ГРУЕВСКИ

Screenshot-2025-02-22-at-10.54.32

(Видео) Рамковски за Заев и Груевски: Проститутката и вика на таа до себе, држи ми го копилево

Сопственикот на згаснатата А1 телевизија, Велија Рамковски говорејќи за експремиерите Зоран Заев и Никола Груевски на социјалните мрежи, ги спореди со поговорка за проститутки. „Зоран Заев е преварант кој тешко да мајка може повторно да роди. Превари се што можеше да превари. И стави катанец на партијата, ги изневери сите кои веруваа во него. Сега го стави Филипче да на 15 октомври му стави втор катанец на партијата. Грујо кажува како Зоран Заев инвестира во Дубаи 600 милиони евра за да гради зграда. Не знам дали е така, меѓутоа, ме потсети на една поговорка - проститутката и вика на таа до себе, држи ми го копилево, да и покажам на оваа ороспија која е, што е“, рече Рамковски во видеото. Па потоа објави видео дека го нападнале „груевисти“ и „заевисти“.„Аман луѓе од затвор не се плашам воопшто. Ја чувствувам Македонија многу повеќе моја отколку на Заев и Грујо“, рече Рамковски. Рамковски беше осуден на 13 години затвор во време на Груевски. Во август 2017 година, кога СДСМ владееше со Македонија тој излезе од „Идризово“ на лекување. Оттогаш, не се врати.

Коментари | пред 11 месец

gruevski-zaev-14141

Се скараа експремиерите: Заев вели дека Груевски е забеган во умот, по тврдењето дека гради кула во Дубаи со „перени пари“

Поранешниот премиер Никола Груевски вели дека Зоран Заев инвестира во изградба на кула со 82 ката во Дубаи, вредна над 600 милиони евра, со средства стекнати преку масовен рекет и злоупотреба на власта. Според Груевски, голем дел од парите биле пренесени со приватен авион и депонирани на банкарска сметка во Дубаи. Тој исто така тврди дека Заев подготвува нова инвестиција во друга азиска држава. Поранешниот премиер Никола Груевски на Фејсбук објави дека најголемиот дел од средствата за инвестиција во кула со 82 ката во Дубаи, вредна над 600 милиони евра, се проневерени и пренесени во оваа држава преку приватен авион, каде што биле депонирани на банкарска сметка. Груевски обвинува дека парите за оваа инвестиција се заработени преку масовен рекет и злоупотреба на власта, особено во периодот на владеењето на Зоран Заев. Според него, проневерените средства биле пренесени во кеш со приватен авион и депонирани на банкарска сметка во Дубаи.„Тој веројатно во моментот е многу горд на себе во овие денови, кога според информациите, започнува изградба на кула од 82 ката во Дубаи, инвестиција од над 600 милиони евра. Најголем дел од парите за оваа инвестиција се проневерени преку масовниот рекет, како никогаш во постоењето на Македонија, и со злоупотребата на власта за време на неговото владеење“, напиша Груевски.На ова во коментари врати експремиерот Зоран Заев, го нарече Груевски „забеган“.Колку треба човек да е забеган во умот да кажува и тврди вакви глупости. Суетните само чекат да се фатат на вакви будалаштини за да си ја залечат суетата. А некои луѓе кои многу добро и јас ги познавам а и тие мене, овде коментираат нешто во што и самите не веруват ама и јас и тие добро знаеме зошто тоа го прават.Заеви вработуваат преку 1000 луѓе во Македонија. Така било пред да бидам во политика, така било додека сум бил во политика, така е и сега. Ве гушкам камелеони офарбани со сите бои“, стои во коментарот.

Македонија | пред 11 месец

Screenshot-2025-01-02-at-12.04.10

Груевски порача: Не губете надеж, дури и кога изгледа дека предизвиците се големи, слабост е откажувањето

Седма година по ред, експремиерот Никола Груевски ја честита Новата Година од Будимпешта. Тој овојпат порача дека ниту една мака не е вечна, а секоја борба води кон нова светлина. Според него, искуството нѐ научило дека некои нешта изгледаат невозможни, само додека не се направат.Неговиот статус:„Денес е добар ден, кратко, барем на една минута, да се потсетите на 2024 година, и низ што се поминавте, што ви беше цел во која успеавте или не успеавте. Но, исто така да помислите кои се вашите желби, цели и мечти во новата 2025 година. Ако некој ја загубил вербата дека ќе успее во некоја значајна животна цел, за која многу се трудел, треба да знае дека во животот најголемите пресврти често доаѓаат токму тогаш кога мислиме дека сме на крајот на силите и треба да знае дека успехот е наградата на тие што не се предаваат.Не губете надеж, дури и кога изгледа дека предизвиците се големи. Најголемата слабост лежи во откажувањето. Големиот Конфучие забележал дека „Не е важно колку бавно одиш, се додека не застануваш.“ Оваа година, ви посакувам да го направете она што веќе помисливте или почнавте да мислите дека е невозможно. Она за што почнавте да губите надеж дека ќе успеете. И оваа година, со вашата упорност, непрестана борба и обиди, и секако со Божја помош, нека биде вашата пресвртница токму во тоа. Но и година кога ќе одлучите да се стремите кон повисоки цели.Така е со сите наши предизвици. Ниту една мака не е вечна, и секоја борба води кон нова светлина, ако одбереме да не се откажуваме.И не заборавајте дека успехот не е само во постигнувањето на лични победи. Тој се мери и преку нашата способност да им помогнеме на другите. Смислата на животот не е само да најдеш среќа за себе, туку да ја даваш на други, да станеш светлина во животите на други луѓе. Искуството не научи дека некои нешта изгледаат невозможни само додека не се направат. Среќна нова 2025 година. Нека е посебна во сѐ, а пред се во добро здравје, во успеси во зацртните цели, во позитивни промени во животот на секој од Вас, и во реализација на одамна носени желби и мечти во себе. Нека донесе радост!

Коментари | пред 1 година

Screenshot-2024-10-31-at-15.06.42

(Фото) Груевски во јапонски ресторан во Будимпешта, објави РСЕ

Поранешниот македонски премиер Никола Груевски, во средата навечер (30.10.2024) повторно беше забележан на јавно место во Будимпешта. Груевски, кој побегна во Унгарија во ноември 2018 година, го фотографираше новинар на Унгарскиот сервис на Радио Слободна Европа, во ресторанот „Токио“, во центарот на Будимпешта.Седеше на маса покрај прозорец, во друштво на една госпоѓа. Поранешниот македонски премиер е осуден на две години затвор. Требаше да оди во затвор на 8 ноември 2018 година, но наместо тоа, беше „прошверцуван“ во Унгарија неколку дена подоцна, под сè уште неразјаснети околности.Денес има азилантски статус во Унгарија.📷 Фото: Унгарски сервис на РСЕ

Свет | пред 1 година

271937299_421026089809384_1880700475912930685_n

Државата не се откажува од градење на плацовите на Груевски и на Мијалков

Агенцијата за управување со одземен имот бара да останат маркичките за изградба на хациенди на плацовите на Водно, кои беа одземени во судските постапки од поранешниот премиер Никола Груевски и неговиот братучед и поранешен шеф на тајната полиција, Сашо Мијалков, објави БИРН.Станува збор за четири огромни куќи, вцртани на два рида на Водно и вгнездени во самата шума. Заедничко за сите е што се наоѓаат во недопрена природа со поглед на Скопје и, ако се изградат, ќе бидат најголемите градби во околината што ќе се граничат со шумата на Водно.Можност за нивно бришење се отвори со укинувањето на ДУП-от Ј07 за овој реон пред две години, откако Уставниот суд утврди дека тој бил незаконски изгласан. Меѓу причините, пак, за во 2014 година да се истурка спорното гласање, беа маркичките за градба на плацовите на Водно, купени на незаконски начин од двајцата братучеди, кои сега се конфискувани од државата.Укинувањето на ДУП-от од страна на Уставен, кој инаку опфаќа третина од општината, ги запре сите нови градби во овој дел на Центар и наметна потреба од носење нов план за реонот каде што беа предвидени и хациендите на двајцата братучеди. Откако судот им ги одзеде овие плацови, тие ѝ беа предадени на Агенцијата за одземен имот, која треба да ги продаде и парите да ги врати во државната каса.Затоа од Општина Центар, која заедно со надворешна планерска фирма во моментов работи на носење на новиот урбанистички план, се обратиле до Агенцијата и побарале овие парцели да се отстапат за зеленило. Тоа, на последната седница на Советот и јавно го кажа претседателката на комисијата за урбанизам, Билјана Насковиќ.Уште на состанокот им било јасно ставено на знаење дека Агенцијата и во новиот план ќе бара да останат старите маркички за градба, што подоцна им било потврдено и писмено, пишува БИРН.Преписката траела неколку месеци, а во последниот допис, Агенцијата инсистира на тоа и во новиот ДУП да останат „истите урбанистички параметри што се затекнати при одземање на недвижниот имот на катастарските парцели во ДУП-от, кој веќе не е на важност“. Дописот од 12 септември е потпишан од новата директорка Ирена Илиевска, два дена откако таа ја презела оваа функција како кадар на ЗНАМ, партијата што е дел од владејачката коалиција на ВМРО-ДПМНЕ.Од Општина Центар, пак, без нивна дозвола, стравуваат да ги тргнат хациендите нацртани на државниот имот, затоа што на тој начин може да бидат прозвани за оштетување на државниот буџет. Без маркичките, овие плацови практично стануваат безвредни и Агенцијата не може да ги продава.Од друга страна, пак, законот дава можност општината да брише еднаш впишани маркички кога за тоа има јавен интерес или се крши соседско право, но, сепак, тоа се избегнува бидејќи законот, исто така, го штити и т.н. стекнато право. Тоа значи дека ако еднаш во ДУП-от бил вцртан објект, тој се брише само во согласност со сопственикот. Во спротивно, сопственикот може да тужи. Договарањето обично оди полесно кога имотот е на државата, па затоа при планирањето најчесто се посегнуваат по тргање маркички од државните парцели.Но, како што објави БИРН, „тие не може да се стават над државата и без нејзина согласност да менуваат маркички“, како во случајот со парцелите на Водно.

Македонија | пред 1 година

nikola-gruevski

На 4 октомври застарува затворската казна на Груевски за случајот „Тенк“ за набавката на мерцедесот

На 4 октомври годинава застарува двегодишната затворска казна за случајот „Тенк“ на поранешниот премиер. Случајот се однесува за набавка на луксузен „мерцедес“.Груевски на 4 октомври 2018 година беше правосилно осуден, така што на 4 октомври годинава поминуваат шест години, што е законски предвидениот рок за застарување на одлежувањето на казната.Според Кривичниот законик застареноста на извршувањето на казната настапува кога ќе помине двапати онолку време колку што е потребно за застарување на делото, а во случајот на Груевски, рокот за застареност изнесува два пати по три години.Во случајот „Тенк“ си Груевски осудени беа и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска – четири години и поранешнииот помошник министер во МВР, Ѓоко Поповски – четири и пол години, кои веќе ги одлежаа своите казни.На Груевски му преостанува да одлежи една и пол година затвор за случајот „Насилство пред Општина Центар“, која му застарува за три години, односно во 2027 година, како и девет години затвор за случајот „Плацови на Водно“, дело кое што му застарува во 2043 година.Претходно на Груевски му застареа делата во предметите „ТНТ“ и „Траекторија“, а останува обвинет уште во предметите Титаник“ и „Талир“.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-07-14-at-10.10.08

Светот полуде, констатираше Груевски

„Во изборна кампања со голема напнатост и радикална поларизација на гласачкото тело на американската политичка сцена, каде тензијата расте подолг период, беше извршен обид за атентат, за среќа неуспешен, врз поранешниот претседател, и кандидат за иден претседател на најмоќната држава во светот - САД - Доналд Трамп“, пишува експремиерот и азилант, Никола Груевски.Тој додава:„Во време на многу воени конфликти во светот, и секојдневно многу човечки жртви во нив, од кои два, а особено еден голем конфликт веќе го доносе човештвото на раб на трета светска војна и на раб на нуклеарен конфликт, се случуваат драматично настани насекаде.Секое минато време е историја, но се чини последните две години се години на крупни историски збиднувања кои не запираат и земаат замав кој застрашува.Војните и атентатите на политичарите не се нешто што било само во минатото.Во јули 2022 година, пред две години, беше убиен со пукање од зад грб Премиерот на Јапонија Шинзо Абе.Пред два месеци беше тешко ранет со четири куршуми и за среќа преживеа атентат Премиерот на Словачка Роберт Фицо.Сега милиметри го делеа Трамп од сигурна смрт од напаѓач кој пукаше во него.Војните и атентатите на водачите на државите не се случуваат само во земји со воени хунти или земји со не демократски режими, туку и во држави со демократија и слободни избори.Секојдневно слушаме за 300, 500, или повеќе убиени лица на украинска или руска страна, Палестинци или Израелци, низ Африка и Азија…Вака напната политичка и геополитички превирања, такви динамични и драматични настани одамна немало во светот на меѓународен план, како во последните две години.Ние во Македонија уште пред овој период ја почуствувавме оваа темна атмосфера со навлегувањето во неколку наврати на терористички групи во земјата со грозоморни планови, кои беа пресретнати и елиминирани, но кои ни предизвикаа жртви.На Доналд Трамп да му посакаме брзо опоравување, безбедно и успешно враќање во кампањата, на Америка никогаш да не и се повтори ова, на светот мир ден порано, барем во најкритичните жаришта кои можат да прераснат во повод за масовно уништување на животи, преку трета светска и нуклеарна војна“.

Коментари | пред 1 година

gruevski-jankuloska-610x400

Кукавицата Груевски кој од вторник ќе е излитен мантил реши да се пресмета со Јанкулоска без опипливи докази, со удбашки муабети“, пишува Јоци

Политичката анлитичарка и поранешна новинарка, Јорданка Ивановска-Јоци, го прогласи експремиерот и бегалец Никола Груевски за излитен мантил по поткастот „Претрес со Ландов“ каде гостуваше ексминистерката за внатрешни работи, Горгана Јанкулоска.„Кукавицата, кој од вторник ќе биде само излитен мантил, нали #Никола #Груевски, во налет на бес реши по неколку години да се пресмета со #Гордана #Јанкуловска, хаха. И секако без никакви опипливи докази, само со глупи удбашки муабети како стринка, нешто од типот - ,,јас на сите кои беа под прогон им кажав да бегаат со мене, да земат фамилии, дури и на неа, она прифати, па после се премисли. И имаше два сведока на тие средби".Нешто како и он што си ја зема фамилијата таму и сега сите среќно си живеат, нали? А, бе, патетична смејурија е човеков. Сите на кои им кажал да бегаат, се премислиле, само он не 😂 И сите биле кодоши, хаха. Туку, Јанкулоска, иако со години го кажува истото за него, тој дури сега реши да фрла камења по неа, откако ВМРО победи и ќе прави влада. Хах. Има еден предобар коментар кај него на профил, еден лик му пишал како оставањето пријатели на цедило остава последици по психата“, напиша Јоци.Таа додава: „Едноставно, патологијата на Груевски е таква - не знае како да живее без моќта во минатото и одушевувањето, фасцинацијата што ја добиваше од толпата, аплаузите, лајковите..“.

Коментари | пред 1 година

Screenshot-2024-05-16-at-20.49.09

(Видео) Груевски за сведочењето ја Југ во „Претрес“: Покажа храброст, од изјавата се гледа со какви жестоки уцени се врбувале лажни сведоци!

Експремиерот и бегалец, Никола Груевски, јавно се огласи откако осудениот Игор Југ за предметот „27 април“ во подкастот „Претрес со Ландов“ раскажа како од него било барано да го посочи Груевски како лице со командна одговорност, со цел да излезе од затвор.?t=4383Реакцијата на Груевски, интегрално:Вчера илзезе јавно сведочење дека водачот на самонаречените “реформатори” во 2016 година адвокатот Алек Михајловски, подоцна познат и како адвокат на Орце Камчев, нарачувал лажно сведочење против мене со цел да бидам обвинет како нарачател и организатор на настаните од 27 април 2017 година, или командна одговорност како што беше цитирано.Истото го направил преку адвокатот Саво Коцарев, кај Игор Југ, што вчера во емисија на еден подкаст самиот го објави, а снимката од тоа е подолу во линк.Игор југ е човек кој не крие дека и дотогаш и потоа има јавно и отворено изразени негативни ставови за мене, па и негова претпоставка е дека токму заради тоа тој изгледал како “плодна почва” за соработник за градење на лажно и конструирани обвинение.Со Игор Југ може да се каже дека не се познавам, ако под познанство не се смета присуство во иста сала, настан, или фотографија со партиски член некаде на негово барање и слични ситуации во кои немало суштинско разговор или дискусија.Прв пат дознав за него од медиумите одкога беше уапсен по настаните од 27 април 2017 година и лажно обвинет дека сакал да изврши убиство. Мојот тогашен коментар на Телма ден по настаните кај новинарот А.Чомовски беше дека луѓето што се најдоа во Собраниската сала, доколку сакале да убијат некого, можеле тоа да го направат речиси непречено, но не го направија, затоа што немале таква цел и намера, и тоа го мислам и денес.Од она што имам разбрано тој бил член на ВМРО-ДПМНЕ, а од неговото сведочење вчера разбрав дека бил учесник во настаните пред хотелот Панорама во 2004 година, кога поголем број поддржувачи на Љубчо Георгиевски се обидуваа да ја попречат седницата на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ по настаните за кои веќе во објавите на фб неодамна пишував.Тој вчера објави дека како што кажа ниту ме сакал, ниту ме сака, ниту ќе ме сака во иднина, што секако е негово легитимно право, како и на секој друг, кон некој од политиката да има и кон други да нема подршка и доверба.Како и да е, во неговите објави и ставови, независно дали со некои од нив се согласувам или не, тој покажа цврст карактер и храброст, како што тоа беше вчера кога како директно сведоштво јавно обелодени како всушност функционирал политичкиот прогон кон мене. Прогон кој и тој и те како го почуствува и сеуште го чувствува на својот грб. Од неговата изјава се гледа како, односно со какви не демократски методи и жестоки уцени биле или се правеле обиди за врбување лажни сведоци, како се правеле обиди за “тргување” со изнудување на лажни сведочења со ослободувања од прогон, или тешка тортура ако не се прифати понудата. Нешто на што повеќемина подлегнаа, но како што гледаме не секој.И потоа СДСМ и криминалецот и предавник на македонските национални интереси Зоран Заев, како и ним блиските се чудат зошто во странство, на пример во Шведска, во Унгарија, во Грција и во други земји добиваме без проблем политички азил заради политички прогон. Мислат дека другите држави преку своите разузнавачки и дипломатски служби немаат информации од повеќе извори за тоа што се случуваше во Македонија, и мислат дека тие можат секого да излажат и да стават во заблуда.Познато е дека самонаречените реформатори, чии поединци во раководството за своите валкани активности земаа пари од потпретседателот на бугарската влада Каракачанов, од една значајна амбасада во Скопје и од братот на Зоран Заев -Вице, во тоа време активно работеа на овој план и секако некој им беше дал таква моќ, да од потенцијалните лица таргетирани за обвинение, можеа да ги заштитат оние кои ќе се согласен да се приклонат кон нив, односно ако дадат, невистинити признанија или лажни изјави против мене и луѓето од моето опкружување во периодот 2016-2017 година, што некои луѓе го направија.Вакви ситуации имаше многу. Делумно преку реформаторите, а уште повеќе од обвинителите и извршителите на СЈО/ОЈО, кои отворено им сугерираа на осомничените дека ако дадат изјава каква што ним им треба за да конституираат случај, а кој нема врска со реалноста, ќе бидат ослободени или ќе поминат со нешто лесно, а ако не дадат требало да мислат дека нивните семејства и деца ќе останат без нив подолго и дека ќе им биде уништена кариерата, бизнисот и животот, потенцирајќи колку години затвор ги очекува, иако немаат вина. Тоа се моменти кога луѓето се пред избор, помеѓу страдање заради неоправдан прогон кон нив или страдање заради одбивање да конструираат вина на друг и тој да страда без вина.Досега голем број лица ми имаат лично кажано за исти или слични ситуации кои доаѓале или од обвинителите, или од врвот на власта тогаш, или како во случајот од претставник на самонаречените реформатори, кои како што кажав на тој начин и прибираа провзаници меѓу другото. Сепак, иако голем број ми се повериле мене или на мои блиски со молба тоа да не го објавам за да немаат последици, ова е прв случај на јавно сведочење и тоа од лице кое со повеќе текстови досега јавно и тоа прилично жестоко ме критикувал низ годините наназад и јавно кажува дека е против мене.Се потсетувам и на онаа снимка што излезе пред 3-4 години во која тогашниот директор на фондот за здрваство Ден Дончев кажуваше некому дека договорил “лоша изјава за Груевски” пред јавен обвинител од поранешниот министер Никола Тодоров, што колку што досега ми е познато не се реализира од страна на Тодоров, но таа снимка е на иста линија со оваа, бидејќи покажува дека висок функционер на власта за кој подоцна излезе видео снимка како зема пари од некого во канцеларија, изнудувал изјава од поранешниот министер за здравство против мене, иако истрагите не биле негова надлежност.Останува да видиме дали новата власт во доаѓање ќе сака и ќе им храброст да отвори случај против поголем број поединци обвинители во обвинителството, политичари и владини функционери од власта во заминување, т.н. “реформатори” и други структури кои учествувале во креирање и изнудување лажни обвиненија и кои биле учесници во лажни монтирани конструкции на лажни обвиненија и лажни сведоци.Доволно е само да ги повикаат сите обвинети, осомничени и сведоци, или поканети да бидат сведоци и да дадат изјави и информации во случаите на политичкиот прогон од 2017 година наваму, и ќе сватат дека имаат многу работа, многу матерјал за расчистивање со некои не професионални и партиски мотивирани лица од правосудниот систем но и адвокати, судии и други егземплари од таков тип, а најмногу носителите на највисоки функции во тогашната влада и владејачка партија на чело со Зоран Заев и лицата кои му беа канал за комуникација за нарачка на обвиненија и пресуди.Јас ги охрабрувам да го направат тоа, не само заради расветлување на случувањата во минатите години, туку и за да не дозволат истото да им се случи ним по извесен број години, кога нештата ќе се променат.ВМРО-ДПМНЕ во деведесетите години на некој начин премолчено направи една генерална амнестија на злосторствата од поединци на комунистичкиот режим, но таа неказнивоста подоцна се врати со нови прогони и нечовечко однесување од нивните наследници.Тоа е предуслов за реални реформи во обвинителството и правосудниот систем, и казнивновост за направеното зло на разни структури инспиратори, спроведувачи или било како вплеткани во политичките прогони.Еве го подолу сведоштвото од каде е инспириран овој текст“.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-05-16-at-14.07.09

(Видео) Игор Југ ексклузивно: Реформаторите ми дадоа безобразна понуда да го наместам Груевски за да излезам од затвор

За првпат, Игор Југ, осуденик за „27 април“ во „Претрес со Ландов“ одговори на многу непоставени прашања и даде нечуени одговори! Ексклузивни детали, истовремено и фрапирачки!Еден од нив е за понудата која ја добил за да го намести Никола Груевски во замена за неговата слобода.„Добив безобразна понуда, да го наместам Никола Груевски за командна одговорност, а да добијам слобода“, рече Југ по што откри кој му го понудил ова.

Македонија | пред 1 година

asd

(Видео) Кои се плановите со Груевски?

Никола Груевски има работа со судовите во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ не може да направи ништо во тој дел, вели Трајко Славески, член на Извршниот комитет на партијата во подкастот „Претрес со Ландов“. Тој посочува дека Груевски ако не избегал, ќе расчистел со дел од предметите во кој е обвинет.„Никакви планови нема со Груевски. Тој не е прашање сега. Никола Груевски има работа со Република Македонија, со судовите и слично. Да беше тука најверојатно досега ќе беше нешто расчистено од она што му се товари. Дали на слобода, дали на издржување на казна“, рече Славески.Тој додаде: „Така што партијата ВМРО-ДПМНЕ не може да направи тука ништо, тоа е работа на судовите и негов личен избор“.Славески одговараше и на други прашања поврзани со актуелни теми, политичари, неистомисленици:?t=7375

Македонија | пред 1 година

gruevski

Груевски и честиташе на ВМРО-ДПМНЕ и испрати порака

,,Судбината сакаше на денот на победата над фашизмот, одбележувајќи го големиот пораз на фашизмот во 1945 година, да го поздравам големиот пораз на СДСМ и убедливата победа на ВМРО-ДПМНЕ на изборите одржани вчера, како на парламентарните, така и на претседателските избори.Вчера, иако со поголемо задоцнување, убедливито мнозинство народ жестоко ги казни и порази политиките на СДСМ кои ги постави Зоран Заев, а ги следеа неговите слепи послушници.Политики полни со национални предавства, криминали, длабока корупција и лично богатење на грбот на граѓаните, секојдневни лаги и манипулации, злоупотреби, политички прогони на неистомислениците, не функционалност на државните институции и нивно ставање во лична полза, како и неспособност од големи размери.Политики кои Македонија ја уназадија во секој поглед, неповратно иселија огромен број граѓани и ја доведоа земјата во позиција на потчинетост пред негаторите на нацијата и на македонскиот идентитет, јазик, историја, име, националност и посебност.Политики со кои Македонија беше константно 7 години економски уништувана, осиромашувана, ограбувања и морално пропаѓана.ВМРО-ДПМНЕ доби голема подршка од граѓаните.Честитам!Но, и голема обврска пред народот, и големи очекувања и надеж кај нив, кои не смее да се изневерерат.Со среќа!И со ум!”, напиша Никола Груевски, на својот фејсбук профил.

Македонија | пред 1 година

kovacevski-gruevski-scaled-1

Груевски: Си велам да „утепам“ саат и кусур за Ковачевски и се откажав - за жал, за некои болести нема лек

За експремиерот и азилант, Никола Груевски, немало смилса да го слуша експремиерот Димитар Ковачевски. Тој коментира интервју кое Ковачевски го имал за подкаст. И вели: „Човекот како тотално да се одлепил од реалноста“. Ви го пренесуваме во целост:„Деновиве неколку мои пријатели ми пратија линк од настап на Димитар Ковачевски на еден поткаст. “Гледај го” ми вели едниот. Погледнав, саат и нешто трае. Си велам да “утепам” саат и кусур за Ковачевски да го слушам, има ли смисла? Се откажав.“Мораш да го гледаш” ми пишува друг, “многу жестоко и приземно те напаѓа, со лични навреди и омаловажувања”. Трет пак нешто така. А што ако ме напаѓа, кога никој не го зема за сериозно човекот, си велам.Незнаев како да им објаснам дека гледањето на Ковачевски со тежински фактор на влијание во политиката “нула” е чиста загуба на време.Како да гледаш некој локален фраер пред напуштена “кооперација” во населеното место, со пиво во рака, седнат на гајба во некоја далечна провинција, глуми некоја величина и самодоверба и се труди да е вицкаст, а нема талент, ниту некаков резултат зад себе во работата што ја работи. Во ред, бил назначен за премиер! Не избран, назначен. Но, што направил? Што тој направил, а што јас сум направил како премиер? односот негов се гледа дека ништо не направил.Ако направил немало по 8-9 години одкако веќе не сум премиер, да се пресметува со мене и да се докажува пред јавноста.Луѓето што нешто реално направиле во областа што ја работат немаат потреба од себедокажување со навредување на другите што создале успеси.Тој што реално направил реформи, дела, подобрувања, ја испополнил и надминал ветената програма и проекти, решил најтешки проблеми, изградил, создал, истрајал на притисоци од областа на национален интерес, донел крупни инвестиции во земјата, преполовил невработеност во време кога е најголема во Европа…, тој човек цени, и не напаѓа некој друг кој постигнал реален успех, бидејќи знае колку тоа е тешко. Цени, почитува, бира зборови, знае што зборува.Тој што не направил нешто особено или ништо, тој навредува, се прави паметен со омаловажување на други, озборува, “плука” по луѓе преку медиуми, не почитува и верува дека така, со “плукање” на многу поуспешни од него и тој ќе стане голем, бидејќи го нападнал и предизвикал некој кој е многу поголем од него, во учинокот, во успесите и во испорачувањаето на ветените резултати.Сепак, некако попуштив, па по инсистирање на повеќе мои пријатели, на крајот го гледав со неколку дена задоцнување, ама истовремено работев и уште една друга активност, да не ми отиде времето залудно.Прво, целиот негов однос е како човекот да има некоја болест со која е надвор од реалноста. Зборува со манири, дикција, многу висока самоувереност, и фацијална експресија како да неговиот кандидат за претседател во првиот круг победил со 180 илјади гласа разлика, а не загубил со толку, како што се случи.Од време-навреме знае да каже нешто од типот “ја примивме пораката”, бидејќи така го задолжиле неговите платени експерти за комуникација со јавноста и кампањата, но тоа е колку да исполни што се бара од него, слично како онаа фраза “имавме грешки во кадровска политика”, иако веднаш после тоа еден по еден така ги фали и воздигнува сопствените министри, што единствен заклучок може да биде дека ако биле толку добри неговите министри, најверојатно лидерот не чинел. Ама не оди од агенцијата која ја води кампањата да му кажат “кажи имавме слаб и изгубен во свемирот лидер”.Човекот како тотално да се одлепил од реалноста. Всушност тој веројатно си беше одлепен од реалноста, ама изборните резултати, наместо да го вратат, уште повеќе го оддалечиле од реалноста, во која народот очигледно му додели “црвен картон” на последните избори. А овој горд на себе по поразот, како да слави, како да навистина дал “гол” во 90’ минута и го добил натпреварот, како што го гледавме во еден таков негов спот за кој во поткастот кажа дека бил реалност.Не е непознато славењето и величењето на поразите низ балканската историја, ама овој нашиот “лик од пред напуштена кооперација со пиво во рака седнат на гајба и еден тон самодоверба и чувство на величина“ некако ептен личи самоубеден.Да е навистина самоубеден и најдобар нема другите да се обидува да ги омаловажи. Тоа е докажано во психологијата.Плука над себе, во височина. Знаеме фигуративно гледано што следува во таква ситуација: неговата плунка му се враќа директно на неговото чело. Ќе си ја забележи наскоро.Па некако ми проструи низ главата онаа српската: “Благо оном ко рано полуди, па му живот прође у весеље”.Се потсетив и на зборовите на поранешниот македонски амбасадор во Израел - Пајо Авировиќ кој во една прилика во неврзан разговор во Тел Авив ми кажа дека секоја година на Велигден во Ерусалим, кога милиони верници пристигнуваат таму, обавезно околу 5-6 луѓе привремено целосно одлепуваат и реално почнуваат да веруваат дека се новиот месија и така се однесуваат, се преставуваат и слично. Држат говори низ градот, и прават се што мислат дека би правел еден “Божји син” испратен од Бог да го спаси човештвото, и тоа трае се додека не го однесат во болница и не прими инјекција.Сепак, тука неговиот ментор Зоран Заев сеуште е неприкосновен, ненадминлив, и на него ни инјекција не му помага, па привидот дека е месија пратен од Господ да го спаси народот, односно дека ја спасил Македонија и донел живот, го држи еве над 8-9 години, а и неодамна си снимил спот во кој на почеток кажува дека го спасил народот од мене и од ВМРО-ДПМНЕ.За жал, за некои болести нема лек.Околу нападите на Ковачевски врз мене, незнам што да одговорам а да звучи сериозно, на така не сериозен настап. Корените сме ги барале кај хунзите, сум играл Чардаш покрај Дунав пет години, сум излегувал само на саем на книга преку издавачката куќа “Ѓурѓа”, сите новинари што биле против нас сме ги тепале и затварале, итн.Човекот не разбира ништо, а многу сака да зборува и правејќи се вицкаст, мора да навредува, бидејќи на друг начин не знае да привлече внимание кон себе.Празен е.Независно на дипломите, неговиот фонд на зборови и вокабулар упатува дека застанал некаде на “Марика лета со авион”.Ќе завршам со уште една српска поговорка која заради римата ќе ја напишам повторно на српски, а која најпрецизно го отсликува Ковачевски и неговото однесување:“што је глава празнија, то је безобразнија!”

Македонија | пред 1 година

nikola-gruevski-45

СДСМ пак зборуваат за Груевски

„Изборот е помеѓу борба за европска иднина со СДСМ и откажување со ДПМНЕ“, вели СДСМ и додава:На претстојните избори изборот пред граѓаните ќе биде помеѓу борба за европска иднина со СДСМ и откажување со ДПМНЕ.СДСМ има јасна визија за иднината на државата како европска. СДСМ е опција коjа носи надеж, која обезбедува поголеми плати и пензии, подостоинствен живот и која носи сигурна европска иднина.Граѓаните одлучуват дали Македонија ќе стане членка на ЕУ и ќе ги зголеми придобивките од членството во НАТО, или ќе заглави до недоглед во нова и тешка неизвесност што ќе донесе изолација, поделби и загрозување на иднината, на напредокот на земјата,Народот не сака да стои во место, не сака повторно да биде заглавен и понижен.Повторно заглавување, со наведната глава, никој не сака. Никој не сака да чека нови 11 години во нови чекални.Граѓаните не забораваат како изгледаше кога Груевски нѐ заглави и не донесе до дното.Мицковски, само ќе продолжи таму каде што застананеговиот ментор Груевски.

Македонија | пред 1 година

gruevski-vankovska

За некои работи Груевски можеби беше во право, но начинот и мотивите му беа дискутабилни, вели Ванковска

Поранешниот премиер Никола Гуевски во изминатите неколку денови го анализираше здравствениот систем во државата, факултетите, судството, образованието, по што професорката Билјана Ванковска се огласи на Фејсбук.„Го читам Груевски како ламентира над лошата судбина/рејтинг на универзитетите. Не само што останал неписмен (а со докторат од УКИМ!?!), па пишува “незнам” и “нај” одвоено од зборот и да не набројувам други правописни грешки, ај што тој како научен кадар не објавил ниту еден труд со импакт фактор, туку ми е мака што ја извртува вистината. Демек, реферира на мене кога вели дека сме барале изговор да не дебатираме во хотел (“славната сцена” пред Ал. Палас за која уште ме плукаат и едните и другите), а не кажува дека го одбија нашето барање за учество во Собраниската комисија, разговори тој имаше со Силјановска и уште неколкумина (плус од студентски пленум) во Влада и дека Иванов одби да стави суспензивно вето. Патем во собранието се соочи со ректорот и протекторот - ама ништо не разбра!Уште тврди дека пленумите биле да го уриваат него. Каква КОЛОСАЛНА грешка му беше државниот испит (импакт факторот го воведе отпосле за да ги дисциплинира професорите кои им се придружија на студентите)! Сакаше контрола над универзитетот со укинување на нашиот статус на ултимативни наставници и испитувачи.Во сиот калабалак нему му се случи ЗЗ што нема никаква врска со универзитетските работи и Шангај. Пленумот всушност престана да постои во моментот кога се појавија и инфилтрираа шарените. Јас прва излегов и побарав да се избрише моето име кога ги видов таму Фрчкоски и компанија. Знаев дека таквите уво не ги боли за наука.Но, и тогаш и сега признавам само една работа: секој професор има врвна морална и академска задача да се погледне во огледало и да си го провери си-ви-то, па после да мудрува за рејтингот на универзитетот. Ние мораме да тргнеме од себе, Не може луѓе со индекс на цитираност НУЛА на сите релевантни листи да делат совети. Не може да кукаат за низок буџет за наука луѓе кои не знаат ниту еден светски јазик, кои не излегле подалеку од Табановце, за кои БиХ и Србија се “иностранство”, кои не учествувале во ниту еден меѓународен проект или светска конференција, кои не ги знаат ниту ги цитираат…И така, пак е сезона во која Шангајската листа станува божем најважна тема во земјава во која никој не се вложува себе си во она што го работи, во која луѓе горат и никој не одговара за тоа (за жал и во тоа на извесен начин се вклучени професори).За некои работи Груевски можеби беше во право (сега критериумите се симнаа и сите се лагодни и редовни професори), но начинот и мотивите му беа дискутабилни. Мене нека не ме спомнува ни индиректно зошто може да ме најде и во web of science и во scopus и каде сака…

Коментари | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања