Промени тема
За нас
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

ИРАН

media-libraryudtc7d0c0h20aLduwws

САД ги повикуваат своите државјани веднаш да го напуштат Либан

Американската амбасада во Бејрут ги повика своите државјани „веднаш да го напуштат Либан додека комерцијалните опции сè уште се достапни“. Воедно издаде и предупредување против патување во таа земја.Во соопштението се нагласува дека повикот особено се однесува на одредени делови од земјата.Амбасадата на САД силно ги поттикнува американските државјани во јужен Либан, во близина на границата со Сирија, во бегалските населби и во квартот Дахие во Бејрут веднаш да ги напуштат тие подрачја“, се вели во соопштението.За оние што ќе одлучат да останат, амбасадата советува да подготват резервни планови.Американците кои ќе одлучат засега да не заминат треба да подготват планови за вонредни ситуации во случај на влошување на состојбата“, се заклучува во предупредувањето.

Свет | пред 1 седмица

Iran

Иран: Следува употреба на досега невидено оружје

Командантот на Иранската револуционерна гарда, Ебрахим Џабари, изјави дека наскоро ќе следува употреба на досега невидено оружје, пренесува иранската државна телевизија.Три извори навеле дека во израелските напади биле убиени иранскиот министер за одбрана Амир Насирзаде и главниот командант на Револуционерната гарда Мохамед Пакпур.Првиот бран удари од операцијата што Пентагон ја нарече „Епски бес“ главно бил насочен кон ирански функционери, изјавил извор запознаен со ситуацијата. Во меѓувреме, бил започнат и втор бран напади, чија цел биле ракетни лансери во Иран.Израел и Соединетите Американски Држави започнаa со нападите два дена откако индиректните преговори со посредство на Оман во Женева не донеле напредок околу иранската нуклеарна програма.Израелски функционер изјавил дека мети биле иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, и претседателот Масуд Пезешкијан. Исходот од тие напади засега не е познат, но извор запознаен со ситуацијата претходно за Ројтерс изјавил дека Хамнеи воопшто не бил во иранската престолнина, туку бил префрлен на безбедна локација.Ирански извор близок до властите за Ројтерс открил дека биле убиени неколку високи команданти на Револуционерната гарда, како и политички функционери. Иранските државни медиуми пренесуваат дека четириесет лица загинале во израелски воздушен напад врз основно училиште за девојчиња на југот на Иран, а израелската војска сè уште не одговорила на барањето да ги коментира тие наводи.

Свет | пред 1 седмица

media-library2tufpgr908ebfm1HBas

(Видео) Гори луксузен хотел во Дубаи

Во Дубаи избувна пожар близу влезот на луксузниот хотел Fairmont The Palm, предизвикан од остатоци кои паднале од небото за време на иранскиот ракетен напад. На социјалните мрежи се проширија снимки од оган и чад, а нивната автентичност ја потврди Sky News. Според податоците од туристичката агенција Tui, хотелот нуди врвни ресторани, наградуван спа центар и базени со поглед на градот.Иранските државни медиуми соопштија дека нападот е насочен кон Дубаи, додека Министерството за одбрана на ОАЕ објави дека пресретнал нов вал ирански проектили и беспилотни летала. Не е соопштено кои биле конкретните цели, но во Емиратите се стационирани американски воени сили.Ова следи по утринскиот напад на САД и Израел врз Иран, при што во Техеран и во други ирански градови се слушнале најмалку три експлозии. Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нападот има за цел да го заврши безбедносниот ризик за САД и да им понуди на Иранците можност да ги сменат своите влади. Израелската влада прогласи вонредна состојба поради очекуваната иранска одмазда со дронови и балистички проектили.Pentagon го нарече американскиот напад „Епски гнев“, додека Израел својата операција ја нарече „Лавовски рик“. Иран возврати со испукување ракети кон Израел и врз американските воени бази во Бахреин, ОАЕ и Катар.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryb2bf3r7njobffL0eJJj

(Видео) Затворен најпрометниот аеродром во светот

Меѓународниот аеродром во Дубаи, најпрометниот светски авио-центар, ги суспендираше сите летови на неопределено време по серијата ирански ракетни напади врз заливските арапски држави.Прекинот на сообраќајот на аеродромите Dubai International Airport (DXB) и Al Maktoum International Airport (DWC) го соопштија властите, наведувајќи ја потребата од давање приоритет на безбедноста во услови на ескалација на регионалните непријателства.Аеродромите во Дубаи потврдуваат дека сите летачки операции на аеродромот Dubai International (DXB) и Dubai World Central – Al Maktoum International (DWC) се суспендирани до понатамошно известување. На патниците им се советува во овој момент да не патуваат кон аеродромот и за најнови информации за своите летови директно да се обратат до своите авиокомпании. Ја цениме соработката на нашите патници“, се наведува во соопштението.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryhg4shmchcr896Bd60Pk

Кина повика на итен прекин на американско-израелските операции во Иран

Кина повика на итен прекин на воените операции на Соединетите Американски Држави и Израел во Иран и побара почитување на иранскиот суверенитет и територијален интегритет, пишува Anadolu Agency.Пекинг изрази „голема загриженост“ поради нападите што следеа, откако експлозии го потресоа Техеран.Кинеското Министерство за надворешни работи во соопштение ја нагласи потребата од почитување на безбедноста на Иран.„ина повикува на неодложен прекин на воените дејствија со цел да се избегне понатамошна ескалација на тензиите. Потребно е да се продолжи со дијалог и преговори и да се вложат напори за зачувување на мирот и стабилноста на Блискиот Исток“, се наведува во изјавата објавена на социјалната мрежа Икс.

Свет | пред 1 седмица

media-library4efo16ujl066bJDzoL3

(Фото и видео) Снимки од Техеран покажуваат големи сообраќајни гужви по американско-израелските напади

Снимки кои пристигнуваат од Техеран прикажуваат долги колони автомобили и големи сообраќајни метежи на главните градски улици. До застој дојде по денешниот бран американски и израелски напади, поради што многу жители се обидуваат да ја напуштат иранската престолнина, известува CNN.

Свет | пред 1 седмица

media-library8o3u08tc9ncs72CzI1e

Иран ги демантира тврдењата за ликвидација: Хамнеи е жив – подготвени за деескалација

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, денеска изјави дека врховниот лидер, ајатолах Али Хамнеи, и иранскиот претседател Масуд Пезешкијан се живи по американските и израелските напади врз Иран. „Сите високи функционери се живи, сите се на своите места, ја контролираме ситуацијата и сè е во ред… Врховниот лидер, ајатолах Али Хамнеи, сè уште е жив колку што знам“, рече тој во интервју за NBC.Аракчи, говорејќи директно од Техеран по заедничките напади, додаде дека двајца команданти загинале, но високи официјални лица на режимот, вклучително министерот за правда и претседателот на парламентот, преживеале.

Свет | пред 1 седмица

media-library7087nb4bdemu2uvm2fJ

(Видео) Нападнат аеродромот во Кувајт, неколку повредени

Во напад со дрон врз Меѓународниот аеродром во Кувајт, неколку работници се полесно повредени и е предизвикана ограничена материјална штета, јави државната новинска агенција на таа земја.Нивниот официјален портпарол, Абдулах ал-Раџи, изјави дека властите веднаш ги активирале „одобрените итни процедури, при што инцидентот бил решен, а локацијата е обезбедена“, јави Ал Џезира.Ситуацијата е целосно под контрола, а безбедноста на патниците и персоналот на аеродромот останува наш врвен приоритет - изјави Ал-Раџи.Тој додаде дека властите ќе продолжат да информираат преку официјални канали штом ќе бидат достапни повеќе информации.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryphmc102mggm96kangY4

(Видео) Ирански напад погодил цели во Дубаи, експлозии во најелитниот дел од градот каде живеат и наши граѓани

Воздушен напад од Иран погодил цели во Дубаи, поточно во најелитниот дел кај Палм Џумеира, јавуваат македонски иселеници за „Скопје1“.Според нивните сведоштва, во текот на вечерта се слушнале силни експлозии во близина на луксузниот туристички и станбен комплекс, по што биле активирани безбедносните протоколи. Засега нема официјална потврда од властите на Обединети Арапски Емирати за обемот на нападот, ниту информации за евентуални жртви или материјална штета.Претходно, регионални медиуми објавија дека Иран извршил ракетни напади врз повеќе американски воени локации на Блискиот Исток, при што експлозии беа пријавени и во делови од Емиратите.

Свет | пред 1 седмица

media-library1eicd9j48lsod6kytCA

Убиени иранскиот министер и командантот на Револуционерната гарда

Во израелските напади на Иран, според неофицијални извори, загинале иранскиот министер за одбрана Амир Насирзаде и командантот на Револуционерната гарда Мохамед Пакпур. Оваа информација за агенцијата Reuters ја потврдиле три извори – два блиски до израелските воени операции и еден регионален извор.Исто така, се појавиле информации за убиството на Али Шамкани, секретар на Иранскиот Врховен совет за национална безбедност и еден од главните советници на врховниот лидер Али Хамнеи. Шамкани, кој долго време беше столб на иранскиот безбедносен систем, наводно загинал во американско-израелските воздушни напади.САД и Израел започнаа воени удари врз Иран, на што Техеран возврати со напади врз повеќе американски воени објекти во регионот, изјавил американски официјален претставник за NBC News. Според официјалната агенција Fars, Иран истовремено гаѓал четири американски бази со повеќекратни ракетни удари – воздушната база Ал Удеид во Катар, базата Ал Салем во Кувајт, воздушната база Ал Дхафра во ОАЕ и базата на Петтата флота на американската морнарица во Бахреин.Пред тоа, бахреинската државна агенција BNA соопшти дека центарот на Пета флота бил погоден од ракетен напад.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryuabugusrc3o12Hyze6S

(Видео) Израелски проектил погоди училиште , најмалку 53 загинати

Најмалку 53 лица, меѓу кои и ученици, загинаа, а 63 се повредени во напад на основно училиште за девојчиња во градот Минaб на југот на Иран. Според иранската државна радиотелевизија IRIB, која се повикува на локален функционер од провинцијата Hormozgan, училиштето било директно погодено. Засега нема повеќе детали за нападот, јавува агенцијата Anadolija (AA).Нападот се случи како дел од поширока воена операција иницирана од САД и Израел, со цел отстранување на заканите што ги претставува иранскиот режим. Во одделни видео пораки, американскиот претседател Donald Trump и израелскиот премиер Benjamin Netanyahu наговестија поддршка за промена на власта во Техеран.Иран го осуди нападот како кршење на суверенитетот, најави одговор и започна контранапади. Ескалацијата се случува во чувствителен момент, додека Оман посредува во преговорите меѓу Вашингтон и Техеран за иранскиот нуклеарен програм, со последен круг разговори одржан во Женева оваа недела.

Свет | пред 1 седмица

media-library9f401ov1hbbf0jsie3i

Израел ги затвори училиштата и забрани собирања поради нападите од Иран

Израел забрани јавни собири, затвори училишта и работни места, а пациентите во болниците ги премести во подземни објекти, откако Иран лансираше проектили кон земјата како одмазда за заедничкиот американско-израелски напад.Министерот за одбрана, прогласи вонредна состојба низ целата земја и ја предупреди јавноста за иранските напади со проектили и беспилотни летала. Војската ги повика граѓаните да се придржуваат кон вонредните упатства и повика десетици илјади резервисти на служба за обезбедување на копнените граници. Полицијата предупреди против непотребни патувања за да се овозможи непречено движење на возилата на итните служби и безбедносните сили.Израелските безбедносни сили соопштија дека нападите врз Иран ќе траат „колку што е потребно“, со цел да се осигура дека иранскиот режим не може да ја загрози стабилноста на регионот и меѓународната стабилност. Паралелно со воздушните напади, системите за противвоздушна одбрана идентификуваат и пресретнуваат закани испукани од Иран кон Израел.Некои Израелци се чувствуваа безбедно благодарение на софистицираниот противвоздушен систем и излегоа на плажа во Тел Авив, изразувајќи поддршка за операцијата против Иран. По првиот ирански одговор, се забележани мал број повреди и штети, а граѓаните имаат пристап до засолништа по предупредувањата од националниот систем за рано известување.Израел ја затвори воздушната зона за цивилни летови, но копнените граници со Египет и Јордан останаа отворени. Американското амбасадорство во Ерусалим им препорача на своите службеници да се засолнат или да ја напуштат земјата доколку сакаат.Во медицинскиот центар Sheba Medical Center персоналот ги премести одделите под земја како дел од подготовките за евентуален напад.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryr0hm4pip2fav6D8iyKI

(Видео) Проектил падна на улица во Катар

На социјалните мрежи се шири видео снимка на која се гледа моментот кога проектили паѓаат во близина на група луѓе на улица во Катар. Ситуацијата се случува по американско-израелските напади на Иран, на кои Иран одговори со напади врз повеќе американски воени објекти во регионот, според изјави на американски официјален извор за NBC News.Според официјалната иранска новинска агенција Fars, целта биле четири американски бази: воздушната база Al Udeid Air Base, базата Al Salem Air Base, воздушната база Al Dhafra Air Base и центарот на Пета флота на американската морнарица.Бахреинската државна агенција BNA претходно објави дека центарот на Пета флота на американската морнарица бил изложен на ракетен напад, што ја зголеми тензијата во регионот.

Свет | пред 1 седмица

media-library1eicd9j48lsod6kytCA

(Видео) Иранската телевизија објави снимки од Техеран по нападот

Иранската државна телевизија објави снимки на кои се прикажани последиците од утринските американско-израелски напади врз Техеран, на кои може да се види материјална штета во главниот град, како и кратер од експлозија од кој се издига густ чад.Според официјалната новинска агенција Фарс, Иран истовремено возвратил со повеќекратни ракетни напади врз четири американски воени бази на Блискиот Исток. Како цели биле наведени воздухопловната база Ал Удеид во Катар, базата Ал Салем во Кувајт, воздухопловната база Ал Дафра во Обединетите Арапски Емирати и базата на Петтата флота на американската морнарица во Бахреин.Непосредно претходно, бахреинската државна агенција БНА соопшти дека центарот на Петтата флота на американската морнарица бил изложен на ракетен напад, што дополнително ги потврди информациите за ескалација на безбедносната состојба во регионот.

Свет | пред 1 седмица

media-library04v0q7h3nsq6bIsLQz4

(Видео) Уништена резиденцијата на иранскиот врховен лидер

Ирански функционери биле главна цел на првиот бран американско-израелски напади врз Иран, пренесе агенцијата Ројтерс, повикувајќи се на извор запознаен со ситуацијата. Според израелски воени извори, сè уште се проценува успешноста на почетните удари.Извори блиски до иранските власти тврдат дека во нападите биле убиени неколку високи команданти на Иранската револуционерна гарда, како и политички функционери.Иранските медиуми објавија дека експлозии, покрај во Техеран, се слушнале и во Табриз, Исфахан, Ком и Керманшах. Според официјални извори, во главниот град биле погодени повеќе објекти поврзани со министерства.Иранската агенција Тасним соопшти дека седум ракети погодиле област во близина на претседателската палата и комплексот на врховниот верски лидер. Претходно беше објавено дека врховниот лидер ајатолах Али Хамнеи бил префрлен на безбедна локација надвор од Техеран. Подоцна медиумите информираа дека иранскиот претседател Масуд Пезешкијан е безбеден и во добра здравствена состојба, како и министерот за надворешни работи Абас Аракчи, кој не бил повреден.

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања