ветени и преставени долгорочни планови за инвестирање во Македонија, што всушност се нови фабрики во Македонија.Постојат повеќе причини зошто во последните шест години нема многу нови грин филд странски директни инвестиции кои ги пронашла, им пристапила и со своја активност и свои луѓе и политики ги привлекла актуелната влада. Тука не влегуваат оние компании со кои ние ги бевме завршиле или привршиле преговорите, а инвестицијата се случи по нашето заминување од власт.Но, тие причини не се тема на овој текст.Мотото на овој текст е “неплукај по нешто со што утре можеби ќе бидеш горд со истото. Ќе ти биде непријатно!”Го критикуваа начинот на кој ние привлекувавме инвестиции, преку министри кои ги привлеков од дијаспората со реално и одлично искуство во мултинационални компании.Ги критикуваа промените во законите кои ги направивме за да привлечеме повеќе инвестиции.Критикуваа и за тоа што во 34 града во светот пративме промотори за инвестиции кои секој ден тропаа на вратите на канцелариите на претседатлеите на компаниите за да им зборуваат за Македонија.Критикуваа што правевме роуд шоу низ повеќе држави и градови за преставување на потенцијалите и условите за инвестирање во Макеоднија.Критикуваа и за висината на почетните плати во тоа време, сме правеле робовладетелско општество и слични глупости, иако секојдневно објаснував дека политиката на големите корпорации е да тргнат со пониски плати и потоа постепено да ги зголемуваат. Сега во повеќето од овие фабрики платите се поголеми одколку надвор од зоните, а кај дел од нив меѓу најголемите во државата.Го критикуваа рекламирањето на меѓународните медиуми на Македонија како потенцијал за инвестиции и бизнис, и истото за привлекување странски туристи, итн.Денес се горди на плодовите од истото и честопати суптилно се обидуваат тоа да го прикажат како исклучиво нивна заслуга.Јас велам за втората фабрика на Кемет Електроникс сигурно и тие направиле нешто. Најмалку што драстично не им ги смениле условите за инвестирање во зоните и со тоа да ги избркаат, бидејки кога заминав од позицијата премиер, тие беа задоволни од нивната инвестиција во Македонија и условите за правење бизнис“, вели тој.

Македонија | пред 3 години

d_sos20151120017-e1542306005905-1024x578

Груевски со честитка за празникот: Треба да ни се случи нешто, па одредени настани, личности и датуми повеќе да ги разбираме, чувствуваме, вреднуваме и почитуваме!

Поранешниот премиер Никола Груевски се огласи на социјалните мрежи по повод денешниот празник. Тој во својата честитка вели дека понекогаш треба да ни се случи нешто за одредени настани, личности и датуми повеќе да ги разбираме, чувствуваме, вреднуваме и почитуваме!„Нека е честит 11 Октомври денот на народното востание и почеток на антифашистичката борба!Понекогаш помислувам дека треба да ни се случи нешто, како актуелните настани поврзани со толкувањето на историјата (и обидите за) нејзина промена па одредени настани, личности и датуми повеќе да ги разбираме, чувствуваме, вреднуваме и почитуваме!Но кога ќе се присетам дека грешките ги повторуваме, постојано и постојано, упорно и тврдоглаво, си мислам дека сеуште не сме доволно зрели. Барем оние кои во моментот се мислат дека се најзрели само затоа што имаат приграбено моќ…со рок на траење. Едно зборат во пригодните говори, фб статуси и соопштенија, друго прават во реалноста. Штом народот ќе си ја врати моќта…ќе созреат! Само штетата и жртвите во меѓувреме да се поблаги и помали.Македонија ќе ги надживее и овие сатрпи, како што ги надживеа и оние кои исто така се чуствуваа и однесуваа во 1941 година!Нека е вечен празникот и нека е вечна Македонија“, вели Груевски.

Македонија | пред 3 години

pari

Груевски со апел: Гаранцијата на штедните депозити во банките да се зголеми на 100.000 евра за секој граѓанин

Во Македонија веќе 15 години не е покачен износот на штедни влогови во банките за кои граѓаните имаат гаранција дека ако некоја банка пропадне, штедачите ќе бидат обештетени, вели поранешниот премиер Никола Груевски.„Како министер за финасии пред околу 21-22 години, некаде во 2000 или 2001 година предложив и воведовме закон за ова, по кој веднаш се формираше и агенција за обезбедување на штедните депозити на граѓаните, чии резерви се градат и доаѓаат од одвојувања на многу мали процентни износи кои по закон ги плаќаат банките во овој гарантен фонд секој месец.Претходно, пред 2000 година, не постоеше ваква регулатива и немаше било каква гаранција за штедачите, па бевме сведоци на бројни трагедии со самоубиства и други уништувања и лични катастрофи, кога пропаднаа некои штедилници и банки.Со тој закон се предвиде секој штеден влог вложен во секоја банка до 10 илјади евра во секоја банка да биде гарантиран во случај на затворање односно пропаѓање на некоја од банките. Па така ако некој ставеше во 15 банки по 10 илјади евра, можеше да има 150.000 евра кои би му биле гарантирани во случај некоја банка да пропадне.Кога 6 години подоцна станав премиер, некаде во 2007 година овој износ исто така на мој предлог го зголемивме од 10 на 30 илјади евра.И од тогаш цели 15 години нема никаква промена и зголемување. Време е!Мислам дека се созреани условите секој влог на граѓаните во некоја од банките до износ од 100 илјади евра да биде гарантиран од Агенцијата за осигурување на депозити. Народната банка постојано ја зајакнува супервизијата и контролата на банкарскиот систем, но банки повремено од едни или други причини, за време на кризи или вон нив, пропаѓале и пак ќе пропаѓаат насекаде низ светот па повремено и во Македонија.Сега кога веќе годишно има инфлација по 10-15 осто, а со тоа и намалена вредност на парите, зацврстена и стабилна Агенција за обезбедување на штедните депозити, 15 години подоцна, износот од 100 илјади евра е веќе соодветен.Граѓаните на Македонија заслужуваат поголема сигурност и безбедност на нивните тешко заработени заштеди“, додава Груевски.

Македонија | пред 3 години

295610689_1440439763086858_773924361409387838_n

Телохранител на Груевски откри што правел експремиерот додека камерите биле исклучени

На социјалните мрежи се огласи телохранителот на експремиерот Никола Груевски. Тој вели дека Груевски помогнал на многу луѓе, но на крајот како што вели останал само гневот кон него.„Со денови и денови читам недолични навреди кон личност која што мислам дека малку барем добро ја познавам и навистина е премногу за било кој се тоа да се пишува сепак и тој има овде семејство има дечиња има мајка, роднини ,пријатели и сл.Додека бев на служба во МВР како дел од 6 УПРАВА ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ и долги години како дел од тимот за обезбедување на г-от Никола Груевски не навлегувајчи во неговите политичка или бизнис кариера како човек кој што лично го познавам безброј пати помогнал на дечиња да отидат на лекување во странство без за тоа да се спомнува било каде.Безброј пати јас лично сум сведок каде што помагал на многу луѓе кои што имаа здраствени проблеми ,на семесјтва кои што навистина беа финансиски загрозени и многу многу други примери.Но се тоа се заборави остана само гневот кон него што ја отсликува нашата реалност во која што денес живееме“, стои во објавата.

Коментари | пред 3 години

gruevski-i-borkica

(ФОТО) Боркица бара развод од Груевски, судот го бара преку оглас

Боркица Груевска, втората жена на експремиерот и бегалец Никола Груевски, побарала развод. Бидејќи Граѓанскиот суд не може да го најде Груевски, објавен е јавно оглас. Во него стои дека не се знае каде живее експремиерот, дека тој е тужен, се бара развод и дека му е одреден адвокат за спорот.

Македонија | пред 3 години

ljube-boskovski-gruevski

За Љубе бев непријател бр 1, Груевски не ме сакаше за член на антидискриминаторска, кога имаш принципи вратите ти се затворени, вели Најчевска

Професорката Мирјана Најчевска на социјалните мрежи објави статус во кој вели дека кога имаш принципи сите врати ти се ширум затворени.„Бранко не ме сакаше за Народен правобранител.Љубе ме нарече непријател бр 1.Бучко не ме сакаше за член на Изборна.Груевски не ме сакаше за член на антидискриминаторска.Заев не ме сакаше за член на Комисија за реформа на судството.Кога имаш принципи сите врати ти се ширум затворени.Велат сум се менувала со промената на власта.Не се менувам јас и не ги менувам јас вредностите и принципите.Се менуваат тие кои се на власт.И штом ќе дојдат на власт не им се допаѓаат моите принципи и вредностите кои ги застапувам“, вели Најчевска.

Коментари | пред 3 години

Screenshot-2022-04-21-at-18.21.22

Шамарите на Груевски во Центар ги потврди и Врховниот суд

Врховниот суд на РСМ до Основниот кривичен суд Скопје достави решение со Квп2 48/2022 со кое советот на Врховниот суд постапувајќи по барање на осудениот Никола Груевски, поднесенo преку неговиот адвокат, за вонредно преиспитување на правосилна пресуда на Основниот кривичен суд Скопје со К.бр. 1904/16 и пресуда на Апелациониот суд Скопје со КЖ 253/21, а во јавноста позната како „Насилство во Општина Центар“, донел решение со кое барањето се отфрла како недозволено.Согласно провостепената пресуда од 29.09.2020 година, барателот за вонредно преиспитување на правосилната пресуда е огласен за виновен и осуден на казна затвор во трење од 1 година и 6 месеци за кривично дело - Насилство од член 386 став 2 в.в. со став 1 в.в. со член 23 од К.З, која пресуда беше потврдена со пресуда на Второстепениот суд од 10.09.2021.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-04-21-at-18.21.22

„Картонска макета од Груевски ќе ги лежи изречените казни?“, јавноста реагира по новата казна за експремиерот

Кривичниот суд Скопје изрече првостепена пресуда за случајот „Плацеви на Водно“. Никола Груевски, Сашо Мијалков и Јордан Орце Камчев осудени се на вкупно 9 години и 3 месеци казна затвор. Никола Груевски доби казна затвор од 7 години плус парична казна 3500 евра. Ова наиде на многу реакции, особено откако судијата Илија Трпков посочи дека обвинителката Лиле Стефанова докажала дека експремиерот си купувал имот од парите кои симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ иг донирале за партијата. За имотот, Стефанова пак посочи дека е во вредност од три милиони евра. Ова не е прва затворска казна за Груевски, тој претходно е осуден во случајот за набавакта на Мерцедесот и „Шамари во Центар“.https://twitter.com/Berberot2/status/1517561995058425856https://twitter.com/srce_swatko/status/1517559338042372097https://twitter.com/Viktor_Stevich/status/1517205197235400704https://twitter.com/februar1967/status/1517196352329068544https://twitter.com/VidanaDeSign/status/1517192025971568640https://twitter.com/ddimkooooo/status/1517188550319607810https://twitter.com/jabandzija/status/1517180977159753733https://twitter.com/mancesterovec7/status/1517176285478498306https://twitter.com/evrosimoski/status/1517147403459039232https://twitter.com/tviterana/status/1517148364860579841https://twitter.com/DingoOdKratovo/status/1517129249651576832

Коментари | пред 3 години

36730220_10156615781172716_2315088677937610752_n

Груевски со остра реакција по затворската казна: Но, ништо не е вечно… Ќе дојде добро време!

Откако судијата Илија Трпков му изрече седум години затвор за предметот „Плацови на Водно“, експремиерот Никола Груевски реагираше на социјалните мрежи. Тој вели: Македонија живее време на политички мотивирани судења против политички неистомисленици на власта, полошо од периодот на 1949 година“.„Исто како и тогаш: во име на народот. Една модерна инквизиција во која жртвата пред судењето да почне е веќе осудена и неформално е договорена и висината на казната помеѓу спрегата власт-опозиција-судство. Само политиката има сила да го смени тоа, бидејќи таа го создава. Време во кое судиите за да не си направат личен проблем за себе, во ваквите процеси не судат по закон и со реални докази, туку прифаќаат изјави на уценети сведоци од обвинителството и власта кои се темелат на претпоставки, па така и ги именуваат (самите тие сведоци не кријат дека кажуваат претпоставки) и како тежок преседан се прифаќаат како неспорни докази лажни искази на обвинети на кои во истиот и/или во други предмети кои ги води истиот обвинител им се заканува сериозна казна, па за да се спасат од прогонот подготвени се на се. Тие лица исказите и одбраната ја менуваат од час во час, особено одкако ќе ги стават во притвор кој во Македонија е инструмент за тортура и изнуда на лажни изјави и лажни признанија.nПРЕТПОСТАВКИТЕ именувани како претпоставки од самите уценети сведоци, судиите подоцна ги именуваат со зборот “ФАКТИ”. ЧУВСТВАТА на некој уценет сведок за една или друга работа, за кој самиот сведок вели дека му биле чувство и ништо повеќе, судиите ги именуваат со зборот “ДОКАЗ”, независно што самиот сведок ги именува како чувства“, пишува Груевски.Според него, пресудите и висината на казните се одредени уште пред да почне судењето.„Се другото е “театар” за јавност, односно време на пропаганда кога и јавноста треба да се убеди, што завршува со долг политички говор и некаква психолошка анализа на судијата, бидејќи за правна нема реални аргументи.Аудио снимки се прифаќаат како доказ кога им одговара на обвинителството и судот, односно на власта за да осудат некој што им е таргет, но ако истите треба да докажат дека таргетираното лице нема вина, тогаш истите не се дозволува да се изведат како докази. Обвинителството и судот можно е да те прогласат дека си земал голема количина пари од некаде, без било каков доказ, матерјален доказ или изјава на сведок, односно без апсолутно ништо што наведува или уште помалку го докажува тоа, и без никаков срам да ја почнат реченицата со зборовите односно фразата: “се докажа дека…” па се продолжува со куп испревртени тези креирани да си го покријат сопствениот срам пред јавноста. Ако си политички ставен на острел може да те обвинат и што не си пријавил имот кој не е и никогаш не бил твој и истиот уште и да го запленат заради политичко пропагандни цели, а вистинските негови сопственици да си молчат и уште да се среќни што “извлекле жива глава”, во смисла што незаслужено во една политичка хајка не добиле долгогодишна затворска казна иако често и тие немаат некоја објективна вина за такво нешто да им се случи. Во една таква атмосфера се е можно. Во Македонија во ова време во политички мотивираните процеси не суди судот, туку политиката. Потоа подготвени чекаат сервилните и контролирани медиуми, т.н. аналитичари и т.н. експерти да ја дораспарчат жртвата која нема никаква реална вина и да одслугуваат на политиката. Власта преку правосудниот систем прави што сака, кому сака нешто запленува и во колкава сака вредност независно од се, кому сака не запленува, зависно од близината со неа. Нема критична маса меѓу стручната елита која е спремна да постави логични прашања колку и да гледа беззаконие и апсурдни процеси. Но, ништо не е вечно… Ќе дојде добро време“, додаде тој.

Македонија | пред 3 години

D41-ZjHXoAAWYe3

Груевски до судот пред пресудата за “Плацови на Водно”: Пред испит сте!

Ова е веројатно последна моја објава околу политичкиот прогон во предметот “Плацеви Водно”. На едно место едно резиме на сите факти, лаги, нелогичности, игри, местенки...Наменет е за оние кои ги интересира и ја следат темата, прилагодено колку што е можно на јазик разбирлив за секого. Судиите знаат да судат според докази, а не по претпоставки, но ако имаат дозвола од власта или ако се охрабрат да и се спротистават, вели поранешниот премиер Никола Груевски.„1.Од законско процедурален и формален аспект предметот незаконски и со лага на обвинитеството беше прифатен да се суди од т.н.судија на претходна постапка кој одлучува дали се исполнети законските претпоставки за некој предмет воопшто да се прифати да се суди.Според законот за да еден предмет влезе во судска расправа треба осомничениот пред да се обвини да биде повикан на распит и да даде исказ. Ако тоа не е можно од било која причина, се запира постпаката, додека не стане можно. Обвинителството, правдајки се на наводна наводна техничка грешка во дописот до судот, а всушност суштинска повреда во која тврдат дека сум дал изјава, го измами судот дека е извршен распид и така предметот влезе во судење. Значи од старт криво насадено дрво.На почетокот на судењето тоа му беше предочено на судијата, но тој одговорил дека по тоа прашање ќе се произнесе кога ќе ја изрече пресудата.Предметите со вакво прекршување секогаш паѓаат пред Судот за човекови права во Стразбург, но поминуваат години за тоа, па кога е во прашање политички прогон, власта е задоволна бидејки го постигнала моменталниот планиран ефект.Согласно македонските закони, судиите се обврзани да ја следат праксата на судот во Стразбург и прекршокот во тој дел, е основ за разрешување од судија сега или во иднина. Јавноста ќе види дали судот во овој предмет ќе гја следи праксата во Стразбург или очекувањата на власта под чии производ е овој конструиран предмет.2.Политичката пресметка на власта со мене и со повеќе други неистомисленици се одвива преку обвинителството и судот. Имаат и силна медиумска подршка. Како и подршка на некои квази експерти и т.н. аналитичари. Единствено што немаат се аргументи и докази.Обвинението е дека сум земал партиски пари и со нив прикриено на име на други лица и фирми сум купил имот. Преставници на партијата во судот потврдија дека немаат констатирано никаков кусок на пари и во ниту еден ревизорски извештај не се појавило вакво нешто, така што партијата кажа дека нема оштетно побарување.Обвинителството исто така не посочи доказ дека сум земал, како сум земал и кога сум земал партиски пари за купување на имот. Само онака кажаа дека сум земал. Ништо повеќе од тоа, а се работи за над 1,3 милиони евра. Значи никаков доказ за потекло на наводните пари со кои наводно сум купувал имот, што е лага.Тој имот за кои невешто направиле конструкција е едно земјиште од околу 11 илјади метри квадратни, уште едно од околу 2.700 метри квадратни и два стана едниот околу 65мкв а вториот околу 45мкв, кои ги користам и за кои имам валиден договор за закуп.На крајот на постапаката, кога сватија дека предметот е целосно без елементарни докази, празен и јавноста им се потсмева, па дури и нивните подржувачи, во последне момент набрзина направија нова спогодба со едедн од обвинетите, кој и официјано е најбогатиот човек во Македонија (Јордан Камчев). Тој до тој момент им беше таргет за политички прогон исто како и јас и го малтретираа цели 8-9 месеци во притвор за да го прикажат како криминалец и виновен, делумно од одмаздолљубие за објавените снимки од предметот Рекет и делумно да го направат соработник. Тој од почетокот на постапката до пред самиот крај тврдеше дека немал никаква врска со мене, ниту јас со земјиштето, што е точно. Тоа го слушнавем и од audio снимкитеод два телефонски разговори водени во фебруари 2021 година кога предметот е во фаза на истрага и кои се појавија на Youtubeканалот The true above all.Така, со новиот договор, обвинителството го смени обвинението, едно лице од опкружувањето на Камчев го ослободи (неговата мајка), за него побара најминимална казна исто како и за луѓето околу него затоа што ја прифатија уцената да му помогнат на обвинителството и прстот да го вперат кон мене. Во договорот направен во обвинитеството информациите говороат дека влеени се и други пазарења околу предметот Империја каде исто така Камчев беше таргет на обвинителството.По направениот нов договор, измислија уште еден нов сведок, зет од сестра на Камчев, кој кажа декаимал фирма со три стана кои незнаел како се нашле на неговата фирма и не ги чуствувал за свои и дека други луѓе му рекле дека требало да бидат наменети за мене. Сепак, чесно кажа и дека јас и тој иако сме се познавале и среќавале никогаш не сме разговарале на таа тема, ниту сум побарал нешто од него на таа тема. Единствениот кој му го потврди ова е неговиот шура и обвинет во предметот Ј.Камчев кој практично во обид да се спаси себе и неговите луѓе, ја направи спогодбата со обвинителството со која направија нова конструкција, различна од првичната. Другиот обвинет кој наводно му кажал дека тие станови се за мене, категорично го негеришае тоа во судот. Така одприлика изгледа овој предмет во кој ниту еден сведок директно не ме прозива мене дека било што разговарал со мене за сиот овој имот, дека сум давал или земал пари, дека сум барал било какви услуги од ваков тип и слично. Идејата на овој договор во последен момент е и покрај промената на изјавата ма Ј.Камчев насочена против мене, истиот да жртвува три негови и на неговиот зет стана на Водно, како што Александар Ивановски својата слобода одлучи да ја купи со два помали стана и едно земјиште од 2.700мкв. Се заедно тоа да се заплени и да се прикаже како запленет мој имот, поточно како имот кој требало да ми прпадне, а со цел од истото владејачката партија да прави политичка пропаганда.Основна работа во било која судска постапка за обвинение како ова, каде ме теретат за перење пари и против правно збогатување, е да има обрт на пари, плаќања од мене и на мене. Кога со матерјални докази би докажале дека сум внел пари а во случјот и би земал назад, бидејки едното земјиште за кое ме теретат е продадено, но и кога би го нашле изворот на тие пари, тогаш предметот е со докази. Кога би нашле докази дека наводниот скриен имот е мој и на мое име, исто така би имале докажан случај. Кога би нашле барем еден сведок кој би ме посочил директно мене дека сум побарал да ми купи нешто на негово име со од мене дадени пари и тоа би било нешто иако не доволно за прогласување виновен. Такви се законите во целиот свет и во Македонија. Но, ништо од ова нема. Комплетно ништо. Нула.Обвинителството побара меѓународна правна помош од Кипар, за движењето на парите за купувањето на земјиштет од околу 11.000. Одговорот пристигна и обвинителството согласно законот го сподели со судот и одбранта. Во документот стои дека никакви пари во кеш (готовина) не се уплаќани на фирмата-мајка сопственик на земјиштето. Приходите на фирмата се од нејзиното редовно работење и непостои ниту физичко лице, ниту фирма од Македонија, ниту било какво правно или физичко лице кое на било кој начин е поврзано со мене а кое уплатило средства на оваа фирма-мајка сопственик на земјиштето со име Сирах Лимитид.Значи таа фирма си формирала фирма во Макеоднија, фирма ќерка, и префрлила пари и со тие пари се купило тоа земјиште. За директор го назначиле Ристо Новачевски кој дал изјава во обвинителството дека немам никаква врска со ова земјиште и дека за директор е поставен по препорака на негов пријател од Македонски телекомуникации, за подоцна кога ќе го стават и подржат некое време во притвор, под притиоск и уцена мене да ме посочи дека јас сум го препорачал, а во последната изјава на крајот на судењето уште и да додаде дека јас сум сакал да правам градена фирма.Да потсетам дека во правната теорија и пракса, исказите на обвинетите не се земаат за докази бидејки се цени дека може и да се лажни заради себе спасување, така што изјаваите на Ј.Камчев, Р.Новачевски и другите обвинети во нормално судство не би биле никаков доказ, но сепак им требаа заради замајување на јавното мислење.Во таква ситуација, обвинителството немаше ниту еден матерјален доказ и ниту еден сведок кој директно ме посочува мене во смисла дека сум побарал нешто од него/неа во правец на купување и продавање имот, уплата или давање и исплата или земање на пари, барање да ми прикрие мој имот и слично. Се се сведува на рекла-казала на 2-3 сведока кои кажуваат дека некој друг ме посочил мене дека ќе сум бил сопственик на имотот, ама иако ме знаеле и се среќавале со мене, јас никогаш ништо не сум побарал од нив, ниту сме разговарале за тоа. На тој начин, всушност овие сведоци на обвинителството станаа сведоци во моја полза, нормално ако имаме судство кое суди по докази.Така е и со помалото земјиште од 2700 метри квадратни, за кое и самиот сведок Александар Ивановски кажа дека по наводна сугестија на Сашо Мијалков го купил од свои пари и дека цело време си е на негово име и јас не сум имал никаков допир со тоа земјиште, ниту право на сопственост. Истиот сведок буквално истото го тврди и за станот од околу 65мкв, купен со негови пари и во негова сопственост и тогаш и денес, а за станот од 45 мкв не ме посочува ниту мене, ниту некое конкретно лице поврзано со мене дека му дало некакви пари нему или на неговта секретарка Татјана Стојановска на чие име и на име на нејзина фирма ги купил двата стана. Истата кажа дека само претпоставувала дека земјиштето од 2,700 квадраттти и тие два стана се мои, бидејки така и кажал нејзиниот шеф, кој патем речено е под уцена во предметот Империја и под уцена од извршената контрола во неговите фирми непосредно пред да биде повикан да биде сведок во овие случаи. Впрочем и самиот Камчев во објавениот телефонски разговор на јутјуб посочува под каков притиоск освен самиот тој, бил и Александар Ивановски и други сведоци за кого раскажува о прва рака бидејки се сретнал со него и разговарал.Ќе пропуштев уште нешто. Обвинетиот Ристо Новачевски, соработник на обвинителството одкако беше притворен и одкако беа направени контроли на неговите фирми, веројатно со намера на обвинителството предметот да го направат по шаренолик, кажал дека сум му рекол да купи и купил на аукција некоја мала земја вон градот Крушево за околу 650 евра, или околу 40.000 денари, за која кажал дека ја купил со негови пари и си останала негова, и ниту сум имал ниту имам допирна точка со тоа.Накратко кажано, обвинителството не понуди ниту еден матерјален доказ за купување, продавање или сопственост на мој имот, ниту предложи еден сведок кој директно ме посочи мене дека јас сум побарал од него да ми изврши било што во врска со овој имот. Се се сведе на претпоставки, филмувани индиции и ниту еден доказ на кој може да се заснова пресуда.3. Најважните поенти на сведоците:1.Александар Ивановски цело време зборуваше за претпоставки и логики и како тоа цело време претпоставувал дека купувал имот за мене, пред се затоа што становите биле во близина каде живеам. За земјиштето од 2.700 мкв, како и за двата стана кои ги купил со негови пари, никогаш не добил пари од мене за тоа и денес истите се во негова сопственост, како и она земјиште од 11.000 метри квадратни, кажа дека сме се сретнале неколку пати но никогаш ниту јас, ниту тој не отворил тема за ова, ниту било што сум побарал од него поврзано со купување и прикривање имот. Ако веќе зборуваме за логика, логично би било кога веќе сме се гледале да ги проверел претпоставките или јас да прашам нешто околу тоа или да се заблагодарам и слично. Наспроти ова, тој точно и прецизно раскажува како јас се однесувам кога сакам да купам стан. Имено раскажува дека по моето заминување од Македонија сум му се јавил на телфон и сум го прашал дали има стан за продавање бидејки моето семејство сака да го замени живеалиштето со друго, а тој ми одговорил дека нема.2.Сведокот Серјожа марков кажа дека единствен што кај него се појавил за земјиштето бил Александар Ивановски и дека јас никогаш не сум побарал од него било каква услуга. На коментарот дека истиот му рекол дека земјиштето е за мене, самиот искоментира дека тоа е дел од менталитетот на многу бизнисмени во земјата но и на целиот Балкан, да се фалат со повисоки авторитети и кога немаат никаква врска со нив.3.Сведокот Менка Макаровска исто така го посочи како единствен Александар Ивановски дека имал полномошно за офшор фирмата и воопшто не ме спомна мене.4.Сведокот Бранкица Ивановска исто така не ме спомна никаде и кажа дека не го пишувало моето име никаде во документите што ги преведувала.5.Сведокот Миле Јанакиески под голем притисок од обвинителството раскажа дека сум имал стил на микроменаџирање, дека сум ги знаел сите проблеми и проекти и дека сум се интересирал за сите да одат напред и да се гради. За да се спаси од притвор кој му висеше над глава кажа дека во рамките на разговор за сите точки на комитетот за градежна експанзија и развој сум дал согласност за урбанизација на земјиштето од 11 илјади мкв и дека истото сум го направил и во комбето при теренските посети. Ова веднаш се демантораше со цврст и непобитен доказ, одкако судот од владата по официјален пат ги доби сите записници од тој комитет од кој се виде дека на ниту една негова седница не сум присуствувал, и седниците ги водел Миле Јанакиески како потпретседател на комитетот. Се установи и декатоа земјиште воопшто не било на дневен ред на ниту една седница и сето ова го потврди вештак. Истот така сведокот Соња Липиткова кажа дека како тогашен заменика министер за екологија присуствувала на сите до една седници на комитетот и дека јас ниту еднаш не сум бил присутен, ниту пак се зборувало за било кое од двете земјишта на Водно. Сведоците Коце Трајановски, тогашен градоначалник на Скопје, Гордана Клинчарова тогашен секретар на градот и Дејан Митровски-Урко тогашен шеф на моето обезбедување, потврдија дека заедно со другите биле присутни во комбето при теренската посета на неколку скопски општини и дека не само што не станало збор за тие земјишта, туку и немало воопшто посета на Водно со комбето. Така што, притисокот на Миле Јанакиески од страна на обвинителството се покажа залуден.6.Сведокот Александар Јанакиески, тогаш одговорно лице во општината Центар за урбанистички планови а потоа и во градот Скопје, кажа дека никогаш не сум му побарал никаква лична услуга, ниту пак сум барал било што за посочените земјишта. Спомна дека Алек Ивановски се повикувал на моето име, дека имал некој разговор и со Миле јанакиески околу викенд населбата во Крушево, но и додаде дека честа пракса било на разни бизнисмени и функционери да се повикуваат на мое име за да си завршат некоја работа и за да им обрне повеќе внимание.7. Сведокот Гордана Јанкуловска, која обавуваше функција генерален секретар на партијата објаснувајки како се одвивало финасирањето на партијата кажа дека никогаш не сум и побарал пари од партиската каса, дека тоа било под нејзина ингеренција и контрола. Исто така кажа дека во многу ретки случаи кога заради приватни причини била осутна од работа и неможела да дојде на закажаната средба, се случило донатори да остават помали износи на средства кај мене или кај секретарката кои веднаш и биле предавани по нејзиното доаѓање. Таа исто така кажа дека немало ниту еден случај кога некој донатор ја известил дека оставил средства кај мене или кај било кој, која таа не ги добила како одговорна за финасирањето на партијата. При сведочењето на гордана во отсуство на сериозни аргументи, обвинителката главна тема наметна дали имало или не сеф во мојата канцеларија, како да е тоа некаков доказ.8.Сведокот Влатко Чинговски кажа дека тој редовно како човек со партиски теренски одговорности доставувал писма и пакети до генералниот секретар и се сомневал оти така му било логично дека во некои од нив можеби имало пари. Но, самиот кажа дека пари никогаш не видел во тие пратки. Од друга страна, оној на кој му ги доставувал, генералниот секретар Кирил Божиновски кажа дека никогаш немало пари во тие пратки и дека тој не ги отварал лично, туку вработените во неговиот кабинет, кои понатаму постпаувале по барањата и поплаките од тие писма и пратки.9.Сведокот Мартин Протогер кој исто така е под притисок на истиот обвинител во друг предмет кажа две работи од кои едата беше побиена со документи а втората сам си ја поби.Тој кажа дека по сила на функција претседателот на партијата има клуч и шифра од сефот на генералниот секретар, што лесно се поби одкако судот ги доби сатутот и актот за организација на партијата со мислење на судкси вештак каде се гледа дека такво нешто не постои. Втората работа е што кажа дека уште пред периодот кога предметното земјиште од 11 илјади мкв се продало јас сум имал здравствени проблеми со кашлање и лекарите ми препорачувале да живееам некаде на повисоко каде воздухот е многу почист и дека сум му зборел дека сакам да побарам земјиште во Сопиште, што е точно. Потоа за да ги задоволи апетитите на неговите сатрпи од обвинителството измисли дека во некоја прилика сум му кажал дека сум купил некоја земја од 10 илјади мкв кај куќата на Ристо Гуштеров. Земјата за која ме теретат нема врска и не е во непосредна близнина на таа куќа така што тоа му беше првото самопобивање, а второто беше кога го продожи исказот и самиот кажа дека непосредно по тој настан повторно сум продолжил да му говорам дека заради проблемите со кашлањето морам да најадам некоја локација во Сопиште и дека повремено тоа сум го повторувал до самиот крај на нашата соработка, со што тој сватил дека не сум купил никакво земјиште претходно а потврдата дошла кога тогашната опозицја ме нападнала за земјиште на Водно а јас сум му кажал да демантираат затоа што тоа не е точно.10. Сведокот Нинослав Стојановски кажа дека бил благајник и претседател на МК ,,Два бреста,, и дека членството собирале пари, обично по 200 денари, за ситни трошоци како купување сокови, поправка на кров на штабот, и слично и дека никогаш не ми предале пари мене, дури и дека никогаш не се запознал со мене.11. Сведокот Ленче Папазова била сметководител на фирмата и кажа дека никогаш не сум побарал од неа да ми заврши некои лични услуги и дека нејзе и се јавил Ристо Новачевски за да ја ангажива за д го води сметководството на таа фирма. Кажа дека претпоставува дека се јавил по некоја препорака, но незнае чија.12. Сведокот Бисерка Јовкова Ќаева, даде контрадикторан изјава во која сама себе се негираше. Најпрвин таа кажа дека станот за кој ме теретат бил нејзин и кога решиле да го продадат кажала на многумина дека го продала, но подоцна во изјавата кажала дека мене никогаш не ме сретнала до тој момент на продажба на станот, што значи дека не ми го понудила мене. Потоа под очигледен притиоск кажа дека стнот го купиле некои мои адвокати кои незнаеше да ги наведе по име, а од договорот за купопродажба се гледа дека станот го купила фирма сопственост на секретарката на Александар Ивановски-татјана Стојановска за што платила данок, и пооа редовно плаќала данок и на крај по 7-8 години склучила договор за изнајмување со мене на тој стан. Конечно, на прашање дали е сигурна дека тоа биле адвокати или луѓе на Груевски, кажа дека не е сигурно но претпоставува. Повторно претпоставки на исплашени луѓе.13. Сведокот Илија Гечев, бизнисмен од Кавадарци беше еклатантен пример за обид за манипулација на обвинителството со судот, за среќа не успешен. Имено, сведокот раскажа дека министерот за транспорт во тоа време Миле Јанакиески му понудил некое земјиште дека се продава кое според описот е во близина на едно од земјиштата за кои ме теретат. За среќа се разјасни, дека тоа земјиште кое му било понудено да го купи не било ни 11 илјади, ни 2,700 метри квадратни туку 1.200мкв и било сопственост на бизнисменот Дејан Панделевски. Гечев потврди дека никогаш во нашите меѓусебни средби не сум му спомнал било што за земјиште на Водно.14. Сведокот Татајана Стојановска најправин раскажа дека нејзиниот шеф Александар Ивановски ја викнал и ја замолил да на нејзино име купи еден па уште еден помал стан и едно земјиште и и кажал дека тие се за мене наменети. Но, потоа на прашања кажа дека таа нема ниту доказ ниту со сигурностзнае дека тоа навистина било така, бидејки има само еден извор, а тоа е нејзиниот шеф Александар Ивановски, кој наводно така и кажал. А и самиот Александар Ивановски во судот кажа дека и тој претпоставувал дека е така, оти друг така му кажал, а другиот негираше во судот и оти имало логика бидејки становите биле во близина каде живеам.Кај сведокот Татјана Стојановска се откри дека не ја кажува вистината кога беше прашана дали има добино некое писмо од мене, што таа го негираше, за подоцна ДХЛ потврди како во фебруари 2021 година и врачил писмо испратено од мене, кое јас го објавив јавно и во кое барам да ми ја достави сметката за плаќање на киријата бидејки во меѓувреме истече периодот во кој согласно договорот заради направената инвестиција нетребаше да плаќам кирија. Подоцна пратив уште едно слично писмо, во кое покрај истото ја понудив и опцијата за прекин на договорот и тоа го сокри и не одговори на повиците да каже дали примила писмо од мене, но и тоа ДХЛ го потврди а судот се увери заедно со наод на бешто лице, со издавање потврда дека го примила одкако претходно неколку пати одбила да го прими. Тоа во секој независен суд ја намалува кредибилноста на сведокот кога двапати ќе се фати во лага. Таа како лична секретарка на Александар Ивановски кажа и дека незнаела дали во време кога се купувале становите нејзиниот шеф бил пред бракоразводна постапка што ја дава смислата на тоа зошто купувал имот на туѓо име. Сепак кажа дека никогаш не примила пари од мене и никогаш не сме се сретнале или разговарале по телефон. Факт е и тоа дека десетина години сопствениците на двата стана си плаќале данок на имот.15.Сведокот Сузана Николовска кажа дека неколку пати донирала пониски суми за партијата по регуларен пат и дека никогаш не се сретнала со мене а ме знаела само од телевизија.16.Сведокот Драги Огњановски, припадник и кандидат за пратеник на партијата Обединети за Македонија кажа дека пред изборите во 2006 година донирал приближно пет илјади евра на партијата, дека ги доставил кај секретарот Гордана Јанкуловска, дека за тоа имал документ кој никогаш него приложи. Тој кажа дека никогаш мене не ми дал пари и не ме запознал.17. вештото лице Кире Костов во детали го разглоби она што на почетокот го напишав а поврзано со анализата на мтерјалот добиен во Јавното Обвинителство од меѓународна правна помош, каде се гледа дека ниту јас, ниту мој близок или било кое поврзано лице со мене, ниту било кој од Македонија уплатил средства на фирмата Сирах Лимитид, ниту пак во фирмата се уплаќани пари во готовина (кеш).Вештакот го објасни движењето на парите од банка во банка, уплатите и исплатите, но ни трага ни глас од моја или на мој близок вмешаност во истите. Ова е и најсилниот матерјален доказ, после кој во било која земја предметот би бил затворен односно обвинението отфрлено. Од вештачењето се гледа дека оваа фирма префрлила слободни средства од своето редовно работење на фирмата ќерка во Македонија Сирах Инжињеринг која со тие пари го купила земјиштето. За какво перење пари и за какво збогатување мое да стане збор после овој доказ? Ова беше и главниот аргумент на Јордан Камчев во тој дел од процесот кога ја говореше вистината и пред да отиде и да направи спогодба со обвинителството, која спогодба според сите сознанија не е само за овој предмет туку и за други каде тој би се теретел.18. Вештото лице Дивна Станчева од катастерски аспект објасни дека во однос на земјиштата кои се предмет на ова обвинение и во однос на некаква пренамена која се случила, се било законски и согласно процедурите.19. Сведокот Кирил Божиновски, генерален секретар на партијата недвосмислено кажа дека никогаш како претседател на партијата не сум му побарал и не ми дал пари во готовина, ниту пак примил некои пари од мене. Тој појасни дека сефовите во неговата канцеларија воопшто не ги користел. Ниту пак некогаш сум му кажал дека сум купил некаков плац или стан.20. Сведокот коце Трајановски, некогашен градоначалник потврди дека никогаш не сум му ургирал јас или мој близок околу промена на урбанистички план, ниту пак сум побарал од него било каква лична услуга поврзана со плацеви, станови и други работи. Исто така кажа дека никогаш не сум му кажал дека сум купил плац или стан и доколку навистина имало потреба од некаква ургенција во градот, сведокот кажа дека сме биле доволно блиски да тоа го направам директно со него.21. Сведокот Александар Бичиклиски кажал дека бил советник во град Скопје и дека пред и за време на гласањето на Генералниот урбанистички план никој не му блијаел како да гласа, но и дека никој не покренал иницијатива против тој ГУП.22. Сведокот Емил Димитриев, во својство на порнешен генерален секретар на партијата кажал дека никогаш додека бил секретар не сум побарал ниту ми дал партиски пари, ниту пак чул такво нешто од неговите претходници. Никогаш не се ургирало преку него за промена на ДУП или ГУП.23. Сведокот Борче георгиевски во својство на советник во градот Скопје кажал дека гласал за ГУПот без никаков притисок од било кого.24. Сведокот ирена Мишева во својство на претседател на Советот на г.Скопје кажала дека никогаш, па ниту за усвојување на ГУПот и се немам јавено за ургенција или било какво барање.25.Сведокот лазо малијански кажал дека според геодетскиот елаборат во физичка делба не е можно да се прикриваат податоци и дека се запазила целокупнаѕта законска постапка и неможе да стане збор за некакво фиктивно пренесување на реален дел од земјиштето.26.Сведокот Ѓорѓија Сајковски во својство на актуелен генерален секретар на партијата изјавил дека партијаат има своја жиро сметка, има ангажирано сметководствено биро и дека прават завршни сметки. Напоменал дека во партијата се вршеле и редовни ревизоркси контроли и според извештаите нема никакви недостатоци во работењето. Нагласил дека не се чуствуваат оштетени, ниту имаат информација дека се оштетени и изјавил дека не предјавува никакво оштетно побарување од инволвираните во овој предмет.27. Сведокот Наташа Несторовска изјавила и објаснила во детали дека се било во ред со плаќањата во банката при купородажбите на земјата и дека е запазена целата процедура односно се работело согласно законите во државата.28. Сведокот Софија Куновска која во 2012 година била советник и координатор на советничката група на СДСМ во градот изјавила дека тогаш имало расправа за ГУПот и потоа регуларно бил изгласан, и дека ГУПот се однесува за поголем дел на градот а не само за една општина.29. Сведокот Ивона Талевска, како тогашен новинар раскажала дека од лично искуство и сведоштво преку примери била запознаена дека јас и јордан камчев во тој период не сме биле во добри односи , дури и во лоши односи, што јасно укажува дека не било можно да тој за мене прикрива некаков имот.30. Сведокот Дејан Митровски – Урко во својство на мој поранешен шеф на обезбедувањето навел дека бил присутен во комбето, како и секогаш во било кое превозно средство во кое сум бил јас, при теренската посета и дека комбето воопшто не се придвижило кон Водно, ниту пак сум издал инструкција за некое земјиште на Водно. Тој навел дека имав здравствени проблеми и потешкотии со дишењето заради што често сме оделе на пешачење на повисоко, но дека никогаш ниту видел, ниту чул дека сум купил некакво земјиште на Водно, ниту пак станови. Навел и точно од кој стан секој ден сум излегувал, односно од оној каде цело време живеев, бидејки природата на неговата работа беше да ме следи од моментот на напуштање на домот. Истиот навел дека во повеќе наврати сум зборувал, се до крајот на нашата заедничка работа во 2014 година, дека заради советите на лекарите, сум сакал да купам земјиште во Сопиште дека не сум го реализирал тоа.31.Сведокот Сергеј Самсоненко изјавил дека земјиштето е во негова сопственост, што го докажал и со документи.32.Сведокот Владимир Стаиќ истото го потврдил за друг дел од истото земјиште.33. сведокот Соња Липиткова, во својство на заменик министер за екологија и член на комитетот за градежна експанзија изјавила дека присуствувала на сите до една седници на тој комитет, и дека иако формално јас бев претседател на комитето, никогаш не сум го водел и секогаш го водел Миле Јанакиески како подпретседател, така што и не сум можел да остварувам некакво влисјание на тој комитет. Истата изјавила дека никогаш не сум и се јавил да ургирам за било што, ниту било кој друг се јавил во мое име да ургира кај неа. Напоменала дека никогаш никој не и се јавил да ургира за земјиште на Водно.34. Сведокот Гордана Клинчарова во својство на поранешен секретар на г.Скопје изјавила дека иако долго се познаваме, уште од 1999 година, никогаш никој, а најмалку јас сум и се јавил за било каква ургенција во градот Скопје за плацеви или станови. Истата потврдила дека била присутна на теренското работење и движење со комбе на поголем број лица, и дека истото не се придвижило кон Водно и не сатанал озбор за плацеви на Водно.35.Сведокот Кицо Петрески во својство на поранешен мој телохранител од 2006 до 2017 година, изјавил дека во неколку наврати низ годините сум се интересирал кај него за климатските услови за живеење во повисоките делови на Сопиште каде што тој има викендица и сум му кажал дека по совет на лекарите а заради кашлање кое беше заради загадениот воздух во Скопје, треба да најдам и купам некој плац во Сопиште на кој би изградил куќа за живеење. Сме разговарале за тоа која е надморската висина таму, како се цените и колку е чист воздухот. Изјавил и дека во еден од тие разговорири некаде во 2018 година сум изразил желба да го разгледам тоа место и дека отидов и поминав неколку часа разгледувајки ги земјиштата таму, дека ми се допаднало но дека не сум купил плац таму, што е точно, а главна причина беше фокусираноста на политичкиот прогон и секојдневното присуство во судот. Ова со Сопиште е само уште еден показател дека не сум имал плац на водно, штом толку долго и толку често сум размислувал и разговарал со повеќе мои блиски соработници за купување плац за живеење во Сопиште. Најмалку пет мои поранешни соработници во овие сведочења го потврдија тоа.Сите овие 35 сведоци сведочеа до моментот додека Јордан камчев не направи три средби со обвинителкаат Лиле без присуство на неговите адвокати, каде договорил соработка со ветување привилегии во овој и во други предмети против него, поточно во овој предмет да добие најниска можна казна, а не го знам договорот за другите предмети, но наскоро и тоа ќе се дознае. Така, оддеднаш Камчев го предложи неговит зет од сестра за сведок, го смени целокупниот наратив и суштина на дотогашната одбрана, вештачења, изјави на сведоци, и оддеднаш синхронизирано со зетот мето Стојчески започна друга приказна, во која тврди дека кога ристо новачевски му се јавил да го купи земјиштето му кажал дека е мое, а тој од страв да не му се одмаздам го купил, и ми чувал три стана како компензација на име на фирмата на неговиот зет Мето Стојчевски.36.Зетот на камчев Мето Стојчевски како дополнително предложен сведок кажа дека јас никогаш од него не сум побарал било каква услуга за змејиште или станови и дека иако сме се познавале и повремено сме се среќавале, никогаш не сме разговарале ниту за наводни мои земјишта, ниту за наводни три стана кои тој наводно ми ги чувал. Наместо тоа наведе дека трето лице му го кажало тоа, а тоа трето лице, го негираше истото во судот. Мето Стојчески не знаеше да иодговори и како и со кој пари ги купил становите. Очигледно, спасувајки го неговиот шура, беше во непријатна ситуација и оттука целата конфузност која произлезе од овој во последен момент направен договор за спасување на Камчев и мое теретење. Со обзир на нивните роднински врски и со обзир дека Камчев е обвинет, исто како и Ристо новачевски секој нормален суд во развиена земја во светот ова не би го земал во обзир бидејки во судската теорија и пракса стои дека исказот на обвинетите (а со тоа и нивни роднини) не може да се земе како сведочње бидеки обвинетите може и да лажат за да се спасат.Македонското судство е пред нов испит и предизвик. Тој не би постоел ако власта ги остави судиите да судат според доказите или ако се охрабрат да и се спротистават, бидејки тие знаат што се докази а што не. Дали ќе ги остави, оли дали ќе се охрабрат да се спротистават ќе видиме утре“, стои во објавата.

Македонија | пред 3 години

d_sos20151120017-e1542306005905-1024x578

Груевски: Честитки за ракометарите, селекторот, стручниот штаб и федерацијата

По победата на македонските ракометари и пласирањето на светското првенство, се огласи и поранешниот премиер на Македонија, Никола Груевски.„Борбено, во напната атмосфера со тежок противник и многу добро одигран натпревар на македонскиот тим, кој резултира со пласман на светско првенство. Честитки за ракометарите, селекторот, стручениот штаб и федерацијата. Со успех на светското првенство#македонија се гордее со вас“, напиша Груевски.https://twitter.com/ilijadimovski/status/1515768879699607559?s=20&t=BW0N7Opr6wKXoip_1TCBJw 

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања