Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

ИРАН

w_55664211

Експлозии во северен Ирак: Напад со дрон врз американска воена база во Ербил

Американска воена база во близина на аеродромот во Ербил, во курдскиот регион на северен Ирак, била цел на напад со беспилотно летало.Според дописник на „Ал Џезира“ од терен, по неколку експлозии се слушнала и силна противвоздушна стрелба, што укажува дека системите за воздушна одбрана се обиделе да ја одбијат заканата од дронот.За сега нема официјална потврда од американските или ирачките власти за нападот, ниту информации за евентуални жртви или материјална штета. Нападот се случува во период на зголемени тензии на Блискиот Исток и засилени напади врз американски воени позиции во регионот.

Свет | пред 1 седмица

izrael-1

Хезболах со повеќе напади врз Израел: гаѓани Кирјат Шмона и поморска база во Хаифа

Либанската милитантна група Хезболах соопшти дека извршила повеќе напади врз цели во Израел, меѓу кои северниот град Кирјат Шмона и израелска поморска база во Хаифа.Во соопштението за јавноста, Хезболах наведе дека нападот врз Кирјат Шмона бил изведен околу 21:30 часот по локално време. Претходно во текот на денот, околу 17:30 часот, групата лансирала и рој беспилотни летала кон истиот град.Хезболах претходно потврди и напад врз израелската поморска база во Хаифа.Овие напади доаѓаат во услови на засилени тензии на северната граница на Израел и продолжување на судирите меѓу израелските сили и вооружени групи од Либан.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryjhe6bolsp47ve1ATXnV

(Видео) Погодено складиште за нафта во Техеран во нови израелски напади

Израелските воздухопловни сили извршуваат напади врз иранската нафтена инфраструктура во Техеран, соопштија израелски официјални претставници, додека на социјалните мрежи се појавија и снимки од експлозии во иранската престолнина.Израелските одбранбени сили соопштија дека започнале нов бран напади насочени кон инфраструктура на иранскиот режим во главниот град, најавувајќи дека дополнителни детали ќе бидат објавени подоцна.Според иранската новинска агенција „Фарс“, која е поврзана со Иранската револуционерна гарда, погодено е складиште за нафта во јужниот дел на Техеран.Нападите следуваат откако израелската армија претходно соопшти дека започнала „бран напади“ насочени кон цели во иранската престолнина, во рамки на ескалацијата на конфликтот меѓу двете држави.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryosqdh8ui21l79uC9c4s

Иран: САД не ги исполнија своите цели во конфликтот

Главниот секретар на иранскиот Совет за национална безбедност, Али Лариџани, изјави дека Соединетите Американски Држави не ги исполниле своите цели во конфликтот со Иран и дека нивните проценки за ситуацијата се покажале погрешни.Лариџани оцени дека Вашингтон верувал дека може да води кратка војна против Иран и дека преку создавање внатрешен хаос ќе ја дестабилизира земјата, вклучително и преку атентати врз врховниот лидер Али Хамнеи и други членови на иранското раководство. Според него, и двата сценарија се покажале како неточни.Тој нагласи дека иранските власти ги предупредиле сепаратистичките групи да не се мешаат во внатрешните работи на земјата, додавајќи дека иранскиот народ е обединет пред притисокот од САД и Израел.Лариџани ја отфрли и изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека САД би можеле да имаат улога во изборот на идното иранско раководство, оценувајќи ја како непромислена.Воедно повтори дека Иран нема да ги напаѓа соседните држави, сè додека тие не дозволуваат нивната територија да се користи за напади врз Иран.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryp01ir032hp815kmqANU

(Видео) Експлозии во Багдад, се огласиле сирени кај комплексот на американската амбасада

Експлозии вечерва се слушнале во ирачката престолнина Багдад во услови на ескалација на регионалните тензии.Локалните медиуми јавија дека се огласиле сирени во комплексот каде што се наоѓа американската амбасада во Багдад, а наводно биле активирани и системите за противвоздушна одбрана. Засега не може со сигурност да се потврди дали е погодена зградата на амбасадата.До овој настан доаѓа и покрај тоа што иранскиот претседател Масуд Пезешкијан изјави дека Иран ќе се воздржи од напади врз соседните земји, освен доколку нападите врз Иран бидат започнати од нивна територија.Иран од 28 февруари започна да лансира ракети и беспилотни летала кон Израел и кон земјите од Персискиот Залив во кои се распоредени американски воени единици. Дел од нападите предизвикаа жртви и материјална штета на цивилни локации, вклучително и во пристаништа и станбени згради.Техеран тврди дека нападите се одговор на американско-израелската воена кампања против Иран, во која, според иранските власти, загинале стотици луѓе, меѓу кои и врховниот верски лидер Али Хамнеи и високи воени функционери.

Свет | пред 1 седмица

5g-internet

Интернетот во Иран исклучен повеќе од 120 часа, граѓаните се во опасност

Иранската теократска власт редовно го прекинува интернетот за време на протести или конфликти, а тоа го направи и по американско-израелската офанзива на 28 февруари. За време на прекините, врската е само околу еден процент од нормалната, што го прави невозможен пристапот до информации, навигација и комуникација.Иранците во странство се загрижени за своите блиски, а многумина користат VPN, Psiphon или Starlink за да ја заобиколат блокадата. Корисниците на таканаречените „бели SIM-картички“, блиски на режимот, имаат неограничен пристап до интернет и преку тоа шират владина пропаганда.Исклучувањето на интернетот ги става цивилите во ризик, бидејќи не можат да добијат предупредувања за воздушни напади и се отежнува организирањето на протести и преносот на информации за светот.

Свет | пред 1 седмица

media-library7p1muhc6m8ap5dyHuHI

Иран обвинува: Претседателот со ФИФА-наградата за мир нападна фудбалски стадион

Иранското Министерство за надворешни работи објави фотографии од спортскиот комплекс „Азади“ во Техеран, за кој тврди дека бил погоден во нападите што се во тек против Иран.Портпаролот на министерството, Есмаил Багеи, на социјалните мрежи напиша дека станува збор за фудбалскиот стадион во Техеран и ја обвини Америка за нападот.„Ова е спортскиот комплекс ‘Азади’ во Техеран, фудбалски стадион кој го нападна истата онаа Америка чиј претседател ја доби ФИФА-наградата за мир“, напиша Багеи.Тој во објавата упати прашање и до меѓународните спортски организации. „Дали ФИФА или Меѓународниот олимписки комитет имаат некаков коментар?“, напиша Багеи.Американскиот претседател Доналд Трамп во декември ја доби нововоспоставената ФИФА-награда за мир.Стадионот „Азади“ е еден од најголемите во Азија и претставува дом на иранската фудбалска репрезентација во земја во која фудбалот е исклучително популарен. На овој стадион минатата година беше одигран натпревар на кој Иран обезбеди пласман на Светското првенство што ќе се одржи во Северна Америка.„Азади“ има и силна симболика во иранското општество. Со децении жените во Иран се бореа за пристап до стадионите, што властите го дозволуваа со голема неволност.Токму на „Азади“ во 2019 година беше уапсена младата жена Сахар Ходајари, која се обидела маскирана да влезе на натпревар. Таа подоцна стана позната како „Сината девојка“, според бојата на дресот на клубот за кој навивала, откако се самозапали по изрекувањето затворска казна. Нејзината смрт предизвика протести во Иран.Историјата на стадионот „Азади“ датира од периодот пред Исламската револуција во 1979 година, со која беше соборен иранскиот шах и воспоставена Исламската Република.Во 1974 година на стадионот настапи американскиот пејач Френк Синатра, кој пред десетици илјади луѓе ги изведе своите најпознати песни, во време кога Иран беше значително помалку изолиран од светот.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryft1tssuibt081VNWTPr

Иран најавува жестоки казни за оние што објавуваат снимки од погодени локации

Иранското Министерство за информирање предупреди дека ќе постапува „строго“ против сите кои објавуваат фотографии или видео-снимки од локации погодени од американските и израелските напади. Во соопштението се наведува дека лицата кои ги споделуваат материјалите со „терористички мрежи, виртуелни страници и непријателски медиуми“ се сметаат за „платеници“ кои дејствуваат во корист на Израел.Министерството соопшти дека ќе ги следи активностите на овие „израелски војници“ и ќе ги гонат кривично, повикувајќи ги граѓаните да пријавуваат секоја сомнителна активност.Конфликтот во Иран влегува во осмиот ден, а неизвесноста за крајот на непријателствата расте. Американскиот претседател Доналд Трамп побара „безусловна предавање“ од Техеран, додека Израел продолжува со воздушните напади врз Либан и Иран.

Свет | пред 1 седмица

media-librarygvogudadguku5RFvRyH

Иранскиот амбасадор во Велика Британија: Ќе се браниме ако продолжат американските и израелските напади

Иран ќе продолжи да се брани доколку продолжат нападите од страна на САД и Израел, изјави иранскиот амбасадор во Велика Британија, Сејед Али Мусави, во интервју за Би-Би-Си.Тој нагласи дека Техеран покажува подготвеност да не ги напаѓа соседните држави, но предупреди дека ситуацијата зависи од активностите на американските и израелските сили.„Доколку агресијата од американската и израелската страна продолжи, нема сомнеж дека ќе продолжиме да се браниме“, изјави Мусави.Тој посочи дека Иран не сака да ги напаѓа соседните земји, но доколку од нивна територија се користат воени бази за напади врз Иран, тие објекти ќе се сметаат за легитимни цели.Изјавата доаѓа во момент на силна ескалација на конфликтот на Блискиот Исток, откако иранскиот претседател претходно се извини за нападите врз соседните држави и најави дека Иран е подготвен да ги запре, доколку не продолжат нападите врз неговата територија.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryl980ocllcbiqaNCVygE

Трамп: Иран е жестоко нападнат, од „насилник“ стана губитник во регионот

Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека Иран е жестоко погоден од американските и израелските напади, оценувајќи дека Техеран бил принуден да попушти под притисокот од воените операции.Во објава на својата социјална мрежа „Трут соушл“, Трамп напиша дека Иран им се извинил на соседните држави на Блискиот Исток и ветил дека повеќе нема да ги напаѓа.„Ова ветување е дадено само поради непрекинатите американски и израелски напади“, напиша Трамп.Тој тврди дека Иран претходно се обидувал да ја преземе контролата врз регионот, но дека сега, како што наведува, за првпат во својата историја е поразен од соседните држави.Во својата објава Трамп користеше остра реторика, нарекувајќи го Иран поранешен „насилник на Блискиот Исток“, кој, според него, сега станал „губитник во регионот“.Американскиот претседател истовремено најави и можност за нови напади, наведувајќи дека се разгледува таргетирање на дополнителни цели кои досега не биле на списокот за напади.Изјавата доаѓа откако иранскиот претседател Масуд Пезешкијан претходно соопшти дека привременото иранско раководство одлучило да ги прекине нападите врз соседните држави, освен ако нападите врз Иран не потекнуваат од нивна територија.Во меѓувреме, Иранската револуционерна гарда предупреди дека американските и израелските воени бази и интереси во регионот ќе бидат сметани за главни цели доколку нападите врз Иран продолжат.

Свет | пред 1 седмица

media-librarytl776dvtqhiq1K4tM1H

Масовен напад врз ОАЕ: Воздушната одбрана пресретна десетици ракети и дронови

Обединетите Арапски Емирати соопштија дека нивната противвоздушна одбрана денес пресретнала 15 балистички ракети и 119 беспилотни летала, односно дронови.Според соопштението на Министерството за одбрана на ОАЕ, системите за воздушна одбрана регистрирале вкупно 16 балистички ракети, од кои 15 биле пресретнати, додека една паднала во морето.Истовремено биле детектирани 121 беспилотно летало, од кои 119 биле пресретнати, додека две паднале на територијата на Обединетите Арапски Емирати.Балистичките ракети се далекуметни оружја придвижувани со ракетен погон и нивното производство може да чини милиони долари. Од друга страна, беспилотните летала се побавни летала со пропелерски мотор кои летаат на пониска височина и можат да се произведуваат по значително пониска цена.Властите во ОАЕ соопштија дека во текот на неделата, од почетокот на конфликтот, во нападите со дронови загинале три лица, додека 112 лица се здобиле со полесни повреди.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryiega8e5hdb7ubfrDd7u

Трамп: Иран денес ќе биде „силно погоден“, се разгледуваат нови цели

Американскиот претседател Доналд Трамп најави нови силни напади врз Иран и можност за проширување на воените цели, објавувајќи порака на својата платформа „Трут соушл“.Трамп, очигледно осврнувајќи се на изјавите на иранскиот претседател, напиша дека Иран „се извинил и се предал на своите соседи на Блискиот Исток и ветил дека повеќе нема да пука кон нив“.Според него, таквото ветување било дадено „само поради немилосрдните напади на САД и Израел“.Во исто време, според извештаите, нападите во регионот не се целосно запрени. Претходно беше објавено дека дрон експлодирал во близина на Меѓународниот аеродром во Дубаи, додека Катар соопшти дека пресретнал ракета.Во продолжение на објавата, Трамп порача дека Иран „денес ќе биде погоден многу силно“.Тој додаде дека американската војска разгледува и нови цели кои досега не биле дел од плановите за напади, предупредувајќи дека одредени области и групи на луѓе се „под сериозно разгледување за целосно уништување“.

Свет | пред 1 седмица

media-librarysglnvqmhqpe25uoj0cx

(Видео) Снимка покажува можен удар на дрон кај аеродромот во Дубаи

Снимка споделена на социјалните мрежи утрово прикажува можен удар на дрон во периметарот на Меѓународниот аеродром во Дубаи, пишува „BBC“Видеото е снимено од индустриска зона јужно од аеродромот и прикажува експлозија во близина на една од терминалните згради. На снимката се слуша лице кое вели „уште еден дрон“, а пред ударот се слуша и звук налик на зуење, карактеристичен за моторите на беспилотни летала.Кратко пред експлозијата може да се забележи објект кој нагло се спушта кон земјата, но од снимката не може со сигурност да се утврди што точно е тој објект.Според визуелните ориентири, ударот се случил северно од железничка линија и во близина на објект на компанијата „Херц“, што укажува дека експлозијата се случила во близина на Конкурс А на аеродромот. На снимката се забележуваат и најмалку четири авиони паркирани на пистата покрај зградата.Засега не е јасно дали станува збор за пресретнат дрон или за директен напад.Претходно утрово авиокомпанијата „Емиратс“ објави дека привремено ги суспендира летовите до и од Дубаи, но подоцна ја избриша таа објава и соопшти дека воздушниот сообраќај е повторно воспоставен.

Свет | пред 1 седмица

media-library6ck8967kbffs3ThJe8F

(Видео) Иран: Нема да напаѓаме соседни држави освен ако нападите доаѓаат од нивна територија

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан изјави дека соседните држави повеќе нема да бидат цел на ирански напади, освен во случај ако од нивна територија биде извршен напад врз Иран.Како што пренесуваат иранските медиуми, ваквата одлука ја одобрил привремениот совет за раководење на државата.Пезешкијан во своите изјави се извинил и до соседните земји за нападите што се случија во изминатите денови, нагласувајќи дека Техеран не сака дополнителна ескалација во регионот.Според него, Иран ќе реагира само доколку од некоја соседна држава биде започната воена акција против иранска територија.

Свет | пред 1 седмица

media-library3bb772v82b848tVWG2Y

Индија му дозволи на ирански воен брод да пристапи во пристаништето Кочи

Индија дозволи иранскиот воен брод „Лаван“ да пристапи во јужното пристаниште Кочи, откако Техеран испратил итно барање, пренесува агенцијата Ројтерс повикувајќи се на извор од индиската влада.Бродот пристигнал во средата, истиот ден кога американска подморница нападнала иранска морнаричка фрегата „Дена“, при што загинале најмалку 87 лица.Индискиот министер за надворешни работи Субраманијам Џаишанкар изјави дека „Лаван“ и уште два брода биле на пат кон Индија за да учествуваат на поморска смотра, но дека се нашле во средината на актуелните настани.„На ситуацијата ѝ пристапивме пред сè од хуманитарна перспектива, независно од правните прашања. Сметам дека постапивме правилно“, изјави Џаишанкар.

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања