Мигранти, враќање на Груевски, тендери, контроверзии, Влада! „Претрес“ на министерот Андоновски
4AU6H_PQ96M

Државата не се откажува од градење на плацовите на Груевски и на Мијалков

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
271937299_421026089809384_1880700475912930685_n

Агенцијата за управување со одземен имот бара да останат маркичките за изградба на хациенди на плацовите на Водно, кои беа одземени во судските постапки од поранешниот премиер Никола Груевски и неговиот братучед и поранешен шеф на тајната полиција, Сашо Мијалков, објави БИРН.

— реклама —

Станува збор за четири огромни куќи, вцртани на два рида на Водно и вгнездени во самата шума. Заедничко за сите е што се наоѓаат во недопрена природа со поглед на Скопје и, ако се изградат, ќе бидат најголемите градби во околината што ќе се граничат со шумата на Водно.

Можност за нивно бришење се отвори со укинувањето на ДУП-от Ј07 за овој реон пред две години, откако Уставниот суд утврди дека тој бил незаконски изгласан. Меѓу причините, пак, за во 2014 година да се истурка спорното гласање, беа маркичките за градба на плацовите на Водно, купени на незаконски начин од двајцата братучеди, кои сега се конфискувани од државата.

— реклама —

Укинувањето на ДУП-от од страна на Уставен, кој инаку опфаќа третина од општината, ги запре сите нови градби во овој дел на Центар и наметна потреба од носење нов план за реонот каде што беа предвидени и хациендите на двајцата братучеди. Откако судот им ги одзеде овие плацови, тие ѝ беа предадени на Агенцијата за одземен имот, која треба да ги продаде и парите да ги врати во државната каса.

Затоа од Општина Центар, која заедно со надворешна планерска фирма во моментов работи на носење на новиот урбанистички план, се обратиле до Агенцијата и побарале овие парцели да се отстапат за зеленило. Тоа, на последната седница на Советот и јавно го кажа претседателката на комисијата за урбанизам, Билјана Насковиќ.

Уште на состанокот им било јасно ставено на знаење дека Агенцијата и во новиот план ќе бара да останат старите маркички за градба, што подоцна им било потврдено и писмено, пишува БИРН.

Преписката траела неколку месеци, а во последниот допис, Агенцијата инсистира на тоа и во новиот ДУП да останат „истите урбанистички параметри што се затекнати при одземање на недвижниот имот на катастарските парцели во ДУП-от, кој веќе не е на важност“. Дописот од 12 септември е потпишан од новата директорка Ирена Илиевска, два дена откако таа ја презела оваа функција како кадар на ЗНАМ, партијата што е дел од владејачката коалиција на ВМРО-ДПМНЕ.

Од Општина Центар, пак, без нивна дозвола, стравуваат да ги тргнат хациендите нацртани на државниот имот, затоа што на тој начин може да бидат прозвани за оштетување на државниот буџет. Без маркичките, овие плацови практично стануваат безвредни и Агенцијата не може да ги продава.

Од друга страна, пак, законот дава можност општината да брише еднаш впишани маркички кога за тоа има јавен интерес или се крши соседско право, но, сепак, тоа се избегнува бидејќи законот, исто така, го штити и т.н. стекнато право. Тоа значи дека ако еднаш во ДУП-от бил вцртан објект, тој се брише само во согласност со сопственикот. Во спротивно, сопственикот може да тужи. Договарањето обично оди полесно кога имотот е на државата, па затоа при планирањето најчесто се посегнуваат по тргање маркички од државните парцели.

Но, како што објави БИРН, „тие не може да се стават над државата и без нејзина согласност да менуваат маркички“, како во случајот со парцелите на Водно.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Dragan-Pavlovikj-Latas

Заев е за истрага, ментално лечење и превоспитување, напиша Латас за Заев и застана на страната на Груевски

Коментари | пред 5 дена

media-librarysnitfi36v2r9arHHYIU

Нова ескалација, Груевски пак му пиша на Заев: Народот ве крена од власт, а сега останува органите на прогонот да не се прават слепи

Коментари | пред 6 дена

gruevski-zaev-14141

Заев со жесток одговор до Груевски: „Никола, најди си хоби. Знаеш каде ќе одиш кога ќе се појавиш во Македонија“

Коментари | пред 6 дена

media-library4nfbahhchah75hsgOpL

Филипче вложил 550.000 долари во Дубаи и така добил виза, Заев купувал евтин челик од Русија а вели ја поддржува Украина, напиша Груевски

Коментари | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања