Промени тема
За нас
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

ИРАН

media-libraryosqdh8ui21l79uC9c4s

Израелски претставник: Нападите биле насочени кон иранското раководство

Израелски претставник изјави за Ројтерс дека утринските заеднички напади на САД и Израел биле насочени кон врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хаменеи, како и кон иранскиот претседател Масуд Пезешкијан.Според истиот извор, засега не е јасно каков е исходот од нападите. Од иранска страна нема нови официјални информации за состојбата на Хаменеи и Пезешкијан.Ројтерс претходно објави, повикувајќи се на ирански функционер, дека Хаменеи не се наоѓал во Техеран во моментот на нападите и бил префрлен на безбедна локација.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryde91hhdi32ca6NZdXGm

Иранското Врховно советодавно тело најави „разорен одговор“ за САД и Израел

Врховниот совет за национална безбедност на Иран соопшти дека вооружените сили ќе дадат „разорен одговор“ на американските и израелските напади.Во соопштението, објавено од полуслужбената агенција Мехр, се наведува дека „непријателот верува дека отпорниот ирански народ ќе се предаде на нивните ситни барања со вакви кукавички потези“.„Вооружените сили на Исламската Република Иран започнаа разорен одговор на нивните злонамерни постапки и ќе продолжат редовно да го информираат драгиот народ“, стои во соопштението.Изјавата доаѓа во услови на сериозна ескалација на безбедносната состојба на Блискиот Исток по заедничките напади на САД и Израел врз ирански цели.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryhd4kv4mbo9ed5xNnr2J

(Фото) Вака изгледа небото над Иран додека Техеран најавува жестока одмазда по американско-израелските напади

Соединетите Американски Држави и Израел извршија напади врз Иран, отворајќи ново поглавје на судири на Блискиот Исток. Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека целта на нападот е елиминирање на безбедносната закана за САД и отворање можност Иранците сами да ја сменат својата власт. Пентагон соопшти дека американската операција го носи името „Епски гнев“, додека израелската страна ја нарекува „Лавја рика“.Иран возврати со лансирање ракети кон Израел, соопшти израелската армија, а иранските сили, според извештаи, погодиле и повеќе американски воени локации во регионот. По нападите, и Техеран и Тел Авив го затворија својот воздушен простор за цивилен сообраќај.Американски воени извори наведуваат дека обемот на воздушните и поморските операции сè уште не е целосно познат, но дека кампањата се очекува да трае повеќе денови. Ирански претставник изјави за Ројтерс дека Техеран подготвува жестока одмазда.Во видео-порака, Трамп потсети на деценискиот спор меѓу Вашингтон и Техеран, вклучително и заложничката криза од 1979 година, кога американската амбасада во Техеран беше заземена, а 52 Американци беа држени како заложници 444 дена. Тој ги повика Иранците да останат во засолништа бидејќи „бомби ќе паѓаат насекаде“, додавајќи дека по завршувањето на операцијата народот ќе може да ја „преземе својата влада“.Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека заедничката акција ќе создаде услови „храбриот ирански народ да ја земе својата судбина во свои раце“. Според извор за Ројтерс, врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хаменеи, не се наоѓа во Техеран и е префрлен на безбедна локација.Овој напад следува по 12-дневниот воздушен судир меѓу Израел и Иран во јуни, како и по повторените американско-израелски предупредувања дека ќе следуваат нови удари доколку Иран продолжи со нуклеарната и балистичката програма. Израел инсистира секој евентуален договор да подразбира демонтажа на иранската нуклеарна инфраструктура, додека Техеран изјавува дека е подготвен да разговара за ограничувања во замена за укинување на санкциите, но без поврзување со ракетната програма.Ескалацијата, која се случува во периодот на Рамазан и непосредно пред еврејскиот празник Пурим, дополнително ги намалува изгледите за дипломатско решение на долгогодишниот нуклеарен спор и носи ризик од поширока регионална дестабилизација.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryj1gjp9u87hdj5c2MvdC

Синот на последниот шах во Иран: „Многу сме блиску до конечна победа“

Синот на последниот ирански шах, Реза Пахлави, изјави дека е уверен во победа над актуелниот ирански режим, откако утринава Иран беше нападнат од САД и Израел.Во видеообраќање, Пахлави, кој живее во егзил во областа на Вашингтон, порача дека земјата е „многу блиску до конечна победа“ и изрази желба што поскоро да биде заедно со своите поддржувачи „за повторно да го заземат и обноват Иран“.Пахлави, кој се залага за секуларна демократија во Иран, но не ужива универзална поддршка меѓу критичарите на Исламската Република, ги повика граѓаните да останат трпеливи, но и подготвени за излегување на улиците.„Во овие чувствителни часови и денови, повеќе од кога било мора да останеме фокусирани на крајната цел – повторно заземање на Иран“, изјави тој, апелирајќи засега граѓаните да останат во своите домови и да се заштитат.„Останете будни и подготвени, за во соодветен момент, за кој прецизно ќе ве информирам, да се вратите на улиците за конечна акција“, порача Пахлави.Во јануари, иранските власти со сила задушија народен бунт што претставуваше една од најголемите закани за режимот од револуцијата во 1979 година, кога беше соборен проамериканскиот шах и воспоставена Исламската Република.

Свет | пред 1 седмица

GOLF_20220417184153560_fbf71198c4efee9ae5351396bbb511b1-800x579

Москва со остра реакција кон Трамп по нападите врз Иран: Преговорите со Иран беа параван, никој немаше намера да преговара

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, остро ги критикуваше постапките на американскиот претседател Доналд Трамп, оценувајќи дека преговорите со Иран биле само „параван“.„Миротворецот повторно го покажа своето лице. Сите преговори со Иран беа прикривна операција. Никој не се сомневаше во тоа. Никој навистина немаше намера да преговара за ништо“, изјави Медведев.Тој додаде дека прашањето е „кој има повеќе трпение да го дочека неславниот крај на својот непријател“, споредувајќи ја староста на Соединетите Американски Држави со историјата на Персиското царство.„САД се стари само 249 години. Персиското царство е основано пред повеќе од 2.500 години. Ќе видиме за 100 години…“, наведе Медведев, во првата официјална реакција од Москва по најновата ескалација на Блискиот Исток.

Свет | пред 1 седмица

media-library84gmk1d1cvb319qDuNS

Австралија ја поддржа американската акција против Иран

Премиерот на Австралија, Ентони Албанезе, во објава на социјалната мрежа Икс оцени дека иранската нуклеарна програма одамна е препознаена како закана за глобалниот мир и безбедност.Албанезе посочи дека меѓународната заедница јасно ставила до знаење дека иранскиот режим никогаш не смее да развие нуклеарно оружје. Тој потсети дека Советот за безбедност на Обединетите нации повторно вовел санкции кон Иран поради непочитување на Заедничкиот сеопфатен план за акција, додека Одборот на Меѓународната агенција за атомска енергија формално утврдил дека Иран не ги исполнува обврските од режимот за неширење на нуклеарно оружје.Австралискиот премиер нагласи дека неговата земја ја поддржува акцијата на САД насочена кон спречување Иран да се стекне со нуклеарно оружје и да продолжи да ја загрозува меѓународната безбедност.

Свет | пред 1 седмица

eu-1

ЕУ предупредува: Развојот на настаните на Блискиот Исток е крајно опасен; Силни експлозии во Абу Даби

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хаменеи, како и иранскиот претседател Масуд Пезешкијан, биле цел на заедничките американско-израелски напади, изјавил израелски официјален претставник. Според истиот извор, засега не е јасно каков е исходот од нападите.Извор запознаен со состојбата претходно изјавил за Ројтерс дека Хаменеи не се наоѓал во Техеран и бил префрлен на безбедна локација. Ирански извор близок до властите тврди дека во нападите загинале неколку високи команданти на Иранската револуционерна гарда и политички функционери.Иранските медиуми објавија дека министерот за надворешни работи Абас Арагчи е безбеден.Во меѓувреме, високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика Каја Калас разговарала со израелскиот министер за надворешни работи и со други регионални лидери во врска со нападите. Таа оцени дека најновите случувања на Блискиот Исток се крајно опасни, посочувајќи дека балистичката и нуклеарната програма на Иран, како и поддршката на терористички групи, претставуваат сериозна закана за глобалната безбедност. Калас истакна дека ЕУ вовела силни санкции против Иран и продолжува да бара дипломатско решение, со приоритет заштита на цивилите и почитување на меѓународното хуманитарно право.Претходно, сведоци јавија дека во Абу Даби се слушнале повеќе силни експлозии. Петмина сведоци, меѓу кои и двајца дописници на Ројтерс, потврдиле дека во делови од градот одекнале неколку експлозии во краток временски интервал. Една сведокинја изјавила дека слушнала пет експлозии по ред, при што прозорците во куќа во близина на Корниш се затресле, додека други жители во областите Ал Дафра и Батеен исто така пријавиле силни детонации.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryosqdh8ui21l79uC9c4s

Ирански медиуми: Ракетен напад врз американска база во Бахреин

Иран извршил ракетни напади врз американска база во Бахреин, објави полуслужбената иранска новинска агенција Фарс.Бахреин е клучен сојузник на САД во Персискиот Залив и постојан домаќин на седиштето на Петтата флота на американската морнарица во Манама. Според Бахреинската новинска агенција, сервисниот центар на Петтата флота бил „изложен на ракетен напад“.Катaрски официјален претставник потврдил за Скај њуз дека проектил бил пресретнат од системите за противвоздушна одбрана пред да ја погоди целта.Владата на Катар издаде предупредување преку мобилни пораки, повикувајќи ги граѓаните да се држат подалеку од воени објекти и да останат во засолништа, пренесува Ројтерс. Засега нема официјални информации за евентуални жртви или материјална штета.

Свет | пред 1 седмица

media-library3mf1rfgug4m892xXuoE

(Видео) Иран нападна американска морнарица во Бахреин

Центарот на Петтата флота на САД во Бахреин утринава бил изложен на ракетен напад, јави државната новинска агенција на Бахреин БНА.Петтата флота на американската морнарица управува со операции на Блискиот Исток, вклучително и во Персискиот Залив, Црвеното Море, Арапското Море и делови од Индискиот Океан.Министерството за внатрешни работи на Бахреин соопшти дека се активирани сирени за тревога и ги повика граѓаните и жителите веднаш да побараат засолниште.Националниот комуникациски центар на Бахреин потврди дека нападите биле насочени кон локации и објекти во рамки на кралството, а биле извршени однадвор од неговата територија. Засега нема официјални информации за евентуални жртви или материјална штета.

Свет | пред 1 седмица

netanjahu

Дипломатија или ескалација – спротивставени пораки по ударите врз Иран

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека заедничката американско-израелска операција против Иран, која започна денес, „ќе создаде услови храбриот ирански народ да ја земе својата судбина во свои раце“, објави Ројтерс.„Дојде време сите сегменти на иранското општество да се ослободат од тиранијата на режимот и да создадат слободен и мирен Иран“, се наведува во изјавата на Нетанјаху. Тој ги повика и израелските граѓани да се „обединат“ со цел да ја гарантираат „вечноста на Израел“, пренесе британскиот весник Телеграф.Развојот на настаните добива дополнителна тежина ако се има предвид дека само неколку часа пред почетокот на нападите, Оман соопшти дека Иран се согласил да не складира збогатен ураниум. Министерот за надворешни работи на Оман, Бадр бин Хамад Ал Бусаиди, го нарече ова „значаен пробив“, по посредувањето во третата рунда индиректни разговори меѓу САД и Иран.„Најважното достигнување е договорот дека Иран никогаш нема да поседува нуклеарни материјали со кои ќе може да направи бомба“, изјави Ал Бусаиди, додавајќи дека, доколку целта е трајно да се осигури дека Иран нема да има нуклеарно оружје, тој проблем, според него, бил решен преку постигнатиот договор.Оманскиот дипломат оцени дека сите отворени прашања меѓу Иран и САД можат да се решат „на мирен и сеопфатен начин“ во рок од неколку месеци. „Мировен договор е во наша моќ, ако ѝ дадеме на дипломатијата простор што ѝ е потребен“, нагласи тој.Контрастот меѓу изјавите за дипломатски напредок и започнатите воени операции дополнително ја продлабочува неизвесноста околу идниот тек на кризата и можноста за политичко решение на долгогодишниот нуклеарен спор.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryhuup808mtte8ct5PdHg

Од критики до напад: Што викаше Трамп за Иран пред 13 години

Американскиот претседател Доналд Трамп утринава објави дека американската војска започнала голема борбена операција во Иран, откако САД и Израел извршија заеднички напади врз Техеран и други ирански градови.Само ден претходно, Трамп изјави дека не е задоволен од однесувањето на Иран и дека сака да постигне договор со Техеран, но предупреди дека во одредени ситуации мора да се употреби сила. Денеска, во осумминутно видеообраќање на социјалните мрежи, тој ја потврди воената операција.Интересно е што пред 13 години Трамп јавно го критикуваше тогашниот американски претседател Барак Обама, тврдејќи дека Обама ќе го нападне Иран поради, како што напиша, „неспособност да испреговара договор“. Во објава од 2013 година на тогашниот Твитер, денес Икс, Трамп напиша дека Обама ќе нападне затоа што „нема вештина“. Сепак, Обама никогаш не изврши напад врз Иран.Трамп, пак, веќе вторпат наредува воени удари врз Иран. Првиот пат беше кон крајот на минатата година, кога САД извршија напади врз ирански нуклеарни постројки.Во денешната изјава, Трамп нагласи дека целта на операцијата е „одбрана на американскиот народ преку отстранување на непосредните закани од иранскиот режим“. Тој тврди дека Иран се обидувал да го обнови својот нуклеарен програм и дека никогаш не смее да поседува нуклеарно оружје. Според него, Техеран развива далекусежни ракети што претставуваат закана за САД и нивните сојузници.Американскиот претседател најави дека ќе ги „уништи“ иранските ракетни капацитети, ќе ја „срамни со земја“ нивната ракетна индустрија и ќе ја неутрализира морнарицата, најавувајќи продолжување на воените дејствија доколку, како што рече, заканите не бидат отстранети.

Свет | пред 1 седмица

mnr-5-1

МНР апелира: Македонските државјани во Израел да ги следат безбедносните упатства

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека поради влошената безбедносна состојба во Израел, упатува апел до сите македонски државјани кои се наоѓаат на територијата на оваа држава внимателно да ги следат официјалните национални портали за итни случаи и строго да постапуваат согласно упатствата на надлежните институции.Истовремено, Министерството препорачува сите државјани да се воздржат од патувања кон земјите од овој регион сè до стабилизирање на безбедносната состојба.Според информациите добиени од Амбасадата на Република Северна Македонија во Тел Авив, воздушниот простор над Израел е затворен за цивилни летови до понатамошно известување. Сите комерцијални влезни и излезни летови се суспендирани, без конкретна најава за обновување на редовниот воздушен сообраќај.Од Министерството ги потсетуваат државјаните дека во случај на потреба од помош можат да се обратат во Амбасадата на Република Северна Македонија во Тел Авив на телефонските броеви +972 54 500 8566 и +972 54 967 0546, како и на електронската адреса telaviv@mfa.gov.mk.Дополнително, на располагање е и дежурниот телефон на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија: +389 75 273 732 и +389 75 268 736, како и електронската адреса globalsos@mfa.gov.mk.Министерството соопштува дека преку Дипломатско-конзуларното претставништво во Тел Авив континуирано ја следи состојбата и дека јавноста ќе биде навремено информирана за сите понатамошни случувања.

Македонија | пред 1 седмица

media-librarylk9kgmbun1p98ygMpxX

(Видео) Трамп до иранските сили: Положете оружје или ќе се соочите со сигурна смрт

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ги повика припадниците на Исламската револуционерна гарда и иранските вооружени сили да го положат оружјето, ветувајќи дека во замена ќе им биде доделен имунитет. Во спротивно, како што изјави, „другата опција е сигурна смрт“.Трамп соопшти дека САД започнале „големи борбени операции“ во Иран, предупредувајќи дека е можно да има и американски жртви. Според него, нападите се насочени кон уништување на иранските ракетни капацитети и морнарицата.„Не ја давам оваа изјава лесно. Иранскиот режим сака да убива“, изјави Трамп во видео објавено на неговата социјална мрежа Трут Соушал. Тој додаде дека во војна секогаш постои ризик од жртви, но дека, како што рече, акцијата се презема „за иднината“ и претставува „благородна мисија“.Изјавата следува по неколкунеделни разговори меѓу Вашингтон и Техеран за иранските нуклеарни амбиции, од кои последниот завршил без договор. „Иран одби, како што правеше со децении. Ја одбија секоја можност да се откажат од своите нуклеарни амбиции и ние повеќе не можеме да го толерираме тоа“, нагласи Трамп.Ескалацијата доаѓа по повторените американско-израелски предупредувања дека ќе следи нов напад доколку Иран продолжи со развојот на нуклеарната и балистичката ракетна програма, што дополнително ги зголемува тензиите во регионот.

Свет | пред 1 седмица

teheran-iran

Одговорот на Иран ќе зависи од тоа дали нападот ќе се протолкува како егзистенцијална закана

Воени аналитичари проценуваат дека одговорот на Иран по утринскиот напад ќе зависи од тоа како Техеран ќе ја оцени заканата, но предупредуваат дека земјата располага со значителен арсенал со кој може да возврати.Воениот аналитичар Шон Бел посочува дека Иран, иако не е воена суперсила како САД, поседува исклучително голем број балистички проектили. Според него, клучот е во масовноста на нападот.„Ако се лансираат во бранови, можеби еден или десет проектили нема да ја пробијат одбраната. Но ако се лансираат 100 или 500, самата бројност создава предност“, оценува Бел.Тој додава дека потенцијалниот ирански одговор веројатно не би бил насочен исклучиво кон Израел, туку би можел да опфати и американски воени објекти во регионот, каде што се наоѓаат бројни бази. Бел потсетува и на неодамнешната воена вежба во Ормускиот Теснец, кога Иран изврши боево гаѓање и привремено го затвори теснецот, низ кој минуваат околу 20 проценти од светските испораки на нафта. Според него, секое нарушување на пловидбата во тој коридор веднаш би предизвикало потреси на глобалните нафтени пазари.Како дополнителен фактор се споменува и носачот на дронови „Шахид Багери“, релативно нов ирански брод што веќе е ставен во функција. Бел укажува дека од него може да се лансира голем број беспилотни летала, кои во масовен напад би можеле да ја преоптоварат и најсофистицираната противвоздушна одбрана. Иако американските носачи на авиони имаат силни одбранбени системи, според него, координиран напад со десетици дронови би претставувал сериозна закана и силна политичка порака.Уредничката за одбрана и безбедност Дебора Хејнс оценува дека клучното прашање е дали иранското раководство нападот ќе го доживее како егзистенцијална закана. Таа наведува дека Иран веќе симулирал слични сценарија и дека располага со значителни залихи балистички и крстосувачки проектили, како и беспилотни летала, со кои може да нанесе значителна штета.Според неа, одговорот ќе зависи од проценката на режимот дали да се оди на ограничена реакција или на стратегија „сè или ништо“, при што дополнителен фактор ќе бидат и претходните операции што веќе биле спроведени против Иран и нивното влијание врз неговите воени капацитети.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryde91hhdi32ca6NZdXGm

(Видео) Експлозии во Техеран, објавени први снимки

Израел во саботата објави дека започнал превентивен напад врз Иран, туркајќи го Блискиот Исток во нов воен судир и дополнително намалувајќи ги изгледите за дипломатско решение на долготрајниот нуклеарен спор меѓу Техеран и западните земји, пренесуваат светските агенции.Нападот следува по 12-дневниот воздушен судир меѓу Израел и Иран во јуни, како и по повторените американско-израелски предупредувања дека ќе следува нова акција доколку Иран продолжи со развојот на нуклеарната и балистичката ракетна програма.„Државата Израел започна превентивен напад врз Иран со цел да ги отстрани заканите по државата Израел“, изјави израелскиот министер за одбрана Израел Кац.Во Техеран во саботата се слушнале најмалку три експлозии, јавуваат иранските медиуми, кои известуваат и за два густи облака чад. Според британската агенција Ројтерс, операцијата во Иран била координирана со САД, повикувајќи се на неименуван израелски одбранбен претставник. Тој навел дека акцијата била планирана со месеци, а одлуката за точниот датум била донесена пред неколку недели.Ројтерс пренесува и дека иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, не се наоѓа во Техеран и дека бил преместен на безбедна локација. Во главниот град на Иран, според медиумските извештаи, мобилните телефонски врски се во прекин, а интернет-сообраќајот функционира ограничено.Во меѓувреме, Израел го затвори својот воздушен простор за цивилни летови, а истата мерка ја презеде и Техеран. Новата ескалација доаѓа по повторените американско-израелски предупредувања дека ќе следи напад доколку Иран не се откаже од нуклеарните и балистичките програми, што дополнително ја продлабочува нестабилноста во регионот.

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања