ГРУЕВСКИ

Screenshot-2022-04-21-at-18.21.22

Груевски се отвори за факултетите, судството, образованието: Од главата си патиме

Експремиерот Никола Груевси на социјалните мрежи постави прашњае кое гласи: „Зошто некој се чуди што македонските универзитети ги нема ни во првите 2.000 на реномираните меѓународни рангирања?“, на што даде одговор: „Од главата си патиме!“.Тој ја коментира новата листа на рангирање на универзитети во светот од универитетот во Шангхај, чија таква листа се смета за најрелевантна во оваа област. Вели: „и повторно се јавија зачудени и изненадени медиуми, аналитичари и други структури затоа што македонските универзитети не биле во првите илјада или во првите две илјади на оваа високо вреднувана ранг листа.“Објавата во целост:„Незнам зошто се чуди некој? Зошто македонските медиуми зачудено пишуваат и се прашуваат зошто е тоа така? Македонските универзитети ниту се, ниту ќе бидат таму каде посакуваме, се додека нема радикални промени за кои немаше и сеуште нема подготвеност, а сега веќе нема ни власт што е заинтересирана за тоа.Главно затоа што македонските професори кои се определиле во животот да бидат професори и научни работници и самите се китат и се горди со таа ласкава титула, многу ретко а голем дел и воопшто не создаваат и објавуваат научни трудови во списанија со фактор на влијание, каде водечки е web of science. Се разбира не сите, но најголемиот број.Ем сакаат да работат како научни работници и универзитетски професори и да земаат плата за тоа, ем да не се мачат да создадат научни трудови со квалитет минимум прифатлив за светската научна елита. Најпрвин создадовме закон дека професорите мора годишно да создаваат по неколку научни трудови кои ќе бидат објавувани во меѓународни списанија, но не беше прецизирано во кои. Балканската креативност преку ноќ профункционира кај нашата “елита” во образованието и за неколку месеци законската обврска ревносно се исполнуваше со објави на такви трудови во нерелевантни и во не многу напредните земји на балканот, односно во непознати балкански списанија кои излегуваа во помали градови од нашето опкружување како на пример во Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Бугарија, Косово, Албанија и слично, каде нема никава проверка на квалитетот и вредноста на создадниот труд и каде се прифаќа сѐ.Брзо свативме дека со таа измена речиси ништо не сме постигнале, освен дека имаме намера научните работници да станат навистина научни работници со редовна научна активност. Инаку дотогаш, при прием на професори на универзитет, или при унапредување во научно звање, за научен труд се признаваа интервјуа и колумни во македонските весници, портали и телевизи, како и учество во дебатни емисии. Како во нај назадните земји во Африка. Се разбира не беа сите професори такви, имаше и има професори кои редовно учествуваат и објавуваат научни трудови во најнапредните списанија со фактор на влијание во светот, но во најголем дел беше така.Со обзир дека состојбата беше долго време таква, по долга анализа, консултации, подготовки и дискусии со многу луѓе познавачи на проблемот, вклучивајки и долгогодишни македонски професори на универзитети во напредни земји во Европа и САД, во 2014/2015 година се обидовме со новиот закон за високо образование да воведеме обврска за изработка на минимум такви научни трудови за сите професори во Македонија, за која тие би добиле и парична подршка од државата, а после неколку години редовност во објавите беше предвидено да добијат и трајно зголемување на нивната плата, со можност за дуплирање на платата.Бевме спремни за конкретни преговори со професорите и универзитетите, мислевме дека ќе бараат аргументирани дискусии за тој закон. На пример ако ни побараа уште повеќе буџетски пари за поткрепа за изработување на научните трудови и ако дадеа барем малку добри аргументи, бевме подготвени да ги обезбедиме само за работите да мрднат од мртва точка.Размислувавме дали во тие преговори доколку тоа ни го побараат времено на приемр за првите 2-3 години да го прифатиме и Scopus, како второ по значње после Web of Science, иако шангајскиот универзитет при рангирањата ги прифаќа само трудовите на Web of Sience. Бевме подготвени низ јавна дебата за дополнително подобрување на Законот во делот на некои специфични области како историјата, уметностите и некои други.Бевме подготвени да разговараме член по член од Законот и ценевме дека тоа е добро и ќе ни помогне да имаме уште подобар закон.Но, т.н. “Професорски пленум” силно подржан од опозицијата која е веќе над шест години власт, силно подржан и од повеќето НВО, и силно подржан од некои медиуми и новинари, чија задача беше рушење на таа власт, не бараше средби со нас за подобрување на Законот, туку охрабрен од протестите на студентите и масовноста на истите, бараа негово целосно повлекување. На нашите повици да разговараме за текстот на Законот водачите на пленумот одбиваа средби за аргументирана дискусија, под разни некогаш и гротескни изговори, од типот дека не сакаат дебатата да биде во хотелска сала туку во парламентот, за потоа по пат да се предомислат и да не дојдат ни во парламентот.Можеби несреќна околност беше што во истиот закон предвидовме за идните студенти, не за оние кои веќе студираат, туку за оние кои од следната студентска година ќе се запишеа на факултет, да има на половината на студирањето за првата половина, и на крајот на студирањето за втората половина од испитите, законски задолжителен државен испит по примерот на неколку европски земји. Ова затоа што имавме јасни сознанија и докази дека критериумите за добивање отценка за знаењето беа драстично опаднати постепено по добивањето независност низ периодот на транзицијата, а денес осум години подоцна се уште повеќе и од тогаш, со чест на исклучоците.Особено беше така на повеќето приватни универзитети, но “заразата” беше проширена до некаде и кај дел од државните универзитети и факултети, најмногу бидејќи беа загрижени за одливот на студенти на приватните универзитети каде се поминуваше полесно и се пари, односно бидејки кај повеќето од нив во Македонија важи правилото "Не сум платил за да учам", што е сосема спротивнeн начин на размислување од напредните земји каде се плаќа за да се учи од најдобрите професори. Испитот требаше да се полага надвор од универзитетот под перфектно обмислени услови во смисла се да е правично и чесно и технички гледано на тој дел неможеа да најдат замерка.Законот имаше двојна цел: да ги поттикне и студентите и професорите да ги подкренат критериумите за потребно знаење при неговото отценување, а со тоа да излезат посилни и поконкурентни дипломирани академски граѓани на Македонија, па така низ годините и децениите Македонија да стане држава со поконкурентни, поспособни, со поголемо знаење и вештини граѓани, затоа што човековиот ресурс и неговиот квалитет е најважниот ресурс на една земја. Иако актуелните студенти воопшто не ги опфаќаме во тој закон, професорите нескриено ги убедуваа студентите да протестираат како да нив ги опфаќа Законот, а кога професорите им велат на студентите наместо на настава да одат на протест пред влада, најголем дел тоа и го прават.Студентите ги поставија за жив штит на нивната неволност, (а во некои случаи и неспособност) да создаваат конкурентни научни трудови со кои самите тие ќе беа горди, самите континуирано ќе се надградуваа, и патем ќе заработуваа многу повеќе, а македонските универзитети ќе добиеја повисок рејтинг.Државата долгорочно ќе беше посилна во секој поглед. За волја на вистината ние чувствуваме дека Законот ќе предизвика вознемиреност и не ставивме во него потреба од изработка на многу трудови, ниту пак доволно за споредба со некои понапредни земји. Се одлучивме на “забрзана еволуција”, наместо “револуција” бидејќи знаевме дека и тоа ќе биде тешко да помине во нашето општество и ќе биде “дочекано на нож”.Си рековме ајде сега да направиме напредок вака, па по 5-6 години одкако ќе видат дека не е ништо страшно, дека имаат корист од тоа, некоја тогашна идна влада ќе ја поткрене “летвичката” дополнително нагоре.Ако добро се сеќавам ставивме обврска за создавање и објава по четири труда годишно на секој професор, а да речиме еден не професор, туку асистент на Колумбија универзитетот има или е дел од најмалку 10 научни трудови годишно.Аргументот дека во други земји ова не се пропишува со закон, беше многу лесно решлив со фактор што сме на дното по вакви трудови во Европа, и под дното на рејтинг листите на универзитети како оваа на Шанхај.Претходно како подготовка во еден 3-4 годишен буџетски период набавивме огромен број лабаратории за секој државен универзитет и факултети според желбите што само ги кажаа, и преведовме 1.100 стручни и научни книги од кои се учи во секоја област на првите десет рангирани универитети на светот, а од областа на правото од Франција и Германија, каде има континентално прво.Бевме подготвени и да докупиме лабаратории и да допреведеме книги ако тоа беше потреба за овој проект.Но, попусто. Ретко кој професор ги препорачуваше тие книги на студентите, давајки предност на таквите наместо на учебникот напишан од него. И лабараториите главно не се користеа доволно за научни цели, туку главно за комерцијални цели кои носеа дополнителни приходи на факултетите. Бевме решиле да ги издржиме протестите кои беа мошне масовни, ние знаевме да издржиме протести кога веруваме во исправноста на одлуките, различно од овие денес кои под најмал притисок се повлекуваат и кога се во право, затоа што се слаби, а слаби се затоа што не работат, немаат стратегија и немаат резултати.Бевме решиле и покрај огромната политичка подршка и вмешаност на опозицијата, НВО и дел од медиумите да издржиме во таа борба за напредок, затоа што во овој случај знаевме дека правиме добра работа за иднината на секој млад човек-студент, за секој професор и за Македонија. Бевме подготвени за корекции на Законот во една стручна и рационална дебата, од која членовите на професорскиот форум бегаа, немајќи аргументи.За жал по некое време одкако почнаа протестите ги добивме првите информации дека не очекува огромна “бура” , дека ќе започне жесток и тежок напад со т.н. “бомби”, што веќе знаевме дека е дел, но значаен дел, од една голема надворешна операција со цел промена на власта заради промена на името на државата, името на нацијата, името на јазикот и на историјата на Македонија.Тогаш отценивме дека нема да имаме сили за повеќе од еден таков огромен фронт, и дека мораме итно да ги затвориме сите други помали фронтови, како што беа студентските протести и оние протести на т.н. “хонорарци” кои бараа и понатамунда не се плаќаат придонеси на хонорари по што сме единствена земја во Европа и што е дупка во Законот со денес, кој оваа влада се обиде но потоа се откажа од негово регулирање.Под едни такви околности во 2015 година го повлековме Законот за високо образование.Навидум професорскиот пленум и студентите “победија”. Но, што добија од тоа? И што доби Македонија?Професорите добија можност и понатаму да се преставуваат како научни работници а да немаат редовно создавање на научни трудови како сите нивни колеги во земјите во Европа, Америка и други напредни земји кои се прифатени во списанија со импакт фактор. Зборувам за мнозинството професори, не за сите.Со тоа ја загубија можноста и да заработат од тоа, да одат понапред со своето знаење во областа, континуирано да се надградуваат како експерти во своите области, да им дадат поголемо знаење на студентите и да бидат меѓународно препознатливи и конкурентни.И да бидат горди на сего тоа!Се откажаа од гордоста, во замена за конформизам и помалку работа.Студентите се најголеми губитници иако повеќето можеби не се свесни.Колку полесно и со помало знаење ги поминуваат испитите, толку помалку знаење ќе имаат во животот и работата и помалку конкурентни ќе се во нивната работа и струка, особено меѓународни конкурентни. После да не се чудиме зошто факултетско образовани од Макеоднија перат чаши во напредните држави.Навидум сите среќни, а тажната приказна се продлабочува, и навистина не ми е јасно оние медиуми и аналитичари кои тогаш сето тоа го подржуваа, зошто денес се чудат што ниту во првите 1000, ниту во првите 2.000 универзитети нема Макеоднски универзитет.Нема ни да има. Бидејки: од главата до патиме!Но затоа во меѓувреме со цел за добивање квалитетни мигранти со слична и сродна култура, кои брзо би се вклопиле и ји биле од корист во системот, државата Словенија ги отвори вратите за македонските студенти да можат да студираат бесплатно во Словенија, им им овозможи третман како да се граѓани на Словенија, но слично е и во многу други понапредни земји каде заминуваат оние Макеоднски студенти желни за знаење и за конкурентни професори на светско ниво.Се повеќе македонските универзитети снемуваат студенти со исклучок во делот на информатиката и неколку други технички струки.На пример, правниот факултет во Скопје, пред само 7-10 години примаше по 900 до 1200 студенти годишно. Во последната уписна година минатото лето примија нешто над 200 студенти.Голем дел заминаа да студираат во Словенија или во други земји кои бараат студенти што сакаат да учат и нудат професори со авторитет во науката кија треба да им ја презентираат.Во причините за оваа ситуација во која на правниот факилтет на секој професор има по 2,5-3 ново примени студенти, секако влегуваат и одлучноста на младите трајно да ја напуштат Македонија заради хаосот во земјата во овие 6-7 години, па правниот факултет не им личи нај перспективен за наоѓање работа во друга држава, компромитираното судство и обвинителство, про што ако некогаш беше чест, денес со рејтинг од 1% доверба на јавноста повеќе е срам да се биде во професијата и правосудните институци, а и знаењето на адвокатите веќе не толку ценето кига стана очигледно дека одлуките во правосудството не зависат од квалитетот на одбраната на адвокатот туку од политчки или коруптивни фактори, и неколку други причини меѓу кои и демографијата.

Коментари | пред 2 години

768x432

„Нормално, сега нема пари во здравството, епа, нема“, Груевски за гангстерската бизнис-политичка спрега во монополската трговија со лекови со државата

Екс премиерот Никола Груевски, втор ден по ред го анализира здравствениот систем во земјата.„Гангстерска бизнис-политичка спрега во монополската трговија со лекови со државатаОд она што следам во последните шест години во здравството се запрени најважните работи кои претходно се правеа, а буџетот горе-долу е истиот како и претходно.Но, каде одат парите? Најмногу во плаќање многу поскапи лекови отколку порано.Попрецизно кажано парите одат како многу поголема заработка на неколку големи фармациски фирми во Македонија и нивните сопственици. Но, не во нови апарати и опрема за здравството, нови и реновирани болници, обука во странство на лекарите или реформски проекти и системски подобрувања во здравствениот систем.Туку во набавка на истите лекови кои и ние ги набавуваме во потребните количини, само многу поевтино.Се сеќавате ли на т.н. “паралелен увоз на лекови”?Она кога со закон дозволивме истите лекови произведени од некоја позната фармацевтска куќа од светот да не мора да се набават само од локалниот дистрибутер во Македонија, туку да можат да се набават речиси од било кое претставништво на истата фармацевтска фабрика во други земји.Се сеќавате ли каква кампања имаше против тоа? Континуирана и без запирање!Колку здушно куп новинари, разно-разни “експерти” и “стручњаци” одеднаш почнаа редовно да пишуваат дека тоа е многу опасно, дека можеби се увезуваат фалсификувани лекови, дека дел од тие лекови не давале добри резултати, замислете само затоа што се купени од дистрибутерот на истата фармацевтска фабрика во Франција, Турција или Германија наместо од дистрибутерот во Македонија на кој до тогаш, но за жал и денес му беше дадена класична монополска позиција.Коментарите и критиките одеа и во правец дека пациентите се жалат, па се активираа и некакви здруженија на загрижени пациенти болни од некои болести, дури и некои лекари даваа изјави во ист правец, а куп медиуми имаа задача да набијат силен страв и сериозна загриженост кај пациентите и генерално кај народот.Тоа беше опасна манипулација.Мафијашка манипулација.Не велам дека сите “загрозени” дистрибутери така постапиле, но дефинитивно дел од нив со силна поддршка на тогашната опозиција, а денес власт, во гангстерски стил водеа перманентна кампања на влевање страв и несигурност кај народот со цел да им се вратат времињата и позициите на енормни заработки.А зошто? Што всушност им пречеше? Зошто се спротивставија?Затоа што сме дозволиле државата да не мора да го купува тој лек исклучиво од претставникот на фабриката за некој лек во Македонија, чии газди се монополски локални олигарси кои повеќекратно поскапо го продаваат лекот отколку истите такви претставници на истата фабрика во друга земја затоа што државата нема можност истиот лек да го купи од било кој друг добавувач.Мислите дека тоа “перманентно востание” зад кое според добиените информации беа ангажирани и добро платени маркетиншки куќи беше случајно?Мислите дека тоа не беше финансирано од некој кој имаше финансиски интерес од тоа?И мислите дека истите тие не се обиделе да пробијат со такви силни буџети за лобирање и во редовите на тогашната власт?И секако, по доаѓањето на СДСМ на власт во 2017 година откако претходно по долгогодишна платена кампања беше создаден “теренот” многу брзо се укина законската можност да се набавуваат лекови од дистрибутери на некоја фабрика производител во друга земја, туку исклучиво и само од дистрибутерот на таа фабрика во Македонија. Тој дистрибутер има монопол. Само од него може државата да купи одреден лек и од никој друг на планетата кој со лиценца на производителот го продава истиот лек многу поевтино.И нормално, цените на тие лекови кои најчесто ги набавува државата, од државниот буџет за осигурениците пациенти, повторно поскапеа значително со енормно високи маржи.Ние немавме против тие дистрибутери да работат и да продаваат, но по конкурентни цени, а не од монополска позиција на единствен можен добавувач да стават цени колку што сакаат. Затоа решивме да создадеме конкуренција. Тоа ги вознемири, и истовремено го “вознемири” и тогашното раководството на опозицијата.Што е главната разлика во здравството од тогаш и денес?Тие пари што тогаш ги заштедувавме од полнењето на банкарските конта на 6-7 или не повеќе од 10 домашни фармациски олигарси, а индиректно и на некои луѓе во политиката, преку заштедите со создадената конкуренција, беа пренасочени во капитални инвестиции во здравството, во набавка на нови апарати и опрема за здравството, во градба или реконструкција на нови болници и клиники, во стручни обуки и доусовршувања на лекарите во странство, во најнапредните клиники во светот, во вложувања во превентивата во здравство и во реформски системски проекти во здравството од типот на “Мој термин”, “Плаќање по учинок” во преку десет наврати намалување на цените на лековите во аптеките, реорганизација и правење разни видови снимања и многу други здравствени услуги и во втора и трета смена, а не само се во прва смена, со следење и контрола за исполнување дневни норми, со што листите на чекање паднаа од неколку месеци на неколку дена, што всушност значеше дека исчезнаа листите на чекање, и други слични системски мерки.Секако на тие заштедени пари од набавка на лекови придодадовме уште многу повеќе, бидејќи не беа доволно.Сега, по смената на власта не се додава воопшто а инфлацијата овие пари ги има обезвреднето за над 40% - 50% во последната деценија.Следната планирана фаза ни беше откако ќе ја пополниме огромната празнина на дезинвестирање во опрема и медицински апарати, како и во градежни активности во здравството, за што ценевме дека ќе ни требаат уште 2-3 години, тие заштеди, таа разлика во заштедите од паралелниот увоз да ја насочиме во проширување на позитивната листа на лекови, што значи одобрување на покривање од буџетот на нова генерација долга листа на најсовремени лекови, за кој тогаш опозицијата критикуваше и ветуваше, а еве веќе седма година не сме чуле дека го исполнила ветувањето.Денес сите тие пари, и оние што се заштедуваа со проектот “Паралелен увоз” и оние кои ги додадовме при создавањето на буџетот, се вложуваат во набавка на повеќекратно поскапи лекови од тогаш, бидејќи се врати монополот на мал број локални трговци - дистрибутери на скапи лекови кои добиле договор да преставуваат некои фабрики за скапи лекови од странство. И од никаде од друго место не смее да купи државата освен од нив. И интересно, но тоа веќе не е тема во медиумскиот простор. Никој не прашува зошто за некој од скапите лекови против канцер или некоја друга тешка болест сега се продаваат повеќекратно поскапо. А видовме дека може и поинаку. И нормално, сега нема пари во здравството. Епа, нема.И додека овој бизнис-политички озаконет криминал во трговијата до лекови непречено од никого тече, народот или нека се снаоѓа по приватните болници кога нема соодветен апарат, и каде ќе плати приватно од своите заштеди или ако нема заштеди нека си трпи и умира порано од она кога е неизбежно“, вели Груевски.

Коментари | пред 2 години

367745323_848515833304349_3435260222841311468_n

Груевски распали против здравствените политики на СДСМ: Ова е она кога нешто ќе “баталиш”

Поранешниот премиер, Никола Груевски се огласи на Фејсбук. Овој пат, тој направи паралела на здравството во негово време и сега.„Шест години погром во снабдувањето на нова медицинска опрема и апарати во делот на здравството: фактите говоратВо 2013 година за капитални инвестиции во буџетот за здравство биле предвидени 41 милион евра од кој во купување нова медицинска опрема и апарати биле вложени 25 милиони евра.Во оваа 2023 година само 8,6 милиони евра се предвидени за капитални инвестиции од кои само 2,6 милиони евра се за опрема и апарати.Во различни години износите и споредбите се различни но речиси нема година каде овие пари не се барем за неколкукратно помалку инвестиции во времето на оваа власт споредено со времето кога ја предводев владата.Ние кои бевме обвинувани за “непродуктивни” инвестиции во проекти од национално културно, историско и туристичко значење, инвестиравме неколкукратно повеќе буџетски средства во здравствена грижа, споредено со оваа власт.Ако некој не следи многу кои се разликите во пристапот на владите во здравството сега и тогаш а не сака да чита и проучува многу, ова му е доволно за да добие првична претстава за не грижата за здравјето на граѓаните од страна на власта.Во капитални инвестиции се всушност парите за развој и напредок или во најмала рака за одржување на постоечкото ниво: медицинска опрема и апарати, градби и реконструкции на објекти во здравството како болници, клиники, амбуланти и сл, обуки на лекари и медицински персонал и инвестиции во превентивното здравство, она кое спречува заболувања).Сличен е соодносот и во другите капитални инвестиции во здравството.Во 2013 година за градба и реконструкција на болници и клиники се вложиле 12 милиони евра, а годинава се предвидени и којзнае дали ќе се вложат сите 5.9 милиони евра.За амбулантни возила таа година се вложиле 2,5 милиони евра а годинава таков “луксуз” воопшто не е предвиден, поточно предвидените пари за нови возила на брза помош се 0 ( и со зборови: нула).Милионите евра тогаш и денес не се исти. Тогашните 41 милиони евра инвестирани за капитални инвестиции во здравството со инфлацијата зад нас во светски размери е еквивалент како 55-60 милиони евра денес. А 25 милион евра во медицинска опрема и апарати тогаш, со растот на цените во последната деценија е како 35-38 милиони евра денес.И обратно: 8,6 милиони евра во капитални инвестиции во здравството денес, е отприлика како 6 милиони евра тогаш. И 2,6 милиони евра за медицинска опрема и апарати денес е нешто како 1,5 милиони евра пред десет години.Константа е уште од првата година на мандатот на владата која ја предводев да имаме многу поголема грижа за граѓаните во делот на здравството, здравјето и животот, и буџетите секогаш беа многу поголеми. Некои години повеќе, некои помалку но ваков погром во овој сектор никогаш немало.Единствено кога се под притисок да ги зголемат платите во здравството, под притисок качуваат плати во здравството во ситуација на големо покачување на цените, за да купат каков-таков мир, додека парите за опрема, градби, реконструкции, обуки, превентива одат за многукратно поскапи лекови кај неколку луѓе, од кои сосема јасно е дека некој има лична корист.Никогаш не сум тврдел дека во тие години немало проблеми и слабости во здравството, но ова е многу повеќе од тоа: ова е она кога нешто ќе “баталиш”.Интересно е што и претходно, пред 2006 година, секогаш кога СДСМ беше на власт здравството и особено капиталните инвестиции биле екстремно ниски, слични на сегашните. Ова значи, дека не е проблемот до сегашниот или претходниот или некој министер за здравство, туку пристапот и посветеноста на една цела политичка гарнитура во однос на здравството, но пред се во однос на народот за кого постои тоа здравство.Не знам дали луѓето во власта кои ги носат одлуките не помислуваат дека оваа негрижа некој ден може и ним лично или ним блиски да ги погоди.Како не помислуваат дека 90% од населението нема доволно пари и заштеди за лечење во приватното здравство.И дека секој човек кој работи во Македонија или пензионер, одвојува од месечната заработка пари за здравствено осигурување за да некогаш кога ќе има потреба да добие грижа и услуга која е барем на минимално цивилизирано ниво?!“, вели Груевски.

Коментари | пред 2 години

d_sos20151120017-e1542306005905-1024x578

Груевски со честитка за празникот: Нека се честити и нека се вечни двата Илиндена, нека е вечна Македонија

Денес е Илинден и денес Македонија и Македонците славиме јубилеј -120 години од Илинденското востание. Денес исто така се навршуваат 79 години од првото заседание на АСНОМ.Нека се честити и нека се вечни двата Илиндена. Нека е вечна Македонија, вели поранешниот премиер Никола Груевски.„За значењето на овие два празника многупати е зборувано и пишувано. Но, на Илинденското востание може да се погледне и од еден друг агол, од аголот на дипломатските извештаи и дипломатската борба, ако воопшто може да стане збор за такво нешто, имајќи ги во предвид нерамномерноста на силите на двете страни на тој план. И секако со посебен осврт на делот на односот кон невиното и цивилно население како дипломатска тема и инструмент во секоја дипломатска битка, во секој вооружен конфликт.Како и во секоја војна, востание, вооружени борби и слично, паралелно со воениот конфликт се одвива и дипломатска и пропагандна битка, која може да е пресудна за конечниот исход.Тоа се случувало и за време на Илинденското востание.И денес Македонија е во дипломатскиот котел, за среќа без војна и со државност, институции, меѓународно присуство, амбасади, медиуми, сојузништва, итн која тогаш ги немала.Ако денес од една таква позиција, гледаме како мала земја колку е тешко да се успее покрај поголемите и посилни држави, можеме само да замислиме каква невозможна мисија бил тогаш дипломатскиот успех и пропагандната војна.Со обзир дека Макеоднија немала своја држава, министерства, амбасадори во странство, свои медиуми (весници) и слично, востаниците главно се обраќале со писма и информации, како и со барање подршка до локалните конзули и вице конзули на големите сили, или разни испратени мисионери, советници и сл. од владите на големите сили, или странски новинари кои барале контакт со нив.Во оваа прилика ќе направам делумен осврт на тоа како дипломатите на две големи сили во тоа време во Македонија го доживувале востанието додека тоа се одвивало, за што се залагале како гледале на двете завојувани страни особено за нивниот однос кон цивилното население, христијанско и муслиманско. И оттука која била реалната или барем блиску до реалната состојба во делот на односот кон цивилното население, наспроти пропагандата.Овој момент бил исклучително значаен во придобивањето симпатии или антипатии, подршка или подршка на другата страна, или барем слика за востаничките сили во очите на големите сили во странство.Од текстот подолу ќе се види и покрај малото искуство и речиси никакви позиции во однос на противникот, колку востаниците внимавале на овој момент, и колку се обидувале да направат нешто на тој план, но треба да се знае дека и османлиската империја и нејзините сојузници, вклучувајќи ги големите сили на кои не им одговарало нејзино брзо распаѓање заради предноста на теренот која ја имале Русија и Австро-Унгарија, паралелно водела далеку и неспоредливо посилна пропагандна и дипломатска борба, прикажувајќи сосема различна ситиација, а големите сили тргнувајки од своите интереси, и онака не биле подготвени за нивна воена интервенција, па пропагандите и дипломатслите активности против востаниците им биле додатна причина да го објаснат своето не вмешување во настаните или кај некој од нив и подршка во што побрзо задушување на востанието.Дипломатите од теренот секако испраќале секојдневни телеграми до своите главни градови пренесувајќи сѐ што дознале и што се случува на теренот.Понекогаш имале и погрешни информации, или полу точни информации, но честопати и точни.Со обзир дека тие писма и телеграми се подолги, во овој текст правам еден извадок од повеќе писма и телеграми на дипломатите на Австро-Унгарија и од дел од Британски архивски документи од нивни дипломати во Македонија.Забележливо е дека дипломатите известувале дека востаниците многу внимавале да нема цивилни невини жртви на двете страни, тоа го сметале за човечно и со тоа само потврдувале дека не се некоја разбојничка банда туку револуционерна организација за ослободување која имала легитимни цели како војска, полиција (џандармерија), чифлиг-сајбиите и политичките преставници на империјата, додека по задушувањето на востанието османлиската војска е немислосрдна и многу брутална кон цивилното население и неговиот имот.Секако, како што потенцирав имало и тоа како многу извештаи и пропаганди до европските големи сили и за обртна ситуација на теренот, во кои се говорело за ѕверско и криминално однесување на востаниците кон муслиманските и особено турските цивилите.Со обзир дека тогаш Македонија немала своја држава и директен пристап на свои политички преставници со властите и министрите на големите сили, па да може да се спротистави и да ги негира тие пропаганди, тоа многу лошо се одразило на Македонија во однос на посакуваната подршка од големите сили и евентуалното нивно вмешување во оружениот конфликт во Илинденското востание, што било една од посакуваните цели.Подолу следуваат извадоци од дел писмата и телеграмите од теренот од Македонија главно до Министрите за надворешни работи на Австро-Унгарија и Велика Британија.Во некои од писмата датумите ги пишувале по стар стил, во некои по нов.Познато е дека во тоа време согласно милет системот на османлиската империја населението го нарекуваат според црквата на која припаѓа и во која одат луѓето, како и училиштата кои во тоа време се единствено црковни и непостоја цивилни училишта. Па така Македонците кои одделе во бугарската егзархија, а повеќето оделе таму, се нарекувале Бугари, оние кои оделе во грчката патријаршија биле нарекувале Грци, а помал дел оделе во српски и влашки цркви, па соодветно според избраната црква се нарекувале.Тоа секако не изразувало етничка припадност, туку спиред милет системот црковна припадност, од расположливите цркви дозволени од власта во тоа време.Македонска православна црква во тоа време немало. Охридската архиепископија била одамна укината. Населението можело да оди во една од дозволените цркви кои поттикнато од властите на нивните матични земји со сите расположливи средства вршеле голема агитација за да привлечат повеќе верници кај нив.На тој начин и дипломатите во поголем дел од преписките ги ословувале Македонците, или како христијанско население, или според црковната припадност како Бугари, Грци, и поретко Срби и Власи. Понекогаш и како христијанско-словенско население. Во поретки случаи го именувале како Македонци.Од 1760-тите до 1870-та година единствената православна црква била одобрена на Грците; така што сите православни христијани биле класифицирани како „Грци“ во Македонија. Многу од овие таканаречени Грци всушност не го разбирале ни грчкиот јазик. Во 1870 година, султанот Абдул Азиз го овластил создавањето на Бугарската Егзархија, Православна Црква чиј обред се одржувал на бугарски јазик.Таа брзо ја замени Грчката православна црква во многу делови на Македонија.во текот на деветнаесеттиот и почетокот на дваесеттиот век.Во текстот во точката 5 има и дел околу односот на бугарските преставници во дипломатските кругови и нивното силно негирање дека имаат било што заедничко со организирањето на Илинденското востание, препишувајќи ја таа активност на локалното население и водачи од внатрешната организација од која практично се оградиле. Уште повеќе, тие се докажувале пред странските дипломати дека прават се да спречат било каква помош за востаниците.1.Конзулот на Австро-Унгарија во Солун Ријард Хикел испратил телеграма на 2 август 1903 година до неговиот Министер за надворешен и работи (во понатамошниот текст ќе ја користам скратеницата МНР) грофот Агенот фон Голуховски.Во неа се гледа каков однос уште од самиот почеток на востанието имале востаничките сили во однос на невините цивили. Конзулот од Солун го започнува своето писмо со зборовите:“Благороден Грофе,Како дополнување на мојата вчерашна шифрирана телеграма бр. 20, чест ми е да Ви го доставам, во прилог кон неа, споменатиот допис од „Главниот штаб на револуционерниот комитет за Македонија и Одрин" до тукашниот инспектор на Ориенталните железници (господинот Емануел Штајнер) и тоа копие на преписот што последниов ми го испрати…”Конзулот понатаму пренесува писмо кое го испратиле членовите на востаничкиот штаб.Тој во писмото до МНР во чии прилог е и писмото од востаничкиот штаб, укажува дека членовите на востаничкиот штаб меѓу кои Дамјан Груев и Борис Сарафов, со писмо испратено од името на штабот ги предупредиле властите на османлиската империја дека ќе има диверзантски акции меѓудругото и на железничките линии со цел тие да запрат со сообраќај а во целите на востанието. Известувањето било за да се одбегнат невини цивилни жртви, но укажува дека османлиските власти не го направиле тоа, туку напротив испратиле засилувања за да се чува пругата од диверзантски акции кои се судрувале со востаничките чети.“Инспекторот Штајнер уште вчера вечер отиде (во 81/4 часот) кај генералниот гувернер Хасан Феми-паша. Се разбира, тој изјави дека по никаков начин не го зема во обѕир советот на комитетот и дека ќе настојува понатаму да ce постави уште поефикасна стража од турски војници на пругата”.Еве го во целост краткото писмо на Сарафов и Груев до директорот на железницата во Солун:“До Дирекцијата на Ориенталните железници во Турција")Господине директоре,Главниот штаб на Македоно-Одринскиот револуционерен комитет има чест да ја извести почитуваната Дирекција на Ориенталните железници, дека овие денови реши да отпочне со востанието во името на слободата на христијанското население во Македонија и во Одринскиот вилает, против турскиот режим, којшто од пет столетија наваму не само што не ги признава најосновните човечки права, туку не покажал и не дава ни најмала гаранција за животот, среќата и честа на христијанското население, кое следствие на овој режим, дојде до последната крајност, поради кое е принудено да му објави борба на својот крвен непријател со повикот - „Слобода или смрт!"Бидејќи ова востание по апсолутна неопходност ќе биде проследено од некои атентати врз железничките патишта гореспоменатиот Главен штаб има намера (што е и човечно) да ја извести вашата почитувана Дирекција таа да има предвид за време на овие денови да не им позволи на жителите од овие краишта да патуваат со Ориенталната железница, за да не станат невини жртви.Примите, господине, израз на нашата длабока почит.Ова писмо го праќаме преку брз курир заради ова.Членови на Главниот штаб Дамјан Груев Борис Сарафов итн. Битола (планината Пелистер) 25 јули 19032.Понатаму на почетокот на востанието конзулите почнуваат да ги опишуваат нападите на востаниците, уништувањето на железничките и телеграфски линии, рушењето на бандерите, судирите на четите со османлиската војска и џандармерија.Аугуст Крал бил конзул на Австро-Унгарија во Битола од 1897 до 1904 година. Претходно од 1894 година бил на различни дипломатски должности во Отоманската империја и Персија, а подоцна после мисијата во Битола бил и конзул но и со посебна улога, активности и овластувања во Скутари (денешна северна Албанија). По првата светска војна станал генерален конзул на Австрија во Хамбург-Германија и амбасадор на Австрија во Софија и амбасадор на Австрија во Анкара.Конзулот на Австро-Унгарија во Битола Аугуст Крал на 4 август 1903 година го информира МНР А.Ф.Голуховски:“…Сега станува јасно колку погрешно било мнението на оние кои веруваа дека македонската опасност од востание поминала, дека реформите го примириле населението и тн., додека всушност револуционерните припреми никогаш не биле прекинати и секако покажале значителни успеси.Причините што поттикнале кон напаѓање уште сега, пред завршувањето на работите околу жетвата, значи околу 14 дена порано одошто било предвидено, изгледа дека биле од економски и климатски карактер. Веројатно во последно време усилено вршените мачења и претреси по селата им нанеле на комитетите штета во материјали, така што, очигледно се плашеле од понатамошни загуби.Во петок, сабота и недела, пратениците на четите им објавиле на селата дека во недела вечерта, на 20/2 август, ќе се објави востанието, која вест насекаде била примена со воодушевеност и поздравена како некакво спасение. Во определеното време, во неделата вечер со пожари од сите страни било сигнализирано за излегување на востаниците.Во Битола два топовски истрела го објавиле запалувањето на два огна што биле подготвени на периферијата од градот од една страна како сигнал за околијата, а од друга страна да им го олеснат бегството на востаниците во хаосот што во секој случај ќе настапи. Оттогаш секоја ноќ вревата и огнот го крева од сон населението, без досегашните пожари (складови на сено, воденици, житни резерви) да причиниле значителна штета…” .Понатаму во телеграмата козулот во Битола педантно информира за сите нападнати пунктови од страна на четите за кои дознал одејќи село по село и град по град споменувајќи ги Битола и битолско, Мариово, леринската околија, Преспа, Ресен, Демир Хисар, охридско итн.“…Најкрвави насилства се вршеле во Смилево (северно од Гопеш), каде се стрелало на тамошниот мал гарнизон при молитвата, нешто отепани има и во Крушево, каде телефонската зграда на мудирот, малата касарна, беа запалени, војниците совладани и поставени знамиња на највисоките места од градот. Присутните владини службеници и жандарми биле истепани, а управителот на телеграфот кај чешмата обесен. Патот што води нагоре во серпентини е расипан, шумата заземена од востаниците.Во Смилево се смета дека бројот на активните востаници изнесува околу 500, кај Крушево повеќе од 800, обете места до денес се во нивна власт. Токму сега ја добив од сигурен извор поверливата вест, дека трупите што се испратени од Битола и Прилеп на помош (за Крушево) ги зазеле двете спомнати места, при што во Крушево имало 170 мртви - Турци, востаници и тамошни жители.Слични извештаи со подробности во кое село кога и каков напад е извршен се гледаат и од британските архивски документи.3.Британскиот вице конзул во Битола Џејмс Мекгрегор, на 4 август 1903 година го известил за случувањата британскиот генерален конзул во Солун:“Господине,Како потврда на мојата телеграма со денешен датум, испратена до Вас за да му ја доставите на Неговата екселенција, а во врска со прекинувањето на телеграфските врски, имам чест да Ве известам дека вечерта на 2 о. м., на празникот на пророкот Илија, во рамнината на Битола и блиските области, со истовремени истрели од предградието на овој град и во соседното село Брусник беше даден сигнал за оружено востание. Една од првите акции на востаниците беше да ги пресечат телеграфските жици што ја поврзуваат Битола со Солун, Прилеп и Охрид, телеграфските столбови со жиците и изолаторите се однесени во соседството на Екши-Су, каде што бил користен динамит за уништување на еден мал мост и една точка на железничката линија. Освен тоа, валијата ме информира дека неколку стотини метри од железничката линија близу Баница насилно биле онеспособени, но бидејќи дневниот воз пристигнал само еден час подоцна следната вечер, изгледа дека штетата била брзо поправена. Истовремени напади беа извршени во Ресен, Доленци, Рамна и во Лера.Во Охридската кааза муслиманите, кои беа добро вооружени, по неколкучасовната борба успеаја да го одбијат востаничкиот напад. Единствена жртва од турска страна била, колку што знам, една убиена жена, а неколку амбари и стогови со сено биле претворени во пепел. Поштата што беше испратена од Битола за Корча мораше истата вечер да се врати, бидејќи патот за Ресен беше непреоден поради пукотниците, а дванаесет часа подоцна таа беше испратена повторно, но сега придружувана од 25 жандарми.Бидејќи валијата во меѓувреме прими вести за извршениот напад врз малиот број турска војска во Смилево, тој веднаш испрати таму 350 војници со наредба да поминат низ ресенскиот регион и да известат за сето она што се случило таму. До ова попладне тој сè уште немаше добиено вести, а се шират гласини дека патот меѓу Битола и Ресен бил пресечен. Ова е случај и со парот што води од Ресен до Корча, кој беше уништен на неколку места по должината на западниот брег на Преспанско Езеро. Истата вечер се водела жестока борба во Прибилци, јужно од Крушево, а исто така се разгласи дека востаниците ги завзеле Крушево и Кичево, убивајќи ги турските службеници и палејќи ги владините згради во Крушево…”.Понатаму конзулите детално и редовно испраќаат многу писма со информации за борбите, акциите на четите, возвратните напади на воено-безбедносните сили на власта, но и воени и политички проценки и анализи. Исто така не пропуштаат да ја нагласат огромната разлика во односот кон цивилните невини жртви на востаниците наспроти османлиската војска и башибозук.4.На 15 август 1903 година конзулот на Австро-Унгарија во Битола Аугуст Крал го известува МНР А.Ф.Голуховски:“Благородни грофе,Без оглед на сите злонамерни изјави на печатот, востаниците досега воглавно не се огрешија со некои свирепости, што би биле спротивни на основните поими на цивилизацијата и човечноста, тие дури во своите постапки не пречекорија извесна мерка на воздржливост.Од објавувањето на востанието тие стапија во борба, решени да ги напаѓаат само војските, официјалните личности, потоа сопствениците познати како угнетувачи, но избегнуваат, колку тоа да звучи малку модерно и да не одговара на сегашниот тон на весниците, од насилства спрема оние што не учествуваат, спрема невооружените, невините.Востанието отпочна со напади на воени и жандармериски одреди, стражи, стражарници, помали гарнизони, железницата, телеграфот итн.Во Смилево, каде што еден дел од посадата беше стрелан, мудирот и службениците беа поштедени. Селата Доленци, Лера, Рамна, кои беа познати како тирански, мораа да издржат напад и опожарување само затоа, што тие беа страв и трепет за соседите и помогнаа во Цапари да се пролее многу крв.Во Ресен турскиот имот остана неоштетен.Само во Крушево беа отепани турските службеници, полицаецот беше обесен и една турска жена која стрелаше беше убиена.Раководството на востанието во сите турски месности дури раздели една прокламација составена на турски јазик, што им ја гарантира сигурноста на животот и имотот на мирните жители, кои не дигаат оружје против Бугарите.Но откако започна турската реакција и откако за губиток на еден чифлик се одговара со опожарување на две до три христијански села, откако војниците вршат по битолските улици нечуена трговија со предмети грабнати во селата, откако христијаните, без оглед на вероисповед, ги убиваат понекогаш на ужасен начин само од желба за одмазда, изгледа дека се подготвува промена и во начинот на постапувањето на комитите.На ова укажува едно писмо од револуционерниот Главен штаб од 12 овој месец, кое вчера по доверлив пат им е доставено на битолските претставници на големите сили и кое сум слободен да Ви го испратам во прилог заедно со германскиот превод.Кон наброените во него уништени села треба денес да се додадат: во Леринска каза: Прекопана, Неред, Арменско, Неокази, Буф, Во Битолска: Битуша, Раково, Опсирина, во Костурска: Д'мбени; во Преспа: Герман, делови од Ремби, Рудари, Љубојно.Од пооддалечните делови на вилаетот нема никакви вести поради прекинатите врски.Истото го соопштувам во Цариград под бр....Вашата Екселенција, нека прими израз на мојата најдлабока почитКрал(Политичка архива ХХХѴш, фасц. 334)ПРИЛОГГЛАВЕН ШТАБ НА ВТОРИОТ МАК. ОДР. РЕВ. ОКРУГ „ВРВ ПОБЕДОНОСЕЦ" 30/VII 1903 Nо 368)До дипломатските претставници на Големите сили Во гр. БитолаНатоварени од нашите другари и од народот да го раководиме Ослободителното движење во Битолскиот вилает, сметаме за свој долг да Ви го ставиме до знаење следново:Турската влада, чувствувајќи се бессилна да ги уништи директно нашите вооружени сили, им препорача на своите војски еден од најварварските начини за задушување на Движењето што се состои во ограбување и горење на христијански села и во обесчестување и убивање на жени и деца.Изгорени се следните села:Во Ресенска каза на 21 овој (месец Д. 3.) селата Леорека и Круше, а на 24-и овој (месец Д. 3.) с. Болно.Во Охридска каза од 21 до 25 овој (месец) изгорени се селата: Оздолени, Лешани, Сирула, Таш-Муруништа, Мешевишта, Ботун, Црвена-Вода, а исто така и Лештанскиот манастир „Св. Јован“.Во Демир-Хисарска каза - изгорен е дел од с. Смилево и дел од с. Загорич. Сите овие села претходно се ограбувани и потоа запалени.Ако беззаштитните жени и деца од споменатите села не избегаа во планина, сигурно ќе беа исклани. Дека е тоа така, се докажува од следните факти:Во село Смилево војската што продре најде жена, што не успеала да побегне; без никакво запрашување таа беше убиена.Во село Сирула (Охридско) заклани се една жена и една Мома кои исто така не успеале да побегнат.Знаеме сигурно дека има и по другите кази на Вилаетов изгорени христијански села, но за нив ќе Ви соопштиме ако стане нужда, кога ќе добиеме точни податоци.Повторуваме уште еднаш, дека сите гореспомнати села се изгорени било само од војската, било од последната со помош на башибозукот.Соопштувајќи Ви го ова, Господине Агенте, изјавуваме: ако досега сме успевале да го запираме христијанското население во Вилаетов од дејства спрема турските села, како оние на војската и башибозукот спрема христијанските, тоа во иднина не ќе биде можно.За сé што ќе станува во иднина нека одговара турската влада, која дава слични наредби на својата војска и башибозукот.Примите, Господине Агенте, искрени уверувања за почит.Од Главниот револуционерен штаб) (Печат)”Сличен извештај истиот конзул испраќа до истиот министер за надворешни работи на Австро-Унгарија на 17 август 1903 во кој вели:“Додека востаниците палат чифлици на намразените Турци, но ги штедат муслиманските селски жители, војниците и башибозукот досега опожарија тотално веќе над 22 христијански села”.И британскиот вицеконзул во Битола Џејмс Мекгрегор кој почесто праќа извештаи базирани на османлиски извори, го известува британскиот генерален конзул во Солун Роберт В. Грејвс на 10 септрмври 1903 година за злосторствата врз цивилното население:“…Бидејќи бев добро запознаен со злосторствата извршувани од турските војски во околината на Битола и Лерин, не гледам причина да не верувам во точноста на фактите изнесени во гореспоменатиот документ, иако немаме никакви добри вести од Крушево, Ресен и од Дебарца. Молчењето на властите заедно со лошите гласини што се шират го оправдува сознанието дека поплаките против Турците во овие области се основани и вистинити.Додека властите изјавуваат дека извесен број востаници доброволно се предале и дека селаните постепено се враќаат во нивните домови - од кои голем дел повеќе не постојат - правата вистина е дека некои од селаните што ги напуштиле своите села на повик од востаниците всушност се вратиле и сега страдаат од свирепоста на војската и од каприците на властите, а изнесениот број членови на четите сè уште опстојува и немаат намера да ја предадат борбата.5.Интересни се изјавите високите бугарски преставници дадени кон дипломатките преставници на големите сили во тоа време.Британскиот генерален конзул во Софија во тоа време Ф.Х.Е. Елиот на 12 август 1903 година го известил државниот секретар за надворешни работи на Велика Британија маркизот од Ленсдаун:“Господине,Надежите дека за Македонија ќе дојдат помирни времиња беа разнишани со вестите за избувнувањето нови немири во Битолскиот вилает на 2-ри овој месец. Генералот Петров, кој планираше да ја посети Дупница и границата со министерот за внатрешни работи г. Петров, го откажа своето патување поради страв дека ќе биде погрешно сфатен и ги прими дипломатските претставници како и обично на 8-ми овој месец. Неговата екселенција не одрекуваше дека вестите се многу сериозни, но изјави дека тие нема да придонесат да се измени неговата политика за задржување лојален и коректен став спрема Турција и правеше напори да го спречи, колку што може, учеството на оваа земја во револуционерното движење. Тој само побара од турската влада во неговото задушување да употреби регуларна војска со цел да се избегнат какви било ексцеси и да се спречи ширњето на востанието во близина на бугарската граница: во спротивно тој нема да одговара за последиците.Тој рече дека востанието е исклучиво дело на Внатрешната организација и оти востаничките чети биле чисто локални;четите што ја преминале границата од оваа страна биле или уништени или се вратиле во Бугарија и ниедна чета, ниту пак поранешни офицери во последно време не ја преминале границата: на пример полковникот Јанков, кој весниците пишуваа дека бил во Македонија, всушност е во Софија. Го прашав дали знае нешто за таканаречениот Генерален штаб на Организацијата, која го повикала народот на оружје, со Даме Груев, П. Тошев, Борис Сарафов и Лозанчев и дали некој од нив, освен Сарафов, бил поранешен офицер во бугарската армија. Тој одговори дека единствено го знае Груев, кој бил учител, но никој од нив, освен Сарафов, не служел во армијата. Потоа дознав дека и другите двајца беа учители или училишни инспектори...”.Конзулот раскажува и што дознал од турските власти: “…Османлискиот комесар Али Ферух-бег, кој влезе кај министерот пред мене, изгледаше задоволен од изјавите на Неговата екселенција. Тој ми кажа дека бугарските власти, според информациите што ги добил, успеале да запленат 28 килограми динамит кај Хебипчево (гранична станица на железничката линија за Константинопол) и околу 300 празни бомби во Самоков; дека на железничката линија Софија - Радомир случајно бил откриен и запленет еден сандак со куршуми. Во врска со празните бомби во Самоков, братот на г-ѓата Цилка, кој е спомнат во писмото на д-р Кларк кој ме посети завчера, ме извести и дека бројот на запленетите бомби изнесувал повеќе 1.000…”Понатаму конзулот наведува: “…Сепак, јас и сите мои колеги, освен турскиот комесар, чии погледи не треба да се менуваат според впечатоците од моментот, главно и веруваме на бугарската влада дека искрено сака, во рамките на нејзините можности и според околностите, да ја спречи секоја помош што ќе му се даде на револуционерното движење…”.“…Сегашното востание во Македонија ја изненади оваа влада, бидејќи се верува дека комитетите вршеа подготовки за кревање востание на крајот од овој месец, и како што сум известен, Комитетот на Михајловски - Цончев тоа сè уште го прави…”. (Станува збор за врховниот македонски комитет кој во тоа време е под водство на Михајловски-Цончев приврзаници на бугарската власт, м.з).Британскиот воен аташе во Терапија Ј.Р. Монсел до својот амбасадор во Константинопол на 19 август 1903 година анализира:“Востаниците со својата активност во Битолскиот вилает изгледа постигнаа важен резултат, имено доколку избувне војна со Бугарија, Турците нема да можат да соберат доволно воена сила од својата многубројна војска за успешен марш на Софија. Во таков случај железницата, која ќе биде нивна главна комуникација, веќе е делумно оштетена и невозможно ќе биде да се планира офанзива во Бугарија што ќе води преку Егри Паланка или Струмичката долина…”Сепак, јасно е дека Бугарија немала таква намера за влегување во војна со Турција за да го овозможи ослободувањето на Македонија. Уште во фебруари пред востснието кнезот Фердинант имал еден непријатен разговор и остар судир со рускиот преставник во Софија Бахметев, по што почнало приближување кон Британија, која заедно со Франција влијаела на Турција да прифати дел од реформите во Македонија и со тоа да ја подобри позицијата на Бугарија, што делумно и се случило, но тие реформи не се почуствувале меѓу населението во Макеоднија.Во својата книга “Македонија и Кнежевството Бугарија (1893-1903) во издание на институтот за национална историја од 1977 година д-р Крсте Битоски наведува: “…дека поради изгледите да се прифатат извесни реформи и некои други мерки, кои, рековме, оделе, пред сè, во прилог на зацврснувањето на бугарската пропаганда, бугарската политика била заинтересирана во моментот за извесно затишје во Македонија. И тоа е разбирливо кога се знае дека нејзината цел никогаш не била востание, преку востание и помош на едно такво востание, да се постигне ослободувањето на Македонија. Бугарските влади, како што веќе ни е познато, биле заинтересирани за „востанија" во Македонија, но за такви кои би послужиле како средство за притисок врз европската дипломатија и султанот во стремежот да се добијат реформи, да се добијат привилегии, да се создадат услови за засилување на бугарското влијание во Македонија и за прифакањето на Кнежевството Бугарија од Европа како најзаинтересирана страна и најприроден претставник на мнозинството во оваа турска провинција. Сè така, додека не дојде оној момент кога 200 000 бугарски бајонети требало да ја поразат Османската империја и да го „ослободат“ она кое веќе е „природно бугарско". Со таква и слична цел биле допуштени вооружените акции во 1895 и 1902 година, низ таа призма се гледало и на востанието кое требало да се дигне под раководството на МРО. Меѓутоа, точно ова востание како да ги расипувало сметките на бугарскиот двор и влада. Кога европскиот реформен план каков-таков само што почнал да се применува, а Начович преговарал во Цариград за нови реформи и нови привилегии, едно востание во Македонија можело сè да расипе и според тоа во моментот не било пожелно во Софија...”6.Конзулот на Австро-Унгарија во Битола Аугуст Крал, и неговиот живот бил во опасност од страна на Турците во тоа време заради неговите ставови и активности кои биле во полза на Македонците.Тоа било особено по убиството на рускиот конзул во Битола - Ростковски од страна на османлиите а во присуство на неговиот возач и на Крсте Петков Мисирков. Спиред извештајот на британскиот конзул Растковски знаел да ги провоцирал војниците и стражарите. На 8 август 1903 година, ден сабота, за време на востанието, Александар Аркадиевич Ростковски бил застрелан и убиен на периферијата на Битола. Ростковски бил царски руски конзул поставен во тој град; неговиот убиец бил Халим, отомански војник со албанско потекло, за кого имало сомнеж и дека конзулот го провоцирал. Руската влада побарала брза разврска. Султанот и неговите министри вложиле големи напори да ја покажат својата искрена тага поради убиството и понудиле значителни репарации. Русија изразила незадоволство од одговорот на Османлиите и заканувачки испратила дел од својата Црноморска флота веднаш во отоманските води. Поставила специфични барања, вклучително и реформска програма за Македонија. Со мало двоумење султанот ги прифатил и кризата меѓу двете империи поминала. Русија уште пред востанието не го подржувала истото, и наместо тоа подржувала реформи.На 18 август 1903 година конзулот на Австро-Унгарија Аугуст Крал известува но и се обидува да поттикне реакција кај неговиот министер Голуховски:“…По селата се вршат различни колежи. Сите христијани, особено Грците и Романците, се во ужас поради грозните примери на недисциплинираност и свирепост од војските. Турците се многу самоуверени, се разбира дека постои страв тие да бидат овластени да извршат крвави дела како во Ерменија. Колку подолго силите се колебаат, толку поужасни настани можат да се очекуваат.”На 22 август 1903 година тој известува:“Се случува поединечно да се вратат беспомошни луѓе, но не се случува востаниците да го положат оружјето. Борби на помали чети со војската се чести”.Во телеграмата од 27 август тој го известува министерот:“…Ако не настапи некое такво натамошно распространување на пожарот од вилаетот(се мисли на Битолскиот м.з.), Турците веројатно ќе успеат со жестокост да го задушат во крв и оган овдешното движење, но не смеат да се надеваат, дека ќе го изгаснат пожарот. Тој и понатаму ќе тлее под снежниот покров на зимата и при прв удобен случај ќе пламне можеби уште посилно, бидејќи очајот на илјадниците луѓе без покров и средства, кои се жртви на сегашното востание, не познава никакви граници и ќе има доволно време да се организира приклучувањето на другите вилаети.За одвивањето на востанието во Битолскиот вилает се шират во светот најлажни вести. Љубовта кон вистината, а не пристрасноста во прилог на христијаните или кон некоја народност, инаку јас сигурно веке често сум ја докажувал својата особена симпатија кон мухамеданите - ме принудува да констатирам, дека — сосем спротивно на погледите што печатот ги застапува со такво задоволство постапката на востаниците беше хумана и лојална, а постапката на Турците варварска, свирепа, азијатска. Што првите не ги фаќаа своите противници со ракавици, тоа спаѓа кон револуцијата, сосем така како и уништувањето на врските, железниците, патиштата, телеграфот, за да се спреча надоаѓањето на трупи и известувачката служба на непријателот. Со цел материјално да се ослаби непријателот се палат амбарите со жито, чифликчиските куќи, таканаречените кули на Турците насилници, значи во никој случај не на сите без разлика, но не и селата, живеалиштата на невините и таквите што не зеле учество.Турците, напротив, премногу слаби и премногу кукавички да стапат во борба со востаниците по планините, но исто така понекогаш и бесни поради претрпениот неуспех, се нафрлуваат на местата и после пљачкосувањето на нивните куќи, убивањето на многу жители, обесчестувањето на жени и девојки, ги срамнуваат со земјата. Јас нема да пропуштам во својот извештај да ги приведам сите докази за овие тврдења, заедно со подробностите. Масакрираните се претставуваат како да паднале во борбата, при што би требало - како се вели - да се оправдаат евентуалните прекршоци поради наводните заседи или поради фрлањето бомби.Всушност, од уништувањето на Смрдеш четите, сходно добиените инструкции, избегаваат судири со трупите во населбите токму за да ги поштедат овие и да не се лишат самите од базата за снабдување.Таканаречените ѕверски дела на комитите, поради кои се дига толку многу врева, во сегашниов момент се приказна, и од почетокот на воената положба исто така не се случи убиство за одмазда.Сосем смешно е тврдењето, дека задушувањето на востанието не уследило уште поради хуманата намера на Турците да се избегне непотребното крвопролевање; единствената причина е хаосот во турскиот табор, неподготвеноста, нерешителноста и силината на бугарските позиции.Исто така слабо се водат преговори со востаниците, што би било залуден труд, веројатно поради присилното пронаоѓање на оружјето со тепање по петици. Во ниеден случај не се вратија чети што имаа пушки, напротив, секако се вратија оние невооружени селани што од страв побегнаа в планина, што токму поради прашањето на исхраната претставува само полза за востаниците.Во секој случај за ова може да се наведе како пример Дебар, тамошните Бугари, предадени на милост и немилост на шиптарскиот елемент, воопшто никогаш не се осмелуваа да востанат. Еден повторен обид македонската опасност да се отстрани со повеќе од проблематични превентивни средства, нема да успее како и првиот обид.Од руска страна се бара како полезен лек за смирување на населението зголемување на конзулите, што без претходно потполно смирување на земјата и правно задолжително поставување на странска контрола би била само една сосем неискрена привидна мерка. Повеќе трошење на мастило и хартија од страна на овие конзули не би значило уште никакво подобрување на правото и управувањето, никакво земање во обѕир на оправданите жалби и барања.Од друга страна едно претерано излегување во пресрет на христијаните би можеле да предизвика огорченост кај Мухамеданите за уште поопасни истапи, што турската влада нема нити сила, нити искрена волја да ги ограничи.Поради тоа проблемот станува од ден на ден понеразрешлив, и само директното замешување на една или повеќе силни раце би можело да воспостави ред.Бидејќи ова интервенирање не се предвидува, а сега исто така не е ни можно, на христијаните што живеат во Македонија им претстојат уште жални денови, тешки борби, свирепо проливање на крв…”7.Советникот на Австро-унгарската мисија во Софија Јохан Форгач во својот извештај од 27 август 1903 година дава јасна слика за силата на внатрешната македонска револуционерна организација, наспроти силите на во тој момент пробугарскиот врховен македонски комитет предводен од Михајловски и Цончев. Тој пишува и за ангажираноста на првиот претседател на МРО д-р Христо Татарчев кој во тоа време е задграничен преставник во Софија.“Откако во Битолскиот вилает повторно избувна востанието, а особено од 14 дена наваму, луѓето на Комитетот пак се трескаво активни. Но, душата на движењето не е веќе Михајловски, туку д-р Татарчев од внатрешната организација.Михајловски, Цончев и тн., барем како што изгледа, се повлекле во заднина. Првиот сега се занимава скоро исклучиво со пропаганда преку печатот; но и при тоа води претпазливо сметка своите бунтовнички статии да не ги објавува почесто во својот сопствен орган, колку во другите весници. Ова претпазливо држење, како што слушам, треба да се објасни како знак од страна на владата, што ја изрази јасната желба дека Михајловски како претседател на Комитетот, кој Комитет, како што е познато, го создала, така да се рече, самата влада, не смее да и прави незгоди.Дотолку поотворено и поенергично работи д-р Татарчев. Тој ја има задачата по секоја цена и колку е можно поскоро да собира пари и регрути за четите. Парите се набавуваат освен од прилозите, што сега пак побогато доаѓаат од страна на одделни поимотни Бугари и од таканаречени бугарски добротворни здруженија, воглавно од Македонци што живеат во Бугарија, а евентуално се прибираат и на сила. Како најмал прилог што треба да го платат дури и најсиромашните луѓе определени се 5 франка. Но само од тукашните Македонци, што се од Охридско, за 3 дена се насобрани 31.000 франка…”Тој на крајот на извештајот заклучува:“…Впрочем, Внатрешната организација не се надева премногу на Бугарија, иако таа смета дека војната со неа е многу веројатна.Воглавно таа многу повеќе ја сака интервенцијата од страна на Австро-Унгарија, одошто од било која друга сила, и многу интересно е да се гледа како расположбата кај Македонските Словени се менува сé повеќе во полза на Австро-Унгарија.Сфаќајќи дека Бугарија не би можела да биде повикана во оваа област да биде наследница на Турција и плашејќи се дека ни автономијата нема да доведе до саканите средени прилики, тие веруваат, дека можат да го барат својот спас во австро-унгарската културна мисија на Исток…”***Сепак од писмото на британскиот амбасадор во Виена, Франсис Планкет, до маркизот од Ленсдаун, државен секретар за надворешни работи на Велика Британија од 30 август 1903 година, за разговорите со грофот Голуховски за настаните во Македонија се гледа расположението на двајцата соговорници кое не одело во прилог на очекувањата на македонските востаници.Се гледа дека кај министрите повеќе допрела спротивната пропаганда, одколку информациите од теренот на нивните преставници, и тие немаат симпатии кон востаниците, веруваат дека тие направиле злочини и не размислуваат за воена интервенција и воено вмешување.“…Тогаш грофот Голуховски се загреа за прашањето околу Балканот, и зборувајќи слободно, што беше невообичаено за него, рече дека тој сè уште се надева оти е можно немирите да се локализираат во наредните шест или осум недели, на кои сметаа востаниците пред да почне лошото време во планините. За жал, мерките на анархистите, во кои тие наоѓаа прибежиште, ги одвраќаа симпатиите од христијанска Европа, и тој сметаше дека сега не постои опасност од ужаси какви што се вршеа пред 25 години. Тој рече дека меѓу хартиите на убиениот руски конзул Ростковски е најден и еден извештај што се однесува на состојбата во неговата област и во него се истакнува дека голем број криминални дела биле извршени од востаниците, а не од Турците...”“Грофот Голуховски рече дека не ги затвора очите пред опасноста што владее наоколу, но тој сè уште се надева дека востаниците нема да успеат да ги вовлечат европските сили и доколку се успее немирите да се локализираат пред да падне снегот, тогаш двете сили ќе направат сè за во текот на зимата да го натераат султанот да ги примени реформите, што не беше можно да се направи во сегашната востаничка конфузија.Меѓутоа, од многуте зборови кажани во текот на разговорот со грофот Голуховски јас заклучив дека тој не е сигурен како порано дека руската влада ќе биде во состојба цврсто да му се спротивстави на секое движење што ќе го преземе московското јавно мислење, доколку такво се случи”.***Притисокот кој подоцна е извршен врз османлиската влада за реформи во Македонија кои ќе го подобрат животот на населението е слаб и недоволен а реформите уште послаби и недоволни, па страдањата на Македонците продолжуваат а со тоа и борбата за слобода и независност.***Цитатите и писмата се преземени од :1.Извештаи од 1903-1904 година на австриските претставници во Македонија, издание на Институтот за национална историја од 1955 година и2.Британски документи за историјата на Македонија (1901-1904) том IV издание на Државниот архив на Република Македонија од 2012 година“, напиша Груевски.

Коментари | пред 2 години

768x432

Груевски: Префрлањето вина од едни на други има цена, сите концесии на Кожув се за проспекциско истражување, државата треба да знае што поседува

1.Очигледно некои луѓе едвај чекаат да се расправаат и да шират дезинформации на тема рудници. Вчера извесен Ангел Наков кој бил сопственик на концесија на планината Кожув и каде развивал проект за ски центар а подоцна фирмата му отишла во стечај, кажал дека фирмата му пропаднала бидејќи сме издале 22 концесии за истражување на минерални суровини на Кожуф, вели поранешниот премиер Никола Груевски.„Денеска се корегирал и набројал дека се пет на Кожуф а другите во југоисточна Макеоднија.Очигледно станува збор за манипулација бидејќи тоа се концесии за проспекциско истражување, каде државата и геолошкиот завод сака да истражи со што располага, во какви количини и други параметри.Тоа се работи што ги прави и ги има секоја држава.Од нив произлегува информација за државата, а што државата потоа ќе прави со нив е друга работа и е прашање на експерти и јавна дебата.После таквите проспекциско истражувања државата нема обврска за издавање на концесија за експлоатација кое подразбира отворање и експлоатација на рудник.Таа проспекциска концесија била дадена на фирма со име “Резервоар минералс” но во 2017 и во 2019 година и биле раскинати концесиите бидејќи не почнала со истражувањата.Значи дури и проспекциската концесија за истражување за потребите на државата и геолошкиот завод не започнала да функционира, и немало никакво истражување.Сосема различен вид концесија за истражување е давање на концесија на приватна компанија за комерцијални цели, на која по завршувањето на истражувањето доколку побара концесија за експлоатација и достави уредна документација соеколошки и други елаборати, државата само ја заменува концесијата за истражување во концесија за експлоатација и тука нема нс располагање голем маневар, бидејќи во судска постапка на домашни и меѓународни судови ќе загуби. Таков е случајот со Иловица на пример. Сепак, владата пред да одлучи прибира мислења од поголем број министерства и институции, добива студија за заштита на животната средина, добива мислење од министерство за земјоделие за евентуални води и други работи во нивна надлежност, мислење од надлежна институција за археологија, добива мислење за проектите од надлежни институции и редица други мислења и согласности од институции. Ако сѐ тоа е во ред, нема маневар, нема можност издадената концесија за истражување, да не ја замени со концесија за експлоатација.Господин Наков или од незнаење или свесно ги меша овие термини. Сите концесии на Кожув се за проспекциско истражување, за потребите на државата. Науката се движи со голема брзина и незнаеме утре какви не нови и супер безбедни технологии нема да се појават како иновација за експлоатација, па затоа државата треба да знае што поседува.Концесиите за кои тој денес пишувал се проспекциски, за потребите на државата и без обврска истата да ги претвори во вистински рудници.2.Генерално во врска со отворањето на рудници моето мислење е дека здравјето е над сѐ и тука нема дилема доколку некое отворање рудник може да загрози здравје на граѓаните.Сепак од она што го гледам во овој бизнис на светско ниво има огромнен прилично валкан натпревар меѓу конкуренцијата на огромните магнати во рударството во манипулирање на народот со податоци за загрозување на здравјето на луѓето кога треба да се отвори некој рудник. Една од методите е ангажман на НВО преку нивни финасирање, носење на тренинг и обуки и потоа тие го зборат она ќто таму им го кажале. Веројатно дел од нив и веруваат во тоа, можеби не свесни дека зад тие обуки се кријат големи игри на светски рударски магнати и нивни финасирања. И веројатно некаде има и примери каде тоа што се говори е вистина.Владите се ставени во незавидна ситуација насекаде низ светот а особено во земји каде недовербата на населението е висока, а образовниот просек понизок, и се помеѓу желбата за економски развој која ја носат новите рудници и често неосновано преплашеното население потрупано со застрашувачки информации за нивното здравје.Понекогаш некоја не одговорна опозиција се вклучува да го фати бранот на незадоволство кај загрижените граѓани, како што беше случајот со Иловица и СДСМ, кои ем ја издале концесијата за истражување, после која речиси не може да се запре проектот, ем се приклучија на загрижените граѓани како нивни “бранители и спасители”, префрлајќи ја вината на нивните политички конкуренти, па потоа по превртот во 2017 година кога беа инсталирани на власт повторно, незнаат што да прават и лавираат помеѓу законските обврски и стручните елаборати и студии и јавниот притисок во чие креирање самите учествувале.Во таква ситуација, особено при издавање концесии за експлоатација единствено нешто што и останува на секоја влада се стручните елаборати, студии за заштита на животната средина, стручни мислења на повеќе државни институции и министерства и друга документација кои по закон мора да се направат, и содржината го нив.Дали тие документи и елаборати напишани од експерти утврдиле опасност по здравјето или не.Од друга страна на овие простори каде никој никому не верува, па ниту на оние експерти кои ги пишувале стручните елаборати, затоа што генерално степенот на одговорност не е доволно висок а степенот на корупција е висок, не е лесно да се расчисти таа дилема, и резултатите на крајот се не отворање на рудници, а со тоа и одсуство на економски развој кој би го донеле истото.Оние кои сеуште се сомневаат во ова, нека се запрашаат зошто нема такви кампањи за веќе постоечки рудници по 40-50 и повеќе години, кои имаат многу помалку напредна и пријателска кон здравјето технологија.Како и да е, на Македонија и треба каков-таков консензус, сака или не сака нови рудници и економски развој кој тие го носат, се разбира не по цена на здравјето на луѓето, и ако сака кому ќе верува: на ангажираните експерти кои институциите ги ангажираат или на експертите и активистите кои поминале обуки и тренинзи платени од некого. Такви тренинзи според инормациите кои ги имам добиено за рудникот Иловица се држеле во Виена. Тоа чини и киј и зошто тоа го плаќал нема да навлегувам.Ако нема доверба во стручните елаборати на експерти, студии, стручни мислења од еден куп институции и сл. кои ги изработуваат тие елаборати, а јасно е дека секогаш ќе има некој “експерт” кој ќе го тврди спротивното од една или друга причина (некогаш можеби и со право), тогаш Македонија треба на подолг рок да се откаже од користење на природните ресурси, барем на новите, но и од придобивките за економијата, граѓаните и државата кои тие ги носат.Некои држави во Европа немаат рудници, затоа што немаат руда или и исцрпиле резервите. Некои имаат, но овие случувања ги кочат во нивното искористување.Ние како влада сакавме да има економски развој и сакавме да се отворат повеќе нови рудници, се разбира ни во сон не помислувајќи тоа да биде на сметак на здравјето на народот. Правевме напори, работевме на тоа со позитивна мисла. Но, трендовите на валкани борби меѓу мега рударските магнати во светот, се присутни и кај нас.Сепак, во регионот, Србија, Бугарија, Турција и други се отвораат многу нови рудници и тие одат напред во тој дел.Вака како што сега се поставени работите, да една политичка гарнитура прво издаде концесија за истражување, која потоа неможе да се запре и врз основа на која ако има уредна документација мора да се издаде концесија за експлоатација, најчесто од некоја следна власт, а потоа кога партијата која ја издала таа концесија за истражување ќе замине во опозиција заради политички поени го подбуцнува народот против власта која го наследила проектот, и кои се оградуваат во однос на таа концесија која сами ја произвеле, води само кон губење огромни пари на меѓународни судови, кои ќе се плаќаат од нови огромни задолжувања, а ќе ги плаќаа целиот народ на Македонија.Тоа префрлање вина од едни на други има цена. Таа цена не е поважна од здравјето, но ако навистина здравјето е загрозено. А големите рударски магнати во својата меѓусебна битка секогаш имаат спремни “експерти” на вакви простори, но и во многу понапредни држави и демократии, кои се спремни да напишат елаборати и за и против, како што има и спремни интересни групи за одредени привилегии да се борат во едниот или другиот табор на конкуренти во рударскиот бизнис.Македонија треба да делува паметно и совесно.Земјите во Европа и во регионот (Бугарија, Грција, Србија, Турција) имаат и отвораат нови рудници. Секторот за метални минерали во ЕУ произведува широк спектар на руди кои даваат метали или метални материи. ЕУ е важен производител на хром, бакар, олово, сребро и цинк. Сепак, повеќето метални руди што ја снабдуваат европската метална индустрија се увезуваат. Во Европа активни рудници на метали има во Австрија, Финска, Грција, Ирска, Полска, Португалија и Шведска. Во тие земји, ископувањето метали придонесува со повеќе од 1% во глобалното производство на одреден метален минерал.Подолу еден линк кој е една анализа околу рудниците во Европа за оние кои ги интересира.ПС.(За патот кон Кожув…, изграден е во време на ВМРО и привремено затворен заради одредени технички проблеми, мислам дека беа одрони или сл., но сигурно не било со некоја злобна намера. Зошто би го граделе ако не сме сакале да функционира?А зошто не е пуштен во овие повеќе од шест години, треба да се обратат кон актуелната власт. Не знам зошто претходно инвеститорот инвестирал без да има соодветен пат и зошто претходните влади не изградиле…Од она што може да се види преку интернет ски центарот останал должен на банки, луѓе и добавувачи околу 21 милион евра, што е скандалозно, и незнам како успеало тоа. Оттука сомнежот дека вклученоста на поранешниот сопственик во кампањата против рудници е cover up, - прикривање на тој скандал е разбирлив, како и приказните дека бизнисот му пропаднал заради наводнои концесии за руди)“, додава тој.

Коментари | пред 2 години

ilovica-1

Здрава Котлина до Груевски: Дојди ти Никола да живееш под таква брана наместо од Будимпешта да ни солиш памет со украдени милиони

Невладината организација Здрава Котлина на социјалните мрежи реагираше во врска со објавата на поранешниот премиер Никола Груевски.„Видовме што има напишано бившиот премиерот во бегство па еве да го потсетиме со прашања:1. Дали се сеќава Никола дека клучен услов, што е вметнат во самиот договор со број 24-6749/1 од 24.07.2012 во член 18 став 9 алинеа 6, при доделувањето на концесијата за експлоатација во 2012 беше концесионерот да побара и добие дозвола за експлоатација во рок од 2 години сметано од денот на потпишување на договорот?2. Знае ли Никола дека за неисполнување на такви услови во постапки каде им е дадено предимство пред другите фирми точно поради такви услови се раскинуваат договори и се обештетува државата, но има луѓе што лежат по затвори а не се шетаат по Будимпешта и управуваат од сенка преку посредници со мултимилионски фирми?3. Дали се сеќава Никола дека во 2014 концесионерот Фелпс Доџ Вардар им ја продаде концесијата на Еуромакс Ресурси за 1.5 милиони долари и поради тоа Владата каде тој беше премиер мораше да потпише три дополнителни договори (24-564/1 од 22.01.2014, 24-4563/1 од 23.09.2014 и 24-4170/1 од 22.06.2015) со Еуромакс за усогласување со првиот договор за концесија?4. Дали знае Никола дека согласно законот за минерални суровини член 47, став 15, при секој пренос на управувачки пакет над 51% се плаќа надомест од 7% од вредноста на концесијата на државата? Зошто не се наплатија тие надоместоци во 2014 година? Кој е одговорен за оштетување на буџетот?5. Дали се сеќава Никола дека во 2015 дал согласност за трето лице Ројал Голд (поврзани со Ротшилд Банка), кои се јавуваат како кредитен доверител на Еуромакс Ресурси, за воспоставување колатерален залог на концесијата на земјата во Иловица во случај Еуромакс Ресурси да банкротираат? Нека се потсети на што се однесува договорот со архивски број 24-4170/1 од 22.06.2015)6. Дали се сеќава Никола дека во 2016 кога Еуромакс Ресурси ја добива втората концесија бараат да се спојат двете концесии со исти услови како првата (воспоставување залог) и за среќа Никола одбива да ги спои концесиите. Затоа сега го прашуваме Никола зошто беше таа мотивација да не се спојат двете концесии во 2016?7. Е како бе Никола дури сега дозна дека наместо Фелпс Доџ Вардар било Еуромакс Ресурси?8. Како бе Никола ти текна дека на северот во Финска имало рудник и се било супер среде ледена тундра со густина на население помал од 1 на квадратен километар?9. Како бе Никола си дозволи да се скрие Студијата за влијание врз животна средина од 2012 и да имаме само 50 странички нетехничко резиме со ниво на семинарска работа? Архуската конвенција е флагрантно прекршена?10. Како бе Никола од најавувани 130 тони злато во 2012 паднаа на 78 тони во 2016? Големиот смок ли ги лапна или? А како од активни методи во консултантските извештаи на англиски јазик станаа пасивни методи во македонските извештаи? Разликата е во 2 милиони долари годишно за во наредните 300 години што државата ќе треба да ги плаќа за да чисти 20 литри во секунда киселина со Ph вредност помеѓу 2 и 3. Или пак како НАТО студиите и Институтот за земјотресно инжинерство даваат параметар за забрзување на почва од 0.6g а Еуромакс си скратиле на половина на 0.32g? Оти не градиме кенеф Никола, ами сакат да се гради највисоката брана на хидројаловиште во светот со 276 метри!!! Е не го напишале земјотресот во Кресна од 1904 година на само 40 км воздушна линија со синтни 7.8 Рихтери. Ама дојди ти Никола да живееш под таква брана наместо од Будимпешта да ни солиш памет со украдени милиони!!!Имаме ние уште прашања ама штета што работите излегоа од контрола па не успеавме да те прашаме пред да избегаш од Македонија“, стои во објавата.

Коментари | пред 2 години

1-1

Богоев до Груевски: Очигледно те погодив во нерв, вистината е како шило, a ти тоа добро го знаеш

Груевски, очигледно те погодив во нерв, па напиша статус со многу зборови, малку поенти и воопшто вистина! Соочен со фактите дека токму ти, твојот советник Мицкоски и вашето ДПМНЕ ја доделивте концесијата за Иловица во 2012 година (во прилог слика од одлуката во Службен весник, јуни 2012г) повторно се обиде да ја манипулираш јавноста. Својствено за тебе Груевски, така владееше 11 години.Ова е дел од постот кој го напиша Стефан Богоев од СДСМ, директор на Царина, на неговиот Фејсбук профил, како реакција на постот на поранешниот премиер и избеган осуденик, Никола Груевски.Неговиот пост можете и сами да го прочитате и да го слушнете видеото во кое Груевски најавува отварање рудници во источна Македонија:Богоев не остана покус па му порача на Груевски:Сега земи воздух Груевски, и види го и видеото во прилог, како во изборна кампања во 2016 година се фалиш дека ќе отвориш десетина рудници во југоисточниот регион. Тешко е за гледање Груевски, ама ни тогаш, ни сега, не те интересирало здравјето на граѓаните!И за крај, Груевски, вистината е како шило, a ти тоа добро го знаеш! - заклучува Богоев.Препукувањето меѓу македонските политичари деновиве на големо се практикува на социјалната мрежа Фејсбук, каде и претходно Богоев објавуваше видеа од најавите за отварање рудници низ земјава.

Коментари | пред 2 години

kozuf1

Груевски: Никогаш немаме издадено концесија за комерцијално истражување или експлоатација на минерални суровини на планината Кожуф

Поранешниот премиер, Никола Груевски реагираше на изјавите на Стефан Богоев, за дадените концесии за рудници.„1. Никогаш немаме издадено концесија за комерцијално истражување или експлоатација на минерални суровини на планината Кожуф. Нека покажат еден документ со кој е издадена концесија на Кожуф на некој приватен инвеститор ако такво нешто навистина постои.Она што беше издадено е концесија за т.н. проспекциско истражување со цел да се направи геолошка карта на цела југоисточна Македонија, што е научен труд со кој може да се види каде и што има Македонија како рудно богаство и тоа не креира обврска на државата по завршувањето на тој процес да издаде концесија за комерцијални истражување или за експлоатација. Тоа што ние го направивме го прави и го има секоја држава и е една од основните задачи на секој геолошки завод. Технологиите во рударството се менуваат и има постојано иновации. Ако денес нема добра технологија можеби после 50 години ќе има, или можеби никогаш ќе нема, но државата мора да си знае со што располага под нејзината земја.На таков начин на пример, Србија откри големи резерви на Литиум.Лицето Ангел Наков кој денес објавил дека сме издале 22 концесии за рудници на Кожув, не го познавам лично, ниту пак ги знам причините зошто му пропаднал бизнисот со ски центарот Кожуф.Знам само дека во подршка на тој проект со буџетски средства се финасираше изградба на пат, кој заради некои посериозни одрони или слично беше привремено вон функција.Од она што се распрашав денес дознав дека пропаднатиот проект е резултат на низа погрешно донесени деловни одлуки и некомпетентност од страна на инвеститорот, по кој дошол во криза со банките кои му позајмиле пари, а дека наводните издадени концесии за рудници на планината Кожув му се изговор пред јавноста. Сепак тоа е комерцијална и приватана работа и нема да навлегувам во деталите на тоа.Но, едно е сигурно лага: концесија за комерцијално истражување или експлоатација издадени на инвеститори за рудник на Кожув не е издадена.2. Неточно е дека концесијата за рудникот Иловица е издадена во 2012 и 2013 година.Издадена е во април 2006 година концесија за истражување, комерцијално истражување на многу позната меѓународна компанија, од страна на владата на СДСМ во тоа време. Разбрав дека сега веќе таа компанија не е во проектот, односно го продала на некоја друга.Согласно Законот, одкако ќе се издаде таква концесија за истражување на компанија која инвестира во тоа истражување заради комерцијални цели, доколку инвеститорот при истражувањето во кое инвестира големи пари, пронајде руда и побара концесија за експлоатација, односно отворање на рудник, и доколку ја достави целокупната документација и потребни елаборати од реномирани и надлежни институции, владата е должна да му ја издаде таа концесија. Во спротивно ќе плаќа пенали по завршени меѓународни судења и арбитражи.Според ова, клучниот момент е издадената концесија за истражување издадена во април 2006 година кога јас бев пратеник на партија во опозиција. Сѐ подоцна е неизбежна последица на концесијата за истражување издадена во 2006 година, имајќи во обзир дека искусниот инвеститор доследно ги следи правилата ги и обезбедува сите потребни документи и елаборати.СДСМ и Ковачевски во денешната изјава манипулираат со неупатените граѓани во законите за издавање концесии за истражување и за експлоатација, или пак некој него го манипулира не кажувајќи му дека штом еднаш се издаде на приватен инвеститор концесија за истражување за некоја минерална суровина (руда), по завршеното истражување и вложените пари во тоа, доколку наодите се позитивни и инвеститорот побара концесија за експлоатација (отворање рудник)со целокупна документација и елаборати, владата веќе нема избор во постапката, односно изборот е да одговори позитивно или да заврши на суд, вклучително и меѓународен, по кој државата ќе плаќа огромни пенали. Уште повеќе што рудници со ваква технологија постојат и работат во земји членки на ЕУ. На пример еден таков постои на северот на Финска, земја со мошне високи еколошки стандарди и високо ниво на образование и демократија, во непосредна близина на познат зимски туристички центар, заради што во сезоната на скијање работниците се префрлаат во туристичкиот сектор и рудникот мирува со работа, а потоа се враќаат во рудникот и истиот работи.Познато е дека вакви ситуации околу отворање на рудници се гледаат во многу други земји на Европа во кои разни добро платени НВО најчесто скриено од конкурентите на инвеститорот, го сензибилизираат и со платена кампања го преплашуваат населението со цел да се спречат инвестиции на конкурентни компании.Тоа се мали пари за големите рударски магнати, а големи за оние кои ги примаат. Резултатот на тоа е што не може да се отвори ниту еден нов рудник, а старите отворени пред 40-50 или повеќе години со технологии од пред половина век не ни пречат ниту некој отворил прашање или води кампања за здравјето на луѓето кои живеат во нивна близина.На тој бран пред 8-9 години, неспособна да ни конкурира со подобри идеи и проекти, се закачи и се заплетка СДСМ, која претходно самата ја издаде концесијата за истражување на инвеститорот, и еве веќе шест години незнае како да се отплетка од тоа, па бара излез во негирање на нивните сопствени одлуки и обид да ги прикаже како туѓи“, вели Груевски.

Коментари | пред 2 години

311605037_671454257677175_2755789110950280488_n

Груевски бара Врховен да ја преиспита пресудата за неговите плацеви на Водно

Поранешниот премиер, Никола Груевски побарал вонредно преиспитување на правосилната пресуда за „Плацевите на Водно“.Барањето, Груевски го доставил вчера до Врховниот суд преку неговиот адвокат Димитар Дангов.„Вчера до Врховниот суд е доставено барање за вонредно преиспитување на правосилна пресуда од осудениот Никола Груевски преку неговиот бранител Димитар Дангов, адвокат од Скопје, по предметот познат во јавноста како „Плацеви на Водно“.По поднесеното барање оформен е предмет под КВП-КОК2-16/23 и е распореден кај судија-известител за понатамошно постапување„, се наведува во соопштението.Груевски во овој случај првостепено беше осуден на седум години затвор, а Апелација донесе правосилна пресуда и му ја зголеми казната за две години, односно правосилно е осуден на девет години затвор.Се товареше за перење пари и противправно стекнување и прикривање имот.

Коментари | пред 2 години

358135784_825943425561590_3586851358694959106_n

Политичките одлуки се повеќе ги носат ниско капацитетни аматери, некои кои според нивниот личен капацитет и квалитет, некогаш не би се квалификувале ни во седмиот ешалон на партиите, вели Груевски

Каква држава стана Македонија?!Ако власта толку често не смислува и спроведува политички мотивирани прогони, апсења на луѓе без вина неистомисленици од политиката или бизнисот, ако не создава инструирани и нарачани истраги, лажни обвиненија, издиктирани од политичароте на власта судски пресуди до контролираните судии за нивните политички опоненти, па потоа некој го внеле во затвор, па како му е во затворот, па го пуштиле на викенд, му заплениле некаков имот, му земале пасош, притвор, судења, рочишта, извештаи на медиумите од тие рочишта, анализи на божемни независни аналитичари а всушност партиски полтрони, разни и секојдневни шпекулации во врска со сѐ ова, прес конференции на партиите или преставници на правосудните органи околу ова, итн итн. ако не измисоат и направат вакви главно неправди, во Македонија нема ниту значајни, ниту позитивни интересни вести или успеси на власта, нема сериозни случувања, нема како и со што медиумски да ги покријат деновите, месеците и годините на општо незадоволство на народот, секојдневните неправди, неработење на функционерите, огромна корупција и невиден криминал и проневери, погрешно донесени одлуки, предавства на национален интерес само за да се добие нечија наклоност однадвор, вртоглавиот раст на цените, осиромашувањето и тешката економска состојба, не функционирањето на институциите и хаосот и неодговорноста во нив, злоупотребите на власта, протестите на синдикатите, критиките на меѓународната заедница, секојдневните скандали, византиските игри внатре помеѓу самите кланови во партијата главно мотивирани за повеќе моќ и пари, огромното иселување на луѓето од Македонија, безнадежноста на народот кој останал и.т.н, вели поранешниот премиер Никола Груевски.„Потоа со денови по тие најчесто вештачки и злонамерно креирани настани се пополнуваат вестите на телевизиите и порталите, се активираат партиските ботови и платените партиско-политички коментатори и инфлусери кои исто така се обидуваат да из глумат независност или на нај примитивен начин да нападнат некого кој е на листата за “острел”, се организираат дебатните и политички емисии, се викаат гости во емисии да судат и напаѓаат некого, тие пак ни виделе со свои очи документи и докази, ни чуле во судница нешто, од она што го чуле низ инструираните партиски контролирани медиуми судат, лепат етикети, глумат експерти, продаваат лажен морал, купуваат политички поени, се караат, се расправаат, се навредуваат, навредуваат други и така некако проаѓа времето во кое наместо напредок, повисоки плати и нови работни места, на народот му се сервира и вбризгува дух на злоба, негативна енергија, завист, гнев, фрустрации, дезинформации или непроверени, недокажани и невистинити работи, па сето тоа, целата таа тешка и мачна енергија се префрла од медиумите на терен меѓу народот и граѓаните кои со денови по канцеларии, кафеани, по телефони, по улици, домови или разни приватни собирања разговараат и се препукуваат меѓусебно на истите теми…, и така животот им поминува.Така е веќе цели 6 години и Македонија се направи неверојатно деструктивно општество.Националниот сон е скршен, а духот спуштен.Народот веќе никому ништо не верува, и политиката и политичките дискусии се сведени на “дневна занимација за народот” и побудување ниски страсти од типот ситење на уапсени, радување и правење забава и хумор од туѓи несреќи и слично.Ако мислите дека секаде е така…не, не е!Има по нешто од сѐ ова насекаде, но како доза, не повеќе од 5-10 отсто од она што го прима македонскиот граѓанин секој ден.Останатие 90-95 осто се други теми, многу поинтересни, покорисни, полесни, попозитивни, позначајни…затоа што во повеќето други земји има успеси за кои може да се зборува и се зборува, има напредок, има и секојдневно нови можности за секого, има долги и исцрпни теми за обликување на иднината, има ѕвезди, има научни напредоци, има интересни бизнис можности, има создавање дела, реформи, има убави работи.Ако секојдневно не го оцрнуваат политичкиот конкурент или политички неистомисленик со конструирани лаги од контролираното правосудство, овие луѓе од доаѓањето на Заев кој го промовираше овој начин на владеење, па сега се обидува да изгради неприродни сојузништва за да се спаси од можна одмазда, од него па наваму немаат нови значајни успешни проекти, немаат поим што е реформа, безмалку немаат ново почната градба на капитален објект или капитална набавка, речиси да немаат создадено некој нов закон со кој за прв пат промовираат да се реши некој крупен проблем или да се унапреди квалитетот на живот на граѓаните.Немаат како и со што ново создадено а реално да излезат на избори и да кажат нешто со што би биле поконкурентни, со што ќе се горди, со што ќе ги сметаат за подобри, многу попаметни, поуспешни, повешти, по стручни, почесни, покреативни, поодговорни, поисполнителни во ветувањата и во реализација на ветеното, со што и тие и нивните подржувачи вистински ќе се гордеат, а не да глумат дека со нешто се гордеат, со што ќе ги освојат симпатиите на нацијата и така ќе победат на избори. Како што беше во 2006 година, 2008, 2011 итн.Сето ова е одлика на крајно неспособна, безнадежно безидејна и екстремно криминална елита на власт, чии дух се шири како модел меѓу дел од новите тинејџерски генерации кои созревајки гледаат многу лош пример од кој учат. Нешто повизрасните од нив паметат дека може и многу подобро.Додатно, создавањето такви правила на игра, таква атмосфера, таква навика, такво секојдневие, таква злоба, создава и потреба за одмазда од таков вид кога ќе се смени власта, и така земјата ќе се сведе на мизерна територија на која политичарите не работат нешто добро за народот и се натпреваруваат кој ќе биде поуспешен во оценувањето на другиот, при што власта владее со такви методи.Во една таква атмосфера попаметните, поспособните, оние со повисок капацитет се повлекуваат од учество во политиката и ја препуштаат на просечните, подпросечните и медиокритетите, и си ја гледаат својата работа и бизнис или заминуваат од земјата.Тие гледаат што ги чека ако влезат во политика, дадат се од себе да помогнат за општо добро, гледаат дека што и да направат ако се многу успешни потоа неспособните ќе работат на нивно оцрнување и прогон со злоупотреба на правосудството и медиумите, и тоа им се гледа ризично и некомфортно и непотребно, па решаваат својот висок капацитет да го употребат во својата кариера или бизнос, често надвор од Макеоднија.Така, политичките одлуки се повеќе ги носат ниско капацитетни аматери, некои кои според нивниот личен капацитет и квалитет, некогаш не би се квалификувале ни во седмиот ешалон на партиите. Тоа е најлошата и долгорочно најтешка последица за земјата од ваков метод на управување со земјата каков што спроведува најголемата партија во власта повеќе од шест години.Тоа е еден маѓепсан круг од кој тешко ќе излезе Македонија.Негативната селекција на кадри со најодговорни функции и медиокритетите се повеќе го завземаат просторот во политичкиот спектрум и тие се потешко ќе дозволуваат поспособните од нив да владеат и да носат значајни одлуки за државата, народот и нацијата“, додава тој.

Коментари | пред 2 години

272830178_1209559049575814_490759206963925797_n

Во последните шест години, по еден цел град луѓе, како бројка заминуваат, треба да се спречи цела Македонија да заличи на Галичник, вели Груевски

Во последните шест години, по еден цел град луѓе, како бројка заминуваат од Македонија, вели поранешниот премиер Никола Груевски.„Во третиот квартал (јули-септември) 2017 година во Македонија имало 954.814 работо-способни и активни лица, додека во третиот квартал (јули-септември) во минатата 2022 година таа бројка се намалила на 808.328 лица, или поточно кажано, речиси 150.000 лица ја напуштиле Македонија (при отприлика ист број на пензионери). Во овие бројки не се сметаат иселените деца и пензионери, па заедно со нив бројот е сигурно многу поголем.Македонија секогаш имала иселување, но ова сега е рамно на погром. Годишно заминува по еден цел поголем град, ако добро се анализираат бројките.Запрепастувачка е оваа информација од државниот завод за статистика чии податоци го покажуваат резултатот на работењето на владата предводена од СДСМ кои покажуваат една споредбена анализа од која произлегува дека за периодот на третиот квартал 2017 година, кога само што беше устоличена актуелната власт, и третиот квартал (јули-септември) 2022 година, намален е бројот на активно население за околу 150.000 граѓани, што значи дека населението од Македонија забрзано се иселува.Тоа значи дека во тие пет години просечно за 30 илјади луѓе се намалувал бројот на работно способно население, од кои веројатно е дека најголем дел се иселени, веројатно над 90 проценти, а помал процент се однесува на наталитетот, односно на разликата во поголемиот број на луѓе кои исполниле услов за пензија и помалиот број на оние млади луѓе чии години достигнале број да влезат во групата на работоспособни.30.000 работо-способни заедно со веројатно уште 5.000-10.000 заминати а кои не се работо-способни (деца и пензионери), тоа е она што напишав: цел еден поголем град од Македонија.Ова е податок од пред една година. Ако тој тренд продолжил, а нема ништо што во последните 12 месеци оди во правец тој тренд да е запрен или забавен, тоа значи дека бројката на работно способни граѓани на Македонија во овој трет квартал (јули-септември) во 2023 година веројатно повторно ќе се намали за нови околу 30.000 лица, или севкупно од инсталирањето на власт на Заев и СДСМ во 2017 година, бројот би бил за околу 180.000 работоспособни луѓе помалку во Макеоднија. Бројка во која над 90% се иселени.Ако ова не се запре со нови политики кои ќе ги задржат луѓето во Македонија, за 20 години Македонија ќе брои околу 1,2 до 1,3 милиони жители од околу 2 милиони колку што беше кога под налетот на политичкиот прогон бев принуден да заминам од Макеоднија и да побарам политички азил.Овој тренд ќе има многу последици, политички, економски, демографски, социолошки итн.Секако дека влезот во ЕУ ќе отвори нови фондови кои ќе помогнат многу луѓе да добијат добри можности и да останат во земјата, а за самиот влез ќе треба да се обезбедат повисоки стандарди што оди во правец на забавување на иселувањето.Но, со вакво водење на земјата, и со вакви неправди, негрижа, корупција, непотизам, немање еднакви можности за сите, немање економска визија, проекти, перспективи, исправни економски политики и успеси, разочарувања од аспект на предавства на националните интереси, неодговорност на секој чекор и на секое ниво, тоа ќе компензира во обратен правец, и нема многу да ги промени трендовите, особено кога ќе се земе во предвид дека зачленувањето ќе значи и целосна либерализација на движењето на трудот, односно секој граѓанин ќе може без никаква административна пречка да работи во сите земји членки на ЕУ, што како и во дел од другите источни земји, особено по влегувањето во ЕУ, многумина го користат.Јасно е и дека повеќето земји на ЕУ со години водат тивки политики на привлекување на работна сила од земји со не многу различна култура, како балканските земји, Украина, кавказките држави и слично.Тие за да обезбедат непречен економски развој во економскиот натпревар со САД и Кина, а во услови на многу лоша демографија кај нив, мораат да ги пополнат потребите за работници и секако ако не ги пополнат од овој “базен” на расположливи човечки ресурси, ќе мораат да ги пополнуваат од друг базен, од типот на африканските земји, Авганистан и слични, чија култура е многу различна, кои многу потешко се вклопуваат во нивната култура и средина, живеат гетоизирани и кои им создаваат големи главоболки, како на пример што Шведска веќе има доста предизвици на планот на безбедност на граѓаните особено во некои места заради зголемен криминал.САД на пример главно “пополнува” од средна и латинска Америка.Кина до скоро немаше таков проблем, но предолгото водење на политика на “едно дете” ја втурна во демографска рецесија која ќе потрае, иако веќе политиките се променија на тој план, што може да создаде ситуација во иднина и ним да им се потребни повеќе луѓе, кои веројатно би ги привлекле од азискиот континент.Затоа некои европски држави ги олеснуваат условите за добивање на работна виза за работници од балканските земји, затоа некои ЕУ земји ги финансираат трошоците на многу училишта за изучување на нивниот јазик со кои подготвуваат луѓе за преселување кај нив по десетина или петнаесет години, итн.Дури и во 2024 година да дојде влада која ќе биде супер способна, а прашање е дали ќе дојде, после овој погром во овие шест години, сигурно ќе и требаат барем три до пет години да се почуствуваат резултатите од нејзините добри политики, да ја врати државата во еден нормален тек и да ги убеди луѓето или поголем дел од нив, дека може да имаат подобар живот во Македонија.Оттука, најмалку, односно во најдобар случај, во случај идната влада да е многукратно поспособна од сегашната, уште 3-4 години овој иселенички погром што се случува во минатите шест години и денес, ќе продолжи со речиси ист интезитет и Македонија ќе продолжи забрзано да се празни.Ова значи, независно на плановите, желбите и надежите за влез во ЕУ, на Македонија и треба способна влада, способни луѓе на чело на земјата, со визија и капацитет за да ги задржи или барем делумно да ги задржи оние кои незапирливо заминуваат, овозможувајќи им подобар живот и можности во Македонија.Во спротивно, цела Македонија се помасовно ќе се празни.Галичник некогаш беше синоним за иселено село во многу живописен крај. Сега ги има многу “галичници” а и градовите забрзано се празнат.Наместо губење време на неработење и “вадење на очите меѓу себе”, треба да се спречи цела Македонија да заличи на Галичник“, додава тој.

Коментари | пред 2 години

768x432

Груевски: Никој од СДСМ не дошол кај мене да бара било што

Откако Зоран Димитровски, поранешен заменик министер од Демократскиот сојуз во емисија на Канал 5 кажа дека од СДСМ неодамна испратиле лица на средба со екс премиерот Никола Груевски, во Унгарија, со цел да му се нуди, како што вели амнестија нему и за негови блиски луѓе, во замена да се обезбедат пратеници за да поминат уставните измени во земјава, се јави Груевски со став.Тој вели дека се работи за лажна вест и дека никој од СДСМ ништо не барал од него.„Дознав дека деновиве на некој медиум имало изјава од поранешен заменик министер за локална самоуправа дека луѓе од СДСМ дошле кај мене во Будимпешта и барале поддршка за двотретинско мнозинство за промени на уставот, во замена за прекин на политичкиот прогон, и дека јас тоа сум го одбил. Ме известија и дека таа изјава станала вирална на социјалните мрежи. Иако ваквите лажни вести и шпекулации најчесто ги игнорирам бидејќи од различен тип ги има скоро секој ден, со оглед дека многу мои пријатели ме прашуваат дали е тоа точно, информирам дека никој од СДСМ не дошол кај мене да бара било што. Лажна вест! Штета што во Македонија не се случува ништо паметно, сериозно и убаво што би било тема за јавна дискусија, па лажните вести често поврзани и со моето име, се главно мени во јавниот дискурс и таквите стануваат вест за која со денови се дискутира“, пишува Груевски на социјалните мрежи.

Коментари | пред 2 години

20230612233015

Груевски за Берлускони: Секогаш и без исклучок ни даваше поддршка кога ќе побаравме нешто за Македонија

Поранешниот премиер Никола Груевски преку социјалните мрежи откри детали за Силвио Берлускони.- Имав многу средби и разговори со Силвио Берлускони. Од онаа првата која беше партиска во 2005 година во просториите на неговата партија во Рим, кога меѓу другото ми раскажуваше дека сака да има многу подолг живот од просечниот човечки живот и дека за таа цел приватно вложил ако добро паметам 400 милиони евра во научни истражувања за продолжување на човековиот живот, преку многуте средби во својство на премиери исполнети со многу анегдоти и шеги проткаени помеѓу службените и државнички разговори, за на крај последната средба да е повторно на партиски самит во Ла Валета на самитот на европската народна партија во март 2016 година, време во кое се справуваше со многу политички проблеми и судски прогони за кои и покрај сѐ, ведро и проткаено со многу шеги раскажуваше. Човек кој многу го сакаше и на свој начин го живееше животот, секогаш ведар и расположен, ќе остане во сеќавање на италијанскиот народ по многу нешта меѓу кои и како премиер на Италија со најдолг мандат по втората светска војна.Некои го почитуваат, некои помалку, но она што беше константа за нас како македонци и како граѓани на Република Македонија, беше што секогаш и без исклучок ни даваше поддршка кога ќе побаравме нешто за Македонија. Во времето кога тој ја предводеше Италија, секогаш имавме отворена поддршка, и не се грижеше многу што за тоа ќе помислат некои наши соседи или било кој.Нека почива во мир!, напиша тој на Фејсбук.

Македонија | пред 2 години

d_sos20151120017-e1542306005905-1024x578

Немаме за што да се споредуваме, во наше време се садеа и до 6 милиони дрвја, вели Груевски

Поранешниот премиер на Македонија, Никола Груевски, повторно излезе на социјалните мрежи, со сеќавања на проектите на неговата партија.„Се сеќавам како со години имавме акција за садење милиони дрва секоја година на денот на дрвото кој се одржуваше секоја година во доцна есен, период во кој според експертите најголеми се шансите да успее садница на дрво.Иницијативата дојде од оперскиот пејач Борис Трајанов и НВО “Засади дрво”.На денот на дрвото се садеа годишно помеѓу 2 и 6 милиони дрва. Секако си остана редовната годишна програма на Македонски шуми кои секоја година бездруго садеа околу 600 илјади дрвца.Она што беше многу важно е што тој ден се прогласуваше за неработен и имаше јавна покана до сите граѓани да излезат на одредени однапред определени места од АД “Македонски Шуми” во или околу сите градови и населени места и во сите делови на Македонија за да лично помогнат и да засадат дрва. Тоа беше неверојатно голема работна акција, со неверојатно огромен одѕив.Не беше само вредност во ново засадените дрва, која секако е многу важна, туку општата прифатеност и вклученост на населението во садењето. На тој начин се внесуваше култура и навика за садење дрва и љубов и внимание на граѓаните кон природата, шумите и дрвата, бидејќи тој кој засадил едно или неколку дрва во животот, тешко дека така лесно ќе исече или уништи дрво понатаму, а тој кој никогаш не засадил, многу полесно ќе посегне кон тоа.Тогаш опозицијата не критикуваше дека тоа било непрофесионално, наоѓаа и сликаа места каде садниците не успеале и слично. Секако дека на 5 милиони ново засадени садници дел нема да успеат од различни причини, но како што денес ме потсети еден пријател, и ниту едно дрво да не е успеало голема придобивка е стекнувањето култура и навиката за садење и одгледување дрвја и љубов да се зачува и негува природата, дрвјата и шумите на нашите граѓани.“ напиша тој на Фејсбук.

Коментари | пред 2 години

768x432

Зошто народот треба да собира пари за лекување на некој млад човек, зошто државниот фонд не ја плати операцијата, вели Груевски

Зошто народот треба да собира пари за лекување на некој млад човек осигуран во фондот за здравство? Зошто државниот фонд не ја плати операцијата? На што личи една држава ако секоја или секоја втора недела за некој се собираат пари за лечење, вели поранешниот премиер Никола Груевски.„На што личи една држава која наместо редовно да си купува медицинска опрема и апарати и истата да ја одржува, чека некој да се смилува и да и даде донација?Нема една градба во моментот на некоја нова болница или клиника, а нема ни реновирања.Тие што беа почнато се запрени цели шест години, како клиничката болница во Штип, реновирањето на болницата Еразмо во Охрид кое го оставивме завршено, само се чекаше лифтот да се вгради, и реновираната болница да се пушти повторно во функција. За новиот клинички центар несакам ни да говорам…Нема никакви реформи.Нема програма за континуирана обука на лекарите во најнапредни клиники низ светот, а одеа по 1000 годишно?Зошто вака? Што се случува? Вака беше до 2006 година.Зошто пак?Се сеќавам дека предложив и се спроведе мерка државата преку фондот за здравство да ги покрие трошоците за секое лекување во странство за операции и интервенции за кои нема квалификувани лекари во Македонија.И така бидна. Се најдоа пари кога имаше воља.Се донесе одлука за плаќање на партиципација од најмногу 200 евра за лекување во странство.Пациентите кои имаат потреба да се ле- куваат во странство на државна сметка, кога во јавното здравство не може да се изврши таа интервенција, плаќаа партиципација од најмногу 200 евра.Претходно пациентите учествуваа со 20% од трошоците, а од први јануари 2013 година плаќаа најмногу 12 илјади денари за лекување во странство. Целиот останат трошок, без разлика колкав е трошокот, го плаќаше државата.Секако, се формираше комисија од лекари специјалисти кои само требаше стручно да потврдат дека са одредена дијагноза не може да се изврши лекување во Македонија, и потоа државата преку институциите ги покриваше трошоците.Така запреа оние секојдневни јавни апели и отворени, бесплатни и незнам какви телефонски линии за собирање пари за нечие лечење. Потоа такви случаи со собирања пари имавме само кога се донираше за други држави, како кога беа големите поплави во Србија или слично! Но не и за своите граѓани осигуреници на фондот.Убаво е и за поздрав е што граѓаните и дијаспората се хумани и дарежливи, но ова не е никаков систем, ова не личи на држава, ѓногу лошо изгледа, многу лошо! И многу тешко за болните.Додатно, ова ја намалува довербата во системот во очите на секој граѓанин во земјата! Може цел живот да плаќаш здравствено осигурување и ако еднаш се разболиш ти или твоето дете, да треба куќата да си ја продадеш за лекување. Тоа ли е правда? За таква ли правда се бараше власт и глас на изборите?Одкако ја во воведовме таа мерка, бројот на вакви случаи се сведе речиси на нула, и единствено се јавуваа вакви ситуации ако некој не е здравствено осигуран, бројка која е многу мала а и за оваа категорија луѓе имавме некои програми или доколку државата склучила договор за одредена интервенција на пример со некоја врвна клиника во Турција или Германија, а на пример родителот инсистира неговото дете да го оперира некој друг доктор во некоја друга врвна клиника, за кој некој пријател му пренел некое добро искуство, па бара помош од ваков тип. Но, не бил оставен на улица, туку сам решил да поклони доверба не на една врвна клиника и лекар, туку на друга врвна клиника и лекар. И тоа беа 1-2 случаи годишно такви, не повеќе.Паралелно побарав и направивме листа на болести и интервенции за кои државата преку фондот за здравство троши најмногу пари за лекување во странство бидејќи во земјата нема специјалист за истото и мора да се плаќа во странство, и потоа баравме соработка и праќавме на обука лекари во странство во најнапредните клиники, или организиравме странски лекари да дојдат во Македонија за да ги обучат нашите лекари за да може тие болести и интервенции успешно да се решаваат во домашниот здравствен систем.Најпрвин по 500 годишно, а потоа по 1000 лекари и медицински сестри одеа на обуки кои ги договаравме со врвните клиники во САД, Германија, Холандија, Италија, Франција, Велика Британија, Турција, Канада итн, а за одредени специфични работи и во Кина, Индија, Хонг Конг…Тие кои не знаеја некој од светските јазици, ги праќавме во околните земји со понапредни системи и клиники каде може да се разберат, во Љубљана, Загреб, Софија, Белград…Каде отидоа тие лекари во овие шест години?Сега повторно имаме многу често вакви случаи на јавни апели за сеопшто собирање пари за на некој да му се спаси животот.Па зошто граѓаните плаќаат придонес за здравство преку одвојувања од бруто платата?За кога ќе се во мака, да просат преку медиумите за пари и тоа не малку туку 110 илјади евра од илјадници граѓани да бараат милостина, а потоа како во овој случај подолу на скриншотот тоа да е некаква вест во државата?Зошто родителите на ова момче цел живот работејќи плаќале придонеси за здравство?За денес нивното најмило со целата мака која ја има уште и да моли и да се заблагодарува јавно за подарени 100-200 денари од илјадници хумани граѓани?Зошто да се понижуваат и оптеретуваат тешко болните, кога ова прашање беше решено и одлично функционираше со години?Не е во ред ова!На младиот матурант му посакувам здравје, успешно лекување и брзо закрепнување, а на власта да биде почовечна, повеќе фокусирана на проблемите на луѓето и да не ги остава граѓаните да молат за милостина токму тогаш кога им е најтешко во животот и се чуствуваат беспомошни.Не го заслужиле тоа“, додава тој.

Коментари | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања