Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

ИРАН

avion-krilo

Авиокомпаниите масовно откажуваат летови

Воените напади низ Блискиот исток предизвикаа големи нарушувања во воздушниот сообраќај, а бројни авиокомпании продолжуваат со одложување и откажување на летови.Авиокомпанијата EasyJet ги откажа сите летови кон и од Кипар, по нападите со ирански дронови врз британската воена база на островот. Air India ги откажа летовите помеѓу Индија и Цирих, Копенхаген и Бирмингем, како и летовите кон Обединетите Арапски Емирати, Саудиска Арабија, Израел и Катар.Etihad Airways најави суспензија на летовите кон и од Абу Даби до 14 часот по локално време, но дел од летовите во меѓувреме се продолжени, покажуваат податоците на аеродромот Зајед и сервисите за следење летови. Аеродромот Бен Гурион кај Тел Авив објави дека израелските превозници постепено ќе ги обновуваат летовите од утре, во зависност од безбедносната ситуација.Јордан најави делумно затворање на воздушниот простор како привремена мерка додека траат нападите. Според одлуката на јорданската агенција за цивилно воздухопловство, воздушниот простор ќе биде затворен секојдневно од 18 до 7 часот до понатамошно известување.Катар, Иран и Ирак веќе го затвориле својот воздушен простор, а Qatar Airways потврди дека ја прекинал авијацијата, со план за продолжување на летовите утре наутро.Поради овие мерки, илјадници патници останаа блокирани во регионот, додека летовите се откажуваат, а аеродромите се затвораат.

Свет | пред 1 седмица

gasovod

Катар го прекинува производството на течен природен гас

Катарската државна енергетска компанија QatarEnergy објави дека го прекинала производството на течен природен гас (ЛНГ) поради иранските напади врз дел од нејзините постројки.Се наведува дека погодени се Рас Лафан, копнена база за преработка на гас, како и Месаид, уште една клучна постројка за производство на природен гас во Катар.Катар е една од водечките светски земји производители на течен природен гас, заедно со Соединетите Американски Држави, Австралија и Русија.

Свет | пред 1 седмица

media-library60hs7b3r9hcdbOjaEpm

ИДФ: Во прецизен напад во Бејрут убиен шефот на разузнавачкиот штаб на Хезболах

Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија дека синоќа, во прецизен напад во Бејрут, е убиен Хусеин Маклед, за кого тврдат дека бил на чело на разузнавачкиот штаб на Хезболах.ИДФ сега потврдува дека во прецизен напад во Бејрут синоќа (недела) е елиминиран терористот Хусеин Маклед, кој служеше како шеф на разузнавачкиот штаб на Хезболах“, се наведува во соопштението на израелската војска.Нападот се случува во момент кога Хезболах официјално се вклучи во војната меѓу Иран од една страна и Израел и Соединетите Американски Држави од друга, отворајќи нов фронт со ракетни и беспилотни напади од јужен Либан кон израелски цели. Израел потоа започна возвратни удари врз цели на оваа група во Либан.Хезболах е шиитска исламска организација основана во 1980-тите години, тесно поврзана со Иран, кој со децении ја финансира, обучува и вооружува. Се смета за една од најмоќните вооружени групи во регионот.

Свет | пред 1 седмица

media-library538njb4aomvtbSP1zYy

Хрватска им препорача на граѓаните одложување на патувањата на Кипар

Министерството за надворешни и европски работи на Хрварска, предводено од Гордан Грлиќ Радман, денеска им препорача на хрватските државјани да ги одложат патувањата на Кипар, откако британската воздухопловна база Акротири на островот беше погодена со дрон.Поради влошената безбедносна состојба на подрачјето на Блискиот Исток, како и нападите со балистичко оружје и беспилотни летала врз британските воени бази на островот Кипар, на хрватските државјани им се советува да го одложат патувањето на Кипар, освен ако станува збор за патување од крајна нужност“, се наведува во препораката на Министерството, објавена на неговата официјална веб-страница.„Во случај на итност и загрозеност“, хрватските државјани можат да се обратат до Амбасадата на Република Хрватска во Атина, која е надлежна и за Кипар, а по потреба и до дипломатско-конзуларните претставништва на други земји членки на Европската Унија на Кипар.

Свет | пред 1 седмица

media-librarynr7fhqjqelb4cGvGBDK

Израелскиот амбасадор во Германија: Иран се обидува да ја вовлече Европа во војна

Израелскиот амбасадор во Германија, Рон Просор, денеска го обвини Иран дека се обидува да ја вовлече Европа во војна на Блискиот Исток.Нападот со дрон врз британската воена база на Кипар покажува дека Иран се обидува да ја вовлече Европа во борбите“, изјави Просор во Берлин за германската новинска агенција ДПА.Тој изрази надеж дека „Европа ќе го регистрира овој напад“ и соодветно ќе реагира.Како и во која мера ќе реагира Европа – тоа е одлука што мора да ја донесат европските држави“, рече Просор.Посочи на член 42 од Договорот за Европската Унија, кој предвидува поддршка од сите земји-членки во случај на напад врз една од нив.Кипар е дел од Европа и затоа постои одговорност да се брани Кипар“, нагласи тој.Просор рече дека Европа предолго се потпирала на преговорите со Иран.Режимот на мулите 47 години преговараше со Европа, раскажуваше приказни од ‘Илјада и една ноќ’ и ја влечеше Европа за нос. На крајот од тоа не произлезе ништо“, заклучи Просор.

Свет | пред 1 седмица

media-library82hmsi09og2l8XFBOWP

(Видео) Експлозија на танкер во Ормускиот Теснец: „Нападнат со беспилотно летало“

Нафтен танкер е погоден во напад во близина на Ормускиот Теснец, при што загина еден член на екипажот. Инцидентот, последен во низата напади во оваа стратешки важна област, предизвикал експлозија на бродот и речиси целосен прекин на поморскиот сообраќај.Според Оманскиот центар за поморска безбедност (MSC), танкерот MKD VYOM, кој пловел под знамето на Маршаловите Острови, бил нападнат со беспилотно летало на 52 наутички милји (околу 96 километри) од брегот на Мускат. Бродот превезувал приближно 59.500 метрички тони товар. Во нападот дошло до експлозија во главната машинска просторија, по што избувнал пожар. Загинал еден член на екипажот, државјанин на Индија.На бродот имало 21 лице – 16 индиски државјани, четворица од Бангладеш и еден Украинец. Екипажот бил евакуиран од трговскиот брод MV SAND, кој плови под знамето на Панама.Засега не е познато кој стои зад нападот.

Свет | пред 1 седмица

media-library1mi2n94v9sfv9Tg5K8m

Иран: Не планираме затворање на Ормускиот Теснец

Иран засега не планира да го затвори Ормускиот Теснец по нападите од САД и Израел, изјави иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагачи во разговор за Ал Џезира.Во оваа фаза не планираме да го затвориме Ормускиот Теснец, ниту да преземеме какви било мерки што би ја нарушиле пловидбата“, изјави шефот на иранската дипломатија.Иран произведува околу 3,3 милиони барели нафта дневно и околу 1,3 милиони барели кондензат и други течни јаглеводороди. Во саботата беа регистрирани експлозии и на иранскиот остров Харг, на северот од Персискиот Залив, каде се наоѓаат терминалите преку кои се извезуваат околу 90 проценти од иранската нафта. Најголем купувач на иранската нафта е Кина.Тензиите на Блискиот Исток нагло ескалираа откако американските и израелските сили во саботата извршија напади врз Иран. Техеран возврати со напади врз Израел и врз американски бази во земјите долж Персискиот Залив, вклучително и во големите производители на нафта и гас – Катар, Кувајт и Обединетите Арапски Емирати.Во меѓувреме, повеќе сопственици на танкери, нафтени компании и трговски куќи го прекинаа транзитот на нафта, гориво и течен природен гас низ теснецот, кој во голем дел се наоѓа во иранските територијални води.Сателитските податоци покажаа зголемен број бродови закотвени во близина на клучните пристаништа на Обединетите Арапски Емирати, како што е Фуџајра. Група поморски осигурителни компании, меѓу кои и Gard, Skuld, NorthStandard, London P&I Club и American Club, соопштија дека поради конфликтот го откажуваат покритието за воени ризици за бродовите во регионот на Персискиот Залив.Низ Ормускиот Теснец дневно минуваат околу 20 милиони барели нафта и приближно една петтина од испораките на течен природен гас, главно од Катар, според податоците на Меѓународната агенција за енергија од 2024 година.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryq8kd7cf4684mfd6mYkY

Зеленски: Преговорите во Абу Даби не се откажани

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека и покрај тешката безбедносна состојба во Обединетите Арапски Емирати, средбата на делегациите на Украина, Соединетите Американски Држави и Русија, планирана за 5 и 8 март во Абу Даби, засега не е откажана.Средбата беше закажана за периодот од 5 до 8 март, поточно за 5 и 6 март. Таа беше планирана да се одржи во Абу Даби. Засега, поради овие непријателства, не можеме да потврдиме дека состанокот конкретно ќе се одржи во Абу Даби, но никој не го откажал. Средбата мора да се одржи, таа е важна за нас. Ние ја поддржуваме“, изјави Зеленски одговарајќи на новинарски прашања.Тој додаде дека доколку се покаже невозможно разговорите да се одржат во Абу Даби поради безбедносната ситуација, постојат и други локации каде што претходно биле организирани слични преговори.Ако има потешкотии со Абу Даби поради ракетите и беспилотните летала, тогаш мислам дека ги имаме Турција и Швајцарија – места кои веќе функционираа и ни овозможија на сите да се сретнеме. Секако ќе поддржиме кое било од овие три места за средба. Го очекуваме одговорот од нашите партнери“, рече тој.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryoilhi33moenp3cStO1e

Трамп: Разочаран сум од Стармер

Доналд Трамп „многу е разочаран“ од британскиот премиер Кир Стармер затоа што не дозволил веднаш САД да ја користат воздушната база Диего Гарсија за изведување напади врз Иран, изјави американскиот претседател во интервју за Телеграф.Обединетото Кралство првично го одбило барањето на САД за користење на своите бази, но Стармер во недела навечер соопштил дека го прифаќа барањето за нивна употреба во „одбранбени напади“ на американските сили врз иранските цели.Трамп за британските дневни весници изјавил дека Стармер „предолго се двоумел“.Веројатно тоа никогаш порано не се случило помеѓу нашите земји“, рекол Трамп за Телеграф.Звучи како да бил загрижен за законитоста“, додал тој.Премиерот на Обединетото Кралство соопштил дека го прифаќа американското барање за користење на британските бази за одбранбени напади против складишта на ирански ракети или лансери.Ние не бевме вклучени во почетните напади врз Иран... и нема да се придружиме сега“, рекол Стармер, но додал дека Иран сега „спроведува стратегија на запалена земја, па Обединетото Кралство ги поддржува колективните мерки за самоодбрана на нашите сојузници и нашиот народ во регионот“

Свет | пред 1 седмица

netanjahu

Погоден кабинетот на израелскиот премиер Нетанјаху

Иран утрово изведе ракетен напад во рамки на десетата фаза на операцијата „Право ветување 4“, при што беше погоден кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и резиденцијата на командантот на израелската авијација, соопшти Исламската револуционерна гарда (IRGC).Во соопштението на IRGC се наведува дека цел на нападот биле и безбедносни и воени центри во Хафа, комплексот на израелската влада во Тел Авив, како и Источен Ерусалим. Револуционерната гарда го опиша нападот како „целосен и изненаден удар со ракети Хајбер“.Израелската страна засега не дала официјален коментар, додека претходните, непотврдени информации за Нетанјаху како мртов, брзо беа повлечени. Постојат информации дека премиерот можеби се наоѓа на безбедна локација во Берлин, каде израелскиот државен авион беше итно пренесен.

Свет | пред 1 седмица

media-library5gfcgoqekut34zXboTk

Експлозии во Техеран, иранската агенција јавува за воздушен напад

Неколку експлозии одекнале во Техеран, јавува иранската новинска агенција Тасним, повикувајќи се на извори од теренот.Според извештајот, „воздушен напад погодил подрачје во близина на Плоштадот на револуцијата“, каде што во моментот се одржувал собир на кој демонстранти ја осудувале, како што се наведува, „агресијата“.Во информацијата се додава дека иранската противвоздушна одбрана пресретнала напад над небото над централниот дел на Техеран. Засега нема официјални податоци за евентуални жртви или материјална штета.

Свет | пред 1 седмица

pedro-sances

Шпанија контра САД, нападот врз Иран го оцени како неоправдан, Санчез повика на воздржаност

Шпанскиот премиер Педро Санчез го оцени американско-израелскиот напад врз Иран како „неоправдан“ и побара „максимална воздржаност во употребата на сила“, заземајќи став спротивен на Германија, Франција и Обединетото Кралство, кои најавија соработка со Соединетите Американски Држави во одбрана на своите интереси.Во обраќање во Барселона на отворањето на телекомуникациската конференција „Мобајл ворлд конгрес“, Санчез изјави дека светот се наоѓа на крстопат.„Се наоѓаме на раскрсница и мора да избереме пат – војна или мир, напредок или неуспех, иднина или минато. Шпанија е јасна во тоа“, рече премиерот.Тој предупреди на последиците од, како што оцени, „опасен преседан на систематско прибегнување кон сила надвор од меѓународното право“ и повторно го осуди кршењето на човековите права во Газа и на Западниот Брег, како и нарушувањето на меѓународното право во Венецуела.Санчез нагласи дека Соединетите Американски Држави и Израел „еднострано“ го нападнале Иран без консултација со меѓународната заедница.„Обезглавија страшен режим што го угнетува своето општество, тоа е вистина. Но го поткопаа меѓународното право и предизвикаа невини жртви“, изјави тој.На критиките од лидерот на десничарската опозиција, Алберто Нуњез Феихо, кој го повика да се изјасни дали е „за слобода или за тирани“, Санчез одговори дека станува збор за лажна дилема.„Може да бидеш против ужасен режим како иранскиот, а истовремено и против неоправдана воена интервенција“, рече премиерот, додавајќи дека со нападите „целата регија е вовлечена во терор што создава глобална нестабилност“.Тој повторно повика на деескалација, почитување на меѓународното право и итно обновување на дијалогот, најавувајќи дека Шпанија ќе го застапува тој став во разговорите со другите земји.Во рамки на истиот настан, и Фелипе Шести предупреди на „критична ситуација“ кон која се движи Блискиот Исток. Монархот посочи дека постои ризик од регионална ескалација со непредвидливи последици и повика на „максимална умереност во употребата на сила“ со цел да се избегне хаос и ново страдање.Кралот се заложи за дијалог, мир и соработка во меѓународната заедница, потсетувајќи и на војната во Украина, која трае веќе четири години без јасна перспектива за мир, и повика на одбрана на универзалните вредности и принципи.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryua7aremtl77cd01T0ya

Хитна евакуација на аеродромот во Пафос, Кипар

Патничкиот терминал на аеродромот во Пафос, на западната обала на Кипар, беше евакуиран откако радарот детектираше сомнителен предмет, објави државната телевизија на Кипар.Аеродромот, кој служи за западниот дел на островот и е популарен за чартер летови, се наоѓа околу 60 километри од британската база RAF Akrotiri, која беше погодена со беспилотно летало за време на ноќта.Денеска се огласија сирени во британската база, а авионите полетаа како дел од мерките за зголемена безбедност.

Свет | пред 1 седмица

talibanci

Конфликтот се шири кон Либан: Нови ирански напади и израелски удари врз Хезболах

Ескалацијата на судирот меѓу Иран, Израел и Соединетите Американски Држави добива нова регионална димензија, откако конфликтот се прошири и кон Либан. Во раните утрински часови во понеделникот, Израел започна воздушни напади врз цели за кои тврди дека се поврзани со Хезболах, откако ја обвини милитантната група дека испалила ракети кон израелска територија.Според либанското Министерство за здравство, во израелските напади врз Бејрут и јужен Либан загинале најмалку 31 лице, а 149 се повредени. Паралелно со тоа, продолжуваат извештаите за ирански напади низ регионот, при што експлозии се пријавени во Бахреин и Дубаи, а во Саудиска Арабија избувнал пожар во нафтена рафинерија.Во заедничка изјава, Соединетите Американски Држави и шест сојузнички држави од Персискиот Залив оценија дека иранските активности претставуваат „опасна ескалација“ што ја загрозува стабилноста на Блискиот Исток.Претходно, кувајтската војска соопшти дека „неколку“ американски борбени авиони се урнале на територијата на Кувајт, при што екипажите останале неповредени. Причините за инцидентот се истражуваат, а верификувани снимки прикажуваат момент кога борбен авион паѓа од небото и се урива во близина на Кувајт Сити.Иранското Црвено полумесечје соопшти дека 555 лица загинале во Иран по нападите на САД и Израел извршени во повеќе од 130 градови. Во неделата, ирански ракетен напад усмрти девет лица во израелскиот град Беит Шемеш.Во меѓувреме, тензиите се прелеаја и кон источниот Медитеран. Британската воена база „РАФ Акротири“ во Кипар била цел на, како што се наведува, сомнителен напад со беспилотно летало веднаш по полноќ. Британското Министерство за одбрана соопшти дека членовите на семејствата кои живеат во базата ќе бидат преместени во алтернативно сместување како „превентивна мерка“.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryhpaffoue59tq6ZFMXFe

(Видео) САД признаа: Три авиони Ф-15 соборени во Кувајт поради „пријателски оган“

Централна команда на САД соопшти дека три борбени авиони Ф-15, кои летале како поддршка на операцијата „Епски гнев“ против Иран, се урнале над територијата на Кувајт.Според соопштението, сите шест членови на екипажот успешно се катапултирале и биле безбедно пронајдени. Не се наведуваат дополнителни детали за околностите под кои дошло до инцидентот.Претходно, кувајтската војска информираше дека „неколку“ американски борбени авиони се урнале на територијата на земјата и дека се води истрага за причините.Видео-снимка верификувана од Би-Би-Си претходно прикажува момент во кој борбен авион, наводно, бил погоден во близина на Кувајт Сити. Официјалните истраги за инцидентот се во тек.

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања